You are on page 1of 6

АЗОТНИ ОРГАНСКИ

СОЕДИНЕНИЈА

Изработила:
Mира Милеска
Органските соединенија кои во својот состав содржат азот како хетероатом
се нарекуваат азотни органски соединенија. Азотот како хетероатом може
да биде единствен, но во голем број на случаи се среќава заедно со
кислородот. Азотните сиоединенија се среќаваат во живите организми и
затоа нивната важност е огромна.Поважни азотни соединенија се:
 Амини
 Аминокиселини
 Пептиди
 Протеини
 нуклеински киселини и др.

 
Поим и поделба на амините

Амините претставуваат деривати на амонијакот во кои еден или повеќе


водородни атоми се заменети со алкил или арил групи.

Општа формула на амините:


RNH2 R2NH R3N
- кадеR може да биде алкил или арил радикал

Поим и поделба на амините


Во зависност од бројот на јаглеродните атоми кои се
директно сврзани за азотниот атом, се разликуваат:
 примарни амини - еден H-атомите он NH3е заменет со некој
радикал
 секундарни амини -два H-атоми од NH3 се заменети со радикали
 терцијарни амини -три H-атоми од NH3 се заменети со радикали

R – NH2 R – NH R–N
R

Структурата на амините според начинот наобразување на врски околу атомот


на азот е слична како кај амонијакот.
 азотниот атом е sp3 хибридизиран
 со три од четирите хибридни орбитали се градат C - N или
N – H врските
 амино групата е поларна - постои разлика во електронегативноста
пр. кај примарните амини, кај азотот пароијален негативен додека кај
водородните атоми пароијален позитивен полнеж.

Номенклатура кај амините


Според традиционалното именување (се смета дека соединенијата се
изведени од амонијакот со замена на водородните атоми со соодветни
радикали)

Според оваа номенклатура имињата се образуваат,така што се чита името на


радикалот и се додава наставката – амин ;се пишува слеано.
Именувањето може да биде и со додавање нанаставката - амин на името на
основниот јаглеводород. Според оваа номенклатура секундарните
и терцијарните амини се именуваат како N-супституирани деривати
напримарниот амин со најдолгата низа.
Поважни физички својства на амините:
- поларни соединенија
- растворливи се во вода
- самите претставуваат поларни растворувачи
- растворливоста се намалува со зголемува"ето нанивната релативна
молекулска маса
примарните и секундарните амини образуваатводородни врски како
помеѓ себе, така и со молекулите на вода
имаат повисока ТТ и ТВ од соединенијата со слична молекулска маса и
кои не градат водородни врски.

Добивање на амините:
Амините се добиваат со примена на различни методи,но најчесто со:
-  редукција на нитросоединенија
- реакција помеѓу алкил халогенид и амонијак 
- редукција на нитрили

Хемиски реакции кај алифатичните амини


JАмините имаат базни особини - својство кое се должи на присуството на
слободниот електронски пар на атомот на азот од амино групата, па тие се
типични
Бренштедовски бази - протон акцептори или
Луисови бази - донори на електронски пар
Во водени раствори концентрацијата на хидроксилните јони е поголема
од онаа на водородните јони и токму затоа водените раствори на амините
се базни
Квантитативна мерка за базноста на амините еконстантата на дисоцијација 
Алифатичните амини имаат поголеми вредности законстантата на
дисоцијација во споредба со амонијакот,па ќе бидат малку посилни бази од
него.

Амините (како бази) ќе реагираат со киселини и киселински оксиди и


притоа ќе образуваат соли (кватернарни амониумови соли)

H3C –NH2 + HCl ---- H3C—NI3—Cl

Ароматични амини
Овие соединенијата се важни појдовни с-ци вофармацевтската индустрија
и индустријата за бои. Тие учествуваат во реакцијата позната како реакција на
купловање (спрегнувае).
Пример: Алкален раствор на диазониумова сол со фенолот образува талог
(продукт) со жолто-портокалова боја(реакцијата и слични на неа се
користат во индустријата за добивање на органски бои)

C6H5N2Cl + C6H5OH ---- HOC6H4N = NC6H5 + HCl

Користена литература:
https://www.scribd.com/doc/305765420/%D0%90%D0%B7%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8-
%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE
%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-ppt

You might also like