You are on page 1of 2

Што е успех- Зошто ништо не ми успева?

Изборот е наш. Ако избереме да успеваме – успехот е загарантиран

Клаудија Лутовска

Кога го употребуваме зборот успех, тој за секого од нас има многу различна смисла. Не секој го
посакува истиот успех. Затоа е добро да си примениме техника на практикување на успех, како и
поставување на цели со планирање.

Знаете кога инженерите зборуваат велат од точка А да се случи точка Б, потребно е да се изоди
патот, кој носи...

Ако успехот е точка Б, тогаш кој е патот да стигнеме до него? Кој е патот да успееме?

Патот треба да го предвидиме, да му дадеме време, да му дадеме знаење, да му дадеме ресурси.


Успехот не доаѓа сам, доаѓа со пријатели (време, можности, вложувања), и така посветено
работејки на успехот, ќе се успее.

Многу мотивациски книги се посветени на успех. Ќе сретнете дека се бара најчесто дисциплина,
ред, посветеност, за да се успее.

Но, пред да се успее, треба да знаеме што за нас претставува успех? За некого е положен испит, за
некого победа и натпревар, за некого да се ожени, за некого да патува, за некого да ја победи
болеста... Има ли формула по кој пат се оди за да се успее?

Има многу изреки, едни велат успехот е мудрост да се добие тоа што го сакаме, а мудроста знаеме
доаѓа со искуството, значи на успехот му треба време.

Ако јас се прашувам што за мене е успех, велам „да воспоставиш сопствен баланс“, тогаш си
успеал. Не држиш лутина, не се убиваш од работа, поминуваш време со себе си, со семејството, со
луѓето во твоето опкружување, патуваш, а работата добро ти оди, имаш комоција, ете за мене тој
мој баланс е успех кон кој се стремев во овој живот. И така слободно можам да си кажам дека во
овој живот „победив“, е сега е време на уживање на тој баланс, и да си доаѓаат полека деновите на
старост, кога вртејќи се наназад со насмевка ќе речам „е баш беше добро“.
За да успее човек треба да ги сака и своите падови, од нив почнува искачување. Тоа се лекции на
патот да се прибере мудроста.

Еве некои техники за практикување на успех. Кажете си желба, каде сакате да се видите. И дадете
си значење дека тоа е успехот кој го посакувате. На обичен лист направете план со чекори,
запишете кои и колку чекори ви се потребни до постигнување на успехот. Напишете што ви е
потребно по тој пат (луѓе, ресурси, време, помош...). Можеби за да го достигнете тој успех се
потребни други помали успеси, и така сте направиле план со шема во одреден рок. Сето тоа е еден
проект, покомплексен кој за дадено време, со дадени ресурси и даден број на луѓе, ќе ве донесе
до тоа што го сакате. Е сега кога го видовте патот- планот, можете и да видите колку е реална
вашата желба. И сега е јасано дали ќе успеете во тоа што го сакате.

Соочете се со желбата и целта, создадете се себе си, и видете се себе си на крајот од тој пат до
успехот. Прашаајте се – вредеше ли? Ете се доаѓа до успехот- но, вистински ли го сакате тоа? Ако
одговорот е ДА- не губете време, насмевнете се и почнете да го поплочувате вашиот пат, секоја
плочка нека носи радост бидејќи со секоја стапка сте побликсу до тоа што го сакате- поблиску до
успехот.

Но, ако не сте си создале вистинска слика за чекорите до вашиот успех, заглавувате во лавиринт,
кој многу често знае да трае и цел еден живот. Не си го приредувајте лавиринтот. Себе
залажувањето и очекувањата нештата сами од себе да се случат се една голема нереалност, и од
тука наместо успех, на крајот на патот останува да ве пречека разочарувањето.

Некој ќе запраша, „а што ако не испланирам добро- и промашам?“. И тогаш сте успеале, зошто
знаете која плочка беше погрешна.

Тогаш, ајде да започнеме да ги планираме успесите и да успеваме...

You might also like