You are on page 1of 38

ГЛАВА 2

ПОТРЕБА ОД ГеоИС
ПРОСТОРЕН ПРОБЛЕМ
ТИПОВИ_ПРЕПОЗНАВАЊЕ

Формирањето на секој систем се базира врз однапред поставени


цели. Развојот на стратегијата за формирање и имплементација на
системите, предупредени со нивните цели, предвидуваат единични
процесни локации кои ќе мораат да бидат разоткриени со
системски компоненти и алгоритми. Во процесните анализи ваквите
локации терминолошки се препознатливи како ПРОБЛЕМ кој треба
да се реши со активирање и ангажирање на адекватни системски
ресурси. Имајќи ја комплексноста на феноменот кој го
обработуваме, јасно е дека основниот двигател за поставување и
следење на состојбите кои припаѓаат во доменот на системската
опстоивост, категоријата проблем претставува иницијатива за
активирање на активности за препознавање, разоткривање и
формирање на сознанија за утврдените состојби како резултат од
овие активности.

Разоткривањето на проблемот на некој начин е фундаментот за


потребата од воведување на ГеоИС. Токму од тие причини во оваа
глава ќе стане збор за дефинирањето, препознавањето,
разоткривањето и утврдувањето на сознанија како одговор на
пристигнат проблем пред системот. Во суштина проблемот е
иницијатива за оформување на логички спреги кои во суштина ја
градат концепцијата на системот, а самиот систем го ставаат во
фокусот на решението на проблемите.
2.0. ПРОСТОРЕН ПРОБЛЕМ
Во претходното поглавје ја најавивме глобалната конструкција на
ГеоИС. Недвосмислено од сликата [1.0.] произлегува дека се
работи за конструкција со широко отворен спектар на активности
затворени во склоп на секој од конструктивните чинители. Нивото
и динамичноста за нивна реализација, секогаш ќе биде подредено
и/или ќе претставува последица од состојбите и случувањата во
реалниот свет. Реален свет во кој опстојуваат различни и
мултиконструктивни појави и окружувања. Единичните настани од
тој свет, се флуиди кои носат сознанија за карактеристиките и
својствата на самата појава. Секој настан, а со тоа и секоја појава,
претставуваат интересна сфера преку која се типизираат насоките
за стекнување и раздвојување на сознанија. Насоките, заедно со
степенот на утврдување на сознанијата, се условени од
корисничкиот интерес и ориентација за отпочнување и утврдување
на сознанијата. Се работи за логична спрега. Отпочнувањето на
било какви активности, секогаш се поврзува со постоење на
интерес/иницијатива која ја оправдува причината за нивно
опстојување. Како ќе се наречат причините, за кои се активираат
процесите за утврдување на самиот настан, зависи од многу
предуслови. За момент, овие причини ќе ги поставиме преку
провоциран настан поистоветувајќи го едноставно како појавен
проблем. Овој термин сам по себе значи иницијатива, потреба за
оформување на решение, насочувајќи пристапи и ресурси за
негова демистификација и презентација на резултатите како
одговор на сознанијата. Во таква констелација може да подвлечеме
дека:
Проблем е почетно сознание за настан,
Проблем е самиот парцијален настан од една појава и/или
единка од нејзините животни циклуси,
Проблем е намерата на корисникот за отпочнување на
активности за осознавање
Проблем е пристигнато барање до системската локација и
активирање на процесирања
Проблем е СЕ ШТО НЕ Е ПРОБЛЕМ
Ако тежиштето на дискусијата го пренесеме од аспект на систем,
тоа ќе значи дека секоја локација во системот, секој предвиден
ресурс и воопшто конструктивен чинител на системот ќе
продуцираат продукт типизиран и дизајниран токму од
предвидени/стекнати почетни сознанија и/или потреби за
решавање на разоткриените и лоцираните проблеми.
Зарем тоа не се предуслови кои го оправдуваат постоењето на
систем, во кој овие процеси се наменски обединети и
управувани во насока на утврдување и соопштување на
резултатите ?
Секако дека одговорот на ова прашање е потврден. Да, се работи
за предуслови кои го иницираат постоењето на систем кој
едноставно функционира врз демистификацијата на пристигнато
барање/иницијатива и/или друг вид на потреби за осознавање. Се
разбира дека оваа констатација може да нé наведе на фактот дека,
секој инцидентен настан сам за себе може да претставува
иницијатива за формирање на систем. Сепак, системот мора да се
базира на интегрален третман на појави во кои настанот е
конструктивен чинител. Причината за ваквиот став се поврзува со
фактот дека, единичниот настан е само парцијална локација од
комплексноста на појавата, а системскиот домен го чинат
интегралноста на појавите со кои треба да се обезбеди намерата за
воспоставување на што повисок степен на блискост во
дискретизацијата. Оваа констатација може да ја потврдиме и со
фактот на оперативност и целосност во затворањето на циклусите,
што пак значи дека исклучително само интегралноста на настаните
се пристапи кои реално можат да ги пренесат состојбите и
својствата на појавата од реалниот свет.

Од тие причини парцијалното гледање на проблемите ќе го


поставиме од теоретски аспект, сé со цел да се отворат дискусии и
препознавање на фундаменталните случувања, кои впрочем ја
диференцирале појавата како засебна групација на состојби од
феноменот.

За момент да препознаеме дел од стратешките определби во


формирањето на системот, а поврзани со насловот на ова поглавје.
Фундаментот на системското функционирање е поставен за
формирање на информативен материјал за одлучување и/или
поместен третман за донесување на одлуки.

Каков информативен материјал? или


Од каде е иницијативата за формирање на материјалот?
Тоа се обично прашања кои произлегуваат од прифатената
претпоставка за постоење на системот. Ако информативниот
материјал е краен продукт што го продуцира системот, како
последица на поставен проблем на влез, тогаш реално е да се
прашаме од што зависи неговиот облик и содржина. Како повратна
спрега на ова секогаш ќе бидат присутни и иницијативите кои
треба да ги прошират сознанијата од типот
КОЈ, КАДЕ и КАКО го/се формира информативниот материјал?
Се разбира дека на овие ќе следат нови и друг тип на прашања.
Сепак, ценејќи го фактот дека сакаме постапно да навлегуваме во
осознавањето на просторните проблеми, без поставување на
додатни прашања да го понудиме следниот одговор:
Информативниот материјал е директно подреден спрема типот на
проблемот, кој на влезот е демаркиран, стабилноста и
изграденоста на системските локации во кои се обезбедуваат
парцијалните сознанија, базични за конечната форма на
материјалот
Демаркирањето на влезот, лоцирањето и препознавањето на
проблемот, како и оформувањето и презентирањето на сознанијата
за демаркацијата, всушност од извршен аспект ја имаат истата цел,
активирање на извршни локации од системската конструкција за
реализација на влезните побарувања. Текот на лоцирањето и
покренувањето на иницијативата за решавање на откриен,
интересен и/или пристигнат настан може да се илустрира како
затворени циклуси прикажани на сликата [2.0]. Од сликата се
гледа дека
за да отпочне формирање на систем мора да постои проблем, да
се покрене извршна локација во системското процесирање мора
во истата да има пристигнато проблем.

USLOVI/ODLUKI ZA PROBLEM
FORMIRAWE NA GeoIS

ZA POKRENUVAWE NA
PROBLEM IZVR[NA LOKACIJA
I/ILI FUNKCIJA VO GeoIS

слика [2.0]
Станува јасно дека демаркацијата на проблемот претставува
почетна иницијатива за оформување на пристап и методологија за
негово решавање. Опционо, релацијата проблем_решение бара
јасна прераспределба на компоненти и функции, диригирани и
активирани во моментот на потребата. Степенот на искористеност и
динамиката за активирање, се условени од пристигнато барање
пред нивните извршни локации. Се работи за извршни локации кои
можат да се проследат низ следната релација
демаркација_податок_структура_интеграција_информација.
Со други зборови, просторниот проблем е иницијативност за
активирање на ресурси од моментот на неговото препознавање до
конечното решение. Се работи за цврста низа на активности,
ориентирани и координирани со единствена цел, формирање
одговор за лоцираниот проблем.

