You are on page 1of 10

Проектна задача

Област: Електроника

Тема:Лампашки засилувач

Ментор: Изработил:
Билјана Ристоска ВладимирЗдравковиќ
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

1.0 Вовед во лампашки засилувачи:

Значењето на лампите во обликувањето на модерниот свет е честопати заборавен, иако


со текот на времето се измислени неспоредливо по ефикасни алтернативи ние сепак не
можеме во аудио техниката да доволиме исти не еднакви (по пријатни за уво)
хармоници кои се последната причина зошто не се целосно елиминирани од употреба.
Побарувачката за лампи е исто така многу голема во последните бидејќи берзата за
лампи е поделена на 4 главни производители кои поради самата голема побарувачка ги
продаваат лампите за скапа цена.

1.1 Историја
Во XIX век започнаа експерименти со цевки од кои беше отстранет воздухот, како
Гајслеровите и Круксовите цевки. Научниците што учествувале во овие експерименти
ги вклучуваат на Никола Тесла, Ојген Голдштајн, Јохан Вилхелм Хиторф, Томас Едисон
и многу други. Овие истражувања резултираа во откривањето на жарулката и неонската
цевка, а подоцна и во развојот на вакуумски и гасни цевки. Првите извештаи за
"термојонска емисија" (препознаена како термоелектронска емисија), потекнуваат од
Фредерик Гутри во 1873 година и Томас Едисон во 1884 година (познат како Едисонов
ефект). Сепак, Едисон не го разбрал принципот на работа, ниту предвидел можни
примени, па патентот останал не искористен.

Во 1904 година, англискиот физичар Џон Амброз Флеминг ја открил осцилирачката


цевка или кенотрон, подобрувајќи ги цевките увезени од САД. Последователно, во 1906
година, Роберт фон Либен развил цевка со трета диода и електромагнет, користејќи ја за
засилување на сигналите. Во истата година, американскиот иноватор Ли де Форест
поставил свиткана жица меѓу катодата и анодата во кенотронот, што предизвикало
поголема контрола на струјата во вакуумската цевка и резултирало во создавањето на
првиот аудион или вакуумска триода. Аудионот, кој беше првата практична направа за
засилување на слабите електрични сигнали, поттикна револуција во областа на
електрониката. Вакуумот во цевката, меѓутоа, не беше совршен, што често доведуваше
до јонизација при судир на електроните со молекулите на преостанатиот гас. Ова ја
правеше работата на аудионот непредвидлива во многу случаи.

1.2 Примена
Електронските цевки, вакуумските лампи, се иновативни електронски компоненти кои
имаат различни примени во различни области. Првично, вакуумските лампи играеле
критична улога во историјата на електрониката, особено во развојот на радио и
телевизија. Вакуумските триоди, пентоди и хекстоди беа се широко користени за
засилување и контрола на електричните сигнали. Одредени типови вакуумски цевки,
како магнетроните, нашле примена во областа на микроталасната технологија, што ги

2
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

прави суштински за радарска техника и микроталасни печки.Сепак, со развојот на


полупроводничките компоненти и транзисторите, употребата на вакуумските лампи се
намали. Во денешно време, нивната главна примена е во аудиофилска електроника,
каде аудио ентузијасти ги ценат за топлината и карактеристиките на звукот што ги
произведуваат. Иако се постепено заменуваат со модерни технологии, вакуумските
лампи продолжуваат да остваруваат културна и техничка важност во историјата на
електрониката.

1.3 Триода
Триодата во основната конструкција е многу слична на вакуумската диода, со додаток
на уште една електрода во просторот меѓу катодата и анодата. Таа електрода се
нарекува решетка (прва решетка, контролна решетка, мрежа, капија) и се означува со G
(од англиските зборови gate, control gate, grid).
Улогата на решетката е да го контролира протокот на електрони меѓу катодата и
анодата, слично на вентил на цевка низ која протекува вода. За да биде што поефикасна
во таа улога, решетката е значително поблиска до катода отколку до анодата. Со тоа се
постигнува да веќе мали промени на напонот на решетката предизвикуваат големи
промени во бројот на електрони кои стигнуваат до анодата (анодна струја).

Пример за триоди:

12AX7 (ECC83):
Високо-засилувачка двојна триода користена во аудио предзасилувачи.

12AU7 (ECC82):
Двојна триода со помало засилување, често користена во аудио предзасилувачи со
потреба на засилување на пониско ниво на сигнал.
12AT7 (ECC81):
Слична на 12AX7, но со помало засилување, и со помало изобличување .

1.4 Пентоди
За да се отстранат проблемите со тетродите, воведени се пентоди. Овие цевки имале уште една
решетка (трета решетка, англ. suppressor grid, ознака G3).
Третата решетка се наоѓа меѓу втората решетка и анодата. Оваа решетка најчесто е споена со
катодата во самата стаклена цевка (балон), така што имала ист потенцијал како и катодата.
Пентодата конечно била електронска цевка која потполно задоволувала, со висок фактор на
засилување и можност за работа на високи честоти. До крајот на епохата на електронските
цевки користена е за разни намени во електрониката. Пример на оваа цевка се EF-86 и EL-84.

3
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

2.0 Шема
Да започнеме со почетната шема на Фендер 5ф1-Чемп засилувач од кој е позајмена
базичната шема. Како што е прикажано засилувачот користи тетрода од типот 6V6GT,

но поради тоа што не


бев во можност да
пронајдам иста,ја
модифицирав истата
шема да работи со
пентода од типот el84.
Главната разлика во
самиот тон на
засилувачот е дека el-84
ваѓа по дистортиран тон
или како што би го
нарекле ентузијастите
Британски Тон,а 6V6GT
тетродата ваѓа по чист
тон и е така наречен
Американски тон.

