You are on page 1of 1132

ПРЕДМЕТ

Предметот е неопходен реченичен член (додаток на прирокот).


Може да биде директен, индиректен и предлошки (предмет со предлог).
Директниот и индиректниот предмет можат да се удвојуваат.

1. Директnиот предмет е именски член во реченицата врз кој преминува дејството на


прирокот, тој е трпителот, подносителот на дејството.
Се наоѓа со прашањата: што и кого

            Предметот најчесто е именка или заменска форма (долга и кратка заменска
форма).
            На пр.: Јас купив кнга.
Што купив јас? – книга – директен предмет

Ја сретав на улица
Кого го сретнав - неа / ја

            Удвојувањето на предметот е карактеристично за македонскиот јазик и многу


често се употребува.
            Удвоен директен предмет сме употребиле кога, покрај предметот (именка, долга
заменска форма, придавка) има кратка заменска форма.
            На пр.: Јас сакам романтични филмови. (што сакам јас? – романтични
филмови) - предметот не е удвоен

            Но, наместо само директен предмет ние многу почесто ќе употребиме:
            На пр.: Јас ги сакам романтичните филмови.
            Ова значи дека ќе употребиме кратка заменска форма (ги) и ќе го членуваме
предметот. На тој начин сме го удвоиле предметот.

Јас ги сакам  нив.

            За директен предмет ги употребуваме кратките форми од личните заменки за


директен предмет:
            едн.: мене, ме; тебе, те; него, го; неа, ја;
мн.: нас, нè; вас, ве; нив, ги.

            2. Индиректен предмет е реченичниот член кон кој е упатено, насочено


глаголското дејство или е цел на дејството. Со него најчесто се употребува
предлогот на.
            Се наоѓа со прашањето: кому / на кого

Пр. Им кажав ним.


Кому (на кого) му кажав? - Им - ним
Им кажав.

            За индиректен предмет ги употребуваме кратките форми од личните заменки за


индиректен предмет::  
                       
   едн.: мене, ми; тебе, ти; нему, му; нејзе, ѝ;
мн.: нам, ни; вам, ви; ним, им.
            За индиректен удвоен предмет го употребуваме предметот и кратката заменска
форма.
            На пр.: Учениците мене ми подарија цвеќе. (Кому / на кого му подарија цвеќе?
– мене ми).
Секогаш прво вам ви се обраќав (кому / на кого му се обраќав: - вам ви)
Му кажав на Игор (Кому му кажав? - му - на Игор)

            3. Предмет со предлог (предлошкиот предмет) е реченичен член кој се врзува


со прирокот со кој било предлог (до, за, на, кај, со, од, врз, покрај).

Се наоѓа со прашањата: што / кого и предлогот што е употребен (со што / со кого, за
што / за кого, на што / на кого, од што / од кого, пред што / пред кого)

            На пр.: Ќе одам на роденден кај него. (Кај кого ќе одам на роденден? – кај
него).
            Не можам да живеам без тебе. (Без кого не можам да живеам? – без тебе).
            Ме удри со камен. (Со што ме удри? – со камен).
Цел ден мислев на тебе (На кого мислев? - на тебе)

Кај предлошкиот предмет со предлогот НА не можеме да го поставиме прашањето


КОМУ (кому мислев?). На тој начин ќе го разликуваме индиректниот предмет од
предлошкиот предмет во кој е употребен предлогот НА.

            Предлошкиот предмет е многу сличен со додатоците на прирокот за околности.


Во примерот: Ќе одам на роденден кај него.- може да прашаме: каде? – кај него, па во
тој случај имаме додаток за место.
Кај кого ќе одам - Кај него

You might also like