Конкретизирајќи ги досегашните дискусии, од аспект на градење


на систем, јасно е дека и во таа насока проблемот е
иницијативност за концепирање на некој тип решение што и
илустративно го поставивме на сликата [2.0]. Во принцип
дискусиите се сведуваат на релацијата НАСТАН_ОДГОВОР,
поткрепена со дефиницијата на проблемот каде што јасно
деклариравме дека настанот може да го претпоставиме како
базичен проблем. Решението на релацијата значи одгонетнување
на проблемот, а истото се обезбедува преку синхрона поврзаност
на суштински компоненти кои во целина го чинат самиот систем.
Преку суштинските компоненти всушност се разоткрива
физиономијата, опсегот на делување, длабочината на
разоткривање на животните циклуси од секој актуелен репрезент и
нивната контактна количина на процеси со
блиските/околните/сродните егзистентни појави. Рековме
суштински компоненти.
Што во принцип сакавме да иницираме?
Сакавме, едноставно да подвлечеме дека за утврдување и
решавање на проблем мора да постојат компоненти кои се спремни
да ги извршат овие потреби. Организационата структура на овој
тип компоненти всушност го чинат самиот систем. Ако со оваа
претпоставка ја оправдуваме целта, тогаш спрегата
проблем_компонента ќе претставува една од клучните во
разработката на системската конструкција. Во таа насока самата
структура на системот неселективно би била ориентирана за
ОТКРИВАЊЕ, ЛОЦИРАЊЕ, ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ, ОРИЕНТИРАЊЕ,
АДАПТИРАЊЕ И ТРАНСФОРМИРАЊЕ

на егзистентните настани и појави од реалниот феномен

ВО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СИСТЕМСКИ КАТЕГОРИИ, ФУНКЦИИ И


ПРОЦЕСИ
Сродното демаркирање на проблемите од реалното опстојување и
нивниот системски третман, веќе е приметливо дека претставува
главна корисничка ориентација. Од друга страна, поставувањето
на ова поглавје не смее да се сфати како намера со која ќе ги
разоткриеме сите просторни проблеми кои владеат во нивната
реална околина, туку низ глобално претставување на одредени
прашања, за кои системот треба да гради одговори, да најавиме
групација на проблеми со кои всушност ќе ги потврдиме
досегашните претпоставки и дискусии. Во смисла на ова, сликите [
2.2.-2.6.] демаркираат одредена групација на прашања
наметнати од потребите во третирањето и конкретната
дискретизиција на просторните појави.

Од спрегата проблем_компоненти се претпоставува дека


препознавањето, прифаќањето и разоткривањето на просторниот
проблем, всушност претставува континуитет на активности кои
треба да бидат реализирани во склоп на компонентите. Во
конструктивна смисла тоа значи, постоење и афирмација на
употребен сет на просторни функции кои во сопствената околина
обезбедуваат минимум сознанија, како дел, во интегралното
решение на проблемот.

2.1. ОДГОНЕТНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ


Прифаќајки го фактот дека проблемот е иницијатива за
отпочнување на било каква системска активност, во тој случај се
подразбира дека стартувањето на било која активност всушност се
совпаѓа со моментот на препознавањето на самиот проблем. Во
една ваква дискусија јасно се препознава прашањето :
Што во суштина значи, да се препознае проблем?
Да се препознае проблем значи:
прифат на пристигнат настан во локација и/или на влезот од
системот, демаркирање на барањата кои конструктивно го
чинат настанот, насочување на почетните сознанија низ
инфраструктурата на системот до адекватна локација чиј домен
на функционирање е сразмерен со стекнатите сознанија и
оформување на интегрални сознанија како одговор на
парцијалните сознанија од секоја локација каде што почетната
демаркација била упатена.
Со афирмацијата на спрегата проблем_компоненти и понудената
дефиниција за препознавање на проблемот, на некој начин ја
доловивме инфраструктурата за остварување на идеата барање
одговор за коректно лоциран настан. За целосно надополнување
на овој став потребни се и следните дополнителните принципи,
чија причина произлегува од нивната формулација :
;. Категорија и интензитет на настанот.
Последица_ сознанија за утврдување и димензионирање
на ресурси и облик на извештаи.
;. Динамика на побарувања
Последица _ класификација според значењето на
настанот, дефинирање на клучни и периферни
димензии на ресурсите, како и утврдување на
атрактивност на настанот во глобализацијата
на системот.
;. Локација на барателите
Последица _ дефинирање и димензионирање на
системската инфраструктура.

Досегашните дискусии јасно покажуваат дека проблемот и


спрегите со него, на компонентите и активностите за негово
решавање во елементарен и/или воопшто во интегрален третман,
претставува базичност за владеење на системската имагинација.
Се работи за принципи за кои е потребно ангажман на ресурси,
функции и други системски елементи, сé со цел да се воспостават
регуларни насоки до конечна одлука. Во одвоен случај
претпоставениот континуитет на настани започнувајќи од
поставување, демаркирање и насочување на системски процеси, сé
до конечна одлука од системот, може да се посматра и како
еквивалентен и/или независен систем. Во секој случај, во која
категорија и информациски тек ќе бидат насочени процесите,
зависи од резултатите на почетната демаркација, а доменот на
лоцираниот проблем нуди дилеми за обликот, количината,
транспарентноста и компатабилноста на сознанијата. Базирајќи се
на овој став, може да се забележи дека од прифатената насока
произлегува владеењето на отворени и строго наменски системи.

Да појасниме. Барање одговори на било кое прашање, може да


биде сосема самостојно, затворено во рамковна селекција и/или
поставеност во одредено системско ниво. Гледано пошироко, секој
систем сам за себе претставува затворен, со намера целосно да
изврши дискретизација на феноменот кој го обработува. Сепак,
почитувајќи ја основната теорија на системите
воспоставувањето на процеси кои интерно и екстерно ќе ги
оправдаат целите за нивно опстојување, јасно е дека секој
затворен систем, во класична смисла, ја извршува само
едностраната насока на оваа теорија.

Придржувајќи се на досегашните дискусии, да претпоставиме дел


од клучните проблеми :
Што е во?
Типичен проблем кој може да се прифати, открие и лоцира според
просторна димензија структуирана со елементи од референтен
систем и/или со препознатлив опис на одредено својство.
Демаркацијата на проблемот според условените димензии е многу
често присутен како самостоен и/или во рамките на пошироки
просторни утврдувања и анализи.

Проблемот од овој тип може да го претставиме низ следните


примери :
Дали сегментот со просторни димензии е слободен за градба и
под кои услови е можна неговата реализација?
Што се наоѓа на локација со координатите Y = 536450 и X =
4650431?
и слично .......
За решавање на овој тип проблеми потребно е да се активираат
функции за идентификација на локацијата, препознавање на
конкретен дискретизационен објект со блискост на објекти во
зафатна околина, пресекување количина на податоци и
формирање на сознанија за пресекот како што е прикажано на
слика [2.2.].

KOMERCIJALNA BANKA

URBANA ZONA
POGLED

ULICA : Kej Dimitar


Vlahov

VISINA : P+4+P

слика [2.2.]
На слика [2.2.] е прикажан одговор за проблем кој е демаркиран
врз база на просторни димензии во референтен координатен
систем. Приметливо е дека демаркацијата во старт ќе биде
условена од референтниот систем во кој се презентираат
просторните димензии. Оваа условеност на прв поглед може да
биде сфатена и како пречка во решавањето на пристигнатиот
проблем. Од функционален аспект, условеноста ќе значи
ограниченост и селективност со што се намалува доменот на
функционирање на самиот систем. Се разбира дека проблемот би
останал навистина проблем ако за неговото демаркирање не
постои конечно решение. За таа цел условеноста, која ја
лоциравме како пречка во доменот на функционирањето, ќе биде
надмината со дефинирање на стандарди кои ќе предвидат
за секоја просторна димензија на влез да биде приклучен
податок и за нејзиниот референтен систем, а од страната на
процесирањата дефинирани функции кои ќе обезбедат
непречена трансформација на влезните димензии.
Со овој тип на функции ќе се надмине некомпатибилноста на
влезниот со референтниот систем во кој е организирана базата на
податоци.

Почитувајќи ги посочените стандарди и афирмацијата на


функциите за трансформација од сликата [2.2.] може да приметиме
дека иницираниот проблем е демаркиран преку координатите за
просторната локација, а одговорот како решение на проблемот е
оформен и прикажан во инфо тулот. Просторната димензија
проецирана врз базата на податоци го лоцирала објектот
Комерцијална банка, а во континуитет за оформување на
сознанијата за утврдениот објект се интерпретирани својствата
припадност во урбана зона, 3D поглед со околните зони во утврден
радиус, адресен модел, релативни и апсолутни висински
координати. Типот и количината на овој материјал зависат од
состојбата со податоци за објектот и управувачките функции за
развивање на настанот.

