You are on page 1of 12

СОУ “БОГДАНЦИ”БОГДАНЦИ

МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕКОНОМИЈА

ОСНОВНИ ОБЛИЦИ НА ПАЗАРНА СТРУКТУРА

Ментор: Изработил:
Росица Шабанова Крсте Лисичков

Март/Април 2017
Богданци
СОДРЖИНА:

1.Вовед........................................................................................................................................2
2.Видови на пазарни структури.............................................................................................3
3.Совршена конкуренција.......................................................................................................4
4.Непотполна конкуренција....................................................................................................5
5.Монополистичка конкуренција..........................................................................................6
6.Бариери за влез.......................................................................................................................7
7.Олигпол....................................................................................................................................8
8.Ограничување на конкуренцијата кај олигополот-колузија........................................9
9.Картелот како експлицитно ограничување на конкуренцијата..................................9
10.Резиме....................................................................................................................................10
Вовед

Претпријатијата делуваат во одредено окружување наречено пазарна структура. Видот на


пазарната структура влијае врз однесувањето на фирмата и нејзините деловни резултати.
Основни видови (модели) се следни: совршена конкуренција и облиците на непотполна
конкуренција (монопол, монополистичка конкуренција за анализа – олигопол). Совршената
конкуренција е мошне значајна затоа што произлегува од фактот што таа претставува урнек
за идеално ефикасен економски систем; урнек со кој се споредуваат структурите на
несовршената конкуренција и кој овозможува преедвидување на ефектите од државната
интервенција во функционирањето на апзарниот механизам. Најпрво ќе бидат објаснети
принципите според кои поединечната фирма го одредува рамнотежниот обем на
производство во услови на совршена конкуренција. Следи анализа на процесот на
одредување на рамнотежната пазарна цена и рамнотежниот обем на понуда на една цела
индустрија, постигнување на ефикасна (оптимална) алокација на производните ресурси, ќе
бидат објаснети условите кои треба да бидат задоволени за да се постигне таква ефикасна
алокација, со посебен акцент врз влијанието на распределбата на доходот и во тој контекст,
врз односот помеѓу ефикасноста и праведноста на исходите од слободното функционирање
на пазарниот механизам. Монополот се јавува како екстремен случај на непотполна
конкуренција. Конкуренцијата во секторите во кои претпријатиета, односно продавачите,
имаат некаков степен на влијанир врз висината на цените на производите и услугите се
нарекува непотполна конкуренција. Многу диференцирани продавачи е посебен облик на
непотполна (несовршена) конкуренција која често се нарекува и монополистичка
конкуренција. Овде на страната на понудата постојат голем број на претпријатија кои не
произведуваат исти по квалитет производи туку диференцирани. Тука ќе ги елаборираме и
основните извори на непотполна конкуренција, односно бариерите за влез во стопанските
сектори, и ќе ја анализираме логиката на формирањето на маргиналниот, граничниот приход
во услови на монопол, и начинот на максимизација на профитот на монополот. На средината
помеѓу потполната конкуренција и монополот, се наоѓа олигополот. Ологополот претставува
пазарна структура кај која на страната на понудата се појавуваат неколку големи фирми. Тука
ќе бидат презентирани карактеристиките на олигополската пазарна структура. Ќе се укаже на
: конфликтот помеѓу мотивот за конкуренција и мотивот за договарање за ограничување на
конкуренцијата, како и на меѓузависноста во одлучувањето кај олигополските фирми. Ќе
бидат објаснети двата главни облици на ограничување на конкуренцијата: експлицитно
договарање (картел) и имплицитно договарање (ценовно лидерство); користење на т.н.
испакната крива на побарувачката.

2
Видови на пазарни структури

Претпријатијата, односно фирмите делуваат во рамките на одредено деловно окружување.


