You are on page 1of 190

1

Наслов на оригиналот
À la recherche du temps perdu
La Prisonniѐre II
Marsel Proust

Превод
Ѓорѓи Марјановиќ
© за македонското издание
МАГОР ДОО Скопје, 2008

Уредник:
м-р Павлина Аџи Митреска Лазаревска
Ова издание финансиски е поддржано од
Министерството за култура на Република
Македонија

2
Марсел Пруст

ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ


ЗАТВОРЕНИЧКА 2

МАГОР,
Скопје 2009

3
ЗАТВОРЕНИЧКА 2

Како што реков, дента дознав дека умрел Бергот. Ѝ се восхитував на


неточноста на весниците, кои - пренесувајќи, и едните и другите, една иста вест
- велеа дека умрел претходниот ден. А претходниот ден го беше сретнала
Албертина, како што ми раскажа уште истата вечер, и тоа малу ја беше
забавило, зашто тој долго разговарал со неа. Несомнено, таа беше последната со
која разговарал. Таа го познаваше преку мене, иако јас веќе одамна не се гледав
со него, но со оглед на тоа што беше љубопитна да му биде претставена, јас,
една година пред тоа, му бев пишал на стариот писател за да ја одведам кај него.
Тој се согласи со она што го барав, иако како малу да го заболе, ми се чини, тоа
што одново го посетувам само за да ѝ направам задоволство на една друга
личност, што ја потврдуваше мојата рамнодушност спрема него. Ваквите случаи
се чести; еднипати, овој или онаа, што ги молиме не заради задоволството
одново да разговараме со нив, туку поради некаква трета личност, одбиваат
толку упорно што нашиот штитеник мисли дека сме се фалеле со некакво лажно
влијание; почесто, генијалецот или славната убавица се согласува, само,
понижени во својата слава, повредени во својата наклоност, веќе спрема нас не
одгледуваат ништо друго освен некакво смалено, болно, по малу презрително
чувство. Многу подоцна сфатив дека погрешно ги обвинив весниците за
неточност, зашто тој ден Албертина воопшто не се сретнала со Бергот. Но, во
тоа ни за миг не се посомневав, толку природно ми раскажа за сѐ, а јас дури
многу подоцна дознав за нејзината омајна вештина едноставно да лаже. Она што
таа го кажуваше, она што го признаваше, во толкава мера ги имаше истите
својства како и облиците на очигледност - на она што го гледаме, на она што го
дознаваме на непобитен начин - што таа така во меѓупросторите на животот

4
сееше епизоди од некој друг живот во чијашто лажност тогаш не се сомневав.
Впрочем, би имало многу да се расправа во врска со зборот „лажност“. Светот е
вистинит за сите нас, а различен за секого. Сведочењето на моите сетила, да бев
во тој миг надвор, можеби ќе ми кажеше дека извесна дама не прошетала ни
неколку чекори заедно со Албертина. Но, иако го дознав спротивното, тоа се
случи преку една од оние вериги на расудување (во која зборовите на оние во
кои имаме доверба вметнуваат цврсти котелци), а не преку сведочењето на
сетилата. За да се повика на помош сведочењето на сетилата требаше да бидам
токму надвор, а тоа не беше случај. Можев да си замислам, меѓутоа, дека една
таква претпоставка не е неверојатна. И тогаш ќе знаев дека Албертина лажела.
Но, дали и ова е наполно сигурно? И сведочењето на сетилата е операција на
духот во која убедувањето ја создава очигледноста. Досега многу пати видовме
како сетилото за слух ѝ го носеше на Франсоаз не зборот што сме го изговориле,
туку оној за кој таа сметаше дека е точен, што беше доволно да не ја слушне
исправката која ја содржеше во себе еден поточен изговор. Ни управителот на
нашата послуга не беше поинаков. Сега, да речеме, господин де Шарли носеше -
зашто тој многу се промени - мошне светли панталони што можеа да се
препознаат помеѓу илјадници други. А управителот на нашата послуга, кој
веруваше дека зборот „писоар“ (збор кој го означуваше она што толку многу го
лутеше господин де Рамбито кога ќе го чуеше војводата де Германт како вели
„куќичката на Рамбито“) гласи „пизоар“, никогаш во животот немаше чуено
некој да каже „писоар“, иако мошне често луѓето така го изговараа пред него.
Но, заблудата е потврдоглава од уверувањето и не ги испитува своите верувања.
Управителот на послугата постојано велеше: „Баронот де Шарли секако е болен
штом останува толку долго во пизоарот. Ете што значи кога е некој стар женкар.
А пак што има панталони! Госпоѓата ме прати утринава по работа во Неји. Го
видов господин баронот де Шарли како влегува во писоарот на улицата де
Бургоњ. На враќање од Неји, цел час подоцна, ги видов неговите жолти
панталони во истиот писоар, на истото место, во средината, каде што секогаш
стои за да не го видат“. Не познавав некој поубав, поблагороден и помлад од
една внука на госпоѓа де Германт. Но, го чув вратарот на еден ресторан во кој
понекогаш одев како, додека таа минуваше, вели: „Ја гледате ли старава
гиздавица, што става фаќа! а има барем осумдесет години“. Што се однесува до
годините, ми се чини дека и самиот тешко можеше да поверува во нив. Но,
грумовите собрани околу него, што се клештеа секогаш кога таа минуваше пред
хотелот одејќи недалеку оттука за да си ги посети драгите стари тетки,
госпоѓите де Фезансак и де Балроа, ги гледаа врз лицето на таа млада убавица
осумдесетте години, што, на шега или не, ѝ ги даде вратарот на „старата

5
гиздавица“. Ќе се виткаа од смеа да им речеше некој дека е поотмена од една од
двете хотелски касиерки, која пак, сета нагризена од егзема, смешно дебела, им
се чинеше убава жена. Можеби само половата желба ќе беше способна да го
спречи настанувањето на заблудата, доколку си поиграше со нив при
поминувањето на божем старата гиздавица и тие се полакомеа по младата
божица. Но, од непознати причини, што веројатно мораа да бидат од
општествена природа, таа желба не се поигра со нив.
Но најпосле, онаа вечер, кога наводно прошетала малу со дамата, можев да
бидам излезен и да минував по улицата токму во времето за кое ми зборуваше
Албер- тина (без таа да ме види). Страшна неизвесност ќе ми го обземеше духот,
ќе се посомневав дека сум ја видел сама, прашање е дали ќе се обидев да сфатам
поради каква оптичка измама не сум ја забележал дамата, па немаше многу да се
чудам што сум се измамил, зашто е полесно да се запознае светот на ѕвездите
одошто вистинските дејности на луѓето, особено на оние што ги сакаме, онака
утврдени со прикаските на кои им е цел да ги заштитат од нашите сомнежи.
Колку ли само години можат тие да ја остават нашата апатична љубов во
уверувањето дека саканата жена во странство има сестра, брат или снаа, кои
никогаш не постоеле! Впрочем, кога, поради редот во раскажувањето, не би
биле ограничени на беззначајни причини, колку ли само посериозни причини би
ни овозможиле да ја покажеме лажната истанченост на почетокот од оваа
свеска, каде што, од својата постела, слушам како се буди светот, де по вакво, де
по онакво време! Да, бев принуден работите да ги истанчам и да бидам
лажливец, зашто секое утро не се буди еден свет, туку се будат милиони
светови, безмалу онолку колку што има човечки зеници и умови.
Да се вратиме на Албертина, никогаш не запознав жена со посреќна дарба за
оживеана лага, вапсана со самите бои на животот, освен ако тоа не беше една од
нејзините пријателки - една од моите расцутени девојки, румена како
Албертина, со тоа што нејзиниот неправилен профил, вдлабнат, потем издаден,
па пак вдлабнат, наполно личеше на извесни гроздови од розово цвеќе на кое му
го заборавив името, а кои исто така имаат долги и извиткани длабнатинки. Таа
девојка ја надмашуваше Албертина во поглед на измислиците, зашто во нив не
внесуваше никакви болни моменти, скриени гневни мисли, што беа чести кај
мојата пријателка. Сепак, реков дека беше мошне мила кога ќе фатеше да
измислува некаква приказна која не оставаше место за сомневање, зашто човек
пред себе го гледаше она - иако измислено - што таа го зборуваше, служејќи се
со нејзиниот збор како со вид. Барем јас така ја доживував.
Еве зошто додадов: „кога признаваше“. Понекогаш некакви чудни
поврзувања со неа будеа кај мене љубоморни сомнежи во кои, покрај неа, во

6
минатото, но, ева, и во иднината, фигурираше некаква друга личност. За да
изгледа дека сум убеден во тоа ќе ѝ го кажев името, а Албертина ќе ми речеше:
„Да, пред едно осум дена ја сретнав на неколку чекори од дома. Од учтивост ѝ
отпоздравив. Појдов неколку чекори со неа. Но, меѓу нас никогаш немало и
никогаш нема да има ништо“. А Албертина и не ја сретнала таа личност, од
простата причина што таа веќе два месеци не била во Париз. Но мојата
пријателка сметаше дека целосното негирање не е толку веродостојно. Оттаму и
таа кратка, измислена средба, изречена толку едноставно што јас просто гледав
како дамата запира, ја поздравува, како оди неколку чекори со неа. Вдахновение
за Албертина беше само желбата да биде веродостојна, а никако не и да ме
направи љубоморен. Зашто Албертина, иако можеби не беше користољубива,
сакаше да ѝ даваат подароци. Но, иако во текот на ова дело имав, а секако и ќе
имам прилика да покажам дека љубомората ја удвојува љубовта, јас се ставав
врз стојалиштето на љубовникот. Но, ако овој има и само малу гордост, па макар
морал да умре поради некаква разделба, тој од љубезност нема да одговори на
некаква претпоставена измама, ќе се оддалечи или, без да се оддалечува, ќе си
наложи да глуми студенило. Затоа, за неговата љубовница претставуваше чиста
загуба тоа што му задала толкава болка. Ако таа, напротив, со некој умесен збор,
со нежни милувања, му ги растера сомнежите што го мачат, иако се преправа
дека е рамнодушен, љубовникот бездруго не го доживува оној очајнички прилив
на љубовта на кој го тера љубомората, туку, престанувајќи наеднаш да страда,
среќен, разнежен, отпуштен како што, по луња, откако ќе преврне, под големите
костени одвај се чувствува, во големи интервали, цедењето на обесените капки
кои веќе ги бојосува одново изгреаното сонце, не знае како да ѝ ја изрази својата
благодарност на онаа што го излекувала. Албертина знаеше дека сакам да ја
наградувам поради нејзината умилност и ова можеби беше објаснение зошто ги
измислуваше, за да се претстави како невина, признанијата што беа природни
како и нејзините прикаски во кои воопшто не се сомневав, од кои едната беше за
средбата со Бергот, иако тој веќе беше мртов. Дотогаш не знаев за лагите на
Албертина, освен за оние што, на пример, во Балбек ми ги пренесуваше
Франсоаз, а кои јас пропуштив да ги спомнам, иако толку многу ме заболеа:
„Бидејќи не сакаше да дојде, таа ми рече: ‘Не би можеле ли да му кажете на
господинот дека не сте ме нашле, дека сум излегла?’“ Само, „потчинетите“ кои
нѐ сакаат, како што Франсоаз ме сакаше мене, уживаат да ни го повредат
самољубието.
По вечерата ѝ реков на Албертина дека би сакал да го искористам тоа што
станав за да појдам да посетам некои пријатели, госпоѓа де Вилпаризи, госпоѓа
де Германт, Канбремерови, ни самиот не знам кого, оние што ќе ги најдам дома.

7
Го премолчав само името на оние кај кои имав намера да појдам, Вердиренови.
Ја прашав Албертина дали би сакала да дојде со мене. Рече дека немала што да
облече. „А сетне, толку сум лошо очешлана. Сакате ли и натаму да ја носам
косата вака?“ И, за да се збогува со мене, кревајќи ги рамениците, ми ја подаде
спружената рака онака нагло, како што правеше некогаш на плажата во Балбек,
а што оттогаш веќе никогаш не го повтори. Тоа заборавено движење, од телото
што го оживеа, одново го создаде телото на онаа Албертина која одвај ме
познаваше. Тоа ѝ ја врати на Албертина, церемонијална под привидот на
грубост, првобитната новост, непознатоста, сѐ до нејзината рамка. Го видов
морето зад таа девојка што, откако веќе не бев на морскиот брег, никогаш веќе
не ја видов да ме поздравува така. „Тетка ми смета дека оваа ме прави постара“,
додаде таа смуртено. „Камо среќа тетка ѝ да ја кажува вистината! си помислив.
Сѐ што бараше госпоѓа Бонтан, беше Албертина да изгледа како дете, а таа
подмладена, но и Албертина да не ја чини ништо, сѐ до денот кога ќе се омажи за
мене и ќе фати да ѝ носи полза“. Но, она што јас, напротив, го сакав, беше
Албертина да не изгледа толку млада, толку убава, да не предизвикува толку
вртење глави зад себе на улицата. Зашто староста на гувернантата не го смирува
толку љубоморниот љубовник колку староста врз лицето на онаа што ја сака.
Ми беше мака само од тоа што начинот на кој барав да ја носи косата можеше на
Албертина да ѝ се види како еден оков повеќе. А токму тоа ново домашарско
чувство, дури и кога бев далеку од Албертина, без престан ме врзуваше за неа.
Ѝ реков на Албертина, која, како што ми кажа, не беше расположена за тоа,
да ме придружува кај Германтови или кај Камбремерови, ни самиот наводно не
знаев кај ќе одам, па појдов кај Вердиренови. Во моментот кога тргнав да одам, а
во кој мислата на концертот што ќе го слушам кај Вердиренови ме потсети на
попладневната сцена со она: „камењарко низаедна, камењарко низаедна“, сцена
на разочарана љубов, можеби љубоморна, но со тоа и животинска љубов, како
онаа што, безмалу буквално, може да ѝ ја направи на една жена некој орангутан
кога би бил, ако може така да се рече, вљубен во неа, во моментот, значи, кога на
улицата сакав да викнам фијакер, чув липање на човек што седеше врз една
куфја, настојувајќи да се совлада. Му се приближив, човекот кој си го беше
покрил лицето со рацете изгледаше младич, а мене ме изненади што изгледа,
елегантно облечен, според белината која му се гледаше од наметката, беше во
фрак и имаше бела кравата. Кога ме чу, си го откри лицето, мокро од солзи, но,
откако ме позна, веднаш го сврте настрана. Беше тоа Морел. Сфати дека сум го
препознал, па, трудејќи се да ги задржи солзите, ми рече дека подзастанал зашто
му било мошне тешко. „Денес простачки навредив, ми рече тој, една личност за
која одгледувам длабоки чувства. Тоа е долно, зашто таа ме сака. - Можеби со

8
време ќе заборави“, одговорив и не мислејќи дека зборувајќи така ќе изгледа оти
сум ја чул попладневната сцена. Но, тој беше толку обземен од својот јад што и
не му падна на памет дека јас би можел да знам нешто. „Таа можеби ќе заборави,
ми рече тој. Но јас нема да можам да заборавам. Ме исполнува чувство на срам,
се гадам од себе! Но, најпосле, реков што реков, тоа ништо не може да го
поправи. Кога некој ќе ме налути, веќе не знам што правам. А тоа е нездраво за
мене, нервите ми се испозамрсени“, зашто тој, како и сите неврастеници, многу
се грижеше за своето здравје. И додека попладнево го видов љубовниот гнев на
едно бесно животно, вечерва, за неколку часа, беа минале векови, а едно ново
чувство, чувство на срам, на жалење, на чемер, покажуваше дека е измината
голема етапа во еволуцијата на животното определено да се преобрази во
човечко суштество. И покрај сѐ, мене постојано ми ѕунеше в ушите она
„камењарко низаедна“ и се плашев од неговото блиско враќање во состојбата на
дивјаштво. А и мошне лошо сфаќав, впрочем, што се случило, а тоа беше
дотолку поприродно што и на самиот господин де Шарли му беше наполно
непознато дека од пред неколку дена, а особено тој ден, дури и пред срамната
епизода, што немаше непосредна врска со состојбата на виолинистот, Морел
одново имаше напад на неврастенија. Тој, имено, претходниот месец
напредуваше колку што можеше побргу, но многу побавно одошто сакаше, во
заведувањето на внуката на Жипиен со која, како нејзин свршеник, можеше да
излегува кога ќе посакаше. Но, откако отиде малу предалеку во својот наум да ја
силува, а особено откако ѝ проговори на својата свршеница да се зближи со
други девојки со кои би го поврзувала, наиде на отпор што го обезуми. Наеднаш
(било затоа што таа беше и премногу невина или, напротив, што му се беше
подала) желбата му спласна. Реши да раскине, но чувствувајќи дека баронот е
многу поморален, иако порочен, се плашеше дека, штом ќе раскине, господин де
Шарли ќе го избрка. Затоа, пред петнаесетина дена, реши да не се гледа веќе со
девојката, да ги остави господин де Шарли и Жипиен меѓу себе да се објаснат
(тој употреби еден малу попрост глагол), со тоа што, пред да го објави раскинот,
ќе „фати магла“ во непознат правец. Љубов, чијшто расплет по малу го
растажуваше; така што, иако неговото поведение спрема внуката на Жипиен во
најситни подробности се поклопуваше со она за кое теоретизираше пред
баронот додека вечераа во Сен-Марс-ле-Вети, веројатно дека тие беа мошне
различни, а чувствата помалу сурови, што тој не го предвиде во своето
теоретско поведение, па реалното однесување го беше разубавил, правејќи го
сентиментално. Единствената точка во која, напротив, реалноста беше полоша
од наумот е што во наумот не му се чинеше можно по предавството да остане во
Париз. Сега, „фаќањето магла“ му се чинеше претерано за една толку проста

9
работа. Тоа ќе значеше да го напушти баронот, кој бездруго ќе побесни, и да си
ја упропасти положбата. Би ги загубил сите пари што му ги даваше баронот.
Помислата дека тоа е неизбежно добиваше нервни напади. Со часови кенкаше,
а, за да не мисли на тоа, претпазливо земаше морфиум. Потем наеднаш во
главата му се роди мислата, што таму несомнено полека се раѓаше и обликуваше
од пред некое време, а тоа е дека алтернативата, изборот помеѓу раскинот и
целосната караница со господин де Шарли, можеби и не е неизбежна. Беше и
премногу да се загубат сите пари на баронот. Онака несигурен, Морел неколку
дена го мореа црни мисли, слични на оние што му идеа кога ќе го видеше Блок.
Сетне заклучи дека Жипиен и внука му се обиделе да го намамат во стапица,
дека би требало да бидат среќни што поминале толку евтино. Сѐ на сѐ, му се
виде дека никој не ѝ е крив на девојката што беше толку несмасна и не умееше
да го врзе за себе со сетилата. Не само што му се виде бесмислено жртвувањето
на својата положба кај господин де Шарли, туку му беше жал дури и за скапите
вечери на кои ја водеше девојката откако се посвршија, а за кои, како син на
собар кој секој месец му ја носеше својата „книга“ на вујко ми, можеше да каже
и колку чинеа. Зашто книга, во еднина, која за обичниот смртник значи печатено
дело, го губи тоа значење за Височествата и за собарите. За вториве таа значи
книга на сметки, за првите регистар во кој се запишуваат посетителите. (Кога
еден ден во Балбек принцезата од Луксембург ми рече дека не понела со себе
книга, за малу ќе ѝ ги понудев Исландскиот рибар и Тартарен де Тараскон, кога
сфатив дека сакала да каже: не дека времето нема да ѝ мине толку пријатно, туку
дека јас потешко ќе можам да си го оставам името кај неа). И покрај Мореловата
промена на гледиштето во врска со последиците од неговото поведение, иако
тоа ќе му изгледаше одвратно два месеци порано, кога страсно ја сакаше внуката
на Жипиен, а од пред петнаесетина дена без престан си повторуваше дека тоа
исто поведение е природно, за пофалба, тоа кај него сѐ повеќе ја зголемуваше
состојбата на нервоза во која го беше објавил раскинот. И беше сосема
подготвен да го „истури својот бес“, ако не (освен во мигновен напад) врз
девојката, спрема која и натаму чувствуваше по малу страв, како последна трага
на љубовта, тоа барем врз баронот. Сепак се воздржа да му каже нешто пред
вечерата, зашто, ставајќи ја над сѐ својата професионална виртуозност, во
моментот кога требаше да свири тешки творби (како таа вечер кај Вердиренови),
тој одбегнуваше (колку што е можно, така што веќе и попладневната сцена му
беше премногу) сѐ што можеше да му се одрази врз движењата. Така и еден
хирург, страсен автомобилист, престанува да вози кога треба да оперира. Тоа и
ми го објаснуваше фактот дека тој, зборувајќи со мене, полека си ги мрдаше
еден по еден прстите за да види дали им се вратила свитливоста. Мало муртење

10
на веѓите како да навестуваше дека сѐ уште чувствува мала нервозна крутост.
Но, за да не ја засили, тој ги отстрани брчките од лицето, како што човек се
присилува себеси да не се нервира што не може да заспие или што не можеме
лесно да освоиме некаква жена, од страв дека самата фобија уште повеќе ќе го
забави моментот на заспивањето или на задоволството. Затоа, сакајќи да си ја
врати ведрината, за да му биде, како и обично, сиот предан на она што ќе го
свири кај Вердиренови, а наедно и да ми ја покаже својата болка, му се виде
наједноставно од сѐ срце да ме замоли веднаш да си отидам. Преколнувањето
беше непотребно, а заминувањето ми дојде како олеснување. А бидејќи одевме
во истата куќа, со неколку минути растојание, се плашев да не побара од мене да
го земам со себе, зашто и премногу убаво се сеќавав на попладневната сцена, а
да не почувствувам извесна одвратност поради тоа што Морел патем би бил
покрај мене. Секако е можно љубовта, а потем рамнодушноста или омразата на
Морел спрема внуката на Жипиен да беа искрени. За жал, ова не беше прв пат (а
нема да биде ни последен) да постапи вака, наеднаш да „извиси“ некоја девојка
на која ѝ се колнел дека ќе ја сака секогаш, одејќи дотаму што ќе ѝ покажеше
наполнет револвер велејќи ѝ дека ќе си свирне куршум ако биде толку долен да
ја остави. Потоа ќе ја оставеше, а, наместо гризење на совеста, чувствуваше
некој вид омраза спрема неа. Ова не беше прв пат вака да постапи, секако
немаше да биде ни последен, така што многу момински срца - барем на девојки
што него потешко го забораваа одошто тој нив - страдаа - како што уште долго
време страдаше внуката на Жипиен, која и натаму го сакаше, иако го презираше
- страдаа, што чиниш ќе се распрснеа од некаква внатрешна болка - зашто во
мозокот на секоја од нив, како фрагмент од некаква грчка скулптура, беше
втиснат по некој вид на ликот на Морел, тврд како мермер и убав како антика со
своите расцутени коси, убавите очи, правиот нос, небаре израсток врз черепот
што не беше наменет за носење, а не можеше да се оперира. Но, со време, тие
толку тврди фрагменти најпосле ќе се слизнеа на некое место каде што не
предизвикуваа болка, не мрдаа оттаму, така што нивното присуство и не се
чувствуваше веќе; беше тоа заборав или спомен спрема кој човек е рамнодушен.
Тој ден остави во мене два плода. Тоа, од еднастрана, благодарение на мирот
што ми го донесе послушноста на Албертина, беше можноста, а, според тоа, и
одлуката да раскинам со неа. Од друга страна, плод од моите размислувања
додека ја чекав, седнат пред пијаното, беше идејата дека Уметноста, на која ќе се
потрудам да ѝ ја посветам својата одново стекната слобода, и не е нешто што
заслужува жртва, нешто надвор од животот, што не учествува во неговата суета
и во неговата ништожност, со оглед на тоа што привидот на стварна
индивидуалност постигнат во делата се должи само на измамата поради

11
техничката вештина. Ако тоа попладне остави во мене и други, можеби
подлабоки траги, за нив секако ќе се свестам многу подоцна. Што се однесува
пак до двете работи што јасно ги оценив, тие нема да бидат од траен карактер;
зашто уште истата вечер моите претстави за уметноста ќе се опорават од падот
што го беа доживеале попладнето, додека, напротив, мене одново ќе ми го
одземат мирот, а оттаму и слободата што би ми дозволила да ѝ се посветам.
Мојата кола, движејќи се долж кејот, се приближуваше до Вердиренови, кога
побарав да запре. Го видов, имено, Бришо како слегува од трамвај на аголот од
улицата Бонапарта, како си ги брише чевлите со некаков стар весник и си ги
става бисерносивите ракавици. Појдов кон него. Бидејќи од пред некое време
проблемите со видот му се влошија, беше снабден - богато, небаре лабораторија
- со нови очила, коишто, моќни и комплицирани како астрономски
инструменти, изгледаа зашрафени врз очите. Тој го впери кон мене нивниот
претеран сјај и ме препозна. Очилата беа одлични. Но, зад нив забележав ситен,
матен, далечен поглед во грч на замирање, поставен под тој моќен апарат, како
што во лабораториите, за кои се даваат и премногу пари за она што тие го
прават, ќе ставаат некакво беззначајно животинче кое полека умира под
најсовршени апарати. Му подадов рака на полуслепиот човек за да оди
посигурно. „Овој пат веќе не се среќаваме крај големиот Шербур“, ми рече тој,
туку покрај малиот Данкерк“, реченица што ми се виде многу непријатна, зашто
не сфаќав што сакаше да каже со неа; а пак јас не се осмелив да го прашам
Бришо, од страв не толку од неговото презрение колку од неговите објасненија.
Му одговорив дека сум мошне љубопитен да го видам салонот во кој Сван
некогаш се среќавал секоја вечер со Одет. „Така ли, ги знаете тие стари
приказни?“ ми рече тој.
На времето, смртта на Сван ме потресе. Смртта на Сван! Во оваа реченица
Сван не игра улога на обичен генитив. Под тоа ја подразбирам посебната смрт,
смртта што судбината ја беше испратила во служба на Сван. Зашто, ние велиме
„смрт“ заради упростување, иако ги има безмалу исто толку колку и луѓето. Не
поседуваме сетило што ни допушта да ги видиме сите тие смрти, што трчаат
наоколу со полна брзина во сите насоки, делотворни смрти што судбината ги
насочила кон овој или оној човек. Тоа се смрти што често ќе бидат целосно
ослободени од својата должност дури по две-три години. Тие трчаат бргу за да
му стават рак во слабините на некој Сван, сетне си заминуваат по друга работа,
враќајќи се дури откако хирурзите ќе ја извршат операцијата, за да му стават рак
на некој друг. Потоа доаѓа моментот кога во Le Gaulois ќе прочитаме дека
здравјето на Сван било загрижувачко, но дека состојбата с на најдобар пат
целосно да биде излекуван. А потем, неколку минути по последниот здив,

12
смртта, како калуѓерка што ве лекувала, наместо да ве уништи, доаѓа за да
присуствува на вашите последни мигови, крунисувајќи го со последниот ореол
суштеството оладено за секогаш, чиешто срце престанало да бие. И токму тоа
разнообразие на смртите, таинственоста на нивното кружење, бојата на нивниот
злокобен превез, тоа е она што им дава нешто впечатливо на редовите во
весниците: „Со големо жалење дознаваме дека вчера, во својот дом, по тешко
боледување, се поминал господин Сван. Парижанец, чијшто дух го ценеа сите,
како и цврстината на неговите одбрани но верни пријатели, по него еднодушно
ќе жалат како во уметничките и литерарните кругови, каде што сите го сакаа и
бараа поради неговиот истанчен вкус, така и во Џокеј-клубот, каде што беше
еден од најстарите и највидни членови. Му припаѓаше и на Клубот на унијата и
на Полјоделскиот клуб. Неодамна си даде оставка на членство во Клубот на
улицата Роајал. Неговата духовна физиономија, како и неговата маркантна
личност ја будеа љубопитноста на јавноста на секој музички и сликарски great
event, а особено на „отворањата“, на кои им беше верен посетител сѐ до
последниве години кога веќе сосема ретко излегуваше од дома. Погребот ќе
биде извршен, итн“.
Во тој поглед, ако човек не е „некој“, отсуството на позната титула уште
повеќе го забрзува распаѓањето на смртта. Несомнено, човек останува и војвода
д’Изес на анонимен начин, без индивидуални одлики. Но, војводската круна
извесно време му ја крепи целината на состојките, како што се оние на убаво
обликуваните сладоледи што ги сакаше Албертина. Додека имињата и на
ултрамондените граѓани, веднаш по смртта, „ослободени од калапот“, се
распаѓаат и се топат. Видовме како госпоѓа де Германт зборува за Картие како за
најдобар пријател на војводата де ла Тремој, како за човек мошне баран во
аристократските кругови. За следното поколение, Картие стана нешто толку
безоблично што безмалу ќе му ја кренеа цената поврзувајќи го со златарот
Картие, иако тој ќе се насмевнеше што незнајковците можат да го побркаат со
него! Сван беше, напротив, забележителна интелектуална и уметничка личност:
па, иако ништо не беше „создал“, имаше изгледи да трае малу подолго. Па сепак,
драги мој Шарл Сване, кого толку слабо го познавав кога бев уште многу млад, а
вие веќе близу до гробот, токму затоа што оној кого вие секако го сметавте за
будалетинка ве направи јунак на еден од своите романи, за вас фатија одново да
зборуваат, а можеби уште и ќе поживеете. Ако по сликата од Тисо, на која е
прикажан балконот од Клубот на улицата Роајал, каде што вие сте помеѓу
Галифе, Едмон де Полињак и Сен-Морис, толку многу се зборува за вас, тоа е
затоа што луѓето гледаат дека има неколку ваши црти во личноста на Сван.

13
Да се вратиме на поопшти работи: за таа претскажана, а сепак непредвидена
смрт на Сван го чув токму него како зборува кај војвотката де Германт, вечерта
кога беше приемот кај нејзината роднина. Таа иста смрт ми се виде специфично
и потресно необична една вечер, кога го прелистував весникот и веста за неа ме
стаписа, небаре беше составена од таинствени, неумесно вметнати редови. Тие
беа доволни еден жив човек, кој веќе не можеше да одговори на она што му го
велат, да претворат во име, напишано име, што наеднаш од вистинскиот свет
преминало во царството на молкот. Токму тие и сега ја поттикнуваа во мене
желбата подобро да ја запознам куќата во која некогаш живееле Вердиренови и
во која Сван, кој тогаш не се состоел од неколку збора напишани во весник,
толку често вечерал со Одет. Треба да се додаде, исто така (а поради тоа мене
долго време смртта на Сван ми беше помачна од некоја друга, иако тие причини
не беа во врска со индивидуалната необичност на неговата смрт), дека не
отидов да ја посетам Жилберта, како што му бев ветил кај принцезата де
Германт; дека тој не ми ја кажа таа „друга причина“ на која алудираше таа вечер,
а поради која ме имаше избрано токму мене како човек кому ќе му го довери
својот разговор со принцот, дека (како меури што се креваат од дното на водата)
ми навираа илјада прашања што сакав да му ги поставам за најразлични нешта:
за Вер Мер, за господин де Муши, за него самиот, за една таписерија на Буше, за
Комбре, прашања што несомнено не беа многу итни штом ги одлагав денизден,
но кои мене ми се чинеа суштествени, зашто, откако усните му беа запечатени,
одговорот веќе никогаш нема да го добијам. Смртта на другите е како патување
на кое човек ќе тргне, па, кога е на сто километри од Париз, ќе му текне дека
заборавил две дузини шамичиња, да ѝ остави клуч на готвачката, да се збогува
со вујко си, да праша за името на градот каде што се наоѓа старата фонтана која
сака да ја види. Додека вам ви навираат сите тие заборавени работи, а вие
туку-така гласно му ги кажувате на пријателот што патува со вас, единствениот
одговор на нив е рамнодушноста на клупата спроти вас, името на станицата што
го извикува железничарот, што има за последица само уште повеќе да се
оддалечуваме од нештата кои е се поневозможно да се остварат, така што,
откажувајќи се да мислите на работите што непоправливо сте ги пропуштиле, го
одврзувате пакетот со храна и си ги разменувате весниците и списанијата.
„Ама не, продолжи Бришо, Сван овдека не се состануваше со својата идна
жена или, поточно, тоа овдека бидуваше само во последно време, по пожарот
што делум го уништи првобитниот дом на госпоѓа Вердирен“.

14
За жал, од страв да не излезе дека пред Бришо се расфрлам со раскош, што ми
се виде неумесно, зашто универзитетскиот професор не учествуваше во него, јас
слегов од колата пребрзо, а кочијашот и не сфати што му дофрлив наврапито за
да имам време да се оддалечам од него пред да ме забележи Бришо. Како
последица од ова кочијашот ни пријде и ме праша дали треба да дојде по мене;
му реков на брзина да дојде, па затоа дотолку повеќе ги зголемив изразите на
почит спрема универзитетскиот професор што беше дошол со омнибус. „Ах!
вие дојдовте со кочија, ми рече тој сериозно. - Боже мој, сосема случајно; тоа
никогаш не ми се случува. Секогаш се возам со омнибус или одам пеш. Но,
поради тоа вечерва можеби ќе ја имам големата чест да ве вратам дома доколку,
поради мене, се согласите да влезете во оваа крнтија; ќе ни биде малу тесно. Но
вие сте толку добронамерни спрема мене“. Ева, предлагајќи му го ова, не се
лишувам од ништо, си помислив, зашто во секој случј ќе бидам принуден да се
вратам дома поради Албертина. Нејзиното присуство во мојот дом, во време
кога никој нема да може да ја посети, ми дозволуваше исто толку слободно да
располагам со своето време како и попладнето, кога знаев дека ќе се врати од
Трокадеро и не ми се брзаше одново да се видам со неа. Но, најпосле, како и
попладнето, чувствував дека имам жена и дека, враќајќи се дома, нема да го
почувствувам закрепнувачкиот занес на самотијата. „Прифаќам од сѐ срце, ми
одговори Бришо. Во времето на кое вие мислите нашите пријатели живееја во
улицата Монталиве, во едно прекрасно приземје со меѓукат, што гледаше кон
градината, не толку раскошна, се разбира, а што јасја претпочитав пред Хотел
Амбасадор во Венеција“. Бришо ми кажа дека вечерта на „кејот Конти“ (така
велеа верниците зборувајќи за салонот Вердирен откако тој се пресели таму) ќе
има голем музички „тралала“ во организација на господин де Шарли. Додаде
дека на времето, за кое јас зборував, малото јадро било инакво, а и тонот му бил
поинаков, не само затоа што верниците биле помлади. Ми раскажа за некои
фарси на Елстир (што ги нарекуваше „чисти лакрдии“), за тоа како овој еден
ден, преправајќи се дека во последен момент ги изневерил, беше дошол
преправен како додатен управител на послугата, па, додека послужувал, ѝ
шепотел мрсни шеги на уво на мошне срамежливата бароница Путбус, сета
црвена од ужас и бес; потем, исчезнувајќи пред крајот од вечерата, заповедал во
салонот да внесат када полна со вода, од која, кога гостите станувале од масата,
излегол угол-гол, пцуејќи на сиот глас; а и за вечери на кои гостите доаѓале во
костими од хартија, што ги цртал, кроел и боел Елстир, вистински ремек-дела,
со тоа што Бришо еднаш носел костум на велможа од дворот на Шарл VII и
чевли со извиткан врв, а еден друг пат костимот на Наполеон I, врз кој Елстир од
печатен восок направил голема лента на Легија на честа. Накусо, навраќајќи се

15
во мислите на тогашниот салон, со неговите големи прозорци, со неговите
ниски канабиња, толку изветвени од јужното сонце што морале да ги заменат,
Бришо сепак изјави дека го претпочита на денешниов. Се разбира, јас убаво
сфаќав дека Бришо под „салон“ го подразбираше - како што зборот црква не ја
означува само верската зграда, туку и заедницата на верниците - не само
меѓукатот, туку и луѓето што го посетуваа, посебните задоволства по кои тука
доаѓаа, а на кои во неговото сеќавање им ја беа дале формата тие канабиња врз
кои, кога попладне одеа да ја посетат госпоѓа Вердирен, чекаа таа да се
подготви, при што, меѓутоа, изгледаше дека надвор розовите цветови на
костените, а врз каминот каранфилите во вазите, со благонаклона симпатија
спрема посетителот, што ја изразуваше усмевнатото добредојде на нивните
розови бои, сосредоточено го демнеа задоцнетото доаѓање на домаќинката. Но,
ако тој „салон“ му изгледаше поубав од сегашниов, тоа можеби беше затоа што
нашиот дух е стариот Протеј, па не може да ѝ робува на ниедна форма, та, дури и
во монденските работи, одненадеж се ослободува од еден салон, кој полека и
тешко втасал до врвот на совршенството, за да претпочита некаков помалу
блескав салон, како што „ретушираните“ фотографии кои Одет ги беше
нарачала кај Ото, а на кои таа беше во свечена тоалета и фризура на Лантерик,
не му се допаѓаа на Сван како една мала слика од албум, снимена во Ница, на
која таа, во наметка од шајак и неуредна коса што ѝ стрчи од под сламената
шапка украсена со темјанушки, со јазол од црно кадифе (општо земено, жените
изгледаат онолку постари колку што се постари фотографиите), иако дваесет
години помлада, изгледаше како дваесет години постара слугинка. А можеби му
правеше задоволство и да ми го фали она што никогаш нема да го запознам, да
ми покаже дека почувствувал задоволства кои јас не ќе можам да ги имам. Тоа и
му успеа, впрочем, зашто и само наведувајќи ги имињата на две-три личности
кои веќе не постоеја, а на чиј шарм му придаваше нешто таинствено преку
начинот на кој зборуваше за нив и за оние прекрасни блискости, јас фатив да се
прашувам што можело тоа да биде, чувствував дека сето она што ми го
раскажуваа за Вердиренови било и премногу грубо; па дури и за Сван, кого го
познавав, сега, кога знаев дека може да се спореди со некој од најдобрите
некогашни козери, си префрлав што не му обрнував доволно внимание, што не
му обрнував внимание со достатна несебичност, што не го слушав внимателно
кога ме примаше и ми покажуваше некои убави предмети, чекајќи жена му да се
врати на ручек.
Вo моментот кога втасавме кај госпоѓа Вердирен, забележав како кон нас
плови господин де Шарли со своето огромно тело, влечејќи зад себе, и без да
сака, некој од оние апаши или питачи, што при неговото минување

16
непогрешливо излегуваа дури и од навидум најпустите катчиња, кои, и против
неговата волја, секогаш го придружуваа тоа моќно чудовиште, иако на извесно
отстојание, како што ајкулата ја следи нејзината риба-пилот, најпосле, толку
спротивен на оној напернат странец од мојата прва година во Балбек, со строг
изглед и извештачена машкост, што ми се виде како да откривам небеско тело во
придружба на својот сателит во некој сосема друг период од неговата
револуција, а кое почнуваме да го гледаме во неговиот полн сјај, или како болен
човек кого сега го навасала болеста која пред неколку години беше само мало
мозолче што лесно го криеше, а за чија сериозност никој и не слутеше. Иако
некаква операција, на која се беше подложил Бришо, му врати малу од видот за
кој мислеше дека за секогаш го загубил, јас не знам дали тој го забележа
мангупот што му се беше закачил на баронот. Тоа, впрочем, и не беше многу
важно, зашто од времето на Ла Распелиер, и покрај пријателството што
универзитетскиот професор го одгледуваше спрема него, присуството на
господин де Шарли предизвикуваше кај него извесно непријатно чувство.
Несомнено, за секој човек животот на секој друг продолжува во мракот на
патеките за кои и не слутиме. Па сепак, лагата, која толку често умее да нѐ
измами, а од која се составени сите разговори, не сокрива толку совршено
некакво чувство на непријателство, или на користољубие, или некаква посета за
која сакаме да изгледа дека не сме ја направиле, или бегство со еднодневна
љубовница што човек сака да го сокрие од жена си, како што добриот глас ги
прикрива неморалните навики, без тие да може да се насетат. Тие може да
останат непознати и цел живот, а да ги открие некаква случајна средба навечер,
на пристаништето, иако и таа често погрешно се сфаќа, па треба некој трет, што
ги познава работите, да ви го даде зборот кој не може да се пронајде, а што никој
не го знае. Но, кога знаеме за нив, тие многу повеќе нѐ плашат затоа што
чувствуваме како во нив навира лудилото, одошто со својата неморалност.
Госпоѓа де Сиржи ле Дик воопшто немаше развиено морално чувство и таа на
своите синови ќе им дозволеше сѐ што можеше и да ги понижи, но што
едновремено можеше и да се објасни со интересот, кој им е разбирлив на сите
луѓе. Но, таа им забрани и натаму да се гледаат со господин де Шарли кога дозна
дека него, небаре беше навиен часовник, некој ѓавол го тера, за време на секоја
посета, да ги штипне за брадата и да ги натера двајцата заемно да се штипнат.
Таа го доживеа она чувство на вознемиреност од телесната таинственост што нѐ
тера да се прашуваме дали соседот, со кого имаме добри односи, не заболел од
антропофагија, па на постојаните прашања од баронот: „Зарем нема наскоро да
ги видам вашите момчиња?“ таа одговараше, знаејќи какви грмотевици ќе си
навлече врз главата, дека се многу зафатени со предавањата, со подготовките за

17
некакво патување итн. Што и да се зборува, неодговорноста ги зголемува
грешките, па дури и злосторствата. Ако Ландри (под претпоставка дека
навистина ги убивал жените) тоа го правел од користољубие, на кое човек може
да му се спротистави, може да биде помилуван, но не и кога тоа би било поради
неодоллив садизам. Откако веќе не се работеше за тоа да се повторуваат некакви
општи места, туку да се пројави разбирање, грубите шеги на Бришо од
почетокот на неговото пријателство со баронот кај него му отстапија место на
едно мачно чувство под превез на веселост. Се успокојуваше себеси
рецитирајќи страници од Платон или стихови од Вергилиј, но, бидејќи беше и
духовно слеп, не сфаќаше дека да се сака еден младич во она време било како
денес (шегите на Сократ тоа подобро го откриваат одошто теориите на Платон)
да се издржува една балерина, а сетне да се посврши со друга. Тоа немаше да го
сфати ни самиот господин де Шарли, кој по ништо не прилегаше на него, а кој
својата манија ја бркаше со пријателство, а атлетите на Праксител со кротки
боксери. Тој не сакаше да види дека од пред илјада и деветстотини години
(„еден набожен дворјанин под набожен владетел, ќе беше безбожник под
безбожен владетел“, рекол Ла Бријер) исчезнала секаква обичајна
хомосексуалност - на младичите на Платон како и на овчарите на Вергилиј - и
дека сега се јавува и се множи само несаканата, нервозната хомосексуалност,
онаа што се сокрива пред другите, а се маскира пред себеси. И господин де
Шарли немаше да биде во право доколку искрено не ја негираше паганската
генеалогија. Каква ли само морална надмоќ во замена за малу пластична
убавина! Овчарот на Теокрит кој воздивнува по едно младо момче, подоцна не
ќе има никаква причина да не биде со помалу тврдо срце и пофин дух од другиот
овчар, чијашто флејта ечи по Амарилис. Зашто првиот не страда од никаква
болест, туку само им се повинува на обичаите на своето време. Само
хомосексуалноста, што вирее и натаму наспроти сите пречки, срамна,
жигосувана, е вистинската, единствената на која, кај едно исто суштество, може
да му одговара некаква истанченост на духовните својства. Човек трепери пред
врската што телесното може да ја има со нив помислувајќи на малата
изместеност на чисто телесната склоност, на левтерната мана на едно сетило,
што објаснува зошто светот на поетите и музичарите, толку затворен за
војводата де Германт, се подотвора пред господин де Шарли. Не изненадува тоа
што последниов има вкус за ентериер, како домаќинка која сака ситни украси;
туку пукнатинката преку која се гледа Бетовен и Веронезе! Но, тоа не им пречи
на здравите луѓе да се плашат кога некој лудак, кој напишал некаква возвишена
поема, откако со најубедливи причини им објаснил дека е затворен по грешка,
поради пакоста на жена си, преколнувајќи ги да се заземат кај директорот на

18
лудницата, жалејќи се на тоа со какви сѐ луѓе е измешан, заклучува вака:
„Гледајте, оној што доаѓа да зборува со мене во покриениот дел од дворот, а
чиешто присуство мора да го трпам, верува дека е Исус Христос. Веќе и само
тоа доволно покажува со какви лудаци ме држат затворен, тој не може да биде
Исус Христос, зашто Исус Христос сум јас!“ Само еден миг пред тоа бевме
готови да појдеме и да му укажеме на грешката на лекарот за умоболни. На
последниве зборови, дури и ако ја имаме на ум прекрасната поема врз која
секојдневно работи истиов човек, се оддалечуваме, како што и синовите на
госпоѓа де Сиржи се оддалечуваат од господин де Шарли, не затоа што им
сторил нешто лошо, туку поради изобилството од покани што завршуваа со тоа
што ќе ги штипнеше за брадата. За жалење е поетот кој, и без да го води некаков
Вергилиј, мора да мине низ пеколните кругови на сулфур и смола, да се фрла во
огнот што паѓа од небото за да изведе оттаму неколку жители на Содом.
Неговото дело е без каков и да е омај; а во неговиот живот истата строгост како и
кај распоповите кои и натаму се држат за правилото на најчисто неженство за да
не може некој, тоа што ја симнале мантијата, да му го припише на нешто друго,
освен на загубата на вера. Сепак, работата со ваквите писатели не секогаш стои
така. Кој е тој лекар за луди кој, по толку дружење со нив, немал напад на
лудило? Среќен е уште ако може да докаже дека она што го навело да се
занимава со нив не е некакво претходно, притаено лудило. Кај психијатрот,
предметот на проучувањето често дејствува врз него. Но пред тоа, кој знае каква
нејасна склоност, каков заслепувачки уплав го натерал да го избере?
Преправајќи се дека не ја гледа сомнителната личност што го следеше во
чекор (кога баронот ќе се осмелеше да појде по булеварите или да мине преку
чекалната на железничката станица Сен-Лазар, таквите придружници, што се
надеваа да заработат некоја пара, ги имаше на дузини и тие не го напуштаа), а од
страв другиот да не се осмели да му проговори, баронот набожно си ги веднеше
црно вапсаните клепки, кои, во спротивност со неговите напудрени образи, го
правеа сличен на некаков голем инквизитор насликан од Ел Греко. Само, овој
свештеник делуваше застрашувачки, а изгледаше како да е расчинет, зашто
различните компромиси на кои го принудуваше нуждата да ѝ се препушти на
својата склоност и да ја прикрие имаа за последица на површината од лицето да
му се појави токму она што баронот сакаше да го сокрие, развратниот живот за
кој зборуваше моралниот пад. И навистина, што и да му е причината, тој пад
лесно се чита, зашто наскоро се материјализира, множејќи се врз лицето,
особено врз образите и околу очите, исто онака телесно како што таму се трупа
жолтилото на некоја болест на црниот дроб или одвратното црвенило на некаква
кожна болест. Впрочем, порокот, што господин де Шарли некогаш толку

19
длабоко го потиснуваше во најскришниот дел од себеси, не избиваше само -
разлеано како масло - врз образите или поточно врз пробесените образи на тоа
набелено лице, врз цицлестите гради и натртениот задник на тоа згоено тело,
препуштено на своите склоности. Тој му избиваше сега и од говорот.
„А, така, значи, Бришо, се шетате ноќе со убаво момче? рече тој
пристапувајќи ни, додека мангупот разочарано се оддалечуваше. Многу убаво!
Ќе им кажеме на вашите ученичиња од Сорбона дека вие и не сте веќе толку
сериозен. Впрочем, друштвото на младината ви годи, господин професоре, свеж
сте како ружичка. А вие, драги мој, како сте? ми рече тој, напуштајќи го својот
шегобиен тон. Не ве гледаме често на кејот Конти, лично момче. Како е, инаку,
вашата роднина? Не дојде со вас. Жал ни е, зашто таа е омајна. Ќе ја видиме ли
вечерва? Ох, таа е толку убава. А би била уште поубава кога повеќе би си ја
негувала толку ретката вештина убаво да се облекува, што таа природно ја
поседува“. Тука мора да кажам дека господин де Шарли „поседуваше“ нешто,
што од него правеше сушта спротивност, антипод од мене, дарбата грижливо да
забележува, да ги уочува подробностите како на тоалетата, така и на
„ткаенината“. Што се однесува до фустаните и шапките, некои зли јазици или
извесни премногу исклучителни теоретичари ќе речат дека кај маж склоноста
кон машка убавина ја дополнува вроден вкус, разбирање, познавање на
женската тоалета. Тоа еднипати и навистина се случува, небаре, откако мажите
ќе ја приграбат сета телесна желба, сета длабока нежност на еден де Шарли, на
другиот пол, напротив, му преостанува сето она што како љубов се нарекува
„платонска“ (мошне несоодветна придавка, впрочем) или, сосема накусо, сето
она што се однесува на вкусот, со најумешните и најпроверените истанчености.
Во тој поглед, господин де Шарли си го заслужуваше прекарот „кројачка“, што
подоцна му го измислија. Но неговиот вкус, неговата дарба да забележува се
протегаше и на многу други нешта.
Видовме дека јас, онаа вечер кога појдов да го посетам по вечерата кај
војвотката де Германт, ги забележав ремек- делата што ги имаше во својот дом
дури откако тој ми ги покажа. Тој веднаш го уочуваше она на што никој
никогаш немаше да му обрне внимание, и тоа како во врска со уметничките дела
така и во врска со јадењата на некаква вечера (а и сето она што се наоѓаше
помеѓу сликарството и кујната). Отсекогаш жалев што господин де Шарли,
наместо што ја ограничи својата уметничка дарба да наслика нешто врз едно
ладало како подарок за снаа си (видовме како војвотката де Германт го држеше в
раце, раширувајќи го не толку за да се лади со него колку да се пофали со него,
перчејќи се со пријателството на Паламед) и врз усовршување на свирењето на

20
пијано за да ги придружува без грешка виолинските потези на Морел, отсекогаш
жалев, велам, и сѐ уште жалам, што господин де Шарли никогаш ништо не
напиша. Несомнено, од неговата речовитост во разговорите, па дури ни од
неговата преписка, не можам да извлечам заклучок дека ќе беше даровит
писател. Тие дарби не се од ист вид. Сме имале прилика да видиме како луѓе кои
зборуваат здодевни баналности, пишуваат ремек- дела, а пак како кралеви во
водењето разговори бидувале подолу и од најпросечните штом ќе се обидеа да
пишуваат. И покрај сѐ, верувам дека да пробаше господин де Шарли да пишува
проза, за почеток и за уметничките предмети што убаво ги познаваше, огнот ќе
вивнеше, молњата ќе блеснеше, а монденот ќе станеше мајсторски писател. Тоа
често му го велев, само тој никогаш не сакаше да се обиде, можеби просто
напросто од мрза, или затоа што времето му го одземаа блескавите приеми и
одвратните разоноди, или пак од потребата на Германтови во недоглед да
развлекуваат со брборењето. За ова жалам дотолку повеќе што ни во
најблескавиот разговор духот никогаш не му беше одделен од карактерот, а
досетките на едниот од дрскоста на другиот. Да пишуваше книги, наместо што
го мразеа, сеедно восхитувајќи му се, како што веќе се правеше по салоните, во
кои, во најнеобичните мигови на разумот, едновремено ги клоцаше слабите, им
се одмаздуваше на луѓе што не го навредиле, на најдолен начин настојуваше да
ги скара пријателите - да пишуваше книги, луѓето ќе му ја издвоеја, ќе му ја
процедеа духовната вредност од злобата, ништо немаше да му пречи на
восхитот, а од полно негови црти ќе расцутеше пријателство.
Во секој случај, дури и да се лажам за она што тој можеше да го оствари и врз
најскромната страничка, пишувајќи, тој ќе ни направеше услуга, зашто ако
забележуваше сѐ, тој му го знаеше и името на сето она што го забележуваше. Се
разбира, ако, разговарајќи со него, и не научив да гледам (духот и чувствата ми
се стремеа другде), барем видов работи што без него немаше да ги забележам,
иако нивното име, што ќе ми помогнеше одново да се сетам на нивниот изглед,
на нивната боја, тоа име севезден бргу го заборавав. Да пишуваше книги, дури и
лоши, а не верувам дека ќе беа такви, каков извонреден речник, каква неисцрпна
збирка ќе беше тоа! Најпосле, кој знае? Наместо да си го искористи знаењето и
вкусот, можеби ѓаволот, што често си ги меша прстите во нашите судбини, ќе го
натераше да пишува блуткави романи во продолженија, непотребни патеписи и
авантуристички раскази.
„Да, таа умее да се облече или поточно да се облекува, продолжи господин де
Шарли, зборувајќи за Албертина. Се двоумам само околу тоа дали се облекува
во склад со својата посебна убавина, за што сум, инаку, и самиот по малу

21
одговорен, поради моите недоволно обмислени совети. Она што често ѝ го велев
одејќи во Ла Распелиер, а што можеби ми го диктираше - се каам поради тоа -
карактерот на тој крај, близината на плажите, одошто индивидуалниот карактер
на типот луѓе каква што е вашата роднина, ја натера да се определи малу
премногу за лесни работи. Признавам, кај неа видов и многу убави памучни
работи, омајни превези од тил, некакво розово шапче на кое убаво му стоеше
едно розово перце. Но, мислам дека нејзината вистинска и тешка убавина бара
нешто повеќе одошто убави ткаенини. Оди ли шапчето со таа бујна коса на која
еден какошник1* само би му ја истакнал вредноста? Има малу жени на кои им
одговараат старите фустани што потсетуваат на театарски костими. Но
убавината на таа девојка, што е веќе жена, е исклучок и би заслужувала некој
старински фустан од ѓеновско кадифе (веднаш помислив на Елстир и на
фустаните на Фортини), што не би се плашел уште и да го оптоварам со
инкрустрации и веќе демодирани висулци од прекрасни полудраги камења (тоа
е најубавата пофалба што човек може да им ја направи) како перидот, маркасит
и неспоредливиот лабрадор. Впрочем, и таа самата како да има инстинкт за
противтежата што ја бара нејзината по малу тешка убавина. Сетете се, кога
одеше на вечерите во Ла Распелиер, на она чудо убави кутии, тешки чанти, во
кои, кога ќе се омажи, ќе може да стави многу повеќе работи одошто се пудрата
или карминот, но - во едно ковчеже од не премногу темносин лазурит -
вистински бисери и рубини, не вештачки, мислам, зашто таа може богато да се
омажи“.
„Е да! Бароне“, го прекина Бришо, плашејќи се дека последниве зборови би
можеле да ме заболат, зашто тој по малу се сомневаше во чистотата на моите
односи и во вистинитоста на моето сродство со Албертина, „вие малу и
премногу се грижите за госпоѓиците!
- Ќе сакате ли да молчите пред детево, змијо низаедна“, се исклешти
господин де Шарли спуштајќи си ја раката, ѓоа во настојување да го замолчи
Бришо, но не пропушти да ми ја стави врз рамото.
„Јас како да ве вознемирив, изгледаше дека се забавувавте како две луди
чупиња и дека не ви треба ваква наџак- баба како мене. Но, поради тоа нема да
одам на исповест,
зашто безмалу втасавте“. Баронот беше во дотолку повесело настроение што
воопшто не знаеше за попладневната сцена, бидејќи Жипиен сметаше дека е
подобро да си ја заштити внуката од повторно насилство одошто да оди да го

1* Традиционална фризура во вид на дијадема на руските жени (заб. на преведувачот).

22
извести господин де Шарли. Затоа овој сѐ уште веруваше дека меѓу нив ќе дојде
до брак и се радуваше поради тоа. Би се рекло дека за овие големи самотници е
утеха да го ублажат своето трагично неженство со измислено татковство.
„Само, чесен збор, Бришо, додаде тој свртувајќи се насмеано кон нас, незгодно
ми е гледајќи ве во такво галантно друштво. Изгледате како двајца вљубени.
Рака под рака, чујте, Бришо, вие си дозволувате и премногу слобода!“ Требаше
ли причината за овие зборови да му се припише на стареењето на духот, кој
послабо господареше со своите рефлекси одошто некогаш и кој, во мигови на
автоматизам, дозволуваше да му се измолкне тајната толку грижливо чувана
четириесет години? Или пак она презрение спрема мислењето на
неблагодарниците, што во основата им беше заедничко на сите Германтови, а
што кај братот на господин де Шарли, војводата, доаѓаше до израз на друг
начин, кога, воопшто не грижејќи се дека мајка ми би можела да го види, се
бричеше на прозорец со раскопчана ноќна кошула? Дали господин де Шарли за
време на оние изгор патувања од Донсиер до Дувил се беше здобил со опасната
навика да не се стеснува, па, како што си ја зафрлаше наназад сламената шапка
за да си го освежи огромното чело, да ја разлабави, на почетокот и само за некој
миг, маската што и премногу одамна му беше цврсто прицврстена врз
вистинското лице? Брачното однесување на господин де Шарли спрема Морел
со право ќе го изненадеше оној што знаеше дека тој веќе не го сакаше. Но, на
господин де Шарли му се беше здодеала едноличноста на задоволствата што ги
нуди неговиот порок. Тој инстинктивно побара нови доживувања, па, откако се
измори со непознатите мажи што ги среќаваше, премина во другата крајност, на
она за што веруваше дека секогаш ќе го мрази, на имитирањето „брак“ или
„татковство“. Еднипати дури ни тоа веќе не му беше доволно, му требаше нешто
ново, па одеше да ја мине ноќта со некоја жена, на ист начин како што некој
нормален маж еднаш во животот ќе посака да спие со некакво момче, од слично
љубопитство, само обратно, иако во двата случаи подеднакво нездраво. Со
оглед на тоа што баронот сега, поради Шарли, живееше како „верник“, само во
малиот клан, тој живот, за да го совлада напорот кој долго време го правеше за
да ја зачува лажната надворешност, кај него го изврши истото влијание како и
некое истражувачко патување или престој во колониите кај извесни Европејци,
кои притоа ги губат начелата што ги раководеле во Франција. Па сепак,
внатрешниот пресврт на еден дух, кој отпрвин не знаеше за аномалијата што ја
носеше во себе, потоа, кога ја препозна го обзеде уплав од неа и најпосле, откако
дотаму се помири со неа што веќе и не забележуваше дека не може без опасност
да им го признае на другите она што конечно без срамење си го признава на
самиот себеси, уште поделотворно го ослободи господин де Шарли од

23
последните општествени принуди одошто времето поминато кај Вердиренови.
Верно, ни прогонството на Јужниот пол ни на врвот Мон Блан не може толку да
нѐ оддалечи од другите како еден подолг престој во пазувите на некој
внатрешен порок, односно на некаква мисла поинаква од нивната. Порок (така
некогаш го нарекуваше господин де Шарли) кому баронот сега му придаваше
добродушен лик на едноставна, мошне раширена или, поточно, симпатична,
безмалу забавна мана, како мрзата, расеаноста или ненаситноста. Чувствувајќи
ја љубопитноста што ја предизвикуваше необичноста на неговата личност,
господин де Шарли доживуваше извесно задоволство да ја задоволува, да ја
подбуцнува, да ја одржува. Како што некој еврејски публицист катаден се прави
бранител на католицизмот, веројатно не со надеж дека ќе го сфатат сериозно,
туку за да не ги разочара очекувањата на добронамерните мајтапџии, во малиот
клан господин де Шарли на шега го жигосуваше неморалното поведение, како
што подбивно го имитираше и англискиот изговор или Муне-Сили, не чекајќи
да го молат, а и за да даде со задоволство свој придонес, покажувајќи ја во
друштвото својата аматерска дарба; господин де Шарли му се закани на Бришо
дека ќе го поткаже на Сорбона оти сега шетал со младичи на ист начин како што
оној обрежан хроничар во секоја пригода зборуваше за „постарата ќерка на
Црквата“ и за „светото срце Исусово“, што ќе рече без ронка лицемерие, иако со
малу лоша театралност. Ќе беше интересно да се побара и објаснение не само за
промената на зборовите, толку поинакви од оние што некогаш си ги
дозволуваше, туку и за промената во начинот на нивното изговарање, во
движењата кои, сега, и едните и другите, необично личеа на она што некогаш
господин де Шарли најогорчено го жигосуваше; тој сега и без да сака
испушташе некакви краткотрајни крикови - кај него ненамерни, та дотолку
подлабоки - што инвертитите намерно ги испуштаат заемно зборувајќи си
„драга моја“; небаре тоа намерно „циле-миле“, против кое господин де Шарли
толку долго војуваше, беше всушност, само генијална и верна имитација на
манирите што со време, вака или онака, ги прифаќаат Шарлисоците кога ќе
дојдат во определена фаза на својата бољка, како што обично некој паралитичар
или некој атаксичар на крајот неизбежно пројавуваат извесни симптоми.
Всушност - токму тоа и го откриваше ова сосема внатрешно, самоникнато
циле-миле - , помеѓу строгиот Шарли, што го познавав, облечен во црно од
главата до петиците, со кусо потстрижана коса и младите шминкери со скапоцен
накит постоеше само чисто привидна разлика, како и помеѓу растревожен човек
кој зборува бргу, постојано мрдајќи, и невропат, кој зборува полека, но страда
од неврастенија во очите на клиничкиот лекар, кој знае дека и него како и
другион го јадат истите тегоби и ја има истата бољка. Впрочем, дека господин де

24
Шарли остарел се гледаше и по сосема други знаци, како што е необичниот обем
кој во неговиот говор го добија извесни изрази, со кои се расфрлаше,
повторувајќи ги секој момент (на пример, „сплет на околности“) и врз кои
баронот, зборувајќи, севезден се потпираше од фраза до фраза како врз
неопходна штака. „Стигна ли веќе Шарли?“ го праша Бришо господин де
Шарли пред да заѕвониме на портата од палатата. „Ах! не знам“, рече баронот
кревајќи ги рацете во воздухот и подзамижувајќи како човек кој не сака да го
обвинат за индискреција, дотолку повеќе што Морел веројатно му имаше
замерено поради нешто (што овој, исто толку страшлив колку и суетен,
одрекувајќи се од господин де Шарли со она исто задоволство со кое се перчеше
со него, го сметаше за важно, иако беше беззначајно) што го кажал баронот.
„Знаете, не знам ништо за она што тој го прави. Не знам ни со кого ме
изневерува, речиси и не се гледаме“. Ако разговорите на две лица кои одржуваат
љубовна врска се полни со лаги, овие не се јавуваат помалу природно во
разговорите што трето лице ги води со еден од љубовниците по однос на лицето
што последниов го сака, без оглед на тоа од кој пол е.
„Одамна ли не сте го виделе?“ го прашав господин де Шарли, за да изгледа
дека не се плашам да му зборувам за Морел, а наедно и дека не верувам оти тој
постојано живее со него. „Случајно дојде на пет минути утринава, додека сѐ
уште наполу спиев, и седна на крајот од мојата постела небаре ќе ме силува“.
Веднаш помислив дека господин де Шарли се видел со Морел пред еден час,
зашто кога ќе прашате нечија љубовница кога се видела со човекот за кој се знае
- а за кој таа можеби претпоставува оти се мисли - дека ѝ е љубовник, таа, ако
јадела со него, ќе ви одговори: „Се видов за миг со него пред да ручам“.
Единствената разлика помеѓу тие два факта е што едниот е лажен, а другиот
вистинит, со тоа што лажниот е исто толку невин, или, ако така повеќе ви се
допаѓа, исто толку виновен. Затоа и не можеме да сфатиме зошто љубовницата
(а овдека господин де Шарли) секогаш го избира лажниот факт, ако не знаеме
дека тие одговори се предодредени, и без знаење на лицето што ги дава, од
извесен број фактори кој изгледа толку несразмерен со беззначајноста на фактот
што се извинуваме поради тоа што им придаваме значење. Но, за некој физичар,
местото што го зазема најмалото бозово топче се објаснува со дејствието, со
судирот или рамнотежата, на законите на привлекувањето и одбивањето кои
управуваат и со многу поголеми светови. Да ги споменеме овдека, само заради
потсетување, желбата да се изгледа природен и смел, инстинктивниот гест да
прикриеме некаков состанок, смеса од срамежливост и феленичарство,
потребата да се исповедите за она што ви е толку пријатно и да покажете дека
сте љубен, проникнување во она што го знае или го претпоставува - а не го

25
кажува - соговорникот, проникнување поради кое, одејќи подалеку или
поблиску од неговото, де го преценуваме де го потценуваме, ненамерната желба
да си играме со оган и волјата помалото да се жртвува заради спас на главното.
Исто толку различни закони, кои дејствуваат во спротивни насоки, ги диктираат
повоопштените одговори што се однесуваат на невиноста на „платонизмот“,
или, напротив, на плотната стварност, на односите што сме ги имале со лицето
за кое велиме дека сме го виделе изутрина, иако сме го виделе навечер. Сепак, да
речеме воопштено дека господин де Шарли, и покрај влошувањето на неговата
бољка, која без прекин го тераше да открива, да навестува, еднипати просто да
измислува компромитирачки подробности, во тој период од својот живот
настојуваше да потврди дека Морел не е од истиот сој луѓе како него, Шарли, и
дека помеѓу нив постоеше само пријателство. Тоа не беше пречка (иако можеби
беше вистина) понекогаш да си противречи (како по прашањето за тоа кога го
видел последен пат), било затоа што тогаш, заборавајќи се, ќе ја кажеше
вистината, или повеќе сакаше да излаже за да се пофали, или од
сентименталност, или сметајќи дека е духовито да го доведе во заблуда
соговорникот. „Вие убаво знаете, продолжи баронот, дека тој ми е добро
другарче, спрема кое одгледувам најголема приврзаност, како што сум сигурен
(се сомневаше ли во тоа штом почувствува потреба да каже дека е сигурен?)
дека и тој ја одгледува спрема мене, но помеѓу нас нема ништо друго, ни волку,
ме разбирате, ни најмалу, рече баронот исто толку природно како да зборува за
дама. Да, утринава дојде за да ме потегне за нозете. Иако убаво знае дека мразам
некој да ме види во постела. Вие не мразите? Ох! тоа е ужас, толку непријатно,
човек е страшно грд, да се исплашите, убаво знам дека веќе немам дваесет и пет
години и не изигрувам невина душичка, па сепак, секој човек сака малу и да се
перчи“.
Можно е баронот да беше искрен кога зборуваше за Морел како за добро
другарче и дека можеби ја кажа вистината, мислејќи дека лаже, кога рече: „Не
знам што прави, неговиот живот ми е непознат“. Навистина, да кажеме
(прескокнувајќи неколку недели во раскажувањево, на кое ќе се вратиме веднаш
по оваа заграда што ја отвораме додека господин де Шарли, Бришо и јас одевме
накај домот на госпоѓа Вердирен), да кажеме дека, набргу по таа вечерна забава,
едно писмо, што тој го отвори од невнимание, а што беше адресирано на Морел,
ќе го разжали и вџаси баронот. Тоа писмо, што посредно ќе ми зададе најсурова
болка и мене, беше напишано од страна на актерката Леа, прочуена по својата
исклучива склоност спрема жените. Елем, нејзиното писмо до Морел (за кого
господин де Шарли дури и не слутеше дека ја познава) беше напишано во
најстраствен тон. Неговиот простотилак не дозволува овдека да биде пренесено,

26
но може да се спомене дека Леа му се обраќаше само во женски род, велејќи му:
„Гнасо низаедна!“, „Мила моја убавице, ти си барем од тој сој, итн“. А во тоа
писмо стануваше збор за повеќе други жени што изгледа му беа пријателки на
Морел исто толку и на Леа. Од друга страна, мајтапењето на Морел со господин
де Шарли и на Леа со некој офицер што ја издржавал, а за кого таа велеше: „Во
своите писма ме преколнува да бидам умна! Претстави си! бело мое маченце“,
му откри на господин де Шарли една реалност која уште помалу ја наслутуваше
одошто толку необичните односи на Морел со Леа. Баронот особено го
растревожија зборовите „од тој сој“. Иако отпрвин не знаеше за што се работи,
тој најпосле, и тоа од поодамна, дозна дека и самиот е „од тој сој“. Сега, меѓутоа,
претставата што за тоа ја имаше беше одново доведена во прашање. Кога откри
дека и самиот е „од тој сој“, мислеше дека под ова се подразбира оти тој нема,
како што вели Сен-Симон, склоност спрема жените. А еве како, во случајот на
Морел, изразот „од тој сој“ добиваше пошироко значење кое господин де
Шарли не го познаваше, до тој степен што Морел, според тоа писмо, беше доказ
оти е „од тој сој“ бидејќи имал иста склоност како и некои жени спрема самите
жени. Оттогаш љубомората на господин де Шарли немаше причина да се
ограничи врз мажите што Морел ги познаваше, туку се протегна и врз самите
жени. На тој начин, суштествата „од тој сој“ не беа само оние на кои си
мислеше, туку цел еден огромен дел од планетата, што се состоеше како од жени
така и од мажи, мажи кои ги сакаат не само мажите, туку и жените, и баронот,
пред тоа ново значење на еден израз што му беше толку близок чувствуваше
дека разумот, исто како и срцето, му го мачи некој немир пред тоа двојно
таинство од кое љубомората му се зголемуваше, а дефиницијата едновремено
стануваше недостатна.
Во животот господин де Шарли отсекогаш беше само аматер. Што ќе рече,
незгодите од ваков вид не можеа да му бидат од каква и да е полза. Мачниот
впечаток што тие го ставаа врз него тој го претвораше во жолчни сцени, во кои
умееше да биде речовит, или во подмолни сплетки. Но, за некој што ги имаше
вредностите на Бергот, на пример, тие можеа да бидат драгоцени. Можеби
токму ова е делумно објаснение (зашто ние постапуваме напосоки, избирајќи го,
како и животните, растението кое ни одговара) што луѓето како Бергот главно
живеат во друштво на просечни, опачни или лоши луѓе. Убавината на овие е
доволна за мечтите на писателот, му ја распалува добрината, но воопшто не ја
преобразува природата на неговата животна сопатничка, чијшто живот, на
илјада метри подолу од неговиот, чиишто неверојатни односи, и лагите во врска
со нив, а особено во друг правец од очекуваниот, се укажуваат одвреме навреме,
осветлени небаре од секавици. Лагата, совршената лага за луѓето што ги

27
познаваме, за односите што сме ги имале со нив, за нашите побуди во некоја
постапка што ние сме ја изразиле на сосема поинаков начин, лагата за тоа што
сме ние, за она што го сакаме, за она што го чувствуваме за суштеството кое нѐ
сака и кое верува дека нѐ обликувало да бидеме слични на него бидејќи нѐ гушка
по цел ден, таа лага е една од единствените работи на светот што може да ни
отвори видици врз новото, врз непознатото, што може да ги разбуди во нас
заспаните сетила за набљудување на световите што инаку никогаш не би ги
запознале. Што се однесува до господин де Шарли, треба да се каже дека тој,
вџасувајќи се кога за Морел дозна извесни работи кои овој грижливо ги криеше
од него, немаше право што од тоа заклучи дека е грешка човек да се зближи со
луѓе од народот и дека тие толку мачни откритија2* (од кои најтешко беше она за
едно патување на Морел со Леа, иако тој го уверуваше господин де Шарли дека
во тоа време бил да студира музика во Германија. За да ја сочини својата лага тој
се беше послужил со добронамерни луѓе, на кои им имаше испратено писма во
Германија од каде што тие му ги беа препратиле на господин де Шарли, кој
инаку беше толку убеден дека Морел е таму што не го погледа дури ни
поштенскиот жиг). И навистина, во последниот том од ова дело ќе го видиме
господин де Шарли како прави работи кои уште повеќе би ги вџасиле членовите
на неговото семејство и неговите пријатели, одошто него можеше да го вџаси
животот на Морел што му го откри Леа.
Но, време е да се вратиме кај баронот кој, со Бришо и мене, ѝ се
приближуваше кон портата на Вердиренови. „А што се случи, додаде тој,
свртувајќи се кон мене, со вашиот млад еврејски пријател со кој се среќававме
во Дувил? Мислев дека можеби би можеле, доколку тоа би ви причинило
задоволство, да го поканиме една вечер“. Всушност, господин де Шарли,
задоволувајќи се да побара без срам и перде од некаква полициска агенција да
шпионира што прави и каде се движи Морел, како што тоа би го сторил некој
маж или љубовник, не пропушташе да им обрнува внимание на другите
младичи. Надзорот над Морел, со кој беше задолжен еден стар слуга, а се
вршеше преку некаква агенција беше толку безобѕирно, што лакеите мислеа
дека и нив ги следат, а една собарица веќе не можеше да живее, па не
излегуваше на улица мислејќи дека зад петиците севезден ја следи некој
полицаец. „Таа може да прави што сака! Никој нема да си го губи времето и
парите за да ја следи! Не оти некого го интересира што прави таа!“ ќе извикнеше
иронично стариот слуга, зашто, иако воопшто не ги делеше склоностите на

2* Реченицава останала недовршена (заб. на преведувачот).

