You are on page 1of 1

Елегијата е форма на поезија природна за размислувачкиот ум.

 Нема друга
форма во која толку се забележува оголеноста на една човечката душа. Човечки е
да се плаче. Човечки е да се искаже длабока тага или болка. Човечки да се пати
за минатото и да се има желба за иднината, Сé додека човекот чувствува,
елегијата ќе биде дел народната песна.
Во елегија со наслов „Мајка Ангелина си ја тажи својата ќерка“, мајката ја тажи
својата прерано почината ќерка Разделина, така што оваа народна творба по
својата основна расположба се доближува и до тажачките песни од народното
творештво.
Во првиот дел од песната користејки тажни чувства, метафора и епитети се
опишува тагата на мајката Ангелина поради смрта на нејзината керка и
стравот да таа не остане сама.
“Леле, леле јас сирота, јас сирота од господа, да ми умре разделина,
Немој керко, немој слатка, немој, керко, не кандисуј, да оставиш твојата
мајка за да биде кукавица”
Понатаму во песната користејки градација Мајката ја поучува керката и ја моли да
остане со неа. Засилувајки го чуството на тага и безнадежност.
“Немој керко, немој слатка, не предавај твојата младост, за да влезеш в црна
земја, црна земја е студена, таму има црна змија, црна змија троглава “
Во последниот дел од песната преку метафора и реторско прашање Мајката
Ангелина представува надеж дека керка и ќе остане со неа.
“Проговори уште еднаш, на мајка да и кажиш кај те боли твое срце, твое
срце отруено”
Оваа песна содржи уште градација, анафора (немој керко – немој керко), епитети
(цирота, слатка, црна, студена троглава). Таа има бавен ритам не е строфирана,
има 36 стиха и нема рима.
Со крајно едноставната композиција и со избрани епитетиии, народните тажачки
песни изразуваат длабока емотивност и емотивна напрегнатост, доведена и до
вистински драматизам како препознатлив белег на народното творештво, во
елегиите како лирско-епски вид.

You might also like