You are on page 1of 27

ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ПАНОВ


Содржина

1. Проблеми – Решенија – Одлуки


2. Што е одлучување, а што решавање на
проблеми?
3. Фази на донесувањето на одлуки
4. Видови одлуки и одлучувања
5. Класификација на одлуките
6. Пристапи во одлучувањето
7. Етапи во одлучувањето
8. Групно одлучување
Проблеми – Решенија - Одлуки

 Претпријатието е целесообразен систем


 Во формирањето, а и подоцна, пред овој систем
се поставуваат цели
 Прв предуслов да се достигнат целите е
претпријатието да функционира
 Функционирањето треба да се регулира
 За поставување на целите задолжен е
менаџментот (управувањето)
Одлуката е интелектуален инструмент за регулирање на
функционирањето на организацијата

 Донесувањето одлуки се проучува заедно со


планирањето.
 Не е предодредено само за една функција.
 Одлуки донесуваат сите функции и подсистеми во
една организација.
 Одлучувањето е дел од технологијата на
функционирањето и ги инкорпорира сите функции.
 На секоја одлука и претходи низа од помошни
одлуки кои се насочено кон решавање и донесување
одлука за главниот проблем.
Што е одлучување, а што решавање на
проблеми?

 Решавање на проблеми е поширока категорија од


донесувањето на одлуки.
 На почетокот се проблемите од каде извира
потребата за донесување одлуки.
 Пред проблемите се промените.
 Колку се поголеми квантитетот и брзината на
промените, толку се поголеми и квантитетот и
комплексноста на проблемите што се создаваат.

Промени Проблеми Решенија


Постои одредена концепција на основа на која
функционира една фирма.

Практичната реализација е со одредено отстапување од


таа концепција, па се јавува девијација.

Од овде почнува потребата за одлучување.

Одлуката се добива кога на решението на проблемот ќе


му се додадат овластувања и одговорности.

Решавањето на проблеми и во состав на него


донесувањето одлуки, треба да се набљудува во
функционирањето на фирмата.
Фази на донесувањето на одлуки

 Дефинирање и анализа на проблемот


 Оформување алтернативни решенија
 Проценка на алтернативните решенија
 Избор на решението (одлука)
 Примена на одлуката
 Контрола на одлуката

Донесување одлука

Дефинирање и Оформување Проценка на Избор на


Примена на Контрола
анализа на алтернативни алтернативните решението
одлуката на одлуката
проблемот решенија решенија (одлука)

Решавање на проблеми
Два циклуса во решавање на проблеми и
донесување на одлуки

Концепција на
функционирањето

Реално
функционирање Разлика (девијација)

Примена на
одлуката Дефинирање и
Контрола на анализа на
одлуката проблемот

Избор на Оформување
решението алтернативни
(одлука) Проценка на
решенија
алтернативните
решенија
Решавањето проблеми донесувањето одлуки
се динамички системи т.е. циклуси

 Прв циклус: проблемски


Овде се почнува од разликата помеѓу она што било замислено и она што
навистина ќе се случи. Тоа е извор на проблемите. По веќе утврдената
технологија се доаѓа до одлуката која се применува во реалното
функционирање
 Втор циклус: технологија
По веќе утврдената технологија се доаѓа до одлуката која се применува во
реалното функционирање. Во рамките на овој циклус е евидентен циклусот на
одлуките. Промената на одлуката се контролира, па по потреба се коригира.
Дали е донесена правилна одлука се утврдува во реалното функционирање со тоа
што ќе ја намалува диференцијацијата.
Во некои случаи има можност да се коригира одлуката, односно избраното
решение.
Ако е донесена погрешна одлука повторно се активира проблемскиот циклус.
Овде не се намалуваат девијациите туку се задржуваат или зголемуваат.
Видови одлуки и одлучувања

 Одлуката е резултат на
одлучувањето. Значи
одлучувањето е процес којшто има
за цел да донесе одлука.
 Намената на одлучувањето е да
донесе одлука која ќе ги земе
предвид сите теоретски или голем
дел (практично) релевантни
фактори.
 Процесот на одлучување мора да ја
земе во предвид состојбата на
системот во претходниот период за
да може со одлуката да се
дефинира состојбата кон која се
стреми системот во наредниот
период.
Две основни обележја на одлуките

1. Настојување на доносителот на одлуката да ја


оптимизира одлуката и да го доведе системот
во состојба која ќе го овозможува
функционирањето на системот со намалено
дејство на девијациите, што беше повод за
одлучување.

