You are on page 1of 1

ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ФИЛОЗОФИЈАТА

1. БИТИЕ – светот, се она што не опкружува, целокупната стварност. Најопшт поим кој
во себе ги содржи сите можни поими. Најгрубо поимот битие може да го поделиме
на материја и идеја
а) Материја - целиот физички свет, се она што ги допира нашите сетила и
предизвикува осет, перцепција, претстава, поим, суд , заклучок
б) Идеја – нешто нематеријално

2. ДВИЖЕЊЕ – промена на местоположбата на едно тело во однос на друго тело.


Движењето е апсолутно неуништиво затоа што материјата не може да постои без
движење, а таа е апсолутна. Тоа може да биде прогресивно или регресивно,
механичко или дијалектичко.

3. ВРЕМЕ И ПРОСТОР – Времето е подреденост на нештата (материјата) едни по други


или за нас познато како минато, сегашност, иднина или вчера, денес, утре.
Простор е подреденост на нештата (материјата) едни до други и неговата
најпозната карактеристика е тродимензионалноста.
Просторот и времето може да бидат апсолутни- бидејќи материјата се наоѓа во
просторот и времето, а таа е апсолутна и релативни- бидејќи нивната големина
зависи од брзината на движењето во универзумот.

4. СОЗНАНИЕ - психички процес преку кој човекот создава одредена слика за светот

5. ВИСТИНА - психички процес преку кој човекот создава реална слика за светот.
Вистината може да биде апсолутна или релативна, субјективна или објективна.

You might also like