Каде е ...?
Овој проблем се поврзува со лоцирање и осознавање на конкретен
просторен објект. Станува збор за демистификација на пристигнат
проблем чија формулација може да се поврзе со единична
димензија и/или елементарна геометриска форма, атрибутен
податок и слично. Неговата демистификација ќе ја прикажеме низ
следниот пример :
Да се утврдат можностите за телефонски приклучок на нов
претплатник?
Поставеноста на примерот и типизирањето на проблемите преку
понудениот наслов каде е индиректно се стекнува впечаток дека
прашањето може да биде упатено кон два објекта. Од ова
непосредно следи дека демистификацијата е целосна ако
последователно се одговорат прашањата
каде е ПРЕТПЛАТНИКОТ и каде е ПРИКЛУЧОКОТ.
Да одиме последователно.
Да се лоцира претплатник значи поседување на единствени
идентификатори за граѓани и адресен просторен модел. Во нашиот
пример просторното лоцирање на претплатникот е утврдено само
преку неговиот адресен просторен модел. Тоа значи дека име на
улица и број за овој тип на проблеми се сосема доволни податоци
за еднозначно утврдување на претплатникот. Приказ на слика
[2.3.] каде што лоцирањето на претплатникот е направено преку
Булевар Јане Сандански бр.21.
Да се лоцира приклучок значи дефинирана зона за утврдување на
расположивите дистрибутивни точки и препорака на оптимален
приклучок условен од бројот на слободни парици и оддалеченост
од лоциран претплатник. На слика [2.3.1.] се прикажани
пронајдените потенцијални локации на дистрибутивни точки за

приклучок во дефинираните зони со променливи радиуси.


слика [2.3.]
слика [2.3.1.]

Какви промени настанале од ....до....?


Во формулацијата на проблемот е иницирана насоката за негова
демаркација која се состои во утврдување и пресек на состојби од
долниот до горниот временски лимитиран момент. Станува збор за
проблем кој во основа е доста експлоатиран во просторните
истражувања и анализи. Комплетноста и/или воопшто неговата
демаркација ќе биде подредена според извршните функции и
податковната изграденост. Од спротивен аспект, ова е проблем кој
во делот на конструкцијата на системот налага интервентност во
структурата на податоци и типизацијата на функции со кои
процесите од прифат до градење на информативен материјал ќе
бидат кориснички поддржани. Секој просторен податок самостоен
и/или структуиран во тополошки ранг, за што ќе стане повеќе збор
во 5-то поглавје, а врз кој ќе се гради одговор инициран од овој
тип на проблеми, во сопствената конструкција мора да има простор
и за временската детерминација. Тоа само ја потврдува
поврзаноста на дискусиите водени за афирмација на релацијата
проблем_одговор и нејзиното директно влијание на компонентите и
податковната структуираност.
Оттука и фактот дека ГеоИС сопствената атрактивност не ја
поседуваат само врз база на утврдената и обработената актуелност
на моментната состојба на феноменот, туку нивната атрактивност е
содржана и во водење историја за сите промени кои настанале од
неговото воспоставување до поставениот актуелен момент.
Историја на просторно мигрирање, динамика на градба,
сопственички промени на просторни ентитети, со еден збор
утврдување на основни информации за анализа на просторните
промени по сегменти и дефинирање на просторни референтни
состојби со временска детерминација.

Демаркацијата на проблемот дефиниран со насловот Кои промени


настанале од... до..., како временски лимитирани моменти, е
процес кој се одвива во две фази.

Првата претставува утврдување на просторните состојби за


лимитираните временски моменти, а втората претставува
утврдување на пресек на состојбите по карактеристиките кои се
составен дел на иницираниот проблем. Како илустрација на
досегашните дискусии, на левата страна од сликата [2.4.] е
прикажана демаркација на проблемот утврдувајќи ја состојбата со
просторни ентитети за просторен сегмент, составен дел во
конструкцијата на проблемот, за долно лимитираниот временски
момент од насловот на проблемот. Десната страна од истата слика,
ја илустрира постојната состојба за ист просторен сегмент, но за
горно лимитираниот временски момент.

Врз двете утврдени состојби е потребна изграденост и проекција на


функции за пресек, компарирање, зонирање и друг вид на
статистички оператори кои имаат интерес за воспоставување на
релации помеѓу ентитетите и/или некој друг вид на репрезенти
содржани, а погодни за споредба. Оваа можност е директно и/или
индиректно остварлива бидејќи е условена од референтните
координатни системи во кои податоците се димензионирани.

Како што подвлековме во претходниот проблем и во овој,


потребата од единствени референтни координатни системи е сé
понагласена, за што поопширно за нив ќе стане збор во 4-то
поглавје. Просторната содржина, за било која временска
детерминација да стане збор, мора да биде организирана во
единствен и еднозначно дефиниран референтен систем, за што
мора да биде обезбедена поддршка во системот. Во случај
утврдените содржини за временски лимитираните моменти, да
бидат организирани во различни референтни системи, што
практично е секогаш можно, во рамките на системот мора да
постојат функции со кои непречено би се извршила конверзија на
податоците од еден во друг систем.

слика [2.4.]

Какви сé просторни модели егзистираат?


Просторното утврдување на објектот, како решение од претходно
разгледаните проблеми, не е секогаш доволно за целосна
интерпретација на состојбата и својствата за сегментот и слично.
Интересот за пошироки сознанија за утврдена просторна локација,
е можен само ако постои функција за интегрирање на сите
затекнати модели во утврдената околина. Токму овие потреби,
налагаат во концептирањето на овие системи да се предвидува
интеграција по вертикала, отворајќи ја можноста во
функционирањето на системот да се прават пресеци на објекти по
истата вертикала. Со примената на овој принцип е можно да се
обезбедуваат дополнителни сознанија за лоцираниот објект.

Останува интересот на корисникот, за лоцираната состојба на


објектите, да добие целосна интерпретација на содржината и
релациите помеѓу нив. Обезбедувањето на овој предуслов е можно
помеѓу другото, повторно ќе го потенцираме, и со обезбедувањето
на предусловот за единствена/референтна координатна проекција
во рамките на поединечните просторни модели заедно со функции
со кои би се остварила непречената вертикална интеграција. Во
круговите на слика [2.5.] се локациите од интерес за овој тип
побарувања, создадени по некој од претходно набројаните
пристапи со целосната интерпретација на пресечните модели и
состојбите во нив.
слика [2.5.]

Што ако .....?


Интересен проблем кој знае да повлече активности кои можат да се
поврзат со принципите на барање алтернативи за затекната
состојба. Посебното одвојување на овој тип проблем препознатлив
по насловот на прашањето, има големо практично значење од
експлоатационен аспкет, а од аспек на процесни функции значи
нивно реално иницирање и насочување на фазите на
концепирањето на системот. Насловот провоцира проблем, со
размисли дека се работи за интервенција во случај ако се наруши
рамнотежата на животните функции во просторниот модел.
Решението на овој тип проблеми, системот го гледа низ
алгоритмите за моделирање и симулација на постојните настани со
проширени предуслови, екстремни вредности и прекини во нивните
реални опстојувања. За поблиска афирмација на овој проблем, ќе
ги понудиме следните примери

Пример 1.
Кои се алтернативите за пренасочување на сообраќајот при
реконструкција на мостот Гоце Делчев.
Одговорот на прашањето ќе се содржи во ново понудена рута во
која непречено би се одвивале сите настани кои треба да добијат
и/или да се преуредат во некаков нов колосек на одвивање. Оваа
група решенија се поместени во посебни функционални сегменти
на системот познати како Network Analsct.

За формирање на алтернативните насочувања во структурата на


податоци мораат да бидат дефинирани капацитативноста и
режимот на основните објекти, улична мрежа, дирекции на
сообраќај и слично. Уште една потврда за афирмираната спрега
проблем_податок_компонента. На сликата [2.6.], се прикажани
уличната мрежа околу посочениот објект и автобуските линии со
нивните дирекции, како два просторни сегменти кои директно се
загрозени и за чии животни циклуси треба да се бараат
алтернативи. Проблемот има комплексни побарувања кои мораат
недвосмислено да бидат решени без да се наруши рамнотежата на
својствата на сите објекти од интерес на барањата.

