You are on page 1of 11

Моделирање на носач

Во вежбата е прикажано моделирање на носач

1. Отворање нов документ во SolidWorks (Filе – New - Part -


OK). Избирање за цртање на нацртот (Front Plane - Sketch).
Во менито Features се избира опцијата Extrude. Од почетната точка се
црта кружница (Circle) D=100 mm и се црта во Direction 1 (во насока
нормална на позитивната страна на рамнината) 120 mm и во Direction 2
(во насока нормална на негативната страна на рамнината) 50 mm. Па се
потврдува опцијата.

Во бочниот поглед Right Plane се црта профил на попречниот пресек на


носачот.
Со користење на линија (Line) се црта профилот. Се заоблуваат сите врва
со опцијата за заоблување Sketch Fillet. Се котира со опцијата Smart
Dimension. Па се потврдува опцијата.
2. Во планот за тлото се црта патот по кој ќе оди профилот на попречниот
пресек со почеток во почетната точка. Се користи опцијата за цртање линија
(Line) и заоблување (Sketch Fillet). Потоа се котира.

Се потврдува опцијата.

3. Се прави проекција на профилот по должината на патеката.


Во менито Features се одбира опцијата Swept Boss/Base.
Се отвора прозорецот Sweep.

Прозорецот за профилот е активен (син). Во


синиот прозорец се внесува профилот. Се
позиционираме на профилот на попречниот пресек
и кликаме лев клик.
Прозорецот на патеката е активен (сина). Во синиот прозорец се внесува
патеката. Се позиционираме на патеката и кликаме лев клик. Се појавува
профилот. Се потврдува опцијата.

4. Се црта кружен водич на крајот од профилот. Во нацртот (Top Plane) се црта


кружница D=80 mm центрирана на работ на профилот.
5. Од кружницата се цртаат скратени конуси во
двете насоки од рамнината за цртање.
Користејки ја опцијата за извлекување Extrude. Се
избира рамнината на тлото како центар Mid Plane.
Вкупната должина е 100 mm. Се закосува ролерот
во конусот за 5º. Се потврдува опцијата.
6. Правење дупки
Треба да се направат дупки D1=70 mm i D2=50 mm.
На површината се црта кружница со опцијата Extruded
Cut во менито Features се прави дупка преку целиот
модел со опцијата Trough All.
Потврдете ја изработката на дупки и повторете ја постапката.

Повторно потврдете ја постапката и двете дупки се направени.

7. Заоблување на надворешни остри рабови


Потребно е да се заоблат надворешните рабови за R=3 mm со користење
на опцијата Fillet. Поставете го глувчето на работ додека не ја смени
бојата и изберете го работ со кликнување на левото копче на глувчето.
Постапката повторете ја за сите 4 рабови. Се потврдува опцијата.
8. Закосување на рабовите
За да може полесно да се вметне вратилото во дупката,
неопходно е да се закосат влезовите на дупката со опцијата
Chamfer за 3 mm под агол од 45º.
Се отвара прозорецот Chemfer во кој е потребно да
се внесат должина на наклонот (3мм) и аголот на
наклонот (45º).
Поставете го глувчето на дупката додека целата дупка не ја промени
бојата и кликнете на левото копче на глувчето за да ја изберете дупката.
Повторете ја постапката.

Потврдете ја опцијата.
Моделирање ексцентрично коло
Во вежбата е прокажано моделирање на ексцентрично коло

1. Се отвора нов документ во SolidWorks (File – New - Part –


OK). Избирање за цртање на нацртот(Front Plane – Sketch).
Нацртајте круг на почетната точка (Circle) D=125mm.
Во менито Features одберете ја опцијата Extrude. Нацртајте го кругот
во Direction 1 (во нормална насока од позитивната страна на
рамнината) 60 мм. Се потврдува опцијата.

2. На површината се црта кружница D=100 mm и во менито Features изберете


опција Extruded Cut - издлабете 25 mm.

3. Закосете го надворешниот
раб за 1,5 / 45º. Изберете
опција Chamfer.
4. Додадете го ролерот според скицата
D=30 mm, оддалечен од почетната точка(центар) по X
(horizontalno) за 22,5 mm. Висина 18 mm.

5. Направете дупка D=20 mm.

6. Заоблете ги рабовите во внатрешноста на моделот R=2,5 mm.


7. Нацртајте отвор во моделот.

Со користење на опцијата за
огледување (Mirror) се црта
симетричен нацрт на отворот.

Направете отвор.
8. Направете огледало на моделот

You might also like