28
баронот, му беше толку страсно приврзан на својот господар, служејќи му со
толкав жар, што конечно фати да зборува за тие склоности небаре беа и негови.
„Тоа е сушта честитост“, велеше господин де Шарли за тој стар слуга, зашто ние
никогаш не го цениме никого толку многу како оние што, заедно со големите
доблести, ја имаат и таа - штедро да им ги ставаат на располагање на нашите
пороци. Впрочем, господин де Шарли беше способен да почувствува љубомора
во врска со Морел само спрема мажи. Жените во него не можеа да ја разбудат.
Тоа е, инаку, речиси општо правило кај Шарлиевци. Љубовта на мажот кого го
сакаат спрема некоја жена е нешто друго, што се случува во некој друг
животински вид (лавот ги остава тигрите на мира), не им пречи и, би се рекло,
повеќе ги смирува. Верно, еднипати, на оние што од инверзијата прават култ, од
таквата љубов им се гади. Тогаш му се лутат на својот пријател што се впуштил
во тоа, но не како за предавство, туку како за морален пад. Некој Шарли,
поинаков од баронот, ќе беше огорчен што гледа дека Морел има односи со
некаква жена, како што ќе беше да прочиташе на некаков плакат дека тој,
интерпретаторот на Бах и Хендел, ќе го свири Пучини. Впрочем, затоа и
младите луѓе од користољубие се согласуваат на љубов со Шарлиевците, им
тврдат дека жените кај нив предизвикуваат само гадење, како што би му рекле
на лекарот дека никогаш не пијат алкохол, туку сакаат само изворска вода. Но,
во тој поглед, господин де Шарли малу отстапуваше од вообичаеното правило.
И бидејќи кај Морел го восхитуваше сѐ, неговите успеси кај жените не го лутеа,
туку му ја причинуваа истата радост како и успесите на концерти и на карти.
„Знаете, драги мој, тој умее со жените“, велеше со израз небаре е тоа откритие,
скандал, можеби од завист, а особено од восхит. „Тој е извонреден, ќе додадеше.
Највидните ороспии насекаде гледаат само во него. Насекаде го забележуваат, в
метро како и в театар. Тоа станува здодевно! Не можам да појдам со него в
ресторан, а келнерот да не му донесе љубовни пораки барем од три жени. И тоа
секогаш од убави. Впрочем, тоа не е чудно. Го гледав вчера, можам да ги
разберам, толку се разубавил, изгледа како портрет од Бронѕино, навистина е
прекрасен“. Но, господин де Шарли сакаше да покаже дека го сака Морел и да
ги убеди другите, а можеби и себеси, дека и овој го сака. И покрај тоа што ова
младо момче можеше да ѝ наштети на неговата положба во високото општество,
баронот со некој вид самољубие настојуваше постојано да го има крај себе.
Зашто (а тоа е чест случај со видни луѓе и снобови, кои, од суета, ги прекинуваат
сите свои односи и насекаде се појавуваат со својата љубовница, жена од полу-
светот или порочна дама, што никој не ја прима, додека ним, меѓутоа, им се
чини ласкаво што се врзале за неа) тој беше дошол до онаа точка во која
самољубието од петни жили настојува да ги уништува целите што ги

29
постигнало, било затоа што на човек, под влијание на љубовта, му прават
посебно задоволство, кое само тој го забележува, фаленичарските односи со
лицето што го сака, било затоа што, поради слабеењето на остварените
монденски амбиции и сѐ посилниот наплив на љубопитност за слугите, дотолку
понеодоллива колку што е поплатонска, оваа не само што ја достигнала, туку и
ја пречекорила цртата на која другите со судни маки се задржале.
Што се однесува до другите младичи, господин де Шарли сметаше дека
постоењето на Морел не е пречка за неговата склоност спрема нив, а дека тоа
што него го бие глас на сјаен виолинист или што почнува да станува сѐ попознат
како композитор и новинар, би можело во извесни случаи да биде и мамка за
нив. Кога на баронот ќе му претставеа некој млад композитор пријатен за око,
тој бараше начин преку дарбите на Морел да му искаже некаква љубезност на
новодојденецот. „Би требало, му велеше тој, да ми ги донесете вашите
композиции за да ги свири Морел на концерт или на турнеја. Има толку малу
пријатна музика пишувана за виолина! Неочекувана среќа е да се најде нешто
ново. А и странците тоа многу го ценат. Дури и во внатрешноста има мали
музички кружоци во кои музиката ја сакаат со чудесен жар и разбирање“.
Нималу поискрено (зашто сето тоа служеше само како мамка, а Морел ретко
кога се согласуваше да ги изведе), кога Блок рече дека е по малу поет, „кога ќе го
фателе мајките“, и притоа додаде со саркастична смеа со која имаше обичај да
проследи некаков излитен израз кога не можеше да пронајде некој оригинален
збор, господин де Шарли ми рече: „Кога веќе пишува стихови, кажете му на тој
млад Израелит, дека секако би требало да ми ги донесе заради Морел. За еден
композитор е секогаш мошне тешко да најде нешто убаво за да го преточи во
музика. Би можеле дури да размислиме за некакво либрето. Не би било
неинтересно, а би можело да има извесна вредност и по заслуга на поетот, и
поради моето покровителство и поради цел еден сплет од поволни околности,
меѓу кои првото место го зазема талентот на Морел. Зашто тој сега многу
компонира, а и пишува мошне убаво, еднаш ќе ви зборувам за тоа. Што се
однесува до неговиот изведувачки талент (знаете дека во тоа е вистински
мајстор), вечерва ќе видите како тоа момче убаво ја свири музиката на Вентеј.
Ме вчудовидува, такво разбирање на негова возраст, а притоа си останува
детиште, учениче! Ох! вечерва е само мала проба. Големата мајсторија ќе биде
за неколку дена. Но, денес ќе биде многу поотмено. Затоа и сме восхитени што
дојдовте, рече тој, употребувајќи го тоа ние, несомнено затоа што кралот вели:
ние сакаме. Поради прекрасната програма, ѝ советував на госпоѓа Вердирен да
приреди две свечености. Едната за неколку дена, на која ќе бидат сите нејзини
познајници, другата вечерва, на која Газдарицата, како што се вели на судски

30
јазик, ќе се откаже од правото врз нив. Јас лично ги испратив поканите,
повикувајќи неколку пријатни личности од една друга средина, што може да му
бидат од полза на Морел, а на Вердиренови ќе им биде мило да ги запознаат.
Мошне е убаво најубавите творби да ги изведуваат најголемите уметници, нели,
но, ако публиката е составена од галантеристката отспротива и од бакалот на
аголот, приредбата останува како придушена со памук. Вие знаете што мислам
за интелектуалното рамниште на луѓето од високото општество, но тие може да
играат и доста важни улоги, меѓу другите и улогата што во јавните настани му е
доделена на печатот, а се состои во тоа да бидат орган за разгласување. Сфаќате
што сакам да кажам, ја поканив, на пример, снаа ми Оријана; не е сигурно дека
ќе дојде, но сигурно е, напротив, дека, ако дојде, нема воопшто ништо да
разбере. Но, од неа и не се бара да разбере, што е над нејзините можности, туку
да зборува, што ѝ е восхитувачки својствено, а таа тоа не пропушта да го прави.
Последица: од утре, наместо молкот на галантеристката и бакалот, оживеан
разговор кај Мортемарови, каде што Оријана ќе раскажува како слушала
чудесни работи, како некој Морел, итн., и неописив бес на оние што не биле
поканети, кои ќе речат: ‘Паламед несомнено сметал дека сме ние недостојни;
впрочем, што луѓе се тие кај кои тоа се случило’, спротивно мислење исто толку
корисно како и пофалбите на Оријана, зашто постојано се повторува името
„Морел“ за, на крајот, да се вреже во сеќавањето како лекција што сме ја
прочитале десет пати со ред. Сето тоа создава сплет од околности што може да
биде од значење за уметникот, за домаќинката, да послужи во некоја рака како
мегафон за една приредба за која, на тој начин, ќе може да чуе и подалечна
публика. А за ова човек навистина вреди да се помачи. Ќе видите колку
напредувал. А, впрочем, драги мој, кај него откривме уште една дарба, пишува
како ангел. Ви велам, како ангел.
Мислев дека можеби вие, кој го познавате Бергот3*, освежувајќи му го
сеќавањето во врска со прозите на момчаков, би можеле и малу да соработувате
со мене, да ми помогнете да создадеме сплет од околности кадри да го
потпомогнат двојниов талент, на музичар и писател, кој еден ден би можел да се
здобие со углед како тој на Берлиоз. Увидувате, се надевам, што треба да му се
каже на Бергот. Знаете, славните луѓе често мислат на нешто друго, ним им се
ласка, тие не се интересираат за ништо друго освен за себе. Но Бергот, кој е
навистина едноставен и услужлив би требало да ги пушти преку Gaulois, или

3*Пасусот што следи не води сметка за приказот на смртта на Бергот, што подоцна бил вметнат во
романот (заб. на преведувачот).

31
што знам каде, оиие мали хроники, пишувани наполу од хуморист, наполу од
музичар, што се мошне убави, и јас би бил навистина мошне задоволен Морел
да си ја закити виолината со иекаква дребулија од перото на Енгрес. Убаво знам
дека лесно претерувам кога се работи за него, како и сите оние слатки бабички
од Конзерваториумот. Како тоа, драги мој, не го знаевте тоа? Но, тоа е затоа што
вие не ја познававте мојата навивачка страна. Со саати стојам како камењарка
пред вратите на испитните комисии. Се забавувам како кралица. А, што се
однесува до Бергот, тој ме уверуваше дека сето тоа навистина било мошне
добро“.
Господин де Шарли, кој одамна го познаваше преку Сван, и навистина беше
отишол да го посети и да го замоли да издејствува за Морел да пишува за некој
весник некој вид наполу хумористични хроники за музиката. Одејќи кај него,
господин де Шарли донекаде го гризеше совеста, беше свесен дека никогаш не
го посетува заради него самиот, туку, благодарение на вниманието,
полуинтелектуално, полуопштествено што Бергот го одгледуваше за него, за да
издејствува некаква покрупна услуга за Морел, за госпоѓа Моле и за толкумина
други. Господин де Шарли не се грижеше премногу од тоа дека високото
општество веќе не му служи за ништо друго освен за тоа, но, кога беше во
прашање Бергот, тоа му изгледаше полошо, зашто чувствуваше дека Бергот не е
користољубив како луѓето од високото општество и заслужуваше подобар
однос. Но, животот му беше и премногу исполнет и тој наоѓаше слободно време
само кога сакаше нешто, на пример, кога тоа се однесуваше на Морел. Згора на
тоа, бидејќи беше мошне интелигентен, беше и доста рамнодушен спрема
разговорот со интелигентен човек, а особено спрема разговорот со Бергот, кој,
за неговиот вкус, беше и премногу книжевник, а и од друг клан, кој не
влегуваше во неговото видно поле. Што се однесува до Бергот, тој беше сосема
свесен за користољубието на посетите на господин де Шарли, но не му земаше
кусур; зашто беше неспособен за доследна добрина, но сакаше да угоди, полн со
разбирање, некабожен да почувствува задоволство некому да му одржи лекција.
Што се однесува до порокот на господин де Шарли, тој воопшто не го делеше,
туку врз него повеќе гледаше како врз посебен елемент на колоритот на
личноста, она fas et nefas, што за еден уметник не се состои во некакви морални
обрасци, туку во сеќавањата на Платон или на Содом.
Господин де Шарли пропушти да каже дека од пред некое време, како оние
велможи од XVII век, кои одбивале да ги потпишат, па дури и да ги напишат
своите памфлети, го тера Морел да пишува клеветнички писанија од најдолен
вид против грофицата Моле. А ако овие им се чинеа безобразни и на оние што ги
читаа, колку ли само беа посурови за таа млада жена, која во нив откриваше

32
делови од свои писма, буквално наведени, но употребени во смисла во која
можеа да ја обезумат како најсурова одмазда, а толку вешто вметнати што никој,
освен неа, не можеше да ги забележи. Од тоа младата жена и си умре. Но во
Париз секој ден излегува, би рекол Балзак, некој вид уснен весник, пострашен
од другиот. Подоцна ќе видиме дека тој уснен печат ќе ја претвори во прав и
пепел моќта на еден Шарли што излегол од модата, а високо над него ќе издигне
еден Морел кој не вредеше ни милионити дел од својот некогашен заштитник.
Таа интелектуална мода е барем наивна и искрено верува во ништожноста на
еден генијален Шарли, во неоспорниот авторитет на еден глупав Морел.
Баронот и не беше толку невин во своите неумолливи одмазди. Оттаму
несомнено и беше тој горчлив отров во неговата уста, од чиешто ширење како да
му пожолтуваа образите кога ќе се налутеше.
„Ќе ми беше мошне мило тој да дојдеше вечерва, зашто ќе ги чуеше творбите
што Морел навистина ги свири најдобро. Но тој не излегува, не сака да му
додеваат и наполно е во право. Само, ни вас, убава младино, воопшто ве нема на
кејот Конти. Не го злоупотребувате!“ Реков дека најмногу излегувам со својата
роднина. „Го гледате ли овој! чистотников излегувал со својата роднина!“ му
рече господин де Шарли на Бришо. Сетне, обраќајќи ми се мене: „Па ние и не ви
бараме отчет за тоа што го правите, дееете мое. Слободен сте да го правите сето
она што ве забавува. Нам ни е жал само што не можеме да учествуваме во тоа.
Впрочем, вие имате мошне добар вкус, вашата роднина е толку мила, прашајте
го Бришо, главата му беше полна со неа во Дувил. Ќе жалиме по неа вечерва. Но
можеби и добро сторивте што не ја доведовте. Музиката на Вентеј е прекрасна.
Но, утринава дознав од Морел дека тука секако ќе биде ќерката на авторот и
нејзината пријателка, две личности што ги бие ужасен глас. Тоа секогаш е
непријатно за една девојка. Тоа по малу ми пречи дури и мене, поради луѓето
што ги поканив. Но, со оглед на тоа што сите тие се на зрела возраст, за нив сето
тоа и не е така важно. Двете госпоици ќе бидат тука, освен ако не се случи да не
можат да дојдат, зашто тие неизоставно требале да бидат сето попладне при
проба на етидите, што госпоѓа Вердирен ја приредила неодамна, а на која ги
поканила само давежите, семејството и оние што не би требало да дојдат
вечерва. Елем, кусо време пред вечерата Морел ми рече дека неизоставно
очекуваните две госпоици Вентеј, како што си ги викаме ние, не дошле“. И
покрај ужасната болка што ја почувствував поврзувајќи ја одненадеж (како
отпрвин единствено познатата последица, така и нејзината најпосле откриена
причина) желбата на Албертина да дојде со до пред малу најавуваното
присуство (за кое јас и не знаев) на госпоѓица Вентеј и нејзината пријателка, јас
сепак ја зачував присебноста на духот да забележам дека господин де Шарли,

33
кој само пред неколку минути ни рече дека не се има видено со Морел од
изутрина, сега расеано призна дека го видел пред вечерата. Само, мојата болка
стануваше видлива. „Ама што ви стана вам? ми рече баронот, сиот сте зелен;
ајде, да влеземе, ќе настинете, лошо изгледате“. Ова што во мене го разбудија
зборовите на господин де Шарли не ми беше прв сомнеж во добродетелта на
Албертина. Веќе ме беа обзеле и многу други; при секој нов сомнеж човек си
мисли дека мерата е превршена, дека нема да може да го поднесе, потем сепак
му наоѓа место, а штом еднаш ќе ни го внесат во животната средина, тој во неа
ќе фати да се натпреварува со толку многу желби да веруваме, со толку многу
причини да заборавиме, што доста бргу човек свикнува и конечно веќе не се
занимава со него. Останува само како наполу излекувана болка, обична закана
со страдање, закана што, како опачина на желбата, а од иста природа како неа,
станала средиште на нашите мисли, па на беспределни далечини зрачи во нив
некаква левтерна тага, што, како неа, станала средиште на задоволства од
непознато потекло, секаде каде што нешто може да се поврзе со претставата за
онаа што ја сакаме. Но, болката се буди кога во нас ќе навлезе некој нов, целосен
сомнеж; попусто е што безмалу веднаш си велиме: „ќе се снајдам, мора да
постои начин да не страдам, тоа и не мора да биде вистина“, сепак постои еден
прв миг во кој човек страда како да верува. Да имавме само крајници, како што
се нозете и рацете, животот ќе беше поднослив. За жал, ние во себе го носиме
она органче што го викаме срце, кое е подложно на извесни болести за време на
кои е бескрајно чувствително за сето она што се однесува на животот на извесна
личност и во кои некаква лага - таа инаку толку беззлобна работа, било да сме ја
смислиле ние или некој друг, среде која живееме толку весело - што потекнува
од таа личност, предизвикува неподносливи напади во тоа мало срце, кое би
требало да може хируршки да ни се отстрани. За мозокот и да не зборуваме,
зашто нашата мисла за време на тие напади попусто бесконечно расудува, таа не
може да ги преобразува повеќе одошто нашето внимание забоболката. Вистина
е дека таа личност е виновна што нѐ излажа, зашто ни се заколна дека секогаш ќе
ни ја кажува вистината. Но, ние знаеме, и според себеси и според другите, колку
вредат тие заклетви. А сакавме да им поверуваме зашто доаѓаа од неа, што
токму и ги имаше сите можни причини да нѐ лаже, а што, од друга страна, и не ја
избравме поради нејзините добродетели. Вистина е дека подоцна речиси нема
ни да има потреба да нѐ лаже - токму кога срцето ќе стане рамнодушно спрема
лагата - зашто нејзиниот живот веќе и не нѐ засега. Знаеме дека е така, а и покрај
тоа без жалење си го жртвуваме својот, било убивајќи се, било, убивајќи ја,
правиме да нѐ осудат на смрт, било така што за неколку години за неа просто ќе
си го потрошиме сиот имот, што сетне нѐ присилува да се убиеме зашто немаме

34
веќе ништо. Впрочем, колку и да верува дека е мирен кога љуби, љубовта во
срцето на човека е постојано во состојба на несигурна рамнотежа. Некаква
ситница е доволна да го доведе човека во состојба на среќа и тој тогаш блеска,
не опсипувајќи ја со нежности саканата, туку оние што нѐ кренале високо во
нејзините очи, што ја варделе од секакво лошо искушение; човек мисли дека е
мирен, а доволен е еден збор: „Жилберта нема да дојде“, „Поканета е и
госпоѓица Вентеј“, за да се урне сета подготвувана среќа кон која се стремел, да
зајде сонцето, да се сврти розата на ветровите и да се крене внатрешната луња на
која еден ден не ќе биде кабожен да ѝ се спротистави. Тој ден, денот кога срцето
станало толку кршливо, пријателите што ни се восхитуваат страдаат што такви
никаквеци, што извесни суштества можат да ни зададат болка, да нѐ натераат да
умреме. Само, што можат да сторат тие? Кога некој поет умира од пневмонија,
може ли да си ги замислите неговите пријатели како ѝ објаснуваат на
пневмококата дека тој поет е даровит и дека таа би морала да го пушти да
оздрави? Сомнежот во врска со госпоѓица Вентеј не беше наполно нов. Но, дури
и таков, него го развеа мојата попладневна љубомора, предизвикана од Леа и
нејзините пријателки. А кога веќе еднаш беше отстранета опасноста од
Трокадеро, почувствував, поверував дека еднаш за секогаш ми се вратил
целосен мир. Но, новото за мене беше пред сѐ некаква прошетка за која Андреја
ми рекла: „Одевме наваму-натаму и никого не сретнавме“, додека, напротив,
токму на неа очигледно госпоѓица Вентеј ѝ закажала состанок на Албертина кај
госпоѓа Вердирен. Сега од сѐ срце ќе ја пуштев Албертина да излегува сама и да
оди кај што сака, само да можев да ги затворам негде госпоѓица Вентеј и
нејзината пријателка и да бидам сигурен дека Албертина нема да се види со нив.
Зашто, љубомората е главно делумна, поместена на прескок, било затоа што е
болно продолжение на некакво стрелушење предизвикано де од една де од друга
личност, што нашата пријателка би можела да ја љуби, било немоќта на нашата
мисла, која може да го сфати само она што си го претставува, а другото го остава
во матежот од кој сепак не може да се страда.
Во моментот кога требаше да влеземе во дворот на палатата нѐ втаса Саниет,
кој веднаш и не нѐ беше препознал. „А ве гледав од пред малу, ни рече тој сиот
зазбивтан. Зарем е чудно што се двоумев?“ „Зарем не е чудно“, ќе му се видеше
како грешка, зашто стануваше очајно близок со старите јазички форми. „Вие сте
сепак луѓе за кои човек може да признае дека му се пријатели“. Неговото
сивкаво лице како да беше озарено од оловниот отсјај на некаква луња“.
Неговата зазбивтаност, до која и ова лето идеше само кога господин Вердирен
ќе го „испеглаше“, сега беше постојана. „Знам дека извонредни уметници, а
нарочно Морел, ќе изведат едно досега необјавено дело на Вентеј. - Зошто

35
нарочно? запраша баронот, кој во тој прилог виде некаква критика. „Нашиот
пријател Саниет, поита да објасни Бришо, кој играше улога на толкувач, многу
сака да го зборува, како извонредно начитан човек, јазикот на едно време во кое
„нарочно“ одговараше на „посебно“.
Додека влегувавме во претсобјето на палатата, господин де Шарли ме
запраша дали работам, и кога му реков дека не работам, туку во моментов многу
се интересирам ча стари сервиси од сребро и порцелан, тој ми рече дека поубави
од тие на Вердиренови не ќе можам да видам, дека, впрочем, сум можел да ги
видам и во Ла Распелиер, зашто тие, под изговор дека и предметите се
пријатели, ја правеа лудоста сѐ да носат со себе, дека ќе биде малу незгодно сето
тоа да ми го изнесуваат за време на соарето, но дека тој ќе побара да ми покажат
што ќе посакам. Го замолив да не прави ништо од сето тоа. Господин де Шарли
си ја откопча наметката, ја симна шапката; видов дека сега врвот од главата
овде-онде му се сребрееше. Но, како што некоја скапоцена грмушка, која есента
не само што ја вапсува, туку на која извесни листови ѝ ги заштитуваат со
обвивки од вата или со облози од гипс, така и тие неколку бели влакна врз
темето беа само додаток повеќе кон шаренилото од господин де Шарли што му
го дополнуваа шаренилото на лицето. Па сепак, дури и под слоевите од
различни изрази, од шминки и лицемерје, што толку лошо го маскираа, лицето
на господин де Шарли и натаму за сите ја криеше тајната што мене ми се чинеше
дека ја обзнанува на сиот глас. Мене речиси ми пречеа неговите очи, зашто се
плашев да не ме фати како во нив го читам небаре од отворена книга, неговиот
глас кој како да ја повторуваше во сите тонови и со неуморна непристојност. Но,
луѓето добро си ги чуваат тајните, зашто сите оние што ќе им се приближат се
глуви и слепи. Оние што ќе ја дознаеја вистината од овега или онега, од
Вердиренови, на пример, веруваа во неа, но само додека не го запознаеја
господин де Шарли. Неговото лице, далеку од тоа да ги шири, ги растеруваше
злите гласови. Зашто ние за определени поими си создаваме толку крупна
претстава што не би можеле да ја поистоветиме со блиските црти на познајник.
И тешко би поверувале во пороците, како што никогаш не би поверувале ни во
генијалноста на некој човек со кого сношти сме биле во Опера.
Господин де Шарли си ја предаваше наметката со препораки на постојан
гостин. Но, лакејот на кој му ја подаваше беше некој нов, сосема млад. А
господин де Шарли сега често, како што се вели, губеше глава и не водеше
сметка за она што смее и што не смее да се прави. Сега му се случуваше,
достојната за пофалба желба, што ја имаше во Балбек, да покаже дека не зазира
од определени теми, дека не се плаши за некого да изјави: „Тоа е убаво момче“,
да каже, со еден збор, дури и работи кои би можел да ги каже некој што не е како

36
него, таа желба да ја пројави кажувајќи, напротив, нешта што никогаш не би
можел да ги каже некој што не ќе беше како него, нешта кои севезден му се
вртеа во главата што забораваше дека тие не се дел од она вообичаеното
интересирање на луѓето. Затоа, гледајќи го новиот лакеј, заканувачки го крена
показалецот во воздух, па, верувајќи дека е тоа кој знае каква успешна шега:
„Чујте вие, ви забранувам да ми намигнувате на тој начин“, рече баронот, па,
свртувајќи се кон Бришо: „Малиов има чудна фаца и интересен нос“; па,
дополнувајќи си ја ѓаволштината, или попуштајќи на некаква желба, го спушти
показалецот хоризонтално, за миг се двоумеше, сетне, не можејќи веќе да се
воздржи, неодолливо го турна право кон лакејот и му го допре врвот од носот
велејќи: „Цап!“, потем влезе во салонот во придружба на Бришо, мене и на
Саниет, кој ни кажа дека во шест часот умрела кнегињата Шербатова. „Каква
луда куќа!“ си рече лакејот, кој ги праша своите другари дали баронот е
шегаџија или луд. „Тој така се однесува, му одговори управителот на послугата
(кој сметаше дека баронот е малу „чукнат“, дека „не е со сите“), но тој е еден од
пријателите на госпоѓата, кого јас секогаш најмногу сум го ценел, добра душа“.
Во тој миг ни дојде во пресрет господин Вердирен; само Саниет, не без страв
дека ќе настине, зашто надворешната врата постојано се отвораше, помирен со
судбината, чекаше да му ги земат пљачките. „Што правите таму, како куче на
две нозе? го праша господин Вердирен. - Чекам луѓево што ги вардат алиштата
да ми ја земат наметката и да ми дадат број. - Што велите? запраша строго
господин Вердирен: ‘што ги вардат алиштата’. Да не сте малу изветреан? Се
вели: ‘што внимаваат на алиштата’. Или треба одново да учите француски како
луѓе што доживеале мозочен удар? - Варди нешто е точниот израз, промрморе
Саниет со испрекинат глас; опатот Ле Бате... - Вие навистина ме нервирате,
извикна господин Вердирен со страшен глас. Како само збивтате! Да не сте се
качувале на шести кат?“ Последица од грубоста на господин Вердирен беше тоа
што гардероберите пуштија некои други луѓе пред Саниет, а, кога тој сакаше да
ги подаде своите пљачки, му одговорија: „Само со ред, господине, не брзајте
толку“. „Еве луѓе од ред, си ја знаат работата, многу убаво, мили мои“, рече со
насмевка на симпатија господин Вердирен за да ги охрабри во намерата Саниет
да го пуштат по сите други. „Дојдете, ни рече тој, ова животно сака да настинеме
до смрт на неговиот омилен провев. Ќе се згрееме малу во салонот. Варделе
алишта! продолжи тој кога влеговме во салонот, каков будала! - Претерува со
прецизноста, но не е лош момчак, рече Бришо. - Не реков дека е лош момчак,
реков дека е будала“, огорчено возврати господин Вердирен.
„Ќе дојдете ли и годинава во Енкарвил? ме праша Бришо. Мислам дека
нашата Газдарица одново го зела под закуи Ла Распелиер, иако ги зела на заб

37
неговите сопственици. Но, сето тоа не е ништо, тоа се облаци што ќе се
распрскаат“, додаде тој со истиот оптимистички тон како и весниците кога
велат: „Имаше грешки, се разбира, но кој не греши?“ А јас се сетив колку
страдав напуштајќи го Балбек, па никако не сакам таму да се вратам. Своите
планови со Албертина севезден ги одлагав за утредента. „Ама, се разбира дека
ќе дојде, ние тоа го сакаме, а и неопходен ни е“, изјави господин де Шарли со
самоволна, неусетна себичност на љубезноста.
Господин Вердирен, комушто му го изразивме своето сочувство по повод
смртта на кнегињата Шербатова, ни рече: „Да, знам дека ѝ е многу лошо. - Ама
не, таа умре во шест часот, извикна Саниет. - Вие секогаш претерувате“, му рече
брутално господин Вердирен на Саниет, кој, бидејќи вечерниот прием не беше
откажан, ја претпочиташе претпоставката за болеста. Госпоѓа Вердирен,
меѓутоа, на големо се советуваше со Котар и Ски. Морел штотуку одбил,
бидејќи господин де Шарли не можел таму да оди, некаква покана кај некои
пријатели на кои таа, меѓутоа, им ветила виолинистот да свири кај нив.
Причината што Морел одбил да свири на вечерниот прием кај пријателите на
Вердиренови, причина на која набргу ќе видиме како се надоврзуваат многу
посериозни, можеше да стане важна благодарение на една навика што им беше
својствена главно на безделничарските средини, а особено на „малото јадро“. Се
разбира, ако госпоѓа Вердирен неочекувано фатеше некој збор изговорен на
полуглас помеѓу некој новодојден и некој верник, што наведуваше на
претпоставката дека се познаваат, или дека имаат желба да се зближат („Тогаш,
в петок кај тие и тие“ или: „Дојдете во ателјето кој ден сакате, таму сум секогаш
до пет часот, навистина ќе ми причините задоволство“), сета растревожена,
претпоставувајќи дека новодојдениот е на „положба“, што од него може да
направи сјаен нов член на малиот клан, на Газдарицага, правејќи се дека ништо
не чула, задржувајќи го својот убав поглед, кој ѝ беше поосенчен поради
навиката да го слуша Дебиси одошто да имаше навика да зема кокаин, изглед на
исцрпеност што им го даваше и самата опиеност од музиката, под нејзиното
убаво чело, испакнато од многуте квартети и мигрените што следеа по нив, ѝ се
мотаа мисли што и не беа исклучиво полифонски; па, не додржувајќи, веќе не
можејќи ни за миг да чека втора инјекција, ќе се нафрлеше врз двајцата
соговорници, одвлекувајќи ги настрана и велејќи му на новодојдениот,
покажувајќи на верникот: „Не би сакале ли да дојдете на вечера со него, во
сабота, на пример, или кој ден ќе посакате со љубезни луѓе? Не зборувајте
премногу гласно, зашто нема да го поканам сиов овој џган“ (израз кој едно пет
минути го означуваше малото јадро, за миг презрено поради новодојдениот во
кој се полагаа толкави надежи).

38
Но, таа потреба да се занесуваат, но и да се зближуваат, си имаше и опачина.
Редовното доаѓање на нивните среди кај Вердиренови будеше и едно спротивно
расположение. Тоа беше желба луѓето да ги раскараат, да ги одделат едни од
други. Неа ја засилија, ја направија речиси бесна месеците поминати во Ла
Распелиер, каде што луѓето беа заедно од утро до мрак. Господин Вердирен се
домислуваше како некого да го фати во грешка, како да исплете пајажина од
која на својата животна другарка ќе може да ѝ подаде некаква невина мушичка.
Во недостиг на вина, некому ќе му измислеа некакво смешно својство. Штом
некој верник ќе излезеше на половина час, се мајтапеа со него пред другите, се
правеа изненадени што овие не забележиле дека нему забите му се секогаш
нечисти, или, напротив, дека боледува од манија да ги четка дваесет пати
дневно. Ако некој се осмелеше да отвори прозорец, поради тој недостиг од
воспитание Газдата и Газдарицата ќе разменеа огорчен поглед. Еден миг
подоцна госпоѓа Вердирен ќе побараше шал, што ќе му послужеше како изговор
на господин Вердирен бесно да каже: „Ама не, ќе го затворам прозорецот, се
прашувам кој ли тоа си дозволил да го отвори“, пред виновникот, што ќе се
вцрвеше до ушите. Посредно ќе ви префрлеа колку вино сте испиле. „Не ви
штети ли? Тоа е добро за некој работник“. Заедничките прошетки на двајца
верници, кои претходно не побарале дозвола од Газдарицата имаа за последица
бескрајни коментари, колку и да беа невини тие прошетки. Прошетките на
господин де Шарли со Морел не беа такви. Само, фактот што баронот не
живееше во Ла Распелиер (поради гарнизонскиот живот на Морел) го забави
моментот на заситеност, на гнасење, на блуење. Тој миг, меѓутоа, само што не
беше настапил.
Таа беше бесна и решена да му ги „отвори очите“ на Морел за смешната и
одвратна улога во која го вовлече господин де Шарли. „Додавам, продолжи
госпоѓа Вердирен (која, инаку, дури и кога чувствуваше дека некому му должи
благодарност, што тешко ѝ паѓаше, а не можеше да го убие, за казна ќе фатеше
да му бара некаква тешка мана која чесно ќе ја ослободеше од должноста да му
ја искажува), додавам дека тој кај мене се перчи и тоа не ми се допаѓа“.
Всушност, госпоѓа Вердирен имаше уште поважна причина да му се лути на
господин де Шарли одошто беше откажувањето на Морел да свири на соарето
кај нејзините пријатели. Овој, горд на честа што ѝ ја укажува на Газдарицата
доведувајќи на кејот Конти луѓе кои навистина тука немаше да дојдат поради
неа, при првите имиња што госпоѓа Вердирен ги спомна како личности што би
можеле да бидат поканети, најкатегорично ги отфрли, со тон што не
поднесуваше приговор, а во кој пакосната горделивост на налудничав велможа
се мешаше со догматизмот на уметник што е стручњак за организирање

39
свечености и кој повеќе ќе сакаше да си ја повлече пиесата и да одбие да
учествува одошто да се согласи на отстапки, кои, според него, би го расипале
успехот во целина. Господин де Шарли даде дозвола, иако со некои огради, само
за Сентин, со кого госпоѓа де Германт, за да не си ја навре на врат жена му, по
секојдневната блискост целосно ги прекина односите, но кого господин де
Шарли, сметајќи го за умен човек, постојано го посетуваше. Верно, Сентин,
некогаш цвет во кругот на Германтови, отиде да си ја побара среќата и, како што
веруваше, потпорката, во една буржоаска средина измешана со ситно
благородништво, каде што сите беа мошне богати и во сродство со
аристократија која високата аристократија не ја познаваше. Но, госпоѓа
Вердирен, знаејќи за благородничките претензии на околината на жената, а
немајќи претстава за положбата на мажот, зашто впечатокот на висока положба
ни го создава она што е речиси непосредно над нас, а не она што ни е безмалу
невидливо зашто се губи во небесата, сметаше дека поканата на Сентин мора да
ја оправда со тоа што тој, „женет за госпоѓица ***“, познаваше многу луѓе.
Поради незнаењето што госпоѓа Вердирен го посведочи со ова тврдење, кое
беше наполно спротивно на стварноста, врз намачканите усни на баронот заигра
насмевка на милостиво презрение и широкоградо разбирање. Не ја удостои со
непосреден одговор, но бидејќи во монденските работи со задоволство
поставуваше теории во кои плодноста на неговата интелигенција и
напернатоста на неговата гордост се здружуваше со наследната површност на
неговите занимања: „Сентин требаше да се посоветува со мене пред да се ожени,
рече тој, како што постои физиолошка, така постои и општествена евгеника, а
јас сум можеби единствениот доктор во неа. Случајот на Сентин не предизвика
никаква дискусија, беше јасно дека склучувајќи го бракот, тој си врза камен
околу вратот и фати да ја крие вистината од луѓето. Неговиот друштвен живот
сврши. Јас тоа ќе му го објаснев, а тој ќе ме сфатеше, зашто е умен. И обратно,
постоеше една личност со се што е потребно за да си обезбеди висока,
доминантна, општо- почитувана положба; само, едно ужасно јаже ја држеше
врзана за земјата. Јас ѝ помогнав, наполу со притисок, наполу со сила, да го
скине тој синџир и сега таа со триумфална радост си ја врати слободата и
семоќта што ми ја должи. Ѝ требаше малу волја, но каква само награда доби!
Така, кога некој умее да ме послуша, самиот станува ковач на сопствената
среќа“. Беше и премногу очигледно дека господин де Шарли не умееше да биде
ковач и на сопствената среќа; едно е да се дејствува, а друго да се зборува, дури
и со речовитост, и да се мисли, дури и остроумно. „Но, што се однесува до мене,
јас сум филозоф кој љубопитно присуствува на општествените реакции што
самиот ги претскажал, но не помага во нив. Затоа, продолжив да се дружам со

40
Сентин, кој спрема мене отсекогаш одгледуваше срдечна почит, каква што и
заслужував. Јас дури и вечерав кај него во неговиот нов дом во кој исто толку
смртно се досадувавме среде неверојатен раскош како што некогаш, кога одвај
врзуваше крај со крај, собираше најдобро друштво на некаков таван. Можете,
значи, да го поканите, дозволувам. Но, ставам вето на сите други имиња што ми
ги предлагате. И ќе ми бидете благодарни, зашто ако сум стручњак по
прашањата за бракот, не сум ништо помалу по прашањата на свеченостите.
Познавам личности што го креваат значењето на некаков собир, му даваат
подем, полет; но зиам и име што умее да го фрли наземи, што целосно го
сотира“. Ваквите исклучувања на господин де Шарли не секогаш беа втемелени
врз ненависта на чукнат човек или на истанчените уметнички чувства, туку врз
вештината на актер. Кога ќе земеше некого или нешто на пик со мошне успешен
стих, сакаше тоа да го чујат што е можно повеќе луѓе, но не пуштајќи ги во
второто оро канетите гости од првото, кои би можеле да забележат дека
приказната е неизменета. Одново ја полнеше салата, токму затоа што не си го
обновуваше плакатот, а кога во разговорот ќе постигнеше таков успех, по
потреба ќе организираше турнеи и ќе даваше претстави во внатрешноста. Какви
и да беа различните побуди за тие исклучувања на господин де Шарли, тие ја
лутеа не само госпоѓа Вердирен, која чувствуваше дека ѝ е повреден
авторитетот на Газдарица, згора на тоа ѝ правеа голема монденска штета и тоа
од две причини. Првата беше што господин де Шарли, уште почувствителен од
Жипиен, се караше, без воошто да се знае зошто, со личности кои беа како
создадени да му бидат пријатели. Се разбира, една од првите казни што можеше
да им се изрече беше да не се дозволи да бидат поканети на некаква свеченост
што тој ја приредуваше кај Вердиренови. Тие пари, меѓутоа, често беа луѓе кои,
како што се вели, му даваа тон на друштвото, но кои, за господин де Шарли ќе
престанеа да бидат тоа дента кога тој ќе се скараше со нив. Зашто неговата
вообразба, толку што беше кадра да им измисли некаков грев на луѓето за тој да
се скара со нив, беше исто толку досетлива да им одземе секакво значење штом
веќе не му беа пријатели. Ако, на пример, виновникот беше човек од многу
старо семејство, но неговото војводство датираше од XIX век, Монтескјуови, да
речеме, за господин де Шарли од денес па натаму беше важна само староста на
војводството, додека староста на семејството не значеше ништо. „Тие не се дури
ни војводи, ќе извикнеше тој. Титулата на опатот де Монтескју незаконито
премина врз еден нивни роднина, нема ни осумдесет години оттогаш.
Сегашниот војвода, ако е воопшто војвода, е третиот. Што велите за луѓе како
што се Изесови, Ла Тремојови, Лијнови, кои се десетти, четиринаесетти војводи,
како што е брат ми, кој е дванаесетти војвода де Германт и седумнаесетти принц

41
де Кондом. Монтескјуови потекнувале од старо семејство, само што докажува
тоа, дури и да е точно? Местото им е на четиринаесетти кат под земја“. Ако беше
каран со некој благородник кому му припаѓаше старо војводство, кој беше во
сродство со најблескави семејства, па дури и кралски, но комушто тој сјај му
дошол некако бргу, иако семејството не се кренало премногу високо, еден Лијн,
на пример, и сѐ се менуваше, главно беше само семејството. „Ајде, ви се молам,
господин Алберти се избистри дури под Луј XIII! Што ни е гајле дека кралската
милост им дозволи да натрупаат војводства врз кои немаа никакво право?“ Дури
и нешто повеќе, кај господин де Шарли, падот често следеше по милоста поради
склоноста својствена за Германтови да го бараат од разговорите, од
пријателството она што тие не можат да им го дадат, згора и симптоматичниот
страв дека ќе бидат предмет на озборувања. А падот беше толку подлабок колку
што милоста беше поголема. Така, никој не уживаше таква милост кај баронот
каква што беше онаа што фалбаџиски ѝ ја искажуваше на грофицата Моле. Со
каков знак на неблагодарност ќе покаже таа еден убав ден дека е недостојна за
неа? Самата грофица постојано велеше дека никогаш не успеала да го открие
тоа. Сеедно, самото нејзино име предизвикуваше кај баронот најжесток бес,
најречовити, но и најстрашни филипики. Госпоѓа Вердирен, спрема која госпоѓа
Моле беше мошне љубезна, и која, како што ќе видиме, врз неа полагаше големи
надежи, па однапред се радуваше на помислата дека грофицата кај неа ќе ги
види, како што велеше Газдарицата, најблагородните луѓе „на Франција и на
Навара“, веднаш предложи да ја поканат „госпоѓа де Моле“. „Ах! Боже мој,
секој има свој вкус, одговорил господин де Шарли, и, ако вие, госпоѓо, имате
желба да разговарате со госпоѓа Пипле, госпоѓа Жибу и госпоѓа Жозеф Придом,
да не одам потаму, само, нека биде тоа некоја вечер кога јас нема да бидам тука.
Од вашите први зборови гледам дека ние не зборуваме ист јазик, зашто јас
зборував за имиња на аристократијата, а вие ми наведувате најнепознати имиња
на чиновничкото благородништво, на итри озборувачи, пакосни граѓанчиња, на
ситни дами што се замислуваат себеси како заштитнички на уметностите, зашто
за една октава пониско ги фаќаат манирите на снаа ми Германт, онака како што
сојката мисли дека го имитира паунот. Ќе додадам дека би претставувало некој
вид непристојност на свеченост што сакам да ја приредам кај госпоѓа Вердирен
да се доведе личност што јас свесно ја исклучив од кругот на своите блиски,
една тиква без корен, без чест, без дух, што си увртела во главата дека е
способна да изигрува војвотки де Германт и принцези де Германт, што е, земено
заедно, само по себе глупост, зашто војвотката де Германт и принцезата де
Германт се сушта спротивност. Тоа е како личност што би сакала едновремено
да биде и Рајхенбергова и Сара Бернар. Во секој случај, дури и да не е

42
противречно, тоа ќе беше многу смешно. Мое право е еднипати да се
усмевнувам поради претерувањата на едната и да се растажам поради
ограниченоста на другата. Но, тоа граѓанско жапче, што би сакало да се надуе за
да се изедначи со тие две големи дами, кај кои, во секој случај секогаш доаѓа до
израз несноредливата отменост на нивниот род, тоа е, како што се вели, да се
смеат и кокошките. Моле! Тоа е име што веќе не треба да се изговори или не ми
останува ништо друго освен да се повлечам“, додаде тој со насмевка и тон на
лекар кој, сакајќи му добро на својот болен и тоа против него самиот, е решен да
не дозволи да му наметнат да соработува со некој хомеопат. Од друга страна,
извесни личности што господин де Шарли ги сметаше за неважни и навистина
можеа да бидат такви за него, но не и за госпоѓа Вердирен. Господин де Шарли,
од висината на својот род, можеше да живее и без најотмените луѓе, чијшто збир
ќе го претвореше салонот на госпоѓа Вердирен во еден од првите во Париз. И
оваа почна да си мисли дека веќе многу пати ја пропуштила приликата, не
сметајќи го своето огромно задоцнување поради монденската заблуда во врска
со аферата Драјфус. Иако и од неа извлече некаква полза. „Не знам дали сум ви
рекол колку на војвотката де Германт ѝ беше непријатно да се среќава со
личности од нејзиниот свет, кои, подредувајќи ѝ сѐ на Аферата, ги исклучуваа
отмените жени, а ги примаа оние што тоа не беа, поради ревизионизмот или
антиревизионизмот, додека тие исти дами ја критикуваа неа како млака,
непромислена жена која интересите на татковината ѝ ги подредува на
монденската етикеција“, би можел да го прашам читателот, како некој пријател
на кој, по толку многу разговори, веќе и не се сеќаваме, дали сме мислеле или
нашле прилика да го известиме за извесни работи. Без оглед на тоа дали ова сум
го рекол или не, во тој момент лесно можеше да се замисли ставот на војвотката
де Германт, па дури и, ако потоа се пренесеме во еден подоцнешен период, тој
да ни се види совршено исправен од монденска гледна точка. Господин де
Камбремер ја сметаше аферата Драјфус за странска махинација со цел да се
уништи Разузнавачката служба, да се поткопа дисциплината, да се ослабне
армијата, да се поделат Французите, да се подготви инвазијата. Со оглед на тоа
што литературата, освен неколку басни од Ла Фонтен, му беше туѓа на
маркизот, тој на жена си ѝ ја препушти грижата да установи дека сурово
посматрачката литература, создавајќи непочитување, му предходеше на таквиот
русвај. „Господин Ренал и господин Ервие се ортаци“, велеше таа. Аферата
Драјфус не може да се обвини дека со предумисла правела такви црни планови
спрема високото општество. Но секако му ги скрши рамките. Мондените што не
сакаат да ја пуштат политиката да навлезе во нивниот свет се исто толку
претпазливи како и војниците што не сакаат да ја пуштат политиката да влезе во

43
армијата. Со високото општество е исто како и со половите склоности, човек не
знае до какви сѐ исколчености може да дојде ако еднаш се дозволи естетските
причини да им го диктираат изборот. Предградието Сен-Жермен свикна да
прима дами од едно друго друштво зашто биле националистки, причинава
исчезна со национализмот, навиката остана. Со помош на драјфусштината
госпоѓа Вердирен привлече кај себе вредни писатели, кои во тој момент не ѝ беа
од никаква монденска полза зашто беа драјфусовци. Но, политичките страсти се
како и другите, не траат вечно. Доаѓаат нови генерации кои веќе не ги
разбираат; и самата генерација што ги доживеала се менува, чувствува
политички страсти кои, бидејќи не се копија на претходните, сега кога
причината за исклучување се сменила, рехабилитира дел од исклучените. За
време на аферата Драјфус монархистите не се грижеа дали е некој
републиканец, радикал, дури и антиклерикалец, само ако беше антисемит и
националист. Ако некогаш дојде до војна, патриотизмот ќе добие друг вид и
никој нема да се грижи дури ни за тоа дали некој писател шовинист бил
драјфусовец или не. На тој начин, за време на секоја политичка криза, на секое
ново уметничко движење, госпоѓа Вердирен прибираше малу по малу, како што
птицата го прави своето седало, прибираше една по една привремено
неупотребливи ронки од кои еден ден ќе настане нејзиниот салон. Аферата
Драјфус помина, Анатол Франс ѝ остана. Силата на госпоѓа Вердирен ѝ беше во
искрената љубов спрема уметноста, во трудот што го вложуваше за своите
верници, во прекрасните вечери што ги приредуваше само за нив и на кои не
канеше луѓе од високото општество. Со секој од нив се постапуваше како со
Бергот кај госпоѓа Сван. Кога некој таков близок пријател еден убав ден ќе
станеше славен човек, па високото општество ќе посакаше да го види, во
неговото присуство кај госпоѓа Вердирен немаше ништо неприродно,
извештачено, ништо од вкусот на јадењата за службените банкети или за Св.
Карло Велики, подготвувани од Толе и Шабо, туку просто вкусно обично
јадење, кое би ни се чинело исто толку совршено и кога не би имало луѓе од
високото општество. Трупата кај госпоѓа Вердирен беше совршена, извежбана,
репертоарот првокласен, фалеше само публика. А откако вкусот на публиката се
сврте од разумната, француска уметност на еден Бергот и фати да се занесува
особено со егзотична музика, госпоѓа Вердирен, како некој вид службен
застапник во Париз на сите странски уметници, наскоро, покрај омајната
кнегиња Јурбелетиева, ќе ја игра улогата на старата, но семоќна самовила
Карабоса, заштитничка на руските танчари. Таа омајна инвазија, против
чијашто заводливост протестираа само критичарите лишени од вкус, донесе во
Париз, како што е познато, не особено тешка треска на љубопитност, повеќе би

44
рекле чисто естетска, но можеби исто толку оживеана како и аферата Драјфус.
Госпоѓа Вердирен и овој пат, но со сосема поинаков монденски успех, ќе биде
во прв ред. Како што порано ја гледаа покрај госпоѓа Зола, на заседанијата од
Поротниот суд, така и сега, кога еден нов свет, занесен од руските балети, фати
да се турка во Операта, украсена со непознати членки, во една од првите ложи,
покрај кнегињата Јурбелетиева, секогаш можеше да се види госпоѓа Вердирен.
И како што, по возбудувањата во Палатата на правдата, луѓето навечер одеа кај
госпоѓа Вердирен за да го видат одблиску Пикар или Лабори, а особено да ги
дознаат последните новини, да дознаат што може да се очекува од Цурлинден,
од Лубе, од полковникот Жуо, така и сега, непара расположени да појдат на
спиење по бурниот занес што ги беше обзел од Шехерезада или од танците од
Кнез Игор, одеа кај госпоѓа Вердирен, каде што секоја вечер на извонредни
вечери, со кнегињата Јурбелетиева и Газдарицата на чело, се собираа танчарите,
кои не беа вечерани за да можат полесно да скокаат, нивниот директор, нивните
сценографи, големите композитори Игор Стравински и Рихард Штраус, малото
непроменливо јадро околу кое, како на вечерите кај господин и госпоѓа
Хелвециус, не се стегаа да се измешаат најголемите париски дами и странските
височества. Дури и оние луѓе од високото општество кои се фалеа со својот
вкус, а помеѓу руските балети изнаоѓаа бесмислени разлики, сметајќи ја
постановката на Силфидите малу „поистанчена“ од онаа на Шехерезада, а не
беа далеку ни од ставот дека овие имаат врска со црнечката уметност, беа
восхитени да ги видат одблиску големите обновувачи на вкусот, на театарот,
кои, во една можеби малу поизвештачена уметност од сликарството, изведоа
исто толку длабока револуција како и импресионизмот.
Да се вратиме на господин де Шарли, на госпоѓа Вердирен немаше да ѝ биде
премногу криво да ја ставеше тој на индексот4* само госпоѓа Бонтан, што
госпоѓа Вердирен ја беше забележала кај Одет поради нејзината љубов спрема
уметноста, а која, за време на аферата Драјфус ќе дојдеше понекогаш на вечера
со својот маж, кого госпоѓа Вердирен го нарекуваше млак човек зашто не беше
приврзаник на обновување на постапката, но кој, мошне умен и среќен што
создава врски со сите странки, беше восхитен да си ја покаже независноста
вечерајќи со Лабори, кого го слушаше не изговарајќи ниту еден збор што
можеше да го компромитира, но уфрлувајќи, во погоден момент, по некоја
пофалба на лојалноста на Жорес, што ја признаваа сите странки. Но, баранот

4*Алузија на Index librorum prohibitorum - список на книги кои католичката црква ги забранувала
поради еретичките учења што ги содржеле (заб. на преведувачот).

45
забрани и неколку дами од светот на аристокрацијата со кои госпоѓа Вердирен
од неодамна беше стапила во врска по повод некакви музички свечености,
модни ревии, добротворни акции, а кои, што и да мислеше за нив господин де
Шарли, ќе беа, многу повеќе од него самиот, суштествени елементи за
образување едно ново, овој пат аристократско јадро кај госпоѓа Вердирен.
Госпоѓа Вердирен сметаше токму на таа свеченост на која господин де Шарли
ќе ѝ доведе дами од истите кругови, за таа да им ги приклучи своите нови
пријателки и однапред се радуваше на нивното изненадување кога на кејот
Конти ќе се сретнат со своите пријателки или роднини што ќе ги покани
баронот. Беше разочарана и бесна поради неговата забрана. Остануваше да се
види дали соарето, под ваквите услови, за неа ќе значи добивка или загуба. Оваа
и не би била премногу голема кога барем гостите на господин де Шарли би
дошле со најубави намери да ѝ бидат в иднина пријатели на госпоѓа Вердирен.
Во тој случај штетата би била само половична, а, во догледно време, таа би ги
соединила тие две половини од високото општество, што баронот сакаше да ги
држи одвоени, макар морала таа вечер да не го покани и него. И така, госпоѓа
Вердирен ги опчекуваше гостите на баронот со извесна возбуда. Газдарицата
набргу ќе дознае со какво расположение дошле и на какви односи со нив би
можела да се надева. Во меѓувреме, госпоѓа Вердирен се советуваше со
верниците, но гледајќи дека господин де Шарли влегува со Бришо и со мене, таа
наеднаш замолча.
На наше големо изненадување, кога Бришо ѝ проговори за својата жалост
поради веста дека на нејзината голема пријателка ѝ е толку лошо, госпоѓа
Вердирен одговори: „Чујте, мора да признам дека не чувствувам никаква
жалост. Нема потреба да глумиме нешто што не го чувствуваме..“. Таа
несомнено зборуваше така поради недостиг од енергија, зашто неа ја
заморуваше и самата помисла да прави тажно лице за сето време на приемот,
поради горделивост, за да не изгледа дека се правда што не го откажала, но и
поради почит спрема мислењето на луѓето и умешност, зашто недостигот од
чемер што го пројавуваше беше почесен доколку требаше да ѝ се припише на
некаква посебна, ненадејно откриена антипатија спрема кнегињата, одошто на
некаква сеопшта бесчувствителност, но и затоа што човек мораше да се
почувствува разоружан од искреност која не можеше да се доведе во сомнение:
да не беше навистина рамнодушна спрема смртта на кнегињата, зарем госпоѓа
Вердирен, за да објасни дека прави прием, ќе се обвинеше себеси за еден многу
потежок грев? Заборавивме дека, признавајќи си ја жалоста, госпоѓа Вердирен
наедно ќе признаеше дека немала храброст да се откаже од едно задоволство;
бесчувствителноста на пријателката, меѓутоа, беше нешто почудовидувачко,

46
понеморално, но не толку понижувачко, па оттаму и полесно да се признае
одошто лекомисленоста на домаќинката. Во случај на злостор во кој постои
опасност за виновникот, признанието го налага интересот. Кај гревовите за кои
нема санкција, тоа го прави самољубието. Впрочем, било затоа што бездруго го
сметаше за излитен изговорот на луѓето кои, не дозволувајќи јадовите да им ги
прекинат животните задоволства, одат наоколу повторувајќи дека им се чини
залудно да носат надворешна црнина кога таа им е во срцето, госпоѓа Вердирен
претпочиташе да ги имитира оние умни злосторници кои го мразат
вообичаеното повикување на невиност, па нивната одбрана - што е наполу
признание, и без да помислат дека е така - се состои во тврдењето дека не би
виделе никакво зло и кога би го сториле она што им се става на товар, а што,
впрочем, случајно немале прилика да го сторат, па, било затоа што за
објаснување на своето поведение ја беше избрала тезата за рамнодушноста,
госпоѓа Вердирен, откако веќе еднаш се фрли по удолницата на своите грди
чувства, сметаше дека има некаква оригиналност тие да се доживеат,
досетливост што ретко кој би умеел да ја објасни, и „дрскост“ така да се
обзнанат, па ѝ беше важно, не без извесно горделиво задоволство на
парадоксален психолог и на смел драматург, да истрајува врз тврдењето дека не
чувствува тага. „Да, чудно е, рече таа, тоа безмалу ништо не ми значеше. Боже
мој, не можам да кажам дека не би сакала повеќе таа да живееше, таа не беше
лош човек. - Беше, беше, ја прекина господин Вердирен. - Ах! тој не ја сакаше
зашто му се чинеше дека грешам што ја примам и беше заслепен со тоа. - Биди
справедлива спрема мене, рече господин Вердирен, и признај дека никогаш не
го одобрував тоа дружење. - Ама јас никогаш не чув да каже нешто такво, се
побуни Саниет. - Како да не? извика госпоѓа Вердирен, тоа беше општопознато,
не беше лоша, туку зазорна, бесчесна. Не, но не беше поради тоа. Не би умеела
да ги објаснам своите чувства; не ја презирав, но спрема неа бев толку
рамнодушна што, кога дознав дека ѝ е многу лошо, дури и маж ми беше
изненаден и ми рече: ‘Човек би рекол дека тоа не ти значи ништо.’ А, ете,
вечерва ми предложи да го откажеме приемот, додека јас, напротив, настојував
да го одржиме, зашто ќе ми се видеше како комедија да изигрувам жалост што
не ја чувствував“. Ова го велеше зашто ѝ се чинеше дека тоа, за чудо,
претставува „слободен театар“, а и дека е мошне згодно; зашто признаената
бесчувствителност и неморалност го упростува животот исто како и лесниот
морал; таа ги претвора срамните дејствија, за кои тогаш веќе и нема потреба да
се бара оправдание, во должност да се биде искрен. И верниците ги слушаа
зборовите на госпоѓа Вердирен со онаа мешаница на восхит и неудобност што
понекогаш ја предизвикуваат извесни сурово реалистички пиеси, полни со

47
мачни согледувања на нештата; па додека безрезервно ѝ се восхитуваа на
својата драга Газдарица што пројавува нов облик на исправност и независност,
не малкумина од нив, и покрај тоа што си велеа дека тоа сепак не би било иста
работа, помислија на својата сопствена смрт и се прашуваа дали, дента кога ќе
дојде до неа, на кејот Конти ќе плачат или ќе приредуваат свеченост. „Мошне
сум задоволен што приемот не е откажан, поради моите гости“, рече господин
де Шарли, несвесен дека изразувајќи се така ја повредува госпоѓа Вердирен.
Мене, меѓутоа, како и секого што таа вечер ѝ се приближи на госпоѓа
Вердирен, ме погоди некаква не особено пријатна миризба на риногоменол. Еве
на што се должеше таа. Познато е дека госпоѓа Вердирен своите уметнички
возбуди никогаш не ги изразуваше на духовен, туку на телесен начин, за да
изгледаат понеизбежни и подлабоки. Елем, кога некој ќе ѝ зборуваше за
музиката на Вентеј, што ѝ беше најсаканата, таа остануваше рамнодушна,
небаре од неа не очекуваше никаква возбуда. Но, откако неколку мига ќе рееше
со својот безмалу расеан поглед, ќе ви одговореше на прецизен, практичен,
речиси малу неучтив начин, небаре ви велеше: „Би ми било сеедно дали ќе
пушите, но тоа е поради ќилимот, кој е многу убав, иако и поради него би ми
било исто толку сеедно, само тој е многу лесно запаллив, а јас многу се плашам
од оган и не би сакала да се опрлите, поради некакво лошо згаснато догорче што
би ви паднало наземи“. Така беше и со Вентеј. Кога ќе ѝ проговореа за него, таа
не пројавуваше никаков восхит, но, по некој миг, изразувајќи го студено своето
жалење што ќе го свират вечерта: „Немам ништо против Вентеј; според мене,
тоа е најголемиот музичар на столетиево, само јас не можам да ги слушам тие
работи, а да не плачам без престан (тоа „плачам“ воопшто не го велеше
патетично, исто толку природно ќе речеше и „спијам“, некои зли јазици тврдеа
дека последниов глагол ќе беше посоодветен, иако, инаку, ова никој не можеше
да го реши, зашто музиката ја слушаше со главата в раце, додека некакви звуци
на грчење можеа, на крајот од краиштата, да бидат и липање). Не ми штети да
плачам, колку што ви е драго, само потем добивам страшни кивавици. А од тоа
напир на крв во слузокожата и четириесет и осум часа подоцна изгледам како
стара пијаница, а за да ми проработат гласните жици, со денови мора да правам
инхалации. Најпосле, еден ученик на Котар... - Ох! кога веќе го споменавте, јас и
не ви изразив сочувство, смртта толку бргу го грабна кутриот професор! - Да, да,
што да се прави, си умре човекот, како и секој друг, инаку, уби доста луѓе и беше
ред своите удари да ги сврти против себе. Значи, ви реков дека еден од неговите
ученици, извонреден мајстор на својот занает, ме лекуваше од тоа. Тој застапува
еден доста оригинален аксиом: ‘Подобро да се спречи одошто да се лекува.’ И
тој ќе ми го намачка носот пред да почне музиката. Тоа е радикално средство.