?
?
?
слика [2.6.]
Пример 2 :
Со реконструкција на плоштадот Македонија во Скопје кои
интервенции се потребни врз подземната инфраструктура,
регулирањето на пешачките зони и другите пристапи до
објектите од интерес во секојдневната комуникација.
Илустрацијата на слика [2.6.1.] ги содржи сите просторни објекти
кои имаат контакт со поставениот услов во проблемот. Како до
одговорот и подготовката на информативниот материјал како
информирање на поставениот проблем останува да откриеме со
градењето сознанија за ГеоИС од наредните поглавја.
слика [2.6.1.]
Се разбира дека поставените групации на проблеми не
претставуваат некаква рамковно ограничена форма врз која треба
да се градат функции и другите елементи во спрегата со
проблемот. Од таа причина, ќе претпоставиме некои практични
потреби, кои според карактерот на проблемите не припаѓаат
директно во ниту еден од досега разгледаните групации.
Би сакале да ги обезбедиме информациите за сите телефонски
инфраструктури и изградености

Би сакале да ги добиеме сите пресечни точки на одредена


инфраструктура од подземни инсталациони мрежи со објекти,
сегменти и блокови од надземните структури

Кој е оптималниот приклучок за претплатникот со договор


број..

Сакаме да ги добиеме сопствениците и зоната која ќе остане


без вода во моментот кога би имало физичко уништување на
вентилот бр. 2345 и слично.
Од досегашните дискусии ке направиме пресек на заедничките
особини во групациите. Сите групации, суфистицирано гледано, ги
имаат заедничките локации
лоцирање_ развивање _ опис.
Како фундаментални форми во разработката на проблемот, се
јавуваат сознанијата кои објектите ги опишуваат од надворешен и
внатрешен аспект. За да се реализира идеата за опишувањето на
објектот, мора и материјалот од каде што се црпат сознанијата да
биде прилагоден и подготвен за проецирање на алгоритми врз
него. Се работи за смислена ориентација која на некој начин веќе
нуди доволно сознанија за структуирањето на податковниот
материјал. Ова поглавје освен што има за цел да ја постави и
открие логичката спрега проблем_компонента, со претпоставената
дискусија за структурата на податокот веќе нуди додатни
сознанија во спрегата. Се работи за податковна структура од која
може да се извлече потребата за способност и стабилност во
разграничувањето и препознавањето на следните форми :
ß. соседство и контакт на линии
ß. раздвоеност и поврзаност
ß. еднозначни и прстенасти форми за основниот
објект
ß. мерења инкорпорирани во
геометриско_тополошки структури
ß. демаркирање, интерполација и екстраполација
на мали/блиски сегменти
Потребата од овие форми ќе ја илустрираме низ примерот кој во
конвенционалното работење многу често бил присутен. Замислете
дека стоите пред карта на држава преставена на хартија со разни
бои и содржински карактеристики искажани со картографски
симболи и семантики, и така со еден Ваш поглед лоцирате
концентрација на
одреден просторен
сегмент. Вашето
информирање е во
директната визуална
перцептност на
способноста за
одвојување на
информациите како
одговор на Вашето
диферентно
информирање, и/или
пак со инверзното
прашање:
Како да ја лоцирам мојата посматрачка енергија на точно сакан и
одреден просторен сегмент и/или баран податок од сегментот?
слика [2.7.]

Сигурно си спомнувате дека за такво информирање, поготово ако


просторната структура на картографскиот материјал е доста голем,
Ви одело многу тешко. Сте посакувале да имате маѓепсувачка
способност за директно поставување на прстот до бараниот
податок на картографската подлога. Сигурно Ви било тешко
читајќи ја картографската содржина по пронаоѓањето на саканата
локација, да дадете толкување за неговите содржински
карактеристики како и информации кои треба да значат
квантитативно информирање за појава, објект и сегменТ. Значи ли
дека интуитивно или скриено сте посакувале автоматизам во
реализирањето на Вашите мисли. Или да претпоставиме пример
според сликата [2.7.]. Да го опишеме градот М. Првенствено треба
да се опише неговата локација. Однапред сме ограничени со
сознанија бидејќи градот е прикажан со пар на координати и со
симбол во една точка. Опишувањето на ваков тип проблеми
проецирани врз конвенционална структура на податоци, се состои
со опис на локацијата како блискост со карактеристични просторни
сегменти и инфраструктурни објекти. Во таа насока забележлива е
следната “приказна” за градот М. Градот М се наоѓа во пресекот на
сегментите D и L, во негова близина поминува патот R и дека се
наоѓа во близина на градот Ј. За описната содржина, која може да
се мери, може да се додадат и метрички димензии.

На прашањето
Каков е во детали лоцираниот просторен сегмент?
Одговорот и за двата примери бара интерпретација врз
концентрирана и адекватно избрана содржина. Мораме однапред
да истакнеме дека, без разлика дали станува збор за
автоматизиран и/или конвенционален систем, формирањето на
сознанија за проблемот ке бидат ограничени до длабината на
постојните податоци за идентификуваните објекти. Треба да се има
предвид дека формирањето на информативниот материјал мора да
кореспондира со основните својства и минималната содржина за
лоцираниот објект. Ова наведува дека детерминирањето на обете
категории се базира врз структуираните податковни нивоа за секој
репрезент, што пак со јасна нагласеност поставува условувања
според кои во процесите на дискретизација за секој репрезент
треба да се обезбедат :
∇. Основни својства : вредност, облик/форма,
квалитет, комбинација;
∇. Должина од специфициран објект : задржан
размер, линеарен однос и локатор, целосна
релативност на објекти и единки;
∇. Вграденост на зони со дефинирана арбитража и
геометријски сликовен приказ : како кругот на
слика [2.7.] со егзистенција на реален феномен.
Постојат и други алтернативни изведби во опишувањето на
проблемите, па во тој контекст овие форми не треба да бидат
сфатени лимитирачки. Со цел групациски да ги доближиме
просторните проблеми, на сликата [2.8.] се демонстрирани
конструкции на прашања. Оформувањето на решенија, како што
видовме од досегашните дискусии, се базира врз релацијата
лоцирање_ развивање_опис за единичен просторен објект. Во тој
контекст, се иницираат следните егзистенционални форми за
објектите:
; сопствена_опстојување како разоткриена единка,
ВНАТРЕШНОСТ
; контактна_опстојување со сопственото окружување,
НАДВОРЕШНОСТ
; корисничка_опстојување како наметната потреба за
негова дискретизација, МАНИПУЛАТИВНОСТ
Со намера да се избегнат пропустите во разоткривањето на
можните варијанти, вниманието ќе го пренасочиме во
еквивалентни категории на активности/процеси за разоткривање и
насочување на потребите, како системски категории, во
формирањето на одговори. Од досегашните дискусии станува јасно
дека демаркацијата на проблемот, без да се врземе за некој од
наведените типови проблеми, може да се изведе со реализација на
следните две фази :
◊. ИЗБОР _ локација со пресрет на неколку барања

◊. ИЗВЕДУВАЊЕ на доказ од објекти без нивна


директна
опсервација
Во првата фаза би се групирале процесите кои организираат
прифат на барање, препознавање на категоријата прашања,
препознавање/изнаоѓање на просторна локација со инваријантни
окружувања од аспект на чисто просторно димензионирање или
паралелно со економски аспекти на прашањето. Со цел да ја
појасниме групацијата, уште еднаш да се потсетиме на проблемите
кои ги инициравме преку прашањата: Каде е .., Што се наоѓа..,
Што ако.. ќе ги наведеме следните примери
А/ сврзани со единична просторна димензија
каде е единката/објектот/сегментот со просторно_геометриска
големина, просторна координата по некоја координатна оска,
адресна лоцираност и многу слични прашања.
Б/ групата на паралелно лоцирање
од аспект на просторното димензионирање и економските аспекти
би можеле да се наведат примерите: оптимално поврзување на
просторни структури или единки со подземна инсталациона мрежа,
избор на објектно лоцирање на центроид (централа, МТ, електро и
слично), со оптимално покривање на постојни или перспективно
развојни корисници, оптимална варијанта за изградба на
училиште, болница и слични објекти. Оптимирањето на решенијата
во оваа категорија, подразбира вклучување на активности кои во
конечната форма ги вградиле и тестирањата за алтернативите,
како производ на процедурата Што ако?.

