You are on page 1of 6

ПОИМ И СУШТИНА НА

ОДЛУЧУВАЊЕТО

-Софија Двојакова IV3


 Одлучувањето вклучува избор на сакан тек на акција од две
или повеќе алтернативи. Тоа честопати е едноставно, ако
менаџерот треба да донесе одлука вработениот да остане да
работи прекувремено, или сложено, ако врвните менаџери
одлучат дека за експанзијата на претпријатието треба да се
гради нова фабрика. Одлучувањето упатува на поединци или
групи кои донесуваат одлуки. Ако претпријатието сака да
биде успешно, тоа мора да има луѓе кои се подготвени и
способни да донесат одлуки што ќе бидат најдобри за
претпријатието. Таквите одлучувачи се архитекти на
претпријатието. Тие имаат способност да изнајдат решенија
за проблемите што се случуваат во нивната област на
одговорност.
 За процесот на одлучување може да се размислува како за
мозок и нервен систем на едно претпријатие. Одлучувачите ја
набљудуваат надворешната околина, ги откриваат
недостатоците во очекуваното извршување, ги анализираат
потенцијалните алтернативи и ги извршуваат новите текови
на акција. Одлучувачот не е под влијание само на фактите во
одредена ситуација, туку и под влијание на околината-
економска, политичка и општествена.
 Општите елементи содржани во сите одлуки се следниве:
услови на одлучување (ризик, извесност и неизвесност);
одлучувач; цели, дефинирање на проблемот, формулирање
алтернативни текови на акција, оценување на алтернативите,
рангирање на алтернативите; избор на една од алтернативи
или комбинации на алтернативите; извршување на одлуката и
контрола.
 Одлучувањето е еден аспект од пошироката област за
решавање на проблемот. Проблем постои кога нешто не е како
што треба да биде. На пример, менаџерот осознава дека
одделението произведува нестандардни производи. Тој ќе сака
да ја измени оваа ситуација. За да не се шири проблемот, тој
треба да направи нешто. Може да набави нова опрема,
повторно да ги обучува работниците, да ги приспособува
машините. Изборот на една од повеќето формулирани
алтернативи претставува одлучување.
 Одлучувањето (decision making) е процес на утврдување
проблеми, формулирање алтернативни решенија за
проблемот, селектирање алтернатива, спроведување на
решението и контрола врз него. Одлуката (decision), пак,
претставува избор направен од расположливи алтернативи.
Одлуката е решение на конфликтни алтернативи.
 Одлуки се донесуваат во процесот на планирање, но сите
одлуки немаат плански карактер. Одлуките, како финален
производ на процесот на одлучување, и планските одлуки за
целите, политиките и плановите, како финални производи на
планирањето, не се исти, како што не се идентични теоријата
на одлучувањето и теоријата на планирањето.

You might also like