48
Можам да си плачам како не знам колку мајки што си ги загубиле децата и
никаква кивавица. Еднипати малкуцка конјунктивитис и тоа е сѐ.
Делотворноста е целосна. Без тоа не би можела да продолжам да го слушам
Вентеј. Само паѓав од еден бронхитис во друг“.
Веќе не можев да се воздржам, а да не зборувам за госпоѓица Вентеј. „Зарем
ќерката на авторот не е тука? ја прашав госпоѓа Вердирен, како и една нејзина
пријателка? - Не, штотуку добив депеша, ми рече неопределено госпоѓа
Вердирен; тие биле присилени да останат на село“. За миг се понадевав дека
можеби никогаш и не станало збор дека ќе дојдат, а госпоѓа Вердирен ги
најавила тие прет ставнички на авторот за да остави поволен впечаток врз
изведувачите и публиката. „Како, па тогаш тие не дошле ни на пробата пред
малу?“ рече со лажна љубопитност баронот, кој сакаше да покаже дека не го
видел Морел. Овој пријде да ме поздрави. Го прашав на уво што знае за
извинувањето на госпоѓица Вентеј. Не изгледаше дека е кој знае колку во тек со
тоа. Му дадов знак да не зборува гласно и му реков дека за тоа одново ќе
зборуваме. Тој се поклони ветувајќи ми дека ќе биде пресреќен да ми се стави на
целосно располагање. Забележав дека е многу поучтив, со многу поголема
почит одошто некогаш. Го пофалив - бидејќи можеби можеше да ми помогне да
си ги разјаснам сомневањата - пред господин де Шарли, кој ми одговори: „Го
прави она што треба, што би му вредело да живее со пристојни луѓе кога не би
умеел убаво да се однесува“. Убаво, според господин де Шарли, беше она старо
француско однесување, без ронка британска крутост. Така, кога Морел на
враќање од некаква турнеја по внатрешноста или во странство ќе се истовареше
во патна облека кај баронот, овој, ако немаше многу луѓе, не стегајќи се ќе го
бакнеше во двата образа, можеби за со толкавото фалбаџиство да отстрани од
својата нежност каква и да е помисла дека би можела да биде грешна, можеби за
да не се лиши од едно задоволство, но бездруго уште и од литерарни побуди,
како одржување и славење на стариот француски начин на однесување, па, како
што ќе протестираше против минхенскиот или модерниот стил задржувајќи ги
старите фотелји на својата прабаба, спротиставувајќи ѝ ја на британската
флегматичност нежноста на чувствителен татко од XVIII век, кој не ја крие
радоста што одново си го гледа синот. Најпосле, имаше ли и ронка
родосквернавење во таа татковска нежност? Поверојатно е дека начинот на кој
господин де Шарли обично го задоволуваше својот порок, а за кој подоцна ќе
добиеме некои појаснувања, не им беше доволен на неговите чувствени
потреби, што останаа незадоволени по смртта на жена му; сеедно, откако повеќе
пати мислеше на тоа да се прежени, сега го мачеше желбата да посвои некого,
така што некои луѓе околу него се плашеа тоа да не се случи со Морел. А тоа не

49
е необично. Инвертитетот, кој својата страст можел да ја нарани само со
литература пишувана за мажи што сакаат жени, кој мислеше на мажи читајќи ги
Ноќите на Мисе, исто така чувствува потреба да влезе во сите општествени
улоги на мажот кој не е инвертит, да издржува некого, како што љубителот на
балерини и редовен посетител на Операта, да се среди, да се ожени или да живее
вонбрачно со некој маж, да биде татко.
Тој се оддалечи со Морел, под изговор да дознае што ќе свири, наоѓајќи
особено големо задоволство во тоа, додека овој му ги покажуваше нотите, да ја
изложи така јавно нивната тајна блискост. Затоа време јас бев маѓепсан. Зашто,
иако во малиот клан имаше малу девојки, како надомест, во деновите на
големите вечерни приеми, баеги ги канеа. Имаше многу, и тоа мошне убави, што
ги познавав. Оддалеку ми испраќаа поздрави на добредојде. Така, одвреме
навреме воздухот го красеа убави момински насмевки. Беше тоа многукратен и
насекаде расеан украс на вечерите како и на деновите. На извесна атмосфера
човек се сеќава зашто во неа се насмевнувале некакви девојки.
Инаку, човек ќе беше мошне изненаден да ги чуеше зборовите што господин
де Шарли кришум ги измени со повеќемина значајни луѓе на тоа соаре. Тие луѓе
беа двајца војводи, еден истакнат генерал, еден голем писател, еден познат
лекар и еден голем адвокат. А зборовите беа: „Кога сме веќе кај тоа, дознавте ли
дали лакејот, не, зборувам за малиот што се качува на колата... А кај нашата
роднина Германт не познавате никого? - Засега не. - Кажете ми, ве молам, пред
влезната порта, кај колите, имаше една млада русокоса личност со кратки
килоти, ми се виде мошне симпатична. Таа мошне умилно ми ја викна колата, со
задоволство би го продолжил разговорот. - Да, само мис лам дека беше многу
непријателски настроена, а сетне и се клештеше, да му се смачи на човек како
вас, кој сака работите да му успеат од прва рака. Впрочем, знам дека ништо не
може да се стори, еден мој пријател се обиде.
- Штета, профилот ми се виде мошне фин, а косата прекрасна. -
Навистина мислите така? Да го среќававте малу почесто, верувам дека ќе бевте
разочарани. Не, пред едно два месеци во бифето можевте да видите едно
вистинско чудо, мажиште од два метри, идеална кожа, а и сакаше такви работи.
Но, замина за Полска. - Ах! тоа е малу далеку.
- Кој знае? Можеби ќе се врати. Во животот луѓето севезден повторно се
наоѓаат“. Нема голем монденски собир, само ако умееме да му направиме
доволно длабок пресек, за да видиме каков е, што не би бил сличен на оние
вечерни сеанси на кои докторите си ги канат болните, кои притоа зборуваат
многу разборито, мошне убаво се однесуваат и нема да покажат дека се луди
освен ако ви шепнат на уво, покажувајќи на некој стар господин што минува:

50
„Ова е Јованка Орлеанска“.
„Сметам дека би ни била задача да му објасниме, му рече госпоѓа Вердирен
на Бришо. Тоа што го правам не е против Шарли, напротив. Тој е пријатен, а
гласот кој го бие е таков што мене не може да ми штети! Дури и јас, што во
нашиот мал клан, во разговорите за време на вечерите, ги мразам флертовите и
оние мажи што во некој агол ѝ зборуваат глупости на некоја жена, наместо да
расправаат за интересни теми, со Шарли не морав да се плашам од она што ми се
случи со Сван, со Елстир и со толкумина други. Со него бев мирна, тој доаѓаше
на моите вечери, на нив можеа да бидат сите жени на светот, а човек можеше да
биде сигурен дека општиот разговор нема да го нарушат некакви флертови и
шушукања. Шарли е нешто посебно, со него човек е мирен, тој е како
свештеник. Само не смее да му се дозволи да им соли памет на младичите што
доаѓаат овдека и да внесува раздор во нашето мало јадро, зашто тогаш би бил
уште полош од женкар“. А госпоѓа Вердирен беше искрена објавувајќи ја на тој
начин својата трпеливост спрема Шарлизмот. Како и секоја црквена власт, таа
човечките слабости ги сметаше помалу опасни од она што можеше да го ослабне
начелото на авторитетот, да ѝ наштети на правоверноста, да го измени древното
верување во нејзината мала Црква. „Инаку ќе му ги покажам забите. Еве, тој
господин го спречи Морел да дојде на една проба зашто тој не бил поканет на
неа. Затоа ќе добие сериозно предупредување и се надевам дека тоа ќе биде
доволно, инаку ќе мора да му ја покажам вратата. Па тој, богами, го држи како
во затвор“. Па, употребувајќи ги токму истите изрази што ќе ги употребеше
секој, зашто има и такви, номалу вообичаени, што во посебна тема, во дадена
околност, речиси нужно навираат во сеќавањето на говорникот, иако тој верува
дека слободно си ја изразува мислата, а, всушност, само махинално го повторува
општоприфатениот урок, таа рече: „Него човек не може ни да го види без таа
натруфена мечка, небаре му е некој вид телохранител“. Господин Вердирен
предложи да го земат за миг настрана Морел, под изговор да му кажат нешто.
Госпоѓа Вердирен се исплаши ова да не го вознемири, па сетне да свири лошо.
„Би било подобро тоа да го одложиме за подоцна, откако ќе заврши со
свирењето. А можеби дури и за друг пат“. Зашто попусто ѝ беше на госпоѓа
Вердирен слатката возбуда што ќе ја доживее, кога знаеше дека маж ѝ во тој миг
во некоја соседна соба му ги отвора очите на Морел, таа се плашеше, ако ја
утнат работата, да не се налути и да го напушти бр.16.
Она што таа вечер го упропасти господин де Шарли беше лошото воспитание
- толку често во тој свет - на луѓето што ги имаше покането и што фатија да
пристигнуваат. Дојдени наедно и од пријателски обѕири спрема господин де
Шарли, а и од љубопитство да влезат на такво едно место, секоја војвотка одеше

51
право кај баронот, небаре тој беше оној што примаше, а мене, на еден чекор од
Вердиренови што слушаа сѐ, ми велеа: „Покажете ми каде е тетка Вердирен,
мислите ли дека е неопходно да ѝ бидам претставена? Се надевам барем дека
утре нема да ми го соопшти името во весник, тоа би можело да ме скара со сите
мои. Како, тоа е онаа жена со бели коси? ама таа и не изгледа премногу лошо“.
Слушајќи како се зборува за госпоѓица Вентеј, која, впрочем, беше отсутна, не
една рече: „Ах! ќерката на Сонатата? Покажете ми ја“, па, изнаоѓајќи се со
едночудо свои пријателки, се држеа настрана, светкајќи од иронично
љубопитство, го демнеа влегувањето на верниците, задоволувајќи се во
најдобар случај заемно да си покажуваат со прст по малу необична фризура на
некоја личност, која неколку години подоцна ќе ја воведе во мода и во
највисокото општество, и, сѐ на сѐ, жалеа што излезе дека салонот и не беше,
како што се надеваа, кој знае колку различен од оние што тие ги познаваа,
чувствувајќи го разочарувањето на луѓе од високото општество кои, откако
отишле во кабарето на Бриан со надеж дека шансониерот ќе ги испоизнавреди, а
на влезот биле дочекани со пристоен поздрав, наместо очекуваниот припев:
„Еда, глеј што муцка, еда каква фаца. Еда! Глејте што муцунка ја фаќа“.
Господин де Шарли пред мене во Балбек остроумно ја критикуваше госпоѓа
де Вогубер која, и покрај својата голема интелигенција, по ненадејната среќа,
беше причина и за непоправлива немилост на својот маж. Кога кралот Теодос и
кралицата Евдоксија, суверените кај кои беше акредитиран господин де
Вогубер, одново дојдоа во Париз, само овој пат на малу подолг престој, во нивна
чест беа приредувани секојдневни свечености, за време на кои кралицата,
блиска со госпоѓа де Вогубер, со која се гледаше веќе десет години во својата
престолнина, а не ја познаваше ниту жената на претседателот на Републиката,
ниту жените на министрите, ќе се тргнеше од овие и ќе си стоеше на страна со
амбасадорката. Кај оваа пак, мислејќи дека положбата и е неповредлива, со
оглед на тоа што господин де Вогубер беше творец на сојузот помеѓу кралот
Теодос и Франција, од особената наклоност што спрема неа ја пројавуваше
кралицата, се роди горделиво задоволство, но не и каква било размиреност од
опасноста што ѝ се закануваше, а која се оствари неколку месеци подоцна преку
настанот, што и премногу самоуверената брачна двојка погрешно го сметаше за
невозможен, бруталното пензионирање на господин де Вогубер. Господин де
Шарли, коментирајќи го во „вртимушката“ падот на својот пријател од детство,
се чудеше дека една толку интелигентна жена во таа прилика не се послужи со
сето свое влијание врз суверените за да ги натера да се преправаат небаре таа
нема никакво влијание врз нив и да ја префрлат врз жената на претседателот на
Републиката и врз жените на министрите сета своја љубезност, која ќе им

52
ласкаше дотолку повеќе, што ќе рече, тие, во своето задоволство, ќе им беа
дотолку посклони да им бидат благодарни на Вогуберови, зашто ќе мислеа дека
таа љубезност била спонтана, а не диктирана од нив. Но, оној што ги гледа
туѓите грешки, ги прави и самиот, доколку малу го зашеметат околностите. Ни
господин де Шарли, додека неговите гости си пробиваа пат за да дојдат да му
честитаат, да му заблагодарат, небаре тој беше домаќинот, не помисли да побара
од нив да ѝ кажат по некој збор на госпоѓа Вердирен. Само неаполската кралица,
во која течеше истата благородна крв како и во жилите на нејзините сестри,
царицата Елизабета и војвотката д’Алансон, фати да разговара со госпоѓа
Вердирен небаре беше дојдена повеќе поради задоволството да се види со неа
одошто поради музиката и поради господин де Шарли, ѝ направи едночудо
комплименти, не престана да зборува дека одамна имала желба да се запознае со
неа, ѝ ја пофали куќата и разговараше со неа за најразлични теми како да ѝ беше
дошла во посета. Ѝ рече дека толку многу сакала да ја доведе и својата
сестрична Елизабета (онаа што нешто пододна требаше да се омажи за принцот
Алберт Белгиски), на која ќе ѝ биде толку многу жал. Замолча кога виде дека
музичарите си ги заземаат местата на подиумот и замоли да ѝ го покажат Морел.
Таа секако не си правеше илузии за побудите поради кои господин де Шарли
сакаше младиот виртуоз да биде опкружен со толкава слава. Но старата мудрост
на кралица, во чиишто жили течеше една од најблагородните крвови во
историјата, една од најбогатите со искуство, со скептицизам и гордост, ѝ
налагаше неизбежните мани на луѓето кои најмногу ги сакаше, како што беше и
нејзиниот роднина Шарли (син, како и таа, на една баварска војвотка), да ги
смета само за несреќи поради кои подршката што тие можеа да ја најдат кај неа
ја правеа подрагоцена, а оттаму и нејзе ѝ беше поголемо задоволството да им ја
даде. Знаеше дека господин де Шарли ќе биде двојно трогнат поради тоа што се
потрудила во ваквата пригода. Само, добра исто колку што беше и храбра, таа
јуначка жена, кралица-војник, која и самата пукаше од бедемите на Гаета,
секогаш готова да застане витешки на страната од слабите, гледајќи ја госпоѓа
Вердирен сама и напуштена, додека оваа и не знаеше, впрочем, дека не смее да
се оддалечи од кралицата, се обиде да се преправа дека за неа, неаполската
кралица, средиштето на тој вечерен прием, привлечната точка поради која беше
дојдена, е госпоѓа Вердирен. Бескрајно се извинуваше што не ќе може да остане
до крајот, зашто требало, иако таа никогаш не излегуваше, да појде на уште еден
прием, особено настојувајќи врз тоа, кога ќе си оди никој да не се вознемирува
поради неа, ослободувајќи ја од должноста да ѝ оддаде почит, што госпоѓа
Вердирен, впрочем, и не знаеше дека мора да ѝ се укаже.
Иако наполно ја заборави госпоѓа Вердирен и дозволи речиси скандалозно

53
неа да ја заборават и луѓето од „неговиот свет“ што ги беше поканил, на
господин де Шарли сепак треба да му се признае дека, напротив, сфати оти не
смее да им дозволи тој грд однос, што го имаа спрема Газдарицата, да го задржат
и спрема „музичката манифестација“. Морел веќе беше качен на подиумот,
уметниците се распоредуваа, а сѐ уште се слушаа разговори, односно смеа и по
некој збор како „човек треба да биде упатен за да разбере“. Господин де Шарли
веднаш, зафрлувајќи си ја ставата наназад, небаре беше влегол во некое
поинакво тело од она што пред малу го видов како го влечка наоколу кај госпоѓа
Вердирен, доби пророчки израз и го погледа собирот со сериозност што значеше
дека не е време за смеење, поради што многу од канетите гостинки се вцрвија
како ученички фатени на дело пред цел клас од страна на професорот. За мене,
во тоа инаку благородно поведение на господин де Шарли имаше и нешто
смешно; зашто ту ги стрелаше гостите со пламени погледи, ту, за да им даде на
знаење, како во некој vade mecum, дека треба набожно да молчат и да запрат со
секаква монденска забава, тој самиот, кревајќи си ги кон убавото чело рацете во
бели ракавици, самиот претставуваше пример (според кој другите требаше да се
сообразат) на сериозност, безмалу на занес, не одговарајќи на поздравите од
задоцнетите, доволно непристојни за да не сфатат дека сега е време за големата
Уметност. Сите беа хипнотизирани, не се осмелуваа ни да писнат, ни да мрднат
со столот; почитта спрема музиката - преку угледот на Паламед - наеднаш ѝ
беше влеана в глава на таа исто толку невоспитана колку и отмена толпа.
Гледајќи како на малиот подиум се распоредуваат не само Морел и еден
пијанист, туку и други инструменталисти, помислив дека ќе почнат со делата на
некои други музичари, а не со Вентеј. Зашто јас мислев дека од него постои само
сонатата за пијано и виолина.
Госпоѓа Вердирен седна на страна, полутопките од нејзиното бело, благо
заруменето чело беа прекрасно испакнати, косите тргнати на страна, наполу
како имитација на некаков портрет од XVIII век, наполу затоа што ѝ требаше
свежина, како на жена која има треска, а зазорот ја спречува да каже како се
чувствува, издвоена, божество што бдее над музичките свечености, божица на
вагнеријанството и на мигрената, некој вид безмалу трагична Норна5*, што
генијот ја призвал среде овие давежи, кои таа уште помалу од обично ќе ги
удостои да си ги изразат впечатоците, слушајќи една музика што таа ја
познаваше подобро од нив. Концертот почна, не знаев што свират; се наоѓав во

5* Норни се божици на судбината во скандинавската и германската митологија (заб. на


преведувачот).

54
непознат крај. Каде да го сместам? Во делото на кој композитор бев? Многу
сакав да дознам, но, немајќи кого да прашам покрај мене, посакував да сум една
личност од оние Илјада и една ноќ што без престан ја препрочитував, а каде
што, во мигови на несигурност, одненадеж ќе се појавеше еден дух или една
волшебно убава девојка, невидлива за другите, но не и за јунакот во неприлика,
кому таа му го открива токму она што сака да го знае. Елем, токму во тој момент
и ми помогна едно такво волшебно привидение. Како кога, во крај за кој
мислите дека не го познавате, а во кој сте се нашле доаѓајќи од некоја нова
страна, ќе скршнете по некој пат и туку одненадеж ќе се најдете во друг, што ви
е познат во најситни подробности, само што не сте свикнале да доаѓате по него,
наеднаш ќе си речете: „Па тоа било патчето што води кон капиџикот од
градината на моите пријатели***; јас сум на две минути откај нив“; а тука е,
всушност, и ќерка им што дошла да ве поздрави на минување; и така наеднаш се
најдов среде таа нова за мене музика, среде сонатата на Вентеј; уште поубава од
млада девојка, малата соната, замотана, накитена со сребро, сета облеана од
брилјантни звуци, левтерни и меки како превези, дојде накај мене,
препознатлива и под тоа ново руво. Радоста што одново ја сретнав ми стануваше
сѐ поголема поради оној толку пријателски познат акцент со кој се служеше за
да ми се обрати, толку убедлив, толку едноставен, не пропуштајќи сепак да
бликне онаа виножитна убавина со која зрачеше. Инаку, овој пат смислата ѝ
беше само да ми го покаже патот, кој не водеше накај сонатата, зашто тоа беше
необјавено дело на Вентеј во кое тој само се забавувал за да ја покаже за миг
малата фраза преку алузија што на тоа место оправдуваше еден збор во
програмата, кој човек едновремено требаше да го има пред очи. И само што нѐ
потсети на себе, таа исчезна, а јас пак се најдов во непознат свет, иако сега знаев,
а тоа сѐ без престан ми го потврдуваше, дека тој свет беше од оние за кои не
можев ни да наслутам дека ги создал Вентеј, зашто кога, уморен од сонатата,
која за мене беше исцрпен свет, се обидував да си замислам и други, исто толку
убави, но поинакви, јас го правев истото што и оние поети, кои својот божемен
Рај го полнат со ливади, цвеќиња и реки што се само одвишно повторување на
оние од Земјата. Ова што беше пред мене будеше, ми навеваше исто толку
радост колку што ќе ми навееше и сонатата, да не ја познавав, па, според тоа,
иако беше исто толку убаво, беше и поинакво. Додека сонатата почнуваше со
глетка на зорнина среде поле посеано со лилии, ширејќи ја наоколу својата
левтерна невиност, но само за да се закачи за нежниот, а сепак цврст сплет од
некаква селска сеница сочинета од анамска рака над бели гераниуми, новото
дело почнуваше во некакво бурно утро, среде злокобна тишина и беспределна
празнина, врз еднолични, рамни површини какви што се морските, а

55
непознатиот свет, за постепено да се изгради пред мене, преку руменилото на
мугрите се извлекуваше од тишината и ноќта. Тоа толку ново црвенило, толку
отсутно од нежната, полска и невина соната, го вапсуваше целото небо, како и
зората, со некаква таинствена надеж. А некаков напев веќе го параше воздухот,
напев од седум ноти, но сосема непознат, сосема поинаков од сѐ што кога и да е
сум си замислувал, неискажлив и наедно пискав, не веќе гукање на гулабица
како во сонатата, туку цепејќи го воздухот, жив како и светлоцрвената нијанса
во која се капеше почетокот, нешто како мистичен, неискажлив и страшно
продорен пој на петел во вечното утро. Студената атмосфера, испрана од
дождот, наелектризирана - со толку поинакви својства, со сосема поинаков
притисок, во свет толку далеку од оној девствен, растителен свет на сонатата - се
менуваше секој миг, бришејќи го пурпурното ветување на зората. Па сепак,
напладне, во усвитената, минлива сончевина, од таа атмосфера како да се роди
некаква тешка, селска, безмалу груба среќа, во која се чинеше дека татнежот на
громогласните, бесни ѕвона (слични на оние што го палеа од жештина
плоштадот пред црквата во Комбре, а што Вентеј, кој секако често ги слушал,
можеби во тој миг ги нашол во своето сеќавање, како боја што на човека ќе му се
најде под рака врз палетата) материјализира најгруба радост. Право зборувајќи,
естетски, тој мотив на радоста не ми се допаѓаше; ми се чинеше речиси грд,
ритамот му се влечеше толку мачно по земјата што можеше, и само со врева,
чукајќи на определен начин со стапчиња по масата, да се имитира речиси сѐ што
во него беше суштествено. Ми се виде дека тука на Вентеј му недостигало
вдахновение, та затоа и ми ослабна силината на вниманието.
Ја погледнав Газдарицата, чијашто дива неподвижност како да се бунеше
против ритмичното мрдање со главите на неуките дами од Предградието.
Госпоѓа Вердирен не велеше: „Знаете, јас малу ја познавам оваа музика, уште
како ја познавам! Кога би требало да го изразам сето она што го чувствувам, не
би имало крај!“ Не велеше така. Но, нејзината исправена, неподвижна става,
нејзините безизразни очи, нејзините непослушни прамени, го кажуваа тоа
наместо неа. Тие зборуваа и за нејзината храброст, дека музичарите можеа да
прават што сакаат, не штедејќи ѝ ги нервите, дека таа нема да попушти кај
андантето, дека нема да вресне кај алегрото. Ги жалев музичарите.
Виолончелистот стрчеше над инструментот што го стегаше меѓу колената,
наведнувајќи си ја главата на која простачките црти, во миговите кога
афектираше, ѝ даваа ненамерен израз на гадење; се веднеше врз својот
контрабас, пипкајќи го со истото прислужничко трпение како да лупи зелка,
додека крај него харфистката, сѐ уште дете, во кратко здолниште, од кое на сите
страни излегуваа хоризонтални зраци на златни четириаголници, слични на

56
оние што во волшебната соба на некаква пророчица произволно го
претставуваат етерот, според освештаните обичаи, изгледаше небаре овде-онде,
на определени точки, ќе побара некаков омаен звук, на ист начин како што
некаква мала алегорична божица, исправена пред златната решетка на
небесниот свод, би ги берела, една по една, ѕвездите. Што се однесува до Морел,
еден дотогаш невидлив прамен, помешан во неговата коса, штотуку се издвои и
му направи кадрица врз челото.
Незабележливо ја свртев главата накај публиката за да откријам според
неговиот изглед што ќе мисли господин де Шарли за тој прамен. Но, моите очи
наидоа само на лицето или поточно на рацете на госпоѓа Вердирен, зашто тоа
беше целосно скриено во нив. Сакаше ли Газдарицата со тоа замислено држење
да покаже дека себеси се гледа како в црква и дека таа музика не ја смета
поинаку одошто највозвишената молитва; сакаше ли, како извесни луѓе в црква,
да ја сокрие пред индискретните погледи, било поради зазор - својата
лажна ревност, било поради обѕири спрема другите - својата скривена расеаност
или неодоллива поспаност? Поради некаков рамномерен шум што не беше
музички, за миг поверував дека е точна последнава претпоставка, но потоа
забележав тој идеше од грчењето не на госпоѓа Вердирен, туку на нејзината
кучка.
Но, многу наскоро, откако други мотиви го избркаа, го растераа
триумфалниот мотив на ѕвоната, таа музика одново ме обзеде; и се свестив дека
ако, во скутот на овој септет, различните елементи се нижеа еден по друг за да се
сплетат на крајот, така и сонатата, а како што подоцна дознав, и неговите други
дела, во однос на тој септет биле само срамежливи, омајни, но мошне кревки
обиди во однос на триумфалното, целосно ремек-дело што ми се откриваше во
тој миг. А правејќи споредба, не можев да одолеам, а да не се сетам дека
некогаш и на другите светови што можел да ги создаде тој Вентеј мислев како на
затворени универзуми, каква што беше и секоја моја љубов; но, всушност, морав
искрено да си признам дека, како и во пазувите на последната моја љубов - онаа
спрема Албертина - и моите првични желби да ја засакам (во Балбек, сосема на
почетокот, сетне по играта на ласица, потем ноќта кога спиеше во хотелот,
потоа во Париз онаа маглива недела, па вечерта кога беше приемот кај
Германтови и најпосле во Париз, каде што мојот живот беше тесно поврзан со
нејзиниот), ако сега ја набљудував не веќе својата љубов спрема Албертина,
туку сиот свој живот, другите свои љубови во него беа само слаби, срамежливи
обиди што ја подготвуваа, повиците што ја бараа оваа поголема љубов...
љубовта спрема Албертина. И јас престанав да ја следам музиката за повторно
да си го поставам прашањето дали Албертина деновиве се видела или не со

57
госпоѓица Вентеј, како што сѐ одново и одново испитувате некаква внатрешна
болка на која поради некаква забава за миг сте заборавиле. Зашто, можните
дејствија на Албертина се случуваа во мене. Ние поседуваме двојник за секое
суштество што го познаваме. Но, бидејќи обично е сместено на хоризонтот од
нашата вообразба и на нашето сеќавање, тој останува релативно надвор од нас, а
она што го прави или што можел да го прави за нас веќе не содржи болни
елементи како ни некој предмет поместен на извесно отстојание и кај нас
предизвикува само безболни чувства врз сетилото за вид. Она што ги засега тие
суштества ние го забележуваме на некој контемплативен начин, за него може да
жалиме со соодветни изрази што кај другите оставаат впечаток дека имаме
добро срце, но не го чувствуваме. Но, од мојата балбечка рана наваму, двојникот
на Албертина беше во моето срце, на голема длабочина, откаде што беше тешко
да се извлече. Она што го гледав кај неа ме повредуваше како болен чии сетила
се толку незгодно приспособени што глетката на пекаква боја внатрешно ја
чувствуваше како засек во живо месо. За среќа јас не му подлегнав на
искушението одново да раскинам со Албертина; таа незгода што наскоро, кога
ќе се вратам дома, ќе мора одново да се сретнам со неа како со сакана жена, беше
сосема беззначајна спрема тегобата што ќе ме обземеше да дојдеше до нашата
разделба во моментот кога се посомневав во неа, а пред да станам рамнодушен
спрема неа. А во моментот кога си ја претставував како ме чека дома, како
времето ѝ се гледа долго, како можеби задремала за миг во собата, на минување
ме погали една нежна семејна, домашарска фраза од септетот. Можеби - толку
сите нешта во нашиот внатрешен живот се испреплетуваат, таложејќи се
едноврздруго - неа на Вентеј му ја имаше вдахнато сонот за ќерка му - за ќерка
му, што денес беше причина за мојата размиреност - кога со својата нежност, во
мирните вечери, ја обвиткуваше работата на музичарот, таа фраза што толку ме
успокои со истата онаа заднина на тишина која смирува определени мечтаења
кај Шуман, за време на кои, дури и кога „поетот зборува“, насетуваме дека
„детето спие“. Заспана или будна, вечерва, кога ќе ми текне да се вратам дома,
одново ќе си ја најдам Албертина, моето девојче. Па сепак, си реков, на
почетокот од делово, во првите изблици на зората, како да беше ветено нешто
потаинствено од љубовта на Албертина. Се обидов да ја избркам мислата за
својата пријателка за да мислам само за музичарот. Затоа и тој како да беше
тука. Би се рекло дека авторот, реинкарниран, вечно живее во својата музика;
човек ја чувствуваше радоста со која ја избираше бојата на овој или оној звук,
поместувајќи ја по сличност со другите. Зашто Вентеј, меѓу најдлабоките
дарови, го имаше и тој што го поседуваат малкумина музичари, па дури и
сликари, да користи бои што беа не само постојани, туку и толку лични што, не

58
само што времето не им ја менува свежината, туку нивната оригиналност не
бледнее ни поради учениците кои го имитираат оној што ги пронашол, па дури
ни поради мајсторите што го надмашуваат. Резултатите од револуцијата до која
доведе нивната појава не се втопуваат безлично во следните епохи; таа се
распламтува и одново бликнува само кога одново ќе се свират делата на тој
вечен новатор. Секој звук се истакнуваше со боја што ниедно правило на светот
кое го научиле и најдобро образованите музичари не можеше да го имитира,
така што Вентеј, иако дојде кога му беше време и си доби свое место во
музичката еволуција, ќе го напуштеше секогаш, за да застане на чело на
авангардата, штом ќе фатеа да свират некоја негова творба, што, поради тој
навидум противречен, а, всушност, лажлив, карактер, како да беше настанала по
творбите и на најскорешните музичари. Кога некоја симфониска страница од
Вентеј, веќе слушната на пијано, ќе ја чуевме во оркестарска изведба, таа, како
зрак на летно сонце што призмата на прозорецот го разлага пред да влезе во
некаква мрачна трпезарија, ги откриваше како несомнено, разнобојно благо,
сите бесценети камења од Илјада и една ноќ. Само, како со тој неподвижен сјај
на светлината да се спореди она што беше живот, вечно и среќно движење? Оној
Вентеј, што го познавав како толку бојазлив, толку тажен човек, кога требаше да
избере некој звук, имаше храброст да му придодаде некој друг, а во полната
смисла на тој збор и среќа, во која слушањето на некое негово дело не оставаше
никаков сомнеж. Радоста што му ја причинувале овие или оние звуци и силите
со кои од нив се здобивал за да открие и други, и сега го водеа слушателот од
откритие до откритие или, поточно речено, тоа самиот творец го водеше,
црпејќи од боите кои штотуку ги беше пронашол, луда радост која му даваше
сила да ги открие да се фрли кон оние што тие како да ги довикуваа, восхитен,
треперејќи небаре удрен од некаква искра кога возвишеното се раѓаше само од
себе при средбата со лимените инструменти, задишан, пијан, обезумен,
зашеметен, додека ја сликаше својата голема музичка фреска, како
Микеланѓело, прицврстен за скелето, со главата наназад, како прави страсни
потези со четката врз таванот на Сикстинската капела. Вентеј умре пред повеќе
години; но, му беше дадено, среде тие инструменти што ги сакаше, да продолжи
на неопределено време барем со дел од својот живот. Дали само на својот
човечки живот? Ако уметноста е навистина само продолжување на животот,
вреди ли да ѝ се жртвува што и да е, не би била ли таа исто толку нестварна како
и тој самиот? Колку повеќе го слушав тој септет, сѐ помалу можев да мислам
така. Тој румен септет несомнено се разликуваше од белата соната; бојазливото
распрашување на кое одговараше малата фраза, од задишаното преколнување да
се најде начин да се исполни чудното ветување, што одекна толку кревко, толку

59
натприродно, толку кратко, што од него затрепери сѐ уште неподвижното
руменило на утринското небо над морето. Па сепак, тие толку различни фрази
беа сочинети од исти елементи, зашто како што постоеше определен свет, кој
можевме да го забележиме во тие наваму-натаму распрснати делчиња, во овие
или оние домови, во овие или оние музеи, а кој беше светот на Елстир, оној што
тој го гледаше, оној во кој живееше, така и музиката на Вентеј ширеше околу
себе, нота по нота, допир по допир, непознати, непроценливи бои на еден
ненаслутуван свет, испресечен со празни што помеѓу себе ги оставаа одделните
слушања на неговото дело; тие две толку неслични прашања што го наметнуваа
толку различното темпо на сонатата и септетот, едното кршејќи една
непрекината и чиста линија со куси повици, другото одново поврзувајќи ги во
невидлива структура расфрлените делови, едното толку спокојно и бојазливо,
речиси рамнодушно и некако филозофско, другото забрзано, размирено,
преколнувачко, сепак беа една иста молитва, што бликаше пред различните
внатрешни изгрејсонца, а само прекршена низ различните средини на поинакви
мисли, на уметнички барања во развој во текот на години, во кои сакал да
создаде нешто ново. Молитва, надеж, што во основата беше иста, препознатлива
иако под поинакво руво во различните дела на Вентеј, а, од друга страна, ја
имаше само во делата на Вентеј. Музиколозите секако ќе можеа на тие фрази да
им ги најдат сродниците, да им ја откријат генеалогијата во делата на други
големи музичари, но само од второстепени причини, надворешни сличности,
повеќе умствено досетливо откриени аналогии одошто почувствувани преку
непосреден впечаток. Овој што се добиваше од фразите на Вентеј беше сосема
поинаков од сите други, небаре, наспроти заклучоците кои чиниш произлегуваа
од науката, индивидуалното сепак постоеше. И тоа токму кога силно
настојуваше да биде нов, под привид од разлики, се препознаваа длабоки и
намерни сличности, што ги имаше во рамките на едно дело, кога Вентеј ќе
фатеше на повеќе наврати да повторува една иста фраза, да внесува новини во
неа, кога се забавуваше менувајќи ѝ го ритамот, прикажувајќи ја во првобитната
форма, тие намерни сличности, што беа дело на разумот, па оттаму и нужно
површни, никогаш не успеваа да бидат толку упадливи како оние скриени,
несакани сличности, што навираа под различни бои, помеѓу две различни
ремек-дела; зашто тогаш Вентеј, силно настојувајќи да биде нов, се
испрашуваше самиот себеси, досегајќи ја со сета моќ на својот творечки напор
својата сопствена сушност на оние длабочини на кои таа, какво-годе прашање да
ѝ се поставеше, одговараше со истиот говор, со говорот што нему му беше
својствен. Говор, тој говор на Вентеј, што од говорот на другите музичари го
делеше разлика многу поголема од онаа што ја забележуваме помеѓу гласот на

60
двајца луѓе, па дури и помеѓу мукањето и рикањето на два животински вида;
вистинска разлика, онаа што постои помеѓу мислата на овој или оној музичар и
вечните распрашувања на Вентеј, прашањето што си го поставуваше во толку
многу облици, неговото вообичаено размислување, само толку лишено од
аналитичките облици на расудувањето небаре се одвиваше во светот на
ангелите, така што ние можеме да му ја измериме длабочината, но не веќе и да
го преведеме на човечки јазик како што тоа не можат да го сторат ни
бестелесните духови кога, призвани од страна на некој медиум, овој ги
распрашува за тајните на смртта; говор, зашто сепак, дури и водејќи сметка за
таа стекната оригиналност што ме вџаси попладнето, а и за онаа сродност што
музиколозите би можеле да ја откријат помеѓу музичарите, тоа е секако
единствен говор до кој се издигаат, на кој и против своја волја му се враќаат
оние големи пеачи какви што се оригиналните музичари, а што претставува
доказ за постоењето нескротлива индивидуалност на душата. Било да се
обидуваше нешто да го направи посвечено, поголемо, или да го направи
оживеано и весело, да го направи она што забележуваше како убаво се одразува
во духот на публиката, Вентеј, и против сопствената волја, сето тоа го
потопуваше под некаков бран што доаѓаше од длабочините, а кој неговото
пеење го правеше вечно и веднаш препознатливо. Каде го беше начул, каде го
чул Вентеј тоа пеење, поинакво од она на другите, а слично на сите негови?
Така, секој уметник како да е граѓанин на некаква непозната татковина, што и
самиот ја заборавил, поинаква од онаа од која, запловувајќи кон копното, ќе
дојде некој друг голем уметник. Во своите последни дела Вентеј како најмногу
да ѝ се беше приближил на таа татковина. Атмосферата во нив веќе не беше како
во сонатата, прашалните фрази во нив беа позабрзани, поразмирени, одговорите
потаинствени; разредениот воздух на утрото или вечерта како во нив да
влијаеше и врз самите жици на инструментите. Иако Морел свиреше прекрасно,
звуците што извираа од неговата виолина ми се чинеа чудно продорни, речиси
врескави. Таа жудливост беше допадлива, па, како и кај извесни гласови, во неа
се чувствуваше некој вид моралност и интелектуална надмоќ. Но, тоа можеше и
непријатно да го погоди човека. Кога мигогледот ќе се смени, ќе се прочисти, ќе
стане посоодветен на таа внатрешна татковина, сосема е природно тоа да се
пројави преку општа преобразба на звучноста кај музичарот како и на бојата кај
сликарот. Впрочем, најинтелигентната публика не се мами во тоа, зашто
подоцна последните дела на Вентеј ќе ги прогласат и за најдлабоки. Само,
никаква програма, никаква тема не носеше со себе некаков разумен елемент за
оценување. Се насетуваше, имено, дека се работи за пренесување на
длабочината во светот на звучноста.

61
Музичарите не се сеќаваат за таа изгубена татковина, но секој од нив
несвесно останува засекогаш во извесен услуп со неа; тој е надвор од себе од
радост кога пее во склад со својата татковина, еднипати ја предава од љубов
спрема славата, само што тогаш, барајќи ја славата, бега од неа, а само
презирајќи ја, ја наоѓа, па кога музичарот, каква и да е темата што ја обработува,
ќе го запее тој единствен напев, чијашто едноличност - зашто, каква и да е
темата што ја обработува, таа останува истоветна со себеси - ја докажува
цврстината на елементите што ја сочинуваат неговата душа. Но, зарем тогаш тие
елементи, сиот тој реален остаток што сме присилени да го задржиме за себе,
што дури ни преку разговор не може да се пренесе од пријателот врз пријателот,
од учителот врз ученикот, од љубовникот врз саканата, сето тоа неискажливо,
по кое суштествено се разликува она што секој го почувствувал, а што мора да
го остави на прагот од фразите, преку кој може да општи со другите само
ограничувајќи се врз надворешни точки што им се заеднички на сите, а притоа
се беззначајни, не го пројавува уметноста, уметноста на еден Вентеј, како и онаа
на еден Елстир, екстериоризирајќи го во боите на спектарот длабочинскиот
состав на тие светови што ние ги нарекуваме поединци, а што без уметноста
никогаш не би ги запознале? За ништо не би ни служеле ни крилја, ниту пак
некаков друг апарат за дишење, кои би ни помогнале да ја совладаме
беспределноста. Зашто кога би пошле на Марс или на Венера задржувајќи си ги
истите сетила, тие на сето она што таму би можеле да го видиме би му го дале
оној ист вид што го имаат нештата на Земјата. Единственото вистинско
патување, единствената бања на младоста, не би било да одиме кон нови
предели, туку да имаме други очи, да го видиме универзумот со очите на некој
друг, на стотина други, да ги видиме стотиците светови што секој од нив ги
гледа, што секој од нив е; а тоа може да го сториме со еден Елстир, со еден
Вентеј, со ним слични, со нив летаме од ѕвезди до ѕвезди.
Андантето штотуку заврши со една фраза полна со нежност на која целосно ѝ
се бев предал; тогаш, пред следниот став, имаше одмор за време на кој
изведувачите за миг ги спуштија инструментите, а слушателите разменија по
некој впечаток. Еден војвода, за да покаже дека се разбира во тоа, изјави;
„Многу е тешко ова убаво да се отсвири“. Некои малу попријатни личности за
миг поразговараа со мене. Но, што беа нивните зборови, кои, како и секој
надворешен човечки збор, во споредба со небесната музичка фраза со која
штотоку си поразговарав? Бев навистина како ангел кој, срушен од рајското
пијанство, паѓа во најбеззначајна стварност. И, како што извесни суштества се
последните сведоци на некоја животна форма што природата ја напуштила, јас
се прашував себеси дали музиката не е единствениот пример за она што ќе

62
можеше да биде - да не беа измислени јазикот, образувањето на зборовите,
анализата на идеите - меѓусебно општење на душите. Таа е како неискористена
можност, човештвото тргнало по други патишта, по оние на говорниот и
пишаниот јазик. Но, тоа враќање во светот на она што не може да се расчлени на
составни делови беше толку опојно што, на излезот од тој рај, допирот со повеќе
или помалу разумните суштества ми се виде неверојатно беззначаен. За време на
музиката можев да се сеќавам на тие суштества, да ги поврзувам со неа; или,
поточно речено, со музиката го поврзував сеќавањето само на едно единствено
суштество, сеќавањето на Албертина. А фразата со која заврши тоа анданте ми
се стори толку возвишена што си велев дека е штета што Албертина не знаеше, а
и да знаеше, немаше да сфати, колкава чест е за неа да биде поврзана со нешто
толку големо што нѐ обединува, а комушто таа како да му го позајмила својот
патетичен глас. Но, кога музиката запре, суштествата што беа тука изгледаа и
премногу блуткави. Послужија некакви освежителни пијачки. Господин де
Шарли одвреме навреме ќе распрашаше по некој слуга: „Како сте? Ја примивте
ли мојата телеграма? Ќе дојдете ли?“ Во тие распрашувања бездруго ја имаше
онаа слобода на голем господин кој смета дека некому му ласка и дека е
понародски човек одошто буржујот, но и препреденост на виновникот кој
верува дека она што јавно го покажува со самото тоа ќе го оценат како невино.
Па додаваше, со германтовскиот тон на госпоѓа де Вилпаризи: „Тоа е вредно
момче, добра природа, често работи кај мене“. Но, неговите итроштини се
свртуваа против баронот, зашто луѓето ги сметаа за необични тие негови толку
интимни љубезности и тие негови пневматски писма до некаквиси лакеи.
Инаку, овие се чувствуваа помалу поласкано, а повеќе непријатно пред своите
другари.
Меѓутоа, септетот кој продолжи, се ближеше кон својот крај; на неколку
наврати оваа или онаа фраза од сонатата ќе се вратеше, но секојпат изменета, со
поинаков ритам, со поинаква придружба, иста, а сепак друга, како што бидува и
со нештата во животот; а тоа беше една од оние фрази кои, без да може да
разбереме каква улога им доделува, како единствен и нужен дом, минатото на
извесен музичар, се наоѓаат само во неговото дело, севезден појавувајќи се во
него како самовили, дријади, како домашни божества. Во септетот отпрвин
открив две-три од нив, што ме потсетуваа на сонатата. Наскоро - нурната во
виолетова магла што се креваше особено во завршниот дел од делото на Вентеј,
така што, дури и кога некаде ќе внесеше некој танц, овој остануваше заробен во
опал - забележав една друга фраза од сонатата, но сѐ уште толку далечна што
одвај ја препознавав; колебливо се приближи, па ја снема небаре исплашена,
сетне се врати, се здружи со другите, кои, како што дознав подоцна, беа дојдени

63
од други дела, повика и други, кои, од своја страна, штом ќе се припитомеа,
стануваа привлечни и убедливи, фаќајќи се во орото, во божественото оро што
остана невидливо за повеќето слушатели, кои, имајќи пред себе само матен
превез преку кој не гледаа ништо, со одушевени извици произволно нагласуваа
некаква непрестајна досада од која мислеа дека ќе умрат. Потем се оддалечија,
освен една што видов како сѐ одново и одново минува пет-шест пати, без да
можам да ѝ го видам лицето, но толку галежна, толку поинаква - бездруго како
малата фраза од сонатата за Сван - од она што кога и да е некоја жена можела да
го направи пожелно, што токму оваа фраза, која со толку сладок глас ми нудеше
среќа што навистина вредеше да се постигне, можеби беше - тоа невидливо
суштество на кое не му го знаев јазикот, а толку убаво го разбирав -
единствената Непозната што кога и да е ми беше дадено да ја сретнам. Потоа
фразата се ослободи, се преобрази, како што правеше и малата фраза од
сонатата, и стана таинствениот повик од почетокот. Наспроти неа се јави
некаква болна фраза, но толку длабока, толку матна, толку внатрешна, безмалу
органска и висцерална, што, при секое нејзино враќање, човек не знаеше дали е
тоа враќање на тема или на невралгија. Наскоро двата мотива фатија да се борат
гради в гради, при што напати едниот наполно ќе го снемаше, а потоа ќе се
забележеше само дел од другиот. Право зборувајќи, беше тоа само борба гради в
гради на две енергии; зашто, иако тие суштества меѓусебно се судираа, беа
лишени од своите физички тела, од својата надворешност, од своето име,
наоѓајќи во мене некаков внатрешен набљудувач - што и самиот не се грижеше
за имињата и за посебностите - кој се интересираше за нивната бестелесна и
динамична борба и страсно ги следеше нејзините звучни перипетии. Најпосле
радосниот мотив победи, тоа веќе не беше некаков безмалу размирен повик што
се заори зад некакво празно небо, беше тоа неискажлива радост што како да
идеше од Рајот; радост исто толку различна од онаа на сонатата колку што
некаков архангел со светлоцрвена наметка на Мантења, кој свири на римска
труба, можеше да се разликува од некој мил и сериозен ангел на Белини. Знаев
дека никогаш нема да ја заборавам таа нова нијанса на радоста, тој повик на
надземска радост. Само, дали таа кога и да е ќе биде остварлива за мене?
Прашањево ми изгледаше дотолку поважно што таа фраза беше токму она што
најубаво би можело да ги окарактеризира - како раскин со сѐ друго во мојот
живот, со видливиот свет - оние впечатоци што во големи временски интервали
ги откривав во својот живот како појдовни точки, како зачетоци за изградба на
некаков вистински живот: впечатокот доживеан пред ѕвоната на Мартенвил,
пред некаков дрворед крај Балбек. Во секој случај, да се вратам на посебниот
акцент на таа фраза, колку е чудно што претчувството, поинакво од сето она што

64
ни го наметнува безбојното секојдневие, најсмелата нриближна претстава за
овоземските радости се овоплоти токму во тажниот пристоен малограѓанин
кого го среќававме за време на месецот на Марија во Комбре! А, особено, како
беше можно ова откровение на еден непознат вид радост, најнеобичното на кое
кога и да е бев наишол, да го примам од него, зашто, како што велеа, кога умрел
ја оставил само Сонатата, додека другото останало непостојно во нечитливи
белешки? Нечитливи, но кои, на крајот од краиштата, благодарение на големата
стрпливост, интелигенција и почит, беа дешифрирани од единствената личност
што доволно долго живеела покрај Вентеј за да го запознае неговиот начин на
работа, за да ги одгатне неговите оркестарски индикации: пријателката на
госпоѓица Вентеј. Уште додека големиот музичар беше жив, таа го научила од
ќерка му култот што оваа го одгледувала спрема татка си. Токму поради тој
култ, во миговите кога оделе во спротивна насока од своите вистински
склоности, двете девојки и можеле да најдат некакво налудничаво задоволство
во сквернавењата за кои раскажував. Обожавањето на татка си беше нужен
услов за обесчестувањето на ќерка му. Тие несомнено требало да се откажат од
уживањето во тоа обесчестување, но ова не ги изразувало целосно. И, инаку, тие
со време станувале сѐ поретки и поретки додека наполно не исчезнале сообразно
со тоа колку тие плотни и болникави односи, таа метежна и матна збрка не му
направила место на пламенот на едно возвишено и чисто пријателство.
Пријателката на госпоѓица Вентеј еднипати ќе ја обземеше неподносливата
мисла дека таа можеби ја забрзала смртта на Вентеј. Откако минаа години и
години одгатнувајќи ги чкртаниците што зад себе ги остави Вентеј, претворајќи
ги во наполно читлив текст тие непознати хиероглифи, пријателката на
госпоѓица Вентеј ја имаше барем утехата дека на музичарот, кому му ги зацрни
последните години, за возврат му обезбеди бесмртна слава. Од односи
неблагословени од законите проистекуваат исто толку многукратни, исто толку
сложени, а поцврсти врски на сродство од оние што се раѓаат во бракот. Дури и
без да се задржуваме врз односи од олку особена природа, зарем секојдневно не
гледаме дека прељубот, кога се темели врз вистинска љубов, не ги ослабнува,
туку ги засилува семејните чувства и татковските должности? Прељубот тогаш
внесува дух во словото што бракот многу често би го умртвил. Една добра
ќерка, која напросто од пристојност ќе носи црнина за вториот маж на мајка си,
нема да има доволно солзи да го ожали човекот што мајка ѝ, помеѓу сите мажи,
го избрала за свој љубовник. Впрочем, госпоѓица Вентеј постапуваше само од
садизам, што не ја оправдуваше, иако подоцна донекаде ми беше мило да
мислам на тоа. Во моментот кога со својата пријателка ја сквернавеше
фотографијата на татка си, таа секако морала да се свести, си велев, дека сето

65
тоа е болна, налудничава работа, а не вистинска, радосна злоба каква што
посакуваше. Помислата дека е тоа само изигрување злоба ѝ го расипуваше
задоволството. Но, ако таа помисла можела кај неа да се јави подоцна, како што
ѝ го расипуваше задоволството, секако ѝ го ублажуваше и страдањето. „Тоа не
бев јас, секако си велела, бев луда. Јас сѐ уште можам да се молам за татко ми и
да не очајувам поради неговата добрина“. Само, можно е таа помисла, што
секако ѝ се јавувала во миговите на задоволство, да не ѝ се јавувала кога
страдала. Би сакал да можев да ѝ ја влеам во духот. Сигурен сум дека со тоа ќе ѝ
направев добро, а помеѓу неа и споменот на татко ѝ ќе можев да воспоставам
доста нежен однос.
Како од нечитливите бележници, во кои некаков генијален хемичар, кој не
знаел дека смртта му е толку блиску, забележал откритија што можеби
засекогаш би останале непознати, таа, од хартиите што беа понечитливи и од
папируси испишани со клинесто писмо, ја извлекла засекогаш плодоносната,
вечно вистинита формула на таа непозната радост, мистичната надеж на
пурпурниот утрински ангел. А и јас, за кого таа, иако можеби помалу одошто за
Вентеј, беше исто така причина, па и таа вечер, разбудувајќи ја во мене
љубомората спрема Албертина, а особено в иднина секако ќе биде причина за
толку многу страдања, за возврат, токму благодарение на неа можев да го чујам
необичниот повик што веќе никогаш нема да прес танам да го слушам - како
ветување дека постои и нешто друго, што секако може да се оствари преку
уметноста, освен празнотијата која ја откривав во сите задоволства, па и во
самата љубов, и дека, иако животот ми се чинеше толку залуден, барем во него
не бев постигнал сѐ.
Она што таа ни го обезбеди со својот труд, да го запознаеме Вентеј, и
навистина беше Вентеј. Покрај таа пиеса за десет инструменти6*, извесни фрази
од сонатата, кои публиката единствено ги познаваше, изгледаа толку банални
што не можеше да се разбере како можеле да предизвикаат толкав восхит. На
ист начин изненадува што со години толку беззначајни дела, како „Романсата на
Ѕвездата“ и „Молитвата на Елизабета“, можеа на концертите да ги креваат на
нога фанатичните љубители кои до изнемоштеност ракоплескаа и врескаа bis
кога ќе завршеше она што за нас, кои ги познававме Тристан, Златото на Рајна,
Мајсторите пеачи, сепак беше само блантава беда. Треба сепак да се
претпостави дека тие безлични мелодии веќе содржеа, во инфинитезимални

6*Превидна авторот при конечната редакција на делото: иако за сето време зборува за септет, тука
одненадеш творбата е за „десет инструменти“ (заб. на преведувачот).

66
количества, а со самото тоа можеби и поприфатливо, нешто од оригиналноста
на ремек-делата што се, гледано наназад, единствено вредни за нас, но на кои,
како самата нивна совршеност да им пречеше да бидат разбрани; тие можеа да
им го отворат патот кон срцата. Како и да е, иако будеа нејасно претчувство за
идните убавини, овие ги оставаа наполно непознати. Така беше и со Вентеј; ако,
пред да умре, го оставеше - освен извесни делови од сонатата - само она што
можел да го доврши, она што ќе го знаевме за него, во споредба со неговата
вистинска големина, ќе беше исто толку беззначајно како и за Виктор Иго, на
пример, да умрел по „Воениот поход на кралот Јован“, „Свршеницата на
тапанарот“ и „Сара на бањање“, без да напишал ништо од Легендата на
вековите и од Контемплациите: она што за нас е неговото вистинско дело би
останало чисто виртуелно, исто толку непознато како и оние светови до кои не
досега нашето забележување, за кои никогаш нема ни да имаме некаква
претстава.
Впрочем, таа привидна противречност, таа длабока поврзаност помеѓу
генијот (и талентот, па дури и доблеста) и леглото на порокот, во кое, како што
тоа му се случи на Вентеј, тој толку често е сместен и зачуван, беше видлива,
како во некаква народска алегорија, во самиот собир на канетите гости среде кој
се наоѓав кога заврши музиката. Тој собир, иако овој пат ограничен на салонот
на госпоѓа Вердирен, личеше на многу други, на кои широката публика не им ги
знае составните делови, а што новинарите-филозофи - ако се и малу
информирани - ги нарекуваат париски, панамистички, драјфусовски, и не
слутејќи дека тие може да се видат и во Петерсбург, Берлин, Мадрид и тоа во
секое време; верно, ако таа вечер кај госпоѓа Вердирен беа државниот
потсекретар за уметност, човек со вистинска уметничка смисла, убаво воспитан,
а сноб, неколку војвотки и тројца амбасадори со своите жени, главниот,
непосреден мотив за тоа присуство требаше да се бара во односите што постоеја
помеѓу господин де Шарли и Морел, односи поради кои баронот сакаше да им
овозможи најголем можен одек на уметничките успеси на својот млад идол и да
му го прибави крстот на Легијата на честа; подалечна причина што го овозможи
тој собир беше што една девојка, која со госпоѓица Вентеј одржуваше односи
слични на оние на Морел и баронот, изнесе на видело цела низа генијални дела,
што беа такво откритие што наскоро, под покровителство на министерот за
просвета, ќе почнат да се собираат прилози за да му се подигне споменик на
Вентеј. Впрочем, на овие дела исто толку им беа од полза односите на госпоѓица
Вентеј со нејзината пријателка како и тие на баронот со Морел, како некој вид
напречен, покус пат, благодарение па кој светот ќе стаса до тие дела без
заобиколување, ако не поради неразбирање што би можело да потрае подолго

67
време, тоа барем поради непознавање што би можело да потрае со години.
Секојпат кога ќе дојде до настан што ѝ е достапен на душевната простотија на
новинарот-филозоф, а тоа, општо земено, значи некој политички настан,
новинарите-филозофи се убедени дека во Франција дошло до некаква промена,
дека такви вечерни приеми веќе нема да може да се видат, дека луѓето веќе нема
да им се восхитуваат на Ибзен, Ренан, Достоевски, Анунцио, Толстој, Вагнер,
Штраус. Зашто, од сомнителната заднина на тие службени манифестации
новинарите-филозофи извлекуваат доказ дека има нешто декадентно во
уметноста што тие ја величаат, а која најчесто е построга од сите други. Зашто,
помеѓу оние што тие новинарите-филозофи најмногу ги почитуваат и нема име
кое сосема природно не дало повод за такви необични свечености, иако
необичноста им била помалу нападна и подобро прикриена. Што се однесува до
оваа овдека, нечистите елементи кои во неа се соединуваа ми паѓаа в очи и од
една друга гледна точка; секако, јас бев во состојба како никој друг да ги
разлачам, зашто научив да ги запознавам одделно; само што едните, оние што
беа поврзани со госпоѓица Вентеј и нејзината пријателка, зборувајќи ми за
Комбре, ми зборуваа и за Албертина, што ќе рече за Балбек, бидејќи токму затоа
што некогаш ја бев видел госпоѓица Вентеј во Монжувен и што бев дознал за
блискоста на нејзината пријателка со Албертина, што наскоро, на враќање дома,
наместо осаменоста, ќе ја затечам Албертина како ме чека; а оние што се
однесуваа до Морел и господин де Шарли, зборувајќи ми за Балбек, каде што на
донсиерскиот перон видов како започнуваат нивните односи, ми зборуваа за
Комбре и за неговите две страни, зашто господин де Шарли беше еден од тие
Германтови, комбрејски грофови, живеејќи во Комбре иако во него немаа дом,
помеѓу небото и земјата, како Жилбер Лошиот во неговиот витраж, додека
Морел беше син на оној стар собар што ми овозможи да ја запознам дамата во
розово и ми дозволи, толку години подоцна, да ја препознам во неа госпоѓа
Сван.
„Изведбата беше убава, нели? го праша господин Вердирен Саниет. - Се
плашам само, одговори овој пелтечејќи, самата виртуозност на Морел да не го
засени малу општото чувство на делото. - Засени, што сакате да кажете?“ се
издра господин Вердирен, додека гостите поитаа, готови, како лавови, да го
раскинат вчудоневидениот човек. „Ох! не мислам само на него... - Овој веќе и не
знае што зборува. Па на што мислите? - Би... требало... да... го чујам... уште
еднаш за да можам да си го кажам точното мислење. - Точното мислење! Овој е
луд!“ рече господин Вердирен фаќајќи се за главата. „Би требало да го однесат. -
Сакам да кажам: со прецизност, па и вие... се разбира... велите... строго
прецизно. Реков дека не можам да си го кажам точното мислење. - А јас пак ви

68
велам да си одите оттука“, извика господин Вердирен опиен со сопствениот бес,
покажувајќи му ја со прст вратата, светкајќи со очите. „Не дозволувам вака да се
зборува кај мене!“ Саниет тргна да си оди тетеравејќи се како пијан човек.
Некои луѓе помислија дека не бил поканет штом вака го бркаат. А една дама што
дотогаш беше во мошне пријателски односи со него, на која претходниот ден ѝ
беше позајмил една скапоцена книга, утредента му ја врати без збор, одвај
завиткана во хартија, заповедајќи му на својот управител на послугата врз неа
сосема студено да ја напише адресата на Саниет; таа не сакаше „да му должи
ништо“ некому што беше очигледно далеку од милоста на малото јадро. Саниет,
инаку, никогаш не дозна за таа дрскост. Зашто, не поминаа ни пет минути од
карањето на господин Вердирен, а еден лакеј дојде да го извести Газдата дека
господин Саниет го удрила дамла во дворот. Но, соарето не беше готово. „Нека
го однесат дома, не му е ништо“, рече Газдата, чијашто „лична“ палата, како што
би рекол директорот на хотелот во Балбек, на тој начин се изедначи со оние
големи хотели каде што брзаат да ги скријат ненадејно умрените за да не ги
исплашат гостите, а покојникот привремено ќе го кријат во некаква остава до
моментот кога, иако за време на животот можеби бил и најблескавиот и
најблагородниот човек, назорум ќе го изнесат преку вратата за кујнската
послуга. Впрочем, Саниет и не беше мртов. Живееше уште неколку недели,
само повремено доаѓајќи си на себе.
Господин де Шарли, во моментот кога музиката заврши, а гостите фатија да
се збогуваат од него, ја направи истата грешка како и при нивното доаѓање. Тој
не ги замоли да појдат до Газдарицата и да ја вклучат неа и нејзиниот маж во
благодарноста што му ја искажуваа нему. Беше тоа долго дефиле, но дефиле
само пред баронот, и тоа не без тој да биде свесен за него, зашто неколку минути
подоцна ми рече вака: „Самиот облик на музичкава приредба потоа доби доста
забавен вид на честитање во „сакристијата“. Луѓето со разни муабети
развлекуваа дури со честитањата што им дозволуваше да останат малу повеќе со
баронот, додека оние што сѐ уште не му беа честитале на неговата успешна
свеченост, стоеја тупкајќи со нозете. (Не еден од мажите сакаше да си оди; но,
жена му, сноб иако војвотка, се бунеше: „Не, не, и да мора да чекаме еден час, не
треба да си заминеме, а да не му заблагодариме на Паламед кој вложил толку
труд. Во нашево време само тој умее да приреди вакви свечености“. Никој не
помисли да бара да ѝ биде претставен на госпоѓа Вердирен, како што тоа не се
бара ни при отворањето на некој театар во кој некоја голема дама за една вечер
ја довела сета аристократија.) „Бевте ли вчера кај Елијана де Монморанси,
роднино? праша госпоѓа де Мортемар, желна да го продолжи разговорот. - Е па,
Боже мој, не бев; јас многу ја сакам Елијана, но не ја сфаќам смислата на тие

69
покани. Бездруго сум по малу тупав“, додаваше тој со широка, ведра насмевка,
додека госпоѓа де Мортемар чувствуваше оти ќе биде првата која чула нешто
онака „Паламедовско“, како што така често слушаше по нешто „Оријанино“.
„Пред петнаесетина дена навистина примив карта од мошне пријатната Елијана.
Над спорното име Монморанси, стоеше оваа љубезна покана: драг роднино,
укажете ми ја честа да мислите на мојот. следен петок во 9 и пол. Одоздола
беа напишани овие два помалу љубезни збора: Чешки квартет. Ми се видоа
неразбирливи, во секој случај без поголема врска со претходната реченица
одошто оние писма на чиј грб испраќачот почнал некоја друга, со зборовите:
Драг пријателе, без продолжение, а друг лист не зел, било поради расеаност,
било за да заштеди хартија. Многу ја сакам Елијана: затоа и не ѝ се налутив, се
задоволив со тоа да не водам сметка за чудните и неумесни зборови чешки
квартет, а бидејќи сум уреден човек, поканата ја ставив над каминот за да
мислам на госпоѓа де Монморанси в петок во девет и пол часот. Иако сум познат
по својата послушна, точна и кротка природа, како што Бифон вели за камилата
- а смеата уште пошироко расцуте околу господин де Шарли, кој, напротив,
знаеше дека него го сметаат за најтежок човек на светот - јас задоцнив неколку
минути (колку што ми требаше да ја преслечам денската облека), а и совеста не
ме печеше премногу поради тоа, зашто си мислев дека тоа девет и пол е ставено
за да означи десет часот. А кога отчука десет часот, во убава собна наметка, со
дебели влечки на нозете, седнав покрај огнот за да си мислам на Елијана, како
што таа побара од мене, и тоа со интензитет што фати да се намалува дури во
десет и пол. Кажете ѝ, ве молам дека строго се придржував кон нејзиното смело
барање. Мислам дека ќе биде задоволна“.
Госпоѓа де Мортемар зајде од смеење, а господин де Шарли заедно со неа. „А
утре, додаде таа, не мислејќи дека и премногу го пречекорила времето што
можеше да ѝ се посвети, ќе одите ли кај нашите роднини Ла Рошфуко?
- Ох! тоа, тоа е невозможно, тие ме поканија, како и вас, гледам, на нешто
сосема незамисливо и неостварливо, а што се нарекува, ако можам да ѝ верувам
на поканата: танцов чај. Кога бев млад важев за мошне вешт танчар, но се
сомневам дека би можел да пијам чај танцувајќи без да ги нарушам правилата на
пристојноста. А јас никогаш не сум сакал ниту да јадам ниту да пијам на
непристоен начин. Ќе ми кажете дека денес веќе не морам да танцувам. Но, дури
и кога удобно би седнал да пијам чај - во чијшто квалитет, впрочем, се
сомневам, бидејќи се нарекува танцов - би се плашел некои гости помлади од
мене, а можеби не толку вешти колку што бев јас на нивна возраст, да не си ги
расипат шолјите врз мојот фрак, што би ми го расипало задоволството да си ја
испијам својата“. Господин де Шарли, инаку, не се задоволуваше дури ни со тоа

70
во разговорот да ја испушта госпоѓа Вердирен и да зборува за најразлични теми
(што како да уживаше да ги развива и варира, поради суровото задоволство кое
секогаш му беше својствено, да ги натера бесконечно да стојат на нозе,
образувајќи „опашки“, пријателите што чекаа со исцрпувачко трпение да им
дојде редот). Тој дури и го критикуваше сето она за што на тоа соаре беше
одговорна госпоѓа Вердирен: „Туку, кога веќе зборуваме за шолји, какви беа тие
чудни полугрнци слични на оние во кои, кога бев млад, ни носеа овошен
сладолед од кај Поаре-Бланш? Некој пред малу ми рече дека тие биле за „кафе
со мраз“. Но, кога се зборува за кафе со мраз, јас не видов ни кафе ни мраз.
Какви чудни дреболии со нејасна намена!“ За да го каже ова, господин де
Шарли ги стави вертикално врз устата своите раце во бели ракавици, па
претпазливо кружеше со својот поглед со кој како да сакаше да каже дека му е
страв да не го чујат или дури да не го видат домаќините. Но тоа беше само
преправање, зашто наскоро истите критики ќе ѝ ги каже на самата Газдарица, а
малу подоцна дрско ќе ѝ заповеди: „А особено, веќе никакви шолји за кафе со
мраз! Дајте ѝ ги на онаа ваша пријателка на која сакате да ѝ ја нагрдите куќата.
Само, никако да не ги става во салонот, зашто некој би можел да се заборави и да
помисли дека влегол во погрешна соба бидејќи изгледаат токму како нокшири“.
„Ама, роднино, ќе речеше гостинката и самата спуштајќи го гласот и
гледајќи го испитувачки господин де Шарли, не од страв да не ја налути госпоѓа
Вердирен, туку да не го налути него, можеби таа уште не ги знае сите тие
работи... - Ќе ја научиме. - Ох! се смееше гостинката, нема да може да најде
подобар професор! Имала среќа! Со вас човек е сигурен дека нема да има
погрешни ноти. - Во секој случај, ги немаше во музиката. - Ох! тоа беше
возвишено. Тоа се радости што не се забораваат. А, кога веќе зборуваме за овој
генијален виолинист, продолжуваше таа, верувајќи во својата наивност дека
господин де Шарли се интересираше за виолината „сама по себе“, дали
познавате еден што некни го чув како прекрасно свири една соната од Форе, се
вика Франк... - Да, тоа е ужас, одговори господин де Шарли, не грижејќи се за
грубоста на тоа одрекување што подразбираше дека неговата роднина нема
никаков вкус. Кога се работи за виолинист, ви советувам да се држите за мојот“.
Господин де Шарли и неговата роднина фатија одново да си разменуваат
погледи, наедно спуштени и испитувачки, зашто сета црвена, ревносно
настојувајќи да си ја поправи несмасноста, госпоѓа де Мортемар сакаше да му
предложи на господин де Шарли да приреди едно соаре за да овозможи да го
чујат Морел. Само, за неа, тоа соаре немаше за цел да фрли светлина врз еден
талент, макар што беше готова да тврди дека тоа ѝ е, а што - всушност - му беше
цел на господин де Шарли. Таа во тоа гледаше само прилика да приреди едно

71
посебно отмено соаре и веќе сметаше кого ќе го покани, а кого ќе го изостави.
Тоа одбирање, главна грижа на луѓето што приредуваат свечености (дури и оние
што монденските весници смело или глупаво ги нарекуваат ,,елита“) за миг
подлабоко го менува погледот - и ракописот - одошто би го сторила сугестијата
на некаков хипнотизер. Дури и пред да помисли на она што Морел би го свирел
(грижа што со право се сметаше за второстепена, зашто иако сите, поради
господин де Шарли, би биле пристојни и би молчеле за време на музиката,
никој, напротив, и не би помислил да ја слуша), госпоѓа де Мортемар, откако
реши дека госпоѓа де Валкур нема да биде помеѓу „избраните“, со самото тоа
доби заговорнички, таинствен изглед што толку многу ги унижува оние исти
жени од високото општество со кои луѓето најлесно би можеле да ги исмеваат
поради она „што ќе рече светот“. „Нема ли начин да приредам соаре на кое би го
чуле вашиот пријател?“ рече тивко госпоѓа де Мортемар, која, иако му се
обраќаше само на господин де Шарли, не можеше да се воздржи, небаре беше
маѓепсана, да фрли поглед кон (исклучената) госпоѓа де Валкур за да се увери
дека оваа е на доволно отстојание за да не ја чуе. „Не, не може да разбере што
кажав“, заклучи во себе госпоѓа де Мортемар, која ја смири нејзиниот сопствен
поглед, што, напротив, изврши врз госпоѓа де Валкур сосема поинакво дејство
од она што му беше целта: „Види, види, си рече госпоѓа де Валкур, откако го
виде тој поглед, Мари-Терез се договара со Паламед за нешто во кое јас не треба
да учествувам“. „Сакате да речете мојот штитеник“, ја исправи господин де
Шарли, кој немаше повеќе милост за граматичкото знаење одошто за музичката
дарба на својата роднина. Потоа, не водејќи каква и да било сметка за нејзините
неми молби, која, усмевнувајќи се, и самата се извинуваше: „Како да не..., рече
тој со силен глас што можеше да го чуе целиот салон, иако секогаш постои
опасност при ваквиот вид пренесување на една фасцинантна личност во друга
рамка, поради неа нејзината трансцендентна моќ нужно да претрпи извесна
загуба, та затоа, во секој случај, би требало да се приспособи“. Госпоѓа де
Мортемар си рече дека она mezzo voce, она pianissimo од нејзиното прашање
беше залудна работа, по „разгласот“ преку кој мина одговорот. Се измами.
Госпоѓа де Валкур не чу ништо, та затоа и не разбра ниту еден единствен збор.
Вознемиреноста ѝ се смири и набргу ќе ја снемаше доколку госпоѓа де
Мортемар, која веќе се плашеше да не биде изиграна, па да мора да ја покани
госпоѓа де Валкур, со која беше и премногу блиска за да ја изостави кога оваа за
настанот би дознала „претходно“, не ги кренеше очите накај Едит, небаре за да
не ја испушти од око опасноста што ѝ се закануваше, а потоа пак живо ги
спушти за да не се обврзе премногу. Сметаше утредента, по свеченоста, да ѝ
напише, како дополнение на погледот што ја издаде, едно од оние писма, за кои

72
се мисли дека се којзнае колку итри, а кои се како потпишано признание во кое
ништо не е премолчано. На пример: Драга Едит, ми недостигате, вчера и не ве
очекував премногу (како можела да ме очекува, ќе си речеше Едит, кога не ме
покани?), зашто знам дека не го сакате кој знае колку тој вид собири што пред
сѐ ви се здодевни. Сепак, ќе бевме мошне почестени да бевте со нас (госпоѓа де
Мортемар никогаш не го употребуваше изразот „почестен“, освен во писмата во
кои настојуваше на некаква лага да ѝ даде привид на вистина). Знаете дека во
нашата куќа секогаш сте како дома. Впрочем, сосема добро сторивте, зашто
тоа беше сосема неуспешна вечер, како и сите оние работи што се
импровизираат за два часа, итн. Но, веќе и од тој нов поглед, фрлен назорум кон
неа, Едит го сфати сето она што се криеше во замрсениот јазик на господин де
Шарли. Тој поглед беше дури толку силен што, откако ја погоди госпоѓа де
Валкур, очигледната тајна и намерата за прикривање кои ги содржеше
отскокнаа кон еден млад Перуанец, кого госпоѓа де Мортемар, напротив,
сметаше да го покани. Но, сомничав каков што беше, гледајќи како се плетат
некакви очигледни мистерии, не водејќи сметка дека тие не се однесуваат на
него, тој истиот миг почувствува страшна омраза спрема госпоѓа де Мортемар и
се заколна дека ќе ѝ приреди илјада и една несолена шега, ќе ѝ испрати, да
речеме, педесет кафиња со мраз дента кога таа не прима, додека, дента кога
прима, во весниците ќе уфрли белешка оти свеченоста е откажана, а во следните
ќе објави измислени прикази во кои ќе бидат поместени имињата на луѓе, што
им се познати на сите, а кои, од најразлични причини, никој не сака да ги прима,
па дури ни да дозволи да му ги претстават.
Мадам де Мортемар грешеше што се грижеше за госпоѓа де Валкур.
Господин де Шарли се нафати да ја расипе планираната свеченост, многу повеќе
одошто тоа би го сторило нејзиното присуство. „Ама, роднино“, рече таа како
одговор на реченицата за „рамката“, зашто моментната состојба хиперестезија ѝ
овозможи да ѝ ја сфати смислата, „ние ќе ве поштедиме од каков и да е напор.
Си ја преземам обврската да го замолам Жилбер да се погрижи за сѐ. - Не,
никако, дотолку повеќе што тој нема да биде поканет. Ништо нема да се прави
без мене. Се работи, пред сѐ, за тоа да се исклучат оние што имаат уши за да не
слушаат“. Роднината на господин де Шарли, што особено сметаше на
привлечноста на Морел за да приреди соаре за кое ќе може да каже дека таа, за
разлика од толку многу роднини, „го имала Паламед“, наеднаш се префрли во
мислите од угледот на господин де Шарли врз едночудо луѓе со кои тој ќе ја
скара ако фати да исклучува и да кани. Се исплаши од помислата дека нема да
биде поканет принцот де Германт (поради кого, делум, и сакаше да ја исклучи
госпоѓа де Валкур, која тој не ја примаше). Очите ѝ добија вознемирен израз.

