You are on page 1of 1

РЕФЛЕКЦИЈА НА ,,ИМЕТО НА РОЗАТА”

Во книгата ми се допадна напнатоста и разните неочекувани ситуации. Начинот на кој е


прикажан манастирот, свештениците и односите меѓу нив ме доведоја до разни
недоумици и заблуди за животот во манастирите во …. години. И покрај целата околина на
мирен монашки живот авторот ни покажува колку всушност свештениците се спремни да
тргнат по крив пат па дури и да прекршат важни божји закони. Убиството на младиот
минијатурист е причината поради која Вилијам доаѓа во Италија и таа е причината поради
се откриваат огромен број на тајни и нелогичности од кои некои биле чувани и со векови.
Хомосексуалноста беше првата тема која кај мене предизвика поттик за размислување и
ме донесе до степен во кој јас ја споредував католичката црква тогаш и денес. Мудроста на
некои од монасите а особено на Вилијам уште еднаш ме увери на моќта на црквата во тоа
време. Бидејќи црквата освен тоа што поседува огромен имот, привилегии и овластувања,
таа ја има и образовната елита. Начинот на кој Вилијам се справуваше со сите случки за да
ја открие причината за многуте убиства ме присети на детективот Шерлол Холмс. Секоја
постапка која Вилијам ја направи беше толку мудра, неочекувана и логична, со што кај
мене тој освои огромни симпатии. Многу ми се допадна како авторот не внесува низ
целата приказна и неговиот детален и концизен начин на прикажување на деталите. Со
неговите тројца раскажувачи тој ни ја долови вистинската слика за секој момент, настан
или локација во книгата. Начинот на кој тој ни го долови изгледот на манастирот кај мене
доведе до визуелизација со што се почувствував како да сум дел од приказната. Книгата
изобилува со многу детали кои мора внимателно да се следат затоа што детективскиот
елемент на романот е многу важен, и само со нив може да се дојде до вистинската слика
на овој роман.

You might also like