You are on page 1of 19

Анализа на

работа
МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Поим на анализа на работата

Анализа на работата претставува Терминолошко објаснување и


процес на систематско собирање разграничување на повеќе поими
информации за работата со поврзани со работата се следниве:
помош на одредени методи, со
 Елемент
цел да се одреди содржината на
работата со сите свои составни  Должност
делови, и знаењата,  Работно место или позиција
способностите, вештините и
другите карактеристики на  Работа
извршителите на работата.
Употреба на анализата на работа
1. Планирање на човечки ресурси
 Определување на бројот на вработени со потребни знаења, вештини, способности и искуства е
невозможно да се случи без предходна анализа
2. Регрутација и селекција
 Информациите добиени од анализата за работа им се клучни на регрутите за да ги најдат вистинките
личности за конкретно работно место.
3. Обука и развој на кариерата
 Познавањето на вештините, способностите и знаењата на поединците за успешно реализирање на целите
на одредено работно место и нивно надоградување и ажурирање се добива од анализа на работата.
4. Вреднување на работата и плаќање на работната сила
 Анализата на работа е потребна да се определи содржината на работата, ја изразува нејзината вредност
и ги мери постигнатите резултати, согласност со ова ја одредува и висината на платата, така, доколку
работникот извршува работа со поголема вредност и ги остварува целите на работата висината на платата
ќе биде поголема и обратно.
5. Редизајнирање на работните места
 Менаџерите се повеќе сфаќаат дека анализата на работа е круцијална за да помогне во
промената на работните и работните процеси со оглед на динамичната средина во која живееме.
Процес на анализа на работата
1. Подготовка на анализа на работа опфаќа:
 Определување на целите на работа
 Областите на употреба на анализата
 Определување на финансиски сретства
 Времетраење на анализата
 Резултати од анализата

2. Одредување на работните места кои треба да се анализираат


 Се започнува од местата кои се клучни за успехот на организацијата

3. Изборот на метод на анализа на работата


 Метод на непосредно набњудување, метод на интервју, метод на прашалници и сл.

4. Собирање информации
 Можат да се добијат од повеќе извори (извршителите на работните места, менаџерите, описи за
работата, извештаи за извршената обука, норми и стандарди на организацијата)
 Информациите можат да се добијат во два облика: квалитативен (наративен опис на работата,
условите на работа итн; и квантитативен (ја изразува работата со сите нејзини компоненти во мерливи
големини и бројки). Заедно двата облици одговараат на прашањата, што, како, колку и за што се
работи.
Резултатот од анализата се состои од:

5. Описот на работата
6. Спецификација на работата
Методи на анализа на работата
Најчесто употребувани методи за анализа на работа се:

1. Метод на непосредно набљудување


2. Метод на интервју
3. Метод на прашалник
4. Метод на дневник на работа
5. Метод на специфични стандардизирани прашалници
1. Непосредното набљудување се состои од тоа што аналитичарот го
набљудува работникот на работното место и притоа стекнува сознанија за
тоа што се работи, како се работи, колку време е потребно за извршување
на работата, со кои средства се работи итн. Најдобро е да се комбинира со
другите методи за работа за да даде најдобри резултати.

Предности Недостатоци
 Директно и непосредно  Не е погоден за работи од
регистрирање на секоја интелектуален карактер
работна задача и на времето на (научници)
нејзино извршување
 Скап и долготраен процес
 Корисен метод за работи со
краток работен циклус  Поради непосредното
(магацински работници) набљудување извршителите
 Може да набљудуваат повеќe може да го променат своето
стручни аналитичари со што однесување за извршувањето на
можат да се добијат повеќе работата
различни информации и да се
споредат нивните оценки и
мислења
2. Интервјуто претставува метод каде аналитичарот разговара со
извршителот на работа и на тој начин се здобива со информации за
работата. Освен со извршителот, интервјуто може да се спроведе со
менаџерот или друго лице кое најдобро ја познава конкретната работа.

Структурирано Неструктурирано Комбинирано


Се одвива според Не е поврзано со Комбинација од
предходно подготвен предходно поготвен предходните две, со
формулар на формулар, односно што основните
прашања, кој се се води слободен информации се
пополнува од разговор помеѓу добиваат од
интервјуерот според интервјуерот и предходно подготвен
одговорите на интервјуираниот формулар додека
интервјуираниот извршител на работа дополнителните
извршител на работа. при што интервјуерот информации се
ги запишува добиваат од слободен
соодветните одговори. разговор.

Индивидуално интервју Групно интервју


При овој метод на работа мора да се почитуваат неколку
препораки
 Аналитичарите кои го спроведуваат интервјуто мора добро да ја
познаваат работата на извршителот
 При изборот на извршителите кои ќе бидат интервјуирани
аналитичарите треба да се консултираат со менаџерите за да се
изберат извршители кои најдобро ја познаваат работата
 На учесниците треба да им се даде доволно време да
размислуваат за прашањата
 Прашањата да бидат разбирливи и јасни
 Да се избегнат прашања на кои адоворот е да или не
Предности Недостатоци
 Овој метод е применлив за  При извршување на интервјуто
сложени и интелектуални доаѓа до прекин на работата на
работи извршителот
 Извршителот на работата може  Подготовката и спроведувањето
да даде информации кои инаку на интервјуто е долгораен
не би можеле да се добијат со процес
методот на набљудување
 Собраните информации не
 Не постои ограничување за тоа секој пат се објективни поради
какви и колку прашања ќе се страв од промени во работата
постават на извршителот
 Потребни се стручни
аналитичари кои добро ја
познаваат работата на
извршителите
3. Прашалник е најраспространет метод на анализа на работа особено во
организации со голем број на вработени. Прашалникот се состои од
специфични прашања за работата, нејзините барања, опремата,
условите итн. Тој може да биде од отворен тип каде извршителите сами ги
даваат одговорите или затворен каде се понудени можни одговори.