Втората фаза се наметнува како потреба за издвојување на


сознанија за објектот без негова директна опсервација. Се
работи за препознавање на објекти лоцирани врз база на
нивните контактни контури. Тоа се процеси кои се познати како
пристап од аспект на блискост или соседство на објекти, што ќе
ги разработиме во поглавјето 8. Решенијата се погодни за
интегрални сознанија за појава, сегмент и околина.

2.1.1. БАЗИЧНИ ФУНКЦИИ ВО ГеоИС


Наведените проблеми и нивната категоризација како прашања или
групации на прашања понудени за системски одговори, ја начнаа
потребата за интегрирање на функции како поддршка во
решавањето на поставените прашања во рамките на системска
координираност, прикази на сликите [2.8.1] и [2.8.2] [2.8.3].
Постојат повеќе пристапи во класификацијата и подреденоста на
функциите. Пред сé, како провокации врз кои понатаму ќе ги
развиваме дискусиите сé до конечен концепт на системот, ќе ги
наведеме приодите по Burrogh,1986 [2.8.1], Maguire&Raper,1986 [2.8.3] и
Ѓорѓиев, 2002 [2.8.2]. Со поставувањето на функциите и понудените
групации значајно ги затворивме дискусиите во третирањето на
просторниот проблем. Од друга страна, се иницираа доволни
сознанија за утврдување на локации кои од експлоатационен
аспект ќе бараат почитување и флексибилност во лимитирањето на
корисничкиот квантум на потреби.

Концептот за афирмација на функции кои ќе го понесат товарат во


решавањето на пристигнатиот проблем во суштина е ориентација
TRANSFORMACIJA

ODR@UVAWE

EDITIRAWE

DODAVAWE

UPOTREBA I ANALIZI

TOPOLOGIJA

ROTACIJA, TRANSFORMACIJA

PROEKCISKI VKLOPUVAWA

PUBLIKACIJA 2 i 3D

KALKULACII ZA POVR[INA,
PERIMETAR

SVOJSTVENOST

POVRA]AWE

LOGI^NI/MATEMATI^KI ANALIZI

REKLASIFIKACIJA

EDNOVARIJANTNA/HIERARHISKA

POVE]EVARIJANTNA/STATISTI^K

TOPOLOGIJA I SVOJSTVENOST

POVRA]AWE

PREKLOPUVAWE I INTERSEKCIJA

ANALIZA NA REGIONI

ANALIZA NA SOSEDSTVO

PRO[IRUVAWA

DETEKTIRAWE NA FORMI

INTERPOLACIJA

DETERMINISTI^KA STATISTI^KA
B-SPLAIN
POVR[INSKO MODELIRAWE
THEISSEN-ovi POLIGONI
ANALIZI i dr
IZOLONII

Слика [2.8.1]
на дизајнерот и предвидениот домен на извршноста на самиот
систем. Се разбира дека концепцијата не смее да остане тврда
рамка за формирање на овој извршен и процесен сет, туку
напротив флексибилноста за нова афирмација на функции и
лесната интеграција во постојниот сет се предуслови кои мораат да
бидат постојано отворени.

PROSTORNA algoritmi za
VLEZ AKVIZICIJ apriori analizi
ATRIBUTNI i izbor na
metodologija
T
PROSTORNI DODAVAWE

R EDITIRAWE BRI[EWE

ATRIBUTNI PROMENA
A
TOPOLOGIJA
PROSTORNI
N STRUKTUIRAWE SLOBODNI

ATRIBUTNI HIREARHIJA/MRE@I
S
RELACII
F
OBJEKT_ORIENTACIJA

O
EKSTRAKCIJA
R
BAFERIRAWE
M PROSTORNI DATABASE SQL
ANALIZA POKLOPUVAWE
A
ATRIBUTNI POVRZANOST
C GRANI^NI

SOSEDSTVO

IZLEZ

PROSTOREN

ATRIBUTNA

слика [2.8.2]
Претпоставка е дека, со понудениот сет на функции е поставена
основната рамка во извршноста од причина што во понудениот
сет се конструктивно испланирани можностите за нивна
меѓусебна контактност и надополнување.
VEKTORSKI OBJEKTI
PROSTORNI
SLIKI_RASTERI
KOLI^INA NA
PODATOCI
OSOBINI
ATRIBUTNI
SVOJSTVA

PODDR@ANI OD SISTEMOT
PROSTORNI
NEPODDR@ANI OD SISTEMOT
TRANSFORMACIJA
PODDR@ANI OD SISTEMOT
ATRIBUTNI
NEPODDR@ANI OD SISTEMOT

DODAVAWE

PROSTORNI BRI[EWE

PROMENA
EDITIRAWE
DODAVAWE

ATRIBUTNI BRI[EWE

PROMENA

EDNOSTAVNI
VEKTOR
KOMPLEKSNI
PROSTORNI
TOPOLO[KI
RASTER
NETOPOLO[KI
STRUKTUIRAWE
SLOBODNI

HIEARHIJA/MRE@I
ATRIBUTNI
RELACII

OBJEKT_ORIENTACIJA

PROMENA NA DATA STRUKTURATA


PROSTORNI
AGREGACIJA NA OBJEKTITE
RESTRUKTUIRAWE
SORTIRAWE
ATRIBUTNI
SPOJUVAWE
IZRAMNETA

PROSTORNA NEIZRAMNET
GENERALIZACIJA
ATRIBUTNA STATISTI^KA

AFINA
TRANSFORMACIJA PROSTORNA
POLINOMSKI

EKSTRAKCIJA
PROSTOREN
BAFERIRAWE
PRA[AWA

ATRIBUTEN DATABASE SQL

PROSTOREN POKLOPUVAWE
KOMPARIRAWE
ATRIBUTEN POVRZANOST

GRANI^NI
PROSTORNI
SOSEDSTVO
ANALIZA
EDNOVARIJANTNI
ATRIBUTNI
POVE]EVARIJANTNI

PROSTORNA MAPI
PUBLIKACIJA
ATRIBUTNA TABELI

слика [2.8.3]
Овој пристап овозможува комплексните побарувања иницирани
преку формулираниот проблем да можат да бидат поддржани со
единична функција и/или со комбинација на адекватни функции од
понудениот сет. За да се овозможи корисничка ориентација на
последната дискусија, потребно е да биде иницирана и
контролирана системска локација преку која би се овозможила
било каква интеграција на делумна и/или целосна извршност на
функциите.

Оваа групација на функции е базирана врз технолошката


инфраструктура на системот влез_процесирање_излез и
претпоставката дека секој процес во суштина претставува
трансформација. Во основа се работи за три основни локации
аквизиција_процесирање_публикација и сегментирањето на
функциите во нивните рамки. Деталната разработка на секоја од
глобално иницијализираните функции, ке придонесе за
конкретизација на секоја локација димензионирајки ги со тоа и
ресурсите од експлоатираната спрега
проблем_компоненти_структура на податоци.

2.2. ВОВЕД ВО ТЕРМИНОЛОШКИ СПРОТИВНОСТИ


Сеуште едукациски не сме допреле до функционалната целина на
системот, а низ ова поглавје ќе треба да отвориме дискусии за
лоцирање на блискоста, сличноста или различноста на некои од
неговите фундаментални елементи. Од овие причини за момент ке
излезиме од основната тема на насловот, за во кратки црти да го
претставиме работењето на системот, лоцирајки ги сегментите каде
што се присутни термините кои во наредните наслови ќе треба да
бидат обработени.

