You are on page 1of 17

Драмата во античко

време
ДРАМА
 Драмата е третиот книжевен род, кој се појавил
после епиката и лириката во античкиот приод. Таа
е најсложениот книжевен облик, затоа што во
себе содржи елементи и од другите книжевни
родови и уметности. Дејството е најважно во
драмата. Драмскиот текст преку лица што
дејствуваат прикажува некој настан. Тој настан не
се раскажува, како во епот, туку се покажува во
драмски текст или на сцена доколку драмата се
изведува во театар.
ПРИМЕР НА АНТИЧКИ ТЕАТАР
ХЕЛЕНСКА ДРАМА
 Хеленската драма е составена од два вида текст,
дијалог и песна, кои неизменично се сменуваат и
се повторуваат неколку пати во една драма.
Дијалогот и говорите во драмскиот текст ги
исполнуваат драмските лица, додека на сцената
актерите. Лирските партии во драмата го прават
хорот.
ПОЧЕТОЦИ НА ДРАМАТА
 Почетоците на драмата се поврзани со
специфичен вид на хорски песни. На почетокот
улогата на хорот била најголема, но со текот на
времето се намалила додека улогата на
драмските лица станува поголема. Па се до
римската драма каде што тој воопшто не се ни
сретнува.
ОСНОВНИ ДРАМСКИ
ТИПОВИ
 Трагедија – драма во која што се случува нешто
трагично, тажно.
 Комедија – драма во која што се случува нешто
смешно.

Овие два драмски типа се случуваат поради некоја


грешка.
ДРАМА КАКО КНИЖЕВЕН
ОБЛИК
 Како дел од обредите што се изведувале во чест
на богот Дионис драмата како книжевен 0блик се
појавила и развила. Аристотел кажал дека
трагедијата потекнува од обредните хорски песни
дитирамб. Додека комедијата потекнала од
песните кој комос, веселата поворка.
Дионис
ПРЕТСТАВИ ВО ХЕЛАДА
 Драмските престави во Хелада биле одржувани во
точно одредено време и место. Свеченостите во
кои се славел Дионис се празниците Големите
Дионисии и Ленеите.
КОМЕДИИТЕ НА
АРИСТОФАН
 Сценографијата и костумите на хоровите во
комедиите на Аристофан биле многу ликовно
богати. На сцената имало птици, оси, жаби и
облаци, архаичен елемент кој што се задржал и во
зрелата хеленска комедија.
Аристофан
ТЕАТАРСКИ ПРЕТСТАВИ
 Театарските претстави биле битен настан во
животот и почесна должност на граѓаните што ги
организирале и тие кои учествувале во нив.
Претставите се прикажувале во драмски натпревари
и тоа во две групи трагедија и комедија. Според
правилата на нив се натпреварувале авторите, тројца
трагедиографи и пет комедиографи. Комедиите се
изведувале сите во еден, а трагедиите во три дена,
според тоа што секој тагедиограф се претставувал
со една тетралогија. Таа (тетралогијата) била
составена од четири драми (три тематски поврзани
трагедии и една сатирска драма).
Пример за изглед на
претставите
ПОЗНАТИ ДРАМСКИ
ПИСАТЕЛИ
 Ајсхил, најстариот европски трагедиограф од кого
се зачуваи 7 трагедии. *Една од зачуваните се
вика Прикованиот Прометеј.
 Софокле, одличен трагедиограф според
Аристотел.
 Еврипид, најмладиот од тројца хеленски
трагедиографи, со 17 зачувани дела, од кој
најпознат по Медеја.
 Аристофан, за него имавме погоре информации.
Ви благодарам за
вниманието

You might also like