You are on page 1of 1

АБЕР

Пред портите мајка стара од далеку абер чека,


на градите камен тежок, во очите солзи река,
за синот што во туѓина на печалба го испрати,
а дали ќе го дочека да го види, да се врати?

Тешка година помина, абер од далеку не стигна,


ко змија отровна - тагата, душата и ја искина,
во срцето и се всели гост неканет да и биде,
од грижа, мајката стара, бел ден не виде.

И друга година помина, абер од далеку пак не и дојде,


пред портата во грч од болка уште синот си го чека,
на ветрот му шепоти, ѕвездите ги прашува,
дали мајка чедо свое од далеку ќе дочека?

И третата година измина, на портата никој не чукна,


никој абер од далеку на мајка не и донесе,
ниту надеж не и остана да се надева,
сал копнежот со себе во земја да го однесе!

Четвртата година, црн гавран на прозор и застана


и секоја ноќ сон ист сонува, како куќата и се руши
и кукавица под стреата гнездо си сви да кука,
кога аберот пристигна, срцето на мајката престана да чука.

На петата година,пред портата,врба жална порасна,


за срцето што од тага за синот препукна,
за надежта како пламен од ветрот што изгасна,
за ѕвездата на синот што прерано згасна.

Марко Блажев

You might also like