Од досега изнесеното и претпоставените проблеми, се афирмираат


сегменти од егзистентните технолошки процеси, погодни за развој
и вградување на нови и продорни технолошки алатки, со цел
воспоставување на ефикасен екстерен и интерен сервис. Идеата е
едноставна и изнудена, бидејќи егзистентните функции со нивното
организационо владеење ги диктираат насоките помеѓу желбите и
реалните односи за развој. Од сите функционални целини на
системот го посочивме екстерниот и интерниот сервис. Причина
која може да ја поткрепиме со фактот дека сервисот е технолошка
линија која ги покренува сите процесни нивоа во системот, бидејќи
истиот е базиран од прифатот па сé до публикација на создадениот
информативен материјал. Дополнително на ова би можеле да
додадеме дека, активен сервис значи лоцирање на актуелна
содржина и активирање на адекватни системски функции, со кои
би се поддржале сите поставени сервисни барања. Факт кој бара
перманентно доградување, осовременување и држање на жив и
актуелен систем за дискретизација на интересните сфери од
реалниот свет. Целосно затворен сервис, со екстерен и интерен
степен на субјектни заштити, е всушност потврда за постоење и
одржување на реални/живи процесни сегменти кои уште на
почетокот треба реално да се димензионираат. Со намера да се
избегне статична постава на сегментите, развојните концепции
мораат во базните функции да предвидат висока флексибилност во
прифатот на дискретизациониот материјал и манипулационите
системски нивоа. Во спротивно би се нарушиле главните мотиви за
промена на егзистентниот систем. Со намера да се избегнат
конфликтните ситуации, кои ги следат ваквите одлуки, од интерес
е уште на почетокот да се претпостават алгоритми/филтери кои ќе
ги контролираат и/или сведат на минимум сите недоследности.
Недоволната сондажа и проекција на постојните и перспективните
потреби, во ваков вид на проектирање, е многу тешко да се
корегира во некој од експлоатационите периоди на системот. За
таа цел, проектирањето на системите, треба да биде со јасно
изразена цел и концепција од страна на корисничките,
податковните и режимските функции и активности.

Почитувајќи ги насоките и компонентите кои го градат системот,


јасно е дека дискретизационите форми и нивното длабинско
разоткривање се базични за неговото реално функционирање. Во
наредните поглавја постепено би се разоткривале елементарните
форми кои конструктивно и својствено ги чинат дискретизационите
објекти од реалниот свет. Од тие причини, во ова поглавје би
отвориле дискусии за некои терминолошки непрецизности и/или
недоречености. Ваквата одлука е поставена со цел да се избегнат
недоследности во афирмацијата на ресурсите, обликувањето, типот
и изворите за создавање и манипулација со одредени системски
форми. Во конвенционалното работење овие термини се присутни,
експлоатационо истите не продуцираат последици од нивната
непрецизна дефиниција недореченост, спротивност по форма и
значење. Во системите за автоматско процесирање нема простор за
елементи кои во зависност од погледот врз нив произведуваат
различни решенија. Токму оттука во наредните поглавја ќе се
обидеме да расветлиме некои од овие термини.
2.2.1. ПОДАТОК_ИНФОРМАЦИЈА
Во конвенционалното функционирање на системот, овие две
категории не се третираат во групацијата на причинители на
двосмислено информирање. Новите системи бараат нивна прецизна
терминолошка поставеност, бидејќи ангажманот на двете
категории во формирањето на информативните материјали е
значаен, а нивната егзистенција е одвоено присутна.
Оправдувањето за разграничување на овие две компоненти, е
изнудено и од потребите за стандардизирање на прифатите и
алгоритамското затворање на процесите кои ќе оперираат со нив.

За таа цел низ ова поглавје ќе отпочнеме дискусија за нивно


лоцирање во процесите на системските зафати, пред сé од
гледиште на оперативност и семантичка класификација.

ГеоИС-ми оперираат со претпоставката дека ИНФОРМАЦИЈА е


СУРОВИНА и ПРОИЗВОД во системот, а нејзината базична
материјална форма, односно системскиот запис, се дефинира како
ПОДАТОК. Во прв момент се чини дека ваквата формулација во
целост ги разграничува компонентите, од семантички и оперативен
аспект. Но сепак не é така, од причина што оваа формулација
остава празнина во делот кој се однесува на регистрацијата на
податокот. Да појасниме. Зарем фактот дека податокот е
регистриран на локација NN не претставува информирање за
корисникот.

За почеток да го понудиме ставот, кој на некој начин е наметнат од


претходните дискусии
информацијата е производ на системот за кој се потрошени
минимум системски ресурси

Логичен став, кој понатаму наведува на фактот дека постои и


субкатегорија од која е создадена информацијата, ангажирајќи ги
адекватните ресурси. Како последица од еден ваков став
непосреден е заклучокот дека постојат две различни категории.
Да потврдиме дека информацијата е производ со строго насочени
критериуми како и наследени критериуми и својства од
субпродуктот. Можеби, со оваа констатација создадовме недоумица
околу субпродуктот, за кој може да претпоставиме исто така дека е
создаден со ангажман на ресурси, критериуми и слични активности
како и информацијата. Во конвенционалното функционирање,
изразеноста на овие констатации е неприметна, од причина што
одвоеноста и/или преклопувањето на двете компоненти не се
рефлектира во процесирањето. Токму од оваа причина, немало
потреба од нивно прифаќање и/или негирање.

Како став од досегашните дискусии може да произлезе дека


информацијата се генерира и претставува продукт или последица
од генерирањето, а базичниот материјал врз кој се проецирани
алгоритмите и другите ресурси за генерирање на продуктот се
податоци. Низ наредните примери ќе направиме обид за потврда
на оваа претпоставка.

Пример 1 :

ИНФОРМАЦИЈА
ПОДАТОК МЕСЕЦ МИНИМАЛНА МАКСИМАЛНА
ТЕМПЕРАТУРА ТЕМПЕРАТУРА
2.0 11.2 ЈАНУАРИ 2.0 11.2
6.3 10.7 ФЕВРУАРИ 6.3 10.7
10.2 16.4 МАРТ 10.2 16.4
11.0 16.9 АПРИЛ 11.0 16.9
14.5 17.9 МАЈ 14.5 17.9
14.9 21.4 ЈУНИ 14.9 21.4

Во табелата се дадени вредности од мерењета на температура. Во


првиот дел од табелата се дадени вредности кои немаат сопствена
идентификација, а во вториот дел за истите вредности се дадени
идентификациони елементи.

Пример 2.
Мерење на агли по некоја од
α = a2 − a1
геодетските методологии прикажани
на слика [2.8.3]. a2
a1

Од двата примери е можно да


поистоветиме дека во рамките на
проблемот, кој е надвор од
регистрацијата и оперативноста на
системот, како и наведените
претпоставки од претходните 0

дискусии, податокот не може да го


издвоиме како засебна семантичка
категорија.
слика [2.8.3]
Причината за тоа е во неговата детерминација која е постојано
надоврзана за јасно лоциран старт и употребна методологија. Во
првиот пример со фактот дека е отпочнат процес за опсервација на
температурите, веќе секој мерен резултат претставува
информирање за настанот. Потврдата на оваа констатација во
вториот пример е поврзана со идентификацијата за почетокот на
градуацијата на хоризонталниот лимб, па сé до добивањето на
аголот помеѓу двата правци. Јасно е дека информирањето за

големината на аголот помеѓу двата правци е информација која е


добиена како разлика на два мерни податока за правците.
Поаѓајки од фактот дека двата мерни податоци имаат свој почеток,
нулата на хоризонталниот лимб, значи дека во однос на него
истите претставуваат информации, бидејќи јасно лоцираат
сознание детерминирано во а1 и а2 . Овие вредности ја лоцираат
проекцијата на вертикалните рамнини низ правците и
хоризонталната рамнина низ лимбот. Нивните пресеци во однос на
јасно утврден референтен систем, во рамките на хоризонталната
рамнина, се потврда на сознанието дека а1 и а2 всушност се
информации кои ги опишуваат наведените соодноси.

Овие примери нé наведуваат на заклучокот дека, надвор од


системот хиерархискиот поглед за остварување на сознанија
постојано оперира со терминот информација, од проста причина
што секое приближување до настанот со активирање на
методолошки пристапи и формирањето на резултатот, јасно е дека
ќе станува збор за информација. Сепак останува фактот дека во
локални рамки, без да се навлегува во континуитетот на
хиеархиски пониските зависности, јасно е дека претпоставената
дискусија во генерирањата врз базични содржини се оперира со
двете независни терминолошки категории.

Со цел да се понуди алтернатива на досега кажаното, ќе


претпоставиме дека не постои терминолошка спротивност помеѓу
овие две категории. За таа цел ќе појдеме во спротивен приод од
досегашниот.

