You are on page 1of 2

Ѓорги Абаџиев

Ѓорги Абаџиев(1910-1963) е роден во Дојран но за време на првата светска војна, неговото


семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 год каде се
школува учи гимназија и студира право. Членува во “Македонскиот литературен кружок”
заедно со Вапцаров Неделковски и др каде ја започнува својата литературна дејност. Во 1948
год доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот. Пред се Абаџиев е оригинална творечка
личност во нашата литаретура. Тој останува со симпатија за настаните и луѓето од нашето
подалечно и поблиско минато. Абаџиев изнајде своја творечка сила и пишуваше со сигурност
така во поглед на содржината на своите дела, исто така и во однос на тематското идејната
определеност. Во современата македонска проза Ѓорѓи Абаџиев е еден наполно автохтон
автор. Таа автохтоност произлегува од фактот што во целиот тој негов прозен опус постојана и
хипостатична преокупација се јавува историјата. Како во своите книги, раскази така и во своите
романсиерски текстови, во авторовиот предмет на литаретурна анализа доминира исклучиво
историскиот настан во целата негова историографска даденост.

Пустина

Романот е составен од 8 глави.

1.Презир

На почетокот се запознавме со Арсо и Глигор кои по атентатите биле затворени. Глигор бил
бунтовен како човек тој не можел да се помири со неговата судбина и судбината на неговата
татковина. Додека пак Арсо бил тивок, мирен и молчалив тој чекал само да помине судењето
за конечно да дојде до пресудата и смртта која ја ветил. Пред судењето се запознаваме со
акциите кои ги извршиле за разрошување на отоманската банка и казната што ја добиле-
смрт.

2.Реалност

Овде е опишан затворскиот живот и правилата во затворот. Тука авторот воведува нов лик.
Џемаил Ага-насилник и господар во затворот, кои од сите земал пари, а тие што немале ги
убивал. Во затворот Арсо постојано седел во некој ќош, не сакал со никого да зборува. Глигор
вело време бил во движење ги запознал сите во затворот интересни му биле туѓите животни
приказни. Тој нашол начин како да избегаат од затвор со Арсо, му успеало нему но Арсо не
успеал. Султанот го фаќа и добил доживотна казна наместо смрт.

3.Распнување

Арсо живеел во минатото опкружен со звуците на дворот на затворот. Се присетил на сестра


му Анѓа и на неговите родители.

4.Карпа

Овде преку сеќавањата на Арсо биле прикажани подготвките на атентатите, копањето тунел
од берберницата до банката. При копањето дошле до водоводна цевка, па и до карпа која
никој не можел да ја совлада, но Арсо бил упорен, силен, и истраен. Тој се сеќавал и на
неговата девојка Ана, и неговата љубов кон неа.

5.Пак заедно

Глигор го фатиле, и повторно бил со Арсо му раскажувал за одењето низ Сахара, за девојката
Самрагда која го лекувала. Му раскажал дека во бегството му помогнал чуварот Едип кој бил
сиромашен и имал несреќна семејна судбина. Глигор му помогнал да си ја врати желбата за
живот. Тој бил со него но во една песочна бура Едип исчезнал. Арсо се разболел и паднал во
бесознание, тој од неговото халуцинирање ги помешал Ана и Самрагда.

6.Жрепка

Овде е опишано сеќавањето на Арсо на атентатот. Тој бил уапсен бидејќи излегол од банката
пред да експлодирала. Сепак, Арсо имал хумани причини. Забележал семејство со дете кои
кои ги спасил. Ги фрлил последните бомби но не успеал да се самоубие.

7.Во детството

Арсо стигнал подалеку во сеќавањата-неговото детство. Тој бил добар ученик, на една
приредба се докажал како надарен. Му помагал на татка си во дуќанот. Шивачкиот занает не
го привлекувало, затоа учел во Солун.

8.Излез

Последната глава е враќање во реалноста. Глигор решил да ископа тунел и да избега. Арсо не
сакал да учествува, тој сосема бил паднат во духот. Глигор бил оптимист, го убедувал Арсо да
избегаат, но Арсо не сакал. Неговиот излез била смртта. Накрај Арсо се самоубива на ѕидот
напишал “Тука згасна Арсо лето 1903” . Глигор успеал да избега преку тунелот кој го ископал
кон француската граница и слобода.

You might also like