73
„Да не ви пречи оваа малу прејака светлина?“ ја праша господин де Шарли со
привидна сериозност, чијашто иронија таа не ја разбра. „Не, нималу, само
помислив на тешкотиите, не поради себе, се разбира, што може да настанат
доколку Жилбер дознае дека сум приредила соаре без да го поканам, тој што
никогаш нема ни четири мачки без да... - Ама, токму така и ќе почнеме,
отстранувајќи ги четирите мачки, што би можеле само да мјаукаат, мислам дека
вие поради вревата од разговорите не разбравте оти не се работеше за тоа преку
тоа соаре некому да му се угоди, туку да се постапи според обредите што се
вообичаени во секоја вистинска богослужба.“ Потоа, оценувајќи не дека
следната личност и премногу чекала, туку дека е неприлично да претерува со
милостите што ѝ ги укажуваше на оваа, која многу помалу мислеше на Морел
одошто на своите сопствени „списоци“ на поканетите, господин де Шарли, како
лекар кој прекинува со прегледот кога ќе оцени дека доволно долго се задржал,
ѝ даде знак на својата роднина да се повлече, и тоа не велејќи ѝ до видување,
туку свртувајќи се кон личноста што доаѓаше непосредно зад неа. „Добра вечер,
госпоѓо де Монтескју, беше прекрасно, нели? Не ја видов Елена, кажете ѝ дека
од секое општо отсуствување, дури и најблагородното, што ќе рече нејзиното,
има исклучоци, ако се блескави, каква што вечерва беше случај. Добро е што се
појавува ретко, но уште подобро е реткото, што е негативно, да му го жртвува на
драгоценото. Јас повеќе од кого и да е го ценам систематското отсуство на
сестра ви таму каде што не ја очекува ништо достојно за неа, додека, напротив,
нејзиното присуство на манифестација што ќе се памети, како оваа, ќе ѝ
донесеше на сестра ви, што е и инаку угледна личност, дополнителен углед“.
Потоа премина на некоја трета личност.
Многу се изненадив кога видов како на господин де Шарли исто онолку
љубезно му се умилкува, колку што некогаш беше студен спрема него, барајќи
да му го претстават Морел и велејќи му дека се надева оти овој некој ден ќе го
посети, господин д’Аржанкур, тој човек толку страшен спрема луѓето од сојот
на господин де Шарли. Само, сега живееше опкружен од нив. Ова, се разбира, не
беше затоа што станал сличен на господин де Шарли. Но, од пред некое време
тој речиси ја беше напуштил жена си поради една млада жена од високото
општество што ја обожаваше. Таа беше интелигентна и го натера да ја споделува
нејзината склоност спрема интелигентните луѓе и многу сакаше да го има
господин де Шарли кај себе. А особено што господин д’Аржанкур, страшно
љубоморен и по малу немоќен, чувствувајќи дека слабо си ја задоволува
новоосвоената љубов, па, сакајќи наедно и да ја зачува и да ја разоноди, можеше
тоа да го стори без опасност опкружувајќи ја со безопасни мажи, на кои, на тој
начин, им ја доверуваше улогата на чувари на сарајот. Овие сметаа дека станал

74
мошне љубезен и го прогласуваа за многу поинтелигентен одошто верувале
дека е, додека неговата љубовница и тој беа восхитени од тоа.
Гостинките на господин де Шарли си заминуваа доста бргу. Многу од нив
велеа: „Не сакав да одам во сакристијата (малиот салон каде што баронот, со
Морел крај себе, ги примаше честитањата), само, сепак беше ред Паламед да ме
види за да знае дека сум останала до крајот“. Ниедна од нив не се грижеше за
госпоѓа Вердирен. Многу од нив се правеа дека не ја препознале, па, по грешка
се збогуваа со госпоѓа Котар, велејќи ми за жената на докторот: „Тоа е госпоѓа
Вердирен, нели?“ Госпоѓа д’Арпажон, на една педа растојание од ушите на
домаќинката, ме праша: „А имало ли некогаш некаков господин Вердирен?“
Војвотките кои се бавеа наоколу, не наоѓајќи ништо необично што го очекуваа
на тоа место, за кое се надеваа дека ќе биде поинакво од оние што тие ги
познаваа, немајќи ништо подобро, тоа го надоместуваа со придушена смеа пред
сликите на Елстир; заслугата за останатото, што им се чинеше послично одошто
си мислеа на она што веќе го познаваа, му ја припишуваа на господин де Шарли,
велејќи: „Што убаво умее да ги нареди работите Паламед! Тој би можел да
приреди волшебна театарска претстава и во шупа или во нужник, а сепак да не
биде помалу восхитувачка“. Најотмените беа оние што најревносно му честитаа
на господин де Шарли на успехот на таа вечер на која некои и не ѝ ја знаеја
тајната цел, без тоа да им пречи, впрочем, зашто ова друштво - можеби сеќавајќи
се на извесни историски епохи во кои нивното семејство досегнало исто толкав
степен на зазор - во презрението на моралните обѕири одеше исто толку далеку
колку и во почитувањето на етикецијата. Многу од нив уште веднаш го
ангажираа Морел за вечерта кога ќе дојде да го свири септетот на Вентеј, но
ниту една и не помисли на неа да ја покани госпоѓа Вердирен. Оваа беше надвор
од себе од бес кога господин де Шарли, не можејќи тоа да го забележи, зашто
беше на седмо небо, посака од пристојност да ја покани Газдарицата да ја
подели неговата радост. Па, можеби повеќе препуштајќи им се на своите
литерарни склоности одошто на напливот на горделивост, овој доктринар на
уметничките свечености ѝ рече на госпоѓа Вердирен: „Е па, задоволни ли сте?
Мислам дека човек би бил задоволен и со помалу; гледате, кога јас ќе се
замешам во приредувањето на една свеченост, тоа не е половичен успех. Не
знам дали познавањето на хералдиката ви допушта точно да го оцените
значењето на манифестацијава, товарот што го кренав, зафатнината на воздухот
што го поместив поради вас. На гости ви беше неаполитанската кралица, братот
на баварскиот крал, тројцата најстари перови. Ако Вентеј е Мухамед, може да се
каже дека ние поради него ги поместивме најнеподвижните планини.
Помислете дека, за да присуствува на вашата свеченост, неаполската кралица

75
дојде од Неји, што за неа е потешко одошто да ги напушти Двете Сицилии“, рече
тој со пакосна намера, и покрај својот восхит спрема кралицата. „Тоа е
историски настан. Помислете само дека таа можеби никогаш не излегла од
заземањето на Гаета. Во лексиконите веројатно ќе ги стават како датуми од
врвно значење денот кога паднала Гаета и денот на соарето кај Вердиренови.
Ладалото што го остави за подобро да му ракоплеска на Вентеј заслужува да
стане пославно од оноа што госпоѓа фон Метерник го скршила зашто го
исвиркале Вагнер. - Таа дури си го заборави ладалото“, рече госпоѓа Вердирен,
за миг смирена поради сеќавањето на симпатијата што спрема неа ја покажа
кралицата, и таа му го покажа на господин де Шарли ладалото врз фотелјата.
„Ох! колку трогателно! извикна господин де Шарли, доближувајќи ѝ се со
страхопочит на реликвијата. Дотолку потрогателно што е грозно; темјанушкава
е неверојатна!“ И туку фатија наизменично да го тресат грчеви ту од возбуда ту
од иронија. „Боже мој, не знам дали ги чувствувате тие работи како мене. Да го
видеше ова, Сван напросто ќе умреше од потрес. Убаво знам дека на
распродажбата кај кралицата ќе го купам тоа ладало, без оглед на цената што ќе
ја постигне. Зашто, бидејќи е без скршена пара, тоа секако ќе се продава“,
додаде тој, зашто кај баронот суровото озборување никогаш не престануваше да
се меша со најискреното почитување, иако идеа од две спротивни природи што
беа обединети во него.
Тие можеа дури наизменично да се однесуваат на едно исто нешто. Зашто
господин де Шарли, кој, од дното на својата благосостојба на богат човек се
исмеваше со сиромаштијата на кралицата, беше истиот што ја величаше таа
сиромаштија и кој, кога некој ќе проговореше за принцезата Мира, кралицата на
Двете Сицилии, одговараше: „Не знам за кого зборувате. Има само една
неаполска кралица, која е возвишена, а нема ни кола. Но, таа, од својот омнибус,
ги сотира сите екипажи и на човека му иде да клекне на колена во прашината
кога ја гледа како минува.
„Ќе ја завештам на некој музеј. Во меѓувреме, би требало да ѝ ја вратиме за да
не мора да плаќа фијакер за да си ја побара назад. Со оглед на историското
значење на ваков еден предмет, најумно би било да се украде ладалово. Но, тоа
би било незгодно за неа - зашто веројатно нема друга! додаде тој брбнувајќи да
се смес. Најпосле гледате дека дојде поради мене. А тоа и не е единственото
чудо што го направив. Не верувам дека кој и да е во овој момент има моќ да ги
помести луѓето што јас овдека ги доведов. Впрочем, треба секому да му се
оддаде признание, Шарли и другите музичари свиреа како богови. А, драга моја
Газдарице, додаде тој снисходливо, и вие исто така си имавте своја улога во оваа
свеченост. Вашето име нема да биде изоставено. Историјата го запамети името

76
на пажот што ја вооружа Јованка Орлеанска кога тргнала; сѐ на сѐ, вие
послуживте како сврзник, вие го овозможивте спојот помеѓу музиката на Вентеј
и нејзиниот генијален изведувач, бевте толку умни да го сфатите капиталното
значење на сиот сплет од околности што ќе му овозможат на изведувачот да
извлече полза од сета вредност на една важна личност, да не се работеше за мене
ќе речев: пратена од провидението, од која вие проникливо побаравте да му
обезбеди углед на собирот и пред виолината на Морел да ги донесе ушите
непосредно поврзани со најслушаните јазици; не, не, тоа не е ситница. Во едно
олку целосно остварување нема ситници. Се учествува во него. Дираова беше
чудесна. Најпосле, сѐ; токму затоа и, заклучи тој, бидејќи многу сакаше да чита
лекции, се спротиставив да ги поканите личностите што разединуваат, кои, пред
најугледните личности што ви ги доведов, ќе играа улога на запирки во некаква
бројка, додека другите ќе се сведеа просто на децимали. Јас имам мошне жив
осет за тие работи. Сфаќате, треба да се одбегнуваат гафови кога приредуваме
свеченост што треба да биде достојна на Вентеј, на неговиот генијален
интерпретатор, на вас и, се осмелувам да речам, на себе. Да ја поканевте
Молеова сѐ ќе пропаднеше. Тоа ќе беше она спротивно капче, што напивката ја
неутрализира, што ѝ го одзема дејството. Електриката ќе згаснеше, колачињата
немаше да стигнат на време, од оранжадата сите ќе добиеја грчеви во стомакот.
Тоа беше личноста што не смееше да се викне. Веќе и на самото нејзино име,
како во некаква волшебна театарска претстава, никаков звук немаше да излезе
од лимените инструменти; флејтата и обоата веднаш ќе го загубеа гласот. И
самиот Морел, дури и да успееше да извлече некој глас, не ќе беше веќе во такт,
па, наместо септетот од Вентеј, ќе ја имавте неговата пародија од Бекмесер, што
свршува среде извици „Уа!“ Јас, кој многу верувам во влијанието на личностите,
мошне убаво чувствувам во процутот на извесно ларго, што се отвора до дното,
како цвет, во подемот на задоволството во финалето, кое не беше само allegro,
туку неспоредливо весело, дека отсуството на Молеова ги вдахновуваше
музичарите, развеселувајќи ги и самите музички инструменти. Впрочем, дента
кога човек прима суверени, не ја кани својата домарка“. Нарекувајќи ја Молеова
(како што, инаку мошне симпатично, велеше Дираова), господин де Шарли
постапуваше справедливо. Зашто сите тие жени беа актерки во високото
општество, па вистина е дека, дури и набљудувана од таа гледна точка,
грофицата Моле не го заслужуваше гласот на извонредно умна жена што ја
биеше, а што нѐ тераше да си мислиме на оние просечни глумци или романсиери
што во определени епохи имаат положба на гении, било поради просечноста на
нивните колеги, помеѓу кои ниеден подобар уметник не е способен да покаже
што е тоа вистинска дарба, или поради просечноста на публиката, која, да

77
постоеше некаква извонредна индивидуалност, ќе беше неспособна да ја
разбере. Во случајот на госпоѓа Моле е пожелно, ако не и наполно точно, да се
држиме за првото објаснување. Со оглед на тоа што високото општество е
кралство на ништожност, помеѓу вредностите на различните жени од тој свет
постојат само беззначајни степени, кои можат само налудничаво да ја
засилуваат ненависта или вообразбата на господин де Шарли. А, се разбира, ако
зборуваше онака како што штотуку правеше, во тој јазик кој беше скапоцена
смеша на нешта од уметноста и од високото општество, тоа беше затоа што
неговата лутина на стара жена и неговата култура на монден на вистинската
речовитост, каква што беше неговата, ѝ пружаа само беззначајни теми. Со оглед
на тоа што светот на разликите не постои на површината од земјата, тој, помеѓу
сите предели кои нашето видување ги поистоветува, дотолку повеќе не постои
во „високото општество“. Постои ли, впрочем, некаде? Септетот на Вентеј како
да ми рече дека постои. Само каде?
А бидејќи господин де Шарли сакаше и да пренесува од еден на друг, да
раскарува, да раздвојува за да владее, тој додаде: „Со тоа што не ја поканивте,
вие на госпоѓа Моле ѝ ја одзедовте приликата да каже: ‘Не знам зошто ме
поканила таа госпоѓа Вердирен. Не знам кои се тие луѓе, не ги познавам“. Таа
уште лани рекла дека вие ја заморувате со настојувањата да ѝ се приближите.
Тоа е глупачка и немојте веќе да ја каните. Сѐ на сѐ, таа и не е кој знае колку
исклучителна личност. Се разбира дека може да доаѓа кај вас без многу врева,
кога веќе и јас доаѓам. Сѐ на сѐ, заклучи тој, ми се чини дека може да ми
благодарите, зашто, вака како што помина, сѐ беше совршено. Војвотката де
Германт не дојде, но, кој знае, можеби така беше и подобро. Не ѝ се лутиме и
сепак ќе мислиме на неа некој друг пат, впрочем, човек не може да не се сеќава
на неа, очите сами ѝ велат: ’не заборавајте ме’, бидејќи тоа се две незаборавки“.
(А пак јас си мислев колку ли мора да е силен духот на Германтови - одлуката да
се појде тука, а не таму - за да го надвладее кај војвотката стравот од Паламед.)
„Пред олку целосен успех, човек е во искушение, како Бернарден де Сен-Пиер,
насекаде да гледа прст на Провидението. Војвотката де Дира беше восхитена.
Дури ме задолжи тоа и да ви го кажам“, додаде господин де Шарли,
нагласувајќи ги тие зборови, небаре госпоѓа Вердирен требаше ова да го смета
како доволна чест. Доволна, па дури и одвај веројатна, зашто тој, за да му се
поверува, сметаше за потребно да каже: „Токму така“, занесен од безумието на
оние што Јупитер сака да ги уништи. „Таа го ангажираше Морел кај неа да ја
повтори истата програма, па мислам дури да побарам една покана за господин
Вердирен“. Таа учтивост само спрема мажот, иако господин де Шарли на тоа и
не помисли, беше најтешка навреда за сопругата, којашто, сметајќи дека е

78
овластена, врз основа на некој вид московски декрет7*, што беше на сила во
малиот клан, на изведувачот да му забрани да свири надвор без нејзината
изречна дозвола, беше цврсто решена да му забрани да учествува на соарето на
госпоѓа де Дира.
И самата таа благоглаголивост на господин де Шарли ја дразнеше госпоѓа
Вердирен, која не сакаше некој да се издвојува во малиот клан. Колку пати само,
и тоа уште во Ла Распелиер, слушајќи како баронот без престан му зборува на
Морел, наместо да се задоволи со тоа што ќе се држи за својата делница во
концертниот ансамбл на кланот, ќе извикнеше, покажувајќи на баронот: „Еда
клепало! Какво клепало! Ах! ако е за клепало, никој не е рамен!“ Само, овој пат
беше многу полошо. Опиен од сопствените зборови, господин де Шарли не
сфаќаше дека, признавајќи ја улогата на госпоѓа Вердирен и определувајќи ѝ
тесни граници, тој го разгоруваше она чувство на омраза што кај неа беше само
посебен, општествен облик на љубомората. Госпоѓа Вердирен навистина ги
сакаше своите постојани гости, верниците на малиот клан, сакаше сосема да ѝ
припаѓаат на Газдарицата. Жртвувајќи го помалото заради спас на главното,
како оние љубоморни луѓе што дозволуваат да ги мамат, но под нивниот кров,
па дури и пред нивни очи, што ќе рече - да не ги мамат, таа им допушташе на
мажите да имаат љубовница или љубовник под услов тоа да не произведува
никаква друштвена последица надвор од нејзината куќа, тоа да започне и да се
одвива под закрилата на нејзините среди. На времето, секој скришен налет на
смеа на Одет покрај Сван ќе ја уапеше за срце; од пред некое време секакво
шушукање помеѓу Морел и баронот, за нејзините јадови имаше само една
единствена утеха, да им ја расипе среќата на другите. Не ќе можеше долго да ја
поднесува ни среќата на баронот. А еве како тој непретпазливо си ја забрзуваше
катастрофата со тоа што како да ѝ го ограничуваше местото на Газдарицата во
нејзиниот сопствен мал клан. Веќе гледаше како Морел оди во високото
општество без неа, под покровителство на баронот. Имаше само еден лек, да го
натера Морел да избира помеѓу баронот и неа, па, искористувајќи го влијанието
со кое се беше здобила врз Морел, давајќи докази пред негови очи за својата
извонредна видовитост, благодарение на извештаите што си ги нарачуваше за
него, на лагите што ги измислуваше, сервирајќи му ги и едните и другите како
поткрепа на она во што и самиот веќе беше склон да поверува, а што ќе му се

7*Алузија на декретот што Наполеон 1912 година го потпишал во Москва, пред повлекувањето од
Русија, со кој се уредува статусот на Француската комедија и нејзините акционери (заб. на
преведувачот).

79
види очигледно благодарение на стапиците кои таа му ги подготвуваше, а во кои
простодушните лесно се фаќаа, искористувајќи го тоа влијание да го наведе тој
да ја избере неа наместо баронот. Што се однесува до жените од високото
општество кои дојдоа тука, а кои не побараа дури ни да ѝ бидат претставени,
што го сфати нивното колебање или нивната безобѕирност, таа си рече: „Ах!
гледам што е работата, тоа се некакви стари камењарки кои не ни одговараат,
тие за последен пат го гледаат овој салон“. Зашто повеќе сакаше да умре одошто
да каже дека некој не бил толку љубезен спрема неа колку што се надевала.
„Ах! драг генерале“, извика наеднаш господин де Шарли оставајќи ја госпоѓа
Вердирен бидејќи го беше забележал генералот Делтур, секретарот на
претседателството на Републиката, кој можеше да биде мошне важен за крстот
на Морел, а кој, откако побара некаков совет од Котар, сакаше бргу да ја дувне:
„Добра вечер, драг мој, омаен пријателе. Е па, така значи фаќате магла без да ми
кажете ни збогум?“ рече баронот со добродушна и самозадоволна насмевка,
зашто убаво знаеше дека на луѓето им е мило ако можат да поразговараат со
него барем за час. И бидејќи, во состојбата на занес во која се наоѓаше, тој
самиот мошне пискаво си поставуваше прашања и на нив одговараше: „Е па,
задоволни ли сте? Нели навистина беше убаво? Андантето, нели? Тоа е
најтрогателно нешто што кога и да е е компонирано. Би сакал да го видам тој
што ќе може да го отслуша до крај без солзи во очите. Убаво од вас што
дојдовте. Кажете ми, утринава добив некаква совршена телеграма од
Фробервил, која ми соопштува дека, како што се вели, во Управата на Легијата
на честа биле отстранети сите тешкотии“. Гласот на господин де Шарли
продолжи да се повишува, исто толку продорен, исто толку различен од
неговиот вообичаен глас како што гласот на адвокатот што во занес зборува
пред судот е различен од неговиот обичен говор: феномен на засилување на
гласот поради нервна прераздразнетост и еуфорија слична на онаа што ѝ го
креваше како гласот така и погледот на госпоѓа де Германт за време на вечерите
што таа ги приредуваше. „Имав намера утре изутрина да ви пратам едно пусулче
по еден гардист за да ви кажам колку сум одушевен, чекајќи кога ќе можам да ви
го изразам и усно, само вие бевте опколени од сите страни! Поддршката на
Фробервил е далеку од тоа да се потцени, но јас, од своја страна, го имам
ветувањето на министерот, рече генералот. - Ах! одлично. Впрочем, видовте
дека еден. ваков талент тоа и го заслужува. Хојош беше восхитен, не можев да се
видам со амбасадорката, беше ли задоволна? А кој и не би бил, освен оние што
имаат уши за да не слушаат, што не значи ништо ако имаат јазици за да
зборуваат“.
Искористувајќи го тоа што баронот се беше оддалечил за да разговара со

80
генералот, госпоѓа Вердирен му даде знак на Бришо. Овој пак, не знаејќи што ќе
му каже госпоѓа Вердирен, сакаше да ја разоноди, па, и не слутејќи колкава
болка ми задава, ѝ рече на Газдарицата: „Баронот е восхитен што госпоѓица
Вентеј и нејзината пријателка не дојдоа. Тие страшно го соблазнуваат. Изјави
дека нивниот морал е застрашувачки. Вие не можете да си замислите колку
баронот е срамежлив и строг во поглед на моралот“. Спротивно на очекувањето
на Бришо, госпоѓа Вердирен не се развесели: „Тој е гнасен, одговори таа.
Предложете му да дојде да испуши една цигара со вас, за да може маж ми да ја
одведе неговата Дулчинеја без тоа да го забележи Шарли и да го предупреди на
бездната кон која лета“. Бришо како малу да се двоумеше. „Ќе ви кажам,
продолжи госпоѓа Вердирен за да ги отстрани и последните обѕири на Бришо,
дека со него не се чувствувам безбедна во својата куќа. Знам дека имал некакви
валкани работи и дека полицијата го држи на око“. И бидејќи, кога пакоста ќе ја
вдахновеше, имаше извесна дарба за импровизација, госпоѓа Вердирен не запре
тука: „Изгледа дека лежел и в затвор. Да, да, тоа ми го кажаа некои мошне
упатени луѓе. Впрочем, знам од еден човек што живее во неговата улица дека
ние не може ни да си претставиме какви сѐ разбојници доведувал кај себе“. И
бидејќи Бришо, кој често одеше кај баронот, фати да се буни, госпоѓа Вердирен,
размирено извикна: „Ама, ви гарантирам! кога ви велам јас!“ израз со кој обично
настојуваше да поткрепи некое малу напосоки нафрлено тврдење. „Ќе го убијат,
денес или утре, како и сите како него, впрочем. А можеби нема ни да втаса
дотаму, зашто е во канџите на оној Жипиен, што имаше образ да ми го испрати,
а кој е бивш робијаш, тоа убаво го знам, знаете, да, и тоа од сигурни извори.
Шарли му е в раце поради некакви писма, што се, изгледа, вистински ужас. Ова
го знам од некој што ги видел: ‘Би ви се слошило, да ги видите.’ Ете така тој
Жипиен го гони со ластегарка в рака и овој мора да блуе онолку пари колку што
сака тој. Илјада пати повеќе би сакала да умрам одошто да живеам во стравот во
кој живее Шарли. Во секој случај, ако семејството на Морел реши да поднесе
тужба против него, јас не би сакала да бидам обвинета за соучесништво. Ако
продолжи, тоа ќе биде на негова одговорност и штета, но јас барем ќе си ја
извршам должноста. Што да се прави? Животот не е секогаш весел“. И веќе
пријатно растреперена поради очекуваниот разговор на маж ѝ со виолинистот,
госпоѓа Вердирен ми рече: „Прашајте го Бришо дали не сум храбра пријателка,
што умее да се жртвува за спас на своите другари“. (Алудираше на околностите
под кои токму на време го скара првин него со неговата перачка, сетне и со
госпоѓа де Камбремер, кавги поради кои Бришо речиси сосема ослепе и стана,
како што се зборуваше, морфиноман.) „Неспоредлива, остроумна и смела
пријателка“, одговори универзитетскиот професор со наивна возбуда. „Госпоѓа

81
Вердирен ме спречи да направам една голема глупост, ми рече Бришо, кога оваа
се оддалечи. Таа не се двоуми да пресече и на живо. Таа е интервенционист,
како што би рекол нашиот пријател Котар. Признавам, меѓутоа, дека многу ме
мачи помислата оти кутриот барон сѐ уште не знае каков удар го чека. Тој е
наполно луд по тоа момче. Ако на госпоѓа Вердирен ѝ успее, тој човек ќе биде
страшно несреќен. Впрочем, не е сигурно дека нема да ја утне работата. Се
плашам дека ќе успее само да внесе раздор меѓу нив, што конечно нема да ги
раздели, туку ќе ги скара со неа“. Тоа често ѝ се случуваше на госпоѓа Вердирен
со верниците. Но, се гледаше дека кај неа над потребата да го зачува нивното
пријателство сѐ повеќе се надвиваше потребата тоа пријателство никогаш да не
биде загрозено од она што тие можеа да го чувствуваат еден за друг.
Хомосексуалноста не ѝ беше одвратна сѐ додека не засегаше во правоверноста,
но таа, како и Црквата, претпочиташе каква и да е жртва одошто отстапка во
поглед на правоверноста. Почнав да се плашам да не ѝ иде гневот против мене
оттаму што дознала дека сум ја спречил Албертина дента да појде кај нив, па да
не се нафати кај неа, ако веќе не почнала, со истата работа за да ја раздели од
мене, што маж ѝ, во врска со Шарли, требаше да ја сврши со виоли нистот.
„Ајде, појдете да го побарате Шарли, измислете некаков изговор, време е, рече
госпоѓа Вердирен, и потрудете се особено да не го пуштите да се врати пред да
пратам некого по вас. Ах! каква вечер! додаде госпоѓа Вердирен, што на тој
начин ја откри вистинската причина за својот бес. Такви ремек-дела да се свират
пред оние мисирки! Не зборувам за неаполската кралица, таа е интелигентна,
пријатна жена (читај: беше многу љубезна со мене). Но другите! Ах! да побесни
човек. Па што сакате вие, немам веќе дваесет години. Кога бев млада ми велеа
дека треба да умеам да поднесам досада, и јас се присилував себеси, но сега, ах!
не тоа е посилно од мене, во години сум кога можам да правам што сакам,
животот е и премногу краток за да се досадувам и да се дружам со глупаци,
преправајќи се дека ги сметам за умни, ах! не, не сакам. Ајде тогаш, Бришо,
нема време за губење. - Одам, госпоѓо, одам“, рече најпосле Бришо додека
генералот Делтур се оддалечуваше. Но, професорот првин ме зеде за миг на
страна: „Моралната должност, ми рече тој, не е толку јасно императивна како
што учат нашите етики. Каков и да е ставот на теозофските кафеани и на
кантовските пивници, ние мошне лошо ја познаваме природата на Доброто. Јас
самиот што, без да се фалам, сосема невино им ја коментирав на своите студенти
филозофијата на Емануел Кант, во случајов на монденската казуистика пред
која сум исправен не гледам никакво прецизно упатство од таа Критика на
практичниот ум, во која големиот распоп на протестантизмот на германски
начин платонизираше за предисториски сентиментална и дворска Германија и

82
за сите полезни цели на некаков померански мистицизам. Тоа е пак Гозбата,
само овој пат приредена во Кенигсберг, на тамошен начин, несварлива,
дезинфицирана, со кисела зелка и без жоголоа. Очигледно е, од една страна,
дека јас, во наполно правоверна сообразност со традиционалниот морал, не би
можел на нашата прекрасна домаќинка да ѝ ја одбијам ситната услуга што ја
бара од мене. Човек треба пред сѐ да избегне да се фати во стапица на зборовите,
зашто ништо повеќе од нив не нѐ тера да правиме глупости. Но, најпосле, да не
се стегаме да признаеме дека баронот, да имаа мајките право на глас, бедно ќе
пропаднеше на конкурсот за професор по добродетели. За жал, тој својот
педагошки позив го врши со темперамент на развратник; внимавајте, јас не го
оцрнувам баронот; тој сладок човек, што како никој друг умее да го исече
печеното месо, покрај генијалност на анатемисување има и ризници на добрина.
Тој може да биде забавен како извонреден шут, додека јас, со овој или оној од
моите колеги, академици, ви се молам, се досадувам за сто драхми на час, како
што би рекол Ксенофон. Само, се плашам за Морел да не потроши малу повеќе
одошто заповеда здравиот морал, па, иако не знам колку младиот покајник е
послушен или бунтовен на посебните вежби на кои, заради окајување, го
подложува неговиот катихет, нема потреба човек да биде многу учен за да биде
сигурен дека би згрешиле, како што рекол некој, од добрина спрема тој
розенкројц, кој како да ни доаѓа откај Петрониј, откако минал покрај
Сен-Симон, кога, замижувајќи според сите правила, би му издале дозвола да се
занимава со сатанизација. Меѓутоа, задржувајќи го тој човек додека госпоѓа
Вердирен, која е сосема оправдано во искушение да го примени тој лек за
доброто на грешникот, разговара отворено со младиот ветрогон, одземајќи му го
на човекот сето она што го сака, задавајќи му можеби смртен удар, не можам да
кажам дека не ми е грижа, ми се чини дека, како што се вели, го вовлекувам во
стапица, па отстапувам небаре пред некаква подлост“. Откако го рече ова, не се
двоумеше да ја изврши, па, земајќи ме под рака: „Ајде, бароне, како би било да
испушиме по една цигара, младичов сѐ уште не ги познава сите чудеса на
палатава“. Се извинив велејќи дека мора да се вратам дома. „Почекајте за миг,
рече Бришо. Знаете дека треба да ме одвезете до дома, јас не ви го заборавив
ветувањето. - Зарем навистина нејќете да побарам да ви ја изнесат
сребренаријата? - ништо поедноставно, ми рече господин де Шарли. Како што
ветивте, ни збор за одликувањето на Морел. Сакам да го изненадам сооштувајќи
му го тоа откако луѓето ќе се разотидат. Иако тој вели дека тоа не било важно за
уметникот, туку дека тоа е желба на вујко му (јас поцрвенев, зашто Вердиренови
преку дедо ми дознаа кој му бил вујко на Морел). Тогаш, не сакате да побарам да
ви ги изнесат најубавите парчиња? ми рече господин де Шарли. Па вие ги

83
познавате, десет пати ги имате видено во Ла Распелиер“. Не се осмелив да му
кажам дека она што мене би можело да ме интересира, не е некаковси граѓански
сребрен прибор, па дури ни најбогатиот, туку некој примерок, макар и само врз
некаква убава гравира, од приборите на госпоѓа ди Бари. Во високите кругови
секогаш бев и премногу занесен - и без откритието во врска со идењето на
госпоѓица Вентеј - но и премногу расејан и возбуден за да можам да им посветам
внимание на повеќе или помалу убави предмети. Него можеше да го задржи
само некаква стварност која би ѝ се обратила на мојата фантазија со повик, како
што, таа вечер, ќе можеше да го стори некаква слика на Венеција на која толку
мислев попладнето, или некој општ елемент, заеднички на повеќе појави е
повистинит од нив, кој сам од себе севезден го будеше во мене некој внатрешен,
обично заспан дух, со тоа што неговото излегување на површината на мојата
свест ми причинуваше голема радост. Елем, додека излегував од салонот што го
викаа театарска сала и минував со Бришо и господин де Шарли преку некои
други салони, откривајќи меѓу другиот и мебел што го бев видел во Ла
Распелиер, а на кој не му бев посветил никакво внимание, помеѓу уредувањето
на палатата и она на замокот забележав извесна блискост, некаква постојана
истоветност, па го сфатив Бришо кога со насмевка ми рече: „Види, види,
заднината на овој салон може строго земено да ви даде претстава за улицата
Монталиве од пред дваесетина години, grande mortalis aevi spatium“.8* Според
неговата насмевка, посветена на покојниот салон кој одново го гледаше, сфатив
дека она што Бришо, можеби и несвесно, го претпочиташе во некогашниот
салон, повеќе од големите прозорци, повеќе од веселата младост на Газдите и на
нивните верници, беше оној нестварен дел (што јас самиот го согледував преку
некои сличности помеѓу Ла Распелиер и кејот Конти) од кој, во еден салон, како
и во се друго, надворешниот, сегашниот дел, во кој може да се осведочи секој, е
само продолжение, дел што станал чисто духовен, од некоја боја што веќе не
постои за никој друг освен за мојот стар соговорник, што тој не можеше да ми ја
покаже, дел што се откачил од надворешниот свет за да ни се засолни во душата,
давајќи и повисока вредност и втопувајќи и се во вообичаената сушност,
преобразувајќи се таму - урнати куќи, некогашни луѓе, паници за овошни
компоти од вечери на кои се сеќаваме - во оној проѕирен алабастер на нашите
спомени, чијашто боја, која ја гледаме само ние, не може да ја покажеме, што ни
овозможува на другите веродостојно да им кажеме дека тие, за тие минати

8* Навод од делото на Тацит „Животот на Агрикола“, гл. III, во превод: „голем дел од животот на
човека“ (заб. на преведувачот).

84
нешта, не можат да имаат претстава, дека тоа не личи на она што тие го имаат
видено, а што и ние не можеме да го набљудуваме без извесна возбуда во нас
самите, мислејќи дека од траењето на нашата мисла зависи, за уште иекое време,
нивното преживување, отсјајот на ламбите што згаснале и миризбата на
габровите дрвореди што веќе нема да процутат. А со тоа салонот од улицата
Монталиве во очите на Бришо бездруго го засенуваше сегашниов дом на
Вердиренови. Но, од друга страна, тој, во очите на професорот, му даваше на
овој нов дом и некаква убавина што тој не можеше да ја има за некој новак. Оние
делови од некогашниот мебел што беа пренесени овдека, еден ист напати
зачуван распоред, што и самиот го среќавав во Ла Распелиер, во сегашниов
салон внесуваа делови од стариот, кои на моменти потсетуваа на него до степен
на халуцинација, а потем изгледаа речиси нестварни навестувајќи во пазувите
на тоа реално опкружување делови од еден исчезнат свет, за кој верувавме дека
сме го виделе на друго место. Канабе што изникнало од сон среде новите,
сосема реални фотелји, столчиња преслечени со розова свила, златоткана
прекривка врз масата за картање, унапредена во личност откако има минато и
сеќавање како жив човек, вардејќи го во студената сенка на салонот на кејот
Конти сончевиот припек од прозорците на улицата Монталиве (знаејќи, како и
самата госпоѓа Вердирен, кога таму ќе се појави) и од застаклените врати во
Дувил, каде што ја беа пренеле и каде што, преку цветната градина, по цел ден
гледаше во длабоката долина на *** чекајќи го часот кога Котар и виолинистот
ќе седнат да одиграат една партија, китка темјанушки и синолички насликана во
пастел, подарок од пријател, голем, сега веќе покоен уметник, единствениот
преживеан дел од живот што исчезнал без трага, сплотувајќи еден голем талент
и едно долго пријателство, потсетувајќи на неговиот внимателен, кроток поглед,
на неговата убава, плодна, а тажна рака додека сликаше; убава мешаница, неред
од подароци на верниците што насекаде ја следеше домаќинката за конечно да
се претвори во траен печат на карактерна црта, во линија на судбината;
изобилство од цветни китки, чоколадни кутии, кои, и тука како и таму, се
отвораа следејќи некој истоветен начин на цутење: чудна мешаница од
необични, излишни предмети кои сѐ уште изгледаа небаре излегуваат од
кутијата во која биле дарувани и кои сиот век си остануваа она што биле
отпрвин - новогодишни подароци; сите тие предмети, најпосле, што не можеа да
се одделат едни од други, но кои за Бришо, како стар, редовен гостин на
свеченостите кај Вердиренови, ја имаа онаа патина, онаа мекост на предметите,
со кои, давајќи им некој вид длабина, се здружил нивниот духовен двојник; сето
тоа, расфрлано наоколу, пред него како да мамеше на песна, како и толкуте
звучни допири кои во срцето му будеа љубени сличности, нејасни сеќавања, а

85
кои, па и самиов сегашен салон, што овде-онде го прошаруваа како мозаик, го
пресекуваа, го разграничуваа, како што, во убав ден, некаква сончева рамка ќе
исече дел од атмосферата, мебелот и ќилимите, одејќи од некаква перница до
некаква висечка вазничка, од некаква табуретка до трагата од некаков мирис, од
еден начин на осветлување до преовладување на определени бои, вајајќи,
навестувајќи, продуховувајќи, оживувајќи некој облик кој беше нешто како
идеален лик на салонот на Вердиренови, својствен на нивните последователни
живеалишта.
„Ќе се обидеме, ми рече Бришо на уво, да го наведеме баронот на неговиот
омилен предмет на разговор. Во тоа е чудесен“. Од една страна, сакав ако можам
да добијам од господин де Шарли известувања во врска со доаѓањето на
госпоѓица Вентеј и нејзината пријателка, известувања поради кои и решив да ја
оставам Албертина дома. Од друга страна, не сакав да ја оставам премногу
долго сама, не затоа што би можела да го злоупотреби моето отсуство (не
знаејќи кога сигурно ќе се вратам, а и инаку во време кога некоја посета кај неа
или пак некакво нејзино излегување би биле и премногу забележливи), туку за
тоа да не ѝ се види и премногу долго. Затоа им реков на Бришо и на господин де
Шарли дека нема да останам долго со нив. „Дојдете сепак“, ми рече баронот,
чијашто монденска возбуда фати да попушта, иако тој ја чувствуваше онаа
потреба да ги продолжува, да ги развлекува разговорите, што веќе ја имав
забележано кај војвотката де Германт како и кај него, а која, особено својствена
за ова семејство, се протега, општо земено, врз сите оние кои, не обезбедувајќи ѝ
на својата интелигенција некакво друго остварување освен разговор, што ќе
рече непотполно остварување, остануваат незаситни дури и откако ќе поминат
цели часови заедно со некого, па сѐ поалчно и поалчно се фаќаат за исцрпениот
соговорник од кого, во заблуда, бараат да им ја згасне жедта, што друштвените
задоволства се некабожни да го сторат. „Дојдете, повтори тој, та зарем не е ова
оној пријатен миг на свеченостите, моментот кога сите гости ќе си заминат,
моментот на Doña Sol 9*, да се надеваме дека овој нема да заврши толку тажно.
За жал, вам ви се брза, а ви се брза да појдете да правите нешто што би било
подобро да не го правите. Сите негде постојано брзаат и си одат во моментот
кога би требало да втасаат. Ние сме тука како филозофите на Кутир, сега би

9 * Моментот кога, при расплетот, по венчавката на Ернани и Донја Сол, гостите се разотидуваат,
а звукот на рогот на Дон Рух Гомез го потсетува Ернани на заклетвата дека веднаш ќе се убие (заб.
на преведувачот).
10** Алузија на името на Морел (Шарл), кое е исто како и на јунакот од Ернани - Дон Карлос (заб.

на преведувачот).

86
било време да го прочешламе соарето, да го направиме она што со војнички
јазик се нарекува критика на операциите. Би ја замолиле госпоѓа Вердирен да
нареди да ни донесат некаква лесна вечера на која би се погрижиле да не ја
поканиме неа, па би го замолиле Шарли - пак Ернани10** - одново да го отсвири
само за нас возвишеното adagio. Навистина е убаво тоа adagio! Само, каде е
младиот виолинист? сепак би сакал да му честитам, сега му е мајката за
нежности и гушкања. Признајте, Бришо, дека свиреа како богови, особено
Морел. Го забележавте ли моментот кога му падна праменот? Е, па тогаш, драги
мој, не сте виделе ништо. Имаше едно фис поради кое може да умрат од завист и
Енеско, и Капе и Тибо; попусто бев мошне смирен, признавам, на тој звук
срцето толку ми се стегна што се воздржував да не фатам да липам. Салата
остана без здив; Бришо, драги мој“, извикна баронот жестоко тресејќи му ја
раката на универзитетскиот професор, „тоа беше возвишено. Само младиот
Шарли остана како скаменет, не се гледаше дури ни како дише, изгледаше како
оние предмети од неживиот свет за кои зборува Теодор Русо, кои навеваат
мисли, а самите не мислат. И туку наеднаш, извикна господин де Шарли
занесено, небаре навестувајќи некаков драматичен миг, „наеднаш... праменот! А
за тоа време, омајното контрадансче на она allegro vivace. Знаете, тој прамен
беше знак на откровението, дури и за најтапите. Принцезата де Таормина,
дотогаш глува, зашто нема полоши глувтари од оние што имаат уши за да не
слушаат, принцезата де Таормина, пред очебијноста на тој чудесен прамен,
сфати дека тоа е музика и дека нема да се игра покер. Ах! тоа беше навистина
свечен миг. - Простете што ве прекинувам, господине, му реков на господин де
Шарли за да го наведам на она што мене ме интересираше, вие ми рековте дека
требало да дојде ќерката на авторот. Тоа многу ќе ме интересираше. Дали сте
сигурни дека се сметаше на неа? - Ах! не знам“. На тој начин господин де
Шарли, можеби и не сакајќи, се покори на општоважечката заповед да не им се
даваат информации на љубоморните, било за човек бесмислено да се покаже
„добар другар“, небаре се работи за прашање на чест спрема онаа што ја
предизвикува, дури и ако ја мрази, било од пакост спрема неа, насетувајќи дека
љубомората само ќе ја удвои љубовта; било од онаа потреба да се биде
непријатен спрема другите, што се состои во тоа да им се каже вистината на
повеќето луѓе, а да им се премолчи на љубоморните, зашто незнаењето им ги
зголемува маките, или барем така се мисли; а за да им зададеме болка на луѓето
се раководиме според она што тие самите, можеби и погрешно, го сметаат за
болно. „Знаете, продолжи тој, ова е по малу куќа на претерување, луѓето се
прекрасни, но, ете, многу сакаат да привлекуваат славни личности од секаков
вид. Само, вие не изгледате добро, а и ќе настинете во оваа толку влажна соба,

87
рече тој, туркајќи накај мене некаков стол. А бидејќи не ви е добро, треба да
внимавате, ќе појдам да ви ја донесам наметката.
Не, не одете таму сам, ќе се изгубите и ќе настинете. Еве како правите
непромислени работи, иако немате четири години, добро би ви дошла една стара
слугинка како мене за да ве негува. - Не тормозете се, бароне, ќе појдам јас“,
рече Бришо и веднаш се оддалечи: можеби и не сфаќајќи точно колку искрено
пријателство одгледува господин де Шарли спрема мене и колку занесни
мигови на едноставност и приврзаност имаше и среде неговите наумничави
напади на големство и манија на гонење, тој се исплаши дека господин де
Шарли, кого госпоѓа Вердирен му го имаше доверено како затвореник на
чување, не се обиде напросто, под изговор дека ќе ми го бара капутот, да се најде
со Морел и да ѝ го осуети планот на Газдарицата.
Во меѓувреме Ски седна на пијаното, иако тоа никој од него не го побара, па,
сообразувајќи се со насмевнато муртење на веѓите некаков поглед загледан во
далечините и левтерно кривење на устата - за кое веруваше дека е уметнички
израз на лицето -, настојувајќи Морел да отсвири нешто од Бизе. „Како, не ја
сакате таа детинска страна на музиката на Бизе? Ама, драги мој, рече тој,
изговарајќи го р-то на нему својствен начин, па тоа е прекрасно“. Морел, кој не
го сакаше Бизе, го кажа тоа претерувајќи, а (бидејќи во малиот клан важеше
како духовит, што е навистина неверојатно) Ски фати да се смее, преправајќи се
дека дијатрибите на виолинистот ги смета за парадокси. Неговата смеа не беше,
како таа на господин Вердирен, задув на пушач. Ски првин ќе направеше
некаков итар изглед, а сетне ќе пуштеше да му се откачи, небаре против
неговата волја, еден единствен тон на смеа, како прв звук на ѕвоната, по што
следеше молк во кој итриот поглед како совесно да испитуваше колку е смешно
она што беше речено, потем ќе одекнеше второ ѕвоно на смеење, а тоа веднаш се
претвораше во самозадоволен ѕвон што повикува на молитва посветена на
Богородица.
Му реков на господин де Шарли дека ми е жал што господин Бришо се
тормози. „Ама не, мошне е задоволен, тој многу ве сака, вас сите ве сакаат.
Некни зборуваа: ама не го гледаме веќе, тој сосема се осами! Впрочем, Бришо е
толку честит човек“, продолжи господин де Шарли, кој, гледајќи го
пријателскиот и отворен начин на кој му зборуваше професорот по етика,
бездруго не се сомневаше дека овој, во негово отсуство, не се стегаше да се
мајтапи со него. „Тоа е човек со големи вредности, кој огромно многу знае, а тоа
сепак не го направило бесчувствителен, не го претворило во библиотечен
стаорец како многумина други, што смрдат на мастило. Тој зачувал една ширина
на погледите, толеранција, што е реткост кај другите како него. Еднипати,

88
гледајќи како го разбира животот, како умее кон секого да се однесува според
заслугите, човек се прашува каде сето тоа можело да го научи едно обично
сорбонско професорче, некогашен гимназиски директор. И самиот се чудам на
тоа“. Јас се чудев уште повеќе гледајќи дека разговорот со Бришо, што и не
толку истанчените гости на госпоѓа де Германт ќе го сметаа за толку глупав и
трапав, му се допаѓа на најтешкиот од сите, на господин де Шарли. Но, кон тоа,
меѓу другите, инаку различни влијанија, придонесоа и оние врз основа на кои на
Сван, од една страна, кога беше вљубен во Одет, толку долго време му се
допаѓаше во малиот клан, а, од друга страна, откако се ожени, ја сметаше за
пријатна жена госпоѓа Бонтан, која се преправаше дека ја обожава брачната
двојка Сван, па севезден ѝ одеше на посета на жената, уживаше во приказните
на мажот, а инаку за нив зборуваше со презрение. Како што некој писател му го
дава почесниот венец за интелигенција не на најумниот човек, туку на некој
веселник кој изрекол смела, толерантна мисла за страста на еден човек спрема
некоја жена, мисла поради која ѓоа-учената љубовница на писателот се
согласува со него дека од сите луѓе што доаѓаат кај неа најмалу глупав сепак е
оној стар убавец што има искуство со љубовта, така и господин де Шарли го
сметаше Бришо за поинтелигентен од другите свои пријатели зашто овој не
само што беше љубезен спре ма Морел, туку, во врска со него, изнаоѓаше кај
грчките филозофи, латинските поети и источните раскажувачи текстови кои
склоноста на баронот ја украсуваа со некаква чудна и омајна збирка песни.
Господин де Шарли беше дошол во години во кои и еден Виктор Иго сакаше да
биде опкружен пред сѐ со некакви Вакриовци и Мерисовци. Тој ги
претпочиташе пред сите други оние што ги прифаќаа неговите погледи врз
животот. „Често се гледам со него“, додаде тој со цивкав, ритмичен глас, без
ниту едно единствено движење, освен на усните, да му ја размрда сериозната,
напудрена маска со наполу спуштени клепки на свештеник. „Одам на неговите
предавања, таа атмосфера на Латинскиот кварт ме менува, има таму вредна
младина што учи, размислува, млади граѓани што се поумни, пообразовани
одошто беа, во една друга средина, моите другари. Тоа нешто друго, што вие
веројатно го познавате поубаво од мене, тоа се младите буржуи“, рече тој
издвојувајќи го тој збор со неколку б на почетокот и подвлекувајќи го со некој
вид навика во изразувањето, која и самата одговараше на некаква склоност кон
нијанси во размислувањето својствено за него, но можеби и не оддолевајќи му
на задоволството да ми даде доказ за своето безобразие. Ова воопшто не го
намали големото и искрено сожалување што го чувствував спрема господин де
Шарли (откако госпоѓа Вердирен го откри пред мене својот план), туку само ме
забавуваше и немаше да ме навреди дури ни под претпоставка да не чувствував

89
толкава симпатија за него. Од баба ми го наследив својството да не чувствувам
самољубие и тоа во мера што можеше лесно да премине во немање достоинство.
Јас несомнено и не бев свесен за ова, па, бидејќи уште во гимназиски денови ги
слушав другарите што најмногу ги ценев дека не проштаваат некаква грда
постапка, најпосле и јас фатив со зборови и дела да пројавувам една друга, доста
горделива природа. Таа важеше дури и за крајна горделивост, зашто, бидејќи
воопшто не бев плашлив, често излегував на двобои, на кои сепак им го
смалував моралното значење подбивајќи се самиот на себе, што другите лесно
ги убедуваше дека беа смешни. Но, потисната природата не е поради тоа и
помалу присутна во нас. Така, еднипати, кога го читаме новото ремек-дело на
некој генијален човек, во него со задоволство ги среќаваме сите свои мисли што
сме ги презреле, радостите и жалостите што сме ги совладале, цел еден свет од
чувства што сме го презирале, а чијашто вредност одненадеж ни ја покажува
книгата во која ги препознаваме. На крајот животното искуство ме научи дека не
чини љубезно да се усмевнувам додека некој се подбива со мене и да не му се
лутам. Но, иако престанав да го пројавувам тоа отсуство на самољубие и на
лутина, дотаму што станав безмалу наполно несвесен дека постои во мене, тоа,
само затоа, не беше помалу првобитната животна средина во која бев нурнат. Со
тоа што лутината и пакоста ми идеа само на друг начин, во настапи на бес. Дури
и нешто повеќе, ми беше непознато чувството за справедливост, што одеше сѐ
до целосно отсуство на морално чувство. Во дното на душата бев сосема на
страната на оној што беше најслаб и несреќен. Немав никакво мислење за тоа во
која мера доброто и злото можеа да имаат удел во односите на Морел и на
господин де Шарли, но претставата за страдањето што му се готвеше на
господин де Шарли ми беше неподнослива. Сакав да го предупредам, а не знаев
како да го сторам тоа. „За стара коска како мене беше многу пријатно да се види
сиот тој ситен, вреден свет. Јас не ги познавам“, додаде тој кревајќи ја раката
небаре се оградува, за да не изгледа дека се фали, за да посведочи за својата
чистота и за да не падне некакво сомнение врз чистотата на студентите, „но тие
се мошне учтиви, често одат дотаму што ми чуваат место, бидејќи сум мошне
стар господин. Да, да, драги мој, не бунете се, имам повеќе од четириесет
години, рече баронот, што ја имаше навршено шеесеттата. Малу е топло во
амфитеатарот кај што зборува Бришо, но секогаш е интересно“.
Иако повеќе сакаше да се меша меѓу младината од училиштата, а и да се
турка со неа, за да му го заштеди долгото чекање Бришо понекогаш го
внесуваше со себе. Иако Бришо на Сорбона беше како дома, во моментот кога
прислужникот, сиот закитен со ланци, ќе тргнеше пред него, тој, учителот кому
што му се восхитуваше младината, не можеше да се ослободи од извесна

90
бојазливост, па, иако сакаше да го исползува моментот кога се чувствуваше
толку почитуван и да се покаже љубезен спрема Шарли, нему сепак му беше
малу неудобно; за да го пушти прислужникот да помине, тој ќе му речеше со
извештачен глас и службен израз: „Следете ме, бароне, ќе ви најдеме место“,
сетне, не грижејќи се веќе за него, за да влезе во амфитеатарот, ќе зачекореше
полетно по ходникот. Од обете страни го поздравуваше двоен ред од млади
професори; Бришо, не сакајќи да се добие впечаток дека позира пред тие млади
луѓе, иако знаеше дека во нивните очи изгледа како папа, им намигнуваше,
заговорнички им кимаше со главата, а на сето тоа неговата грижа да остане
воинствен, добар Французин му даваше некој вид срдечно бодрење, некаков
sursum corda на старо војничиште кое вели: „Богами, ќе умееме да се тепаме“.
Потоа одекнуваа ракоплескањата на студентите. Тоа присуство на господин де
Шарли на неговите предавања на Бришо понекогаш му даваше прилика некому
да му причини задоволство, безмалу да му направи услуга. Ќе му речеше на
некој родител или на некој од своите пријатели, граѓани: „Ако тоа може да ја
разоноди жена ви или ќерка ви, ве известувам дека на моето предавање ќе
присуствува баронот де Шарли, принцот д’Агриџенте, подникот на Кондовци.
На детето ќе му остане споменот дека видело еден од последните потомци на
нашата типична аристократија. Ако дојдат, ќе го препознаат по тоа што ќе седи
покрај мојата катедра. Впрочем, тоа ќе биде единствениот, цврст човек, со бели
коси, црни мустаќи и војнички медал. - Ах! ви благодарам“, ќе речеше таткото.
Па, иако жена му имаше работа, за да не биде неучтив спрема Бришо, ја
принудуваше да појде на тоа предавање, додека девојката, иако ѝ пречеше
жештината и толпата, сепак љубопитно го голташе со очи подникот на Кондѐ,
чудејќи се дека не носи набрана јака, туку личи на човек од наше време. Тој,
меѓутоа, беше слеп за неа, но понекој студент, што не знаеше кој е тој, ѝ се
чудеше на неговата љубезност, се правеше важен и студен, а баронот
излегуваше полн со сништа и меланхолија. „Простете ми, но јас би се вратил на
она што ме интересира, му реков бргу на господин де Шарли слушајќи го
чекорот на Бришо, би можеле ли да ме известите со пневматско писмо ако
дознаете дека госпоѓица Вентеј или нејзината пријателка треба да дојдат во
Париз и притоа да ми кажете колку време ќе трае нивниот престој, но без да
кажете никому дека јас сум ве замолил за тоа?“ Веќе не верував многу дека ќе
дојде, но сакав на тој начин да се обезбедам за в иднина. „Да, ќе го сторам тоа за
вас. Пред сѐ затоа што ви должам голема благодарност. Не прифаќајќи го на
времето она што ви го бев предложил, вие, на своја штета, ми направивте
огромна услуга, ми ја оставивте слободата. Верно, јас се откажав од неа на друг
начин, додаде тој со меланхоличен тон од кој избиваше желбата да ми се довери;

91
во сето постои нешто што секогаш го сметам за главен факт, цел сплет од
околности што вие пропуштивте да го свртите во своја корист, можеби затоа
што токму во тој момент судбината ве предупреди да не ми застанете на патот.
Везден е така што ‘човек прета, а Господ го води.’ Кој знае, да прифатевте дента
кога излеговме заедно од кај госпоѓа де Вилпаризи, можеби никогаш немаше да
дојде до многу работи што се случија оттогаш наваму“. Збунет, го свртев
разговорот, фаќајќи се за името на госпоѓа де Вилпаризи, па реков дека ме
натажи нејзината смрт11*. „Ах! да“, промрмори студено господин де Шарли со
најбезобразна можна интонација, примајќи го моето сочувство небаре ни за миг
не поверува во неговата искреност. Како и да е, гледајќи дека разговорот за
госпоѓа де Вилпаризи не му паѓа тешко, сакав да дознам од него, што беше
толку упатен во секој поглед, од кои причини аристократскиот свет толку многу
се држеше на страна од госпоѓа де Вилпаризи. Не само што не ми даде решение
за тој мал монденски проблем, туку не ми се виде дури ни дека знае за него.
Тогаш сфатив дека положбата на госпоѓа де Вилпаризи, иако подоцна на
потомството ќе му изгледа висока, па дури и на неупатените граѓани за време на
животот на маркизата, не изгледаше ништо пониска ни на сосема другиот крај
од високото општество, на оној што ѝ беше близок на госпоѓа де Вилпаризи, на
Германтови. Таа им беше тетка и тие пред сѐ гледаа во потеклото, во
роднинските врски, значењето што таа го имаше зачувано во нивното семејство
преку влијанието врз оваа или онаа снаа. Тие врз тоа помалу гледаа од
стојалиште на високото општество, а повеќе од гледна точка на семејството. И
така, оваа положба на госпоѓа де Вилпаризи беше поблескава одошто си мислев.
Бев многу изненаден кога дознав дека името Вилпаризи е лажно. Само, има и
други примери на големи дами што стапиле во брак со пониски од себе, а сепак
зачувале превосходна положба во општеството. Господин де Шарли фати да ми
објаснува дека госпоѓа де Вилпаризи била внука на прочуената војвотка де ***,
најславната личност од високата аристократија за време на Јулската монархија,
која не сакала да го посетува Кралот Граѓанин и неговото семејство. Јас толку
многу сакав некој да ми раскажува за таа војвотка! А госпоѓа де Вилпаризи,
добрата госпоѓа де Вилпаризи, со образи што за мене претставуваа образи на
буржујка, госпоѓа де Вилпаризи која ми испраќаше толку многу подароци и која
толку лесно можев да ја гледам секој ден, госпоѓа де Вилпаризи била нејзина
внука што таа и ја одгледала во својот дом, во палатата де ***. „Таа еднаш го

11*Какои во случаите со Бергот и Котар, авторот и тука направил превид зборувајќи за смртта на
госпоѓа де Вилпаризи, која, инаку, е жива на страниците од Бегалка (заб. на преведувачот).

92
прашала војводата де Дудовил, ми рече господин де Шарли, зборувајќи за трите
сестри: ‘Која од трите сестри најмногу ја сакате?’, па, откако Дудовил
одговорил: ’Госпоѓа де Вилпаризи’, војвотката де *** му одговорила: ‘Свињо!’,
зашто војвотката била мошне духовита“, рече господин де Шарли, давајќи му го
на тој збор значењето и изговорот што биле вообичаени кај Германтови. Инаку,
не се чудев што тој одговор го смета за толку „духовит“, зашто и во многу други
прилики ја бев забележал цетрифугалната, објективна тенденција кај луѓето што
ги тера, кога го оценуваат духот на другите, да се откажат од строгоста што би ја
пројавиле спрема сопствениот, па да го воочат и да го забележат токму она што
самите и не би помислиле да го сторат.
„Ама, што му е нему? Тоа што го носи е мојот капут, рече тој гледајќи дека
Бришо и премногу долго бараше за ваков резултат. Подобро ќе сторев да појдев
самиот. Најпосле, вие ќе го ставите врз рамениците. Знаете ли дека тоа е мошне
опасно, драги мој? тоа е како да се пие од иста чаша, ќе ви ги дознам мислите.
Ама не, не така, ве молам, дозволете јас тоа да го сторам“, па огрнувајќи ме со
своето палто, ми го местеше на рамениците, ми го туткаше околу вратот,
кревајќи ја јаката, а со раката, ѓоа не сакајќи, ми ја допре брадата, извинувајќи
се. „На негова возраст да не умее да се загрне, човек треба да го наконти, е, мој
Бришо, јас сум си го утнал позивот, роден сум за дадијарка“. Сакав да си
заминам, бидејќи господин де Шарли пројави желба да појде да го бара Морел,
но Бришо нѐ задржа обајцата. Впрочем, поради сигурноста дека дома ќе ја
затечам Албертина, сигурност рамна на онаа попладнево, дека Албертина ќе се
врати од Трокадеро, во тој момент бев исто толку малу нестрплив да ја видам
како и додека, истиот ден, седев на пијаното, откако Франсоаз ми
телефонираше. И токму тоа спокојство ми овозможи, секојпат кога во текот на
тој разговор сакав да станам, да ја послушам наредбата на Бришо, кој се
плашеше дека моето заминување ќе го спречи Шарли да остане до моментот
кога госпоѓа Вердирен ќе дојде да нѐ викне. „Ајде, му рече тој на баронот,
останете малу со нас, наскоро ќе го гушнете“, додаде Бришо насочувајќи го врз
мене своето речиси мртво око, на кое многубројните операции што ги издржа му
вратија малу живот, но веќе сепак ја немаше подвижноста потребна за
лицемерниот израз на злоба. “Ќе сум го гушнел, овој е будала! извикна баронот
со пискав, занесен глас. Ама ви велам, драги мој, тој постојано си мисли дека е
на доделување награди, сонува за своите ученичиња. Се прашувам дали можеби
и не спие со нив. - Вие би сакале да се видите со госпоѓица Вентеј, ми рече
Бришо, кој го беше чул крајот од нашиот разговор. Ви ветуваме дека ќе ве
известам доколку дојде, за тоа ќе дознам преку госпоѓа Вердирен“, ми рече
Бришо, кој бездруго предвидуваше дека на баронот секако му се заканува

93
мошне блиска опасност да биде исклучен од малиот клан. „Еда, вие како да се
сметате во подобри односи со госпоѓа Вердирен од мене, рече господин де
Шарли, во врска со податокот кога ќе дојдат тие личности што ги бие ужасен
глас? Убаво знаете дека за тоа црцорат и врапците. Госпоѓа Вердирен греши што
дозволува да ѝ идат, тие се добри за сомнителни средини. Пријателки се на цела
една ужасна дружина, сето тоа секако се собира на грозни места“. При секој од
овие зборови болката ми се зголемуваше со нова болка, преобразувајќи се. И
туку наеднаш, откако се сетив за извесни нестрпливи движења на Албертина,
што таа инаку веднаш ги совладуваше, ме фати страв дека таа намислила да ме
напушти. Поради овој сомнеж ми беше уште понеопходно да го продолжам
нашиот заеднички живот до моментот кога ќе си го вратам спокојството. А за да
ја одвратам Албертина, доколку ѝ беше дошла на ум идејата да ми го испревари
наумот да раскинам, а и за да ѝ се видат полесни оковите до моментот кога ќе
можам да го остварам без да страдам, најумно (можеби ме зарази присуството на
господин де Шарли, несвесно потсетувајќи се на комедиите што сакаше да ги
игра), најумно ми се виде да ја убедам Албертина дека и самиот имам намера да
ја напуштам, па да фатам, откако ќе се вратам дома, да изигрувам збогувања,
раскин. „Тоа секако не, не мислам дека сум во подобри односи од вас со госпоѓа
Вердирен“, изјави Бришо нагласувајќи ги зборовите, зашто се исплаши да не ги
спотнал сомнежите на баронот. А бидејќи гледаше дека сакам да се збогувам,
сакајќи да ме задржи со мамката на ветената разонода: „Има една работа на која
баронот, ми се чини, и не помисли кога зборуваше за гласот што ги бие тие две
дами, а тоа е дека понекој глас може да биде страшен, но наедно и незаслужен.
Така, на пример, сигурно е дека во најпознатата низа случаи, што јас би ја
нарекол паралелна, се многубројни судските заблуди и дека историјата има
забележано осуди поради содомија со кои биле жигосани славни, а наполно
невини луѓе. Неодамнешното откритие на големата љубов на Микеланѓело
спрема една жена12* е нов факт што на пријателот на Леон X би му овозможил
посмртна обнова на постапката. Аферата Микеланѓело ми изгледа како
создадена за да ги возбуди снобовите и да ја мобилизира Ла Вилет, кога ќе
стивне една друга афера, во која врз анархијата добро се гледаше, па таа стана
грев во мода кај нашите добри дилетанти, чиешто име не смее да се изговори
поради страв од караници“. Откако Бришо почна да зборува за оние гласови што

12*Алузија на Животот на Микеланѓело од Ромен Ролан (1906), каде што. освен за машките
пријателства на Микеланѓело, се зборува и за неговата голема приврзаност спрема поетесата
Виториа Колона, иако таа епизода веќе им била добро позната на неговите биографи (заб. на
преведувачот).

94
ги бијат мажите, целото лице на господин де Шарли ја оддаваше онаа посебна
нетрпеливост што може да се види кај некој медицински или воен експерт кога
луѓето од високото општество, што во тоа ништо не се разбираат, ќе фатат да
зборуваат глупости за работи од терапевтска или стратешка природа. „Вие
немате блага претстава за нештата за кои зборувате, му рече најпосле на Бришо.
Наведете ми барем еден единствен незаслужен глас. Кажете ги имињата. Да, јас
знам сѐ“, возврати жестоко господин де Шарли кога Бришо бојазливо го
прекина, „луѓето што тоа некогаш го правеле од љубопитство или само од
приврзаност кон некој мртов пријател, а ако на оној што се плаши дека и
премногу се истрчал му проговорите за убавината на некој маж, тој ќе ви
одговори дека тоа за него е кинески, дека тој не умее да прави разлика помеѓу
убав и грд маж како ни помеѓу два автомобилски мотора, бидејќи не се разбира
во механика. Сето тоа се гачки. Боже мој, да се разбереме, не сакам да кажам
дека е наполно невозможен неоправдано лош глас (или она што обично така се
нарекува). Само, тоа е толку исклучително, толку ретко што практично и не
постои. Меѓутоа, јас, како љубопитно душкало, познавав и такви што не беа
митови. Да, во текот на својот живот утврдив (сакам да кажам, научно утврдив,
јас не се задоволувам со објасненија) два неоправдани лоши гласа. Тие обично
се создаваат поради сличност на имињата или според извесни надворешни
знаци, изоболство на прстени, на пример, за кое некомпетентните луѓе си
замислуваат дека мора да биде карактеристика на она за што вие зборувате, како
што веруваат дека еден селанец не умее да изговори два збора, а да не додаде
богами, или некој Англичанец goddam. Тоа се шаблони за булеварски театри“.
Господин де Шарли многу ме зачуди наведувајќи го помеѓу инвертитите
„пријателот на глумицата“ што го видов во Балбек, а што беше водач на малото
Друштво на четирите пријатели. „Па што му е тогаш таа глумица? - Му служи
како параван, а, впрочем, тој има односи со неа, можеби и повеќе одошто со
мажи, со кои и ги нема премногу. - А ги има со тројцата други? - Воопшто не!
Тие и не му се пријатели заради тоа! Двајца се сосема по жените. Еден е како
него, но не е сигурен за својот пријател, и тие во секој случај се кријат еден од
друг. Она што ќе ве зачуди е дека во очите на јавноста тие неоправдани гласови
се и најнесомнените. И вие самиот, Бришо, што би си ја ставиле раката в оган за
доблеста на овој или оној маж кој доаѓа овдека, а кого упатените го знаат како
бела врана, вие, како и другите, секако верувате во она што се зборува за овој
или оној угледен човек, кој за масата ги овоплотува ваквите склоности, додека
во него ги нема ни за два суа. Велам за два суа, зашто ако би се обложиле во
дваесет и пет лујдори би виделе како бројот на ситните светци се смалува до
нулата. Инаку, стапката на светците, доколку во тоа ја гледате светоста, по

95
правило се движи помеѓу три-четворица на десетмина“. И додека Бришо го
пренесе прашањето за лошите гласови врз машкиот пол, јас, од своја страна,
напротив, мислејќи на Албертина, зборовите на господин де Шарли ги врзував
за женскиот пол. Ме фати уплав од беговата статистика, дури и водејќи сметка
дека тој секако ги дуе бројките туку-така, по свое наоѓање, а и според
раскажувањето на некаквиси озборувачи, а можеби и лажговци, во секој случај
измамени од сопствената желба, која, придружувајќи ѝ се на желбата на
господин де Шарли, несомнено ги исколчуваше сметките на баронот. „Тројца на
десетмина! Извикна Бришо. Превртувајќи ја сразмерата, би морал уште и да го
помножам со сто бројот на виновниците. Ако е така како што велите, бароне, и
ако не се мамите, тогаш да признаеме дека вие сте еден од ретките луѓе што
имаат увид во вистината што не ја насетува никој околу себе. Така и Барес
обелодени откритија за парламентарната корупција, што отпосле беа и
потврдени, како и постоењето на планетата на Леверие. Госпоѓа Вердирен би
претпочитала да наведе некои луѓе што јас повеќе сакам да не ги именувам, а
кои во Разузнавачкото биро на Генералштабот ги насетија дејностите за кои
верувам дека беа вдахновени од патриотската ревност, но кои јас не ќе можев ни
да си ги замислам. Леон Доде денизден пишува чудесни бајки за слободното
ѕидарство, за германската шпионажа, за морфиноманијата, а сето тоа да било
сушта вистина. Тројца на десетмина!“ повтори Бришо вџасено. А, всушност,
треба да се каже дека господин де Шарли ги обвинуваше за инверзија повеќето
свои современици, изземајќи ги сепак мажите со кои одржуваше односи, а
чијшто случај, само ако во нив имаше и ронка романтика, му се чинеше
покомплексен. Така човек среќава женкари што не веруваат во женска чест, а ѝ
ја признаваат по малу на некоја жена што им била љубовница, протестирајќи
искрено и со таинствен изглед: „Ама не, се мамите, таа не е лесна жена“. Таа
неочекувана почит им ја налага делум нивното самољубие, за кое е поласкаво да
изгледа дека таквите милости да им се подарени само ним, делум нивната
наивност што лекомислено верува во сето она во кое нивната љубовница сакаше
да ги натера да поверуваат, делум од она чувство за животот поради кое, штом
ќе се приближат до други суштества, до други животи, им се чини дека однапред
поставените етикети и поделби се и премногу упростени. „Тројца на десетмина!
само вардете се, бароне, кога би сакале, со помалу среќа од оние историчари на
кои иднината ќе им оддаде признание, да му ја прикажете на потомството
сликата што ни ја кажувате нам, тоа би можело да ја смета за лоша. Тоа суди
само врз основа на докази, па ќе посака да се запознае и со вашето досие. Само,
ако ниеден документ не сведочи за тој вид колективни феномени, за кои
единствено упатените се и премногу заинтересирани да останат в сенка, луѓето

96
од таборот на убавите душички ќе бидат страшно огорчени, а вие повеќе од
сигурно ќе важите за клеветник или за лудак. Откако на натпреварот за отменост
собравте најмногу бодови и го освоивте највисокото место, на земјава ќе ги
запознаете јадовите на посмртниот пораз. Ова пак не се исплати, како што вели,
Господ нека ми прости! нашиот Босие. - Јас не работам за историјата, одговори
господин де Шарли, доволен ми е животот, тој е сосема достатно интересен,
како што велеше кутриот Сван. - Како? Не знаев дека сте го познавале Сван,
бароне. Зарем и тој имал вакви склоности? праша Бришо загрижено. - Еда прост
човек! Вие, значи, сметате дека јас познавам само вакви луѓе? Ама не, не
верувам“, рече Шарли со сведнати очи, обидувајќи се да ги одмери фактите за и
против. Па, со оглед на тоа што се работеше за Сван, чиишто толку спротивни
склоности отсекогаш беа познати, мислејќи дека едно полупризнание нема да
може да му штети на оној на кого се однесуваше, а ќе биде ласкаво за оној
комушто му се откачило во некакво подметнување: „Не велам дека на времето, в
гимназија, еднаш случајно“, рече баронот како против својата волја, небаре
гласно размислувајќи, а потем се созеде: „Само, тоа беше пред двесте години, не
сакате белки да се сеќавам? ми додевате“, заклучи тој смеејќи се. „Во секој
случај, и не беше особено убав!“ рече Бришо, којшто, иако грозен, се сметаше
себеси за убав, а за другите лесно откриваше дека се грди. „Молчете, рече
баронот, вие не знаете што зборувате, во она време тој имаше тен како праска,
па, додаде, изговарајќи го секој слог со друг тон, беше убав како Амор. Впрочем,
тој си остана шармантен. Жените лудо го сакаа. - Ама, ја познававте ли
неговата? - Ама, ви се молам, па тој и ја запозна преку мене. Сметав дека е
омајна онака полу престорена, една вечер кога ја играше Мис Неранимајко; јас
бев со другарите од клубот, секој од нас поведе по една жена, па, иако мене само
ми се спиеше, злите јазици тврдеа, зашто е грозно колку луѓето се пакосни, дека
сум спиел со Одет. Само, таа ова го искористи за да доаѓа и да ми додева, а јас
верував дека ќе се ослободам од неа со тоа што му ја претставив на Сван. Од тој
ден не престана да ми додева, ништо не знаеше за правописот, па јас ѝ ги
пишував писмата. А сетне јас бев задолжен да ја водам на прошетки. Ете, дете
мое, гледате ли што значи тоа да го бие човека добар глас. Впрочем, јас си го
заслужував само донекаде. Ме принудуваше да ѝ помагам во нејзините ужасни
забави и со по пет-шест мажи“. И господин де Шарли фати да ги набројува
љубовниците што едноподруго ги имала Одет со толкава сигурност небаре го
чита списокот на француските кралеви (беше со овега, сетне со онега - додека
кутриот Сван, заслепен од љубомората и љубовта, ништо не знаеше за ниту еден
единствен од тие луѓе, со ред проценувајќи ги изгледите и верувајќи им на
заклетвите, што му се гледаа поверодостојни одошто по некоја противречност

97
што ќе му се откачеше на виновникот, противречност многу
понезабележителна, а сепак позначајна, со која љубоморниот би можел
пологично да се пофали одошто со известувањата за кои лажно тврди дека ги
добил, за да си ја вознемири љубовницата). И, верно, љубоморниот е, како и
современиците, и премногу блиску, тој не знае ништо, додека хрониката на
брачните неверства дури во очите на некој отстрана добива прецизност на
историја, нижејќи се во, инаку рамнодушни, списоци, кои стануваат тажни само
за некој друг љубоморен, каков што бев јас, кој не може да се воздржи да го
споредува својот случај со оној за кој слуша како се зборува, прашувајќи се не
постои ли исто толку славен попис и за жената во која тој се сомнева. Но, за тоа
не може ништо да дознае, тоа е како некој сеопшт заговор, некакво изживување
во кое сите сурово учествуваат, а кај кое тие, додека неговата пријателка оди од
еден до друг, му ги држат очите преврзани со лента што постојано се обидува да
ја симне, но без успех, зашто несреќникот сите го држат заслепен, добрите од
добрина, лошите од лошотија, простаците поради склоност кон грдо мајтапење,
убаво воспитаните поради учтивост и добро воспитување, а сите поради еден од
оние молкум прифатени договори што се нарекуваат начело. „Но, дали Сван
некогаш дознал дека и вам ви ја подарила својата милост? - Ама, ви се молам,
тоа е ужас! Да му го раскажам на Сван! Па да му се крене косата на главата. Ама,
драги мој, тој просто ќе ме убиеше, беше љубоморен како тигар. Не ѝ признав
ни на Одет, на која тоа, впрочем, ќе ѝ беше сосема сеедно, дека... ајде, не терајте
ме да зборувам глупости. Најубавото од сѐ дека таа истрела во него неколку
куршуми што за малу ќе ме погодеа мене. Ах! доживеав многу задоволства со
таа брачна двојка; и, се разбира, јас бев тој што мораше да му биде сведок во
двобојот со д’Осмон, што д’Осмон никогаш не ми го прости. Д’Осмон ја беше
грабнал Одет, а Сван, за да се утеши, ја зеде за љубовница, или за лажна
љубовница, сестрата на Одет. Најпосле, нема белки да ме терате да ви ја
раскажувам историјата на Сван, би ни требале десетина години, сфаќате, а ја
знам поубаво од кого и да е. Јас бев тој што ја изведуваше Одет кога не сакаше
да се види со Сван. Ова ми беше дотолку понепријатно што имам еден мошне
близок роднина кој го носи името де Креси, иако на тоа, се разбира, нема
никакво право, а кого сето тоа не го одушевуваше. Зашто таа бараше да ја викаат
Одет де Креси, и тоа со полно право, бидејќи беше само разделена од еден
Креси, кому му беше жена, инаку мошне автентичен, можне фин господин што
го соголи до последната пара. Ама, ви се молам, вие само сакате да ме натерате
да зборувам, јас ве видов со него во вртимушката, вие му приредувавте вечери
во Балбек. Кутриот човек секако имаше потреба од нив: живееше од некаква
сосема мала помош што му ја даваше Сван, иако се сомневам дека по смртта на

98
мојот пријател таа рента сосема престанале да му ја плаќаат. Она што не го
разбирам, ми рече господин де Шарли, тоа е зошто, кога веќе често одевте кај
Шарл, пред малу не побаравте да ве претставам на неаполската кралица. Сѐ на
сѐ, гледам дека не се интересирате за личностите како за знаменитости, а тоа
секогаш ме чуди кај некој што го познавал Сван, кај кого тој вид интересирање
беше толку развиено што не може да се каже дали во таа смисла јас него го
поттикнав или тој мене. Ова ме чуди исто како кога би видел некој што го
познавал Вистлер, а не знае што е тоа вкус. Боже мој, беше особено важно да ја
запознае Морел. Впрочем, тој тоа страсно го сакаше, зашто тој е неверојатно
интелигентен. Штета што си замина. Но, најпосле, ќе ги поврзам деновиве.
Неизоставно треба да ја запознае. Единствената можна пречка би било кога таа
утре би умрела. Да се надеваме дека тоа нема да се случи“. Наеднаш, бидејќи сѐ
уште беше под впечатокот на сразмерата „тројца на десетмина“, што му ја откри
господин де Шарли, Бришо, кој не престана да мисли на тоа, со грубост што
потсетуваше на истражен судија кој сака да го натера обвинетиот да признае, но
која, всушност, беше последица од желбата на професорот да се покаже
прониклив, а и од немирот што го чувствуваше подигајќи едно толку тешко
обвинение: „Да не е таков и Ски?“ мрачно го праша господин де Шарли. За да
предизвика восхит спрема наводната своја дарба за интуиција, тој го избра Ски,
велејќи си дека, ако меѓу десет души има само тројца невини, постои мала
опасност да се измами наведувајќи го Ски, кој му изгледаше по малу чуден,
страдаше од несоници, се парфимираше, накусо - беше надвор од нормалата.
„Ама ни најмалу, извикна баронот со горчлива, догматска и очајничка иронија.
Тоа што го велите е погрешно, бессмислено, неумесно! Ски е токму тоа за
луѓето што во тие работи воопшто не се разбираат. Да беше таков, немаше толку
да личи на таквите, ова нека биде разбрано без каква и да е намера да го
критикувам, зашто има шарм, а во него наоѓам дури и нешто мошне привлечно.
- Па, кажете ни тогаш некое име“, продолжи упорно Бришо. Господин де Шарли
се исправи надмено: „Ах, драги мој, јас, како што знаете, живеам во
апстрактното, сето тоа ме интересира само од трансцендентална гледна точка“,
одговори тој со недоверлива чувствителност својствена за нему сличните и со
извештачена велеречовитост што го карактеризираше неговиот говор.
„Мене, ме сфаќате ли, ме интересираат само општите вистини, за тоа ви
зборувам како за законот за земјината тежа“. Но, тие мигови на раздразнето
реагирање, во кои баронот настојуваше да го скрие својот вистински живот,
траеја мошне кратко во споредба со часовите на непрестајна прогресија во кои
дозволуваше тој да се насети, го покажуваше со задоволство што нервира,
бидејќи потребата да се довери кај него беше посилна од стравот довереното да

99
не се разгласи. „Она што сакав да го кажам, продолжи тој, е дека на еден
неоправдано лош глас доаѓаат стотина добри, кои не се помалу неоправдани.
Очигледно, бројот на оние што не го заслужуваат се менува во зависност од тоа
дали се потпирате врз кажувањата на ним сличните или на другите. А вистина е
дека, ако пакоста на последниве е ограничена со тоа што им е и премногу тешко
да поверуваат во порок, кој за нив е исто толку грозен како и кражбата и
убиството, што го имаат луѓе чијашто истанченост и добро срце им се познати,
пакоста на првите е претерано потхранувана од желбата да веруваат, како да
речам, дека се досегливи некои луѓе што им се допаѓаат, од известувањата што
им ги дале луѓе кои ги измамила слична желба и, најпосле, од самото тоа што
нив главно ги држат на отстојание. Сретнав еден човек, на мошне лош глас
поради оваа склоност, што тврдеше дека некој човек од високото општество ја
има истата склоност. А единствената причина што веруваше во тоа беше фактот
дека тој светски човек бил љубезен со него! Така е и со причините за
оптимизам, рече наивно баронот, во пресметнувањето на бројот. Но,
вистинската причина за огромниот расчекор што постои помеѓу тој број
пресметан од страна на неупатените и оној што го пресметуваат упатените иде
од таинственоста со која овие ги опкружуваат своите постапки, за да ги сокријат
од другите, кои што пак, лишени од секаква можност да добијат известувања, би
биле буквално вџасени кога би дознале и само една четвртина од вистината. -
Тогаш, тоа во нашево време е како кај Грците, рече Бришо. - Ама како тоа, како
кај Грците? Вие си замислувате дека за таа работа не се знаело оттогаш?
Погледнете само, под Луј XIV, Господинот, малиот Вермандоа, Молиер,
принцот Лудвиг вон Баден, Брунсвик, Шароле, Боуфле, Големиот Конде,
војводата де Брисак. - Стојте, од Сен-Симон дознав за Господинот, за Брисак, за
Вандом, се разбира, а и за за многу други, впрочем, само таа стара напаст
Сен-Симон често зборува за Големиот Конде и за принцот Лудвиг фон Баден, а
ова никогаш не го спомнува. - Сепак е жално што јас морам да му давам часови
по историја на еден професор на Сорбона. Ама, драг учителе, вие сте страшен
незнајко. - Вие сте суров, но справедлив, бароне. Еве, чујте, ќе ви направам
задоволство. Сега се сеќавам на една песна од она време, сочинета на
макаронски латински за некаква луња што го изненадила Големиот Конде кога
слегувал по Рона во друштво со својот пријател маркизот де Ла Мусе. Конде
вели:
Carus Amicus Mussaeus,
Ah! Deus Bonus! quod tempus!

