You are on page 1of 8

Вовед

Зигисмунд Шломо Фројд е роден во Aшкенашка еврејска фамилија во


Фрајберг, Моравија во тогашното Австриско царство. Во 1877 г, на возраст од
21 г. тој си го сменил даденото име во Сигмунд. Иако бил првороден од
неговите 3 браќа и 5 сестри меѓу децата на неговата мајка, Сигмунд имал
постари полубраќа од претходниот брак на татко му. Неговата фамилија имала
ограничени финансии и живеела во преполн стан, но неговите родители се
труделе да го зајакнат неговиот интелект, што било очевидно уште од неговата
рана возраст. Сигмунд бил оценуван со прво место во неговиот клас во шест
од осумте години од основното училиште. Тој отишол да студира на
Универзитетот во Виена, и покрај силното антисемитско расположение во
Австрија.

1
Животот и делото на Зигмунд Фројд

Се на се, многу малку се знае за раниот живот на Фројд, бидејќи тој ги има
уништено своите лични документи и пишувања барем двапати, еднаш во 1885 г. и уште
еднаш во 1907 г. Исто така, неговите документи и пишувања по овие случки се строго
чувани од Архивите на Сигмунд Фројд и се достапни само на неговиот официјален
биограф Ернест Џонс и на уште неколку други членови од внатрешниот круг на
психоанализата.

Во 1886 г. Фројд се враќа во Виена и, по отворањето на приватна ординација


која била специјализирана за нервни и мозочки пореметувања, се жени.
Експериментира со хипноза со неговите најхистерични и невротични пациенти, но на
крајот се откажува од овој третман. Наоѓа дека може да ги натера своите пациенти да
проговорат на кауч и да ги охрабри да кажат се што им доаѓа при ум (третман наречен
слободна асоцијација).

Во неговите четириесетти, Фројд „има бројни психосоматски заболувања како и


преголем страв од смртта и други фобии“. За ова време Фројд е вклучен во задачата на
истражување на сопствените сонови, мемории и динамиката на развитокот на неговата
личност. Низ само-анализата, тој го осознал непријателството кој тој го имал кон својот
татко (Јакоб Фројд), и „тој исто така се сетил на своите детски сексуални тенденции кон
својата мајка (Амалија Фројд), која била топла, привлечна и заштитнички настроена“.

По издавањето на успешни книги за несвесниот ум во 1900 и 1901 г. тој бил назначен


за професор на Универзитетот во Виена од каде почнало да се развива лојално негово
следбеништво.

Фројд имал малку толеранција за колегите кои бегале од неговата теорија. Тој се
обидувал да ги избрка тие кои не се согласувале со неговото движење или дури и
воопшто не пристанувал да прифати конкретни централни аспекти од неговата теорија.
Највоочливите примери се Карл Јунг и Вилхелм Рајх. Фројд напишал акутен напад кон
Јунг и Алфред Адлер во неговиот текст наречен „За историјата на Психоаналитичкото
движење“.

Во 1930 г. градот Франкфурт го награди со Гетеовата награда за неговите придонеси во


психологијата. Во истата година неговата мајка умира на возраст од 95 г. Во 1933 г.
поради превземањето на моќта во Германија од страна на Хитлер и нацистите,
неговите книги се изгорени.

По Аншлусот на Австрија од германските нацисти, Фроjд бега од Австрија со помош на


финансиската помош од неговата пациентка и пријателка, принцезата Марија
Бонапарта. Во јуни 1938 г. му е дозволено да ја премине францската граница и преку
Париз патува до Лондон, Англија, каде што живее на Мерсфилд Гарденс бр. 20, што е
сега Музејот на Фројд. Додека ја напушта Германија, тој е задолжен да потпише

2
документ кој вели дека бил добро третиран од нацистите. Во Англија желбата на Фројд
да биде препознат од општеството како важен научник делумно се остварува.