1. Ограничувањата кои стојат на овој пат, а кои


произлегуваат од интеракцијата на системот и
околината.

Процесот на одлучување е инкорпориран во сите


пори од комплексната активност на една
организација. Во претпријатието во секое време
и на секое место се донесуваат одлуки.
Класификација на одлуките

Бидејќи со одлуките се регулира функционирањето на претпријатието од оваа точка на


гледање, одлуките можат да се поделат:
- Регулативни одлуки со кои во организацијата се регулира поставувањето на системот,
потсистемите, нивните меѓусебни врски и допуштените девијации.
- Корективни одлуки со кои се интервенира за да се коригираат девијациите и
функционирањето

Според целта која треба да се постигне со извршувањето, одлуките можат да бидат :


инвестициски, кадровски, комерцијални, финансиски и др.

Според доносителите: индивидуални, колегијални и хиерархиски.

Ако ги класифицираме според функциите во претпријатието : управувачки, организациски,


раководни, извршни, контролни.

Според начинот на извршување: стратегиски, оперативни, воопштени, начелни, итни,


условни.

Според ситуациите во кои се донесуваат:


- Одлуки што се донесуваат во услови на извесност
- Одлуки што се донесуваат во услови на ризик
- Одлуки во услови на неизвесност.
Донесување одлуки во услови на извесност,
ризик и неизвесност

 Донесување одлуки под услови на


извесност значи дека доносителите
на одлуката располагаат со доволно
информации за да можат да ги
предвидат различните опции.

 Донесување одлуки под услови на


неизвесност претпоставува
оспособеност за предвидување на
можните исходи и воспоставување
на нивни апроксимативни
вредности.

Под услови на сигурност постои точна,


прецизна и доверлива информација
врз која се засноваат одлуките.
Програмирани одлуки
- Програмирани одлуки се оние кои се донесени во согласност со некој обичај, правило или
процедура.

- Рутинските проблеми не се секогаш едноставни. Програмираните одлуки се користат за работа


со сложени и со не комплицирани предмети на расправа.

- Пример: одлуката за тоа какви залихи се потребни за даден производ може да бара многу
истражувања и предвидувања, но од детална анализа на одделни сложени елементи на
проблемот можат да произлезат серија рутински и програмирани одлуки.

- Програмираните одлуки до некој степен ја ограничуваат нашата слобода, бидејќи


организацијата е таа што одлучува што ќе прави, а не поединецот.

- Сепак, програмираните одлуки се стремат кон либерализација. Политиката, правилата и


процедурите со кои донесуваме програмирани одлуки не не ограничуваат со време кое е
потребно да се донесат нови одлуки за старите проблеми.

- Пример: фирмата може секој производ да го рекламира колку што сака, но за еден одреден
производ потребна е посебна рекламна кампања за да се спротивстави на агресивната пазарна
стратегија на конкурентот. Програмираната одлука за рекламирање на еден производ со
помош на буџет би можела да е грешка во овој случај. Менаџерите мораат да одлучат дали
ситуацијата бара програмирана одлука.
Непрограмирани одлуки

 Непрограмирани одлуки се оние кои се занимаваат со необични и исклучителни


проблеми. Ако проблемот не е целосно изнесен за да може а се поддржи со
политиката или пак ако е толку важен па заслужува посебен осврт, тој тогаш мора
да се реши со непрограмирана одлука.