 Како и kај интервјуто и овде има препораки кои ќе дадат подобра


анализа на работата а тоа се следните
 Прашалникот да биде што е можно пократок
 Да биде објаснета улогата на прашалникот бидејќи извршителите ги
интересира зошто треба да се одговори прашалникот и за што ќе
бидат употребени нивните одговори
 Прашалникот да биде едноставен и јасен
 Би било добро прашалникот да се тестира на одреден број вработени
за да се согледаат неговите недостатоци и да се корегиреа пред да се
даде конечната форма
Предности Недостатоци
 Ефтин метод за анализа  Не постои комуникација за да
можат да се најдат решенија на
 Слободно изразување на
проблемите
извршителите
 Подготовката е долготраен
 Споредба на информациите од
процес
различните извршители
 Средувањето на информациите
на прашалникот бара стручност
4. Дневникот за работа како метод за анализа на работата
претставува забележувања на извршителите на работните места
за задолженијата во работата, за нивната зачестеност и за
времето на нивното извршување. На овој начин ќе може да се
направи споредба помеѓу информациите од повеќе извршители
на исти работни места. Овој метод е корисен за научници,
менаџери на повиоски нивоа и сл.
5. Специфични стандардизирани прашалници
1. Прашалник за фукционална анализа на работата е метод каде основа е
дека работите се разликуваат помеѓу себе според тоа дали се работи со
податоци, луѓе или со предмети и ги вклучува следниве чекори:
 Утврдување и опишување на задачите
 Анализа на секоја работа задача од аспект на тоа дали активностите се
поврзани со податоци, луѓе или предмети и процентот на поминато време на
извршување на тие задачи вклучувајќи ги податоците, луѓето и предметите.
 Аналитичарите ја утврдуваат сложеноста на секоја задача од најниска до
највисока.
 Аналитичарите одредуваат стандари за извршување на одредена задача
 Врз основа на анализата аналитичарите ја утврдуваат потребата за обука на
извршителите на работата
2. Прашалник за анализа на позициите се состои од 195 точки кои се
однесуваат на актовностите на работникот во врска со работата и на
плаќањето. Овие точки се делат на 6 главни групи, а тоа се следните:

 Влез на информации
 Ментални процеси
 Резултати од работата
 Односи со другите луѓе
 Контекст на работата
 Други карактеристики на работата

Предност е што претставува ефективен начин за утврдување на разликите


во способностите на извршување на работата на одделни работни места
и дава детални информации за работните активности и за однесувањето
на вработените.
Основна слабост е долгото време потребно да се потполни прашалникот.
3. Анализа на менаџерската позиција се дел од специјализираните прашалници
кои ги класифицираат и анализираат менаџерските активности и однесувања
и овозможуваат споредби помеѓу нив во различни организации. Тие активности
и однесувања се претставуваат со низа елементи, а секој менаџер при
пополнување на прашалникот треба да одговори во кој степен соодветниот
елемент е дел од неговата работа. Потоа секој елемент се оценува според
неговата важност и фрекфенција на јавување.
4. Прашалникот за анализа на работата со помош на методот на критични случаи
се состои во одредување на клучните активности и облици на однесување на
поединците кои придонесуваат за успешно или неуспешно извршување на
работата. Тој се состои од 4 чекори а тоа се следниве:
1. Аналитичарите формираат листа на успешни или неуспешни случаи на
извршување на работата.
2. Клучните случаи се групираат според нивната сличност.
3. На тие групи им се доделуваат имиња.
4. На крајот се оценуваат според нивната важност за извршување на работата.
Овој метод може да се употреби со цел одредување на потребите на обука на
извршителите на работата, но не ги утврдува рутинските и вообичаените
однесувања во текот на работата.
Опис и спецификација на
работата
 Описот на работата претставува пишан документ за тоа што работи
вработеното лице на конкретното работно место, како ја извршува
работата и под кои услови работи. Сите добро напишани описи
треба да содржат информации за следните основни елементи:

 Информации за индетификација на работата (основни податоци)


 Информации за содржината на работата (два пристапи)
 Информации за одговорноста поврзана со работата
 Информации во врска со работните услови
 Информации за мерките и стандардите на работата
 Други информации
 Спецификација на работата претставува напишан документ за
тоа какви знаења, способности, вештини, искуство и други
карактеристики треба да поседува лицето за да може успешно да
ја извршува работата.

Описот и спецификацијата на работа често се употребуваат во


менаџментот на човечки ресурси, но некои менаџери сметаат дека
описот го ограничува раководителот, бидејќи извршителот на работа
може да одбијат да извршуваат работни задачи кои не се наведени
во описот на работа. Овој проблем може да се реши доколку во
описот се вметне текст во кој ќе пишува дека вработениот исполнува
и други задачи одредени од раководителот.
Благодарам на
вниманието
ВЕРА КАМИЛОСКА ФИЛИПОВСКА
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

You might also like