Една фирма се среќава на пазарот со конкуренстки фирми кои го нудат истиот произвот, а
потоа исто така и со одредена структура на потрошувачи кои се разликуваат по возраст, по
вкусовите, по расположливиот доход и сл. Ваквото окружување влијае врз однесувањето и
резултатите од работата на поединечните фирми. Влијанието, се разбира се одвива и во
спротивна насока: поединечната фирма може да влијае врз ефектите од функционирањето на
пазарот на одреден производ. Затоа еекономската наука развила т.н. модели на пазарни
структури, со цел да го анализира однесувањето на фирмите во рамките на различни
структури на деловно окружување.

Вид на пазарна Совршена монополистичка


структура/ конкуренција конкуренција Олигопол Монопол
карактеристики
Број на Многу и Многу и Неколку Едно и независно
претпријатија независни независни меѓусебно
независни
Влијание врз никакво Ограничено од Големо,но често
цената видот и доменот одредено е регулирано
на монополот
Природа на хомоген диференциран Диференциран Единствен,
производот или хомоген уникатен
Бариери за влез Не постојат Речиси не Постојат и Комплетни,
постојат можат да бидат целосна
значителни исклучена
конкуренцијата
Пример Производство на Пошта,јавна
пченица,бариери Текстил,ресторан Автомобили, инфраструктура
на хартии од челик
вредност

Пазарната структура го покажува начинот на кој е организиран одреден пазар. Видот


на пазарната структура е одреден од неколку основни карактеристики:
А) бројот и степенот на концентрација на продавачите (претпријатијата) и купувачите.
Б) типот на производот: дали се работи за истоветен, хомоген производ кој го
произведуваат фирмите во рамките во рамките на индустријата или постои диференцирање
на производот.
В) постоење на бариери, за влез на нови фирми и за излез на постојаните фирми во и
од индустријата.
Г) влијание врз цената. Зависно од овие карактеристики, постојат различни видови на
пазарни структури. Вообичаено е да се зборува за еден спектар од четири основни видови на
пазарни структури: совршена конкуренција, монополистичка конкуренција и монопол.

3
Совршена конкуренција

Совршената конкуренција е таква пазарна структура која се базира на следниве


претпоставки:
1.Голем број на независни продавачи (производители) и купувачи. На страната на понудата,
поединечната фирма нуди количина која е толку мала во однос на вкупната понуда на
индустријата, што одлуките на фирмата немаат никакво влијание врз пазарната цена. Ист е и
случајот на страната на побарувачката: одлуките за купување на поединечниот потрошувач
не влијаат врз пазарната цена, зошто поединечно купената количина е многу мала во однос на
вкупната. Од ова следи една од најважните карактеристики на совршената конкуренција:
поединечните фирми се т.н. прифаќачи на цени (price takers); за нив цената е од пазарот
зададена големина односно фирмите делуваат верувајќи дека цената е сосема независна од
нивните одлуки и дека тие не можат да влијаат врз цената. Истото важи и за поединечните
купувачи.
2.Хомогеност, истоветеност на производот. Сите фирми продаваат (произведуваат) производ
со сосема идентични карактеристики. Затоа кај купувачите е сосема сеедно од кој продавач
купуваат. Значи сите фирми во индустријата продаваат ист производ по иста цена.
3.Слобода на влез и излез на фирмите во и од индустријата. Не постојат економски или
законски бариери за новите фирми да влезат во индустријата, нуту за постојаните
непрофитабилни, неуспешни фирми да ја напуштат индустријата. Ваквата слобода исто така
претставува и совршена подвижност т.е. мобилност на факторите на производство (работна
сила, капитал) во движењето помеѓу различните индустрии.
4.Совршена потполна информираност на учесниците на пазарот. Купувачите поседуваат
совршено знаење за карактеристиките и цените на производите што ги нудат различните
фирми. Фирмите поседуваат потполно знаење за технолошките процеси кои се расположливи
за производство за даден производ.

