You are on page 1of 2

Човекот е суштество кое работи и заработува и работата е дел од

човековото секојдневие. Не секогаш човекот работи во соодветни


услови,соодветно долго и соодветно вреднуван за неговата
работа.Работникот од секогаш ги барал своите права.Но не така
одамна некои од работниците воопшто не уживале никакви
права.Писателите кој пишувале соцјални песни исто така имале
влијание.

Соцјалните песни се оние песни во кој поетите го искажуваат


револтот кој го чувствуваат во врска со угнетеноста на работникот и
соцјалната нееднаквост. Познати писатели кој пишувале соцјални
песни биле Кочо Рацин, Коле Неделковски, Рајко Жинзифов.
Кочо Рацин потекнува од Велес и е првиот кој го кренал својот глас
против соцјалната нееднаквост преку соцјалните песни кои ги
напишал. Ленка, Тутуноберачите,Денови се едни од најпознатите
негови песни кои имаат соцјален мотив. Во нив тој зборува колку им
е тешко на работниците. Дека тие работат од утро до мрак, по цели
денови. Во песната ,,Денови’’ тој вели:
“….Стани си утре порано дојди си вечер подоцна,наутро радост
понеси навечер тага донеси….,,.
Ги споредува работниците со робови кои животот го минат
работејќи за други луѓе, на туѓи имоти а за возврат добиваат
несоодветен или воопшто не добиваат надомест и не се вреднува
нивниот труд. Ова најдобро е опишано во стиховите:
“…..Роди се човек — роб биди роди се човек — скот умри скотски
цел живот работи за други, туѓи имоти. За туѓи бели дворови,
копај си црни гробови!....,,.
Од напорна работа константно се изцрпени и уморни, немаат
време ниту пак енергија за секојдневни човечки активности, немаат
време за своите деца и својата фамилија. Нивниот живот се состои
единствено од работа и мака. Тоа има многу лошо влијание врз
нивното здравје и среќа, и за жал често нивниот прерано згаснува,
како што е случајот со младата девојка во рациновата
песна ,,Ленка. Таа ја оставила својата кошула недпоткаена и кога на
налани отишла тутун да реди, нејзиниот живот се променил кон
полошо:
‘’…..Прва година помина грутка в срцето ѝ легна, втора година
намина болест ја в гради искина. Трета година земјата на Ленка
покри снагата…..’’
Борбата за работничките права никогаш не треба да запре.
Благодарение на таа битка состојбата со работникот е малку
подобра похумана, но секогаш може повеќе.
Никогаш не треба да заборавиме за што го кренала својот глас
нашите сограѓани Кочо Рацин, Коле Неделковски и сите останати и
да им бидеме вечно благодарни за нивмната храброст и
несебичност.

You might also like