100
Landerirette,
Imbre sumus perituri.1 3 *

А Ла Мусе го смирува велејќи му:


Securae sunt nostrae vitae,
Suus enim Sodomitae,
Igne tantum perituri,
Landeriri.14**
- Го повлекувам она што го реков, рече Шарли со пискав, извештачен глас,
вие сте вруток на науката, ова ќе ми го напишете, нели, ќе го зачувам во своите
семејни архиви, зашто мојата прабаба во третото колено му била сестра на
господин Принцот. - Да, само, бароне, јас не гледам ништо за принцот Лудвиг
фон Баден. Впрочем, мислам дека, општо земено, војничката вештина... - Каква
глупост! Во тоа време Вандом, Вилар, принцот Еуген, принцот де Конти, а за
сите наши јунаци од Тонкин, од Мароко и да не зборувам, убаво би ве изненадил
кога би ви зборувал за сите оние навистина возвишени и побожни луѓе од
„новата генерација“. Ах! би имал што да им кажам на луѓето што прават анкети
за новата генерација која ги отфрли залудните компликации на своите постари,
вели господин Бурже! Таму имам едно пријателче, за кое многу се зборува, што
направило прекрасни нешта; но, најпосле, не сакам да бидам зол, да се вратиме
на XVII век, знаете дека Сен-Симон вели за маршалот д’Иксел - помеѓу толкуте
други: „...мераклија за грчки разврат, што и не се трудеше да го сокрие, се
лепеше за младите офицери, што ги отимаше за својата домашна служба, покрај
младите, убаво градени лакеи, и тоа без срам и перде, во армијата и во
Стразбур“. Веројатно сте ги читале писмата на Госпоѓата15*, мажите и не го
викале поинаку одошто „Putana“ (курва). Таа зборува доста јасно за тие работи. -
А, со својот маж, била и на добар извор на сознанија. - Госпоѓата е инаку мошне
интересна личност, рече господин де Шарли. Според неа би можело да се
направи лирска синтеза на „Жената на една Тетка“. Машкуданка, пред сѐ;
жената на една Тетка е главно маж, што нему му олеснува да и прави деца.

13* Драг пријателе Мусе, / Ах! Добри Боже! Какво време! / Ландерирет, / Дождов ќе нѐ сотре. (заб.
на преведувачот)
14** Сигурни се нашите животи, / Та нели сме содомити. / Нас сал оган ќе нѐ сотре. / Ландерири

(заб. на преведувачот)
15* Госпоѓа (Madame) е службена титула на војвотката Elisabeth Charlotte d'Orléans (Liselotte von

der Pfalz), снаата на Луј XIV (жена на брат му Филип, што носел службена титула Господин), која
во својата богата преписка дава верна слика на луѓето од францускиот двор. (заб. на преведувачот)

101
Потем, госпоѓата не зборува за пороците на Господинот, туку без престан
зборува за истиот тој порок на другите, како добро упатена личност и по оној
наш обичај во семејствата на другите да сакаме да ги наоѓаме бољките од кои
страдаме во нашето, за да си докажеме дека во тоа нема ништо исклучително и
срамно. Ви кажав дека во секое време било така. Па сепак, нашево посебно се
разликува во тој поглед. И покрај примерите што ги зедов од XVII век, да
живееше во нашево време мојот голем предок Франсоа де Ла Рошфуко, тој за
него, со повеќе причини одошто за своето, ќе можеше да каже, ајде, Бришо,
помагајте: „Пороците ги има во сите времиња; но, да се појавеа во првите векови
некои луѓе што ги познаваат сите, дали денес би зборувале за развратот на
Хелиогабал?“ Многу ми се допаѓа она што ги познаваат сите. Гледам дека
мојот остроумен предок ги познавал ‘фалениците’ на своите најславни
современици, како што и јас ги знам тие на моиве. Но, работата не е само во тоа
што таквите луѓе денес ги има повеќе. Тие имаат и нешто посебно“. Видов дека
господин де Шарли ќе ни каже на кој начин се развивал тој вид обичаи. А додека
зборуваше тој, додека зборуваше Бришо, од мене ниту во еден миг не беше
отсутна повеќе или помалу свесната претстава за мојот дом, каде што ме чекаше
Албертина, поврзана со галежниот и интимен мотив на Вентеј. Без престан ѝ се
враќав на Албертина, токму како што наскоро секако ќе треба и навистина да се
вратам кај неа како на некој вид ѓуле за кое, на ваков или онаков начин, бев
врзан и кое ме спречуваше да го напуштам Париз, а поради кое во тој миг,
додека во салонот на Вердиренови во мислите навраќав во својот дом, го
чувствував не како празен простор, вдахновувачки за личноста и по малу тажен,
туку исполнет - сличен по тоа на хотелот во Балбек една определена вечер - со
тоа присуство што од него не мрдаше, што таму траеше за мене и бев сигурен
дека одново ќе го најдам во моментот кога ќе посакам. Во упорноста со која
господин де Шарли севезден се враќаше врз оваа тема - во поглед на која,
впрочем, неговата интелигенција, постојано насочена во истата насока,
поседуваше извесна проникливост - имаше нешто доста замрсено и мачно. Тој
беше давеж како научник кој не гледа ништо надвор од својата струка, здодевен
како упатен човек кој се перчи со тајните што ги знае и гори од желбата да ги
обелодени, антипатичен како оние што, и не забележувајќи дека се непријатни,
се отвораат кога се работи за нивните мани, подјармен како манијак и
неодолливо непретпазлив како виновник. Впрочем, овие негови црти, што во
извесни мигови избиваа неочекувано како и оние што му даваат печат на некој
лудак или на некој злосторник, донекаде и ме смируваа. Зашто, подложувајќи ги
на нужната транспозиција за да можам од нив да извлечам заклучоци во поглед
на Албертина и сеќавајќи се на нејзиното однесување спрема Сен-Лу, односно

102
спрема мене, си велев, колку и едното од тие сеќавања да ми беше мачно, а
другото тажно, си велев дека тие како да го исклучуваат тој толку забележлив
вид исколченост, таа нужно исклучителна специјализација, која како толку
силно да избиваше од зборувањето и од личноста на господин де Шарли. Само,
овој, за жал, побрза да ми ги уништи овие причини за надеж, и тоа исто како што
ми ги беше дал, то ест и не знаејќи. „Да, рече тој, немам веќе дваесет и пет
години, а видов како многу работи околу мене се изменија, веќе не го
препознавам ни општеството во кое оградите се урнати, во кое плипот луѓе без
каква и да е отменост и пристојност танцува танго дури и во моето семејство, ни
модата, ни политиката, ни уметностите, ни религијата, ниту што и да е друго. Но
признавам, најмногу се измени она што Германците го нарекуваат
хомосексуалност. Боже мој, во мое време, оставајќи ги настрана мажите што ги
мразат жените и оние што ги сакаат само нив, а другите работи ги прават само
од користољубие, хомосексуалците беа добри глави на семејствата, а
љубовници имаа само за да се прикријат. Да имав ќерка за мажење и да сакав да
бидам сигурен дека нема да биде несреќна, само меѓу нив ќе си го барав зетот.
Ева! сега е сѐ поинаку! Сега тие се регрутираат и помеѓу мажите што најмногу
лудуваат по жените. Верував дека имам добар нос и дека нема да се измамам
кога ќе си речев „секако не е“. Е па, сега признавам дека веќе не се снаоѓам. Еден
мој пријател, што е многу познат по тоа, имаше кочијаш што му го најде снаа ми
Оријана, некакво момче од Комбре кое се занимавало по малу со сите занаети, а
особено со кревање здолништа и јас можев да се заколнам дека е во најголема
можна мера непријател на ваквите работи. Си ја унесреќуваше љубовницата
мамејќи ја со две жени што ги обожаваше, не сметајќи ги другите, една глумица
и една келнерка во некаква пивница. Мојот роднина, принцот де Германт, кој ме
нервира со својата и премногу лековерна памет, еден ден ми рече: „Па зошто X
не спие со својот кочијаш? Кој знае дали тоа нема да му се допадне на Теодор
(ова е име на кочијашот) и дали не е дури мошне погоден гледајќи дека неговиот
газда не му приоѓа?“ Не можев да се воздржам да не го замолчам Жилбер; ме
нервираше и таа наводна остроумност, која, кога се пројавува напосоки,
претставува недостиг од остроумност, а и проѕирната пакост на мојот роднина
кој сакаше нашиот пријател X да се обиде да мине преку штицата, за потем, ако
е цврста, и самиот да мине преку неа. - Значи, и принцот де Германт има такви
склоности? запраша Бришо со чудење помешано со непријатност. - Мој Боже,
одговори господин де Шарли восхитено, тоа е толку познато што мислам дека
не сум индискретен одговарајќи со да. Е па, следната година отидов во Балбек и
таму дознав од еден морнар, кој понекогаш ме носеше на рибарење, дека мојот
Теодор, што, патем речено, има сестра која е собарица на една пријателка на

103
госпоѓа Вердирен, бароницата Путбус, одел на пристаништето за да најде де
еден де друг морнар, со ѓаволска дрскост, за да направат по некој круг со
кајакот, а ‘и нешто друго’. Сега мене ми беше ред да прашам дали газдата, во
кого го препознав господинот кој цел ден играше карти со љубовницата, е како
принцот де Германт. „Ама, ви се молам, па тоа го знаат сите, тој тоа дури и не го
крие. - Ама со него била и неговата љубовница. - Па што дека? Што се наивни
децава“, ми рече со татковски глас, и не слутејќи каква болка ми задаваат
неговите зборови мислејќи на Албертина. „Љубовницата му е златна. - Па тогаш
тројцата негови пријатели се како него? - Ама никако, извикна тој затнувајќи си
ги ушите, небаре јас, свирејќи на некаков инструмент, погрешно сум отсвирел
некоја нота. Еве го сега во другата крајност. Значи ли тоа дека човек веќе нема
право на пријатели? Ах! таа младина ќе побрка сѐ на светов. Вас, дете мое, би
требало да ве превоспитаат. Елем, продолжи тој, признавам дека овој случај, а
знам и за многу други, колку и да настојувам да си го држам отворен духот за
сите тие бесрамности, ме збунува. Можеби сум старомоден, но не сфаќам, рече
тој со тон на стар галиканец што зборува за извесни облици на
ултрамонтанизам, на либерален ројалист што зборува за l'Action française, или за
ученик на Клод Моне што зборува за кубистите. Не ги осудувам тие новатори,
повеќе би се рекло дека им завидувам, настојувам да ги сфатам, но не успевам.
Ако толку ги сакаат жените, чуму им е тоа што го нарекуваат дечко, особено во
овој работнички свет каде што лошо се гледа врз таа работа, каде што тие се
затскриваат со самољубие? Затоа што тоа за нив претставува нешто друго.
Што?“ „Што друго би можела да претставува за Албертина една жена?“ си
мислев и токму во тоа и ми се состоеше, всушност, сета болка. „Навистина,
бароне, рече Бришо, ако некогаш Факултетскиот совет предложи отворање
катедра по хомосексуалност јас ќе ве предложам вас на прво место. Или подобро
не, повеќе би ви одговарал некаков Институт за специјална психофизиологија.
Посебно ве замислувам на чело на катедра во Францускиот колеџ, што ќе ви
овозможи да се посветите на лични истражувања чиишто резултати би ги
изнесувале, како што прави професорот по тамилски или санскритски јазик пред
мошне мал круг луѓе што ова ги интересира. Би имале двајца слушатели плус
прислужникот, го велам ова без да сакам да фрлам и најмало сомнение врз
нашиот прислужнички сталеж, кој е, според мене, надвор од секакво сомнение. -
Ни за тоа не знаете ништо, одговори баронот грубо и отсечно. Впрочем, се
мамите сметајќи дека за ова се интересираат толку малу луѓе. Сосема
спротивно“, па, не водејќи сметка за противречноста што постоеше помеѓу
насоката во која непроменливо се движеше неговото зборување и прекорот што
ќе им го упати на другите: „Ужасно е, напротив, му рече тој на Бришо со

104
соблазнет и засрамен израз, само за тоа и се зборува. Тоа е срамота, но така е
како што јас ви велам, драги мој! Изгледа дека, завчера, кај војвотката д’Ајен,
два часа не се зборувало за ништо друго. Можете ли да си претставите и жените
сега да фатат да разговараат за тоа, тоа е скандал! А што е најголема срамота,
податоци за тоа им даваат, додаде тој необично жестоко и енергично, никаквеци
и вистински ѓубриња каков што е малиот Шателро, за кого има повеќе да се
каже одошто за кој и да е друг, таквите им раскажуваат прикаски за другите. Ми
рекоа дека за мене кажувал најодвратни нешта, само јас за тоа не се грижам,
сметам дека калта и ѓубрето што ги фрла еден тип, кого за малу што не го
избркаа од Џокеј- клубот зашто мамел на карти, може да падне само врз него.
Убаво знам дека, да бев јас Џејн д’Ајен, малу повеќе ќе си го почитував својот
салон и немаше да дозволам во него да се разговара за такви нешта и во куќата
да ми се валкаат сопствените роднини. Но, нема веќе друштво, нема правила,
нема пристојност ни во разговорот ниту пак во облекувањето. Ах! драги мој, тоа
е крај на светот. Светот стана толку поган. Секој гледа да каже што повеќе
гадости за другите. Тоа е ужасно!“
Кукавица, каков што си бев уште во детството, кога бегав за да не гледам
како на дедо ми му нудат коњак и како баба ми попусто го преколнува да не го
пие, на ум имав само едно нешто, да си заминам откај Вердиренови пред да
дојде до погубувањето на Шарли. „Секако морам да заминам, му реков на
Бришо. - Одам со вас, ми рече тој, само не можеме да си одиме без поздрав. Ајде
да се збогуваме со госпоѓа Вердирен“, заклучи професорот, упатувајќи се кон
салонот како што некој, во друштвените игри, оди да види „може ли да се
влезе“.
Додека ние разговаравме, господин Вердирен, на знак од жена си, го одведе
Морел. Впрочем, дури и госпоѓа Вердирен, по зрело размислување, да најдеше
дека е помудро да се одложат откритијата пред Морел, тоа веќе не ќе можеше да
се стори. Постојат извесни желби, еднипати ограничени на устата, кои, кога
еднаш ќе ги пуштиме да нараснат, бараат да бидат задоволени, без оглед на тоа
какви ќе бидат последиците; човек не може да се воздржи, а да не бакне едно
разголено рамо, што го гледа поодамна и врз кое усните се фрлаат како птица
врз змија, да касне некаков колач што му ја маѓепсува алчноста, да се лиши од
изненадување, непријатност, болка или радост што ќе ги разбуди во нечија душа
со непредвидени зборови. Така, пијана од мелодрамата, госпоѓа Вердирен му
наложи на својот маж да го одведе Морел и по секоја цена да разговара со
виолинистот. Овој почна со жалењето што неаполската кралица си заминала без
тој да можел да ѝ биде претставен. Господин де Шарли толку пати му беше
повторил дека таа е сестра на царицата Елизабета и на војвотката д’Алансон,

105
што кралицата во очите на Морел беше добила исклучително значење. Но,
Газдата му објасни дека не се тука за да разговараат за неаполската кралица и
веднаш премина врз она што го имаше на ум. „Слушајте, заклучи по извесно
време, слушајте, ако сакате, би можеле да појдеме да ја прашаме за совет жена
ми. Чесен збор, за ова не сум разговарал со неа. Ќе видиме што мисли таа за сево
ова. Моето мислење можеби и не е добро, но вие знаете колку сигурно расудува
таа, а сетне, таа спрема вас е неверојатно пријателски настроена, ајде прашањето
да го изнесеме пред неа“. И додека госпоѓа Вердирен нестрпливо ги очекуваше
возбудувањата во кои ќе ужива зборувајќи со виолинистот, со тоа што потем,
кога тој ќе си отиде, ќе побара подробен извештај за дијалогот до кој дошло
помеѓу него и маж ѝ, па, чекајќи, не престана да повторува: „Ама што ли можат
да прават таму? Се надевам барем дека Огист16*, кога веќе толку го задржа,
умеел и прописно да го изделка“, господин Вердирен се врати со Морел, кој
изгледаше страшно возбуден. „Тој би сакал да побара од тебе совет“, ѝ рече
господин Вердирен на жена си, навидум како некој што не знае дали ќе му го
исполнат барањето. Наместо да му одговори на господин Вердирен, во
пламенот на страста госпоѓа Вердирен му се обрати на Морел: „Наполно сум
согласна со мислењето на маж ми, сметам дека вие тоа веќе не смеете да го
трпите!“ извикна таа жестоко, заборавајќи го како гола фикција договорот
помеѓу неа и маж ѝ дека таа ништо не знае за она што тој му го рекол на
виолинистот. „Како? Што да трпи?“ пропелтечи господин Вердирен, кој се
обидуваше да се преправа дека е изненаден, настојувајќи да си ја одбрани лагата
со несмасност што ја објаснуваше неговата збрканост. „Погодив што си му
рекол“, одговори госпоѓа Вердирен без да размислува многу дали објаснението
ќе биде повеќе или помалу веродостојно и не грижејќи се премногу за тоа што ќе
мисли виолинистот, кога ќе се сети на таа сцена, за вистинољубивоста на својата
Газдарица. „Не, повтори госпоѓа Вердирен, сметам дека вие веќе не смеете да го
трпите тој срамотен промискуитет со една жигосана личност што не ја примаат
никаде, додаде таа, не водејќи сметка дека тоа не е вистина и заборавајќи дека
таа го примаше безмалу секој ден. Вие станавте предмет на подбив во
Конзерваториумот, додаде таа, чувствувајќи дека е тоа аргументот со најголема
тежина; уште еден месец таков живот и вашата уметничка иднина ќе биде
уништена, додека без тој Шарли секако би заработувале повеќе од сто илјади
франка годишно. - Ама јас никогаш не сум чул нешто да се зборува, вџашен сум,

16*Превид на авторот: само малу подолу (на стр. 156) ќе прочитаме дека господин Вердирен се
викал, всушност, Гистав (заб. на преведувачот).

106
многу сум ви благодарен“, промрморе Морел со солзи во очите. Но, принуден
едновремено да се преправа дека е изненаден и да си го прикрива срамот, беше
многу поцрвен и се потеше повеќе одошто да ги беше отсвирел сите сонати на
Бетовен со ред, а во очите му навираа солзи кои секако немаше да му ги измами
мајсторот од Бон. Скулпторот, заинтересиран од тие солзи, се усмевна и
намигнувајќи ми покажа на Морел. „Ако не сте чуле што се зборува, тогаш сте
единствениот. Тоа е господин што го бие ужасен глас, а имал и грозни
неприлики. Знам дека и полицијата го зела на око, а тоа е, впрочем, и најубавото
што може да му се случи, за да не заврши како сите оние што му се слични,
убиен од страна на некој апаш... додаде таа, зашто, мислејќи на Шарли ѝ се
врати во сеќавањето госпоѓа де Дира, па, пијана од бес, настојуваше да ги
направи уште потешки раните што му ги задаваше на несреќниот Морел и да се
одмазди за оние што таа вечер самата ги доби. „Впрочем, тој не може да ви
послужи за ништо дури ни материјално, сосема пропадна откако стана плен на
луѓе што го уценуваат, а што нема да можат од него да наплатат ни пара за
својата музика, а уште помалу вие за вашата, зашто сѐ му е под хипотека,
дворецот, замокот итн“. Во оваа лага Морел поверува дотолку полесно што
господин де Шарли сакаше да му се доверува за своите односи со апашите, сој за
кој синот на еден собар, колку да беше гнасен и самиот, одгледуваше чувство на
ужас еднакво на својата приврзаност кон бонапартистичките идеи.
Во неговиот препреден дух веќе се јави зародиш на комбинација слична на
она што во XVIII век се нарекувало „растурање на сојузите“. Решен веќе
никогаш да не проговори со господин де Шарли, утревечер би се вратил кај
внуката на Жипиен, земајќи си ја врз себе обврската да ги нареди работите. За
негова несреќа, тој наум ќе се изјалови, зашто господин де Шарли уште истата
вечер имаше состанок со Жипиен на кој, и покрај она што се беше случило,
некогашниот елечар не се осмели да не дојде. Како што ќе видиме, некои други
работи, кои фатија да му се случуваат на Морел, откако Жипиен плачејќи му ги
раскажа своите јадови на баронот, овој, не помалу несреќен, изјави дека ќе ја
посвои напуштената девојка, дека таа ќе земе една од неговите титули,
веројатно госпоѓица д’Олорон, ќе се потруди таа да се здобие со совршено
образование и богато ќе ја омажи. Ветувања што страшно го израдуваа Жипиен,
оставајќи ја рамнодушна неговата внука, зашто таа сѐ уште го сакаше Морел,
којшто од глупост или цинизам, влегуваше смеејќи се во дуќанот кога го
немаше Жипен. „Што ви е тоа со очите, велеше смеејќи се, имате подочници?
Љубовни јадови? По ѓаволите, годините си врват, но не личат една на друга.
Најпосле, наполно сте слободен да пробате некој чевел, дотолку повеќе некоја
жена, па, ако не ви пасира на ногата..“. Само еднаш се налути кога таа заплака,

107
што за него беше кукавичка, недостојна постапка. Човек не ги поднесува
секогаш солзите што самиот ги предизвикал.
Но, ние и премногу избрзавме, зашто сето тоа се случи дури по соарето кај
Вердиренови, што ние го прекинавме, па треба да продолжиме таму каде што
застанавме. „Никогаш немаше да помислам, воздивна Морел, одговорајќи ѝ на
госпоѓа Вердирен. - Се разбира, тоа не ви го велат в лице, но тоа не ги спречува
за вас да шират прикаски на Конзерваториумот, повтори пакосно госпоѓа
Вердирен, сакајќи да покаже дека не се работи само за господин де Шарли, туку
и за него. Сакам да верувам дека тоа не сте го знаеле, па сепак на луѓето не им е
непријатно да зборуваат. Прашајте го Ски што зборуваа некни кај Шевијар, на
два чекора од нас, кога влеговте во мојата ложа. Просто речено, на вас
покажуваат со прст. Што се однесува до мене, ќе ви речам дека јас инаку на тоа
не обрнувам внимание, но, сепак ми се чини дека човек испаѓа неверојатно
смешен и за подбив за сиот свој живот. - Не знам како да ви заблагодарам“, рече
Морел со тон со кој ова му го велиме на забар, кој ни нанел страшна болка, а не
сакаме да дозволиме тоа да го забележи, или на некој и премногу крвожеден
сведок што ве принудил да излезете на двобој поради некој беззначаен збор за
кој ви рекол: „Ова не смеете да го проголтате“. „Мислам дека имате карактер,
дека сте маж, одговори госпоѓа Вердирен, и дека ќе умеете да зборувате јасно и
гласно, иако тој им вели на сите дека нема да се осмелите, зашто ве држи в рака“.
Морел, барајќи некакво божем достоинство, за да го прикрие своето,
распарталено, се сети на нешто што го беше прочитал или слушнал и веднаш
изјави: „Не сум воспитуван да јадам таков леб. Од вечерва раскинувам со
господин де Шарли. Неаполската кралица си замина, нели? Инаку, пред да
раскинам со него, ќе го замолев... - Не е потребно наполно да раскинете со него,
рече госпоѓа Вердирен, сакајќи да не го растури малото јадро. Нема ништо лошо
да се гледате со него овдека, во нашиот мал круг, каде што ве ценат, каде што
никој нема да проговори нешто лошо за вас. Но, барајте си ја слободата и не
дозволувајте да ве влечка кај сите оние глупачки што се љубезни пред вас, иако
би сакала да чуете само што сѐ ви зборуваа зад грбот. Впрочем, нема за што да
жалите, не само што од себе симнувате петно кое ќе ви останеше за цел живот,
туку и од уметничка гледна точка, дури и да не беше тоа зазорно преставување
од страна на Шарли, би рекла дека фактот што себеси на тој начин се валкате во
тоа лажно високо општество, би ве направило несериозен, би ви донело глас на
аматер, на мал салонски музичар, што е страшно на ваша возраст. Сфаќам дека
за сите тие убави дами е мошне згодно да се прават љубезни со своите
пријателки викајќи ве да им свирите бадијала, но цена за тоа ќе биде вашата
уметничка иднина. Не велам кај една или две. Вие зборувавте за неаполската

108
кралица, што верно си отиде, имала уште едно соаре, ете, таа е жена на свое
место и да ви кажам, мислам дека таа не го цени кој знае колку тој Шарли. Ке ви
кажам, верувам дека тука дојде пред сѐ поради мене. Да, да, знам дека сакаше да
нѐ запознае господин Вердирен и мене. Тоа е место каде што би можеле да
свирите. А сетне, да ви кажам, сосема е поинаку кога некаде ќе ве одведам јас,
која уметниците ја познаваат, знаете, спрема која секогаш биле мошне љубезни,
што по малу ја сметаат и за своја, нешто како своја Заштитничка. Но, мора да се
вардите како од оган да одите кај госпоѓа Дира! Немојте да направите таква
груба грешка! Познавам уметнцци што доаѓаа да ми се доверуваат за неа.
Знаете, тие знаат дека можат да имаат доверба во мене, рече таа со питом и
едноставен глас со кој умееше одненадеж да проговори, давајќи им на своите
црти израз на скромност, а на очите соодветен омај. Доаѓаат туку-така со своите
секојдневни приказни; оние што ги сметаат за најмолчаливи еднипати со саати
брборат со мене и јас не умеам да ви кажам колку се интересни. Кутриот
Шабрие секогаш велеше: ‘Само госпоѓа Вердирен умее да ги натера да
зборуваат.’ Е па, да знаете сум ги видела сите, без исклучок ви велам, како
плачат поради тоа што свиреле кај госпоѓа де Дира. И тоа не само поради
понижувањата на кои таа се забавува да ги подбуцнува своите слуги, туку и
затоа што веќе никаде не можеа да добијат ангажман. Директорите велеле: ‘Ах!
да, тоа е оној што свири кај госпоѓа де Дира.’ И тука е крајот. Ништо друго не
може да ви ја уништи иднината како тоа. Знаете, високото општество не остава
сериозен впечаток, тажно е да се каже, но каква сака дарба да имате, доволна ви
е само таа госпоѓа де Дира за да се здобиете со глас на аматер. А што се однесува
до уметниците, знаете, јас ги познавам веќе четириесет години, откако се
дружам со нив, откако ги лансирам, сфаќате ли дека се интересирам за нив, е па,
знаете, кога тие ќе речат ‘аматер’, сѐ е речено. А, всушност, тоа фатија да го
велат и за вас. Колку ли пати само бев принудена да ве бранам, да тврдам дека
вие нема да свирите во некој таков смешен салон! И знаете ли што ми одговараа:
‘Ама секако ќе биде присилен, Шарли нема дури ни да го праша, тој и не го бара
да го чуе неговото мислење.’ Некој мислел дека ќе му причини задоволство
велејќи му: ‘Многу му се восхитуваме на вашиот пријател Морел.’ Знаете ли
што одговорил тој со оној дрзок израз на лицето што го познавате: ‘Ама од каде
па тој да ми е пријател? Ние не сме иста класа, подобро кажете дека е тој моја
творба, мој штитеник.’“ Во тој миг под испакнатото чело на музичката божица
се брануваше единственото нешто што некои луѓе не умеат да го задржат за
себе, еден збор што е не само простачки, туку е и неразборито да се повторува.
Но, потребата тој да се повторува е посилна од честа, посилна од разборитоста.
По неколку левтерни, грчовити движења на тркалезното, тажно чело

109
Газдарицата ѝ попушти на таа потреба: „На маж ми дури му повторуваа дека
рекол: ‘мојот слуга’, но не можам да тврдам дека било така“, додаде таа. Тоа е
потреба слична на онаа што го натера господин де Шарли, кратко време откако
му се беше заколнал на Морел дека никогаш никој нема да дознае од каде
потекнува, да ѝ каже на госпоѓа Вердирен: „Тој е син на еден собар“. И така,
поради слична потреба, сега, откако зборот беше изговорен, тој ќе кружи од
човек до човек, а секој ќе му го доверува на друг под услов да остане тајна, услов
што ќе биде прифатен, но не и почитуван, како што не го почитуваше ни самиот
тој. Како и во играта со ласицата, тие зборови на крајот ќе ѝ се вратат на госпоѓа
Вердирен, раскарувајќи ја со засегнатиот, кој најпосле тоа ќе го дознаеше. Таа го
знаеше ова, но не можеше да го задржи зборот што ѝ го печеше јазикот.
Впрочем, тоа „слуга“ можеше само да го повреди Морел. А таа сепак изговори
„слуга“, а тоа што додаде дека не можела да потврди оти било така беше,
благодарение на таа нијанса, за да изгледа дека е сигурна за останатото и
едновремено да се покаже како непристрасна. Таа пројавена непристрасност
толку ја трогна неа самата што фати нежно да му зборува на Морел: „Зашто,
гледајте, рече таа, јас не му замерувам, тој ве влече со себе во бездната, но тоа не
е по негова вина, зашто и самиот се тркала кон неа“, повтори доста гласно,
восхитена од верноста на сликата што ѝ се откачи побргу одошто стигна да ја
забележи, а настојувајќи да ја истакне. „Не, она што јас нему му замерувам, рече
таа со нежен тон, како жена опиена од својот успех, е немањето обѕири спрема
вас. Има работи што не се кажуваат секому. Така, пред малу се обложуваше дека
ќе ве натера да поцрвените од задоволство кога ќе ви каже оти ќе добиете крст
на Легија на честа (на шега, се разбира, зашто неговата препорака би била
доволна да ве спречи да ја добиете). Тоа уште некако може и да помине, иако јас
никогаш не сум сакала многу, продолжи таа со обѕирен и горделив изглед, кога
некој се мајтапи со своите пријатели, но, знаете, има дреболии што ни задаваат
болка. Така, да речеме, кога ни раскажуваше, превиткувајќи се од смеа, дека тој
крст го посакувате поради стрико ви и дека стрико ви бил лакеј. - Тоа ви го
кажал!“, извикна Морел, верувајќи, според тие вешто прераскажани зборови,
дека е вистина сето она што го зборуваше госпоѓа Вердирен. Госпоѓа Вердирен
ја преплави радост како кога некоја стара љубовница ќе успее да му ја расипе
свадбата на својот млад љубовник во моментот кога овој сакал да ја остави. А
нејзе лагата можеби не ѝ беше ни пресметана, можеби и не лажеше свесно.
Некој вид сентиментална логика, а можеби, уште поелементарно, некој вид
нервен рефлекс, што ја тераше - за да си го развесели животот и да си ја зачува
среќата - да „ја замати водата“ во малиот клан, нагонски ѝ ги извлекуваше од
устата, без таа да има време да им ја провери вистинитоста, тие ѓаволски

110
корисни, иако не и сосема точни тврдења. „Не ќе беше ништо да ни го речеше
тоа само нам, продолжи Газдарицата, ние знаеме дека треба да се фрли
половината од она што тој го зборува, а сетне нема глупави занимања, вие си
имате своја вредност, а колку што вредите, тоа и сте; но, да оди и да ја засмејува
госпоѓа де Портфен (госпоѓа Вердирен намерно ја наведе зашто знаеше дека
Морел ја сака госпоѓа де Портфен), тоа веќе не растажува. Кога го чу тоа, маж
ми ми рече: „Повеќе ќе сакав некој да ми врзе шлаканица“. Зашто, знаете,
Гистав ве сака исто како и јас (така дознавме дека господин Вердирен се викал
Гистав). Во суштината, тој е чувствителен човек. - Ама јас никогаш не сум ти
рекол дека го сакам, промрморе господин Вердирен правејќи се добродушен
немтур. Него го сака Шарли. - Ох! не, сега ја гледам разликата, тој бедник ме
издаде, а вие, вие сте добри луѓе, извикна искрено Морел. - Не, не, промрморе
госпоѓа Вердирен за да си ја зачува победата (зашто чувствуваше дека средите ѝ
се снасени) не злоупотребувајќи ја премногу, бедник е и премногу тежок збор;
тој прави зла, многу зла, но несвесно; знаете, таа приказна за Легијата на честа и
не траеше многу долго. А би ми било непријатно да ви повторувам што сѐ
зборуваше за вашето семејство, рече госпоѓа Вердирен, која ќе беше во голема
незгода да мораше тоа да го стори. - Ох! Сеедно што траело само еден миг, тоа е
доказ дека е предавник“, извикна Морел.
Ние токму во тој момент влеговме во салонот. „Ах! извикна господин де
Шарли, гледајќи дека Морел е тука, па, одејќи кон музичарот со восхит на луѓе
што умешно си ја организирале вечерта имајќи предвид состанок со некаква
жена, и, наполно опиени, и не се сомневаат дека самите си наместиле стапица во
која ќе ги фатат и пред сите ќе ги испердашат луѓето што тука ги поставил
мажот: „Еве, најпосле, иако не е премногу рано, задоволен ли сте, млад славен
човеку, а наскоро и млад витезу на Легијата на честа? Зашто наскоро ќе можете
да си го покажувате вашиот крст“, му рече господин де Шарли на Морел нежно
и триумфално, но соопштувајќи ги лагите на госпоѓа Вердирен со истите тие
зборови за одликувањето, што на Морел му се видоа неоспорна вистина.
„Оставете ме, ви забранувам да ми се приближите, му свика Морел на баронот.
Ова секако не ви е прв обид, јас не сум првиот што се обидувате да го
изопачите!“ Единствената утеха ми беше помислата дека ќе видам како
господин де Шарли ги претвори во прав Морел и Вердиренови. И за работи што
беа илјада пати помали од оваа ги бев искусил неговите лудачки бесови, никој
не беше сигурен од него, ни некој крал не ќе можеше да го уплаши. Се случи,
меѓутоа, нешто необично. Го видовме господин де Шарли нем, вџасен, како си
ја одмерува несреќата не сфаќајќи ѝ ја причината, не наоѓајќи збор, кревајќи си
ги очите едноподруго кон сите присутни со прашален, преколнувачки поглед,

111
кој како помалу да ги прашуваше што се случило тоа, а повеќе што да одговори.
Можеби она поради кое занеме (гледајќи дека господин и госпоѓа Вердирен го
одвраќаат погледот и дека никој нема да му помогне) беше сегашната болка, а
особено ужасот од идните болки; или пак затоа што во мечтите однапред не си ја
беше наполнил главата и смисли како да се налути, затоа што при рака немаше
подготвен бес (зашто онака чувствителен, нервозен, хистеричен, тој беше
навистина нагонски човек, но лажен јунак, па дури, како што отсекогаш верував
и поради што ми беше доста симпатичен, лажно лош, па немаше нормални
реакции на човек кој држи до повредената чест), го фатија и одненадеж го
удрија во моментот кога беше невооружен; или пак затоа што во средина што не
беше негова, се стеснуваше и не се чувствуваше храбар како во предградието
Сен-Жермен. Како и да е, во тој салон што го презираше, тој голем властелин
(кому надмоќта над плебејците веќе не му беше суштествено својствена како ни
на неговите уплашени претци пред судот на Револуцијата), кому му се беа
одзеле и рацете и нозете и јазикот, умееше само на сите страни да фрла
уплашени погледи на негодување поради насилството што се вршеше врз него,
погледи што беа исто толку преколнувачки колку и прашални. Господин де
Шарли, меѓутоа, и кога ќе го обземеше бес, што во него од поодамна киптеше
против некого, ги поседуваше сите способности не само за речовитост, туку и за
храброст, па ќе го фрлеше во очај со најкрволочни зборови пред вџасените луѓе
од високото општество, кои никогаш и не помислиле дека човек би можел да
оди дотаму. Во таквите случаи господин де Шарли ќе се распалеше, ќе се
расклоцаше како во вистински нервни напади, пред кој сите се тресеа. Но, во
таквите случаи тој ја имаше иницијативата, тој напаѓаше, тој зборуваше што
сакаше (како што Блок умееше да се шегува со Евреите, а црвенееше кога некој
ќе им го спомнеше името пред него). Оние што тој ги мразеше, ги мразеше
зашто веруваше дека тие го презираат. Да беа добри спрема него, тој, наместо да
се опива со бес против нив, ќе ги гушкаше. Во олку сурово непредвидена
околност, тој голем дрдорко умееше само да пропелтечи: „Што значи ова? што
му е нему?“ Безмалу не се слушаше. А и вечната пантомима на паничниот страв
толку малу се имаше изменето што тој стар господин, кој доживуваше
непријатна авантура во еден париски салон, и не знаејќи повторуваше неколку
вообичаени ставови во кои грчката скулптура од најстарите времиња го
стилизираше уплавот на нимфите што ги бркаше богот Пан.
Амбасадорот што паднал во немилост, пензионираниот шеф на некаква
установа, монденот што луѓето ладно го примаат, отфрлениот љубовник,
еднипати со месеци го испитуваат настанот што им ги урнисал надежите; го
вртат и го превртуваат како проектил за кој не се знае ниту од каде е истрелан

112
ниту пак кој го истрелал, безмалу како да е аеролит. Тие многу би сакале да ги
запознаат составните делови на тоа оружје што се струполиле врз нив, да
дознаат кои зли духови би можеле да се препознаат во него. Хемичарите барем
располагаат со анализа; болните што страдаат од болка на која не ѝ го знаат
потеклото можат да повикаат лекар. А злосторничките случаи повеќе или
помалу ги размрсува истражниот судија. Но, ретко ќе им ги откриеме побудите
на чудните дејности на нашите ближни. Така и на господин де Шарли, ако ги
прескокнеме деновите што ќе следат по ова соаре, а на кои одново ќе се
навратиме, во поведението на Морел му беше јасна само една работа. Веројатно
дека Морел, кој често му се закануваше на баронот дека ќе раскаже каква страст
буди тој во него, за да го стори тоа го искористил уверувањето оти доволно „се
пробил“ за да може да лета на сопствените крилја. И сето тоа, од чиста
неблагодарност, секако ѝ го раскажал на госпоѓа Вердирен. Но, како оваа
дозволила да ја измамат (зашто баронот, решен да одрекува, веќе се беше
убедил себеси дека чувствата за кои му префрлаат се измислени)? Можеби
теренот го подготвиле некои пријатели на госпоѓа Вердирен, што и самите
одгледуваа таква страст спрема Морел. Затоа, следните денови господин де
Шарли им напиша страшни писма на повеќемина наполно невини „верници“,
кои помислија дека е луд; потоа отиде кај госпоѓа Вердирен за да ѝ раскаже една
долга трогателна приказна, што инаку воопшто не го постигна саканото дејство.
Зашто, од една страна, госпоѓа Вердирен му повторуваше на баронот: „Не треба
веќе да се занимавате со него, не обрнувајте му внимание, тој е дете“. А баронот
копнееше само по помирување. Од друга страна, за да ја натера оваа, лишувајќи
го Морел од сето она за што овој веруваше дека му е сугурно, тој бараше од
госпоѓа Вердирен да не го прима веќе, на што таа се спротистави, па за возврат
почна да добива гневни и саркастични писма од господин де Шарли.
Одејќи од една претпоставка до друга, господин де Шарли никогаш не ја
направи вистинската, а, имено, дека ударот воопшто не тргна од Морел.
Вистина е дека ова можеше да го дознае да замолеше за неколкуминутен
разговор. Но сметаше дека ова е спротивно на неговото достоинство и на
интересите на неговата љубов. Тој беше навреден и очекуваше објасненија.
Речиси секогаш, меѓутоа, на идејата за разговор што би можел да го разјасни
недоразбирањето се надоврзуваше една друга идеја која, од каква и да е
причина, нѐ спречува да се согласиме на таков разговор. Оној што се понижил и
во дваесет наврати си ја покажал слабоста ќе си ја покаже гордоста на дваесет и
првиот пат, единствениот пат кога би било корисно да не истрајува со напернато
поведение и да ја разбие заблудата што, инаку, бидејќи никој не ја побива, ќе
пушти корен кај противникот. Што се однесува до монденската страна на

113
случајот, се рашири глас дека на господин де Шарли му ја покажале вратата кај
Вердиренови во моментот кога сакал да силува еден млад музичар. Поради тој
глас луѓето не се чудеа што гледаат дека господин де Шарли веќе не се појавува
кај Вердиренови, а кога некаде случајно ќе сретнеше некој од верниците што ги
сомничеше и навредуваше, со оглед на тоа што овој му се лутеше на баронот, кој
дури и не го поздравуваше, луѓето не се чудеа, уверени дека веќе никој од
малиот клан не сака да го поздравува баронот.
И додека господин де Шарли, столчен од зборовите кои штотуку ги изговори
Морел и од поведението на Газдарицата, се однесуваше како нимфа обземена од
паничен страв, господин и госпоѓа Вердирен се беа повлекле во првиот салон, во
знак на прекин на дипломатските односи, оставајќи го сам господин де Шарли,
додека Морел си ја завиткуваше виолината на подиумот. „Ќе ни раскажеш како
се одвиваа работите, му рече алчно госпоѓа Вердирен на својот маж. - Не знам
што сте му рекле, изгледаше мошне возбуден, рече Ски, имаше солзи во очите“.
Правејќи се дека не разбрала: „Мислам дека беше сосема рамнодушен спрема
она што му го реков“, рече госпоѓа Вердирен со една од оние итроштини што,
инаку, не можат секого да го измамат, па, за да го натера скулпторот да повтори
дека Морел плачел, солзи поради кои Газдарицата беше опиена од немерлива
гордост за да дозволи некој верник, кој можеби лошо чул, да не дознае за нив.
„Ама не, напротив, видов крупни солзи што му сјаеја во очите“, рече скулпторот
тивко и усмевнато, небаре злонамерно се доверува, постојано гледајќи на страна
за да се увери дека Морел е сѐ уште на подиумот и дека не ќе може да го чуе
разговорот. Но, имаше една личност што го чу, а чиешто присуство, штом ја
забележаа, ќе му врати на Морел една од загубените надежи. Беше тоа
неаполската кралица која, откако си го заборави ладалото, сметаше дека е
пољубезно, напуштај ќи го соарето каде што беше отишла, да се врати и самата
да си ја побара. Беше влегла сосема тивко, небаре збунета, готвејќи се да се
извини и да направи краткотрајна посета сега, кога немаше никого. Но, пламено
занесени со инцидентот, никој и не ја беше чул, а таа веднаш сфати што се
случило и тоа ја исполни со огорчување. „Ски вели дека имал солзи во очите, го
забележа ли ти тоа? Јас не видов солзи. Ах! да, сепак, се сеќавам. Што се
однесува до Шарли, тој не е премногу среќен, би требало да седне, му се тресат
нозете, ќе се сруши“, рече таа клештејќи се безмилосно. Во тој момент Морел
потрча кон неа: „Нели е дамава неаполската кралица? праша Морел (иако
знаеше дека е таа) покажувајќи на кралицата што се упати кон Шарли. По она
што се случи, ева! веќе не можам да барам од баронот да ме претстави. - Чекајте,
јас тоа ќе го сторам“, рече госпоѓа Вердирен, па, следена од неколку верници, но
не и од мене и од Бришо, што побрзавме да си ги побараме пљачките и да

114
излеземе, таа тргна кон кралицата која разговараше со господин де Шарли. Овој
мислеше дека остварувањето на неговата голема желба, Морел да ѝ биде
претставен на неаполската кралица, можеше да го спречи само малу веројатната
смрт на кралицата. Само, ние си ја претставуваме иднината како одраз на
сегашноста проицирана во празен простор, додека таа е често мошне близок
резултат од причини што во најголем дел ни се скриени. Нема еден час од тоа, а
господин де Шарли ќе дадеше сѐ само Морел да не ѝ биде претставен на
кралицата. Госпоѓа Вердирен направи реверанс пред кралицата. Гледајќи дека
оваа како да не ја препознава: „Јас сум госпоѓа Вердирен. Вашето Величество не
ме препознава. - Мошне добро“, рече кралицата продолжувајќи да разговара со
господин де Шарли толку природно и со толку совршено отсутен израз што
госпоѓа Вердирен се посомнева дека нејзе ѝ е упатено тоа „мошне добро“,
изговорено со чудесно расеана интонација, што тоа, и среде неговата љубовна
болка, на господин де Шарли му измами насмевка на благодарност на стручњак
и слаткољубец по безобразие. Морел, гледајќи ги оддалеку подготовките за
претставувањето, се беше приближил. Кралицата му ја пружи раката на
господин де Шарли. Таа му се лутеше и нему, но само затоа што не им се
спротиставил поенергично на ниските навреди. Наместо него беше црвена од
срам што Вердиренови се осмелуваат така да се однесуваат со него. Симпатијата
полна со едноставност што им ја укажа пред некој саат и дрската горделивост со
која се исправи пред нив извираа од истото место во нејзиното срце. Кралицата
беше жена полна со добрина, но таа добрината ја сфаќаше пред сѐ во вид на
непоколеблива приврзаност спрема луѓето што таа ги сакаше, спрема своите,
спрема сите принцови од нејзиното семејство, меѓу кои беше и господин де
Шарли, потем спрема сите луѓе од редот на буржоазијата или на најскромните
народни слоеви кои умееја да ги почитуваат оние што таа ги сакаше и да
одгледуваат убави чувства за нив. Таа пројави симпатии спрема госпоѓа
Вердирен токму како спрема жена обдарена со тие убави својства. А тоа е
несомнено тесно, по малу ториевско и сѐ позастарено сфаќање на добрината. Но
ова не значи дека добрината кај неа не беше толку искрена и пламена.
Античките луѓе не ја сакале помалу силно човечката заедница на која ѝ биле
приврзани само затоа што таа не ги преминувала границите на градот, а ни
денешниве луѓе не ја сакаат татковината помалу од оние што ќе ги сакаат
Соединетите држави на целиот свет. Сосема блиску до себе го имав примерот на
мајка ми што госпоѓа де Камбремер и госпоѓа де Германт никогаш не можеа да
ја наговорат да се вклучи во ниедно филантропско „дело“, во ниедна патриотска
седенка, да биде кога и да е добротворна продавачка или покровителка. Далеку
сум од тоа да кажам дека имаше право да делува само кога на тоа првин ќе ја

115
натераше нејзиното срце и да си ги ограничи ризниците на љубов и дарежливост
врз своето семејство, врз својата послуга, врз оние несреќни луѓе што случајот
ќе ѝ ги исправеше на патот, но знам дека тие ризници, како и тие на баба ми, беа
неисцрпни и далеку го надминуваше сето она што можеа да го сторат и што кога
и да е го сторија госпоѓите де Германт или де Камбремер. Случајот на
неаполската кралица беше сосема поинаков, но, најпосле, треба да се признае
дека таа симпатичните суштества воопшто не си ги замислуваше како во
романите на Достоевски, што Албертина ги беше зела од мојата библиотека,
присвојувајќи си ги, што ќе рече со црти на паразити, подлизурковци, крадци,
пијаници, де понизни де дрски, развратници, по потреба и убијци. Впрочем,
крајностите се допираат, зашто благородниот човек, блискиот навреден
роднина што кралицата сакаше да го одбрани беше господин де Шарли, што ќе
рече, некој чијашто доблест, и покрај високиот род и сите роднински врски што
ги имаше со кралицата, беше опкружена со многу пороци. „Не изгледате добро,
драг роднино, му рече таа на господин де Шарли. Потпрете се на мојата рака.
Бидете сигурни дека таа секогаш ќе ве поддржува. Доволно е цврста за тоа“.
Потоа, горделиво кревајќи ги очите пред себе (пред кои, како што ми раскажа
Ски, тогаш се наоѓаа госпоѓа Вердирен и Морел): „Знаете дека таа на времето,
во Гаета, умееше да го заплаши џганот. Таа ќе ви послужи како бедем“. Ете така,
водејќи го под рака баронот, без да дозволи да ѝ го претстават Морел, излезе
славната сестра на царицата Елизабета.
Можеше да се помисли дека по тоа соаре господин де Шарли, со својот
ужасен карактер, со кој ги прогонуваше и тероризираше дури и своите роднини,
ќе се помами и ќе фати да им се одмаздува на Вердиренови. Не стори ништо
слично, а главната причина за тоа беше што баронот, откако неколку дена потоа
настина и си навлече една од оние заразни пневмонии што тогаш беа мошне
чести, се сметаше себеси, а и неговите лекари го сметаа на еден чекор од смртта,
за сетне да остане да се рее со месеци помеѓу неа и животот. Дојде ли просто до
некаква телесна метастаза и до замена на неврозата со некоја поинаква бољка
која дотогаш го гонеше да се заборави во вистински оргии на бес? Зашто е и
премногу едноставно да се поверува дека на Вердиренови, кои никогаш и не ги
сфаќаше сериозно од општествена гледна точка, не можел да им се лути како на
луѓе што не му се рамни, и премногу едноставно е исто така да се потсетува дека
нервозните луѓе, бесни поради што и да е на своите измислени и безопасни
непријатели, стануваат, напротив, безопасни штом некој ќе преземе напад
против нив и дека подобро се смируваат ако им се фрли студена вода в лице
одошто настојувајќи да им се докаже бесмисленоста на нивните поплаки. Но,
веројатно е дека во некакваси метастаза не треба да се бара објаснување на тоа

116
отсуство на лутина; туку повеќе во самата болест. Таа баронот толку го
истоштуваше што му остануваше малу слободно време да мисли на
Вердиренови. Беше безмалу на умирање. Го споменавме нападот; дури и
нападите што ќе имаат само посмртно дејство бараат, ако сакаме прописно да ги
„изведеме“, жртвување на дел од своите сили. На господин де Шарли му
остануваше и премалу сила за подготовки. Често зборуваме за смртни
непријатели што одново си ги отвораат очите за да се видат еден со друг на
смртната постела, а потоа, среќни, одново ги склопуваат. Ваков случај секако е
редок, освен кога смртта ќе нѐ изненади во полна сила. Напротив, во моментот
кога веќе нема што да загубиме, не се впуштаме во ризици на кои, во полна сила,
лесно би се изложиле. Одмаздољубието е дел од животот; тоа најчесто - и покрај
некои исклучоци, кои, како што ќе видиме, и во рамките на еден ист карактер се
човечки противречности, нѐ напушта на прагот од смртта. Откако за миг ќе
помислеше на Вердиренови, господин де Шарли ќе се почувствуваше и
премногу уморен, ќе се свртеше кон ѕидот и веќе не мислеше на ништо. Тоа не
значи дека си ја загуби речовитоста, но таа од него бараше помалу напори. Таа
сѐ уште течеше од изворот, но се измени. Раскрстувајќи со силовитоста, што
толку често ја красеше, тоа веќе беше само некаква божем-мистична речовитост
што ја разубавуваа зборови на кроткост, параболи од Евангелието, привидна
помиреност со смртта. Зборуваше особено во деновите кога мислеше дека е
спасен. Враќањето на болеста го замолчуваше. Таа христијанска кроткост, во
која му се беше преобразила величествената жестина (како во Естира толку
различниот дух на Андромаха), ги восхитуваше луѓето што го опкружуваа. Таа
ќе ги восхитеше и самите Вердиренови, кои немаше да можат да се воздржат да
обожаваат човек што го омрзнаа поради неговите мани. Верно, ќе се јавеа и
мисли што само навидум беа христијански. Му се молеше на архангелот Гаврил
да дојде и, како на пророкот, да му најави за колку време ќе дојде Месијата. Па,
прекинувајќи ја молитвата, со кротка болна насмевка ќе додадеше: „Само, не би
требало архангелот да бара од мене како од Даниел да се стрпам ‘седум седмици
и шеесет и две седмици1*, зашто јас дотогаш ќе умрам“. Оној што тој вака го
чекаше беше Морел. Затоа и му се молеше на архангелот Рафаил да му го доведе
како младиот Товија. Па, мешајќи ги молитвите со почовечки средства (како
болните папи кои, и покрај барањето за нив да се читаат миси, не пропуштаат ни
да побараат да им го викнат лекарот), им навестуваше на своите посетители дека
ако Бришо му го доведе бргу неговиот млад Тобија, можеби архангелот Рафаил

17* Стариот завет, Книга на пророкот Даниил, 9, 25 (заб. на преведувачот).

117
ќе се согласи да му го врати видот, како на таткото на Товија, или во
исцелителската бања Витезда.2** Но, и покрај тие човечки обрти, духовната
чистота на зборовите на господин де Шарли поради нив не стана помалу
занесна. Суетата, озборувањето, лудилото на злоба и горделивост, сето тоа го
снема. Господин де Шарли духовно се беше кренал далеку над рамништето на
кое некогаш живееше. Но тој духовен напредок, по однос на кој, инаку, неговата
говорничка умешност беше кадра по малу и да ги измами неговите разнежени
слушатели, тој напредок исчезна со болеста, што и работеше за него. Господин
де Шарли одново ќе слезе по својата прудолнина со брзина која, како што ќе
видиме, растеше сѐ повеќе и повеќе. Но, постапката на Вердиренови кон него
веќе беше само по малу далечен спомен, што некои поблиски средби ја
спречуваа да се распламти.
Да се вратиме наназад, на соарето кај Вердиренови, вечерта кога домаќините
останаа сами, господин Вердирен ѝ рече на жена си: „Знаеш ли зошто не дојде
Котар? Тој е кај Саниет, кому му се изјалови обидот да се крене со помош на
берзата. Дознавајќи дека веќе нема ни франк, а има безмалу еден милион
долгови, го удрила дамла. - А зошто и играл на берзата? Тоа е глупаво, тој е
најмалу погодна личност за тоа. Таму знаат да одерат и побистри од него, а нему
му беше пишано сите да го мавтосуваат.
- Па, се разбира, ние одамна знаеме дека е глупав, рече господин
Вердирен. Но, најпосле, резултатот е тука. Еве човек кого сопственикот утре ќе
го исфрли на улица и ќе се најде во крајна беда, роднините не го сакаат, а
Форшвил не е човек што ќе стори нешто за него. Затоа си помислив, иако не
сакам да сторам ништо што не би ти се допаднало, дека можеби би требало да му
даваме една мала рента за да не му падне и премногу пропаѓањето, а и да може
да се лекува дома. - Наполно сум согласна со тебе, многу е убаво од твоја страна
што си мислел и на тоа. Само, ти велиш ‘дома’; тој будала си задржал и
премногу скап стан, па тоа веќе не е можно, би требало да му се изнајми нешто
со две соби. Мислам дека сега сѐ уште држи стан за кој плаќа шест-седум илјади
франка. - Шест илјади и пет стотини. Само, тој и премногу држи до својот дом.
Најпосле, ова му е прв удар, тешко дека ќе живее повеќе од две-три години. Да
земеме дека три години ќе трошиме за него по десет илјади франка. Ми се чини
дека би можеле да го сториме тоа. Годинава, на пример, би можеле, наместо
одново да го закупуваме Ла Распелиер, да земеме нешто поскромно. Со нашите
приходи, ми се чини дека не е невозможно да се покријат тие десет илјади

18** Новиот завет, Светото Евангелие според Јована 5,2-4 (заб. на преведувачот)

118
франка во следните три години.
- Нека биде, само незгодата е дека ова ќе се дознае, па тоа ќе нѐ обврзе да
го правиме и за другите. - Можеш да ми веруваш дека мислев и на ова. Ова ќе го
правам само под изречен услов за тоа никој да не дознае. Благодарам, но немам
желба да станеме добротвори на човечкиот род. Без филантропија! Она што би
можело да се стори е да му се каже дека тоа му го оставила кнегињата
Шербатова. - Само, дали ќе поверува. Таа се советуваше со Котар околу својот
тестамент. - Во краен случај, би можеле да му се довериме на Котар, тој е
свикнат на чување професионална тајна, заработува страшно многу, па нема
никогаш да биде еден од оние за кои би морале да плаќаме. Тој можеби ќе сака
да се обврзе да каже дека токму него кнегињата го зела за посредник. На тој
начин ние никаде и не би се појавиле. Така би ги одбегнале здодевните сцени на
благодарност, јавните изливи на чувства, фразите“. Господин Вердирен додал
уште некој збор што очигледно го означувал тој вид трогателни сцени и фрази
кои сакале да ги одбегнат. Но не можеа точно да ми го кажат, зашто зборот не
бил француски, туку еден од оние изрази што се во семејна употреба за да
означат извесни работи, особено оние што претставуваат тормозење, веројатно
затоа што сакаме да укажеме на нив пред засегнатите, а да не нѐ разберат.
Општо земено, тој вид изразување е современ реликт од некаква поранешна
состојба на семејството. Во некое еврејско семејство, на пример, тоа ќе биде
некој обреден израз со извртено значење, а можеби и единствениот хебрејски
збор што ова сега веќе пофранцузено семејство го знае. Во некое семејство
мошне цврсто врзано за внатрешноста, тоа ќе биде некој израз од наречјето на
нивната провинција, иако семејството не зборува така, а веќе и не го разбира тоа
наречје. Во некое семејство дојдено од Јужна Америка, што сега зборува само
француски, тоа ќе биде некој шпански збор. А во следната генерација, зборот ќе
постои само уште како спомен од детството. Децата убаво ќе се сеќаваат дека
родителите на масата правеа алузии на слугите што ги служеа, употребувајќи го,
за тие да не ги разберат, овој или оној збор, но децата не знаат што, всушност,
значеше тој збор, ниту пак дали беше шпански, хебрејски, германски, од некое
наречје, па дури ни дали некогаш му припаѓал на некој јазик или пак е лична
именка или целосна кованица. Сомнежот може да се разјасни само ако имаме
некој стар чичко, некој сѐ уште жив стар роднина кој секако го употребувал
истиот израз. Со оглед на тоа што јас не познавав ниеден роднина на
Вердиренови, не можев точно да го возобновам зборот. Па сепак, тој секако ја
натера госпоѓа Вердирен да се насмевне, зашто употребата на тој не толку општ
јазик, поличен и потаен од вообичаениот јазик, им дава на оние што го
употребуваат меѓу себе некакво себично чувство што никогаш не оди без

119
извесно задоволство. Кога мина тој миг на радост: „А ако Котар проговори за
ова? приговори госпоѓа Вердирен. - Нема да проговори“. Тој сепак проговори,
барем мене, зашто ова го дознав од него, неколку години подоцна, на самиот
погреб на Саниет. Ми беше жал што не дознав порано. Пред сѐ, зашто тоа
поскоро ќе ме доведеше до сознанието никогаш да не им се лутиме на луѓето,
никогаш да не им судиме врз основа на некакво сеќавање за нивната пакост,
зашто ние не го знаеме сето она добро што во други моменти можела искрено да
го сака и да го оствари нивната душа. И така, се мамиме дури и само од гледна
точка на предвидувањето. Зашто, лошата страна што еднаш за секогаш сме ја
откриле, бездруго ќе се врати. Но, душата е побогата од тоа, таа има многу други
страни што исто така ќе се појават кај тој човек, кому му ја одрекуваме
добрината поради некаква лоша постапка. Само, од една полична гледна точка,
ова откритие немаше да остане без дејство врз мене. Зашто ќе си го сменев
мислењето за господин Вердирен кого сѐ повеќе и повеќе го сметав за
најзлобниот човек на светот, тоа откритие на Котар, да ми го направи порано, ќе
ги растераше сомнежите што ги имав во врска со улогата која Вердиренови
можеа да ја одиграат помеѓу Албертина и мене. А, впрочем, можеби и погрешно
ќе ги растераше, зашто ако господин Вердирен и имаше доблести, тој поради тоа
не беше помалу мајтапџија, што одеше до најсвирепо прогонување, додека
неговата љубомора на надмоќта во малиот клан одеше до таму што не се
воздржуваше ни од најгнасни лаги, од распалување најнеоправдани омрази за
меѓу верниците да ги раскине врските на кои не им беше исклучителна цел
зацврстувањето на малата дружина. Тоа беше човек кабожен за
некористољубие, за дарежливост без фаленичарство, што не значи нужно и
чувствителен човек, ниту пак симпатичен, ни обѕирен, ни вистинољубив, ниту
пак секогаш добар. Некоја делумна добрина - во која можеби преживуваше
нешто малу од она семејство кое ѝ беше пријател на сестрата од дедо ми -
веројатно постоела кај него пред јас да ја запознам преку тоа, како Америка и
Северниот пол пред Колумбо или Пири. Па сепак, во моментот на моето
октритие, природата на господин Вердирен ми покажа едно ново, ненасетувано
лице; и јас заклучив дека е тешко да се прикаже постојана слика како на нечиј
карактер така и на општествата и страстите. Зашто тој не се менува помалу од
нив, па ако сакаме клише за она што е релативно непроменливо, гледаме како
тоа на збунетиот објектив едноподруго му покажува различни лица (што значи
дека не умее да остане неподвижно, туку мрда).
Гледајќи колку е часот и плашејќи се дека Албертина се досадува,
излегувајќи од соарето на Вердиренови, го замолив Бришо ако сака да ме остави
првин мене дома. Потоа мојата кола би го одвезла него. Не знаејќи дека кај мене

120
ме чека девојка, тој ми честиташе што се враќам така право дома и што толку
рано и толку мудро ја завршувам вечерта, на која јас, токму обратно, всушност,
само ѝ го одложив вистинскиот почеток. Потоа ми зборуваше за господин де
Шарли. Овој несомнено ќе беше вџасен да го чуеше тој професор, секогаш
љубезен со него, професорот кој постојано му велеше: „Јас никогаш ништо не
прераскажувам“, како за него и за неговиот живот зборува без и најмало
премолчување. А можеби ни огорченото чудење на Бришо не ќе беше помалу
искрено да му речеше господин де Шарли: „Ме уверуваат дека вие зборувате
лоши работи за мене“. Бришо навистина беше пријателски расположен спрема
господин де Шарли, па да мораше во сеќавањето да се врати на некој разговор
чиј предмет бил овој, многу побргу ќе се сетеше на своите чувства на симпатија
спрема баронот, иако за него ги зборуваше истите работи што ги зборуваа сите
други, одошто на самите тие работи. Немаше да верува дека лаже велејќи: „Јас
што за вас зборувам толку пријателски“, зашто и навистина чувствуваше
извесно пријателство кога зборуваше за господин де Шарли. Овој за Бришо го
имаше особено омајот што универзитетскиот професор пред сѐ го бараше во
монденскиот живот, а што се состоеше во тоа да му даде реални примероци на
она за кое долго време ќе можеше да верува дека е измислица на поетите.
Бришо, кој често ја толкуваше втората Еклога на Вергилиј, без да знае дали таа
фикција има некаква основа во стварноста, разговарајќи со господин де Шарли,
на стари години чувствуваше малу од она задоволство за кое знаеше дека го
доживеале неговите учители, господата Мериме и Рено, неговиот колега,
господин Масперо, патувајќи по Шпанија, Палестина и Египет, кога во
пределите и сегашното население на Шпанија, Палестина и Египет ја
препознаваа рамката и непроменливите актери на античките сцени што тие
самите ги проучуваа во своите книги. “Да речеме, без навреда за тој витез од
висок род, ми изјави Бришо во колата што нѐ враќаше дома, дека е чудесен кога
со троа лудачки жар и упорност, за малу ќе речев простодушност на бел
шпански емигрант, го толкува својот сатански катихизис. Ве уверувам дека, ако
смеам да се изразам како монсињорот д’Илст, не се досадувам во деновите кога
ќе ми дојде во посета тој феудалец, кој, сакајќи да го одбрани Адонис од нашево
безверничко време, ги следеше инстинктите на својот сој, па, со сета
содомистичка невиност, тргна во крстоносна војна“. Го слушав Бришо, а не бев
сам со него. А така, впрочем, колку и да беше нејасно, откако излегов од дома
без престан се чувствував поврзан со девојката што во тој момент беше во
својата соба. Дури и кога кај Вердиренови разговарав де со овој де со оној,
нејасно ја чувствував покрај себе, ја имав за неа онаа матна претстава што ја
имаме за сопствените раце и нозе, па, кога ќе ми се случеше да помислам на неа,

121
беше тоа онака како што со досада си мислиме дека сме наполно ропски врзани
за своето сопствено тело. „А какво е само лаење говорот на тој апостол,
продолжи Бришо, доволно да ги пополни сите додатоци на Понеделничките
разговори3*! Претставете си дека од него дознав оти нашиот почитуван колега X
инспирацијата за расправата за етиката, спрема која секогаш одгледував
длабока почит како спрема најраскошен духовен систем на нашево време, ја
добил од некој млад разнесувач на телеграми. Мора да се признае дека мојот
угледен колега во текот на своите излагања пропушти да ни го каже името на тој
ефеб. Со тоа пројави повеќе човечка почит, или, ако повеќе сакате, помалу
благодарност одошто Фидија, кој го запишал името на атлетот што го сакал врз
прстенот на својот олимписки Зевс. Баронот не ја знаеше последнава
подробност. Нема потреба да ви кажам дека таа ја восхити неговата ортодоксија.
Можете да си претставите дека, секогаш кога со мојот колега расправам за
време на одбраната на некоја докторска теза, јас во неговата инаку мошне
суптилна дијалектика откривам посебна привлечност, каква што за Сент-Бев
претставуваа пикантните откритија во недоволно искреното дело на
Шатобријан. Од нашиот колега, чијашто мудрост е од злато, но кој имаше малу
пари, телеграфистот минал во рацете на баронот („без каква и да е задна мисла“,
треба да се чуе тонот со кој тој ова го вели). И бидејќи тој Сатана е најуслужниот
човек, на својот штитеник му нашол место во колониите, од каде што овој, како
благодарна душа, одвреме навреме му испраќа прекрасно овошје. Баронот со
него ги чести своите угледни пријатели; неодамна ананасот на младичот се
појави на масата на кејот Конти, што ја натера госпоѓа Вердирен да каже без
каква и да е злоба: „Вие, господине де Шарли, секако имате некој вујко или
некаков внук во Америка штом добивате ваков ананас!“ Признавам дека го јадев
помалу шенливо, рецитирајќи си го in petto почетокот на една ода од Хорациј на
која нѐ потсети Дидро. Сѐ на сѐ, како и мојот колега Боасие, лидајќи од Палатин
до Тибур, јас од разговорот со баронот добивам необично пожива и посочна
претстава за писателите на Августовиот век. За оние од времето на
декаденцијата и да не зборуваме и да не се враќаме назад до Грците, иако еднаш
му реков на тој златен господин де Шарли дека покрај него изгледам како
Платон кај Аспазија. Право зборувајќи, јас необично ги зголемив размерите на
нашите две личности, па, како што вели Ла Фонтен, примерот го зедов ‘од
помали животни’. Како и да е, вие секако не претпоставувате дека баронот беше

19*„Causeries du lundi“, статии на Сент-Бев, објавувани во парискиот печат меѓу 1851/62 (заб. на
преведувачот).

