You are on page 1of 13

ФЈОДОР МИХАИЛОВИЧ

ДОСТОЕВСКИ (1821-1881)
Биографија

• Фјодор Достоевски се родил 1821 година во Москава каде што го поминал поголемиот
дел од детството. На 16-годишна возраст тој преоѓа во Петроград каде се запишал на
Воено-инженерската академија. За време на школувањето и на службата не можел да
се најде себеси, па набрзо ја напуштил и решил да се посвети на литературата. На 25-
годишна возраст го создал својот прв роман.
• Поради учеството во револуционерниот кружок на Патрашевски, тој и другите
учесници на кружокот се осудени на смрт. Изведени на губилиште, ја чуле одлуката за
смртна казна, но во моментот кога војниците веќе ги полнеле пушките, пристигнала
вест за помилување, па смртната казна на Достоевски е заменета со робија.
• Несреќите во семејството влијаеле врз животот на писателот: смртта на саканиот
брат, на жената и двете деца, на добриот пријател – сето тоа требало да се преживее,
а тоа го нарушувало душевниот живот и физичкото здравје. Посебно го мачеле
ужасните напади на епилепсија како и материјалната грижа за сопственото и
братовото семејство. И покрај богатата литературна дејност, тој многу долго бил
задолжен. Покрај слабото здравје и постојаните немири и грижи, умрел 1881 година.
Книжевно творештво
• Бедни луѓе
• Записи од мртвиот дом
• Записи од подземјето
• Злосторство и казна 
• Идиот
• Браќа Карамазови
• Тематски специфики:
• - човековото страдање;
• - трагањето по изворите на страдањата и злото по најтемните понори на
нагонското;
• - сликањето на човековите поттикнувања, стремежи и криза на неговата
психа;
• - коегзистенција на доброто и злото, нагонски императиви на човекот како
трагично двострано суштество;
• - темните страни и патолошки видови на човековото суштество.
Интерпретација на „Злосто
рство и казна“
• Жанровски романот го определуваме како:
• - реалистичен,
• - психолошки,
• - хроника ( пожари, скандали, летот на Бергов со балон, џуџињата на
Бартол и Масимо ),
• - социјален ( со изразити карактеристики на криминалистички роман ),
• - идеен ( етичко-филозофска мотивација која дава карактеристики на
филозофски роман ).
• Хроно-тропос: Времето во романот е кондензирано во девет и пол дена
до злосторството и девет години по злосторството ( казна ). Неколку
улици, три-четири соби, две крчми, еден плоштад во Петроград, мостот
на Нева и Василевскиот остров.
• Наратор, нарација: приказната ја реализира
сезнаечки наратор. Нарацијата се одвива во три
паралелни сижетни линии:
• - Раскољников – убиство – робија;
• - Соња – проституција – милосрдие;
• - Свидригајлов – убиство – самоубиство.
• Од нивните односи произлегува контапункт на
композицијата: повеќезначноста на еден мотив –
сиромаштија, престап и казна. Индивидуланите сижетни
параболи се контрастно опишани:
• Мармаладов – сиромав кој ја прима жртвата на ќерка му.
• Раскољников – сиромав кој ја одбива жртвата на сестра му.
• Раскољников ја убива лихварката – убиство од идеи.
• Соња се ‘‘убива себе си’’ – убиство од милосрдие.
• Свидригајлов – убива заради себе.
• Експозиција: Млад човек, исклучен од
универзитетот, малограѓанин по потекло, живее
во крајна сиромаштија, откако поради
лекомисленост и лабавост во сфаќањата, ќе им
се оддаде на некои чудни „незавршени идеи“
што висат во воздухот, одлучува наеднаш да се
извлече од својата тешка состојба.
• Заплет: Откако ќе го однесе прстенот како залог
кај старата лихварка, ќе го потслушне
разговорот меѓу офицерот и студентот во
кафеаната и ќе го добие писмото од мајка му
( во кое таа го известува за својата тешка
имотна состојба ), решава да убие една старица
што дава пари под лихва. 
• Теоријата“ на Раскољников се јавува само во
мислите, без никакви практични планови, без
конкретна замисла за реализација.
• Во однесувањето на Раскољников може да се
издеферницираат три фази:
• 1. подготовка на злосторството,
• 2. извршување на злосторството,
• 3. состојба на злосторството.
• Епилог: По убиството, кај Раскољников се забележуваат
две тенденции:
• - максималното залагање да не го открие злосторството,
• - несвесното откривање.
• Раскољников не се грижи само за мислата да не биде
откриен, туку се бори со своите чувства на оттуѓеноста,
сомнежите, кошмарните сонови.
• Со етичкото страдање си отвара пат за враќање во човековата
заедница. Обидувајќи се да се постави надвор и над законите
на опшеството, се отуѓува од самиот себе. Тоа е најтешката
последица на казната која ја добива злосторникот. Се може
да се поднесе, но не и можноста да живее со злосторство зад
себе. Се предава на судските власти.
• Судницата во која се наоѓа станува психијатриска
ординација, а тој пациент. Иследникот му дава можност да се
оправда, а Раскољников си нанесува зло бидејќи во
прашањата чувствува стапица. Интуицијата го прави своето
и одговорот е одбрана.

You might also like