Фројд пуши цигари целиот свој живот. И покрај тоа што му ја отстрануваат вилицата
поради малигнен тумор, тој продолжува да пуши до неговата смрт на 3 септември 1939
г. Поради преголемите болки од ракот, тој му кажува на својот доктор да го усмрти со
преголема доза на морфиум во неговата крв. Зигмунд Фројд често се смета за таткото
на психоанализата и може да се смета за зачетник на модерната психологија. Oсновач
e на психоаналитичката школа во психологијата.

Психоанализата е медицинска наука. Медицината воопшто, не е само мошне важна за


животот на современиот човек, туку таа е битна за разбирање на човекот и за
унапредување на неговиот живот. Таа не е само една од најпрактичните етички дејства
на човекот, туку медицината иманентно содржи филозофска концепција. Основните
учења на психоанализата се филозофски, и тоа не како истражувањата на оние
современи мислители кои сакаат да прават наука, а природното останува на полето на
филозофијата, туку како еден нов феномен – од амбицијата и напорот научно да се
проникне во најсуштествените прашања за светот и воопшто за човекот.

Теориите карактеристични за оваа школа генерално ги вклучуваат хипотезите дека;

1. развитокот на луѓето генерално се објаснува преку менување на сексуалните


објекти,
2. психичкиот апарат генерално ги репресира желбите, кои се обично од
сексуална или од агресивна природа, и кои се зачувуваат во еден или повеќе
несвесни системи на идеи,
3. несвесните конфликти предизвикани од репресираните желби имаат
тенденција да се манифестираат себеси во соновите, парапракси и
симптоми,
4. несвесните конфликти се изворот за неврозите и
5. неврозите може да се лечат со донесување во свеста на несвесните желби и
репресираните мемории во психоаналитички третман.

Природата на психоанализата според Фројд

3
Според Фројд, одредувачките концепти на психоанализата како психотерапија
беанесвесно, отпор и пренос, сите, како што ќе видиме во развојот на ова поглавје, се
значајни за примената на уметничките терапии. Теоријата за несвесното се појави од
Фројдовата теорија за соништата. Вака поставен, неговиот образец за создавањето на
сонот и неговото толкување, може да е директно применет кон уметностите, каде
несвесниот момент игра суштинска улога. Надминувањето на отпорот е една од
клучните технички задачи на психоанализата – отпор кој води кон себесвесност и
избор на без-невротични начини на живеење. Употребата на уметноста во менливиот
простор како „трет поим“, помалку загрозувачки отколку директниот контакт со
терапевтот, е од клучно значење за надминување на отпорот, посебно кај прилично
вознемирени пациенти.

Пренесувањето е манифестација на поширок феномен во кој личните значења


се припишани на тековното искуство базирано на „предрасудите“. Го гледаме светот
преку розево обоени или мрачни очила, зависно од тоа како сме биле третирани во
минатото. Човековите начини и значењата на себеизразувањето, се показатели на
развојното искуство. Уметничките креации како пренос, го откриваат несвесното: прво
бидејќи нивната содржина отчукува директно во скриените емоционални значења; и
второ, способноста да опфати, преработи и претстави некое искуство во уметнички
форми, многу ни кажува за тоа како уметникот, (и пошироко, пациентите кои се
вклучени во уметничките терапии), бил „чуван“и потпомогнат да создаде смисла од
неговото или нејзиното искуство во минатото. Во терапијата, како во естетиката,
обрнуваме внимание кон двете – формата и содржината на претставениот материјал.

4
„Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски

Вечниот проблем што го мачи секој писател: што по последната ставена точка?