122
навреден. Никогаш не сум го видел толку простодушно среќен. Некакво
детинско пијанство како со рака му ја однесе аристократската флегма. ‘Што
ласкавци се сите тие сорбонци! извикна восхитено. Кога човек ќе помисли дека
требаше да дојдам во овие години за да ме споредат со Аспазија! Натруфено
старо аро, како мене! О, младост моја!’ Би сакал да го видевте кога го велеше
ова, по обичај страшно напудрен и, на тие години, намирисан како гиздавец.
Инаку, под генеалошката опседнатост се крие најдобриот човек на светот. Од
сите тие причини би ми било страшно жал кога вечерашниов раскин би бил
конечен. Она што мене ме изненади беше начинот на кој младичот си ги покажа
забите. Дотолку повеќе што од пред некое време спрема баронот се однесуваше
како сеид, како вазал што со ништо не го навестуваше тој бунт. Во секој случај,
се надевам дека, дури и ако (Dii omen avertant) баронот веќе никогаш не се врати
на кејот Конти, таа шизма нема да се прошири и врз мене. Ние, и едниот и
другиот, имаме голема полза од размената на моето слабо знаење за неговото
искуство. (Подоцна ќе видиме, меѓутоа, дека, иако господин де Шарли не му се
налути кој знае колку на Бришо, неговата симпатија за универзитетскиот
професор речиси сосема исчезна, овозможувајќи му за него да суди без каква и
да е попустливост.) А јас ви се колнам дека таа размена е толку нееднаква што,
кога баронот ми го пренесува она на што го научил животот, не би се согласил
со Силвестер Бонар дека сонот за животот уште најубаво се сонува во некаква
библиотека“.
Бевме втасале пред мојата порта. Слегов од колата за да му ја дадам на
кочијашот адресата на Бришо. Од тротоарот го видов прозорецот на собата од
Албертина, тој некогаш, кога таа не живееше кај нас, везден мрачен прозорец,
што електричната светлина од внатрешноста, испресечена од полните делови на
капаците, одгоре додолу го беше испресекла со паралелни златни прачки. Таа
магична чкртаница, колку и да ми беше јасна, додека во мојот спокоен дух
црташе прецизни, сосема блиски слики, кои за некој миг ќе ги поседувам, беше
невидлива за Бришо, кој, безмалу слеп, остана во колата, а што, впрочем, ќе му
беше и несфатлива, бидејќи како ни пријателите што ми доаѓаа на посета пред
вечерата, кога Албертина беше вратена од прошетката, така ни професорот не
знаеше дека една само моја девојка ме чекаше во соседната соба. Колата тргна.
За миг останав сам на тротоарот. Се разбира, јас на тие блескави пруги што ги
забележував одоздола, а кои на некој друг ќе му се видеа сосема без значење, им
придавав крајна определеност, полнота, цврстина, поради сето она значење што
го ставав зад нив, во едно сокровиште, ако сакате, сокровиште за кое другите и
не слутеа, што јас го бев сокрил таму, а од кое се ширеа тие хоризонтални зраци,
но сокровиште во замена за кое си ја отуѓив слободата, осаменоста, мислата. Да

123
не беше таму горе Албертина, а да ми беше само до задоволство, ќе го побарав
од непознати жени, обидувајќи се да им проникнам во животот, можеби во
Венеција, во краен случај во некое катче на ноќниот Париз. Но сега, кога ми
доаѓаше времето за галење, она што требаше да го сторам не беше да тргнам на
пат, па дури ни само да излезам, туку да се вратам дома. И тоа да се вратам дома
не за да бидам сам, па, откако ги напуштив оние што однадвор ми даваа храна за
мислата, барем да бидам принуден да ја побарам во себе самиот, туку напротив,
уште помалу сам одошто кога бев кај Вердиренови, зашто ќе ме дочека личноста
поради која се одреков од себе, во која најцелосно ја пренесов својата, без да
имам макар само за миг слободно време за да мислам на себе, па дури ни со мака
да мислам на неа, бидејќи таа ќе биде крај мене. И така, кревајќи ги за последен
пат однадвор очите кон прозорецот на собата во која наскоро ќе се најдам, ми се
стори небаре ја гледам светлосната решетка што ќе се затвори зад мене, а
чиишто непопустливи златни прачки самиот си ги исковав заради вечно
ропство.
Албертина никогаш не ми рече дека се сомнева оти сум љубоморен на неа,
иако бев везден загрижен за сето она што таа го прави. Спротивното како да го
докажуваа само зборовите, доста стари, верно, што ги бевме измениле во врска
со љубомората. Се сеќавав дека една убава вечер со месечина, на почетокот од
нашата врска, еден од првите пати кога ја придружував до дома, а толку многу
сакав тоа да не го правам, туку да ја оставам за да трчам по другите, ѝ бев рекол:
„Знаете, тоа што ви предлагам да ве вратам дома не е поради љубомора, ако
имате некаква работа, јас обѕирно ќе се оддалечам“, а таа ми беше одговорила:
„Ох! јас убаво знам дека не сте љубоморен и дека ви е сосема сеедно, но немам
друга работа освен да бидам со вас“. Друг пат, беше тоа во Ла Распелиер, кога
господин де Шарли, потпогледнувајќи назорум кон Морел, се расфрлаше со
галантна љубезност спрема Албертина, ѝ бев рекол: „Е па, се надевам дека ве
стисна доста блиску до себе“. Па, со оглед на тоа што полуиронично додадов:
„Ги поднесов сите можни маки на љубомората“, Албертина, користејќи јазик
својствен на вулгарната средина од која потекнуваше или уште повулгарната
средина во која се движеше: „Е да подбишега! Убаво знам дека не сте
љубоморен. Пред сѐ, тоа самите ми го кажавте, а сетне, тоа, жими сѐ, и се гледа!“
И веќе никогаш не ми рече дека го сменила мислењето; само, кај неа, во врска со
ова, сепак мора да се јавиле нови идеи, што ги криеше од мене, иако некој
случај, и против нејзината волја, можеше да ги предаде, зашто таа вечер, кога
веќе еднаш се вратив дома, откако појдов да ја побарам во нејзината соба и ја
одведов во мојата, ѝ реков (со извесно стегање што ни самиот не го разбирав,
зашто јас сепак ѝ најавив на Албертина дека ќе излезам, велејќи ѝ дека не знам

124
каде, можеби кај госпоѓа де Вилпаризи, можеби кај госпоѓа де Германт, можеби
кај госпоѓа де Камбремер, иако, верно, не ги спомнав токму Вердиренови):
„Погодете од каде доаѓам? откај Вердиренови“, одвај имав време да ги
изговорам овие зборови, а Албертина, со изменет лик, ми одговори со овие, што
како да експлодираа сами од себе со сила што таа не можеше да ја совлада:
„Така и си мислев. - Не знаев дека ќе ви биде непријатно што одам кај
Вердиренови“. (Верно, таа не ми рече дека ѝ е непријатно, но тоа беше видливо.
Верно е исто така дека ни јас не си реков дека тоа ќе ѝ биде непријатно. Па
сепак, пред експлозијата на нејзиниот бес, како и пред оние настани што поради
некој вид дополнителна видовитост ни изгледаат познати од минатото, ми се
стори дека нешто друго и не можев да очекувам.) „Да ми биде непријатно?
Мислите дека ми е гајле? Сеедно ми е. Не требаше ли да биде кај нив госпоѓица
Вентеј?“ Надвор од себе поради овие зборови: „Вие не ми рековте дека некни
сте се сретнале со госпоѓа Вердирен“, ѝ реков јас за да покажам дека сум
подобро известен одошто си мисли. „Па сум ја сретнала ли?“ праша таа
замислувајќи се над себе, небаре се обидуваше да си ги прибере сеќавањата, и
наедно над мене, небаре јас сум тој што тоа можел да ѝ го каже; а, всушност, без
сомнение, и за да го кажам она што го знаев, можеби и за да добие во време пред
да одговори на тоа тешко прашање. Но, јас многу помалу се грижев за госпоѓица
Вентеј одошто за еден страв што веќе еднаш ме беше допрел, а што сега посилно
ме обземаше. Дури и на враќање, си мислев дека госпоѓа Вердирен од чиста
суета просто напросто го измисли доаѓањето на госпоѓица Вентеј и нејзината
пријателка, така што на враќањето бев мирен. Самата Албертина, велејќи ми:
„Зарем таму не требаше да биде госпоѓица Вентеј?“ ми покажа дека не сум се
измамил во својот првобитен сомнеж; но, најпосле, за в иднина бев мирен во тој
поглед, зашто откажувајќи се од тоа да оди кај Вердиренови, Албертина ми ја
беше жртвувала госпоѓица Вентеј.
„Впрочем, ѝ реков бесно, има и многу други работи што ги криете од мене,
дури и меѓу најбеззначајните, како, на пример, вашето тридневно патување во
Балбек, ова го велам само патем“. Ги додадов зборовите: „ова го велам само
патем“ како дополнение на „дури и меѓу најбеззначајните“ така што, ако
Албертина ми речеше: „Што имаше лошо во мојот излет до Балбек? ќе можев да
ѝ одговорам: „Па и не се сеќавам веќе. Толку малу значење му придавам на она
што ми го кажуваат што тоа ми се збрка во главата!“ И навистина, ако и
проговорив за тој тридневен пат во Балбек, на кој беше пошла со шоферот, од
каде што нејзините разгледници ми стигнуваа со толкаво задоцнување, јас тоа
сосема случајно го спомнав и ми беше жал што избрав толку лош пример, зашто
навистина, одвај имајќи време за да појде и да се врати, тоа секако беше една од

125
оние нивни прошетки на кои немаше време да се вклучи некаква подолготрајна
средба со кого и да е. Но Албертина, според она што го реков, поверува дека ја
знам полната вистина, а дека само сум криел дека ја знам. И таа од пред некое
време остана во убедувањето дека, на овој или оној начин, ставајќи ја под
надзор, или, најпосле како и да е, јас, за нејзиниот сопствен живот, сум бил, како
што претходната недела ѝ беше рекла на Андреја, „подобро информиран
одошто таа самата“. Затоа ме прекина со едно мошне непотребно признание,
зашто јас навистина не се сомневав во ништо од она што таа ми го рече, а тоа,
напротив, ме сотре, толку што може да биде голема разликата помеѓу вистината
што една лажга ја преиначила и претставата која, според тие лаги, си ја создал
оној што ја сака лажливката. Само што ги изговорив зборовите „вашето
тридневно патување во Балбек, ова го велам само патем“, Албертина,
прекинувајќи ме во зборувањето, ми рече, небаре тоа беше нешто сосема
природно: „Сакате да кажете дека до тоа патување во Балбек никогаш и не
дошло? Се разбира! И јас секогаш се прашував зошто се правевте дека верувате
во тоа. А тоа, всушност, беше нешто сосема беззлобно. Шоферот имаше некаква
работа тие три дена. Не се осмелуваше да ви каже. И тогаш јас (ете, таква сум! а
сетне врз мене паѓа сета вина, сите тие гачки), за да му направам услуга, го
измислив божемното патување во Балбек. Тој едноставно ме остави во Отеј, кај
мојата пријателка од улицата Асомсион, каде што поминав три дена умирајќи од
досада. Гледате, ништо страшно, немаше никаква штета. Верно, кога вие
фативте да се смеете поради разгледниците што стигнуваа со осум дена
задоцнување, почнав да верувам дека сево ова можеби и го знаевте. Признавам
дека тоа беше смешна работа и подобро ќе беше да ги немаше тие разгледници.
Но, тоа не е моја грешка. Ги бев купила однапред, му ги бев дала на шоферот
пред да ме остави во Отеј, а сетне тој дибек ги заборавил во џебот, наместо да ги
испрати во плико на еден свој пријател близу до Балбек кој требаше оттаму да
ви ги препрати. Постојано си мислев деке ќе стигнат. Тој се сетил на нив дури по
пет дена и наместо тоа да ми го каже токмакот веднаш ги испратил во Балбек.
Кога ми кажа, го сотрев поради тоа, ајде, ви се молам! Тој будала само
непотребно ве замајувал, како награда што три дена се затворив за да може тој
да си ги среди ситните семејни работи! Во Отеј не се осмелував ни да излезам од
страв да не ме види некој. Единствениот пат кога излегов, се преправив како
машко, повеќе заради шега. А каква што ми е среќата, првиот човек на кого
налетав беше вашиот чифутски пријател Блок. Само, јас не верувам дека преку
него сте дознале дека патувањето во Балбек никогаш не постоеше освен во
мојата фантазија, зашто ми се виде дека тој не ме препозна“.
Не знаев што да речам, не сакајќи да изгледам изненаден, а сотрен од толкуте

126
лаги. Кон чувството на ужас, што не ме натера да посакам да ја избркам
Албертина, напротив, се придружи страшна желба да заплачам. Неа не ја
предизвика самата лага и сотирањето на сето она за кое толку многу верував
дека е вистина - така што се чувствував како во град срамнет со земја, во кој не
останала ниедна куќа, во кој голата почва е нерамна само од урнатините - туку
онаа меланхолија дека, за време на тие три дена поминати во досадување кај
својата пријателка од Отеј, Албертина ниту еднаш не добила желба, а можеби и
не ѝ текнало, да дојде и кришум да мине еден ден кај мене, или со телеграма да
побара од мене да појдам да ја посетам во Отеј. Но немав време да им се
препуштам на ваквите мисли. Особено не сакав да изгледам изненаден. Се
усмевнав како некој што знае повеќе одошто кажува: „Но, тоа е само едно нешто
помеѓу илјадници други. Чујте, дури вечерва кај Вердиренови дознав дека она
што ми го кажавте за госпоѓица Вентеј..“. Албертина ме погледа втренчено, со
измачен изглед, обидувајќи се да ми прочита од очите што знам. А она што го
знаев и што ќе ѝ го кажев, тоа беше што е госпоѓица Вентеј. Верно, тоа не го
дознав кај Вердиренови, туку на времето во Монжувен. Само, бидејќи за ова
никогаш, намерно, не ѝ бев зборувал на Албертина, можев да се правам дека тоа
сум го дознал дури вечерва. И безмалу се израдував - откако толку пропатив во
вовчето - што го имам тој спомен од Монжувен, кој ќе го постдатирам, но кој
поради тоа нема да биде помалу тежок доказ, нешто како удар со ластегарка за
Албертина. Барем овој пат немав потреба „да се правам дека знам“ и да ја
„наведувам“ Албертина да проговори: тоа го знаев, тоа го видов преку
осветлениот прозорец во Монжувен. Ќе беше залудно Албертина да ми кажува
дека нејзините односи со госпоѓица Вентеј и нејзината пријателка биле мошне
чисти, како ќе можеше, кога ќе ѝ се заколнев (а ќе ѝ се заколнев без да лажам)
дека ги познавам склоностите на тие две жени, како ќе можеше да тврди дека,
иако живеела со нив во секојдневна близина, нарекувајќи ги „моите постари
сестри“, од нивна страна не ѝ биле правени љубовни предлози што би ја навеле
да раскине со нив, освен ако, напротив, не ги прифатила? Но немав време да ѝ ја
кажам вистината, Албертина веруваше, како и за лажното патување во Балбек,
дека сум ја дознал, било од госпоѓица Вентеј, доколку таа била кај Вердиренови,
било просто од госпоѓа Вердирен, која можела да ѝ зборува за неа на госпоѓица
Вентеј, Албертина не ме остави да дојдам до збор и ми призна нешто, сосема
спротивно од она што го очекував, но што, покажувајќи ми дека таа никогаш не
престанала да ме лаже, ми зададе можеби исто толкава болка (особено затоа што
веќе, како што реков пред малу, не бев љубоморен на госпоѓица Вентеј).
Албертина, значи, истрчувајќи се, зборуваше вака: „Сакате да кажете дека
вечерва дознавте оти сум ве лажела тврдејќи дека мене донекаде ме одгледа

127
пријателката на госпоѓица Вентеј. Вистина е дека малу ве излажав. Но
чувствував дека толку многу ме презирате, ве гледав толку запален за музиката
на тој Вентеј што, бидејќи една од моите другарки - тоа е вистина, ви се колнам
- беше пријателка на пријателката на госпоѓица Вентеј, јас глупаво помислив
дека во вашите очи ќе станам интересна измислувајќи дека многу убаво сум ги
познавала тие девојки. Чувствував дека ви додевам, дека ме сметате за гуска; си
помислив дека, велејќи ви дека сум се дружела со тие луѓе, дека секако би
можела да ви дам подробности за делата на Вентеј, во вашите очи ќе се здобијам
со ронка углед, дека тоа ќе нѐ зближи. Кога ве лажам, тоа секогаш го правам од
пријателство спрема вас. И беше потребно тоа судбоносно соаре кај Вердире
нови за да ја дознаете вистината, што можеби и ја надуваа, впрочем. Се
обложувам дека пријателката на госпоѓица Вентеј ви рекла оти не ме познава.
Таа ме има видено барем два пати кај мојата другарка. Само, се разбира, јас не
сум доволно отмена за тие луѓе што станаа толку славни. Тие повеќе сакаат да
кажат дека никогаш не ме виделе“. Кутрата Албертина, кога веруваше дека со
тоа што ќе ми рече оти била мошне блиска со пријателката на госпоѓица Вентеј
ќе си го забави „напуштањето“, ќе ми се приближи, таа, како што толку често се
случува, таа до вистината досегна по пат поинаков од оној по кој сакаше да
тргне. Да се покаже поупатена во музиката одошто си мислев никако немаше да
ме спречи да раскинам со неа таа вечер, во вовчето; па сепак, токму таа фраза,
изречена за таа цел, веднаш доведе до нешто повеќе одошто беше неможноста за
раскин. Само, таа направи грешка во толкувањето, не во врска со дејството што
ќе го има таа фраза, туку во врска со причината поради која таа мораше да го
произведе тоа дејство, причина што беше не сознанието за нејзината музичка
култура, туку за нејзините лоши врски. Она што наеднаш ме приближи кон неа,
па дури и нешто повеќе, ме сплоти со неа, не беше очекувањето задоволство - и
премногу е да се рече задоволство, повеќе би се рекло мала пријатност - беше
прегработ на некаква болка.
Ни овој пат немав време за предолго молчење, поради кое можеше да
претпостави дека сум изненаден. Затоа, трогнат што беше толку скромна, па
веруваше дека ја презираат во средината на Вердиренови, нежно ѝ реков: „Ама,
мила моја, си мислам, со задоволство би ви дал неколку стотини франка за да
појдете каде што сакате, да си играте отмена дама и да ги поканите на некаква
убава вечера господин и госпоѓа Вердирен“. Ева! Во Албертина имаше повеќе
личности. Најтаинствената, наједноставната, најстрашната се покажа во
одговорот што ми го даде со израз на гнасење, а во кој, право да си кажам,
зборовите и не ги разбрав убаво (дури ни зборовите на почетокот, бидејќи таа не
заврши). Ги составив дури малу подоцна, кога ѝ ја сфатив мислата. Отпосле

128
слушаме кога сме сфатиле. „Многу ви благодарам! да си ги трошам парите на
тие старци, многу повеќе сакам еднаш да ме пуштите на слобода, да појдам да си
го сменам..“. Само што го рече ова, лицето ѝ се вцрви, доби натажен изглед, си ја
стави раката пред устата небаре можеше да ги натера зборовите што ги изговори
да се вратат, а што јас воопшто не ги слушнав. „Што велите, Албертина? - Не,
ништо, веќе бев полузаспана. - Ама никако, вие сте наполно будна. - Мислев на
вечерата со Вердиренови, тоа е мошне убаво од ваша страна. - Ама не, јас
зборувам за она што го рековте“. Ми даде илјада верзии, што воопшто не се
согласуваа, не велам дури ни со нејзините зборови, кои, онака прекинати, ми
останаа нејасни, туку ни со тој прекин и со ненадејното црвенило што ги
проследи. „Чујте, мило мое, тоа не е она што сакавте да го речете, инаку зошто
би застанале? - Зашто моето барање ми се виде без усет. - Кое барање? - Да
приредам вечера. - Ама не, не е тоа, нема ништо неусетно тоа да го правиме во
четири очи. - Ама не, напротив, не треба да ги злоупотребуваме луѓето што ги
сакаме. Во секој случај, ви се колнам дека се работеше за тоа“. Од една страна,
никогаш не можев да се сомневам во нејзините колнења; од друга страна,
нејзините објасненија не ми го задоволуваа разумот. Не престанав да
настојувам. „Соберете барем храброст да си ја завршите реченицата, во неа
застанавте кај сменам... - Ох! не, оставете ме! - Ама зошто? - Зашто тоа е
страшно вулгарно, и премногу ми беше срам тоа да го кажам пред вас. Не знам
на што мислев, тие зборови, на кои не им ја знам дури ни смислата, а што ги чув
еден ден на улица, изговорени од некои мошне непристојни луѓе, без врска ми
дојдоа на врв јазик. Тоа нема врска ни со мене, ниту со некој друг, просто
сонував гласно“. Почувствував дека од Албертина нема веќе ништо да
извлечам. Ме излажа кога пред малу се заколна дека запрела поради некаков
монденски страв од безобѕирност, што сега се претвори во срам да изговори
пред мене еден и премногу вулгарен збор. А ова беше втора лага. Зашто кога
бевме заедно со Албертина немаше толку расипани, толку простачки зборови,
што не ги изговаравме севезден галејќи се. Во секој случај, беше залудно да се
настојува во тој миг. Но, во паметењето без престан ми се вртеше зборот
„сменам“. Албертина често велеше „да му го сменам личниот опис, да му ја
сменам плочата“ или сосема кратко „ах! што сѐ не му изнакажав!“ за да рече
„ама сум го испцула!“ Но сето тоа често го велеше пред мене, па ако тоа беше
она што сакаше да го каже, зошто ненадејно замолча, зошто толку силно
поцрвене, си ги стави рацете врз устата, сосема поинаку си ја преформулира
реченицата, а кога виде дека убаво сум го чул тоа „сменам“, даде лажно
објаснение? Но, од моментот кога се откажав да продолжам со испитувањето во
кое немаше да добијам одговор, најдобро беше да се правам дека веќе и не

129
мислам на тоа, па, враќајќи се во мислите на префрлувањата што ми ги упати
Албертина затоа што сум бил кај Газдарицата, ѝ реков сосема лево, што беше
некој вид глупаво извинување: „Јас токму сакав да ве замолам да дојдете
вечерва на соарето кај Вердиренови“ - реченица што беше двојно несмасна,
зашто ако тоа го сакав, бидејќи бев постојано со неа, зошто тоа не ѝ го
предложив? Бесна поради мојата лага и охрабрена од мојата бојазливост: „Да ме
молевте илјада години, ми рече таа, немаше да се согласам. Тоа се луѓе што беа
везден против мене, тие сторија сѐ за да не нервираат. Нема љубезност што не ѝ
ја искажав на госпоѓа Вердирен во Балбек, а за тоа бев убаво наградена. Да ме
повика и на својата смртна постела, нема да појдам. Има нешта што не се
проштаваат. Што се однесува до вас, ова е првата нечесна работа што ми ја
правите. Кога Франсоаз ми рече дека сте излегле (беше кој знае колку задоволна
што може ова да ми го каже), повеќе ќе сакав некој да ми ја расцепи главата. Се
потрудив ништо да не се забележи, но никогаш во животот не сум
почувствувала такво понижување“.
Но, додека таа ми зборуваше, во мене, во некаков мошне жив, творечки сон
на несвесното (сон во кој конечно ни се врежуваат нештата што инаку само
левтерно нѐ допреле, во кој заспаните раце ќе го зграпчат дотогаш залудно
бараниот клуч што отвора), продолжуваше потрагата по она што таа сакаше да
го каже со прекинатата реченица, чијшто крај сакав да го дознам. И туку
наеднаш два грозни збора, на кои воопшто и не помислив, се струполија врз
мене: „сменам масло“. Не можам да кажам дека ми дојдоа наеднаш, како кога, во
некаква долга, пасивна потчинетост на некакво нецелосно сеќавање, полека,
претпазливо настојувајќи да го прошириме, остануваме свиткани, залепени за
него. Не, спротивно на мојот вообичаен начин на сеќавање, овој пат имаше, ми
се чини, два паралелни пата на истражување: едниот водеше сметка не само за
реченицата на Албертина, туку и за нејзиниот огорчен поглед кога предложив да
ѝ дадам пари за да приреди убава вечера, поглед кој како да велеше:
„Благодарам, да трошам пари на нешта што ми се здодевни, кога и без нив би
можела да ги правам оние што ме забавуваат!“ И можеби токму сеќавањето на
тој нејзин поглед ме натера да го сменам методот за да го откријам крајот на она
што сакаше да го каже. Дотука бев како хипнотизиран со последниот збор
„сменам“, што сакаше да каже да смени, да смени пари? Не. Да смени фустан?
Не. Сменам, сменам, сменам. И туку наеднаш, враќањето врз нејзниот поглед,
придружен со кревање на рамениците во моментот кога предложив таа да
приреди вечера, ме наведе да се вратам и на зборовите од нејзината реченица. И
туку сфатив дека таа не рече „да си го сменам“, туку „да ми го сменат“. Ужас!
тоа беше она што таа го претпочиташе. Двоен ужас! зашто дури ни последната

130
ороспија, што се согласува со тоа, или го сака, не го користи тој ужасен израз
пред мажот што се готви за тоа. Би се чувствувала и премногу понижена. Само
со некоја жена, ако ги сака жените, го вели тоа за да се извини што малу подоцна
ќе му се подаде на некој маж. Албертина не лажеше кога ми рече дека била
полузаспана. Расеана, пргава, не мислејќи дека е со мене, таа ги поткрена
рамениците, фати да зборува како што би зборувала со некоја од тие жени,
можеби со една од моите расцутени девојки. И туку наеднаш, вратена во
стварноста, црвена од срам, потиснувајќи го во устата она што сакаше да го
каже, очајна, веќе не сакаше да изусти ни збор. Не смеев да загубам ни миг ако
сакав да не го забележи во каков очај паднав. Но, само што се тргнав од бесот, а
очите веќе ми се наполнија со солзи. Како што во Балбек, онаа ноќ по
откритието на нејзиното пријателство со Вентејови, морав за својот чемер
веднаш да измислам прифатлива причина, кадра да остави длабок впечаток врз
Албертина, а наедно ќе ми овозможи да здивнам неколку дена пред да решам
што ќе правам. Затоа, во моментот кога ми велеше дека никогаш во животот не
почувствувала такво понижување какво што сум ѝ приредил јас излегувајќи,
дека повеќе сакала да умре одошто да слуша како Франсоаз ѝ го кажува тоа, а со
оглед на тоа што, изнервиран од нејзината смешна пречувствителност, сакав да
ѝ кажам дека тоа што јас го сторив беше сосема беззначајно, дека во тоа што сум
излегол немаше ништо навредливо за неа, - а бидејќи за тоа време, наспоредно,
мојата потрага по она што сакаше да го каже по зборот „сменам“ заврши со
успех, а очајот во кој ме фрли моето откритие не беше можно наполно да се
сокрие, наместо да се бранам, фатив да се обвинувам себеси: „Мала моја
Албертино, ѝ реков со благ тон што веќе го освојуваа моите први солзи, би
можел да ви кажам дека грешите, дека она што го сторив не е ништо, но ќе
излажев; во право сте, вие ја сфативте вистината, кутро мое малечко, пред шест
месеци, пред три месеци, кога сѐ уште бев толку пријателски настроен спрема
вас, тоа никогаш немаше да го сторам. Тоа не е ништо, а сепак е голема работа
поради огромната промена до која дојде во моето срце, а чиј знак е тоа. И
бидејќи вие ја насетивте таа промена, за која се надевав дека ќе ја скријам од вас,
тоа ме тера да ви го кажам ова: гледајте, мала моја Албертино, ѝ реков со
длабока благост и тага, животот што го водите овдека ви е здодевен, подобро е
да се разделиме, а бидејќи најдобрите разделби се оние што ќе се изведат бргу,
за да ми го скратите големиот јад што ќе ме обземе, ве молам, вечерва да се
збогувате со мене и да си заминете утре изутрина, додека спијам, без да се
видиме уште еднаш“. Изгледаше вџасена, сѐ уште не верувајќи и веќе очајна:
„Како тоа утре? Вие така сакате?“ И покрај болката што ја чувствував
зборувајќи за нашата разделба како нешто што веќе му припаѓа на минатото -

131
можеби делум токму поради самата таа болка - фатив да ѝ давам на Албертина
најпрецизни совети за некои работи што ќе треба да ги сврши по заминувањето
од куќата. Па, од препорака до препорака, наскоро навлегов во мошне ситни
подробности. „Бидете љубезни, ѝ реков бескрајно тажно, да ми ја вратите
книгата од Бергот што е кај тетка ви. Тоа воопшто не е итно, за три дена, за осум
дена, кога сакате, но мислете на тоа за да не морам тоа повторно да го барам од
вас, тоа и премногу би ме болело. Бевме среќни, сега чувствуваме дека ќе
бидеме несреќни. - Не велите дека чувствуваме оти ќе бидеме несреќни, ми рече
Албертина прекинувајќи ме, немојте да велите „ние“, тоа го мислите само вие! -
Да, конечно, вие или јас, како што сакате, од една или од друга причина - само,
страшно е доцна, треба да си легнете - решивме да се разделиме вечерва. -
Простете, вие решивте, а јас ќе се повинувам зашто не сакам да ви задавам
болка. - Нека биде, јас решив, само тоа не ја прави работата помалу болна за
мене. Не велам дека долго време ќе ме боли, знаете дека не сум способен долго
да паметам, но првите денови ќе ми биде мачно без вас! Затоа и сметам дека е
непотребно сево ова повторно да го оживуваме преку писма, треба да свршиме
со еден удар. - Да, имате право, ми рече таа со потресен израз на лицето кон кој
придонесуваа и нејзините црти издолжени од заморот поради доцниот час,
повеќе сакам веднаш да ми ја исечат главата одошто да дозволам да ми сечат
прст по прст. - Боже мој, ужасно ми е и да помислам во кое време ќе си легнете
поради мене, тоа е лудило. Но, најпосле, тоа ни е последната вечер! Ќе имате
време да се изнаспиете до крајот од животот“. И така, зборувајќи ѝ дека треба да
си пожеламе добра ноќ, јас се обидував да го забавам моментот во кој таа и ќе ми
го рече тоа. „Дали би сакале, за да се разонодите првите денови, да му кажам на
Блок да ви ја испрати својата роднина Естер таму каде што ќе бидете? Тој тоа ќе
го стори за мене. - Не знам зошто го велите тоа (го велев трудејќи се да ѝ
извлечам признание на Албертина), мене ми е важен само еден човек, а тоа сте
вие“, ми рече Албертина, чиишто зборови ме исполнија со милина. Но, каква
само болка ми зададе веднаш потоа: „Мошне убаво се сеќавам дека ѝ ја дадов
својата фотографија на таа Естер бидејќи таа многу настојуваше да ја има, а
гледав дека тоа ќе ѝ причини задоволство, но што се однесува до некакво
пријателство со неа или до некаква желба да се видам со неа, никогаш!“
Албертина, меѓутоа, беше толку лекомислена што додаде: „Сеедно ми е ако сака
да ме види, таа е мошне мила, но мене воопшто не ми е важна“. Така, кога ѝ
зборував за фотографијата на Естер, што ми ја беше испратил Блок (а што дури и
не ја бев добил кога за неа зборував со Албертина), мојата пријателка беше
разбрала дека Блок ми ја покажал нејзината фотографија, што ѝ ја беше дала на
Естер. Никогаш, ни во своите најлоши претпоставки не си замислував дека

132
помеѓу Албертина и Естер можела да постои таква блискост. Кога зборував за
фотографијата, Албертина не умееше да ми одговори ништо. А сега, погрешно
верувајќи дека сум упатен во тоа, таа сметаше дека е подобро да признае. Бев
сотрен. „А сетне, Албертина, од вас барам нешто како милост, а тоа е никогаш
да не се обидете повторно да ме видите. Ако, кога и да е, што може да се случи,
по една година, по две години, по три години, се најдеме во ист град,
одбегнувајте ме“. Па, гледајќи дека не одговара потврдно на мојата молба:
„Албертина моја, не правете го тоа, немојте никогаш во овој живот повторно да
се сретнете со мене. Тоа би ми задало и премногу голема болка. Зашто знаете
дека бев навистина пријателски настроен спрема вас. Убаво знам дека, кога
некни ви раскажував дека сакам одново да се видам со пријателката за која
зборувавме во Балбек, вие верувавте оти тоа е средено. Само не, ве убедувам
дека ми е сеедно! Вие сте убедена дека јас поодамна сум решил да ве напуштам,
дека мојата нежност е комедија. - Ама не, вие сте луд, не мислев така, рече таа
тажно. - Имате право, не треба така да мислите, јас навистина ве сакав, можеби
не со љубов, туку како големо, мошне големо пријателство, поголемо одошто
можете да си замислите. - Ама како да не, ви верувам. А мислите дека јас не ве
сакам! - Многу ме боли тоа што ве напуштам. - А мене илјада пати повеќе“, ми
одговори Албертина. Од пред некој миг чувствував дека веќе не ќе можам да ги
задржам солзите што ми навираа во очите. А тие солзи воопшто не идеа од
истиот вид тага што некогаш ја чувствував кога ѝ велев на Жилберта: „Подобро
веќе да не се гледаме, животот нѐ дели“. Несомнено, кога ова ѝ го пишував на
Жилберта, си велев дека кога веќе нема да ја сакам неа, туку некоја друга, мојата
преголема љубов ќе ја смали онаа што можеби јас ќе можам да ѝ ја вдахнам на
некоја друга девојка, небаре помеѓу две суштества постои некакво судбински
предодредено количество расположива љубов, каде што одвишокот земен од
страна на едниот му се одбива на другиот, а дека јас ќе бидам осуден да се
разделам и од другата, како и од Жилберта. Но, состојбата беше сосема
поинаква од мошне многу причини, од кои првата, што, од своја страна, ги
предизвика другите, беше оној недостиг од волја, поради кој, во Комбре, баба
ми и мајка ми се плашеа за мене, пред кој и едната и другата, толку еден болен
има сила да си ја наметне слабоста, еднаподруга капитулираа, со тоа што тој
недостиг од волја се влошуваше сѐ побргу и побргу. Кога почувствував дека
моето присуство ја замара Жилберта, сѐ уште имав доволно сила да се откажам
од неа; сега, кога истото го увидов за Албертина, веќе ја немав, па си мислев
само на тоа како да ја задржам сосила. Па така, ако на Жилберта ѝ пишав дека
нема веќе да се гледам со неа, со намера и навистина да не се виѓавам веќе со
неа, тоа на Албертина ѝ го велев само како чиста лага, за да ја наведам на

133
помирување. Така, ние еден на друг си претставувавме некаков привид што
беше мошне различен од реалноста. И тоа бездруго е секогаш така кога две
суштества ќе се најдат соочени лице в лице, зашто ниеден од нив не го знае
делот од она што е во другиот, не може да го сфати дури ни она што делумно го
знае, притоа обајцата го пројавуваат она што им е најмалу лично, било затоа што
ни самите не сфаќаат што им е најлично, па го сметаат за занемарливо, било
затоа што некакви беззначајни предности, кои не зависат од нив, им изгледаат
поважни и поласкави, а, од друга страна, за некои работи, што ги немаат, а до
кои држат за да не бидат презрени, се преправаат дека не им се важни, иако тоа е
токму она што навидум повеќе од сѐ го презираат и не го трпат. Но, во љубовта
тоа недоразбирање се издига на највисок степен зашто, освен можеби кога сме
деца, се трудиме привидот зад кој се засолнуваме, наместо точно да ни ја
одразува мислата, повеќе е она што таа мисла оценува дека е најподобно за да го
постигнеме она што го сакаме, а што за мене, откако се вратив, беше да можам
да ја задржам Албертина исто онака послушна како во минатото, да не ми бара
во лутина поголема слобода, што еден ден и сакав да ѝ ја дадам, но што во тој
момент, кога се плашев од нејзините моментни желби за независност, ќе ме
направеше и премногу љубоморен. Од извесна возраст, човек, од самољубие и
остроумие, почнува да се преправа дека не држи многу до нештата што најмногу
ги сака. Но, во љубовта, простото остроумие - што, впрочем, веројатно и не е
вистинска мудрост - многу бргу нѐ присилува на тој дух на двојност. Сето она за
што како дете сонував како за најслатко во љубовта, а што ми се чинеше самата
нејзина суштина, беше, пред онаа што ја сакав, слободно да си ја излеам
нежноста, благодарноста за нејзината добрина, желбата за вечен заеднички
живот. Но, од сопственото искуство и од искуството на моите пријатели, јас и
премногу убаво се свестив дека изразувањето на таквите чувства е далеку од
заразно. Случајот на една извештачена стара жена, каква што беше господин де
Шарли, кој, од тоа што во својата фантазија никогаш не гледаше ништо друго
освен убав младич, поверува дека и самиот станал убав младич, а со своето
смешно изигрување мажественост сѐ повеќе и повеќе ја откриваше својата
женственост, тој случај потпаѓа под еден закон што важи далеку пошироко од
самите Шарлиевци, толку општ закон што ни самата љубов не го исцрпува
целосно; ние не си го гледаме сопственото тело што другите го гледаат, па си ја
„следиме“ сопствената мисла, предметот што е пред нас, невидлив за другите
(што повремено станува видлив преку делото на некој уметник, па оттаму и
толку честите разочарувања кај неговите обожаватели кога ќе им успее да му се
приближат на авторот, во чиешто лице толку несовршено се одразува
внатрешната убавина). Кога човек ова еднаш ќе го забележи, „веќе не му се

134
препушта“; попладнето се вардев да и кажам на Албертина дека сум ѝ
благодарен што не остана во Трокадеро. А вечерта, плашејќи се да не ме остави,
се преправав дека сакам да ја оставам, преправање што, инаку, како што веднаш
ќе видиме, не ми беше диктирано само од поуките за кои верував дека сум ги
извлекол од моите претходни љубови, а кои се обидував да ги ис користам во
оваа. Тој страв дека Албертина можеби ќе ми каже: „Сакам да имам извесни
часови кога ќе излегувам сама, да можам да отсуствувам дваесет и четири часа“
или, најпосле, не знам какво барање слобода кое и не се обидував да го
определам, иако ме плашеше, таа мисла ме обзеде за миг за време на соарето кај
Вердиренови. Но, таа исчезна, зашто, меѓу другото, ѝ се спротистави
сеќавањето за сето она што Албертина без прекин ми го зборуваше за својата
среќа што е со мене. Намерата да ме остави, доколку постоеше кај Албертина, се
пројавуваше само на нејасен начин, преку извесни тажни погледи, извесна
нетрпеливост, реченици што во никој случај не сакаа да го кажат тоа, но, што,
ако се подразмисли (а нема ни потреба да размислуваме зашто веднаш го
разбираме тој јазик на страста, дури и луѓето од народот ги сфаќаат тие
реченици што можат да се објаснат само со суета, пизма, љубомора, кои, иако
неискажани, кај соговорникот веднаш ги открива некаква интуитивна
способност, која, како и оној „здрав разум“, за кој зборува Декарт, е
„најраспространетата работа на светот“), може да се објасни само со тоа што во
неа е присутно некакво чувство што го сокрива, а што можеше да ја наведе да
прави планови за некој друг живот без мене. Па, како што таа намера во
речениците не доаѓаше до израз на логичен начин, така и претчувството за таа
намера, што ми се јави вечерта, остануваше во мене исто толку нејасно. И
натаму живеев според претпоставката што го земаше како вистинито сето она
што ми го велеше Албертина. Но, можно е дека мене во истото тоа време не ме
напушташе и една сосема спротивна претпоставка, за која не сакав да
размислувам; ова е дотолку поверојатно што, без тоа, воопшто немаше да ми
пречи да ѝ кажам на Албертина дека сум бил кај Вердиренови и дека, без тоа, не
ќе беше разбирливо што малу ме изненади нејзината лутина. Така, во мене
веројатно живееше претставата за некаква Албертина сосема спротивна од онаа
што за неа си ја правеше мојот разум, но и од онаа што ја отсликуваа нејзините
зборови, па сепак некаква не сосема измислена Албертина, бидејќи беше како
некакво внатрешно огледало на извесни движења до кои доаѓаше кај неа, како
што беше нејзиното лошо настроение дека сум бил кај Вердиренови. Инаку,
моите чести тегоби, мојот страв да ѝ кажам на Албертина дека ја сакам, сето тоа
одговараше на една друга претпоставка која објаснуваше многу повеќе работи, а
во прилог ѝ одеше и тоа што, ако се прифатеше првата, втората стануваше

135
поверојатна, зашто препуштајќи им се на изливите на нежност со Албертина, од
неа добивав само некаква раздразнетост (што таа, инаку, ја припишуваше на
некаква друга причина).
Мора да кажам дека она што ми се виде најопасно и што најмногу ме погоди
како симптом дека таа ми го испревари обвинението, беше тоа што ми рече:
„Зарем таму не требаше да биде госпоѓица Вентеј?“, а на тоа јас одговорив што е
можно посурово: „Вие не ми рековте дека сте ја сретнале госпоѓа Вердирен“.
Штом ќе ми се видеше дека Албертина не е добра спрема мене, наместо да ѝ
кажам дека сум тажен, станував зол. А анализирајќи го според тоа, според
непроменливиот систем на одговорите кои го отсликуваа токму спротивното од
она што го чувствував, можам да бидам сигурен дека, да ѝ речев вечерта оти ќе
ја оставам, тоа ќе беше - дури и пред да се свестам за тоа - затоа што ми беше
страв дека ќе сака некаква слобода (иако не би знаел точно да кажам каква би
била таа слобода поради која треперев, или барем дека веќе немаше да можам да
бидам сигурен оти нема да ме мами), а и затоа што сакав да ѝ покажам од
гордост, од опитност, дека не ми паѓа на памет да се плашам од тоа, како што
правев во Балбек кога сакав таа да има високо мислење за мене, и подоцна, кога
сакав таа да нема време да се досадува со мене.
Најпосле, што се однесува до приговорот кој би можел да ѝ спротистави на
таа втора - неизречена - прет поставка, дека сето она што везден ми го
зборуваше Албертина значеше, напротив, оти животот кој таа најмногу го
сакаше е животот кај мене, одморањето, читањето, осаменоста, омразата спрема
сафиската љубов, итн., би било бесполезно да се задржуваме врз него. Зашто и
да сакаше Албертина, од своја страна, да суди за она што го чувствував според
она што ѝ го зборував, ќе го дознаеше токму спротивното од вистината, бидејќи
желбата да ја оставам ја пројавував само кога не можев да живеам без неа, и
бидејќи во Балбек два пати ѝ признав дека сакам друга жена, еднаш Андреја,
друг пат некаква таинствена жена, обата пати кога поради љубомора ми се врати
љубовта спрема Албертина. Зборовите, значи, воопшто не ми ги одразуваа
чувствата. Ако читателот за ова има само доста блед впечаток, тоа е затоа што
јас, како раскажувач, му ги изнесувам своите чувства едновремено повторувајќи
му ги своите зборови. Но, да му ги криев првите и тој да ги знаеше само вториве,
моите постапки, што и немаа кој знае колкава врска со нив, мошне често ќе му
оставеа впечаток на чудни пресврти што ќе си мислеше дека сум речиси луд.
Постапка што, впрочем, и немаше да биде многу поневистинита од онаа што јас
ја прифатив, зашто претставите кои ме тераа да дејствувам, толку спротивни на
оние што ми се огледуваа во зборовите, беа во тој момент страшно нејасни:
одвај да ја познавав природата според која постапував; денес јасно ѝ ја знам

136
субјективната вистина. Што се однесува до нејзината објективна вистина, што
ќе рече дали интуициите на таа природа поточно ги насетија вистинските
намери на Албертина одошто моето расудување, дали имав право да поверувам
во таа природа и дали таа, напротив, не ги исколчи намерите на Албертина
наместо да ги согледа, тоа ми е тешко да кажам.
Првин го снема оној нејасен страв што го сетив кај Вердиренови, стравот
дека Албертина ќе ме остави. Кога се вратив дома, беше тоа со чувството дека
сум затворе ник, а никако не и дека тука повторно ќе најдам некаква
затвореничка. Но, исчезнатиот страв одново ме обзеде уште посилно, кога
видов, во моментот додека ѝ кажував на Албертина дека сум бил кај
Вердиренови, како преку лицето ѝ минува некаква загадочна сенка на
раздразнетост, што инаку врз него не се јавуваше за прв пат. Убаво знаев дека
тоа само во плотта кристализираат промислени замерки, идеи јасни за
суштеството во кое настануваат, а кое ги премолчува, синтеза што станала
видлива но не веќе и рационална, додека оној што го собира нејзиниот драгоцен
талог врз лицето од саканото суштество, за да го сфати она што се случува во
него, се обидува, од своја страна, преку анализа да го сведе на неговите
интелектуални елементи. Равенката, приближна на онаа непозната што за мене
беше мислата на Албертина, ми го даде безмалу ова: „Неговите сомнежи ми беа
познати, бев сигурна дека ќе се обиде да ги провери, а за да не му пречам, тој
сета таа работа ја свршил назорум“. Само, ако Албертина живееше со вакви
мисли, што никогаш не ми ги кажа, не требаше ли да почувствува гнасење
спрема таквиот начин на живеење, да нема веќе сила да живее така, не можеше
ли денизден да решава да прекине со таквиот живот во кој, ако, макар и само со
желба, беше виновна, се чувствуваше откриена, прогонета, спречена да им се
препушти кога било на своите склоности, без тоа да ми ја разоружа љубомората;
живот во кој, доколку беше невина во мислите и делата, од пред некое време
имаше право да се чувствува обесхрабрена гледајќи дека, од Балбек наваму,
време во кое толку упорно настојуваше никогаш да не остане насамо со Андреја,
до денес, кога се откажа да оди кај Вердиренови и да остане во Трокадеро, не
успеа одново да се здобие со мојата доверба? Дотолку повеќе што не можев да
речам дека поведението не ѝ беше совршено. Ако во Балбек, кога се зборуваше
за девојки со лоши навики, често брбнуваше да се смее, правеше по некое
непристојно телесно движење со кое ги имитираше нивните манири, што ми беа
мачни поради значењето кое, како што претпоставував, го имаа за нејзините
пријателки, откако го дозна моето мислење за тоа, штом некој ќе направеше
алузија на тој вид нешта, таа престануваше да учествува во разговорот, не само
со збор, туку и со изразот на лицето. Било за да не даде свој придонес кон

137
пакостите што се изнесуваа за оваа или онаа, или од некоја сосема друга
причина, а единствено што притоа паѓаше в очи, во нејзините толку подвижни
црти, беше дека, од моментот кога ќе се начнеше тој предмет, тие сведочеа за
својата расеаност задржувајќи го токму изразот што го имаа еден миг пред тоа.
А таа неподвижност дури и на лекомислен израз тежеше како молк. Беше
невозможно да се каже дали ги осудува, или ги одобрува, дали ги познава или не
ги познава тие работи. Сега веќе секоја нејзина црта беше во врска со некоја
друга нејзина црта. Нејзиниот нос, нејзината уста, нејзините очи образуваа
совршен услуп, издвоен од сѐ друго, изгледаше како пастел, небаре она кое
штотуку беше речено не го чула повеќе одошто да беше речено пред некој
портрет на Ла Тур.
Моето ропство, за кое бев свесен уште кога, давајќи му ја на кочијашот
адресата на Бришо, ја видов светлината од прозорецот, набргу престана да ми
тежи кога видов дека Албертина изгледа беше толку свирепо свесна за своето. А
за да не ѝ изгледа толку тешко, за да не ѝ текне самата да го раскине, ми се виде
дека е најмудро да ѝ направам впечаток дека тоа не е конечно, дека јас и самиот
би сакал тоа да се оконча. Гледајќи дека моето преправање успеа, можев да се
почувствувам среќен, пред сѐ затоа што она од кое толку се плашев,
претпоставената желба на Албертина да си замине, беше отстрането, а сетне и
затоа што, дури и надвор од целта која со него сакав да ја постигнам, успехот на
моето преправање сам по себе, докажувајќи дека јас за Албертина воопшто не
сум презрен љубовник, љубоморен човек за подбив, чиишто итроштини
однапред му се целосно проѕрени, ѝ враќаше на нашата љубов некој вид
девственост, воскреснувајќи го за неа времето кога таа во Балбек сѐ уште
можеше толку лесно да поверува дека сакам некоја друга. Во ова таа несомнено
веќе немаше да поверува, но ѝ подари верба на мојата божемна намера вечерта
да се разделиме еднаш за секогаш.
Изгледаше како да се сомнева дека причината за ова можеби беше кај
Вердиренови. Ѝ реков дека таму се сретнав со еден драмски писател, Блок,
голем пријател на Леа, кому таа му изнакажа чудни работи (со тоа сакав да ја
натерам да поверува дека јас за братучетките на Блок знам многу повеќе одошто
кажувам). Но, имајќи потреба да ја смирам возбудата во која ме фрли
преправањето дека ќе раскинам, ѝ реков: „Албертина, дали можете да ми се
заколнете дека никогаш не сте ме лажеле?“ Таа втренчено се загледа во празно,
потем ми одговори: „Да, то ест не. Згрешив што ви реков дека на Андреја многу
ѝ се допадна Блок, ние и не го видовме. - Па, зошто тогаш? - Зашто ми беше
страв да не поверувате во некои други работи за неа. - И тоа е сѐ?“ Таа гледаше
уште малу, па рече: „Згрешив што сокрив од вас едно тринеделно патување со

138
Леа. Но, тогаш толку малу ве познавав. - Тоа беше пред Балбек? - Да, пред
вториот престој“. А уште утринава ми беше рекла дека не ја познава Леа! Видов
како наеднаш во пламенот изгоре цел еден роман врз кој потрошив милиони
минути за да го напишам? Чуму сето тоа? Чуму? Се разбира, убаво сфаќав дека
Албертина ми ги откри тие два факта зашто мислеше дека посредно сум ги
дознал од Леа, па немаше никаква причина да не постојат уште стотина слични.
Го сфатив и тоа дека, кога човек ќе ја испрашуваше, зборовите на Албертина
никогаш не содржеа ни атом вистина, дека нејзе вистината ѝ се откачува само
спротивно на нејзината волја, како ненадејна смеша до која доаѓаше во неа
помеѓу фактите што дотогаш беше решена да ги крие и верувањето дека за нив
се дознало. „Па, две работи и не се ништо, ѝ реков на Албертина, да одиме до
четири за да ми оставите некој спомен. Што друго би можеле да ми откриете?“
Таа пак се загледа в празно. На кое ли верување во идниот живот ја
приспособуваше лагата, со кои ли тоа богови, не толку добродушни како што
верувала, се обидуваше да се нагоди? Тоа секако не беше лесно, зашто молкот и
втренченоста на погледот ѝ траеја доста долго. „Не, ништо друго“, рече
најпосле. И покрај моето настојување, таа сега веќе лесно се заинаети врз тоа
„ништо друго“. Каква лага, зашто од моментот кога ги насети своите склоности
до денот кога беше затворена кај мене, колку пати, во колку ли куќи, на колку ли
прошетки секако ги задоволила! Гоморјанките се наедно и доста ретки и доста
бројни за, во каква било толпа, едната да не помине незабележана во очите на
другата. А сетне поврзувањето е лесна работа. Со ужас се сеќавам на една вечер
што на времето ми се виде само смешна. Еден пријател ме беше поканил на
вечера в ресторан со својата љубовница и со еден друг свој пријател, кој исто
така ја беше довел својата. На двете не им требаше многу за да се разберат, беа
толку нестрпливи да се спојат што веќе од супата нозете им се бараа, а често ја
наоѓаа мојата. Нозете наскоро им се испреплетоа. Двајцата мои пријатели не
гледаа ништо; бев на судни маки. Една од двете жени, не можеше да издржи, па
се наведна под масата велејќи дека нешто ѝ паднало. Сетне едната доби мигрена
и замоли да појде во тоалетот. Другата забележа дека е време да појде да се најде
со некаква пријателка в театар. Најпосле останав сам со двајцата мои пријатели,
кои не насетуваа ништо. Онаа со мигрената се врати, но замоли да се врати сама
дома кај љубовникот, да се напие малу антипирин и да го чека. Двете станаа
големи пријателки, заедно се шетаа, едната облечена како машко, заведуваше
девојчиња и ѝ ги носеше на другата, упатувајќи ги во работите. Другата имаше
синче, од кое наводно беше незадоволна, па ѝ го даваше на пријателката да го
поправа, а оваа не се штедеше. Може да се каже дека немаше место, колку и да
беше јавно, каде што не го правеа она што е најголема тајна.

139
„Ама Леа, за сето време на тоа патување, беше совршено пристојна со мене,
ми рече Албертина. Беше дури повоздржана одошто многу дами од високото
општество. - А имаше ли дами од високото општество што не беа воздржани
спрема вас, Албертина? - Никогаш. - Што сакавте тогаш да кажете? - Е па, таа не
беше толку слободна во изразувањето. - На пример? - Таа немаше, како многу
жени што луѓето ги примаат, да го употреби зборот „давеж“ или изразот „ми е
гајле за луѓето“. Ми се виде дека дел од романот што сѐ уште не беше изгорел се
претвора во прав и пепел. Моето разочарување знаеше и да потрае. А кога ќе
помислев на зборовите на Албертина неговото место ќе го заземеше распаметен
бес. Тој пак ќе стивнеше пред некој вид разнеженост. Само, откако се вратив
дома и изјавив дека сакам да раскинам, и јас лажев. А таа желба за разделба, која
истрајно ја глумев, малу по малу ме исполнуваше со нешто од онаа тага што ќе
ја доживеев да сакав навистина да ја напуштам Албертина.
Впрочем, дури и кога на прескок, при бодежите, како што се вели за некои
други телесни болки, одново ќе фатев да мислам на тој оргиски живот што го
водела Албертина пред да ме запознае, јас уште повеќе ѝ се восхитував на
кроткоста на мојата заробеничка, па престанував да ѝ се лутам. Јас, несомнено,
никогаш за време на нашиот заеднички живот не престанав да ѝ навестувам на
Албертина дека тој живот веројатно ќе биде само привремен, за да може
Албертина и натаму да наоѓа некаква убавина во него. Но, таа вечер отидов и
подалеку, плашејќи се дека неопределените закани со разделба нема да бидат
доволни, додека во духот на Албертина ним ќе им се спротистави претставата за
мојата голема љубоморна љубов спрема неа, што ме натерала, како да сакаше да
каже, да одам и да се распрашувам кај Вердиренови. Таа вечер си мислев дека,
помеѓу другите причини што можеле одненадеж да ме натераат да решам, дури
и без да се свестам за тоа веднаш, да ја играм таа комедија на раскин, беше
особено тоа што, кога во еден од тие пориви, какви што имаше татко ми, ќе му ја
загрозев безбедноста на некој човек, бидејќи јас ја немав, како него, храброста
да остварам една закана, за да не дозволам да изгледа дека тоа биле само празни
зборови, одев доста далеку во тие привидни остварувања, а се повлекував само
кога противникот, откако ќе добиеше илузија дека сум искрен, сериозно ќе се
стресеше.
Инаку, насетуваме дека во тие лаги има и вистина, дека, ако животот не
донесе промени во нашите љубови, ние самите ќе сакаме да ги внесеме или да ги
глумиме, зборувајќи за разделба, толку што чувствуваме дека сите љубови и
сите нешта бргу напредуваат кон разделба. Сакаме да ги исплачеме солзите што
таа ќе ги донесе многу порано одошто до неа ќе дојде. Во сцената што ја одиграв
овој пат несомнено имаше некаква користољубива причина. Наеднаш ми беше

140
важно да ја задржам зашто чувствував дека е распрскана во други суштества, а
јас не можев да ја спречам да им се придружи. Но, и да се откажеше заради мене
за навек од сите, можеби уште поцврсто ќе решев никогаш да не ја напуштам,
зашто љубомората ја прави разделбата сурова, а благодарноста невозможна. Во
секој случај, чувствував дека бијам голема битка во која мора да победам или да
подлегнам. За еден час ќе ѝ го понудев на Албертина сето она што го поседував,
зашто си велев: „Од оваа битка зависи сѐ“. Но, овие битки помалу личат на
некогашните, кои траеја по неколку часа, одошто на некоја современа битка што
не свршува ни утре, ни задутре, ни следната недела. Ги вложуваме сите свои
сили, зашто постојано веруваме дека се последните што ќе ни требаат. А ќе
помине и повеќе од една година без да донесе „решение“.
Можеби на ова се надоврза и некакво несвесно сеќавање на лажните сцени
што ги приредуваше господин де Шарли, со кои бев соочен кога ме обзеде
стравот дека Албертина ќе ме напушти. Но, подоцна од мајка ми чув нешто што
тогаш не го знаев, а што ме наведува на помислата дека јас сите елементи на таа
сцена сум ги нашол во себе, во некој од оние мрачни остави на наследството што
ни ги ставаат на располагање извесни возбудувања, делувајќи притоа врз
насобраните заштеди на нашите сили како лекови слични на алкохолот или на
кафето: кога тетка ми Октав ќе дознаела од Еулалија дека Франсоаз, сигурна
дека нејзината господарка веќе никогаш нема да излезе, назорум скроила план
за некакво излегување, за кое тетка ми не смеела да знае, оваа, спроти тој ден, ќе
фатела да се преправа дека решила утредента да се обиде да излезе на прошетка.
Ја терала Франсоаз, која отпрвин не верувала, не само да ѝ ги подготви однапред
пљачките, да ги проветри оние што веќе одамна биле затворени, туку и да
нарача кола и да ги среди безмалу до четврт час сите подробности на денот.
Дури откако Франсоаз, убедена или барем расколебана, ќе била принудена да ѝ
ги признае на тетка ми плановите што самата ги направила, оваа јавно ќе се
откажела од своите за да не ги расипе, како што велела, оние на Франсоаз. Така
и јас, за да не може Албертина да помисли дека претерувам, а и за да ја натерам
да отиде што е можно подалеку во уверувањето дека се оставаме, извлекувајќи и
самиот заклучоци од она што штотуку го реков, фатив да го предвидувам
времето што ќе почне утредента, а ќе трае за секогаш, времето во кое ќе бидеме
разделени, давајќи ѝ ги на Албертина истите препораки небаре нема наскоро да
се смириме. Како и генералите, кои сметаат дека во преправањето, за да успее да
го измами непријателот, треба да се оди до крај, и јас во ова вложив безмалу
исто толку сили на својата чувствителност небаре тоа беше вистинито. На
крајот, таа сцена на ѓоа- разделба ми зададе речиси исто толкав јад како и да
беше вистинска, зашто Албертина, едниот од двајцата актери, верувајќи дека е

141
таква, даваше свој придонес кон илузијата на другиот. Живеевме живот, купи,
ден помини, кој, иако мачен, беше поднослив, а во таа прозаичност го
одржуваше баластот на навиката и онаа извесност дека утрешниот ден, дури и
ако биде суров, ќе го содржи присуството на суштеството до кое држиме. И
сетне, еве ме како безумно го уништувам тој тежок живот. Верно, го уништував
навидум, но и тоа беше доволно да ме фрли во очај; можеби затоа што тажните
зборови кои ги изговараме, дури и лажно, си ја носат во себе тагата и длабоко се
вовираат во нас; можеби затоа што знаеме дека, глумејќи разделба, однапред си
доловуваме еден час што подоцна неизбежно ќе дојде; сетне не сме сигурни
дали не сме го пуштиле во погон механизмот што ќе го отчука. Во секој блеф
постои, колку и да е мала, ронка неизвесност за она што ќе го стори оној што го
мамиме. А ако таа комедија на разделба доведе до разделба! Не можеме да си ја
претставиме можноста од неа, дури и ако е неверојатна, без да ни се стегне
срцето. Двојно сме размирени, зашто тогаш до разделбата би дошло во миг кога
таа би ни била неподнослива, кога би страдале поради жена која би не
напуштила пред да нѐ излекувала, или барем успокоила. Најпосле, веќе ја
немаме ни помошта на навиката, врз која се потпираме дури и во тагата.
Штотуку намерно се лишивме од неа, му придадовме исклучително значење на
денешниов ден, го одделивме од блиските денови и сега тој плови без корење,
како ден на заминување, нашата фантазија, несопната од навиката, се разбудила,
наеднаш на нашата секојдневна љубов ѝ додадовме сентиментални мечти што
огромно ја зголемуваат, правејќи да ни биде неопходно едно присуство, врз кое
веќе не сме апсолутно сигурни дека може да сметаме. Несомнено токму за да го
обезбедиме за в иднина тоа присуство ние и се впуштивме во играта да можеме
и без него. Но и самите се фативме во таа игра, почнавме одново да страдаме
зашто сторивме нешто ново, невообичаено, нешто што токму и прилега на оние
кури кои подоцна треба да ја излекуваат бољката од која страдаме, но кои на
почетокот само ја влошуваат.
Ми навреа солзи во очите како оние што, сами во собата, замислувајќи си ја,
според наумничавите штурања на своите мечти, смртта на некое суштество што
го сакаат, толку сликовито си ја претставуваат болката што ќе ја почувствуваат,
што напкон ќе фатат и да ја доживуваат. И така, умножувајќи ги препораките за
тоа како Албертина да се однесува спрема мене кога ќе се разделиме, ми се
чинеше дека чувствувам речиси исто толкава болка како да нема наскоро да се
помириме. А сетне, дали бев сигурен дека ќе можам тоа да го сторам, да ја
натерам Албертина да се врати на помислата за заеднички живот, па, доколку и
успеам во тоа вечерва, нема ли кај неа да воскресне душевната состојба што таа
сцена ја растера? Се чувствував како господар на иднината, но не верував во тоа,

142
зашто сфатив дека тоа чувство иде само оттаму што таа сѐ уште не постои, така
што не ме притиска нејзината нужност. Најпосле, иако лажев, можеби во своите
зборови внесував повеќе вистина одошто си мислев. Кога ѝ реков на Албертина
дека бргу ќе ја заборавам, јас веќе имав на ум еден пример за тоа. Тоа беше
нешто што навистина ми се случи со Жилберта, која сега се воздржував да ја
посетувам за да одбегнам не болка, туку кулук. А, се разбира, страдав пишувајќи
ѝ на Жилберта дека веќе нема да ја видам. Зашто, кај Жилберта одев само
одвреме навреме. Кај Албертина пак ми припаѓаше сето нејзино време. А во
љубовта е полесно човек да се откаже од некакво чувство одошто да загуби
некаква навика. Но, ако мојата сила да изговорам толку болни зборови што се
однесуваа на нашата разделба идеше оттаму што знаев дека се лажни, тие,
напротив, беа искрени во устата на Албертина кога ја чув како извикнува: „Ах!
ветувам, нема никогаш да ве видам. Повеќе сакам сѐ друго одошто да ве гледам
вака да плачете, мили мој. Не сакам да ви задавам јадови. Бидејќи така треба,
нема веќе никогаш да се видиме“. Тие зборови беа искрени, што не ќе беа да ги
кажев јас, зашто, бидејќи Албертина за мене одгледуваше само пријателство, од
една страна, откажувањето што тие го ветуваа не ѝ паѓаше толку тешко; а, од
друга страна, што моите солзи, кои во некоја голема љубов и не ќе беа кој знае
што, ѝ изгледаа безмалу необични и ја потресуваа, пренесени врз почвата на
пријателството врз која таа остануваше, на тоа пријателство поголемо од моето,
како што пред малу рече, како што рече зашто при една разделба оној што не
сака од срце кажува нежни зборови, бидејќи љубовта не се изразува непосредно,
како што рече, а што можеби и не беше сосема неточно, зашто илјадниците
добрини на љубовта можат надокрај, кај суштеството што ја вдахновува не
чувствувајќи ја, да разбудат наклоност, благодарност, кои не се толку себични
како чувството што ги предизвикало, а кои, можеби, по долги години разделба,
кога кај некогашниот љубовник нема да остане ништо, сѐ уште ќе виреат кај
саканата.
Имаше само еден миг во кој за неа почувствував некој вид омраза, која само
ми ја оживеа потребата да ја задржам. Со оглед на тоа што таа вечер бев
љубоморен само на госпоѓица Вентеј, со најголема рамнодушност мислев на
Трокадеро, не само затоа што таму ја испратив за да ги избегне Вердиренови,
туку и гледајќи ја таму таа Леа, поради која пратив да ја викнат назад Албертина
за да не ја запознае, па и не мислејќи го кажав името на Леа, а таа, сомневајќи се
и мислејќи дека можеби за неа ми рекле и повеќе работи, се истрча и зборлесто
рече, криејќи си го малу челото: „Многу убаво ја познавав, лани отидов со
пријателките да ја гледаме како глуми, по претставата се качивме во нејзината
ложа и таа се пресоблече пред нас. Беше мошне интересно“. Тогаш мислата ми