СПРОТИВЕН ПРИОД
Да претпоставиме дека
податокот е суровина а информацијата производ
Интегритетот на просторниот податок се потврдува со :
ƒ. структура
ƒ. квалитет_датум
ƒ. публикација
Внатрешноста на секоја од овие конструктивни категории на
интегритетот, прикажани на сликата [2.9.], заедно со процесите во
нив, всушност претставува изнудени информации. Ако е ова
прифатлива претпоставка, да ја потврдиме со следните факти.
Затворањето на секоја од категориите обезбедува димензии за
податокот заедно со наметнатата/испланираната методологија.
Значи, за податокот веќе има доволно информации и тоа
димензија, употребна методологија, квалитет, формат и слично. Со
ова двете категории ги доближивме во една информативна
категорија, со што всушност хипотетички се потврдува фактот за
непостоење на две категории.

Да провоцираме друг правец на размислување.


Дали можеме да препознаеме привидна релација помеѓу
податокот и информацијата?
Присуство на релација е можно само под услов да има две
компоненти помеѓу кои истата е создадена. Во тој контекст на
односи, да го претпоставиме логичниот став дека ИНФОРМАЦИЈА-та
претставува опишување на ПОДАТОК-от. Ваквата претпоставка,
денес во кругот на оперативните активности во сферата на
информационите системи, семантички се нарекува METADATA.
Поставувајќи ги размислувањата од аспект на системско
процесирање, се стекнува впечаток дека во тој правец постои
процес кој го опишува регуларниот податок. Од друга страна,
прифаќајки ја претпоставката дека информацијата го
опишува/разоткрива податокот, тогаш METADATA-та по аналогија е
информација. Со оваа категорија се формулираат механизми,
претпоставки, преку кои податокот лесно се доближува до
информација. Оваа колекција на информации можеме да ја
опишеме со следните групации :
;. Дефиниција на ентитетите
;. Дефиниција на атрибути
;. Објаснување на сепаратните бои во сликовните
опсервации
;. Опис на правилата користени при утврдувањето на
границите во дефинирањето на ентитетите
;. Објаснувања за исчезнатите мерки и неправилности во
процесот на актуелизација
;. Опис на квалитетот, времето/датумот и потеклото на
записот
;. Опис на технологијата за конверзија.
Се работи за конструктивни категории, текстуални/материјали, кои
ги опишуваат и регулираат правилата и нормите за правилно
претставување на репрезентите.

NEPOTVRDNA

PODATOK INFORMACIJA
POTVRDNA
Struktura

Kvalitet_datum
Publikacija
X - PRISTAP
- RELACIJA/OKOLINA
Y - PRIPADNOST
- OBEZBEDUVAWE
Z

слика [2.9.]

Од приложеното се гледа дека преклопувањето на овие


категории од аспект на оперативен и семантички карактер не би
можело во целост да се прифати. Можеби е регуларно да се
прифати дека помеѓу нив нема изострени граници за нивно
делување, но сепак релацијата која се создава помеѓу нив остава
доволно причини истите да бидат дефинирани како две
независни категории со независна сопствена егзистенција. Многу
е чиста претпоставката за постоење на две независни категории
во локални рамки, за било кој просторен настан, апстрахирајќи
ги реалностите за промени надвор од утврдените рамки на
гледање.

2.2.2. КВАЛИТЕТ НА ПОДАТОК <ПРЕЦИЗНОСТ_ТОЧНОСТ>


Поставувањето на ова поглавје е директно поврзано со
парадигмата за функционирање и одржливост на системот.
Напоменавме дека системот треба да обезбеди квалитетно
информирање кое е условено од квалитетот на базичниот
материјал за формирање на информациите. Од досегашните
дискусии е воочлииво дека податокот, информацијата и нивните
квалитети се најексплоатирани терминологии, а во делот на
функционирањето на системите истите ги лоциравме како базични
категории. Во наредните поглавја тежиштето на дискусиите
постепено ке го префрлуваме врз податокот како една од клучните
системски компоненти. Од тие причини терминолошкото
позиционирање на квалитетот на податокот однапред претставува
битен елемент во разрешувањето на определени недоследности во
интерпретацијата на излезните системски продукти.

Се прашуваме
Што е квалитет на податок?
Да претпоставиме директен одговор :
квалитет на просторните податоци е детерминирана
категорија за проценка на генерираните продукти од
системот.

Да појасниме, секој информативен материјал кој се предава од


било која системско_извршна локација, а произведен врз база на
активирани регуларни системски ресурси, е продукт на системот.
Конструктивно гледано, генерирање на продукт, како идеална
апстракција од системот, повлекува активирање на низа процеси и
окружувања. Проценката за степенот на реализација на сите
активирани процеси за производство, како внатрешна
компонента, треба да биде претставена со интегрален индекс од
сите елементарни репрезенти на активираните внатрешни процеси.
Со намера да се заокружи детерминирањето на една ваква
категорија, потребно е во нејзината конструкција да се вгради и
индекс кој е репрезент за степенот на реализација на активностите
за производство на базичниот материјал, врз кој се проецираат
производните процеси за генерирање на продуктот, како
надворешна компонента во детерминирањето. Раководејќи се од
конструктивните чинители на продуктот, внатрешните компоненти
се претставени со апликативната организација, а надворешните со
геометриско_тополошките структури и референтните мап системи.

Јасно е дека во конструкцијата на интегралниот индекс најголемо


влијание има надворешната компонента. Се работи за влијанија
поврзани со квалитетот на базичниот материјал кој е произведен
со ангажирање на технолошки линии, со јасно утврдена примена
на методологија во димензионирањето, обликувањето и
претставувањето на секој единичен податок. Од тие причини
секогаш постои интерес да се дефинираат влијанијата на овие
компоненти, изразени преку квалитетот на единичниот просторен
податок. Токму од тие причини и поставувањето на насловот. Како
стартни предвидувања за квалитет на податок ќе подразбира :
можноста и степенот за утврдување и детерминирање на
следните конструктивни целини

ТОЧНОСТ_ВЕРОДОСТОЈНОСТ_ПОТПОЛНОСТ_
ПРИЛАГОДЛИВОСТ
Со еден збор, квалитетот на податокот е показател за неговата
целокупна конструктивна и оперативна состојба, а одредувањето
треба да се бара во анализата на следните компоненти :
°. Потекло.
Опис на изворот на податоци, метода за нивно
димензионирање, трансформации и временска димензија.
°. Позициона точност.
Методологија, прецизност на работни мерки, услови за
изведување, форма на објект.
°. Атрибутна точност.
Временска и содржинска конструкција за опис на својствата
и особеностите.
°. Комплетност.
Кои, какви информации и до кои размери се количински
оправдани, минимум на потребен податок за дефинирање на
појава, сегмент и слично.

Конструктивните целини, од понудената дефиниција поединечно


значат :

ТОЧНОСТ
Гледајќи низ филозофијата на инжинерскиот свет, под точност
рамковно се поместува квалитет на метрички димензии, кои
можат да бидат просторни и непросторни. Просторните податоци
се контролираат со пристапната методологија и нејзините
гранични услови поставени во димензионирањето. Степенот на
реализација на методологијата со сите окружувања за време на
нејзината реализација, ја диктира точноста на преносниот
продукт. Ако дискусиите ги затвориме само на просторните
димензии на податокот тогаш, под точност ќе се подразбира
интегрален квантификатор со кој се изразува степенот,
граничните услови и окружувањата во кои се реализираат
процесите на методологијата. Неспорен е ваков вид на дејствија.
Но, ако се работи за пренос на метрички и неметрички димензии
во системско процесирање, тогаш претпоставката за точноста е
непотполна. На пример, сте измериле “точни” единични податоци
и со нив е обликуван просторен објект. Објектот без временската
димензија на овие настани може да биде неточен, бидејќи во
моментите на неговото користење можеби истиот веќе не постои
во реалниот свет и/или има нова геометриска форма. Токму од
тие причини во системските апстракции точноста мора да се
разбира во опширен облик на неговата конструкција.

Да претпоставиме и друг приод.


Многу често, во слободна интерпретација под точност се
подразбира прецизност на утврден податок. Ако е така, тогаш
може да се претпостави ставот за прецизен и/или непрецизен
податок. Терминологија која се коси со планирањата за
реализација на податковен материјал, од причина што секој
податок во системот се одредува со однапред поставени услови и
методологија. Почитувајќи го ваквиот став, можно е да
претпоставиме дека прецизноста на податокот е конструктивна
компонента на ТОЧНОСТ-та.

