You are on page 1of 13

Микрофони – видови и примена

СОДРЖИНА

1. Вовед......................................................................................................................2

2. Историја на микрофони.........................................................................................3

3. Видови на микрофони.....................................................................................5
3.1. Кондензаторски микрофон..................................................................5
3.2. Electret microphone ..............................................................................6
3.3. Динамички микрофон...........................................................................6
3.4. Ribbon microphone………………………................................................7
3.5. Јаглероден микрофон ........................................................................8
3.6. Кристален микрофон............................................................................9
3.7. Фибер Оптички микрофон..................................................................10
3.8. Ласерски микрофон............................................................................11
4. Заклучок.........................................................................................................12

Користена литература.................................................................................13

1
Микрофони – видови и примена

1. Вовед
Зборот микрофон потекнува од зборот „micros“ што означува мал – мало и „phone“
што значи звук. Микрофон е направа која енергијата ја претвора од една во друга
форма.

Микрофоните ја претвораат акустичката енергија (звучните бранови) во


електрична енергија (аудио сигнал). При тоа микрофоните реагираат на звучниот
притисок или на промената на брзината на честичките во звучното поле кое ги
опкружува. Процесот на претворање на акустичната енергија во електрична , секогаш
поминува низ две фази :

1. каде прво акустичната енергија се претвара во механичка,


2. каде од механичка се претвара во електрична енергија.

Различните видови на микрофони имаат различен начин на претворање на


енергијата, но сите тие имаат нешто заедничко „Дијафрагма“ (мембрана). Ова е парче
многу тенок материјал направен од хартија, пластика или алуминиум во поново време
и синтетички материјали како и вода, кој трепери кога е погоден од звучниот бран.
Кога дијафрагмата (мембраната) трепери , таа предизвикува други компоненти во
микрофонот да треперат. Овие треперења се претвораат во електрична енергија која
подоцна во амплифаерот-засиливачот станува аудио сигнал.
Сите микрофони имаат механички осцилаторен систем со подвижна дијафрагма-
мембрана на која делуваат звучните бранови. Дијафрагмата во овој систем е поврзана
еластично така што во одсуство на надворешна сила звучни бранови таа се враќа во
нормалната првобитна положба на мирување.

Микрофоните во денешно време се користат во секојдневниот живот и имаа


голема примена. Тие се користат кај телефоните, најразлични аудио и видео апарати,
во радио и ТV продукцијата, за музичка и филмска продукција и тн. Современите
микрофони се толку усовршени што нивниот квалитет е на репродукција може да се
мери со оргиналниот.

2
Микрофони – видови и примена

2. Историја на микрофони
Со цел да се зборува со поголеми групи на луѓе, се појави потреба да се зголеми
обемот на човечкиот глас. Најраните уреди за постигнување на ова беа акустичните
мегафони. Некои од првите примери е од петтиот век п.н.е. во Грција кога се
користеле театарски маски со отвори за уста во облик на рогови кои акустично го
засилувале гласот на актерите во амфитеатрите. Во 1665 година, англискиот физичар
Роберт Хук бил првиот што експериментирал, изумил и направил "телефон на
љубовниците" изработен од истегната жица со чаша прикачена на секој крај.

Германскиот изумител Јохан Филип Реис дизајнирал предавател за звук кој


користел метална лента прикачена на вибрирачка мембрана која би предизвикала
наизменична струја. Подобри резултати биле постигнати со дизајнот на "течен
предавател" на изумителот Александар Греам Бел од 1876 година - дијафрагмата била
прицврстена на проводна прачка во раствор на киселина. Меѓутоа, овие системи дале
многу слаб квалитет на звукот.

Дејвид Едвард Хјуз го измислил јаглеродниот микрофон во 1870-тите.


Првиот микрофон кој овозможува правилна гласовна телефонија бил јаглеродниот
микрофон. Тој бил независно развиен од Дејвид Едвард Хјуз во Англија и Емил
Берлинер и Томас Едисон во САД. Иако Едисон бил награден со првиот патент (по долг
правен спор) во средината на 1877 година, Хјуз го демонстрирал својот работен уред
пред многу сведоци неколку години порано, а повеќето историчари му го признаваат
изумот. Јаглеродниот микрофон е директен прототип на денешните микрофони и бил
значаен за развојот на телефонија, радиодифузија и индустрии за снимање. Томас
Едисон го усовршува јаглеродниот микрофон и неговиот предавател со јаглеродни
копчиња во 1886 година. Овој микрофон за прв бил користен на првото радио
емитување, а бил користен и за настап во Њујоршката метрополитенска опера во
1910година.
Во 1916 година E.C. Wente од Western Electric го прави следниот чекор со првиот
кондензаторски микрофон. Во 1923 година беше изграден првиот практичен
микрофон за свиткување. Микрофонот на Маркони-Сикес, развиен од Капетан Х. Џ.

