You are on page 1of 76

Ефто Стојановски

ЗОШТО КУЧИЊАТА
НАПАЃААТ ДЕЦА?
Причини, грешки, совети

1
Ефто Стојановски
„Зошто кучињата напаѓаат деца“
(прво издание)

Издавач и печат:
„Коста Абраш“ АД – Охрид

За издавачот:
Климент Деспотоски

Лектор
Богомир Наумоски

Компјутерска обработка:
„Коста Абраш“

Уредува:
Тоде Илиевски
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",
Скопје

Сите права се задржани и се во сопственост на авторот. Оваа книга не смее да се


размножува во делови или целосно во печатена, електронска или во некоја друга
форма без претходна писмена согласност од авторот. ©2016 by Efto Stojanovski

2
СОДРЖИНА

Рецензија од Тоде Илиевски ........................... 5


Рецензија од Борислав Томчевски ............... 7
Рецензија од Богатин Букрески ..................... 9
Автобиографија .............................................. 11
1. Предговор ................................................. 19
2. Вовед .......................................................... 23
3. Како почнав да размислувам за
објавување ваков прирачник? ................. 34
4. Причини поради кои кучињата
напаѓаат деца и бебиња .......................... 36
5. Грешки што ги прават сопствениците на
кучиња кои доведуваат до напад ............ 38
6. Улогата на законите .................................. 51
7. Случки и толкувања .................................. 52
8. Совети ........................................................ 63
9. Зошто сопствениците прават грешки? .... 65
10. Заклучок ....................................................... 73

3
4
РЕЦЕНЗИЈА ОД ТОДЕ ИЛИЕВСКИ

Со особено задоволство ја прочитав


книгата „Зошто кучињата напаѓаат деца“ од
Ефто Стојановски. Од моите согледувања и
впечатоци произлезе пофалба на овој корисен
прирачник за секого, односно книга која
попотребна им е на оние што не се љубители
и одгледувачи на кучиња, иако таа може да им
пополни многу празнини во знаењето за
кучињата и на љубителите, одгледувачите и
дресерите.
Во оценките за вредноста на делото, свој
удел има и профилот на авторот. Неговото
долгогодишно искуство со огромен број на
кучиња, него го издвојува како редок дресер,
не само во Македонија, туку и пошироко. Тоа
значи дека кај него низ работата е напластено
многу знаење од повеќе области, но
предимно од психологијата и воспитанието на
животните.
Најважната компонента во содржината
на книгата е објаснувањето зошто доаѓа до
кучешки напади на деца и бебиња, со што се
прави чекор кон предвидувањето на нападите,
односно кон најбезболното избегнување на
5
несакани последици ако дојде до напад. Затоа
авторот најпрецизно ги нуди и детално ги
разјаснува постапките за заштита од кучешки
напад на дете или бебе.
Овој прирачник особено значење
добива со укажувањето на површноста и
погрешноста на правната регулатива кај нас,
која се носи со просто преземање на европски
закони, во што предничат бројните друштва за
заштита на животните, чии членови ги немаат
потребните знаења и вештини, а се сметаат за
компетентни да нудат решенија на своја рака.
Најпосле, морам да констатирам дека
Ефто Стојановски е врвен педагог – методичар,
кој без колебање ја истакнува дисциплината
како водечки предуслов за постигнување
успех во обучувањето на кучињата: „... од
своето куче направете куче, а не човек! Куче
кое ќе биде миленик на сите, а и куче
способно за разни намени. За да го
постигнете тоа, уште додека е мало треба да
му дадете до знаење дека ќе биде на
последно место во куќата, после сите луѓе, а
и после животните, доколку ги има.“

6
Заради овие вредности, ја препорачувам
оваа книга за објавување, посакувајќи му на
авторот нови издавачки потфати.

Тоде Илиевски, писател, енигматичар и


шаховски проблемист

РЕЦЕНЗИЈА ОД БОРИСЛАВ ТОМЧЕВСКИ

Неодамнешната покана да дадам


мислење за книгата „Зошто кучињата напаѓаат
деца“ од Ефто Стојановски, ја прифатив со
особено задоволство.
Јас сум Борислав Томчевски, а во
моментов сум активен дресер. Роден сум во
1972 година во Скопје. Син сум на Симон
Томчевски, сега веќе починат, командир
(дресер) во ПС за службени кучиња при МВР
на Република Македонија, Маџари – Скопје во
периодот до 1993 година. Неговото и моето
искуство во воспитувањето на кучиња и
едукацијата на сопствениците за работа со
истите изнесува 53 години.
Имам големо искуство и соработка со
дипломатскиот кор во Република Македонија,
како и кратко, но драгоцено искуство во ПС за
7
службени кучиња при МВР на Република
Македонија – Скопје во периодот од 1995-99
година, по што продолжив да се занимавам со
дресура.
Авторот на оваа книга е човек со
многугодишно искуство, зрела личност која
преку работата се надградува непрекинато и
шири нови видици во однос на едукацијата и
напредокот на кинологијата во Македонија.
Со радост ја прифаќам појавата на
првата книга од овој вид кај нас, напишана на
краток и јасен начин за да биде разбирлива за
секого. Затоа му честитам на пријателот и
колегата со кого делиме иста љубов и пасија
за неговиот труд и залагање, кои наскоро ќе
бидат крунисани со објавена книга!