Во прилог е претставена шема од засилувачот после сите измени:

4
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

2.1 Напојување
На излезот C од напојувањето имаме напон од 360v, кој преку излезниот трансформатор
се врзува со анодата на пентодата , излезот В се врзува со отпорник од 100 кΩ ,а
излезот А се врзува со отпорник од 100кΩ и преку кaплинг кондензатор се поврзува со
решетката во пентодата, но исто така се врзува преку друг 100кΩ отпорник на анодите
во (дуплата) триода.Исправувачот е цело-бранов и е со RC филтер.

Напојниот дел има мала сигнификантност во тонот, на тоа дојдов до заклучок преку
испробување на az-1 исправувачка лампа која не направи никаква разика сем тоа што
додаде дополнителен брум кој низ редизајнирањето беше предизвик за целосно
елиминирње кое на крајот сепак не беше успешно.

2.2 Биас(eng.Bias)
Да се навратиме во еден од коренските делови на снагаторскиот дел од појачалото,
катодата поминува низ отпорник од 220Ω(биас) со паралелно сврзан електролитски
кондензатор од 25uF(Кој придонесува во појачување на сигналот), биасот служи како
можда еден од најважните делови на засилувачот, при подесување на истиот добиваме
две зависни вредности (квслитет/снага), во упростена форма или ќе имаме знажен
засилувач со висока дисторзија или слаб засилувач со висок квалитет на чисти тонови,
биасот исто така го контролира греењето на лампата, со лошо наместен биас може да
не доведе до горење на лампата или сл.

2.3 Тонска
скала(eng.Tone Stack)
Тонската скала може да се нарече
“Гласните жици на засилувачот“
бидејќи најголемата измена на тонот
се одвива во склоп на тој шематски
дел, тонската скала е составена од три
RC Филтери кои го обликуваат
сигналот со надворешно подесување
на отпорниците .Во случајот се
користи самостојно дизајнирана
тонска скала која ја користи формата
од Фендер Блекфејс Твин
засилувачите но со различни
вредности кај филтерот.Дава специфичен тон како амалгамација од Америчкиот и
Англискиот тон.Горе е прикажан фреквенцискиот распон на графикот.

5
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

2.4 Влезови
Засилувачот има два влеза, едниот за висока импеданса а другиот за ниска, на влезот за
висока импеданса е паралелно приклучен отпорник за да се изедначи импедансата на
влез. Во времето кога е дизајнирана оригиналната шема често пати се среќавале гитари
со високо импедантни магнети и затоа е додаден истиот влез.

2.5 Пред-засилувач
Во пред-засилувачкиот дел е искористена дупла триода од типот ECC-83 која би била
соодветна за посакуваниот тон што беше планиран, на истата шема беше
експириментирано со дупла триода од типот ECC-82. Но самиот сигнал беше послаб но
секако почист.На катодата од првата половина на пред-засилувачката лампа паралелно е
поврзан кондензатор од вредноста на 25uF на отпрникот и ја има истата примена во
засилувањето како кај биасот.

6
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

2.6 Излезен дел


На другата страна од излезниот
трансформатор имаме излез од
прилично 4W на 16Ω кои во овој случај
се приклучени сериски два звучници,
кои импедансата во сериската
конфигурација е 8Ω, тоа значи дека
имаме излез од 8W на 8Ω.Ефикасноста
на звучниците не ни е позната бидејќи
се стари и не ми беа познати низ целата
должина на проектот.Зошто два
звучници наместо еден?Употребата на
два звучници е за зголемување на
површината на звучникот, која сама по себе без алтерација на шемата ќе даде
сигнификантно поголема гласност.

7
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

3.0 Заклучок
Самиот проект е пример за бутик (eng.Boutique) лампашки засилувач чие негово
дизајнирање траеше веќе 2 години.Како технологија која што многу брзо изумира некој
дури ја рачуна како изумрена, во општ случај лампашките засилувачи се по пријатни
имаат по пријатна дисторзија и имаат по пријатни хармоници.Во споредба со
стандардните полупроводнички засилувачи, овие лампашки не само што нудат одмор
од остриот и исполиран свет, туку и обезбедуваат магичен свет обоен во боја и топлина.

Иако можеби несовршени во ефикасност, овие лампашки засилувачи се непроценливи


во пружање на уникатно искуство. Иако земаат повеќе простор и се поскапи, тие
оставаат неизбришлив впечаток и моментално не можат да бидат споредени со било кој
друг уред гледано од аспектот на пријатност на звук.

8
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

Содржина:
1.0 Вовед……………………………………………………2

1.1 Историја…………………………………………….2

1.2 Примена…………………………………………….2

1.3 Триода………………………………………………3

2.0 Шема…………………………………………………...4

2.1 Напојување………………………………………..5

2.2 Биас………………………………………………...5

2.3 Тонска скала………………………………………5

2.4 Влезови…………………………………………….6

2.5 Пред-засилувач…………………………………...6

2.6 Излезен дел………………………………………..7

3.0 Заклучок………………………………………………8

Содржина………………………………………………….9

Користена литература………………………………….10

9
Лампашки засилувач- Владимир Здравковиќ

Користени извори:
Stokes, John. 70 Years of Radio Tubes and Valves. NY: Vestal Press, 1982.
Receiving Tube Manual, RC-20. RCA corporation. 1964.
Philips Data Handbook - Electron Tubes Part 4. Philips. 1967.
"Vacuum Tube Design"; 1940; RCA.
“Fender amp field guide”(Самостојно архивирана веб страница - привремено не
достапна)
bolimbo.dk - 5 watt guitar Tube Amplifier.

10

You might also like