You are on page 1of 2

Животот е неразбирливо чудо

Животот… Многумина се обидоа да ја опишат суштината на животот. Но,


сепак, секој од нив има своја гледна точка на животот. За некои од нив
тој е тежок, суров и безмилосен, а тоа го земаат здраво за готово и
чекаат судбината да ја одигра својата улога. Од друга страна, постои
другата половина од луѓето кои животот го гледаат како предизвик. За
нив животот е шарен, сладок, иако имаат подеми и падови, тие го
гледаат како успех. Ако ме прашувате мене, животот е убав, но не
секогаш лесен. И тој е полн со проблеми, а тие проблеми се резултат на
тоа што предизвикот доаѓа во судир со храброст. Таа борба е мелем што
ја прави болката поднослива. Тоа ни дава шанса да видиме всушност
колку сме борци и без разлика какви резултати ќе добиеме,
продолжуваме да живееме. Животот е големо чудо! Но, тоа чудо кога ќе
дојдеме до одреден резултат, дали е позитивен или негативен, секој
треба да го смета „тоа чудо“ за успех; да учи од него, да учи од своите
подеми и падови за следниот пат и да се надева на позитивност. Не е ни
чудо што вели поговорката: „Каде што има живот, има и надеж“. Но, умот
е центар на сè. Тој ги контролира нашите мисли и верувања. Ние сме
кројачи на нашата среќа и додека гледаме на животот, ќе ја имаме.
Секогаш треба да имаме надеж и позитивност за да не врати животот.
Без разлика на привремените падови, треба да бидете храбри и да ја
видите светлата страна на животот. И ако се најдеме во темен тунел, не
треба да размислуваме за таа темнина, бидејќи тоа е моментот. Треба
да размислиме за светлината што не чека на крајот од тунелот. Така е и
во животот. Не знаеме кога и како ќе добиеме нешто, но треба да знаеме
дa одиме понатаму и дека понекогаш тие шанси што ни ги дава, а ако не
ги прифатиме, никогаш не се враќаат, а сепак треба да одиме понатаму и
барај нешто ново. Човек кој не греши не е жив човек. Грешките му се
најдобри пријатели. Тие му даваат сила и моќ да продолжи и да биде
поуспешен во она што го работи. Убавината на животот е различна, во
зависност од тоа кои очи го набљудуваат. во животот Нема потреба да
се брза, треба да се оди чекор по чекор. Секој чекор треба да биде
правилно испланиран пред да биде извршен. Сакам да го направам
животот многу едноставен за мене, за разлика од другите луѓе, и знаете
ли зошто? Животот треба да се ужива, да се бориш, да се смееш, да
тагуваш, да плачеш, да се радуваш... еднаш на зборот, што и да правиме
со животот, сепак треба да тече понатаму. Моето прашање сега е, како
гледате на животот?

You might also like