 Проблемите како што се: како да им се дадат ресурси на организациите, што да се


прави ако производството е неуспешно, како да се подобрат односите со заедницата
– всушност проблеми со кои ќе се соочи менаџерот, обично бараат непрограмирани
одлуки.

 Ако се движиме нагоре по организациската хиерархија, способноста да се донесат


непрограмирани одлуки станува се поважна, бидејќи повеќето од одлуките кои се
донесуваат се непрограмирани.

 Поради ова повеќето програми за развој ги подобруваат способностите на


раководителите за донесување на непрограмирани одлуки, ги учат на систематско
анализирање на проблеми, донесување логични одлуки.
Поделба на одлуките по степен на
воопштеност (конкретизација)
 Одлуките донесени во услови на сигурност(извесност) ризик и
неизвесност, не се со подеднаква присутност на хиерархиските нивоа во
организациите.
 Во работата на супервизорите (надзорниците) одлуките се со поголема
доза на извесност, но сепак сите одлуки не се донесуваат во услови на
извесност, туку има услови на ризик и услови на неизвесност.
 Кај врвното раководство структурата на севкупните одлуки е поинаква –
овде преовладуваат одлуките во услови на неизвесност.
 Ризикот е подеднакво присутен во одлуките на сите три нивоа.
Пристапи во одлучувањето

 Одлучување кое се заснова на факти. За донесување одлуки е потребно собирање


податоци и различни показатели. Откако ќе се соберат и средат фактите одлуката
се донесува скоро автоматски односно таа непосредно произлегува и се наметнува
од расположливите информации.
 Одлучување засновано на искуство. Стекнатите знаења преживеани ситуации,
утврдени судови и оформени мислења во голема мерка помагаат во слични
ситуации ефикасно и ефективно да се одлучува.
 Одлучување засновано на интуиција. Овој вид на одлучување се засновува на
непосредно запазување, инстинктивно знаење и способност на непосредно
реагирање без темелно расудување, уважување на фактите и постојаното искуство.
 Одлучување засновано на причинско – последичен пристап. Претставува
оформување на рационални основи на сите важни елементи на процесот на
одлучување. Се вреднува секој елемент, се одмерува доверливоста на изворите, се
врши нивно селектирање, се проценува степенот на ефикасноста, ефективноста и
економичноста на сите активности кои потенцијално можат да се појават.
 Одлучување на основа на примена на системската анализа е еден од облиците на
квантитативно одлучување чија објективност би требало да обезбеди поголем
авторитет и изразита ефикасност на оформените одлуки. Вредноста на овие
пристапи доаѓа до израз кај рутинските одлуки.
Етапи во одлучувањето

 Дефинирање на проблемот
 Анализа на проблемот
 Оформување алтернативни решенија
 Проценка на решенијата
 Избор на решението (одлука)
 Примена на одлуката
Дефинирање на проблемот

 Многу е важно да се прави вистинска селекција на проблемите


 Доколку сме мотивирани од економски вредности се одлучуваме за
практични работи како маркетинг, производство и профит.
 Ако сме ориентирани теоретски, можеме да се занимаваме со
долгорочните изгледи на организациите.
 Ако сме ориентирани политички, можеме да бидеме заинтересирани за
конкуренција со другите организации или со нивните лични успеси.

Поимот проблем се среќава и во секојдневниот живот, а еден автор го


дефинира како појава на нешто што треба да се реши. Појавата на
проблемот и неговото решавање се две нераскинливи категории.
Појавувањето на проблемот е и појавување на процесот на неговото
решавање.
Во фазата на дефинирање на проблемот треба да се изврши и анализа на
условите за негово решавање. При ова се мисли на целите, правилата и
начелата.
Анализа на проблемот