3
Микрофони – видови и примена

Круг, стана стандард за студијата на Би-Би-Си во Лондон. Ова беше подобрено во 1930
година од страна на Алан Блумлин и Херберт Холман, кој го издаде HB1A и беше
најдоброто решение за тој период. Исто така, во 1923 година, беше воведен лента
микрофон, друг електромагнетски тип, за кој се верува дека е развиен од Хари Ф.
Олсон, кој во суштина ги обработи звучниците со лента. Со текот на годините овие
микрофони биле развиени од неколку компании, особено RCA кои направија големи
достигнувања во подобрување на моделот, за да му дадат нова примена на
микрофонот. Со телевизиската и филмската технологија која цветаше имаше потреба
од високо квалитетни микрофони и поголема насоченост. Електро-глас го лансираше
нивното ново оружје, нов вид на микрофон - пукачки микрофон во 1963 година.
Во текот на втората половина на 20-тиот век, развојот на микрофонот брзо
напредуваше со браќата Шуре кои ги изнесоа SM58 и SM57. Најновите истражувања
вклучуваат употреба на оптички влакна, ласери и интерферометри.

4
Микрофони – видови и примена

3.Видови на микрофони
3.1. Кондензаторски микрофон

Кондензаторскиот микрофон уште познат и под името Capacitor microphone или


електростатичен микрофон тука дијафрагмата има улога на плаца на конензатор и
вибрациите произведуваат промени во далечината меѓу плочите. Кондензаторскиот
микрофон има широка примена, од телефонски предавател се до ефтини караоке
микртофони и микрофони со висок квалитет. Тие генерално произведуваат аудио
сигнал со висок квалитет и сега се популарен избор во лабораториски и во студија за
снимање на звук. Дијафрагмата на кондензаторскиот микрофон е лесна. Тоа значи
дека звуците со помал притисок можат да ја движат дијафрагмата овозможувајќи му
на микрофонот да прима тонови со високи фрекфенции. На овој вид на микрофон му е
потребен извор на енергија кој се обезбедува преку влезови за микрофон наречен
phantom power или преку мала батерија. Струјата е потребна за да се утврди
волтажата на кондензаторската плоча и исто така е потребна и за да ја напои
електрониката на микрофонот. Исто така постојат и кондензаторски микрофони со две
дијафрагми кои можат да бидат електрично поврзани за да овозможат избор на polar
patterns. Кај некои микрофони од овој вид исто така е возможно да се промени
правецот на примање на звукот, на пример Rode NT 2000 или CAD M179. Вентилски
микрофон е кондензаторски микрофон кој користи засилувач од вакумска туба
( мембрана) . Тие останале популарни поради ентузијасти за Tube Sound.

AKG P120 Project Studio Condenser Microphone

5
Микрофони – видови и примена

3.2. Electret microphone

Electret microphone е вид на кондензаторски микрофон создаден од Герхард


Сеслер и Џим Вест во Bell Laboratories во 1962 година. Поради нивниот квалитет на
работа, лесениот начин на производство и нивната ниска цена голем број на
микрофони произведени денес се токму овој вид на микрофони, годишно се
создадени преку една милијарда. Скоро сите микрофони на мобилните телефони,
компјутерите и на слушалките се исто така од овој вид. Тие се користат во многу
области од снимање со висок квалитет до вградени микрофони во мали уреди за
снимање на звук. Иако овој вид на микрофон порано бил сметан за микрофон со низок
квалитет, најдобрите од овој вид сега може да се натпреваруваат со стандардните
кондензаторски микрофони. За нив не е потребна поларизирана волтажа, но тие често
содржат вграден засилувач на кој му е потребна електична енергија. Овој засилувач е
напоен од Phantom power во студиската област. Монофоничните микрофони
дизајнирани за компјутери користат 3,5 мм приклучок. Стереофоничните микрофони
го користат истиот приклучок.

