You are on page 1of 4

Наслов на семинарската работа -1-

СОДРЖИНА

1. ГЛАВЕН НАСЛОВ 2

1. 1 Поднаслов 2

1. 2 Формати 2

1. 3 Примери и дополнителни инструкции 3

1. 4 Напомена 4

ЛИТЕРАТУРА 4

Име и презиме на кандидатот - Семинарска работа -


Наслов на семинарската работа -2-

1. ГЛАВЕН НАСЛОВ

Материјалот е упатство како технички да се оформи семинарската работа.


При изработката на семинарската работа треба да се придржувате до упатствата
дадени во овој примерок.
Семинарската работа се пишува со Unicode за македонска поддршка во фонт Times
New Roman.
Се користи Page Setup за A4 формат со маргини на страницата:
 Горе и доле 2,5 cm;
 Десно 3 cm;
 Лево 2 cm.
Текстот се пишува со единечен Single проред.
Секоја страница содржи header, во кој се внесува насловот на семинарската работа и
бројот на страницата и footer, во кој се внесува името и презимето на кандидатот.

1. 1 ПОДНАСЛОВ

Семинарската работа содржи:


1. Содржина (во која се внесуваат насловите и поднасловите со бројот на
страницата каде се наоѓаат во текстот).
2. Вовед (во кој се внесува досегашната состојба во науката и техниката од
конкретното подрачје на кое се однесува семинарската работа и да се наведе
што ќе се обработи во семинарската работа).
3. Главен содржински дел на семинарската работа. Текстот на семинарската
работа се пишува во пасивна наративна форма (да не се користи прво лице
еднина или множина). Овој дел од семинарската работа може да се состои од
повеќе главни наслови или поднаслови.
4. Заклучок (се дава кратко резиме на тоа што е изработено или презентирано во
семинарската работа и се изведуваат сопствени заклучоци.
5. Литература (се наведуваат сите користени извори на литература: книги, научни
трудови публикувани во списанија или во зборници на трудови од
конференции, технички стандарди, интернет страници итн.). Видете на крајот
од ова упатство за начинот на форматирање.

1. 2 ФОРМАТИ

Форматите на одделните елементи во текстот на семинарската работа дадени се во


Табела 1:

Табела 1.1 Формати на одделните елементи во текстот


Елемент во тесктот Формат
ГЛАВЕН НАСЛОВ Times New Roman 14 (ГОЛЕМИ

Име и презиме на кандидатот - Семинарска работа -


Наслов на семинарската работа -3-

БУКВИ, ИСПРАВЕНО, Bold)


ПОДНАСЛОВ Times New Roman 12 (ГОЛЕМИ
БУКВИ, ITALIC, Bold)
Текст Times New Roman 12 (Normal)
Наслов на табела Times New Roman 11 (Bold)
Times New Roman 11 (Bold, Italic,
Наслов на слика
центрирано во однос на сликата)
Times New Roman 11 (Следете го
Формула
примерот во дадената формула)
Times New Roman 11 (Следете го
Литература
примерот на крајот од текстот)

1. 3 ПРИМЕРИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНСТРУКЦИИ

Секој главен наслов почнува на нова страна. Нумерацијата на главните наслови е


следна 1. 2. 3...,.итн. Под секој главен наслов се оставаат два празни реда.
Пред секој поднаслов се оставаат два празни реда. По секој поднаслов се остава
еден празен ред.
Да не се остава осамен поднаслов на крај од некоја страница, туку да се пренесе на
следната страница каде се наоѓа содржината на тој поднаслов (може да се остави по
некој празен ред).
Секој параграф на почетокот е со вовлечен табулатор од 0,75 cm.
Содржината на текстот се дава на почетокот на текстот на семинарската работа,
додека користената литература се цитира на крајот од семинарската работа како што е
дадено на крајот на упатството.
Во самиот текст постојано се цитираат референците од литературата која се
користи и се наведуваат на крајот од текстот. Цитирањето се врши со наведување на
редниот број пред референцата [1], или ако се повеќе последователни референци може
да се користи ознаката [1-3]. Нумерацијата на референците во литературата на крај,
вообичаено е да се врши хронолошки по редоследот на појавување во главниот текст.
Сликите се внесуваат во самиот текст и треба да се постават најблиску до она место во
текстот каде се назначуваат. Назначувањето е како на слика 1.1 (се однесува на првата
слика од првата глава....Сл.3.5- се однесува на петтата слика од третата глава). Секогаш
се остава еден празен ред меѓу сликата и текстот. Кога се повикуваме на слика во
текстот се пишува: слика 1.1, додека под сликата се означува со Сл.1.1 како што е
прикажано подолу.

Сл. 1.1 Основна поделба на елементарни процеси на обработка на лимови

Име и презиме на кандидатот - Семинарска работа -


Наслов на семинарската работа -4-

Насловот на сликата е центриран и italic.

Табелите исто така се поставуваат на најсоодветното место во текстот,


задолжително се нумерираат и се означуваат соодветно како во Табела бр. 1.1. (првиот
број ја означува главата, додека вториот редоследот).
Формулите се нумерираат од крајната десна страна. Во текстот се повикуваат со
нивната нумерација. Следете го примерот за формулата (1.1):
n  Rr  64  24  4.8989 mm (1.1)

1.4 НАПОМЕНА

Конечната семинарска работа се предава во печатена верзија, укоричена со


спирала и фолија на предната страна, како и во електронска форма на CD. За
семинарската работа се подготвува и усмена презентација со поддршка во MS Power
Point.

ЛИТЕРАТУРА

[1] Автор “Наслов на книга”, Издавач, Место на издавање, година на издавање


[2] Автор “Наслов на научен труд”, Зборник на трудови од некое советување, Место на
одржување на советувањето, година, pp.
[3] Автор “Наслов на научен труд”, Научно списание, Издавач, Место на издавање,
година, pp.
[4] IEC (DIN, VDE...) број на стандард, Издавач, Место и година на издавање
[5] http://www.koristena-web-strana.com

Име и презиме на кандидатот - Семинарска работа -

You might also like