You are on page 1of 1

„БЕЛИ МУГРИ – КОЧО РАЦИН “

Кочо Рацин е клучната личност на македонската литература во периодот меѓу двете светски
војни кој едновремено остварил редица дејности од историски значење за развитокот на новата
македонска национална култура во целина. Тој е меѓу првите наши поети што пишува на
приближно чист македонски јазик. Покрај прозната, Рацин оставил и прилично богата поетска
дејност. Револуционерниот карактер на самиот поет поради жигосувањето на социјалните
неправди над својот народ е претставено во збирката песни ,,Бели мугри,,.
Макотрпниот живот на македонскиот човек е речиси единствениот предмет во
Рациновите „Бели мугри“. По содржина збирката е сосема социјална, а авторотј е конкретен и
знае со прецизност за кој зборува и за чии маки пее. Посебно се истакнува песната
„Денови“.Песната се однесува на аргатите, на сите тие работници чија работа не била
гарантирана и добро платена. Во првиот стих преку компарација поетот ги опишува
тешките аргатски денови, мачни- како ѓердан од камења. Во продолжение ги опишува
како долги, неиздржливи но поткрепени со надеж дека барем за тој и за утрешниот
ден има обезбеден леб за семејството. Врвот на незадоволството и деградацијата на
наемните работници е претставена во третиот дел од песната. Аргатите се принудени да работат
за друг, за да преживеат. Тоа се прикажува во стиховите:
„Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!“
Во завршниот дел од песната поетот го прикажува постојаното страдање на работниците
кои до крајот на својот макотрпен живот ќе го нижат железниот синџир од алки ковани.
Во редот на социјални песни спаѓа и „Тутуноберачите“, каде се опишани солзите и потта
излеани врз секој тутунов лист на тутунарот. Во првата строфа е прикажана сликата на
тутуноберачите каде го носат тутунот на мерење односно на откуп. Го потенцира лошото
влијание на тутунот и болеста која ја предизвикува тој така наречена жолта болест
(туберколоза). Со благи лирски тонови ни го опишува односот на властодршците
спрема тутунарите на кои немале услови во процесот на обработка, со што се
загрозува душевната состојба на работниците. Прикажан е и гневот што ја опфаќа душата на
вечно
измамениот човек. Песната завршува без надеж дека нешто ќе се подобри. Се чувствува само
маката и тивкиот револт на тутуноберачот и неговата помиреност со судбината.
Иако самоук, тој успева да се издигне на врвот на македонската интелигенција меѓу двете
светски војни, притоа, покрај македонски, станува и писател познат и ценет во сите
југословенски средини. Рацин постигнал високи литературно естестки резултати, творејќи ги
нашите најродољубиви и најхуманистички песни.

You might also like