Очигледно е дека е многу тешко да се најде во стварноста пазарна структура која


функционира според овие претпоставки. Извесно приближување до моделот на совршена
конкуренција во практиката се постигнува на пазарот на некои земјоделски производи, пр.
зелените пазари, каде се сретнуваат голем број на ситни продавачи и купувачи. Во замјите
каде што постои фармерски начин, производството на земјоделски култури со
стандардизиран квалитет, пазарот на пченица е блиску до пазарот на совршена конкуренција.
Пазарот на хартии од вредност (акции, обврзници). Особено во земјата со најразвиен таков
пазар – САД, може исто така да се земе како добра апроксимација за совршено конкурентски
пазар.
* Зошто се изучува совршената конкуренција?
Изучувањето на моделот на совршената конкуренција може да покаже како би функционирал
еден идеален пазарен систем, во негова помош моше да се анализираат законитостите и да се
оценат резултатите од функционирањето на една совршено конкурентска пазарна економија.
Всушност, совршената конкуренција претставува еден вид урнек, стандард за идеално
ефикасен економски систем.

4
Непотполна конкуренција

Наспроти состојбата на потполна конкуренција каде што производството и понудата на


одделен производ ги креираат голем број мали фирми, стио состојбата на монопол. Кај овој
тип на пазарна структура вкупното производство и вкупната понуда ја креира едно
едноставно претпријатие – монополот. Ако вкупното производство и понуда на производи
или услуги во еден сектор потекнува, е креирано од едно претпријатие, монополот,
монополистот без сомнение ќе има силно влијание врз висината на цената на своето
производство.
Постојат три основни облици на непотполна конкуренција: монопол, олигопол и многу
диференцирани продавачи.

•Монопол – станува збор за крајниот, екстрмниот случај на непотполна конкуренција кога


еден единствен продавач има потполна контрола врз целиот стопански сектор. Постоењето на
класичен монопол се базира врз две претпоставки:
Една корпорација, еден продавач да го дава вкупното производство во секторот и отсуство на
други производители кои можат да обезбедат добра супституција, замена за производот на
монополот. Кога би се исполниле овие две претпоставки, монополот би имал силно влијание
врз цените на производите и услугите. Големо значење им припаѓа на т.н. природни
монополи (natural monopoly) - стопански сектори во кои извршувањето на економската
активност бара вложување на огромен капитал, поради што законот за економиите од обем не
дозволува таа дејност да ја обавуваат голем број на претпријатија. Државата дава ексклузивно
право дејноста да ја извршува едно единствено претпријатие, со што настанува природен
монопол.

•Олигопол – пазарна структура каде што мал број на корпорации, продавачи имаат
доминантни позиции во вкупното производство и понуда на стопанскиот сектор. Во
зависност од тоа дали овој мал број производители односно продавачи произведуваат исти,
идентични производи или до некаде различни, диференцирани производи, се разликуваат два
вида олигополи. Кај првиот тип претпријатијата произведуваат идентични или речиси
идентични поизводи. Кај вториот тип мал број претпријатија произведуваат исти производи
но со диференцирани својства и карактеристики.

5
Монополистичка конкуренција

•Монополистичка конкуренција-(многу диференцирани продавачи) е посебен облик на


несовршена конкуренција кој често се нарекува и монополистичка конкуренција. Овде на
страната на понудата постојат голем број на претпријатија кои меѓутоа не произведуваат исти
по квалитет производи, туку диференцирани производи. Многу производи на широката
потрошувачка моќжат да се подведат во овој вид на конкуренција, односно под режимот на
многу диференцирани продавачи.

Сличности и разлики помеѓу слободната конкуренција и состојбата на многу


диференцијални продавачи

Вид на конкуренција Сличност Различност


Слободна Конкуренција Голем број објекти на Произведуваат идентични производи
страната на понудата
Многу диференцирани Голем број објекти на Произведуваат диференцирани производи
продавачи страната на понудата

Сличност и разлики помеѓу олигополската конкуренција со диференцирани производи


и состојбата на многу диференцирани продавачи

Вид на конкуренција Сличност Различност


Олигополска конкуренција Се произведуваат Мал број објекти на страната на пондата
диференцирани производи
Многу диференцирани Се произведуваат Голем број објекти на страната на понудата
продавачи диференцирани производи

