You are on page 1of 1

Хамлет општо

Вилијам Шекспир – уште една ѕвезда која не престанува да свети на англиското небо. Име кое
сведочи за сите негови мисли претопени во грандиозни дела. Неговите дела и до ден денес се
едни од најчитаните и најпопуларните книги на сите времиња. Дел од нив се изведуваат и на
сцените на многу светски театри како претстави. Една од попознатите е „Хамлет“.
Во рамките на трагедијата на Шекспир, „Хамлет“, омразата е многу истакната. Хамлет е жртва
на едно општество во кое царува неправдата, лицемерието и лажниот морал. Ликовите се
судираат, и така се развива одмаздата која е клучот за отклучување на нивната несреќа. На
почетокот има различни знаци за стилови на пишување. Погледнувајќи поблиску до текстот,
Хамлет би се обратил на кралското семејство во поетска форма, додека пак на обичните луѓе
им се обраќал на стар јазик. Главните аспекти на ова дело би биле смртта на оние блиски до
главниот лик. Причината за оваа приказна и тагата на Хамлет е смртта на сопствениот татко. По
неговата смрт Хамлет се повлекува во себе и доживува огромно разочарување. Размислува за
мислата на животот „Да се биде или не“. Разочаран од злосторството извршено врз татко му
од страна на неговиот чичко и прељубата на неговата мајка, во име на вистината и правдата тој
одлучува на итар начин да ја открие вистината, да ја каже и да се одмазди. Одмаздата го тера
читателот да го разбере моралот на овој проблем. Во „Хамлет“ има два вида читатели,
односно два вида на верувања. Оние што веруваат во неговото измислено лудило и други кои
се залагаат за неконтролираното лудило. Неговото лудило е дефинирано како „Огромен грев,
возбуда или глупост“. Почетниот план на Хамлет е да се преправа дека е ментално болен за да
се заштити себе си и да може да ги прекрие своите вистински намери и да му се одмазди на
убиецот на неговиот татко, но се верува дека се свртел кон вистинското лудило. Друга смрт
што ја предизвика тагата на Хамлет била смртта на неговата сакана Офелија. Се смета дека
Офелија е една од ретките луѓе за кои Хамлет навистина се грижел во приказната и фактот
дека нејзината смрт е од самоубиство не му помогнало на Хамлет, чии верски верувања
наведуваа дека смртта со самоубиство е грев и убиство. „Дали таа треба да биде погребана на
христијански начин кога намерно ќе го побара своето спасение?“ коментира еден од ликовите
кога ќе го види погребот на Офелија. Интензивната тага на Хамлет за нејзината смрт е
очигледна на гробиштата, кога тој разбеснува над неговата сестра и тврди дека ја сака Офелија
повеќе од кој било брат. „Ја сакав Офелија. Четириесет илјади браќа не можат да го променат
тоа“.
Животот е премногу краток за да го потрошиме мислејќи на негативностите родени од
желбата за власт, прељуба или одмазда... Хамлет е доказ дека ништо во животот не е вечно, па
ни неговата одмазда која ќе доведе до трагичен крај.

You might also like