You are on page 1of 1

Ками и Кафка-два апсурда

Франц Кафка е раскажувач, припадник на германското експресионистичко


движење, се смета за претставник на егзистенцијализмот.
Албер Ками е франц. романсиер, драматург и есеист, близок до погледите на
егзистенцијализмот трагајќи по апсурдност на човековото постоење,кој своето
литературно дело го гради врз филозофијата на апсурдот.
Ками со романот” Странецот”,а “Кафка” со романот Процес, во двата романи е
присутен апсурдот. Нивната заедничка порака е дека среќата не е во доминација на
предметите над човекот,туку во внатрешните,скриени простори на свеста.

Сличностите во овие 2 дела е тоа што и во двата е присутен апсурдот, со кој се


сретнуваат двата лика,Мерсо и Јозеф К.
Судот е присутен во двата романа. На двата лика им се суди за нешто,во двата романа
општеството го суди поединецот и во двата судски процеса пресудата е смртна казна.
Двата лика се доведуваат на еден или на др начин до самоуништување или
автодеструкција, и се трагични (жртви).
Како сличностите има и разлики. Мерсо многу добро знаеме кој го суди-лицемерното
општество што се крие зад превезот на ,,божјата правда,, ,додека Јозеф К. Не знаеме
кој го суди, но веројатно е лицемерното општество што исто така се крие,но од
непознати причини.
Мерсо знаеме што му суди поради неговата морална рамнодушност, а К. Не знаеме
зошто му суди.
Мерсо е пасивен, не се бори, за разлика од К. кој е активен и се бори.
Мерсо самиот се доведува до самоуништување-автодеструкција, а кај К. општеството
го диктира самоуништувањето.
Мерсо има можност за повеќе избори и е апсурден, но К. нема никаков избор и тука
апсурдно е општеството.

Токму поради можноста за избор, Мерсо егзистенцијалистички е ,,посилен,,


лик од Јозеф К.

You might also like