6
Бариери за влез

Постоењето на бариери, односно на различни рестрикции, пречки за влез на претпријатиата


во одделни стопански сектори, дава одговор на ова прашање. Бариерите за влез можат да
бидат од различна природа.
•Правни бариери за влез- Државата со правни прописи исто така може да го ограничи влезот
на нови претпријатија во одделни стопански сектори. Во повеќе наврати до сега споменавме
дека државата може на едно единствено претпријатие да му додели ексклузивно право да ја
организира стопанската активност во секторот со што се креира природен монопол. Друг вид
правна бариера е патентот. Инвенциите или иновациите што се резултат на макотрпната
истражувачка активност на индивидуалните пронаоѓачи најчесто придонесуваат за креирање
на нов производ или усовршување на постојан производ или производен процес. Со
патентната заштита пронаоѓачите си го обезбедуваат правото само и единствено тие да можат
да го користат пронајдокот за определен временски период. Патентната заштита, значи на
пронаоѓачите им овозможува да ги уживаат плодовите од научноистражувачката работа за
одредено време. Без неа тешко може да се осигура мотивираноста на претприемачите и
претпријатијата за истражувача работа и развој.
•Даровите на природниот фактор како бариери за влез на нови претпријатија.
Во некои земји во светот се концентрирани особени, специфични природни богатства, како
што е на пример случајот со кафето во Бразил, нитратите во Чиле и др. Контролата на
производството во вакви случаи им е препуштена на крупни домашни или странски
корпорации кои едновремено имаат доминантни позиции и во светскиот аутпут на
споменатите производи. Заради тоа влезот на други претпријатија во овие специфични
сектори е многу отежнат, практично невозможен.
•Диференција на производите.
Станува збор за фактор од економска природа која исто така придонесува за ограничување на
влезот на нови претпријатија во секторите. Имено кога се врши диференцијација на
производите т.е. на нивните карактеристики и квалитет, најчесто се има предвид одделен
сегмент на потрошувачи чии желби, вкусови и преференции треба да се задоволат. Но на тој
начин нужно се стеснува се сегментира или фрагментира и самиот пазар на кој се
реализираат производите. Пример корпорацијата врши диференцијација на особеностите и
карактеристиките на автомобилите- опремување со специјални сопирачки, серво управувач,
клима уред и др.- предвид се имаат побогатите потрошувачи.

7
Олигпол

Олигополот претставува пазарна структура кај која на страната на понудата се јавуваат мал
број продавачи, а на страната на побарувачката голем број купувачи. Обично олигополите се
големи претпријатија во однос на големината на пазарот кој го опслужуваат, па оттаму тие
можат со своите одлуки да влијаат врз пазарната цена по која се продава производот. Доколку
на страната на понудата постојат само две фирми, станува збор за дуопол. Во индустриски
развиените пазарни економии олигополот преставува најчеста форма на пазарна структура.
Во однос на карактерот на производо, кај олигополот среќаваме случаи како хомогени, така и
на диференцирани преоизводи. Степенот на диференција на производот во различни случаи е
различен и се јавува и како фактор кој го одредува степенот на ограниченоста на
конкуренцијата во конкретна олигополска индустрија. Конкуренцијата е ограничена и поради
постоењето на бариери за влез и излез во и од индустријата. Причините за постоење бариери
можат да бидат различни: постоење на економии на обем, правни ограничувања, а некогаш
бариера може да биде високото ниво на трошоци за реклама, промоција на производот.
Особено значајно кај олигополот е можноста за специфичен вид на бариера за влез во
фомрана т.н. стратешко одвраќање на потенцијални конкуренти.
Она што лежи во основата на проблематиката на олигополот е инхерентниот конфликт
помеѓу два спротиставени вида на однесување на претпријатијата: договарање и
конкуренција. Или како што теоријата на игри ги нарекува: стратешки типови на однесување
кооперативно и некооперативно однесување. Олигополските претпријатија се растргнати
помеѓу два спротиставени мотива: првиот, да се договорат меѓу себе да ја ограничат вупната
понуда и да ја одржуваат цената на високо ниво остварувајќи високи профити, преку
подобрување на квалитетот на производите, воведување на нови производи, агресивно
рекламирање и сл. да ги диференцираат производите за да одземат дел од пазарот на своите
конкуренти и така да го зголемат профитот на сопствените претпријатија. ова доведува до
следните резултати:
*Доколку преовладува поривот за договарање (кооперативност) олигополт доведува
до обем на производството и цени блиски на оние кои бе се оствариле во услови на
монопол – мал обем на производство и високи цени.
* Доколку преовладува поривот за конкуренција (некооперативност) олигополот
доведува до обем на производството и цени блиски на оние кои бе се оствариле при
совршена конкуренција – голем обем на производство и ниски цени.
*Колку е поголем бројот на претпријатијата, колу се послаби бариерите за влез, толку
и крајниот резултат од олигополската пазарна структура ќе се оддалечува од состојбата на
монопол и ќе се приближува до совршената конкуренција.