143
беше принудена да ја остави госпоѓица Вентеј, па, во некаков очајнички напор,
во онаа трка кон бездната на невозможни те реконструкции, се задржа врз
глумицата, врз онаа вечер кога Албертина се качила во нејзината гардероба. Од
една страна, по сите оние толку уверливи колнења, по целосното жртвување на
својата слобода, како да поверувам дека во сето тоа имало нешто лошо?
Меѓутоа, зарем сомнежите не ми беа пипала насочени кон вистината, зашто, ако
ми ги жртвуваше Вердиренови за да оди во Трокадеро, кај Вердиренови сепак
требаше да биде госпоѓица Вентеј, а бидејќи во Трокадеро, што таа, впрочем, ми
го жртвуваше за да прошета со мене, беше, како причина да ја вратам дома, таа
Леа, поради која ми се чинеше дека попусто се вознемирувам, а за која, со една
реченица што и не ја барав од неа, ми изјави дека ја познавала многу поубаво
одошто се плашев, во мошне сомнителни околности, зашто кој можел да ја
одведе да се качи во таа гардероба? Ако и престанав да страдам поради
госпоѓица Вентеј кога страдав поради Леа, тие две крвнички на мојот ден, тоа
беше или поради немоќта на мојот дух да си претстави едновремено и премногу
глетки или поради испреплетувањето на моите нервни напнатости, чијшто одек
беше мојата љубомора. Од тоа можев да изведам заклучок дека таа не ѝ
припаѓала ниту на Леа ниту пак на госпоѓица Вентеј, а дека во приказната за Леа
верував само затоа што од неа сѐ уште страдав. Но, тоа што моите љубомори
згаснуваа - за понекогаш да се разбудат едноподруго - не значеше ни, напротив,
дека секоја од нив не одговара на некаква насетувана вистина, дека не требаше
да си велам ниедна од тие жени, туку обете. Реков „насетувана“, зашто јас не
можев да ги опфатам сите потребни точки во просторот и времето, а и со каков
инстинкт ќе дојдев до совпаѓањето на едните и другите за овдека, во толку и
толку часот да ја изненадам Албертина со Леа, или со девојките од Балбек, или
со пријателката на госпоѓа Бонтан од која се беше очешала, или со девојката што
ја беше удрила со лакот на тенис, или со госпоѓица Вентеј?
„Малечка моја Алберта, вие сте многу љубезна што ова ми го ветувате.
Впрочем, барем првите години, ќе ги одбегнувам местата каде што ќе бидете
вие. Не знаете дали ова лето ќе одите во Балбек? Зашто во тој случај, би средил
да не одам таму“. Сега, ако и продолжував да напредувам на тој начин,
претекнувајќи го времето во својата лажлива измислица, тоа беше помалу за да
ја исплашам Албертина одошто да си зададам болка себеси. Како што човек, кој
отпрвин немал којзнае колку важни причини да се лути, наполно се опива од
татнежот на својот глас, па дозволува да го понесе бесот што се родил не од
причините на тој бес, туку од самата негова сѐ поголема јарост, така и јас сѐ
повеќе и повеќе се лизгав по удолницата на мојата тага, кон некаков сѐ подлабок
очај, со инерција на човек што чувствува како го освојува студот, а и не се

144
обидува да војува, наоѓајќи некој вид задоволство во тресењето. И ако наскоро
најпосле, како што сметав, успеам да соберам сила да се соземам, да реагирам и
да отстапам, денес бакнежот на Албертина, во моментот кога ќе ми пожелаше
добра ноќ, многу повеќе ќе ме утешеше од болката која ја доживував со тоа што
си замислував, што глумев како ги средувам формалностите на една измислена
разделба, предвидувајќи ѝ ги последиците, одошто од јадот кој ми го зададе
дочекувајќи ме толку лошо на враќањето дома. Во секој случај не требаше таа
сама од себе да ми пожела добра ноќ, зашто тоа ќе ми го отежнеше пресвртот со
кој ќе ѝ предложев да се откажеме од нашата разделба. Затоа без престан ја
потсетував дека е одамна време да си кажеме добра ноќ, што пак, оставајќи ми ја
иницијативата, ми дозволуваше тоа уште малу да го одложам. И така, помеѓу
прашањата што ѝ ги поставував на Албертина, ќе посеев по некоја алузија за тоа
дека е веќе доста доцна ноќ, дека сме уморни. „Не знам каде да одам, одговори
таа загрижено на последното прашање. Можеби ќе одам во Турена, кај тетка
ми“. И тој нејзин прв нафрлен наум ми ја заледи крвта во жилите, небаре беше
почеток на вистинско остварување на нашата конечна разделба. Таа ја погледна
собата, пијанолата, фотелјите од син сатен. „Сѐ уште не можам да свикнам на
помислата дека сево ова нема да го гледам ни утре, ни задутре, ниту пак кога и
да е. Кутрата собичка! Тоа ми се чини невозможно; не ми влегува во главата. -
Мораше да биде така, овдека бевте несреќна. - Ама не, не бев несреќна, дури
сега ќе бидам. - Ама не, ве уверувам, тоа е подобро за вас. - Можеби за вас!“
Фатив втренчено да гледам в празно, небаре, обземен од голема колебливост, се
борам со некаква идеја што ми падна на памет. Најпосле, наеднаш: „Слушајте,
Албертина, велите дека овдека сте посреќна, дека ќе бидете несреќна. - Секако. -
Ова ме потресе; дали сакате да се обидеме да продолжиме неколку недели? Кој
знае? недела по недела, може да втасаме мошне далеку, знаете дека има
привремени состојби што напкон може да потраат засекогаш. - Ох! што убаво од
вас! - Само тогаш, лудо е што вака попусто се измачувавме со саати, ова е како
патување за кое сме се подготвувале, а сетне не сме отпатувале. Јадот ме сотре“.
Ја седнав на моите колена, го зедов ракописот на Бергот што толку го
посакуваше и напишав врз кориците: „На мојата малечка Албертина, за спомен
на обновувањето на закупот“. „Сега, ѝ реков, одете и спијте до утре вечер, мила
моја, зашто секако сте скршени. - Пред сѐ сум задоволна. - Ме сакате ли
малкуцка? - Сто пати повеќе одошто порано“.
Ќе згрешев да се почувствував среќен поради таа мала комедија да не доби
вид на вистинска постановка до која ја дотерав. И да не сторевме ништо друго
освен што просто разговаравме за разделба, веќе и тоа ќе беше важно. Мислиме
дека водењето вакви разговори не само што е неискрено, а тоа е факт, туку и

145
слободно. Само нив, сѐ општо земено, и без да знаеме, ги шепотиме и против
својата волја, тие се првиот ромон на луња што воопшто не ја насетуваме.
Верно, она што тогаш го изразуваме е спротивно на нашата желба (секогаш да
живееме со онаа што ја сакаме), но токму невозможноста да живееме заедно е
извор на нашето секојдневно страдање, страдање што повеќе го сакаме од
разделбата, кое и против нашата волја ќе нѐ раздели. Сепак, обично не наеднаш.
Најчесто се случува - ова, како што ќе видиме, не беше така во мојот случај со
Албертина - извесно време по оние зборови во кои не верувавме, да изведеме
некаков неопределен, безболен, привремен обид за саканата разделба. Ќе
побараме од жената, за да ѝ биде попријатно со нас, а, од друга страна, за да
побегнеме макар накусо од постојаната тага и замор, да појде без нас, или да нѐ
пушти да појдеме без неа, на неколкудневно патување, првите денови - по толку
долго време - поминати, што некогаш ќе ни се видеше невозможно, без неа. Таа
наскоро се враќа да си го заземе местото во нашето огниште. Само, за таа
разделба, краткотрајна но стварна, и не се решивме туку-така, а секако не е ни
единствената што си ја замислуваме. Одново почнува истата тага, се засилува
истата тешкотија да се живее заедно, само разделбата не е нешто толку тешко;
почнавме со тоа што зборуваме за неа, а сетне и ја изведовме на убав начин. Но,
тоа се само предзнаци што не ги препознавме. Наскоро по моментната разделба
со насмевка ќе следи грозна, конечна разделба што сме ја подготвиле и без да
знаеме.
„Дојдете во мојата соба по пет минути, за да можам да ве видам малу, мили
мој. Ќе бидете љубезен. Но, набргу потоа јас ќе заспијам, зашто сум мртва
уморна“. И навистина ја видов како мртва, кога потоа влегов во нејзината соба.
Беше заспала штом легнала; чаршафите, обвиткани како покров околку
нејзиното тело, со своите убави брчки, беа добиле цврстина на камен. Би се
рекло, како во некои средновековни прикази на Страшниот суд, дека надвор од
гробот се креваше само главата, чекајќи ја во својот сон трубата на Архангелот.
Сонот ја беше изненадил таа речиси зафрлена глава со разбушавена коса. И
гледајќи го тоа ситно тело легнато тука, се прашував каква логаритамска
таблица сочинува тоа за да можат сите дејствија во кои тоа можело да биде
вплетено, од удирањето со лактот па сѐ до левтерниот допир со фустанот,
распослани до бесконечност од сите точки што тоа ги зафаќало во просторот и
времето, а кои одвреме навреме ненадејно ќе ми воскреснеа во сеќавањето, да
ми скориваат толку мачни јадови, за кои сепак знаев дека се определени од
нејзините движења, од нејзините желби, спрема кои, кај некоја друга жена, па и
кај неа самата пет години порано, ќе бев толку рамнодушен. Беше тоа лага, но
лага за која немав храброст да барам друго решение освен смртта. И така, стоев

146
во бундата, што не ја бев слекол уште откако се вратив од кај Вердиренови, пред
тоа свиткано тело, тој елегоричен лик на што? на мојата љубов? Наскоро почнав
да ѝ го слушам рамномерното дишење. Седнав на работ од нејзината постела за
да се подложам на тоа смирувачко лекување со ветрец и размислување. Потем
сосема тивко се повлеков за да не ја разбудам.
Беше многу доцна кога уште изутрина ѝ наложив на Франсоаз да оди сосема
тивко кога ќе минува пред нејзината соба. Затоа Франсоаз, убедена дека ноќта
сме ја минале во она што таа го нарекуваше оргии, иронично им препорача на
другите слуги да не ја „будат принцезата“. А токму тоа и беше она од што се
плашев, дека Франсоаз еден ден кога не ќе може да се воздржи, ќе стане дрска
спрема Албертина, а тоа ќе доведе до компликации во нашиот живот. Франсоаз
тогаш веќе не беше, како на времето кога страдаше гледајќи дека тетка ми убаво
се однесува спрема Еулалија, во години во кои можеше јуначки да си ја
поднесува љубомората. Оваа до толкава мера ѝ го менуваше, ѝ го парализираше
лицето на нашата слугинка што, повремено, се прашував да не ја удрила, без да
забележам, дамла, како последица од некаков напад на бес. Откако така побарав
да ѝ го вардат сонот на Албертина, јас самиот не можев да го најдам воопшто. Се
обидував да сфатам каква беше вистинската душевна состојба на Албертина.
Дали со тажната комедија што ја одиграв одбегнав некаква стварна опасност и
дали кај неа, и покрај тоа што тврдеше дека се чувствува среќна во мојата куќа,
не се јавуваше на моменти помислата да си ја побара слободата, или, напротив,
требаше да ѝ се верува на зборовите? Која од двеве претпоставки беше точна?
Ако често ми се случуваше, а особено ако требаше да ми се случува по некој
случај од мојот минат живот да го проширувам до историски размери сакајќи да
се обидам да сфатам некој политички настан, тоа утро, обратно, во настојување
да ѝ го сфатам значењето на нашата синоќна сцена, не престанував, и покрај
толкуте разлики, да ја поистоветувам со еден дипломатски инцидент кој
штотуку се беше случил.
Можеби и имав право што расудував на тој начин. Зашто беше мошне
веројатно дека, и без да знам, во таа лажлива сцена ме водеше примерот на
господин де Шарли, кого толку често го гледав како ја игра со толку многу
авторитет; а, од друга страна, не беше ли таа, од своја страна, нешто друго освен
несвесно внесување врз почвата од приватниот живот на длабокиот стремеж на
неговата германска раса, предизвикувачка од лукавство, а воинствена, по
потреба, од гордост?
Откако разни личности, меѓу кои и принцот од Монако, ѝ ја сугерираа на
француската влада идејата дека, ако не се откаже од господин Делкасе,
Германија своите закани ќе ги претвори во вистинска војна, министерот за

147
надворешни работи беше замолен да си поднесе оставка. Француската влада,
значи, ја прифати претпоставката за намера да се завојува со нас ако не
попуштиме. Но, други личности мислеа дека се работеше за обичен „блеф“, па
доколку Франција си стоеше на своето, Германија немаше да почне војна.
Несомнено, сценариото беше не само различно туку речиси обратно, зашто
Албертина никогаш не ја изрече заканата да раскине со мене; но некаков збирен
впечаток создаде кај мене уверување дека таа мисли на тоа, како што и
француската влада имаше такво уверување за Германија. Од друга страна,
доколку Германија сакаше мир, тоа што кај француската влада предизвика
претстава дека сака војна беше сомнително и опасно лукавство. Се разбира,
моето поведение беше доста итро, доколку помислата дека никогаш нема да се
решам да раскинам со неа беше она што кај Албертина предизвика ненадејна
желба за независност. Та тешко ли беше да се поверува дека ја нема, да се
отфрли помислата на цел еден таен живот во неа, насочен кон задоволување на
нејзиниот порок, ако ништо друго според јароста со која дозна дека сум бил кај
Вердиренови, извикнувајќи: „Така и си мислев“, за на крајот сѐ да открие
велејќи: „Зарем таму не требаше да биде госпоѓица Вентеј“? Сето тоа
поткрепено со средбата на Албертина со госпоѓа Вердирен, што ми ја откри
Андреја. Само, можеби сепак тие ненадејни желби за незаситност, си велев,
обидувајќи се да одам против својот инстинкт, беа предизвикани - под
претпоставка да постоеја - или напкон ќе бидат предизвикани од спротивната
идеја, а, имено, дека никогаш и не сум имал намера да се оженам за неа, дека ја
кажував вистината кога, ѓоа не сакајќи, правев алузија на нашата скорешна
разделба, дека денес-утре секако ќе ја оставам, уверување што мојата сцена од
онаа вечер можеше само да го зацврсти, а од кое, на крајот од краиштата, кај неа
ќе се роди одлуката: „Ако тоа неизбежно мора да се случи денес-утре, подобро
да сврши веднаш.,, Напротив, воените подготовки, кои најпогрешната од сите
изреки ги воспева како триумф на волјата за мир, кај секој од двата противници
создаваат пред сѐ уверување дека другиот е за раскин, уверување што и
доведува до раскин, а кога до него ќе дојде, и до друго уверување кај секој од
двајцата дека тоа другиот и го сакал. Дури и ако заканата не била искрена,
нејзиниот успех нѐ тера да ја повториме. Само, тешко е да се определи во која
мера блефот може да успее; ако едниот отиде предалеку, другиот, кој дотогаш
попуштал, од своја страна ќе фати да напредува; првиот, не знаејќи веќе како да
ја смени методата, свикнат на идејата дека најдобриот начин да се одбегне
раскинот е да се преправа дека не се плаши од него (тоа што јас го сторив
вечерта со Албертина), а и, инаку, од горделивост, повеќе сакајќи да биде
поразен одошто да попушти, да истрае во својата закана до моментот кога

148
ниеден веќе не може да отстапи. Блефот може да биде помешан и со искреност,
може да се менува со неа, па она што вчера било игра утре станува реалност.
Најпосле, може да се случи и еден од противниците навистина да бил решен на
војна, Албертина, на пример, да имала намера порано или подоцна да прекрати
со тој живот, или, напротив, тоа никогаш да не ѝ паднало на памет, туку дека
сето тоа го измислила мојата вообразба. Такви беа различните хипотези што тоа
утро ги разгледував додека таа спиеше. Па сепак, што се однесува на
последната, можам да кажам дека никогаш подоцна не ѝ се заканував на
Албертина дека ќе ја оставам освен како одговор на некаква нејзина идеја за
злоупотреба на слободата, идеја за која таа не ми зборуваше, иако ми се чинеше
дека ја откривам во извесни таинствени незадоволства, во извесни зборови,
извесни гестови, чие единствено можно објаснување беше таа идеја, иако таа
одбиваше да ми даде какво и да е. Инаку, јас мошне често ги откривав без да
правам каква и да е алузија на можност од разделба, надевајќи се дека
потекнуваат од некакво нерасположение што ќе помине уште истиот ден. Но,
тие еднипати без престан траеја со недели, во кои изгледаше дека Албертина
сака да предизвика судир, небаре во тој момент, во некој повеќе или помалу
оддалечен крај, постоеја само нејзе познати задоволства од кои ја лишуваше
нејзиното заточение кај мене, а кои, сѐ додека не свршеа, влијаеја врз неа како
оние атмосферски промени, кои влијаат врз нашите нерви и кога сме крај своето
огниште, дури и кога се одвиваат некаде далеку како на Балеарските острови.
Тоа утро, додека Албертина спиеше, а јас се обидував да погодам што се крие
во неа, добив писмо од мајка ми во кое таа ми ја изразуваше својата загриженост
што не знае ништо за моите одлуки со оваа реченица од госпоѓа де Севиње:
„Што се однесува до мене, убедена сум дека тој нема да се ожени; само зошто
тогаш ја тормози таа девојка, со која никогаш нема да се ожени? Зошто ја излага
на опасноста да одбива други понуди, гледајќи ги само со презрение? Зошто го
вознемирува духот на една личност што би било толку лесно да ја одбегне?“ Ова
писмо на мајка ми ме спушти на земјата. Чуму ми е само тоа барање некаква
таинствена душа, толкување на нечие лице и чувство на опкруженост со
претчувства што не смеам да ги продлабочам? си реков. Сонував, работата е
сосема проста. Јас сум нерешителен младич, а се работи за еден од оние бракови
за кои треба извесно време за да се знае дали ќе ги биде или не. Во тоа нема
ништо што би ѝ било својствено на Албертина. Оваа мисла ми донесе длабоко,
но краткотрајно олеснување. Наскоро си реков: „Сево ова, ако се разгледа од
друштвен аспект, навистина може да се сведе на најсекојдневен од сите
различни случаи: однадвор, сето тоа можеби така и ќе го гледав. Но, убаво знам
дека е вистина, дека е барем исто толку вистина и сето она што го мислев, она

149
што го читав во очите на Албертина, а тоа се стравовите што ме мачат, тоа е
проблемот што без престан си го поставувам во врска со Албертина“. На ова
може да му одговара приказната за колебливиот свршеник и за раскинатата
женидба, исто како што извесен театарски приказ на новинар со добар усет
може да ја предаде содржината на некаква пиеса од Ибзен. Но, има и нешто
друго освен тие факти што се раскажуваат. Верно, тоа нешто друго можеби
постои, доколку би умееле да го видиме, кај сите нерешителни свршеници и во
сите женидби што се развлекуваат, зашто таинственоста можеби постои и во
секојдневниот живот. Можев да ја занемарувам кога се однесуваше на животот
на другите, но тој на Албертина и мојот ги живеев однатре.
Од таа вечер Албертина веќе не ми велеше, како што правеше во минатото:
„Знам дека немате доверба во мене, ќе се обидам да ви ги растерам сомнежите“.
Но, таа помисла, што никогаш не ја изрази, можеше да послужи како објаснение
и за нејзините најситни постапки. Не само што ќе средеше никогаш ни за миг да
не остане сама, па не можев, доколку не верував во она што го кажуваше, а да не
знам што правела, туку дури и кога требаше да ѝ телефонира на Андреја, или во
гаражата, или во јавачкиот клуб, или другде, тврдеше дека е и премногу
здодевно да седи сама за да телефонира додека тие госпојци не ѝ дадат врска, па
ќе уредеше во тој момент да бидам покрај неа јас или Франсоаз, ако мене ме
немаше, небаре се плашеше дека би можел да си замислам некакви неумесни
телефонски разговори што би имале за цел закажување некакви таинствени
состаноци. Ева! сето тоа не ме смируваше. Еме ми ја беше вратил фотографијата
на Естер велејќи ми дека тоа не е таа. Тогаш значи имаше и други? Кои? Му ја
вратив фотографијата на Блок. Онаа што сакав да ја видам, беше фотографијата
што Албертина ѝ ја беше дала на Естер. Како ли изгледала на неа? Можеби
деколтирана; кој знае дали не се фотографирале заедно? Само јас не се
осмелував да ѝ зборувам за тоа на Албертина, зашто ќе изгледаше дека не сум ја
видел фотографијата, ниту на Блок, пред кој не сакав да изгледа дека се
интересирам за Албертина. А тој живот, кој ќе му се видеше суров и за мене и за
Албертина на секој што ќе знаеше за моите сомнежи и за нејзиното ропство,
гледан однадвор, на Франсоаз ѝ се чинеше живот на незаслужени задоволства
кои умееше вешто да си ги спечали таа „заводничка“ и „шарлатантка“, како што
велеше Франсоаз, која многу повеќе го употребуваше женскиот одошто
машкиот род на тој збор, бидејќи повеќе им завидуваше на жените. Па дури,
бидејќи Франсоаз во допирот со мене си го имаше збогатено речникот со нови
изрази, прекројувајќи ги на свој начин, за Албертина ќе речеше дека никогаш не
сретнала личност со толкав „перфидитет“, која толку убаво умеела да „ми ги
извлекува паричките“ играјќи комедија (што Франсоаз, која толку лесно го

150
заменуваше посебното со општото, како и општото со посебното, а имаше
мошне матна претстава за разликата помеѓу родовите на драмската уметност, го
нарекуваше „умешност да се игра пантомима“). За таа заблуда во врска со
нашиот вистински живот, на Албертина и мојот, можеби бев по малу одговорен
и самиот, преку нејасните потврдувања што, кога разговарав со Франсоаз, умеев
вешто да ги уфрлам, било со желба да ја закачкам, било за да изгледам ако не
сакан, тоа барем среќен. Па сепак, водена, како спиритистот, кој со врзани очи
пронаоѓа некаков предмет, од онаа интуиција што ја имаше за работите кои
можеа да ми бидат мачни, и не дозволувајќи од целта да ја одвратат лагите што
можев да ги кажам за да ја доведам во заблуда, но и од онаа омраза спрема
Албертина што ја гонеше Франсоаз - уште повеќе одошто да верува дека
непријателките ѝ се посреќни, попрепредени комедијантки околку што беа - да
го открие она што можеше да ги упропасти и да им го забрза падот, нејзе не ѝ
требаше многу да ја насети мојата љубомора, надзорот што го вршев над
Албертина, а за кои толку многу сакав Франсоаз и да не ги наслути. Се разбира,
Франсоаз никогаш не ѝ правеше сцени на Албертина. Се прашував нема ли
Албертина, чувствувајќи дека е под надзор, самата да ја изведе таа разделба со
која ѝ се заканив, зашто животот, менувајќи се, ни ги претвора измислиците во
стварност. Секогаш кога ќе чуев како се отвора врата, ќе се стресев онака како
што во својата агонија правеше баба ми секојпат кога ќе заѕвонев. Не верував
дека излегла без да ми каже, но така мислеше мојата потсвест, како и потсвеста
на баба ми што ќе затрепереше на звукот од ѕвончето и тогаш кога веќе не беше
при свест. Едно утро дури наеднаш ме обзеде ненадеен немир дека не само
излегла, туку и си заминала. Чув врата што ми се стори како вратата од нејзината
соба. Крадешкум појдов до нејзината соба, влегов и застанав на прагот. Во
самракот чаршафите се дуеја во полукруг, тоа секако беше Албертина која, со
свиткано тело, спиеше со нозете и главата потпрени врз ѕидот. Само бујните
црни коси на таа глава, што паѓаа надвор од постелата, ме убедија дека тоа е таа,
дека таа и не ја отворила вратата, дека не мрднала и јас почувствував дека тој
неподвижен и жив полукруг содржи цел еден човечки живот и беше
единственото нешто што за мене имаше вредност; почувствував дека беше тука,
во мој посед и под моја власт.
Но, јас знаев дека Франсоаз е вешта во инсинуирање и умешна во користење
речовита инсценација, па не можам да верувам дека таа секојдневно се
воздржувала да не ѝ ја стави на знаење на Албертина понижувачката улога што
оваа ја играше во куќата, да ја обезуми сликајќи ѝ го со умешно претерување
заточението на кое беше подложена мојата пријателка. Еднаш ја затеков
Франсоаз како, откако си ги беше ставила дебелите очила, копа по моите хартии

151
и враќа на место еден лист врз кој бев забележал некаква приказна што се
однесуваше на Сван и на невозможноста тој да се откаже од Одета. Дали
можеби од невнимание го беше оставила да се влечка по собата на Албертина?
Впрочем, веројатно е дека над сите оние недоречени мисли на Франсоаз, што
долу беа само ромонлива, подмолна оркестрација, секако морал повисоко,
појасно, поупорно да се издига обвинувачкиот и клеветнички глас на
Вердиренови, бесни што гледаат како Албертина мене ме држи не сакајќи, а јас
неа сакајќи, далеку од малиот клан.
Што се однесува до парите кои ги трошев за Албертина, ми беше речиси
невозможно да ги скријам од Франсоаз, бидејќи не умеев пред неа да скријам
ниеден издаток. Франсоаз имаше малу мани, но тие мани, за да им се служи, кај
неа беа создале вистински дарби, кои често ѝ недостигаа надвор од
пројавувањето на маните. Главната мана ѝ беше љубопитноста врзана за парите
што ги трошевме за други, а не за неа. Ако морав да платам некаква сметка, да
дадам бакшиш, попусто ќе се тргнев настрана, таа ќе најдеше некаква чинија за
средување, некаква салфетка за земање, нешто што ќе ѝ дозволеше да се
приближи. Колку и да беше кратко времето што ѝ го оставав, бесно враќајќи ја
таму откај што беше дошла, таа жена која безмалу веќе и не гледаше како што
треба, која одвај знаеше да смета, водена од онаа иста склоност што го тера
некој шивач, гледајќи ве, инстинктивно да ви го процени штофот од фракот, па
дури не може да се воздржи да го пипне, или како што некој сликар е
чувствителен за извесни ефекти од боите, Франсоаз назорум ќе видеше и за миг
ќе пресметаше колку сум дал. Ако пак, за да не може да ѝ каже на Албертина
дека ѝ го потплатувам шоферот, за да ја испреварам, извинувајќи се поради
бакшишот, ќе речев: „Сакав да бидам љубезен спрема шоферот и му дадов десет
франка“, а немилосрдната Франсоаз, на која ѝ беше доволен погледот на стар,
безмалу слеп орел, ќе ми одговореше: „Ама не, господинот му даде четириесет и
три франка бакшиш. Тој му рече на господинот дека му должи четириесет и пет
франка, господинот му даде сто франка, а тој му врати само дванаесет франка“.
Имала време да го види и да го пресмета износот на бакшишот, што ни јас
самиот не го знаев.
Ако Албертина имаше за цел да ми го врати спокојството, таа во тоа делум
успеа, мојот разум, впрочем, бараше само да ми докаже дека сум се измамил во
врска со лошите намери на Албертина, како што можеби сум се измамил и во
врска со нејзините порочни инстинкти. Што се однесува до вредноста на
аргументите кои ми ги пружаше разумот, бездруго водев сметка за својата
желба да ги оценам како добри. Но, за да бидем справедлив, со изгледи да ја
откријам вистината, освен ако се допушти дека до неа никогаш нема да се дојде

152
на друг начин освен преку претчувство, преку некаква телепатска еманација, не
требаше ли да си речам дека доколку мојот разум, настојувајќи да доведе до
моето оздравување, дозволил да го заведе мојата желба, додека, напротив, што
се однесува до госпоѓица Вентеј, до пороците на Албертина, до нејзините
намери да води поинаков живот, до нејзиниот наум за разделба, коишто беа
очигледни последици од нејзините пороци, мојот инстинкт пак, за да ме
разболи, можел да дозволи да го заведе мојата љубомора? Впрочем,
лишувањето од слобода, што самата Албертина толку остроумно се потруди да
си го направи целосно, отстранувајќи ми ја болката, малу по малу ми го
отстрани и сомнежот и јас, кога со вечерта ќе ми се вратеа неспокојствата,
можев одново да почнам во присуството на Албертина да го наоѓам
смирувањето од првите денови. Седејќи покрај мојата постела, таа со мене
зборуваше за некоја од оние тоалети или од оние предмети што не престанував
да ѝ ги подарувам настојувајќи животот да ѝ го направам попријатен, а затворот
поубав, иако еднипати се плашев да не го дели таа мислењето на госпоѓа де Ла
Рошфуко, која, одговарајќи на прашањето зарем не ѝ е пријатно да биде во толку
убав дом како Лианкур, рекла дека не познава убави затвори.
Така, ако се распрашував кај господин де Шарли за старата француска
сребренарија, тоа беше во времето кога имавме намера да купиме јахта, замисла
што Албертина ја сметаше неостварлива - а и јас самиот секогаш кога,
почнувајќи одново да верувам во нејзината доблест, љубомората ќе ми се
смалеше не потиснувајќи ги веќе другите желби во кои за неа немаше место, а за
чие задоволување исто така требаа пари - и кога, иако таа инаку не веруваше
дека некогаш ќе ја имаме, за секој случај, го прашавме Елстир за совет. Како и во
врска со облекувањето на жените, впрочем, вкусот на сликарот за уредувањето
на јахтите беше истанчен и пробирлив. Во тој поглед допушташе само англиски
мебел и стара сребренарија. Албертина отпрвин мислеше само на тоалети и на
опремување со мебел. Сега ја интересираше и сребренаријата, па тоа, откако се
вративме од Балбек, ја наведе да чита книги за сребренарската уметност, за
жиговите на старите златари. Само, старата сребренарија беше страшно ретка,
зашто два пати ја претопуваа, за време на утрехтскиот мир, кога самиот крал (а
по него и големите велможи) си ја даде сребрената посатка, и 1789 година. Од
друга страна, модерните златари попусто ја репродуцираа таа сребренарија
според цртежите на Понт-о-Шу, Елстир сметаше дека тие нови старини се
недостојни да влезат во домот на една жена со вкус, па макар и во нејзиниот дом
на вода. Знаев дека Албертина го имаше прочитано описот на тие чудесии што
Ретиер ги беше направил за мадам ди Бари. Ако од нив сѐ уште постоеше некое
парче, таа умираше од желба да го види, а јас да ѝ го подарам. Почна дури да си

153
прави убави збирки што ги редеше со омаен вкус во една витрина, а што јас не
можев да ја гледам без да се расчувствувам, но и без страв, зашто умешноста со
која таа ги редеше се состоеше од стрпливост, досетливост, носталгија и потреба
од заборав, на која ѝ се препуштаат заробениците.
Што се однесува до тоалетите, она што во моментов особено ѝ се допаѓаше
беше сето она што го шиеше Фортини. Тие фустани на Фортини, од кои еден
носеше госпоѓа де Германт, беа оние чија скорешна појава ни ја навести Елстир,
зборувајќи за прекрасните облеки на современиците на Карпачо и Тицијан,
облеки што ќе воскреснат од својот раскошен пепел, зашто сѐ мора да се врати,
како што пишува врз сводовите на Свети Марко и како што, пиејќи од
мермерните и јасписни урни на византиските капители, ни објавуваат птиците
што наедно значат и смрт и воскресение. Штом жените почнаа да ги носат,
Албертина се сети на ветувањето од Елстир, ги посака и ние моравме да појдеме
да избереме еден. А тие фустани, иако верно не беа како некогашните, во кои
жените денес изгледаат малу премногу костимирани, така што е подобро да се
чуваат како делови од збирка (јас, впрочем, барав и такви за Албертина), го
немаа ни студенилото на пастишот на лажна старина. Тие беа повеќе нешто како
декорите на Серт, Бакст и на Беноа, што во тој миг, во руските балети, со помош
на уметничките дела проникнати со нивниот дух, а сепак изворни, потсетуваа на
најсаканите уметнички епохи; и фустаните на Фортини, верни на старинските,
но длабоко оригинални, ја доловуваа како декор, но со поголема сила на
навестување дури и од декор, зашто остануваше декорот допрва да се замисли,
Венеција сета натежната од Истокот, во која тие некогаш секако и се носеле, со
тоа што, повеќе од некаква реликвија во киворот на Свети Марко, што го
навестуваше нејзиното сонце и околните турбани, беа разложената, таинствена
и додатна боја. Сѐ беше исчезнало од тоа време, иако, навестено, сѐ одново се
раѓаше за да ги поврзе помеѓу себе тие фустани со сјајот на пејзажот и вриежот
на животот, а преку делумната, преживеана појава на ткаенините што ги носеле
дуждовиците.
Во врска со тоа еднаш или два пати сакав да ѝ побарам совет на госпоѓа де
Германт. Но војвотката не ги сакаше тоалетите што личат на костими. Таа
самата никогаш не изгледаше поубаво одошто во црно кадифе со дијаманти. А
што се однесува до фустаните на Фортини, таа не беше од кој знае каква корист.
Впрочем, ми беше незгодно да ја распрашувам за нив за да не ѝ се стори дека кај
неа одам само ако случајно ми е потребна, додека веќе одамна од неа одбивав и
по неколку покани неделно. Инаку, не ги добивав во толкаво изобилство само од
неа. Се разбира, таа и многу други жени секогаш беа мошне љубезни со мене.
Но, мојата затвореност секако ја зголеми таа љубезност. Изгледа дека во

154
монденскиот живот, како беззначаен одраз на она што се случува во љубовта,
одбивањето е најдобар начин да станете баран. За да ѝ се допадне на една жена,
мажот води сметка за сѐ што може да го истакне во нејзините очи; без престан ја
менува облеката, внимава на својот изглед, а сепак од неа не добива ниедно од
оние вниманија што му ги укажува една друга, која и само со мамење, иако пред
неа се појавува нечист и без каков и да е дух за да ѝ се допадне, еднаш за
секогаш ја приврзал за себе. Исто така, ако некој се жали дека не е особено баран
во високото општество, не би му рекол да оди почесто во посети, да си набави
уште поубав екипаж, би му советувал да не се одзива на ниедна покана, да живее
затворен во својата соба, да не пушта никого во неа и тогаш луѓето ќе чекаат на
ред пред неговата врата. Или, поточно, ова не би му го рекол. Зашто тоа е
сигурен начин да се стане баран, кој успева исто како и оној да се биде сакан,
само ако не се постапува така заради тоа, туку, на пример, ако некој навистина
не излегува од дома зашто е тешко болен, или ако верува дека е болен, или ако
дома му седи љубовницата, а неа повеќе ја сака одошто високото општество
(или од сиве три причини заедно), за кое ова ќе биде причина, и без да знае за
постоењето на таа жена, напросто затоа што го одбегнувате, да ве претпочита
пред сите оние што самите се нудат и да се приврзе кон вас.
„Кога веќе ја спомнавме собата, би требало наскоро да се потрудиме околу
вашиот собен фустан од Фортини“, ѝ реков на Албертина. А пак за неа, што
одамна ги сакаше, што со мене долго ги избираше, што им чуваше место не само
во своите ормани, туку и во своите мечти, а за да се определи помеѓу толкуте
други, долго им ја испитуваше секоја подробност, тоа секако ќе биде нешто
повеќе одошто за некоја и премногу богата жена, која има повеќе фустани
одошто сака, па дури и не ги гледа. Меѓутоа, и покрај насмевката со која
Албертина ми заблагодари велејќи: „Вие сте и премногу добар“, забележав
колку изгледа уморно, дури тажно. Понекогаш дури, чекајќи да ги довршат оние
што таа ги сакаше, ќе побарав да ми позајмат некоја од нив, еднипати дури и
само ткаенините, па во нив ја облекував Албертина, ја завиткував во нив, а таа
шеташе по мојата соба со величавост на дуждовица или на манекен. Само,
гледајќи ги тие фустани што ме потсетуваа на Венеција, ропството во Париз ми
стана уште потешко. На Албертина затворот секако потешко ѝ паѓаше одошто
мене. И, чудна работа, како можеше судбината, што ги преобразува луѓето, да
мине преку ѕидовите од нејзиниот затвор и да ја измени дури и во нејзината
сушност, па од девојката од Балбек да направи здодевна, покорна заробеничка.
Да, ѕидовите на затворот не го спречија продирот на тоа влијание; тие можеби
дури и доведоа до него. Тоа веќе не беше истата Албертина, зашто не јуреше без
престан на својот велосипед, како во Балбек, Албертина што не можеше да се

155
пронајде поради бројните мали плажи каде што одеше на спиење кај
пријателките, а каде што, впрочем, нејзините лаги ја правеа уште понедостапна;
зашто, затворена кај мене, кротка и осамена, таа веќе не беше она што беше во
Балбек, дури и кога можев да ја најдам, таа беше на плажата, тоа суштество што
бегаше, претпазливо и подмолно, чиешто присуство продолжуваше преку толку
многу состаноци што умееше вешто да ги скрие, поради кои ја сакав зашто ми
задаваа болка, суштество под чиешто студенило спрема другите и неговите
излитени одговори се чувствуваше состанокот од сношти и оној од утре, а
спрема мене презрение и лукавост. Бидејќи ветрот од морето не ѝ ја дуеше веќе
облеката, а особено бидејќи јас ѝ ги бев потсекол крилјата, таа престана да биде
Победа, стана тромава робинка од која сакав да се ослободам.
Тогаш, повеќе за да им го сменам текот на мислите одошто да почнам со
Албертина партија карти или дама, ќе ја замолев малу да ми посвири. Ке си
останев во постелата, а таа ќе отидеше да седне пред пијанолата, на другиот крај
од собата, пред полиците на библиотеката. Таа ќе избереше или сосема нови
творби или такви што веќе еднаш или двапати ми ги имаше свирено, зашто,
почнувајќи да ме запознава, знаеше дека не сакам да му посветувам внимание на
нешто што ми беше наполно непознато, за да можам, во текот на тие
последователни изведби, да ги поврзувам едни со други, благодарение на сѐ
посилната, иако (ева!) изопачувачка, туѓа светлина на мојот разум, делумните и
испрекршени црти на градбата, што отпрво беше речиси наполно потоната в
магла. Таа ја познаваше, а верувам и ја сфаќаше радоста што на мојот дух му ја
носеше за прв пат таа работа врз обликувањето една сѐ уште безоблична
маглина. А додека свиреше, од богатата коса на Албертина можев да видам само
еден кок од црна коса во вид на срце, поместен по должината на увото како јазол
од некаква инфантка од Веласкез. Исто како што зафатнината на тој музички
ангел беше сочинета од многукратни потези помеѓу различните точки на
минатото, кои сеќавањето на него ги заземаше во мене и различните сеништа на
тоа сеќавање, почнувајќи од видот до највнатрешните сетила на моето битие,
што ми помагаа да се нурнам во длабочините на нејзиното, и музиката што ја
свиреше имаше зафатнина, која ја создаваше нееднаквата видливост на
различните фрази, веќе според тоа дали повеќе или помалу успевав во нив да
внесам светлина и да ги сврзам едни со други линиите на една градба што
отпрвин ми се гледаше речиси целата потоната во магла. Албертина знаеше дека
ми причинува задоволство нудејќи ѝ на мојата мисла само нешта што сѐ уште
беа нејасни, како и обликувањето на тие маглини. Насетуваше дека при третата
или четвртата изведба, мојот разум, откако ги беше досегнал, па оттаму и
поставил на исто отстојание, сите делови, па немајќи веќе што да прави со нив,

156
заемно ги беше спрострел и зграгорил врз некакво еднообразно рамниште. Таа,
меѓутоа, сѐ уште не минуваше врз некоја нова творба, зашто, можеби и без да
биде свесна за она што се случуваше во мене, знаеше дека во моментот кога
напорот на мојот разум ќе успееше да ја расветли мистеријата на некое дело,
многу ретко се случуваше тој, во текот на таа безделничка забава, да не дојде, за
возврат, и до оваа или онаа корисна мисла. А дента кога Албертина ќе речеше:
„Овој цилиндар ќе ѝ го дадеме на Франсоаз за да ни го замени за друг“, за мене
на светов несомнено ќе имаше една музичка творба помалу, но една вистина
повеќе.
Бев сосема свесен дека би било бессмислено да бидам љубоморен на
госпоѓица Вентеј и на нејзината пријателка, зашто Албертина воопшто не се
обидуваше одново да се види со нив, а од сите планови за летување што ги
правевме таа самата од себе го отфрли Комбре, што беше толку близу
Монжувен, така што често барав од Албертина да ми ја свири токму музиката на
Вентеј, без тоа да ми задава болка. За мене таа музика на Вентеј само еднаш
беше посредна причина за љубомора. Имено, една вечер Албертина, која знаеше
дека сум чул како Морел ја свирел кај госпоѓа Вердирен, ми зборуваше за него
пројавувајќи жива желба да оди да го слуша и да го запознае. Тоа беше токму по
два дена откако дознав за писмото на Леа до Морел, што не сакајќи го беше
фатил господин де Шарли. Се прашував дали Леа не ѝ зборувала за него на
Албертина. Со ужас ми се вратија во сеќавањето зборовите „гнаса низаедна“,
„развратничка низаедна“. Но, токму затоа што музиката на Вентеј така болно
беше поврзана со Леа - а не за госпоѓица Вентеј и за нејзината пријателка -, кога
се смири болката што ми ја зададе Леа, можев да ја слушам таа музика без да
страдам; едно зло ме излечи од можноста од други. Во музиката што ја слушав
кај госпоѓа Вердирен, некои незабележани фрази, нејасни, тогаш
непрепознатливи никулци, стануваа блескава архитектура; додека пак некои
стануваа пријателки, што одвај ги бев забележал и што во најдобар случај ми се
видоа грди, па за нив никогаш немаше да поверувам, како за оние отпрвин
антипатични луѓе, дека се такви какви што ќе откриеме дека се кога еднаш убаво
ќе ги запознаеме. Помеѓу двете состојби дојде до вистинска преобразба. Од
друга страна, некои фрази што беа забележливи првиот пат, но што тогаш не ги
бев препознал таму, сега ги поистоветував со фрази од други дела, како фразата
од Религиозната варијација за оргули што кај госпоѓа Вердирен не ја забележав
во септетот, каде што, меѓутоа, како светица која слегла по скалилата на
светилиштето, се измеша со самовилите што му биле блиски на музичарот. Од
друга страна, фразата што не ми се виде кој знае колку мелодична, а и премногу
механички ритмувана со тетеравата радост на пладневните ѕвона, сега беше

157
токму онаа што најмногу ја сакав, било затоа што свикнав на нејзината грдост,
било затоа што ѝ ја открив убавината. Инаку, таа реакција на разочарувањето
што отпрвин го предизвикуваат ремек-делата, можеме да му ја припишеме или
на слабеењето на првичниот впечаток или на напорот потребен за да се уочи
вистината. Две хипотези што се поставуваат во врска со сите значајни прашања,
прашањата на реалноста на Уметноста и на Реалноста, Вечноста на душата:
треба да се направи избор помеѓу нив; а што се однесува до музиката на Вентеј,
тој избор се поставуваше во секој миг во многу форми. На пример, таа музика
ми изгледаше како нешто што е повистинито од сите книги што ги знаев. На
моменти мислев дека тоа се должи на она што сме го почувствувале во животот,
со тоа што неговиот книжевен, то ест разумен, израз, бидејќи не е дадено во вид
на идеи, известува за него, го објаснува, го анализира, но не го преобразува
одново како што прави музиката, во која звуците како да го преземаат гласот на
едно живо суштество со сите негови преливи, како да ја репродуцираат онаа
внатрешна, крајна точка на чувствата, која е делот што во нас го предизвикува
она специфично пијанство, што го чувствуваме одвреме навреме, а со кое, кога
велиме: „Што убаво време! што убаво сонце!“ воопшто не го запознаваме
нашиот ближен, кај кого истото сонце и истото време будат сосема поинакви
треперења. Така и во музиката на Вентеј имаше од оние визии што е
невозможно да се изразат, а речиси забрането да се посматраат, бидејќи, токму
кога, во моментот на заспивањето, ќе го почувствуваме галежот на нивната
нестварна магија, во тој ист момент, кога разумот веќе нѐ напуштил, очите се
склопуваат и, пред да имаме време да го запознаеме не само неискажливото,
туку и невидливото, ние заспиваме. Кога ѝ се препуштав на хипотезата според
која уметноста би била реална, ми се чинеше дека музиката може да изрази дури
и нешто повеќе од едноставната нервна радост поради убавото време или
поради некаква ноќ на опиеност со опиум, едно пореално, поплодоносно
пијанство, барем како што јас претчувствував. Само, не е можно една скулптура,
една музика, што во нас буди чувство за кое сме свесни дека е повозвишено,
почисто, повистинито, да не одговара на извесна духовна реалност, зашто тогаш
животот би немал никаква смисла. Така, ништо не прилега повеќе одошто
некоја убава фраза од Вентеј на она посебно задоволство што понекогаш ќе го
почувствував во животот, на пример, пред камбанариите на Мартенвил, пред
извесни дрвја од еден пат во Балбек или поедноставно, на почетокот од ова дело,
пиејќи извесна шолја чај. Како и таа шолја чај, толку многу светлосни осети,
јасни ромони и вревливи бои што Вентеј ни ги испраќаше од светот во кој
компонираше, мавтајќи пред мојата вообразба, со настојчивост, но и премногу
бргу за таа да можеше да го сфати, со нешто што можев да го споредам со

158
миризливата свила на гераниум. Само, додека таа нејасна работа во сеќавањето
може ако не да се продлабочи тоа барем да се прецизира благодарение на некој
сплет од околности што објаснуваат зошто извесен вкус можел да ве потсети на
светлосни осети, дотогаш за нејасните осети што ги предава Вентеј, кои идеа не
од некакво сеќавање, туку од некаков впечаток (како оној од камбанариите на
Мартенвил), за таа пријатна миризба на гераниум на неговата музика би требало
да се пронајде не некакво материјално објаснение, туку длабок еквивалент,
непознатата, разнобојна свеченост (од која неговите дела изгледаат како
разделени фрагменти, иверки со светлоцрвени пукнатинки), начин на кој тој го
„чул“ универзумот и го проицирал надвор од себе. Повеќе одошто содржината
на самото дело, можеби тој непознат квалитет на еден единствен свет, што
ниеден друг музичар никогаш не ни го прикажал, ѝ велев на Албертина, е
најавтентичниот доказ на генијалноста. „Дури и во литературата? ме прашуваше
Албертина. - Дури и во литературата“. А потсетувајќи се на монотонијата на
делата од Вентеј, ѝ објаснував на Албертина дека големите книжевници
никогаш не создале повеќе од едно единствено дело, или, поточно речено, низ
различни средини прекршувале една иста убавина што му ја носат на светот. „Да
не е толку доцна, малечка моја, ѝ велев, би ви го покажал тоа кај сите писатели
што ги читате додека јас спијам, би ви го покажал истиот идентитет како и кај
Вентеј. Тие типични фрази, што почнувате да ги разликувате како и јас, мала
моја Албертино, истите и во сонатата и во септетот и во другите дела, тоа, ако
сакате, би било, на пример, кај Бербе д’Оревили, некоја скриена реалност што ја
открива некаква материјална трага, физиолошкото црвенило на Маѓепсаната, на
Еме де Спан, на Клотовата, раката во Темноцрвената завеса, старинските
манири, старинските обичаи, старинските зборови, старите, необични занаети
зад кои стои Минатото, усното предание на пастирите во огледалото20*,
благородните миризливи нормандиски градови на Англија, убави како шкотско
село, фрлачи на клетви на кои никој ништо не им може, Велиниевата, овчарот,
ист осет на немир во некаков крај, било да се работи за жената што си го бара
мажот во Стара љубовница, или за мажот од Маѓепсаната, што ја обиколува
ледината и за самата Маѓепсана на излегување од мисата. А и онаа
каменорезачка геометрија во романите на Томас Харди е нешто како типичните
фрази на Вентеј“.
Фразите на Вентеј ме потсетија на мала фраза и јас ѝ реков на Албертина дека

Алузија на една сцена од Маѓепсаната во која овчарот призива некакво ужасно привидение со
20 *

помош на своето огледало (заб. на преведувачот).

159
таа беше нешто како национална химна на љубовта на Сван и Одета,
„родителите на Жилберта, што, верувам, ја познавате. Ми рековте дека има
лоши склоности. Не се обиде ли таа да има односи со вас? Таа ми зборуваше за
вас. - Да, кога ќе беше ептен лошо време нејзините родители испраќаа кола по
неа, па, ми се чини дека еднаш се врати дома и ме бакна“, рече таа по некое
време, смеејќи се небаре ми доверува нешто смешно. „Наеднаш ме праша дали
ги сакам жените“. (Но, ако само ѝ се чинеше дека се сеќава оти Жилберта ја
вратила дома, како можеше да каже со толкава точност дека Жилберта ѝ го
поставила тоа чудно прашање?) „Не знам ни што ми текна да фатам да ја
мавтосувам, па ѝ одговорив со да“. (Би се рекло дека Албертина се плашеше оти
Жилберта тоа ми го раскажала, па не сакаше да видам дека ме лаже.) „Но, не
сторивме ништо. (Беше чудно да не сторат ништо, ако веќе заемно си се
довериле, особено што пред тоа, според зборовите на Албертина, се бакнале во
колата.) „Така ме враќаше дома четири-пет пати, можеби и повеќе, и тоа беше
сѐ“. Ми беше мошне тешко да не ѝ поставам никакво прашање, но, совладувајќи
се за да изгледа дека на сето тоа не му придавам никакво значење, се вратив на
каменоресците на Томас Харди. „Секако се сеќавате на Мрачниот Јуда, а сте ги
виделе и во Љубимицата, камените блокови што таткото ги вади на островот, а
кои, пренесени со бродови, се трупаат во работилницата на синот и стануваат
кипови; во Сините очи паралелизмот на гробовите, а и паралелната линија на
бродот, како и блиските вагони во кои се двајцата вљубени и умрената,
паралелизмот помеѓу
Љубимицата, каде што човекот сака три жени, Сините очи, во кои жената
сака тројца мажи, итн., и, конечно, сите оние романи што можат да се наредат
едноврздруго како куќи вертикално натрупани нагоре врз каменитата почва на
островот? Не можам да ви зборувам туку-така за една минута за најголемите, но
кај Стендал би забележале извесно чувство за висина поврзано за духовниот
живот, издигнатото место каде што е затворен Жилиен Сорел, кулата на чијшто
врв е затворен Фабрис, камбанаријата каде што опатот Бланес се занимава со
астрологија и од каде што Фабрис има толку убав поглед. Ми рековте дека сте
виделе некои слики на Вер Мер, секако забележавте дека се тоа фрагменти од
еден ист свет, дека тоа е секогаш, колкава и да е генијалноста со која е
пресоздадена, истата маса, истиот ќилим, истата жена, истата нова и единствена
убавина, енигма на времето во кое ништо не личеше на неа ниту пак ја
објаснува, доколку човек не се обидува во неа да открие содржински сличности,
туку од неа да го извлече особениот впечаток што произлегува од бојата. Е па,
таа нова убавина, си останува истоветна во сите дела на Достоевски: зарем
жената на Достоевски (исто толку особена како и некоја жена на Рембрант), со

160
своето таинствено лице чија умилна убавина, небаре си играла комедија со
добрината, наеднаш се менува во страшна дрскост (иако, всушност, изгледа
дека е пред сѐ добра), не е везден иста, сеедно дали е Настасја Филиповна што ѝ
пишува љубовни писма на Аглаја, признавајќи ѝ дека ја мрази, или, во една
посета наполно истоветна со оваа - и на онаа во која Настасја Павловна ги
навредува родителите на Гања - Грушењка, исто толку љубезна кај Катарина
Ивановна колку што оваа ја сметаше за ужасна, сетне одненадеж откривајќи си
ја лошотијата, навредувајќи ја Катерина Ивановна (иако Грушењка, всушност,
беше добра)? Грушењка, Настасја, ликови исто толку оригинални, исто толку
таинствени не само како куртизаните на Карпачо, туку и како Бетсабеја на
Рембрант. Притоа, внимавајте, тој секако не го познавал само тоа блескаво,
двојно лице, врз кое ненадејно ослабнува гордоста, поради која жената изгледа
поинаква одошто е („Ти не си таква“, ѝ вели Мишкин на Настасја за време на
посетата кај родителите на Гања, а Аљоша би можел тоа да ѝ го каже на
Грушењка за време на посетата кај Катерина Ивановна). А, за возврат, кога сака
да прикаже „сликовити идеи“, тие секогаш се глупави и во најдобар случај би ги
дале сликите на кои Мункаши би сакал да претстави некој осуденик на смрт во
моментот кога итн., Света Богородица во моментот кога итн. Но, да се вратиме
на таа нова убавина што Достоевски му ја донесе на светот, како што Вер Мер
создава определена душа, определена боја на ткаенините и на местата, ни
Достоевски не создава само ликови, туку и живеалишта, а зарем куќата на
Убиството во Злосторот и казната, со својот дворник, не е исто толку чудесна
како и ремек-делото на куќата на Убиството кај Достоевски, онаа мрачна и
толку долга и толку висока и толку пространа куќа на Рогожин во кој тој ја
убива Настасја Филиповна? Таа нова и страшна убавина на една куќа, таа нова,
сложена убавина на едно женско лице, ете што е тоа единствено што Достоевски
му го донесе на светот, а споредбите кои литерарните критичари можат да ги
прават помеѓу него и Гогољ, или помеѓу него и Пол де Кок, немаат никакво
значење, бидејќи стојат надвор од таа скриена убавина. Впрочем, ако ти реков
дека една иста сцена се повторува од роман до друг роман, така и во рамките на
еден ист роман, ако е мошне долг, се повторуваат истите сцени, истите
личности. Ова би можел многу лесно да ти го покажам во Војната и Мирот со
определени сцени во кола... - Не сакав да ве прекинувам, но бидејќи гледам дека
го напуштате Достоевски, се плашам да не заборавам. Малечок мој, што сакавте
да кажете некни кога ми рековте: ‘Тоа е нешто како нишката на Достоевски кај
госпоѓа де Севиње’. Признавам дека не ве сфатив. Тие ми изгледаат толку
различни. - Дојдете, девојченце, да ве бакнам за да ви заблагодарам што толку
убаво се сеќавате за она што сум го рекол, после ќе ѝ се вратите на пијанолата. А

161
јас пак признавам дека тоа што сум го рекол е доста глупаво. Но, тоа го реков од
две причини. Првата е една посебна причина. Се случува госпоѓа де Севиње,
како и Елстир, како и Достоевски, наместо да ги прикаже работите по логичен
редослед, да ни ја покаже првин последицата, илузијата што ни бие в очи. Токму
така и Достоевски ги прикажува своите личности. Нивните постапки ни
изгледаат исто толку невистинити како и ефектите на Елстир, кога изгледа
небаре морето е на небото. После толку многу се чудиме што тој подмолен
човек во основата е извонреден или обратно. - Да, само кажете ми еден пример
за госпоѓа де Севиње. - Признавам, ѝ одговорив смеејќи се, дека е тоа и
премногу неприродно, но, најпосле, би можел и да најдам примери. Еве еден
пример...21*
- Само, дали Достоевски некогаш убил некого? Сите негови романи што ги
знам би можеле да се наречат Историјата на еден Злостор. Тоа кај него е
опсесија, не е природно везден да зборува за тоа. - Не верувам, малечка моја
Албертино, слабо му го познавам животот. Сигурно е дека, како и сите луѓе, го
запознал гревот, во ваков или инаков вид, а веројатно и во облик што законите
го забрануваат. Во таа смисла секако бил малу злосторник, како и неговите
јунаци, кои, впрочем, и не се тоа во целост, а ги осудуваме под олеснителни
околности. А можеби дури и не морал да биде злосторник. Јас не сум романсиер,
можно е творците да ги привлекуваат извесни облици на живот што лично не ги
искусиле. Ако дојдам со вас во Версај, како што се договоривме, ќе ви го
покажам портретот на еден чесен та пречесен човек, најдобриот од сите мажи,
Шодерло де Лакло, кој ја напишал најгрозната настрана книга меѓу книгите,
додека токму спроти него виси портретот на госпоѓа де Жанлис, која пишувала
морални раскази, а не ѝ било доста да ја мами војвотката д’Орлеан, туку ја
мачела отуѓувајќи ги нејзините деца од неа. Јас сепак признавам дека тоа
преголемо занимавање со убиството кај Достоевски има нешто необично,
поради што ми е мошне туѓ. Мене веќе ме вџасува кога го слушам Бодлер како
вели:
Ако отров, кама, пожар и насилство в навал...
Значи - во душата наша нема смелост, завал!22*
Но, барем можам да верувам дека Бодлер не е искрен. Додека Достоевски...
Сето тоа ми изгледа далеку, да не може да биде подалеку од мене, освен ако во

21* Пруст тука не го дал неприродниот пример, оставајќи празно место во ракописот, но го дал во
„В сенка на расцутените девојки“ втор том (свеска 4), стр. 18 (заб. на преведувачот).
22* Шарл Бодлер, Цвеќињата на злото (препев на Влада Урошевиќ), Матица македонска 2000 (заб

на преведувачот).

162
себе имам делови за кои и не знам, зашто човек се остварува себеси само
постепено. Кај Достоевски наоѓам страшно длабоки јами, но во врска со неколку
изолирани точки на човечката душа. Но, тоа е голем творец. Пред сѐ, светот што
го слика навистина изгледа како создаден за него. Сите тие шутови што без
престан се враќаат, сите тие Лебедеви, Карамазови, Иволгини, Сегреви, таа
неверојатна низа, тоа е пофантастичен свет од оној со кој е исполнета Ноќната
стража на Рембрант. А можеби е фантастичен само на ист начин, поради
осветлението и костимите, а инаку е обичен. Во секој случај, тој е едновремено
полн со длабоки и единствени вистини, што му припаѓаат само на Достоевски.
Тие шутови, се чинат безмалу како улоги што веќе не постојат, како извесни
личности од античката комедија, а сепак, како само откриваат вистински страни
на човечката душа! Она што мене ми е здодевно, тоа е свечениот начин на кој се
зборува и на кој се пишува ча Достоевски. Сте ја забележале ли улогата што ја
играат самољубието и горделивоста кај неговите личности? Би се рекло дека за
него љубовта и највилната омраза, добрината и предавството, срамежливоста и
дрскоста, се само две состојби на една иста природа, зашто самољубието,
горделивоста ги спречува Аглаја, Настасја, капетанот што Митја го влече за
брадата, Красоткин, пријател-непријател на Аљоша, да се покажат „онакви“
какви што се навистина. Но, има уште полно други големини. Познати ми се
малу од неговите книги. Но зарем злосторот на стариот Карамазов, од кого
затруднела една луда девојка, не е вајарски и едноставен мотив, достоен за
најдревната уметност, прекинат па продолжен фриз врз кој се прикажани
Одмаздата и Окајувањето, таинствениот, животински, необјаснив нагон поради
кој мајката, што и без да знае е орудие за одмазда на судбината, покорувајќи му
се исто толку несвесно на својот мајчински инстинкт, а можеби и на некаква
мешаница од омраза и телесна благодарност за силувачот, оди да се породи кај
стариот Карамазов? Ова, ова е првата епизода, таинствена, голема, возвишена,
како што е создавањето на Жената на скулптурите во Орвието. А, како реплика,
втората епизода, по повеќе од дваесет години, убиството на стариот Карамазов,
петното што врз семејството Карамазови го фрла синот на лудата девојка,
Смердјаков, по која, малу подоцна, следи исто толку таинствено скулптурален и
необјаснив чин, со исто толку мрачна и природна убавина како и породувањето
во градината на стариот Карамазов, кога Смердјаков, по извршувањето на
злосторот, се беси. Што се однесува до Достоевски, јас и не се оддалечив од него
толку колку што мислите заборувајќи за Толстој, кој многу го имитираше. А кај
Достоевски има, иако збиено, сѐ уште во грч и недоречено, многу од она што ќе
расцути кај Толстој. Кај Достоевски го има тоа прерано незадоволство на
примитивците во кое учениците ќе внесат ведрина.

163
- Малечок мој, колку е тажно што сте толку мрзлив. Гледајте, вие
литературата ја набљудувате на многу поинтересен начин одошто ни ја предаваа
нам; терајќи нѐ да пишуваме задачи за Естира во стилот: ’Господине’, се
сеќавате ли“, ми рече таа смеејќи се, не толку за да се мајтапи со своите учители
и со самата себеси, колку поради задоволството што во своето сеќавање, во
нашето заедничко сеќавање, пронашла еден веќе по малу стар спомен.
Но, додека таа ми зборуваше, а јас мислев на Вентеј, се сетив на втората,
материјалистичката хипотеза, онаа за ништожноста. Пак фатив да се сомневам,
си велев, дека, на крајот од краиштата, ако можеби фразите на Вентеј и
изгледаат израз на определени состојби на душата - слични на оние што јас ги
доживеав вкусувајќи ја мадлената натопена во шолја чај - ништо не ми докажува
дека неопределеноста на тие состојби е знак на нивната длабочина, туку само на
тоа дека сѐ уште не сме успеале да ги подложиме на анализа, што значи дека во
нив не би имало ништо пореално одошто во другите. Таа среќа, меѓутоа, тоа
чувство на сигурност во среќата, додека ја пиев шолјата чај, додека на
Шанз-Елизе вдишував миризба на стари дрвја, не беше илузија. Како и да е, ми
велеше духот на сомнението, дури и ако тие состојби во животот се подлабоки
од другите, а токму поради тоа и не можат да се анализираат, зашто ставаат во
игра и премногу сили за кои сѐ уште не сме свесни, омајот на извесни фрази на
Вентеј потсетува на нив зашто ни тој не може да се анализира, иако тоа не
докажува дека е исто толку длабок. Убавината на една чисто музичка фраза
лесно може да изгледа како слика или барем како сродник на некој наш
интелектуален впечаток, но напросто затоа што самата е неинтелектуална. Па
зошто тогаш веруваме дека се особено длабоки тие таинствени фрази што често
се јавуваат во извесни квартети и во тој „концерт“ на Вентеј? Впрочем,
Албертина и не ми свиреше само музика од него; за нас пијанолата на моменти
беше како некаква научна (историско-географска) волшебна ламба, а јас врз
ѕидовите од таа париска соба, опремена со помодерни изуми од онаа во Комбре,
гледав, зависно од тоа дали Албертина го свиреше Рамо или Бородин, како пред
мене се шири де некаква таписерија од XVIII век, посеана со Амори врз заднина
од рози, де ориентална степа во која звуците се губат во беспределноста на
растојанијата и мекоста на снегот. А тие бегли украси беа, инаку, единствените
во мојата соба, зашто, иако во моментот кога ја наследив тетка Леони, си ветив
дека ќе правам колекции како Сван, дека ќе купувам слики, статуи, сите мои
пари одеа на коњи, на автомобилот, на тоалетите за Албертина. Но, зарем мојата
соба не содржеше едно уметничко дело подрагоцено од сите нив? Тоа беше
самата Албертина. Ја гледав. За мене беше чудно дури и да мислам дека е тоа
таа, онаа за која толку долго верував дека е невозможно дури и да се запознае, а

164
што денес, како припитомено диво животно, како розово стебло што сум го
потпрел со притка, рамка, облегало за неговиот живот, седеше така, катаден,
како дома, крај мене, пред пијанолата, потпрена со грбот врз мојата библиотека.
Рамениците, што ги гледав спуштени и подвиткани кога ги враќаше палиците за
голф, ѝ се потпираа врз моите книги. Нејзините убави нозе, за кои уште првиот
ден со право си замислував дека сета своја младост вртеле педали на велосипед,
наизменично се креваа и спуштаа врз педалите на пијанолата, врз кои
Албертина, која стана толку елегантна што уште повеќе ја чувствував како
своја, зашто тоа беше мое дело, ги ставаше своите чевли од позлатена ткаенина.
Нејзините прсти, некогаш свикнати на гиданот, сега се спуштаа врз клавишите
како прстите на света Цецилија; нејзиниот врат кој, гледан од мојата постела,
беше полн и цврст, а, на тоа растојание и под светлината на ламбата, се чинеше
уште порозов, но сепак не толку розов како нејзиното лице наведнато во
профил, на кое моите погледи, идејќи од моите длабочини, полни со спомени и
страсни желби, му придодаваа толкав сјај, толкава животна сила што неговиот
релјеф како да се издигаше и вртеше со истата онаа безмалу волшебна сила како
и дента во хотелот во Балбек, кога видот ми се замати од ламтежот да ја бакнам;
секоја негова површина ја продолжував и преку она што од него можев да го
видам и под онаа што го криеше од мене, па поради тоа уште подобро го
чувствував - клепките што ги подзатвораа очите, косите што го криеја горниот
дел од образите - релјефот на тие надредени планови; очите кои, како опал в
руда со која сѐ уште е обвиткан, а измазнет само на две места, поблескави од
металот, а поцврсти од светлината, се појавуваат среде слепата материја што ги
опкружува, небаре бледолилави свилени крилја на пеперуга што ја ставиле под
стакло; а косите, црни и кадрави, прикажувајќи различни нешта, веќе според тоа
како ќе се свртеше кон мене за да ме праша што да свири, ту прекрасно крило,
шилесто на врвот, а широко во основата, црно и триаглесто како перце, ту
собирајќи го релјефот на своите локни во моќен и разнообразен синџир, полн со
красти, вододелници, бездни, со својот толку богат, многукратен сплет што како
да ја надминуваше разнообразноста која обично се создава во природата и
повеќе им одговараше на желбите на некој скулптор што трупа тешкотии за да
дојде до израз свитливоста, устремот, мекоста, живоста на неговата изведба,
истакнувајќи ја уште повеќе, прекинувајќи ја за повторно да ја покрие,
оживеаната крива линија и нешто како ротацијата на мазното и румено лице од
обоено дрво премачкано со матен лак. А како контраст со таа толкава
релјефност, а и како услуп што ги обединуваше со неа, приспособувајќи си го
ставот спрема нивниот облик и нивната намена - пијанолата, која наполу ја
сокриваше, небаре орман за оргули, библиотеката и целото тоа катче од собата,

165
како да беше сведена само на тоа да биде осветлено светилиште, јасли на тој
ангел свирач, на тоа уметнички дело што, за некој миг, со помош на некаква
слатка магија, ќе се ослободи од својата ниша и својата скапоцена, румена
супстанција ќе им ја подаде на моите бакнежи. Само не; Албертина за мене во
никој случај не беше уметничко дело. Знаев што е тоа восхит спрема жена на
уметнички начин - го познавав Сван. Впрочем, јас самиот, за која жена и да се
работеше, бев некабожен за тоа, зашто немав никаква дарба за надворешно
набљудување и никогаш не знаев што е тоа што го гледам, така што и самиот бев
восхитен кога Сван отпосле, ќе фатеше да ѝ припишува некаква уметничка
величавост - споредувајќи ја пред мене, како што уживаше галантно да го прави
и пред неа, со некаков портрет на Луини, наоѓајќи во нејзината тоалета фустан и
накит од некаква слика на Ѓорѓоне - на некоја жена што ми се беше видела
беззначајна. Ништо слично кај мене. Дури, право да си кажам, кога ќе фатев да
ја гледам Албертина како чудесно патиниран ангел свирач, честитајќи си што го
поседувам, наскоро ќе станев рамнодушен спрема неа и ќе се досадував покрај
неа, иако тие мигови беа краткотрајни. Човек го сака само она во кое бара нешто
недостижно, го сака само она што не го поседува, а јас набргу ќе се свестев дека
не ја поседувам Албертина. Ќе видев како во очите ѝ минува де надеж, де
сеќавање, а можеби и жалење, за радости за кои јас и не слутев, од кои таа во
таков случај повеќе сакаше да се откаже одошто да ми ги каже, а од кои јас,
фаќајќи го само тој сјај во нејзините зеници, не забележував повеќе одошто
гледачот кого не го пуштиле во салата и кој, залепен за стакленото окно на
вратата, не може да забележи ништо од тоа што се случува на сцената. (Не знам
дали ова беше случај и со неа, само чудна работа е, како сведоштво кај оние што
во верата најмалу веруваат во доброто, таа истрајност во лагата на сите оние што
нѐ мамат. Попусто би било да им кажеме дека нивната лага повеќе нѐ боли
одошто признанието, попусто би било за тоа и самите да се свестат, зашто
набргу пак би фатиле да лажат за да останат доследни на она што отпрвин ни го
кажале за себе или на она што ни го кажале дека ние претставуваме за нив. Така
и некој атеист што го сака животот дозволува да го убијат за да не ја одрече
претставата што ја имаме за неговата храброст.) Еднипати, за време на тие
часови, ќе видев како околу неа, во нејзините погледи, во нејзиното муртење, во
нејзината насмевка се рее отсјајот на тие внатрешни глетки, чиешто
набљудување тие вечери ја правеше поинаква, оддалечена од мене, комушто тие
глетки му беа недостапни. „На што мислите, драга? - На ништо“. Понекогаш, за
да одговори на мојата замерка дека ништо не ми кажува, де ќе ми кажуваше
работи за кои не ѝ беше непознато дека ги знам како и сите (како оние
државници што нема да ви кажат ни најбеззначајна новост, а, напротив, ќе ви

166
зборуваат за она што сте можеле да го прочитате во синоќешните весници), де
ќе ми раскажуваше, без какви и да е подробности, небаре ми се доверува, за
прошетки на велосипед што ги правела во Балбек, една година пред да ме
запознае. И како што некогаш точно погодив, заклучувајќи за неа дека мора да
била мошне слободна девојка, која правела мошне долги излети, нејзиното
присетување на тие прошетки ќе ја измамеше врз усните на Албертина онаа иста
таинствена насмевка што ме заведе првите денови на насипот во Балбек. Ми
зборуваше и за прошетките што ги правела со пријателките по холандските
полиња, за своите враќања навечер во Амстердам, во доцните часови, кога
густата, весела толпа луѓе, кои безмалу сите ги познавала, ги исполнувала
улиците и бреговите на каналите, чиишто безбројни, бегли светла како да ги
гледав одразени во сјајните очи на Албертина, небаре во несигурните стакла на
некаква брза кола. Колку ли само божемната естетска љубопитност повеќе би
заслужувала да се нарече рамнодушност во споредба со болната, неуморна
љубопитност што ја чувствував за местата во кои живеела Албертина, за она
што можела да го прави навечер, за тоа како се усмевнувала и гледала, за
зборовите што ги кажувала, за бакнежите што ги добивала! Не, љубомората што
ја почувствував еден ден поради Сен-Лу, дури и да потраеше, никогаш немаше
да го разбуди во мене тој страшен немир. Љубовта помеѓу жените беше нешто и
премногу непознато и ништо не дозволуваше човек со сигурност, со точност да
си ги претстави нејзините задоволства, нејзината природа. Колку ли само луѓе,
колку ли места (дури и такви што не ја засегале непосредно, неопределени места
за задоволства, каде што и можела да ги вкуси, места каде што има многу луѓе,
каде што луѓето се туркаат) ми беше внела во срцето Албертина - како некој што
ќе внесе в театар цело друштво, пуштајќи го да мине покрај контролорот пред
себе - преку прагот на мојата фантазија или на моето сеќавање, каде што не им
обрнував никакво внимание! Сега моето познанство со нив беше внатрешно,
непосредно, грчовито, болно. Љубовта, тоа се простор и време за кои срцето
станало чувствително.
А можеби, сепак, да бев наполно верен, немаше да страдам поради
неверството што не ќе бев способен да го сфатам. Но, она што ме мачеше кога си
го замислував кај Албертина беше мојата сопствена вечна желба да им се
допаднам на нови жени, да почнам нови романи; да ѝ го припишам оној поглед
што, пред некој ден, не можев да се воздржам да го фрлам врз младите
велосипедистки наседнати околу масите во Булоњската шума. Како што постои
само спознавање по себе, може да се каже дека постои и само љубомора по себе.
Набљудувањето не значи многу. Сознанието и болката може да се извлече само
од задоволството што лично сме го почувствувале.