Electret Microphone

3.3. Динамички микрофон

Динамичкиот микрофон работи на принцип на електромагнетска индукција. Тој е


издржлив, релативно ефтин и е отпорен на влажност. Поради ова и неговата
способност да прими звук со висока јачина пред да настане фонија е идеален за

6
Микрофони – видови и примена

настапи на сцена. Динамичкиот микрофон го користи истиот начин на работа како и


звучникот, но обратно ( звучниците ја претвораат електичната енергија во акустична
додека микрофоните претвораат акустична во електрична) . Мал подвижен
индукциски калем кој е наместен во магнетското поле на трајниот магнет е прицврстен
на дијафрагмата. Кога звукот влегува преку Windscreen на микрофонот звучниот бран
ја движи дијафрагмата. Кога дијафрагмата вибрира калемот се движи во магнетското
поле произведувајќи варирачко коло преку електромагнетска индукција. Една
динамичка мембрана не реагира линеарно на сите аудио фрекфенции. Поради оваа
причина некои микрофони користат неколку мембрани за различните делови на
звучниот спектар и потоа ги комбинираат постигнатите сигнали.Прецизното
комбинирање на повеќе сигнали е тешко; дизајните кои го прават ова се ретки и имаат
тенденција да бидат скапи. Од друга страна постојат дизајни кои имаат цел да
изолираат различни делови од звучниот спектар. Микрофонот АКГ Д 112 е дизајниран
да реагира на ниски тонови.

Rode M1 Dynamic Microphone

3.4. Ribbon microphone

Ribbon микрофонот користи тенка брановидна метална лента која е одложена во


магнетното поле. Лентата е електрично поврзана со излезот на микрофонот и
нејзината вибрација во магнетското поле произведува електричен сигнал. Овој вид на
микрофон е сличен на динамичкиот микрофон во смисла дека и двата микрофони

7
Микрофони – видови и примена

произведуваат звук преку магнетска индукција. Едноставните микрофони од овој вид


детектираат звук двонасочно, бидејќи лентата е отворена на двете страни. Затоа што
лентата има многу помала маса таа реагира на брзината на воздухот, наместо на
притисокот на звукот. Постарите микрофони може да реагираат и на пониски
фрекфенции доклку лентата е многу разлабавена правејќи ги релативно осетливи.
Модерните лента материјали, вклучувајќи ги и новите нано материјали биле
претставени и ги елиминирале грижите за осетливоста на микрофонот и дури и го
подобриле ефективниот динамички опсег на микрофонот за ниски фрекфенции.
Заштитнитните windscreens може да ја намалат опасноста од оштетување на старата
лента. На овој вид на микрофон не му е потребна Phantom power; всушност таа
волтажа може да ги оштети некои од постарите микрофони. Некои нови модерни
дизајни на овој вид на микрофон користат засилувач притоа потребна им е phantom
power. Исто така постојат нови ленти кои се отпорни на силен ветер и phantom power.

AEA R84A Active Ribbon Microphone

3.5. Јаглероден микрофон

Јаглеродниот микрофон бил најраниот вид на микрофон. Јаглеродниот копчест


микрофон ( исто така копчест микрофон) користи капсула или копче која содржи
јаглеродни гранули кои се ноѓаат помеѓу две метални плочи како микрофоните на
Берлинер и Едисон. Волтажата се пренесува преку двете плочи предизвикувајќи мало
коло кое тече низ јаглеродот. Една од двете плочи (дијафрагмата) еднакво вибрира
заедно со звучните бранови правејќи притисок на јаглеродот. Променливиот притисок
ги деформира гранулите предизвикувајќи прмена на местото на контакт помеѓу секој

8
Микрофони – видови и примена

пар на соседните гранули, тоа ја предизвикува промената на електричниот отпор на


масата на гранулите. Промените во отпорот предизвикуваат соодветна промена во
колото кое тече низ микрофонот, произведувајќи го електричниот сигнал.
Јаглеродните микрофони порано биле често користени во телефоните; тие
репродуцираат звук со екстремно низок квалитет и ограничен опсег на фрекфенции,
но се многу цврсти уреди. За разлика од другите видови на микрофони јаглеродниот
микрофон може да биде користен како еден вид на засилувач користејќи мал износ на
звучна енергија да контролира поголем износ на електрична енергија. Јаглеродните
микрофони нашле корист како рани телефонски предаватели, овозможувајќи
телефонски повици на далечина во ерата пред вакуумските туби. Овие предаватели
работеле со механичко спојување на магнетската телефонска слушалка со
јаглеродниот микрофон, слабиот сигнал од слушалката бил пренесен до микрофонот
каде што модулирало во посилно струјно коло, произведувајќи посилен електричен
сигнал кој се праќал преку линијата. Една илустрација на овој засилувачки ефект била
осцилацијата предизвикана од фонија доведувајќи до пискав звук од стариот телефон
доколку слушалката била поставена во близина на јаглеродниот микрофон.

Carbon microphone from Western Electric telephone handset, around 1976.