8
Ограничување на конкуренцијата кај олигополот-колузија

При постоење на неколку големи фирми на пазарот, станува можна практиката на


ограничување на конкуренцијата помеѓу нив. Наместо секоја од фирмите да настојува да ја
намали својата цена со цел да одземе дел од потрошувачите на другите фирми, за сите фирми
може да е поисплатливо да се договорат да ја ограничат количината на понудата и да ја
одржуваат цената на релативно високо ниво. Договарањето помеѓу постојаните олигополски
фирми , било експлицитно (јавно), било имплицитно (тајно), со цел избегнување на
меѓусебната конкуренција се нарекува колузија. Се работи за картел додека како честа форма
на инплицитно, прекуноќно договарање може да третира ценовното лидерство т.е. ценовното
предводништво.

Картелот како експлицитно ограничување на конкуренцијата

Кога спогодувањето помеѓу олигополските фирми за ограничување на конкуренцјата се


прави експлицитно, јавно, станува збор за картел. Фирмите кои се вклучуваат во картелското
здружение се спогодуваат за квотите на производството што поединечните фирми можат да
го понудат на пазарот, со цел да цената на производот да се одржи на релативно високо ниво
ис о тоа д се остварат високи профити. Всушност неколкуте фирми во картелот настојуваат
да создадат ситуација на фактички монопол. Но за разлика од „чистиот“ монопол“ кај
картелот и натаму егзистираат неколку фирми кои формално ја задрживаат својата деловна
самостојност т.е. се засебни деловни организации.
Еден од најпознатите картели е картелот од меѓународен карактер ОРЕС (организација на
земји извознички на нафта)

9
Резиме

Пазарната структура го покажува начинот на кој е организиран одреден пазар. Постојат


различни видови на пазарни структури. Вообичаено се зборува за четири основни видови на
пазарни структури: совршена конкуренција, монополистичка конкуреницја, олигопол и
монопол.
Совршената конкуренција се карактеризира со голем број и независни претпријатија, кои што
немаат никакво влијание врз цената. Се произведуваат хомогени производи, и не постојат
никакви бариери за влез и излез од индустријата.
Монополистичката конкуренција се карактеризира со голем број независни претпријатија чие
влијание врз цената е ограничено од видот и дометот на монополот. Се произведуваат
диференцирани производи и речиси не постојат бариери за влез и излез од индустријата.
Олигополот се карактеризира со неколку меѓусебно зависни претпријатија кои што имаат
одредено влијание врз цената. Се произведуваат диференцирани или хомогени производи и
постојат бариери за влез и излез од индустријата кои можат да бидат значителни.
Монополот се карактеризира со едно независно претпријатие кое што има големо
влијание врз цената, но често е регулирано. Се произведува еден единствен, уникатен
производ и има комплетно исклучување на конкуренцијата.

10
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

•„ЕКОНОМИЈА“-Таки Фити
•http://mk.wikipedia.org/

You might also like