167
Одвреме навреме ќе почувствував како во очите на Албертина, во
ненадејното руменило на нејзиниот тен назорум минува некаква топлотна
молња во предели што ми беа уште понедостапни одошто небото, каде што се
одмотуваа сеќавањата на Албертина што ми беа непознати. Тогаш таа убавина
што од неодамна, мислејќи на низата години во кои ја познавав Албертина, било
на плажата во Балбек, било во Париз, ја наоѓав во неа, а која се состоеше во тоа
што мојата пријателка се протегаше врз толку многу рамништа, а во себе
содржеше толку многу изминати денови, таа убавина за мене стануваше нешто
што ме растргнува. Тогаш, под тоа лице што руменееше, чувствував како зјапа
неисцрпно пространа бездна од вечери во кои не сум ја познавал Албертина.
Верно, можев да ја седнам Албертина врз своите колена, да ѝ ја држам главата в
раце, можев да ја галам, долго долго да минувам со рацете по неа, само, небаре
превртувам камен кој во себе ја содржи соленоста на прастарите океани или
зракот на некаква ѕвезда, чувствував дека ја допирам само затворената обвивка
на едно суштество што со својата внатрешност ја досега вечноста. Колку само
страдав поради таа состојба на која нѐ осудила заборавноста на природата, која,
воспоставувајќи поделба на телата, и не помислила да овозможи проникнување
на душите! И ќе се свестев дека Албертина, дури ни за мене (зашто иако телото
ѝ беше во власт на моето, мислата ѝ бегаше од зафатот на мојата мисла) не беше
чудесната заробеничка со која си мислев дека ќе си го збогатам домот, криејќи
го во него толку совршено нејзиното присуство, дури и од оние што доаѓаа да ме
посетат и што не слутеа дека таа е во соседната соба, на крајот од ходникот, како
оној за кого никој на светот не знаел дека во едно шише држи затворена кинеска
принцеза; повикувајќи ме на брза, сурова и безизлезна потрага по минатото, таа
поскоро беше некаква голема божица на Времето. А ако поради неа требаше да
загубам многу години од животот, да си го загубам имотот, кога би можел да си
речам, што и не е сигурно, ева, дека во сето тоа таа не загубила ништо, немаше
за што да жалам. Осаменоста бездруго ќе беше подобра, поплодоносна, а не
толку болна. Но, да водев живот на колекционер, кој ми го советуваше Сван, а
господин де Шарли ми префрлаше што не го познавам, кога со смеса од
духовитост, безобразие и вкус ми рече: „Колку е грдо кај вас!“, кои статуи, кои
долго барани и најпосле освоени или дури, во најдобар случај, рамнодушно
набљудувани слики ќе ми овозможеа (како раничката која доста бргу зарасна, но
поради несвесната несмасност на Албертина, поради негрижата или поради
моите сопствени идеи, набргу пак се отвори) пристап до оној излез надвор од
себе, до онаа патека на личен сообраќај што води до големиот пат преку кој
минува она што ќе го запознаеме дури откако од него ќе настрадаме: животот на
другите?

168
Понекогаш беше толку убава месечина што одвај еден час откако Албертина
ќе си легнеше, одев до нејзината постела за да ѝ кажам да погледне преку
прозорецот. Сигурен сум дека поради тоа одев во нејзината соба, а не за да се
уверам дека е секако таму. Каква беше веројатноста да посака да избега оттаму?
Требаше да дојде до некаков неверојатен таен договор со Франсоаз. Во темната
соба не гледав ништо друго освен тенка дијадема од црни коси врз белината од
перницата. Но го слушав дишењето на Албертина. Сонот ѝ беше толку длабок
што се колебав да ѝ пријдам на постелата; ќе седнев на работ; сонот си
продолжуваше со истиот ромон. Невозможно е да се опише до кој степен ѝ беа
весели будењата. Ќе ја бакнев, ќе ја затресев. Веднаш ќе се разбудеше, па без
каков и да е премин, ќе брбнеше да се смее и ќе ми речеше, обвиткувајќи ми ги
рацете околу вратот: „Токму сега се прашував нема ли да дојдеш“ и сѐ посилно
нежно се смееше. Би се рекло дека во нејзината прелесна глава, додека спиеше,
немаше ништо друго освен веселост, нежност и смеа. А разбудувајќи ја, јас
само, како кога ќе се расече некаков плод, пуштав да бликне сокот што ја гасне
жедта.
Зимата, меѓутоа, се ближеше кон крајот; се врати убавото време, па често,
кога Албертина ќе дојдеше само за да ми пожела добра ноќ, додека мојата соба,
моите завеси и ѕидот над завесите беа сѐ уште сосема црни, во градината на
соседните калуѓерки ќе го чуев, богато и скапоцено во тишината како црковен
хармониум, извивањето на гласот на некаква непозната птица која на лидиски
начин веќе пееше утрена, внесувајќи ја во мојата темница богатата сјајна нотка
на сонцето што го гледаше. Ноќите наскоро се скусија, па и пред да настапат
некогашните утрински часови гледав како преку завесите од мојот прозорец
минува сѐ посилната секојдневна виделина на денот. Ако и се помирив со тоа да
ја оставам Албертина и натаму да води таков живот, во кој, и покрај нејзините
одрекувања, чувствував дека има впечаток оти е затвореничка, тоа беше само
затоа што секој ден бев сигурен дека утредента ќе можам едновремено и да
работам, да станувам, да излегувам, да подготвувам заминување на некаков
имот што ќе го купам, а и каде што Албертина ќе може послободно и без да ми
задава јадови да води живот во природа или на море, да плови или да лови, како
што ќе ѝ се допаѓа.
Само, утредента, тоа минато време што едноподруго го сакав и го мразев кај
Албертина (зашто, кога се работи за сегашноста, секој човек работи врз тоа, од
интерес, или од учтивост, или од сожалување, да исткае помеѓу себе и нас завеса
од лаги, која ние ќе ја прифатиме како стварност), отпосле се случуваше еден од
часовите што го сочинуваа, па дури и од оние за кои мислев дека ги познавам,
наеднаш да ми покаже некаква своја страна што никој и не се обидувал да ми ја

169
прикрие, а што беше сосема поинаква од онаа под која ми се беше појавила. Зад
ваквиот или онаков поглед, на местото од добронамерноста што некогаш ми се
чинеше дека во него ја гледам, се откриваше некаква дотогаш ненасетувана
желба, што отуѓуваше од мене по некој дел од срцето на Албертина за кое
верував дека се беше слеало со моето. На пример, кога Андреја во јули си отиде
од Балбек, Албертина никогаш не ми рече дека требало наскоро одново да се
сретне со неа; а мислам дека ја сретнала и порано одошто веруваше, зашто,
поради големата тага што ме обзеде во Балбек ноќта на 14 септември, таа се
жртвуваше за мене и не остана таму, туку веднаш се врати во Париз. Кога втаса,
на 15 септември, ја замолив да појде и да ја посети Андреја, па ѝ реков: „Беше ли
задоволна што одново ве гледа?“ Но сега, кога госпоѓа Бонтан дојде да ѝ донесе
нешто на Албертина, за миг се видов со неа и ѝ реков дека Албертина излезе со
Андреја: „Отидоа да прошетаат по полето. - Да, ми одговори госпоѓа Бонтан.
Албертина не е избирлива кога се во прашање полињата. Така, пред три години,
требаше секој ден да оди на Бит-Шомон“. На името Бит-Шомон, каде што
Албертина ми рече дека никогаш не била, за миг ми застана здивот. Стварноста
е највештиот непријател. Таа ги насочува своите напади врз онаа точка од
нашето срце каде што не сме ги очекувале и каде што не сме подготвиле
одбрана. Дали тогаш Албертина ја лажела тетка си, велејќи ѝ дека секој ден оди
на Бит-Шомон, или мене потоа, велејќи ми дека не го познава тоа место? „За
среќа, додаде госпоѓа Бонтан, таа кутра Андреја наскоро ќе замине во некаква
поздрава средина, во вистинска природа, што ѝ е многу потребно, зашто лошо
изгледа. Верно, летово не остана на свеж воздух колку што ѝ беше потребно.
Претставете си, таа си отиде од Балбек кон крајот на јули верувајќи дека ќе се
врати во септември, но не можеше бидејќи брат ѝ си го беше шинал коленото.
Значи, Албертина ја чекаше во Балбек, а тоа го криеше од мене! Верно, беше
дотолку пољубезно од неа што ми предложи да се врати. Освен ако... „Да, се
сеќавам дека Албертина ми зборуваше за тоа... (тоа не беше вистина). Кога тоа
се случила незгодата со братот? Сето тоа малу ми се измешало во главата. - Па,
во извесна смисла, токму на време, зашто еден ден подоцна ќе требаше да се
обнови закупот на вилата, па бабата на Андреја ќе мораше попусто да плати за
еден месец повеќе. Тој си ја скрши ногата на 14 септември, таа имала време на
15 изутрина да ѝ телеграфира на Албертина дека не доаѓа, а Албертина да ја
извести агенцијата. Еден ден подоцна, закупот ќе течеше до 15 октомври“. Така,
бездруго, кога Албертина, премислувајќи се, ми рече: „Да отпатуваме вечерва“,
она што таа го имала пред очи бил некој стан што јас не го знаев, тој на баба ѝ на
Андреја, каде што, откако ќе се вратиме, одново ќе си ја сретне пријателката, за
која, без јас на тоа и да помислам, веруваше дека наскоро одново ќе ја види во

170
Балбек. Јас тие толку љубезни зборови, да се врати со мене, што ги изрече во
спротивност со своето преѓешно упорно одбивање, настојував да ги припишам
на некаков пресврт во нејзиното добро срце. А тие просто напросто биле одраз
на една промена до која дошло во ситуација што не ја познаваме, а што е сета
тајна на промената на поведението на жените кои не нѐ сакаат. Тврдоглаво
одбиваат да се сретнат со нас утре, зашто се уморни, зашто дедо им бара да
вечераат кај него. „Па дојдете потоа“, настојуваме ние. „Тој обично ме задржува
до многу доцна. Можеби ќе ме испрати до дома“. А, всушност, имаат состанок
со некој што им се допаѓа. Одненадеж овој не е слободен. И тие доаѓаат да ни
кажат дека им е жал што ни скоривале јадови, па, откако го откачиле дедо си, ќе
останат со нас, зашто ништо друго не им е важно. Мораше да ги препознам тие
фрази во јазикот на кој ми зборуваше Албертина дента кога си заминував од
Балбек. Меѓутоа, можеби требаше не само да ги препознам, туку, за да ги
протолкувам, да се сетам на две посебни црти од карактерот на Албертина.
Тогаш се сетив на тие две црти од карактерот на Албертина, едната за да ме
утеши, другата за да ме натажи, зашто во сеќавањето наоѓаме сѐ и сешто: таа е
некој вид аптека, хемиска лабораторија, каде што напосоки ни паѓа под рака де
некаков лек за смирување, де некаков опасен отров. Првата црта, утешната,
беше навиката со една иста постапка да им угоди на повеќемина, многукратно
искорис тување на она што го правеше, што ѝ беше својствено на Албертина.
Беше сосема сообразно со нејзиниот карактер, враќајќи се во Париз (фактот што
Андреја немаше да се врати можеше да ѝ го направи непријатен натамошниот
престој во Балбек без тоа да значи дека не може без Андреја), од тоа единствено
патување да извлече прилика да трогне две лица што искрено ги сакаше: мене,
уверувајќи ме дека прави така за да не ме остави сам, за да не страдам, од
приврзаност кон мене, Андреја, убедувајќи ја дека, штом таа не доаѓала во
Балбек, нејзе веќе не ѝ се останувало тука ни час, дека со престојот
продолжувала само за да ја види, а овој миг лета кај неа. Значи, до заминувањето
на Албертина со мене навистина дојде толку непосредно, од една страна, по
мојот чемер, по мојата желба да се вратам во Париз, а, од друга страна, по
депешата на Андреја, што беше сосема природно Албертина и јас, заемно не
знаејќи, таа за мојот чемер, јас за нејзината депеша, да можеме да помислиме
дека заминувањето на Албертина е резултат од единствената причина што секој
од нас ја познаваше, со тоа што до него навистина дојде толку наскоро и толку
неочекувано. А во тој случај, јас уште и можев да верувам дека вистинската цел
на Албертина беше да ме придружува, со тоа што сепак не сакаше да ја
пропушти приликата да си ја заслужи и благодарноста на Андреја. Но, за жал,
јас речиси веднаш се сетив и на една друга црта од карактерот на Албертина, а

171
тоа беше нестрпливосга со која го грабаше неодолливото искушение за некакво
задоволство. Така, кога веќе реши да замине со мене, се сеќавав колку беше
нестрплива да стигне на возот, како го турна директорот, поради чиешто
настојување да нѐ задржи, можевме да го пропуштиме омнибусот, кревањето на
рамениците како таен знак за одбивање што ми го даде, а кој ме трогна, кога, во
вртимушката, господин де Камбремер нѐ праша дали не би можеле да го
одложиме заминувањето за едно осум дена. Да, она што таа во тој миг го имаше
на ум, она што неа ја правеше толку трескаво настроена да замине, она што беше
нестрплива да го види, беше ненаселениот стан кој еднаш го бев видел, а ѝ
припаѓаше на бабата од Андреја, раскошен стан доверен на чување на некаков
стар собар, сиот свртен кон југ, но толку празен, толку тих што изгледаше дека
сонцето става навлаки врз канабето, врз фотелјите по собите каде што
Албертина и Андреја бараа од чуварот, кој беше полн со почит, можеби наивен,
а можеби соучесник, да ги остави да се одморат.
Сега постојано ми беше пред очи, празен, со една постела или канабе, со една
добра душа или соучесник, каде што Албертина, секој пат со изглед на брзаница
и сериозност, одеше да се види со својата пријателка, која несомнено беше
дошла пред неа, зашто беше послободна. Дотогаш никогаш и не помислив на тој
стан, кој сега за мене имаше некаква ужасна убавина. Непознатото во животот
на другите е како и тоа во природата, секое научно откритие го присилува само
да се повлече, но не го поништува. Љубоморен човек ја фрла во очај онаа што ја
сака лишувајќи ја од илјадници беззначајни задоволства. Но оние што ѝ се
суштина на животот тие ги крие таму каде што, во моменти во кои на неговиот
разум му се чини дека е кој знае колку остроумен, а трети лица му даваат
најдобри можни совети, тој и не помислува да ги бара.
Но, најпосле, Андреа барем ќе си замине. Но, јас не сакав да ѝ дадам повод на
Албертина да ме презира поради тоа што таа и Андреја ме беа насамариле.
Само, порано или подоцна ќе ѝ го кажам. И така можеби ќе ја принудам да ми
зборува поискрено, покажувајќи ѝ дека сепак сум бил известен за работите што
ги криеше од мене. Но, сѐ уште не сакав да ѝ зборувам за тоа, првин затоа што,
толку бргу по посетата на тетка ѝ, ќе сфатеше откаде ми е информацијата, тој
извор ќе секнеше, а немаше да се плаши од други, непознати. Сетне и затоа што
не сакав да се излагам на опасност, сѐ додека не бидам наполно сигурен дека
Албертина ќе ја задржам колку што ќе сакам, и премногу да ја лутам, што би
можело да доведе до тоа да посака да ме напушти. Верно, и кога расудував, ја
барав вистината, ја предвидував иднината според нејзините зборови, кои
секогаш ги потврдуваа сите мои науми, искажуваа колку го сака тој живот, од
колку малу нешта ја лишува нејзината затвореност, јас не се сомневав дека таа

172
ќе остане засекогаш крај мене. Тоа дури ми пречеше, чувствував како ми бегаат
животот и вселената, кои сѐ уште не ги бев вкусил, во замена за една жена во
која веќе не можев да најдам ништо ново. Не можев да одам дури ни во
Венеција, каде што, додека лежев, и премногу ме мачеше стравот од можните
додворувања на некој гондолиер, на луѓето во хотелот, на венецијанките. Но
ако, напротив, расудував според другата хипотеза, онаа што се потпираше не
врз зборовите на Албертина, туку врз молчењето, погледите, црвенеењата,
муртењата, па дури и врз лутењата за кои ќе ми беше лесно да ѝ покажам дека се
без причина, а за кои повеќе сакав да изгледа дека не ги забележувам, тогаш си
велев дека тој живот ѝ е неподнослив, дека за сето време се чувствува лишена од
она што го сака и дека ми е пишано еден ден да ме напушти. А ако тоа го стори,
сѐ што сакав, беше да можам да го изберам моментот, момент кога тоа нема да
ми биде премногу мачно, а потем и во годишно време кога таа не ќе може да оди
во ниедно од оние места во кои си го претставував нејзиниот развратен живот,
ни во Амстердам, ни кај Андреја, ни кај госпоѓица Вентеј, со која одново ќе се
сретне неколку месеци подоцна. Но, дотогаш јас ќе се смирев и ќе бев
рамнодушен спрема тоа. Како и да е, за да мислам на тоа требаше да причекам
да се излекува малиот напад на старата бољка што го предизвика откривањето
на причините поради кои Албертина, само во рамките од неколку часа, не
сакаше да го напушти, а сетне сакаше веднаш да го напушти Балбек; требаше да
мине извесно време за да исчезнат симптомите, а тоа ќе се случи само така што
ќе слабеат, ако не дознам ништо ново, иако сега беа сѐ уште преостри за да не ја
направат уште помачна и потешка операцијата на раскинот, за која увидував
дека е неизбежна, но воопшто не и итна, а беше подобро да се изведе „на ладно“.
Јас бев господарот на тој избор на моментот; зашто ако посака да замине пред
јас да одлучам, во моментот во кој ќе ми соопшти дека ѝ е доста од таквиот
живот, сѐ уште ќе има време да се размисли како да ѝ се побијат наводите, да ѝ
се остави повеќе слобода, да ѝ се вети во догледно време некакво големо
задоволство, поради кое и самата ќе сака да причека, па дури, ако не би имал
друг излез освен преку нејзиното срце, да ѝ ја признам својата болка. Бев, значи,
сосема мирен во тој поглед, иако, инаку, во тоа и не бев кој знае колку логичен
со самиот себе. Зашто, во хипотезата во која не водев точна сметка за она што
таа го зборуваше и најавуваше, кога се работехне за нејзиното заминување јас
претпоставував дека таа однапред ќе ми ги каже своите причини, ќе ме пушти да
ги побивам и да ги победам.
Чувствував дека мојот живот со Албертина, од една страна, кога не бев
љубоморен, беше жива досада, од друга страна, кога бев љубоморен, жива мака.
Под претпоставка во него да имаше и среќа, таа не можеше да биде трајна. Во

173
истиот дух на мудрост што ме надахнуваше во Балбек, вечерта кога бевме
среќни по посетата кај госпоѓа де Камбремер, сакав да ја напуштам зашто знаев
дека со продолжувањето нема ништо да добијам. Само, сега сѐ уште си
замислував дека споменот што ќе го зачувам од неа ќе биде некој вид трепет,
продолжен со педал, од моментот на нашата разделба. Затоа ми беше важно да
изберам некој сладок миг, за тој да продолжи да трепери во мене. Не смеев да
бидам многу пребирлив, да чекам премногу, требаше да бидам мудар. Па сепак,
кога веќе толку многу чекав, ќе беше лудост да не умеам да почекам уште
неколку дена, додека не се појави таков прифатлив миг, подобро одошто да се
изложам на опасноста да видам како си оди со она исто негодување со кое
некогаш мама се оддалечуваше од мојата постела без да ми пожела добра ноќ
или кога се збогуваше од мене на железничка станица. За секој случај ги
умножував знаците на внимание што можев да ѝ ги направам. Што се однесува
до фустаните на Фортини, се бевме определиле за еден сино-златен со розова
постава, кој штотуку беше довршен. А сепак ги порачав и петте од кои со
жалење се откажа претпочитајќи ја оваа.
Меѓутоа, кога настапи пролетта, една вечер, откако минаа два месеца од она
што ми го кажа тетка ѝ, дозволив да ме понесе бесот. Тоа беше токму онаа вечер
кога Албертина за прв пат ја облече сино-златната роба од Фортини, која,
потсетувајќи ме на Венеција, ме натера уште повеќе да почувствувам што сѐ
жртвувам за Албертина, која за тоа воопшто не ми беше благодарна. Иако
никогаш не ја имав видено Венеција, јас за неа без престан сонував од оној
велигденски распуст што, уште како дете, требаше да го минам таму, а и уште
пред тоа, преку гравирите на Тицијан и фотографиите од фреските на Ѓото, што
Сван некогаш ми ги беше дал во Комбре. Робата од Фортини што таа вечер ја
носеше Албертина ми се виде како заводничка сенка на таа невидлива Венеција.
Беше сета опсипана со арапска орнаментика како и Венеција, како
венецијанските палати, прикриени како султаниите зад превез од камени
тантели, како подврзиите на Амброзијанската библиотека, како столбовите врз
кои ориенталните птици, што наизменично значат и смрт и живот, се огледуваат
во одблесокот на темносиниот штоф, кој, постепено, како што ми се лизгаше
погледот врз неа, се менуваше во светливо злато, преку оние исти преобразби
кои, пред гондолата што оди напред, ја менуваат во пламенен метал синевината
на Големиот Канал. А ракавите ѝ беа поставени со розово како цреша, толку
особена венецијанска боја, што ја викаат Тиеполово розово.
Во текот на денот на Франсоаз ѝ се откачи пред мене дека Албертина не е
задоволна со ништо, дека, кога ќе ѝ порачав дека ќе излезам со неа, или дека
нема да излезам, дека автомобилот ќе дојде да ја земе, или нема да дојде, таа

174
безмалу ги кревала рамениците и одвај учтиво одговарала. Таа вечер,
чувствувајќи дека е лошо расположена, додека мене ме раздразни првата
горештина, не можев да си го совладам гневот и ѝ забележав поради
неблагодарноста: „Да, може да прашате кого сакате, извикнав од сиот глас,
надвор од себе, може да ја прашате и Франсоаз, сите знаат“. Но веднаш ми текна
дека Албертина еднаш ми беше рекла колку страшен ѝ изгледам кога ќе се
разлутам, па на моја сметка ги изговори стиховите од Естира:
Да знаете само во каква возбуда ме фрли
тоа страшно чело што на мене се лути...
Ева! што храбро срце ќе беше тоа што без трепет
Може да ги поднесе молњите од очи што
ви светкаат?23*
Се засрамив од својата жестокост. Па, за да го поправам она што го сторив, а
тоа сепак да не биде пораз, туку тој мир со оружје в рака и натаму да влева страв,
иако едновремено ми се виде корисно да покажам дека не се плашам од раскин,
за да не ѝ падне нејзе таква мисла на памет: „Простете ми, малечка моја
Албертина, се срамам од својата жестокост, очаен сум поради неа. Ако веќе не
можеме да се разбираме, ако мора да се разделиме, тоа не смее да се случи вака,
тоа не би било достојно за нас. Ние ќе се разделиме, ако треба, но би сакал пред
сѐ понизно и од сѐ срце да ве замолам да ми простите“. За да го поправам тоа и
да се осигурам во нејзината намера да остане со мене уште некое време потем,
барем додека не си замине Андреја, што требаше да се случи за три недели, си
помислив дека би било добро уште утредента да ѝ најдам некакво задоволство,
поголемо од оние што досега ги имаше, и тоа на подолг рок; затоа, бидејќи
требаше да ја поправам непријатноста што ѝ ја предизвикав, можеби ќе биде
добро да го искористам моментот и да ѝ покажам дека подобро ѝ го познавам
животот одошто си мисли. Лошото расположение што ќе го почувствува уште
утре ќе го избришат моите љубезности, но опомената ќе ѝ остане во сеќавањето.
„Да, мала моја Албертина, простете ми што бев жесток. Јас и не сум толку
виновен колку што си мислите. Има пакосни луѓе што сакаат да нѐ скараат,
никогаш не сакав да ви зборувам за нив за да не ве тормозам, иако извесни
поткажувања понекогаш ме обезумуваат“. Па, сакајќи да го искористам тоа што
ќе можам да ѝ покажам дека сум во тек зошто отпатувала од Балбек: „Така, да
речеме, знаевте дека госпоѓица Вентеј треба да дојде кај Вердиренови

23*Г. Ефтим Клетников го направи препевот на овој стих од Естхер, II, VII, стих 647-648 и 651-652,
за што преведувачот од сѐ срце му благодари.

175
попладнето кога отидовте во Трокадеро“. Таа поцрвене. „Да, знаев. - Можете ли
да се заколнете дека тоа не беше за да немате повторно односи со неа? - Ама, се
разбира, дека можам да ви се заколнам. Само, зошто „повторно“? Никогаш и не
сум ги имала, ви се колнам“. Срцето ми се кинеше слушајќи ја Албертина како
ме лаже, како ја негира очигледноста што со своето црвенило и премногу јасно
ми ја призна. Ми беше мака од нејзината лажливост. Па сепак, со оглед на тоа
што таа содржеше и некаков протест на невиност, во која, и без да се свестам,
бев готов да поверувам, таа помалу ме заболе одошто нејзината искреност, кога,
прашувајќи ја: „Можете ли барем да ми се заколнете дека задоволството што
одново ќе се видите со госпоѓица Вентеј немаше никаков удел во вашата желба
да одите на тоа матине кај Вердиренови?“, ми одговори: „Не, во тоа не можам да
се заколнам. Ке ми беше големо задоволство повторно да се видам со госпоѓица
Вентеј“.
Една секунда пред тоа бев лут на неа што ги крие своите односи со госпоѓица
Вентеј, а сега ме сотре признавајќи ми дека би ѝ било задоволство да се види со
неа. Кога, на враќање откај Вердиренови, Албертина ми рече: „Не требаше ли да
биде кај нив госпоѓица Вентеј?“ таа ми ја врати сета болка докажувајќи дека
знаела за нејзиното доаѓање. Само, јас потоа секако вака сум расудувал: „Таа
знаела за нејзиното доаѓање, што за неа не претставувало никакво задоволство,
но, за ова не сакала да ми зборува зашто от- после секако сфатила дека она што
толку ме фрли во очај во Балбек, та помислив дури и на самоубиство, беше
токму откритието дека таа се познава со личност на толку лош глас како што е
госпоѓица Вентеј“. А сетне, еве ја приси- лена да ми признае дека тоа доаѓање ќе
ѝ претставувало задоволство. Впрочем, и само таинствениот начин на кој
сакаше да појде кај Вердиренови мораше да ми биде дово- лен доказ. Но јас на
тоа веќе и не мислев. Затоа, иако сега си велев: „Зошто признава само половина?
тоа е уште поглупаво одошто пакосно и жално“, бев толку сотрен што немав
храброст да инсистирам, не можејќи да играм улога на човек кој има в рака
некаков доказен материјал, па, за да си ја вратам предноста, побрзав да
преминам врз темата Андреја, што ќе ми дозволи да ја разгромам Албертина со
поразителното откритие за депешата на Андреја. „Гледајте, ѝ реков, сега ме
мачат и ме прогонуваат зборувајќи ми за вашите односи, овој пат со Андреја. -
Со Андреја??“ извикна таа. Лицето ѝ се вцрви од лутина. А од вчудоневиденост
или од желбата да изгледа зачудена очите ѝ се очиклија. „Прекрасно!! А може
ли да се знае кој ви ги изнакажал тие убавини? би можела да поразговарам со тие
личности? да дознам врз што ги темелат своите клевети? - Малечка моја
Албертина, не знам, тоа се анонимни, но од личности што вие можеби доста
лесно би ги откриле (за да ѝ покажам дека не се плашам оти ќе ги бара), зашто

176
мора добро да ве познаваат. Па сепак, последното, ви признавам (а ви го
наведувам токму тоа зашто се работи за дреболија, та во него и нема ништо
непријатно да се наведе), ме огорчи. Писмото ми кажуваше дека тоа што, дента
кога го напуштивме Балбек, вие првин сакавте да останете, а сетне да заминете,
било затоа што во меѓувреме сте примиле писмо од Андреја во кое ви кажувала
дека нема да дојде. - Многу добро знам дека Андреја ми пиша дека нема да
дојде, таа дури ми телеграфираше, не можам да ви ја покажам депешата зашто
не ја зачував, иако тоа и не беше тој ден, впрочем, само, дури и да беше тој ден,
зошто би ме засегало тоа дали Андреја ќе дојде во Балбек или не?“ „Зошто би ме
засегало“ беше доказ дека се лути и дека „тоа ја засегаше“; но не нужно и доказ
дека Албертина се вратила само од желбата да се види со Андреја. Секојпат кога
Албертина ќе видеше дека некоја од стварните или наводните причини за
некаква нејзина постапка ја открил некој кому таа му навела друга причина,
Албертина ќе збеснеше, дури и да беше тоа лицето поради кое тоа навистина и
го сторила. Дали Албертина веруваше дека тие известувања за тоа што прави таа
не ми ги испраќаат анонимни личности против мојата волја, туку дека јас алчно
ги барам, никако не можеше да се заклучи од зборовите што потоа ми ги кажа, а
со кои како да ја прифаќаше мојата верзија за анонимни писма, туку од
нејзиниот израз што зборуваше дека ми се лути мене, лутина што личеше само
на експлозија од нејзините претходни лоши настроенија, исто како што
шпионирањето во кое, под таа претпоставка, веруваше дека сум се впуштил
беше само исход од надзорот над сите нејзини дејности, во кој веќе одамна не се
сомневаше. Бесот ѝ се прошири и врз Андреја, па, бездруго велејќи си дека сега
нема да бидам мирен дури и кога ќе излегува со Андреја: „Инаку, Андреја ме
обезумува. Толку е здодевна. Утре пак ќе дојде. Не сакам веќе да излегувам со
неа. Ова можете да им го кажете на луѓето што ви рекле дека сум се вратила во
Париз заради неа. Ако ви кажам дека, и по толкуте години што ја познавам
Андреја, не би умеела да ви кажам како изгледа, толку малу сум ја загледувала!“
Првата година во Балбек, меѓутоа, ми беше рекла: „Андреја е прекрасна“.
Верно, ова не мораше да значи дека со неа имала љубовни односи, па дури ни јас
тогаш никогаш не ја бев чул да зборува поинаку освен со гнасење за сите односи
од таков вид. Но, зарем таа не можеше да се измени, дури и без да биде свесна
дека се изменила, не верувајќи дека нејзините игри со некоја пријателка се исто
што и неморалните односи, доста неопределени во нејзиниот дух, а кои ги
жигосуваше кај другите? Зарем тоа не беше можно, бидејќи до истава промена
дојде и во односите со мене, со мене чиишто бакнежи во Балбек ги одби со
толкаво негодување, за потем да ми ги дава секој ден, а јас се надевав дека ќе ми
ги дава уште долго време, дека ќе ми ги даде и за некој миг. „Ама, мила моја,

177
како си замислувате да им го кажам тоа кога не ги познавам?" Одговоров беше
толку силен што требаше да ги побие приговорите и сомнежите што ги видов
искристализирани во зениците на Албертина. Но, тие си останаа нечепнати;
замолчав, таа, меѓутоа, и натаму ме гледаше со она упорно внимание со кое го
гледаме оној што не завршил со зборувањето. Одново ја замолив да ми прости.
Ми одговори дека нема што да ми прости. Повторно стана мошне кротка. Но, ми
се виде дека под тажното, пропаднато лице ѝ се вообличи некаква тајна. Убаво
знаев дека нема да може да ме напушти без тоа да ми го навести; впрочем, тоа не
можеше ни да го посака (за осум дена требаше да ги проба новите фустани од
Фортини), ниту пак пристојно да го изведе, зашто мајка ми се враќаше кон
крајот од неделата, а и тетка ѝ. Зошто тогаш, иако беше невозможно да замине,
во повеќе наврати ѝ реков дека утре ќе излеземе заедно да ја видиме
венецијанската стакларија што сакав да ѝ ја подарам и зошто ми лекна кога ја
чув како вели дека се согласува? Кога дојде да ми пожела добра ноќ и да ја
бакнам, тоа не го стори како обично, туку се сврте и - одвај неколку мига откако
помислив на тоа задоволство што ми го правеше секоја вечер, а што во Балбек
ми го одби, не ми го возврати бакнежот. Небаре, скарана со мене, не сакаше да
ми го даде тој знак на нежност што подоцна можеше да ми се види како
преправање што ја одрекува караницата. Небаре си го сообразуваше
поведението со таа караница, но сепак со мера, било за да не ја навести, било
затоа што, прекинувајќи ги со мене своите плотни односи, сепак сакаше да ми
остане пријателка. Тогаш по втор пат ја бакнав, стискајќи ја врз срцето
блештукавата, позлатена синевина на Големиот Канал и птичјите двојки,
симболите на смртта и воскресението. Но таа и по втор пат, наместо да ми го
возврати бакнежот, се оддалечи со некој вид инстинктивна и зловесна
тврдоглавост на животни што ја чувствуваат смртта. Тоа претчувство, кое како
да го навестуваше, ме обзеде и мене и ме исполни со некој толку тегобен страв
што, кога Албертина дојде до вратата, немав храброст да ја пуштам да си оди и
ја викнав назад. „Албертина, ѝ реков, воопшто не ми се спие. Ако не ви се спие
ни вам, би можеле да останете уште малу, ако сакате, не настојувам, а особено
не сакам да ве заморувам“. Ми се чинеше дека, да можев да ја натерам да се
слече и да биде со мене во својата бела ношница, во која изгледаше уште
порумена, потопла, со која уште повеќе ми ги дразнеше сетилата, помирувањето
ќе беше поцелосно. Но, јас за миг се двоумев, зашто сината рамка на робата му
даваше на нејзиното лице некаква убавина, некакво осветлување, некакво небо
без кои ќе ми изгледаше потврда. Полека се врати, па со истото скршено, тажно
лице, ми рече со многу благост: „Можам да останам колку што сакате, не ми се
спие“. Нејзиниот одговор ме смири зашто, сѐ додека беше тука, чувствував оти

178
можам да размислувам за иднината, а во неа се криеше пријателство, покорност,
нешто своевидно, кое како да беше ограничено со таа тајна што ја чувствував
зад нејзиниот тажен поглед, нејзиното изменето поведение, наполу и против
својата волја, наполу бездруго за однапред да го сообрази со нешто што ми беше
непознато. Сепак, ми се чинеше дека треба само да биде пред мене со разголен
врат, сета во бело, како што ја бев видел во нејзината постела во Балбек, за да
имам доволно храброст да ја натерам да попушти. „Бидејќи сте толку љубезна
да останете малу да ме тешите, би требале да си ја слечете робата, претопла е, а и
премногу крута, не се осмелувам да ви пријдам за да не ја истуткам таа убава
ткаенина, а меѓу нас се и тие зловесни птици. Слечете се, мила. - Не, не би ми
било згодно да ја раскопчувам тука робава. Наскоро ќе се слечам во својата соба.
- Нема, значи, ни да седнете на мојата постела? - Како да не“. Но, остана малу
подалеку, до моите нозе. Разговаравме. Наеднаш ја чувме правилната каденца
на некаков плачлив зов. Тоа гулабите беа фатиле да гукаат. „Тоа значи дека се
разденило“; па со речиси намуртени веѓи, небаре живеејќи со мене ги пропушта
задоволствата на убавите денови: „Се запролети штом се вратиле гулабите“.
Сличноста помеѓу нивното гукање и кукуригањето на петелот беше исто толку
длабока и нејасна како, во септетот на Вентеј, сличноста помеѓу темата на
адаѓото, изградена врз истата клучна тема како и првиот и последниот став, само
толку преобразена со разликите во тоналитетот, ритамот, итн., што неупатената
публика, кога ќе отвори некое дело за Вентеј, се чуди кога гледа дека сите три се
изградени врз четири исти ноти, четири ноти што, впрочем, можат да се
отсвират со еден прст на пијаното, без да се открие ниеден од трите става. Така и
меланхоличната пиеса што ја изведуваа гулабите беше некој вид кукуригање во
мол кое не се креваше кон небото, не се качуваше вертикално, туку, рамномерно
како рикање на магаре, обвиткано со благост, од еден гулаб до друг по истата
хоризонтална линија без воопшто да се крене, без да ја смени таа жалопојка во
оној радосен зов што толку пати го испуштија воведното алегро и финалето.
Знам дека тогаш го изговорив зборот „смрт“ небаре Албертина ќе умре. Изгледа
дека настаните се многу пошироки од мигот во кој се случиле и тој не може
целосно да ги опфати. Тие секако се прелеваат врз иднината преку сеќавањето
што ќе го зачуваме за нив, но си бараат место и во времето што им претходело.
Се разбира, некој ќе каже дека тогаш не ги гледаме онакви какви што ќе бидат,
но зарем не се изменети и во сеќавањето?
Кога видов дека таа самата нема да ме бакне, сфаќајќи дека сето тоа е губење
време и дека дури од тој бакнеж ќе почнат смирувачките, а вистински мигови, ѝ
реков: „Добра ноќ, предоцна е“, зашто тоа ќе ја натера да ме бакне, а сетне ќе
продолжиме. Но, откако ми рече: „Добра ноќ, потрудете се убаво да спиете“,

179
токму како и двата први пати, се задоволи со бакнеж врз образот. Овој пат не се
осмелив да ја викнам назад. Срцето ми чукаше толку силно што не можев
одново да легнам. Како птица што оди од едниот крај на својот кавез до другиот,
без запирање минував од немирот дека Албертина би можела да си замине до
релативно спокојство. Ова спокојство произлезе од расудувањето што го
повторував повеќе пати во минута: „Во секој случај, не може да си оди, а да не
ми каже, таа воопшто не ми рече дека ќе замине“, и ќе бев безмалу успокоен. Но
веднаш потоа ќе си речев: „Утре, меѓутоа, ќе видам дека заминала! Самиот мој
немир секако мора да има некаква причина; зошто не ме бакна?“ И тогаш срцето
страшно ќе ме заболеше. Сетне малу ќе се смиреше со расудувањето што одново
го започнував, сѐ додека не ме заболеше главата, зашто мозокот ми работеше
толку неуморно, толку еднолично. Има така извесни душевни состојби, а пред
сѐ неспокојството, кои, давајќи ни само две алтернативи, имаат нешто исто
толку сурово ограничено како што е обичната физичка болка. Севезден си ја
повторував мислата што велеше дека неспокојството ми е оправдано и она што
велеше дека грешам, па се смирував на толку тесен простор како болниот кој со
некакво внатрешно движење без престан си го пипка органот од кој страда, се
оддалечува за миг од болната точка за да се врати врз неа само еден миг
подоцна. Наеднаш, во тишината на ноќта, ме погоди некаков навидум
беззначаен шум што сепак ме исполни со уплав, шум од прозорецот на
Албертина кој сосила се отвори. Кога не чув веќе ништо, се запрашав зошто ли
тој шум толку многу ме исплаши. Во него, самиот по себе, немаше ништо
необично; но јас веројатно му давав две значења што подеднакво ме плашеа.
Првин, со оглед на тоа што се плашев од провев, договор за заеднички живот ни
беше ноќе никогаш да не се отвораат прозорци. Тоа ѝ го објаснив на Албертина
кога дојде да живее кај мене, па, иако беше убедена дека се работи за моја
наумничавост, и тоа нездрава, ми беше ветила дека никогаш нема да ја прекрши
таа забрана. А таа беше толку бојазлива за секое мое барање, дури и кога го
осудуваше, што знаев дека попрво ќе спиеше и во миризба на оган од каминот
одошто да го отвори прозорецот, исто како што ни за најважен настан немаше да
побара да ме разбудат наутро. Тоа беше само малечка спогодба во нашиот
живот, но штом ја прекрши без да ми проговори за тоа, не значеше ли тоа дека
веќе нема на што да внимава, дека секако ќе ги прекрши и сите други? Сетне,
шумот беше жесток, речиси непристоен, небаре го отвораше прозорецот црвена
од бес, велејќи: „Овој живот ме задушува, дотолку полошо, ми треба воздух!“
Сево ова не си го велев токму така, но и натаму си мислев, небаре на
претскажување, потаинствено и позловесно од бување на був, на тој шум на
прозорецот што Албертина го беше отворила. Растревожен, каков што не сум

180
бил можеби од вечерта во Комбре кога Сван вечераше кај нас, цела ноќ чекорев
по ходникот надевајќи се дека, со вревата што ја правам, ќе го привлечам
вниманието на Албертина, дека ќе ми се смилува и ќе ме викне, но од нејзината
соба не чув никаков шум. Во Комбре побарав да ја викнат мајка ми. Но, кај мајка
ми се плашев само од нејзината лутина, знаев дека нема да ѝ ја смалам љубовта
посведочувајќи ѝ за својата. Поради тоа и задоцнив да ја повикам. Малу по малу
почувствував дека е и премногу доцна. Таа секако веќе одамна спиеше. Се
вратив да си легнам. Утредента, штом се разбудив, бидејќи, што и да се случеше,
кај мене никој никогаш не доаѓаше без јас да го викнам, ѝ поѕвонив на Франсоаз.
А едновремено си мислев: „Ќе ѝ зборувам на Албертина за јахта што сакам да се
изгради за неа“. Земајќи си ги писмата, ѝ реков на Франсоаз без да ја погледнам:
„Наскоро би сакал да ѝ кажам нешто на госпоѓица Албертина; дали е станата? -
Да, рано е станата“. Почувствував како во мене, небаре од налет на ветар, се
креваат илјадници немири што не умеев да ги задржам во градите. Метежот во
нив беше толкав што останав без здив, како да сум среде луња. „Ах? па каде ли е
сега? - Треба да е во својата соба. - Ах така! тогаш ќе ја видам за некој час“.
Здивнав, тука е, растревоженоста ми се смири. Албертина беше тука, бев речиси
рамнодушен дека е тука. Зарем не беше, впрочем, бессмислено да се
претпостави дека не би можела да биде тука? Заспав, но, и покрај мојата
сигурност дека таа нема да ме напушти, со лесен сон, и тоа со леснотија само во
однос спрема неа. Зашто, нејасно слушајќи ја во сонот вревата што можеше да
потекнува само од работите во дворот, останував мирен, додека и најлевтерниот
шум што идеше од нејзината соба, или кога излегуваше или бешумно се
враќаше нежно стискајќи го ѕвончето, ќе ме стресеше, ќе ми поминеше како
трпки по целото тело, ќе ми го растрепереше срцето, иако го бев чул во длабок
сон, како што баба ми, последните денови пред да умре, потоната во
неподвижност која ништо не ја нарушуваше, а која лекарите ја нарекуваа кома,
ќе фатеше, како што ми кажуваа, да трепери за миг како лист, кога ќе ги чуеше
трите удари на ѕвончето со кои јас имав обичај да ја викам Франсоаз, па иако таа
недела ги правев потивко за да не го нарушувам мирот на нејзината
претсмртната соба, никој, тврдеше Франсоаз, не можеше, поради мојот начин на
стискање на ѕвончето, за кој и не бев свесен, да го побрка со ѕвонењето на некој
друг. Значи ли тоа дека и самиот паднав во агонија? да не е тоа наближувањето
на смртта?
Тој ден и утредента излеговме заедно, зашто Албертина не сакаше веќе да
излегува со Андреја. Не ѝ зборував дури ни за јахтата, тие прошетки сосема ме
смирија. Само, навечер и натаму ме бакнуваше на оној ист нов начин, така што
бев бесен. Во тоа веќе не гледав ништо друго освен начин да ми покаже дека ми

181
е лута, што ми изгледаше и премногу смешно по сите оние знаци на внимание со
кои без престан ја опсипував. Затоа, немајќи ги веќе со неа дури ни плотните
задоволства до кои држев, наоѓајќи дека е грда така лошо расположена, јас уште
поживо го почувствував. лишувањето од сите жени и патувања по кои тие први
убави денови будеа желба во мене. Бездруго благодарение на расфрлените
спомени за заборавените состаноци што, уште како гимназијалец, ги имав со
жените во веќе густото зеленило, тој предел на пролетта каде што патувањето на
нашиот талкачки дом низ годишните времиња штотуку запре пред три дена,
додека сите негови патишта јуреа кон ручеци во природа, кон возење со чамци,
кон забави, ми се виде како царство на жените исто како што беше и царство на
дрвјата, а во кој задоволството што насекаде се нудеше им беше дозволено на
моите сили што закрепнуваа. Мирењето со мрзеливоста, мирењето со
девственоста, со тоа што ќе знам за задоволство само со жена што не ја сакав,
мирењето со судбината да морам да седам дома, да не патувам, сето тоа беше
можно во некогашниот свет во кој бевме уште до вчеравечер, во празниот свет
на зимата, но не веќе во овој нов, раззеленет свет, во кој се разбудив како
младиот Адам пред кој, за прв пат, се поставува проблемот на опстанокот, на
среќата, а врз кој не тежи купот претходни негативни решенија. Присуството на
Албертина ми тежеше, ја гледав, кротка и намуртена, и чувствував дека е
несреќа што не раскинавме. Сакав да појдам да ја посетам Венеција, во
меѓувреме да појдам во Лувр да ги видам венецијанските слики, во палатата
Луксембург двете слики на Елстир кои, како што ми рекоа, принцезата де
Германт штотуку му ги продала на тој музеј, оние на кои толку им се восхитував
кај војвотката де Германт, Задоволството од танцот и Портретот на
семејството X. Но, се плашев да не разбудат кај Албертина, во првиот, извесни
развратни пози желба, носталгија по некакви народски веселби, па да не си рече
дека има нешто добро во животот што не го водела, живот на огномети и летни
бавчи. Уште однапред се плашев да не побара од мене на 14 јули да оди на
некаква народска игранка, па сонував за некаков невозможен настан што би го
отстранил тој празник. А сетне, и таму, кај Елстир, имаше женска голотија во
бујните пејзажи на Југот, што можеа да ја наведат Албертина да помисли на
извесни задоволства, иако самиот Елстир - само, зарем таа немаше да му ја
снижи вредноста на делото - во него гледаше само скулптурална убавина, или,
подобро речено, убавината на белите споменици што ја добиваат женските тела
наседнати во зеленилото.
Затоа, се помирив со судбината дека треба да се откажам од тоа, па посакав
да појдам во Версај. Албертина, која не сакаше да излезе со Андреја, остана во
својата соба да чита во пењоар од Фортини. Ја прашав дали сака да дојде во

182
Версај. Она што беше омајно кај неа е дека секогаш беше готова на сѐ, можеби
поради некогашната навика половината од своето време да го живее кај други
луѓе, па така за две минити реши да дојде со нас во Париз. Ми рече: „Можам да
дојдам и вака ако не слегуваме од колата“. Се двоумеше за миг меѓу две наметки
од Фортини за да ја сокрие робата - како што би се колебала кого од двајца
различни пријатели да го поведе зеде еден прекрасен, темносин и пикна некаква
игла во шапката. Беше готова за една минутка, уште пред да си го земам
палтото, и ние тргневаме за Версај. Самата таа брзина, таа целосна послушност,
уште повеќе ме смирија, небаре навистина, иако немав никаква принина за
вознемиреност, ми требаше смирување. „Сепак нема од што да се плашам, таа
прави сѐ што ќе ѝ речам, и покрај вревата со прозорецот од пред некоја ноќ.
Штом заустив да излеземе, ја натна сината наметка врз пењоарот и тргна, а тоа
не е нешто што би го сторила некакваси бунтовничка, која веќе не би била добра
кон мене“, си велев додека одевме во Версај. Таму останавме долго; целото небо
беше исполнето со онаа блескава, по малу бледа синевина каква што шетачот,
легнат во полето, ја гледа понекогаш над својата глава, но толку еднобојна,
толку длабока, што чувствува дека синото од кое се состои е употребено без
каква и да е примеса и во толку неисцрпно изобилство што човек би можел
колку што сака да копа во нејзината супстанција, а да не наиде ни на еден атом
нешто друго, освен тоа исто синило. Си мислев на баба ми, која во човечката
уметност, како и во природата, ја сакаше големината, па со задоволство гледаше
како во исто таква синевина се издига камбанаријата на Свети Илер. Наеднаш,
откако чув еден шум што првин не го препознав, а што и баба ми многу ќе го
сакаше, одново почувствував носталгија по загубената слобода. Беше тоа нешто
како брмчење на оса. „Глеј, ми рече Албертина, некаков аероплан, мошне е
високо, мошне високо“. Погледнав насекаде околу себе, но, како и шетачот
легнат во полето, го гледав само нечепнатото бледило на синевината без
примеси, без каква и да е црна дамка. Меѓутоа, сѐ уште го слушав брмчењето на
крилјата кои наеднаш ми се појавија во видното поле. Таму горе, малечки,
кафеави и блескави крилја јуреа по синевината на непроменливото небо.
Конечно можев да го поврзам брмчењето со неговата причина, со тој мал инсект
што се лелееше таму горе, несомнено на две илјади метри височина; го гледав
како шумоли. Кога растојанијата на земјата се уште не беа скратени со брзината
како што се денес, свирежот на некој воз кој минува на оддалеченост од два
километри ја имаше оваа убавина што сега, уште за некое време, нѐ возбудува во
брмчењето на некаков аероплан на две илјади метри, при помислата дека
растојанијата што се изминуваат во тоа вертикално патување се исти како и на
земјата, дека, во таа друга насока, во која мерките ни се чинат поинакви, зашто

183
отпрвин ни изгледаа недостапни, еден аероплан на две илјади метри не е
подалеку одошто воз на два километри, туку е дури поблизу, минувајќи го
истиот пат во една почиста средина, без патникот да се оддели од својата
почетна точка, исто како што на морето и во рамниците, по мирно време,
вителот зад некој брод што е веќе далеку или здивот на ветрецот го бразди
океанот или житото.
Посакав нешто да апнеме. Запревме во една слаткарница, сместена речиси
надвор од градот, која во моментот уживаше извесен глас. Една дама на
излегување ѝ ги побара своите пљачки на слаткарката. А кога дамата си замина,
Албертина повеќе пати погледна во слаткарката небаре сакаше да ѝ го привлече
вниманието додека ги средуваше шолјите, чиничињата, слатките, зашто веќе
беше доцна. Таа ми се приближуваше само ако побарав нешто. А тогаш, кога
слаткарката, инаку, страшно крупна, ќе застанеше да нѐ услужи, додека
Албертина седеше крај мене, се случуваше Албертина, за да ѝ го привлече
вниманието на слаткарката, секојпат да го крене накај неа вертикално својот
синоок поглед, чијашто зеница мораше дотолку повисоко да се крева што
слаткарката беше до самоти нас, а Албертина немаше начин да ја ублажи
стрмнината со искосување на погледот. Беше присилена, не дигајќи ја премногу
главата, да ги крева погледите до таа несразмерна висина каде што беа очите на
слаткарката. Од учтивост спрема мене, Албертина живо ги спушташе
погледите, а бидејќи слаткарката не ѝ обрнуваше никакво внимание, таа
почнуваше одново. Беа тоа низа залудни молежливи подигања кон едно
недостапно божество. Сетне на слаткарката не ѝ остана веќе ништо друго освен
да раскрене една голема соседна маса. Сега погледот на Албертина можеше да
биде страничен. Но, погледот на слаткарката ниту еднаш не запре врз мојата
пријателка. Тоа не ме чудеше, зашто знаев дека таа жена, што донекаде ја
познавав, иако мажена, имаше љубовници, но совршено ги криеше своите
брачни излети, што страшно ме изненадуваше поради нејзината необична
глупост. Ја гледав таа жена додека привршувавме со ужината. Занесена во
раскревањето, таа беше речиси неучтива спрема Албертина со самото тоа што
со ниеден поглед не одговори на погледите од мојата пријателка, во кои, инаку,
немаше ништо непристојно. Другата раскреваше ли, раскреваше без престан, не
гледајќи ништо друго. Да ѝ беше доверено враќањето на свое место на
лажичките и на ножевите за овошје, не на таа крупна, убава жена, туку, поради
заштеда на човечкиот труд, на некаква обична машина, ни тогаш не ќе можеше
да се види толку целосно неводење сметка за вниманието на Албертина, а таа
сепак не го спушташе погледот, ништо не избегнуваше, пуштајќи очите и
убавината да ѝ блескаат, внимавајќи само на работата. Верно, да не беше таа

184
слаткарка посебно глупава жена (не само што ја биеше таков глас, туку го знаев
тоа и од сопственото искуство), таа рамнодушност ќе беше врв на вешто
преправање. А јас убаво знам дека и најтупавото суштество, кога му е во
прашање желбата или интересот, може во тој единствен случај, и среде сета
ништожност на својата глупава живеачка, веднаш да се приспособи и кон
најсложените механизми на запченикот; и покрај сѐ, ова ќе беше и премногу
суптилна препоставка за една толку глупава жена каква што беше слаткарката.
Таа глупавост се претвораше дури во неверојатна неучтивост! Ниту еден
единствен пат не ја погледна Албертина, која, меѓутоа, не можеше да не ја види.
Тоа не беше кој знае колку љубезно спрема мојата пријателка, иако јас,
всушност, бев восхитен затоа што Албертина ја доби таа мала лекција и виде
дека жените често не ѝ обрнуваат внимание. Ја напуштивме слаткарницата,
повторно се качивме во колата и веќе одново бевме на пат за накај дома кога
наеднаш ми стана жал што заборавив да ја земам на страна таа слаткарка и да ја
замолам, за секој случај, да не ѝ го каже на дамата што си замина кога ние
втасавме моето име и мојата адреса, што слаткарката, поради моите чести
нарачки, секако убаво ја знаеше. Немаше потреба, впрочем, на дамата на тој
начин да ѝ се овозможи посредно да ја дознае адресата на Албертина. Но, ми се
виде и премногу далеку да се враќам назад за таква дреболија, а и во очите на
глупавата, лажлива слаткарка ќе изгледаше дека на тоа му придавам преголемо
значење. Помислив само дека, за некои осум дена, би требало да се вратам таму
на ужина и да ѝ го кажам тоа, и како е мошне незгодно, бидејќи човек везден
заборава половина од она што треба да го каже, и наједноставните работи да ги
свршува во неколку наврати.
Се враќавме мошне доцна во ноќта, во која, овде- онде, покрај патот, по
некои црвени панталони покрај некое здолниште ги откриваа љубовните двојки.
На враќање дома нашата кола мина преку портата Мајо. Париските споменици
ги замени чистиот, линеарен, рамен цртеж на париските споменици, каков што
би нацртале за некој разурнат град чијашто слика би сакале да ја зачуваме; но, на
краиштата од овој град со таква нежност се креваше бледосина опшивка, врз
која тој се истакнуваше, што жедните очи бараа насекаде уште малу од таа
прелесна нијанса што им беше и премногу скржаво одмерена: имаше месечина.
Албертина ѝ се восхитуваше. Не се осмелив да ѝ кажам дека во неа повеќе ќе
уживав да бев сам или во потрага по некаква непозната жена. Ѝ рецитирав
стихови или прозни фрази за месечината, покажувајќи ѝ како од сребрена, каква
што била некогаш, станала сина кај Шатобриан, кај Виктор Иго од „Евираднус“
и од „Празникот кај Тереза“, за одново да стане жолта и метална кај Бодлер и
Леконт де Лил. Сетне, потсетувајќи ја на сликата што ја прикажува

185
полумесечината на крајот од „Заспаниот Боз“, ѝ зборував за целата таа творба.
Кога одново мислам на тоа, не можам да кажам колку животот ѝ беше полн
со менливи, бегли, често и противречни желби. Ова несомнено уште повеќе го
усложнуваше лагата, зашто не сеќавајќи се веќе точно на нашите разговори,
кога ми рече: „Ах! еве една убава девојка што добро игра голф“, а јас ќе ја
прашав како се вика таа девојка, таа ми одговори со оној рамнодушен,
неопределен, напернат израз, кој бездруго секогаш ѝ беше на располагање,
зашто секој лаж од таков вид го позајмува за миг секогаш кога не сака да
одговори на некое прашање, и тој никогаш не му недостига: „Ах! не знам
(жалејќи што не може да ми каже), никогаш не ѝ го дознав името, ја гледав на
голф, но не знаев како се вика“; но, ако еден месец подоцна ѝ речев: „Албертина,
ја знаеш онаа убава девојка за која ми зборуваше, онаа што добро играла голф.
- Ах! да, ќе ми речеше без размислување, Емили Далтие, не знам што
стана со неа“. И лагата, небаре полско утврдување, се префрлаше од одбраната
на името, што сега веќе беше освоено, врз можностите таа да се пронајде. „Ах!
Не знам, никогаш не ѝ ја дознав адресата. Не гледам никого што би можел да ви
го каже тоа. Ох! не, Андреја не ја познаваше. Таа не беше член на нашата мала
дружина, што денес е толку поделена“. Друг пат лагата беше нешто како грдо
признание: „Ах! да имав триста илјади франка рента..“. Си ги гризеше усните.
„И тогаш, што би правела?
- Би те замолила, велеше таа целивајќи ме, за дозвола да останам кај тебе.
Каде би можела да бидам посреќна?“ Но, дури и водејќи сметка за лагите, беше
неверојатно во која мера животот и беше непостојан, а нејзините најголеми
желби краткотрајни. Ќе лудуваше по некого, а по три дена немаше да сака да го
прими во посета. Не можеше да чека ниту еден час за да пратам некого да ѝ купи
платна и бои, зашто сакаше да му се врати на сликањето. Едно два дена ќе беше
нестрплива, речиси со солзи во очите, што бргу ќе се исушеа, небаре дете кому
му ја зеле цуцлата. А таа непостојаност на нејзините чувства спрема луѓето,
нештата, занимањата, уметностите, краиштата, беше навистина толку
сеопфатна што, да сакаше и пари, а јас во тоа не верувам, не ќе можеше да ги
сака подолго одошто другите работи. Кога ќе речеше: „Ах! да имав триста
илјади франка рента..“. дури и ако со тоа изразуваше некаква лоша, иако не
особено трајна мисла, таа не можеше да се врзе за неа подолго одошто за
желбата да појде во Роше, чијашто слика ја беше видела во изданието на госпоѓа
де Севиње на баба ми, да се најде со некоја пријателка од голфот, да се качи на
аероплан, да појде да го мине Божиќ со тетка си, или одново да се фати за
сликање.
„Впрочем, ни вие ни јас не сме гладни, би можеле да наминеме кај

186
Вердиренови, рече таа, сега им е и часот и денот на примање. - Ама, зарем вие не
им се лутите? - Ох! има едночудо озборувања против нив, но, во основата, тие и
не се толку лоши. Госпоѓа Вердирен беше секогаш мошне љубезна спрема мене.
А сетне, човек не може везден да биде скаран со сите. Тие си имаат мани, но кој
ги нема? - Вие не сте соодветно облечени, би требало да се вратиме да се
преслечете, а тогаш би било многу доцна. - Да, имате право, да си се вратиме
просто дома“, одговори Алберттина со онаа прекрасна послушност што секогаш
ме вчудовидуваше.
Таа ноќ, убавото време направи скок напред, како што термометарот се
качува кога е жешко. Кога се разбудив, од мојата постела, во тие ранобудни
пролетни утра, слушав како трамваите се движат среде миризбите, во воздух со
кој сѐ повеќе и повеќе се мешаше топлината сѐ додека не ја достигнеше
пладневната цврстина и густина. Напротив, кога пријатниот воздух, што беше
посвеж во мојата соба, во неа ќе завршеше со премачкувањето и изолирањето на
миризбата од лавабото, миризбата на орманот, миризбата на канабето, и само по
прецизноста со која, онака вертикални, стоеја простум, држејќи се еднододруго
во видливо одделени резанки, во седефен полумрак што го ублажуваше отсјајот
на завесите и фотелјите од син сатен, се гледав себеси, и тоа не просто поради
некаква наумничавост на мојата фантазија, туку затоа што ова беше навистина
можно, како минувам по некаков нов предградски кварт, сличен на оној во кој
живееше Блок во Балбек, со улици заслепени од сонце, гледајќи не некакви
невкусни месарници и бел делкан камен, туку селска трпезарија во која би
можел наскоро да втасам, и миризби на кои притоа ќе наидам, миризбата на
компот од цреши и кајсии, на јаболкова ракија, гријерско сирење, миризби што
се реат во блештукавиот лад на сенката, нежно проткајувајќи ја со жилички
небаре е внатрешност на ахат, додека држачите за ножови од призматично
стакло во неа создаваат виножита или везат паунови шарки врз мушамата.
Како ветар што рамномерно се засилува, со радост чув автомобил под
прозорецот. Му ја почувствував бензинската миризба. Таа може да им изгледа
непријатна на чувствителните (што се секогаш материјалисти, на кои таа им ја
расипува природата) и на извесни мислители, истотака своевидни
материјалисти, кои, верувајќи во важноста на фактот, си замислуваат дека
човекот би бил посреќен, кабожен за повисока поезија, ако неговите очи би
можеле да видат повеќе бои, а ноздрите да почувствуваат повеќе миризби,
филозифска травестија на наивната идеја на оние што веруваат дека животот
бил поубав кога, наместо црн фрак, се носеле раскошни облеки. Но, за мене
(исто како што некоја миризба, можеби и непријатна сама по себе, на нафталин
и на ветивер, ме беше фрлила во занес враќајќи ми ја сината чистота на морето

187
дента кога пристигнав во Балбек) таа миризба на бензин, која, заедно со чадот
што излегуваше од машината, толку пати се губеше во бледата синевина во оние
жешки денови кога одев од Сен-Жан-де-ла-Ез во Гурвил, како што ме следеше и
на моите прошетки во оние летни попладниња додека Албертина одеше да
слика, сега ги расцутуваше на сите страни околу мене, иако бев во својата
мрачна соба, синчеците, булките, црвените детелинки, ме опиваше како полска
миризба, не ограничена и постојана, како онаа што се лепи за белиот глог, па,
поддржувана од неговите мрсни, густи елементи, се рее речиси постојано пред
живата ограда, туку како миризба пред која бегаа патиштата, се менуваше
изгледот на почвата, дотрчуваа замоци, бледнееше небото, десеткратно се
зголемуваа силите, миризба која беше нешто како симбол на скокање и сила, а
која во мене ја обновуваше желбата што ја имав во Балбек да се качам во тој
кафез од кристал и челик, но овој пат не за да одам во посети во некои познати
куќи со жена што и премногу убаво ја познавав, туку да водам љубов на нови
места со некаква непозната жена. Миризба што во секој момент ја
придружуваше повикот на автомобилските труби што минуваа, кон кој ги
приспособував зборовите како кон војничкиот знак за будење: „Станувај,
парижанецу, станувај, оди да ручаш в поле и да се возиш со чамец по реката, в
сенката под дрвјата, со убава девојка, станувај, станувај“. И сите тие мечтаења
ми беа толку пријатни што си честитав на „строгиот закон“ поради кој, сѐ додека
не го повикав, ниеден „бојазлив смртник“, сеедно дали беше Франсоаз или
Албертина, немаше да се осмели да дојде да ми пречи „среде оваа палата“ каде
што едно ужасно величество ме прави невидлив за моите поданици24*.
Но, наеднаш декорот се смени: тоа веќе не беше сеќавање на дамнешни
впечатоци, туку на една дамнешна желба, неодамна одново разбудена со
сино-златната роба на Фортини, која пред мене распосла една друга пролет,
една пролет што веќе воопшто не беше раззеленета, туку, напротив, која
одненадеж, поради името „Венеција“, што си го кажав, беше лишена од своите
дрвја и цвеќиња, процедена пролет, сведена на својата суштина, што значи
растегнување, загревање, постапен процут на своите денови преку сѐ поголемо
вриење не веќе на некаква нечиста земја, туку на девствена сина вода, пролетна
и без цветни чашки, која на месец мај можеше да му одговори само со
одблесоците, обработена од него, убаво сообразувајќи се со него во блескавата и
неподвижна соголеност на нејзиниот темен сафир. Затоа, како што годишните

Г. Ефтим Клетников го направи препевот на овој стих од Esther, I, III, стих 191-194, за што
24*

преведувачот од сѐ срце му благодари.

188
времиња не им носат промени на нејзините морски протоци што не можат да
процутат, ни модерните времиња не носат никакви промени во тој готички град;
го знаев тоа, не можев да си го замислам, или, замислувајќи си го, еве што
посакав, со иста онаква желба која некогаш, кога бев дете, во самиот жар на
поаѓањето, ја скрши во мене силата да тргнам на пат: да се најдам лице в лице со
своите венецијански мечтаења, да набљудувам како тоа разделено море
опкружува со своите меандри, како речните свијоци Океанот, една истанчена
градска цивилизација, којашто, одделена со нивниот азурен појас, се развивала
посебно, имала посебни сликарски и градителски школи - баснословна градина
на овошје и птици од разнобоен камен, што расцутила среде морето што
доаѓаше да ја освежи, заплиснувајќи ги со својот прилив стеблата на столбовите,
па, како темноазурен поглед што бдее в сенка, фрла дамки врз моќниот релјеф
на капителите и севезден ја растреперува светлината. Да, требаше да се
отпатува, сега му е мајката. Откако изгледаше дека Албертина веќе не се лути на
мене, нејзиното поседување веќе не ми се чинеше добро во замена за кое би бил
готов да ги дадам сите други. Можеби затоа што тоа би го сториле за да
куртулиме од некаков јад и од некаква растревоженост, што сега стивнале.
Успеавме да минеме преку обрачот со хартија, преку кој за час помисливме дека
никогаш нема да може да минеме. Ја растеравме луњата, си ја вративме
ведрината на насмевката. Ја расветливме тегобната тајна на една омраза без
причина, а можеби и без крај, што ја чувствувавме. Оттогаш сме соочени за миг
со отстранетиот проблем на среќата, за која знаеме дека е невозможна. Сега кога
животот со Албертина одново стана можен, почувствував дека од него ќе можам
да извлечам само несреќи, бидејќи таа не ме сакаше; подобро да ја оставам со
сласта на нејзината согласност, што ќе ја продолжам во сеќавањето. Да, сега му
е мајката; требаше да ја дознам точната дата кога Андреја ќе го напушти Париз,
да извршам решително влијание врз госпоѓа Бонтан за да бидам сосема сигурен
дека во тој момент Албертина нема да може да оди ниту во Холандија, ниту во
Монжувен. Кога би умееле подобро да ги анализираме своите љубови, би се
случувало да увидиме дека жените често ни се допаѓаат само како противтежа
на мажите со кои мора да се бориме за нив; кога таа противтежа ќе ја снема,
омајот на жената спласнува. Болен и превентивен пример за тоа имаме во онаа
посебна склоност на некои мажи спрема жени што грешеле пред да ги запознаат,
спрема жени за кои чувствуваат дека заглибиле во опасност, а кои, за сето
времетраење на нивната љубов, мора одново да ги освојуваат; или, напротив,
подоцнежниот, а нималу драматичен пример на маж кој, чувствувајќи дека му
слабее склоноста спрема жената што ја сака, спонтано ги применува правилата
што самиот ги измислил, па, за да биде сигурен дека нема да престане да ја сака

189
жената, ја остава во некаква опасна средина, во која катаден мора да ја штити.
(Спротивно на мажите што бараат жената да се откаже од театар, иако, инаку,
тие и се вљубиле во неа токму затоа што била в театар.)
И така, кога ништо нема да му се противи на тоа заминување, ќе треба да си
изберам ден со убаво време, како денешниов - а таквите ќе ги има многу - кога ќе
бидам рамнодушен спрема Албертина, кога ќе ми навираат илјадници желби; ќе
треба да ја пуштам да излезе без да се видиме, сетне, откако ќе станам и
набрзина ќе се подготвам, би ѝ оставил едно пусулче, искористувајќи ја
приликата што во тоа време не ќе може да оди во ниедно од оние места поради
кои би се тревожел, би можело да ми успее патем да не си ги замислувам грдите
нешта што би можела да ги прави, а спрема кои, впрочем, во тој момент би бил
сосема рамнодушен, па, и без одново да се видам со неа, да заминам за Венеција.
Ѝ поѕвонив на Франсоаз за да ја замолам да ми купи еден водич и еден возен ред,
како што сторив и како дете, кога веќе сакав да се подготвам за пат во Венеција,
остварување на желба исто толку пламена како и оваа што ја имав во моментов;
притоа заборавив дека имаше една таква желба што ја остварив без какво и да е
задоволство, желбата по Балбек, и дека Венеција, која беше такуѓере видлив
феномен, веројатно не ќе може, како ни Балбек, да претставува остварување на
некаков неискажлив сон, оној од готскиот период, оживеан од пролетното море,
кој одвреме навреме ќе дојдеше да ми го допре духот со некаква волшебна,
галежна, недофатлива, таинствена и нејасна слика. Откако го чу моето ѕвонење
Франсоаз влезе, доста вознемирена за тоа како ќе ги примам нејзините зборови и
нејзиното поведение. Ми рече: „Ми беше незгодно што Господинот денес ѕвони
толку доцна. Не знаев што да правам. Утринава, во осум часот госпоѓица
Албертина си ги побара куферите, не се осмелив да одбијам, ми беше страв да не
ме кара Господинот ако го разбудам. Попусто ја разубедував, ѝ велев да причека
еден саат зашто постојано мислев дека Господинот ќе поѕвони. Не сакаше, ми го
остави ова писмо за Господинот и си замина во девет часот“. И тогаш - толку
човек може да не го познава она што го носи во себе, бидејќи бев убеден во
својата рамнодушност спрема Албертина - ми се одзеде здивот, се фатив со
обете раце за срцето, одненадеж натопено од извесна пот каква што не сум
почувствувал уште од откритието што мојата пријателка ми го направи во
вовчето во врска со пријателката на госпоѓица Вентеј, без да можам да кажам
нешто друго освен: „Ах! мошне добро, Франсоаз, благодарам, се разбира дека
добро сторивте што не ме разбудивте, оставете ме за миг, ќе ви ѕвонам
подоцна“.

190

You might also like