3.6. Кристален микрофон

Кристалниот микрофон или Piezo microphone користи пиезоелектрицитет –


способноста на некои материјали да произведат волтажа кога се изложени на
притисок, да претворат вибрации во електричен сигнал. Како пример на ова е калиум
натриум тартрат кој е пиезоелектричен кристал кој работи како трансдуцер, може да
биде составен дел на микрофон или на звучник. Кристалните микрофони порано биле
често испорачувани со опрема која работи со вакумска туба (мембрана) како

9
Микрофони – видови и примена

касетофони за домашна употреба. Било тешко да одговараат на поранешната


транзисторка опрема и биле брзо заменети со динамички микрофони за одредено
време, а подоцна мали electret кондензаторски уреди. Пиезоелектричните
трансдуцери се често користени како контактни микрофони за појачување на звукот на
некој акустичен музички инструмент, за детектирање на удари на тапани, за снимање
на звук во предизвикувачки средини како на пример под вода и под висок притисок.

THE PIEZOELECTRIC/CRYSTAL MICROPHONE

3.7. Фибер Оптички микрофон

Фибер оптичкиот микрофон претвора акустични бранови во електрични сигнали со


детектирање на јачина на светлина наместо детектирање на промената на капацитетот
или на магнетското поле како кај конвенционалните микрофони. Светлината од
ласерскиот извор патува преку оптички фибер за да ја осветли површината на
рефлективната дијафрагма. Звучните вибрации на дијафрагмата го менуваат
интензитетот на светлината која се одразува од дијафрагмата во одреден правец.
Променетата светлина потоа е емитувана преку втор оптички фибер до фото детектор,
кој ја претвора променетата светлина во аналоген или дигитален звук за емитување
или снимање. Фибер оптичкиот микрофон поседува голем дијапазон на динамика и
фрекфенција сличен на најдобрите конвенционални микрофони со висок квалитет.
Оптичките микрофони не реагираат и не вилијаат на електрични, магнетни,
електростатски или радиоактивни полиња. Поради ова оптичкиот микрофон е идеален
за користење во области каде другите видови на микрофони се неефективни или
опасни како во индустриски турбини или во магнетска резонанца. Фибер оптичките
микрофони се издржливи и отпорни на промени во средината како температура и
влажност и можат да бидат произведени за било каква насоченост. Далечината помеѓу

10
Микрофони – видови и примена

изворот на светлината и фото детекторот може да биде на оддалеченост на неколку


километри без потреба на засилувач или било кој друг електричен уред. Правејќи го
оптичкиот микрофон погоден за индустриски и надзорен акустичен мониторинг.
Фибер оптичките микрофони се користат во многу специфични области како
мониторинг на инфразвук и отстранување на шум. Докажани се како многу корисни во
медицинските области како на пример им овозможува на радиолозите, персоналот и
пациентите да разговараат нормално во моќното и гласно магнетно поле, во капсулата
за магнетска резонца и во собите за контрола.

3.8. Ласерски микрофони

Ласерскиот микрофон се користи во филмаската индустрија како уред за шпиунажа,


бидејќи може да прими звук кој е на оддалеченост на опремата на микрофонот.
Ласерскиот зрак е поставен кон површината на прозор или друга површина која
реагира на звук. Вибрациите на оваа површина го менуваат аголот на кој зракот се
рефелектира и движењето на ласерската точка од повратниот зрак е детектирано и
претворено во аудио сигнал. Во поиздржлива и поскапа инплементација повратното
светло е поделено и води во интерферометар кој детектира движење на површината
преку менување на должината на оптичкиот пат на рефлектираниот зрак. Нов вид на
ласерски микрофон е уред кој користи ласерски зрак и чад за да детектира звучни
вибрации во воздухот.

Basic principle of laser microphone surveillance

11
Микрофони – видови и примена

4. Заклучок

Постојат повеќе видови на микрофони, но оние кои јас ги наброив сметам дека се
најпопуларни и најзначајни. Се надевам дека оваа проектна задача ќе ви помогне да го
продлабочите знаењето за микрофоните и нивната широка употреба. Многу е значајно
да се знае кој микрофон за која намена и во која ситуација се користи. Широкото
познавање за микрофони и друга аудио опрема помага во правилниот избор на
соодветниот микрофон.

12
Микрофони – видови и примена

Користена литература:

https://en.wikipedia.org/wiki/Microphone

https://electronics.howstuffworks.com/gadgets/audio-music/question309.htm

https://www.electronics-notes.com/articles/audio-video/microphones/carbon-
microphone.php

https://www.prosoundweb.com/types/news/
sennheiser_introduces_optical_microphone_for_industrial_medical_application/

13

You might also like