Гоце Смилевски го разрешил со еден ноншалантен и своевидно оригинален


гест: едноставно не ставил точка. Несвесен за таквата постапка, Смилевски предизвика
прелевање на мастилото од книгата во стварноста и секој читател, без исклучок, е
ставен во ситуација да го почувствува материјалот од што е создаван фиктивниот свет
во книгата „Сестрата на Зигмунд Фројд“. И не само тоа, туку и во сопствената кожа да ги
доживее судбините на ликовите опишани во самата книга, нивната болка, љубов,
завист, отуѓеност, утеха, вина, лага, смрт… нивниот страв, очај, плач, сон, копнеж,
заборав… нивното огледало, себеобвинување, постоење, лудило, ништо… Сиот тој свет
е маестрално создаден како пркос на деструктивната сила на заборавот и желбата по
секоја цена да се спасат животите на заборавените, поради нивната есенцијална
важност, без која историјата не би била вистинска историја. Тие сега постојат меѓу
кориците на оваа книга и немо сведочат за надежта која ќе постои, сè додека постои и
уметноста на пишаниот збор и неговите неуморни создавачи. Зашто единствено таа
може да ги спаси.

Неверојатно е како авторот успеал преку ликот на една речиси сосема


заборавена личност од историјата, една сестра на еден светски познат научник, да го
наслика менталитетот на нашиот современ човек соочен со прашањето, што како црв
невидливо длаби и копка по неговата свест — да се живее или не — наметнато од
забрзаното темпо на модерното живеење.

Тоа прашање го поставува Адолфина Фројд, хероината на романот, која воедно


е таа која (иако мртва) нè води нас читателите низ патешествијата на нејзиниот живот.
Но, тоа исто прашање важи и за останатите ликови кои орбитираат околу неа: за
нејзиниот брат Зигмунд Фројд и неговиот копнеж да остави вечна трага; за човекот на
нејзиниот живот Рајнер Рихтер и неговиот копнеж да се пронајде себеси; за нејзината
пријателка Клара и потребата за вистинскиот дом, па дури и за нејзината мајка
Амалија, која упорно бара начин како да го возврати ударот од неправедноста на
животот. И за секој од нив посебно, авторот се обидува да даде соодветен одговор кој,
за жал, ги води ликовите до едно сосема ново зошто, како, што и сè така во круг.

***

5
„Во времето кога многу нешта за мене сè уште немаа име, брат ми ми подаде остдар
предмет, и рече: „Нож.“

Најпосакуваната желба на д-р Фројд да ја разгатне загатката на човечкото


суштество ќе го дефинира неговиот лик како единствен виновник за несреќната
судбина на неговите сестри. Со тоа, всушност се потврдува и неговата теорија дека
суштината на човековиот род е — вината. Можеби тоа тој го чувствувал уште од
почетокот, па затоа пројавувал отпор кон својата традиција и се приклонил кон
германската. Во неговото последно дело „Мојсеј и монотеизмот“ со сите сили се
обидува да му го одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу
своите синови и самиот да се постави на негово место. Ставајќи се во улогата на пророк
кој на човештвото ќе му ја открие вистината за постоењето, воедно самиот себеси се
отцепува од своето потекло и здивот на неговите предци. Само го задржува она
најсуштинското, без кое не би можел да живее и наспрема кое, во дното на својата
душа, ќе пројави најодвратно гадење — еврејската крв. Во обидот да ја победи смртта,
преку напишаните дела, ќе се отуѓи од своите во едно непостоење (или смрт). Токму
тоа е казната за бесмртноста на постоењето. Таа грешка Фројд ќе ја сфати предоцна
кога во сонот на Адолфина ќе ја бара последната прошка, а таа просто само ќе му ја
каже вистината.

„Ти премногу гледаш во себе, па не можеш да ги видиш другите.“

***

„Јас е кревка супстанција нагризана од киселината на постоењето.“

Играта на преплетувањето на сенките за момчето Рајнер, во почетокот е само


излез од детската меланхолија на сините очи што плачат навнатре и лек за болката што
најсилно ќе го врзе за Адолфина во која ќе ја пронајде невиноста на вечното
соединување. Години подоцна, таа меланхолија ќе ја заменат очајот, стравот од
непостоење и загубата на смислата на животот. Со зборовите „Кој сум јас?“ Рајнер
Рихтер во огледалото ќе ја започне потрагата по себе, низ сите слоеви на минатото, и
во никој случај нема да направи разлика меѓу она што е внатре во него и она што е
надвор од него. Така барајќи ја смислата, неговото Јас ќе се распадне и ќе се загуби во

6
бесмислата, изедначувајќи се со ништо. И во моментот кога неговата душа повеќе нема
да може да го издржи товарот на себеобвинувањето, тој свесно се решава да ја
прекине трагичноста на постоењето, со што станува најизразитиот лик-егзистент во
оваа книга.