Претходните насоки испровоцираа размисли за оваа компонента,


но во секој случај оставија простор дека точноста е
компаративност со опстоивоста на податокот од реалниот свет. Се
работи за квалификациска категорија која е подредена според
состојбата на репрезентите од феноменот и нивната
категоричност во системската апстракција, по количина и форма
на структуирани податоци. Многу е тешко да се дефинира општо
прифатлив термин за оваа квалификациска компонента на
податокот, ако во неговата конструкција интегрално не се
опфатат експлоатациониот аспект и аспектот на просторното
димензионирање. Факт е дека é потребно да се повлечат поостри
граници и вклопат препознатливи чинители кои ќе ја
доближуваат реалноста на податокот од системската групација и
неговата реална егзистенција.

ВЕРОДОСТОЈНОСТ
Спремноста на конструкторите да обезбедат сеопфатен
дискретизационен материјал, кој со сопствената структура
целосно ќе ги разоткрие животните циклуси, е неспорен факт и
стремеж за перманентност во следењето на случувањата од
реалниот свет. Репрезентите во експлоатационите процеси, по
форма, внатрешна состојба и окружување, мораат секогаш да
бидат во согласност со истите репрезенти и случувања од
реалниот свет. Да се обезбеди согласност помеѓу системските и
реалните репрезенти во секој момент значи, проценета и
утврдена состојба во моментот на стартната интерпретација на
репрезентот и состојба со поставена временска детерминација за
експлоатационите периоди. Првата категорија на согласност се
поврзува со погледот, способноста и прилагоденоста на
аквизитерот во утврдувањето на актуелните и оптималните
конструктивни форми за реперезентот, а другата со следењето и
надополнувањето на промените за било која негова
конструктивна категорија. Во втората категорија од теоретски
аспект можат да се додадат уште и формалните алгоритамски
грешки во пристапите до податокот.

Исполнувањето на двете категории за согласност всушност ја


афирмираат категоријата веродостојност. Следејки ги дискусиите
се забележува дека веродостојноста на податокот може да биде
нарушена и/или неисполнета под услов ако се наруши основниот
мотив во остварувањето на согласноста низ двете нејзини
категории. Со цел да се оствари сигурност во согласноста
методолошките пристапи и принципи мораат во целост да бидат
испочитувани за секоја процесна локација во димензионирањето
на елементарните форми, а на аквизитерот не смее да му се
допушти слободна проценка и избор на објектите, густината на
податоците за геометриското обликување на фигурата и
нејзината додирност со околните фигури. Од експлоатационен
аспект, за да се зачува веродостојноста на податокот неопходна
е негова перманентна актуелизација, споравично активирање на
процеси за согледување и реализација за секоја просторна и
непросторна измена во реалниот свет.

ПОТПОЛНОСТ
Препознавањето на појавата од реалниот свет, утврдувањето на
нејзините репрезенти заедно со својствата и особеностите, не
значат конечност во опсервацијата на просторните дејствија.
Ваквата заокруженост на настани, може да се третира како
внатрешна опсервација, а за целосност во утврдувањето на
просторните дејствија се потребни и сознанија за контактните
објекти во околината. Потполноста на податокот, а преку него и
на третираната појава, е можна само ако во системската
имагинација се обезбеди контактибилност и транспарентност на
внатрешноста на репрезентативниот материјал со контактните
репрезенти од просторните окружувања.

Во насока за дефинирање на потполноста на податокот може да


се зборува и за количината на податоци со кои се опишуваат
геометриските и негеометриските односи во објектот за што веќе
инициравме сознанија во дефинирањето на веродостојноста на
фигурата. Сепак, дека и оваа насока може да ја употребиме и во
дефинирањето на оваа компонента во односот на квалитетот на
податокот ќе го наведеме примерот за дискретизација на
просторна појава преку ентитет наречен центроид. Центроидот е
ентитет со концентрирана содржина во една точка и/или
централна линија. Апроксимативен елемент за фигурите кои ги
обликува во нивните тежишта и/или оски. Ако врз ваков елемент
се проицираат процеси за формирање на информативен
материјал, во прв момент е јасно дека станува збор за
непотполна основа, од проста причина што отсуствува
геометриската конструкција и/или формата на опсервираниот
репрезент. Но, ако за формирање на информативниот материјал
се утврдени стандарди кои базираат на ваква интерпретација на
просторните објекти, во тој случај не може да стане збор за
непотполн податок. Поагајки од овие претпоставки потполноста,
како конструктивна категорија за квалитет на податокот, мора
секогаш да биде согласна степенот врз кој треба да се оформува
информативниот материјал.

ПРИЛАГОДЛИВОСТ
Под прилагодливост на податокот се подразбира способност за
пристап и спремност на податокот без лимитирање на ресурси.
Прилогодливоста не смее да се поистоветува со флексибилноста на
податокот, а со тоа и со флексибилноста на фигурата. Значењето
на компонентата, како рамноправна во дефинирањето на
квалитетот на податокот, се лоцира во обезбедувањето на
коректни формат трансформации без да се нарушат неговите
основни својства. Коректна формат трансформација значи,
предифинирање на записите од еден во друг формат под строги
услови кои ги контролираат овие својства на податокот. Се работи
за флексибилни трансформации кои податокот треба да го отворат
надвор од рамките на системскиот технолошки круг.
Прилагодливоста, по нејзиниот терминолошки концепт, остава
можност да се нарушат принципите и/или интегритетот на
податокот. Во случајот прилагодливоста не смее да ја има улогата
на вклопување, од каде како последица произлегува слободата во
дефомирањето на одредени конструктивни елементи со цел да се
остварат процесите на трансформација.
2.2.3. ЛОКАЦИЈА_ПОЗИЦИЈА
Локацијата и нејзиниот карактер, се исклучително важни
терминолошки и значајни практични форми во системските
егзистенции. Со намера поблиску да ги
претставиме/разоткриеме, да ја поставиме следната практична
форма:
Каде сум сега во просторот?.
Форма чија проекција треба да активира живи циклуси во системот
од типот поставување на насока и норми до квантумот на податоци
и брзина за формирање на одговор. Процесно гледано се работи за
активирање, разграничување и димензионирање на две
конструктивни теми
n. точно утврден метрички податок за просторното лоцирање
на објектот,
o. димензии за конструктивната окруженост на лоцираниот
елемент.

Се работи за две интегрални категории за кои се предвидуваат


ресурси за нивно дефинирање_димензионирање. Единичното
својство на локацијата е сврзано за геометриските и суштинските
групирања на просторните димензии. Додека, димензиите за
конструктивната окруженост бараат дополнителни
непросторни/описни/атрибутни податоци, со што целосно се
разоткриваат животните циклуси во избраниот просторен елемент.

Прифаќајки ваков приод, како насока во откривањето на овие


теми, се појавува или поточно останува дилемата од
секојдневниот експлоатационен жаргон локација и/или
позиција т.е. :
Постои ли преклопување во семантиката локација и позиција ?
Оперативно дилемата постои и/или не постои може да се
прифати и конвенциски. Позицијата е атрибут/димензија на
локацијата, или обратно локацијата ја троши позицијата како
нејзина транспарентна димензија. Во делот на екстраполација на
ресурсите, локацијата може да значи место каде што се/е
сместен/ни податоците од интересната сфера.

Во основа позицијата и карактерот, затворени во единствен


тополошки и описен сет на податоци, интегрално можат да се
прифатат како конечен термин за локација.

Како сублимација на претставените насоки може да се утврди


следното :
Локацијата ја троши позицијата или позицијата е
конструктивен елемент на локацијата
Со цел да се оформи непречен пристап за интеграција за момент
на овие две слободни просторни теми, а при тоа да се обезбеди
единственост во интерпретацијата на дискретизациониот квантум
на содржината и воспостават релации за непречено повторување
на системски операции, потребно е постоење на следните
конструктивни форми :
◘. Единствени координатни системи и/или параметри за
координатна транспарентност,
◘. Идентификација на соседство; ентитет со додирна
линија на ентитет или зона,
◘. Линеарен локатор; должина на специфициран пат,
◘. Минимални димензии на затворен полигон,
◘. Центроид со нумеричко и атрибутно кодирање и
◘. Можност за постоење на блок_простор со регулирана
или нерегулирана форма.

Суштински гледано ваквиот терминолошки третман претставува


и откривање на транспарентни форми кои ја градат и
системската имагинација чија конструктивност ќе следи во
наредните поглавја.

You might also like