 Снабдувајќи се со потребните податоци за


одлучување практично почнува вториот дел од
првата фаза, а тоа е анализа на проблемот.
 Раководителот никогаш не може да ги добие
сите податоци кои му се потребни.
 Поголемиот дел на одлуките се донесуваат на
основа на непотполно знаење, бидејќи до
информации не може да се дојде или пак
собирањето информации би било преголемо
трошење на време и пари.
 Некогаш не е ни потребно да се располага со
сите факти за да се донесе правилна одлука.
 Треба да се знае кои информации недостасуваат
за да може да се процени ризикот содржан во
тој недостаток, како и степенот на точноста и
ефикасноста што ни го овозможуваат
расположливите информации.
Оформување алтернативни решенија
 Треба да се напомене дека при разгледувањето на можностите скоро секогаш се
заборава една: нултата – ништо да не се направи, т.е. Да не се одбере ни една
алтернатива.
 Има многу случаи кога треба да се одлучува по принципот “да преспие одликата”.
Тоа е одлучување со одлагање.
 Трошоците и ефектот од повеќе алтернативи се во зависност од бројот на
предложените можности

Се гледа дека трошоците за разработка на алтернативни можности до одреден број на


алтернативи скоро и да не се менуваат за да од некој одреден број почнат да растат.
Проценка на решенијата

 Постојат две покарактеристични варијанти


1. Сите алтернативни можности се подеднакво веројатни, на
пример разработени се 5 алтернативни решенија, но
стручњаците оценуваат дека веројатностите се еднакви се по 0,20
2. Од петте алтернативи една е со веројатност од 0,80, а останатите
се еднакво веројатни и сите заедно имаат веројатност 0,20 )секое
е со по 0,05 веројатност)
Избор на решението - одлука

 Во оваа фаза се одбира решението кое од тој момент станува


одлука.
 За одредено решение да биде прогласено за оптимално треба да
бидат определени

- Критериумот за оптималност
- Условите и ограничувањата

Операциските истражувања и некои други методи на


оптимизација се единствената можност да се дојде до оптимално
решение.
Постојат 4 критериуми да се пронајде најдобро можно решение
помеѓу оние што стојат на располагање

- Ризик
Нема ниту една акција без ризик, секое можно решение треба да
биде во врска со проценетите негативни и позитивни шанси.
- Економичност на напорите
Кое од можните решенија дава најдобри резултати при најмал
напор? Кое ги постигнува саканите промени со најмали пречки во
организацијата?
- Темпо
Одлуките со предвид на темпото на донесување не можат да се
сместат во еден систем
- Луѓе
Треба да се води сметката за ефективноста и ефикасноста на луѓето,
како и способноста, никогаш не треба да се донесе одлука за која ќе
нема луѓе кои ќе ја спроведат во дело истата.
Примена на одлуката

 Прво мора да се реши што треба да се направи, а потоа да се


имплементира одлуката.
 За добро управување се потребни обата процеси.
 Неодлучувањето и одложување на примената е исто така одлука.
 Има многу одлуки кои се донеле а не се спровеле.
Групно одлучување

 Многу одлуки во претпријатијата се донесуваат во колективен дух


на претседателство, борд на директори, колегиум, управен одбор,
комисија и сл.

 Кога се одлучува во група можноста да се донесе одлука е


поголема, бидејќи повеќе луѓе имаат повеќе согледувања и
размислувања за проблематиката за која се одлучува.

 Позитивна карактеристика е тоа што повеќе луѓе размислуваат за


едно прашање, се разгледува од повеќе аспекти, мислења,
интереси, знаења и сл.

 Одговорноста за погрешно донесената одлука паѓа на целата група,


па поединецот не се чувствува директно одговорен.
Заклучок

...прв предуслов да се достигнат целите е претпријатието


да функционира;
...одлуки донесуваат сите функции и подсистеми во една
организација;
...решавање на проблеми е поширока категорија од
донесувањето на одлуки;
...одлуката се добива кога на решението на проблемот ќе
му се додадат овластувања и одговорности;
...процесот на одлучување е инкорпориран во сите пори
од комплексната активност на една организација. Во
претпријатието во секое време и на секое место се
донесуваат одлуки.

You might also like