„Сето постоење е можеби само загатка што ќе биде одгатната кога постоењето, такво
какво што ни е познато нам, ќе биде завршено, и тогаш ќе ја добие потполната
смисла.“

***

„Лудилото понекогаш е бекство од болката во затапеност, а понекогаш бекство од


болката во уште поголема болка.“

Родена на погрешно место и во погрешно време, Клара Климт посакува сама да


го земе она што општеството не може да ѝ го даде и да се избори за правата и
слободата на жените. Но, рамноправноста со посилниот пол од неа ќе побара жртва да
се изложи на ударите на незадоволството и забраната, силно копнеејќи по местото
каде што ќе се пронајде себеси и ќе го добие потребното засолниште. За среќа (или
несреќа) Клара во „Гнездо“-то ќе ја почувствува топлината на домот и, под закрила на
лудилото, ќе се обиде да ги залечи раните од болката на неприфаќањето. Покриена со
говорот на тишината таа ги урива сите мостови што ја поврзуваат со реалноста, од што
останува само бездната во јасно присутната отсутност на постоењето. Себеумртвена,
во состојба на фетус, единствено ќе посака во целост да се изврши иницијацискиот чин
на духовно сплотување со вистинското Јас и повторно да се роди во вистинската
смисла на зборот.

„Ако премногу се загледаш во бездната, и бездната ќе се загледа во тебе.“

***

„Ќе беше подобро да не те родев.“

7
Соочена со незадоволството од животот како Амалија Натансон, во умот на
госпоѓа Фројд доаѓа до потполна забуна во искажувањето на чувствата, па така, двете
опозиции на љубов и омраза истовремено ќе ги проектира во абјектниот зазор
олицетворен во нејзината ќерка Адолфина Фројд. Со студенило во погледот и отров во
зборовите, мајката, без дилема, е вистински убиец за надежните соништа на својата
непожелна ќерка. На тој начин, чувствувајќи ја ранливоста на Адолфина, таа одзема
еден дел од нејзиното Јас, во замена за она што нејзе ѝ било одземено. Меѓутоа, кога
во претсмртно бунило Амалија ќе ја здогледа белината од тунелот како полека се
приближува кон неа, токму во ликот на она суштество, кое го мрази затоа што го сака,
ќе го пронајде изгубеното делче кое недостасувало за животниот мозаик да ја оформи
конечната слика – ликот на својата мајка.

„Твојот живот е толку бесмислен.“

***

„Убавината е единствената утеха на овој свет.“

Сестрата на Зигмунд Фројд, на крајот со последната испишана реченица, добива


форма на крстосница во која се среќаваат и разминуваат сите останати ликови.
Распната од тивкото капење на крв од скриена рана и топлиот ветер кој се појавува да
згрее тогаш кога најмногу студи, таа е принудена целиот живот да го помине во едно
чувство на отфрленост, недостаток и празнина, во барање на некое суштество кое ќе ја
залечи скршеноста на нејзиното Јас. Таа нечија рака што ја бара, за да ја одведе кон
едно поинакво постоење, исчезнува исто така како што и се појавува – во сон.
Заробена во кругот опишан од зборовите на нејзината мајка, Адолфина безуспешно
бара спас да се ослободи од очајот на постоењето. Сето тоа ја метаморфозира во
камен-темелник што другите ќе го искористат како средство за да си ги пополнат
пукнатините во ѕидовите на животот. Тој камен нема да може да избега од неправдите
што како удар од камшик паѓаат врз неговиот грб, ниту да најде сили во себе и да им се
спротивстави. Така, останувајќи без корени и сама со своето име, животот на Адолфина
Фројд заличува на завршен разговор.

You might also like