Борислав Томчевски,
поранешен дресер на службени кучиња при
МВР на Република Македонија, а во моментов
– активен дресер

8
РЕЦЕНЗИЈА ОД БОГАТИН БУКРЕСКИ

Ретки се луѓето во нашава земја, кои


навистина се загрижени за безбедноста на
луѓето во сферата на напади од кучиња.
Кучињата и човекот од памтивек се
заедно, секогаш во соживот. Но и покрај тоа,
меѓу нив доаѓа до недоразбирања.
Заради тоа се јавува потребата човекот
како свесно суштество да навлезе во
психологијата на кучето. Авторот на оваа
книга, господинот Ефто Стојановски, е толку
сериозно навлезен во проблемот што сигурно,
јасно и недвосмислено го објаснува соживотот
на човекот и кучето, без агресивност и со
непоколеблива хиерархија.
За кучињата од мојата струка
(царинските кучиња) за откривање на дрога и
експлозив авторот убаво објаснува дека при
нивната обука може да се користат и играчки,
што претставува главен метод или вообичаена
постапка.
Оваа книга ја сметам за многу значајна
не само за сопствениците на кучиња, особено
на оние од ризичните раси, туку и за сите
граѓани во општеството.
9
Книгава претставува поддршка и за нас
што работиме со службени кучиња. Таа се
состои од укажувањето дека нашиот начин на
обука на службени кучиња е правилен.
Сепак, најзначајното во оваа книга,
според мене, е едукацијата на граѓаните како
да постапуваат со кучињата за да се намали
ризикот од напади на кучиња врз луѓе,
животни и други кучиња, а посебно на деца и
бебиња.

Богатин Букрески, виш царински


инспектор во мобилни тимови – водич на
царинско куче од маржата наркотици при
Царинската управа на Република Македонија

10
АВТОБИОГРАФИЈА

Роден сум во Охрид во 1953 година. Љубовта


кон животните, уште од најмала возраст, беше
пресудна да почнам да се занимавам со обука
на кучиња. Моите почетоци во обуката на
кучиња датираат уште кога бев многу млад.
Таа беше амaтерска и ја правев само за своите
и за кучињата на мои познати и роднини. Со
професионална обука на кучиња почнав во
1977 година, но само за кратко поради
11
презафатеноста со мојата друга љубов -
фудбалот. Играв активно фудбал, а после тоа
повеќе години бев активен како фудбалски
тренер. Во 1990 година повторно почнав
професионално да обучувам кучиња, но овој
пат без прекини.
Досега низ моите раце „поминаа“
многу кучиња од над 40 раси, од сите градови
во Македонија, а обучив и голем број од
соседните држави : Албанија, Грција, Косово,
Србија и Турција. Исто така, на обука имав
кучиња и од подалечни европски земји : 4 од
Швајцарија, 4 од Германија, 2 од Норвешка.
Тие беа во сопственост на наши иселеници кои
живеат во тие земји.
Програмата по која работам е лично
моја, произлезена од моето огромно искуство.
Кучињата ги обучувам на неколку јазици
зависно од јазикот кој го зборува сопственикот
на кучето: македонски, албански, грчки,
турски.
Сум обучувал кучиња за разни намени
по желба на сопствениците, но често пати и за
нешто што сопствениците не го барале,
доколку откриев дека кучето има голем талент
за одредена дисциплина.
12
Во 2006 г. бев член на екипата од
филмот „Караула“ при што ги обучив главните
глумци - Сергеј Трифуновиќ од Белград, Србија
и Тони Гојановиќ од Шибеник, Хрватска како
да ги водат и да ги командуваат кучињата од
расата германски овчари - Аргус од Скопје и
Џеки од Кичево, кои претходно беа обучувани
од мене.
Од мојата досегашна работа можам да
наведам дека имам направено голем број
јавни изведби со кучиња, кои се вистинска
атракција за гледачите.
Со кучето Рони од Швајцарија изведов
над 30 улични претстави во центарот на
Охрид. Секоја претстава траеше околу два
часа, а посетеноста беше огромна.
Со кучето Валдо од расата алјаски
маламуд, три години со ред, настапував на
детскиот музички фестивал „Распеано
рибарче“ во Охрид. На тие претстави Валдо ја
претставуваше девојката Марија во народната
песна „Марие, бела Марие“.
За прв пат во Македонија, летото во
2012 г. изведов улична претстава со музика на
плоштадот во Охрид пред многубројна
публика со кучето Валдо – алјаски маламуд и
13
кучето Арон од расата сибирски самојад . Со
кучињата Валдо и Арон одржав над 60 улични
представи во времетраење од 30-тина минути
на градските плоштади во Охрид.
Со кучето Бади од Охрид од расата
германски овчар настапив на ТВ-шоуто
„Скриена камера“ организирана од познатиот
режисер на таков тип емисии Зоран Павлов.
Емисијата беше во продукција на босанската
регионална ТВ куќа „BN“.
Во 1999 година со група љубители на
кучиња, за прв пат во Македонија,
организиравме натпревар на дресирани
кучиња „Охрид 99“ во три дисциплини:
послушност, чуварски вежби и специјални
чуварски вежби. Натпреварот беше од отворен
тип за целата држава, односно за секој што
има обучено куче, без разлика на раса. На
натпреварот се пријавија вкупно 12 кучиња од
повеќе градови од Македонија, кои ги
исполнија пропозициите за учество. Како
куриозитет би спомнал дека сите кучиња –
учесници имаа претходно завршено моја
обука по мојата програма.
Со кучето Бела од расата германски
овчар, повеќе години изведував спонтани
14
кратки јавни настани кои опфаќаа специјални
чуварски вежби, меѓу кои најтешката вежба од
тој тип: чување дете. Вежбата чување дете ја
изведов на гореспоменатиот натпревар вон
конкуренција бидејќи само тоа куче беше
подготвено за успешна изведба.
Освен обучувањето на кучиња сум чувал
и обучувал и други питоми и диви животни. Од
дивите животни поголемо искуство имам со
диви свињи, кои ги чував повеќе од десет
години.
Во 1990 година одгледав и обучив волк
најден од страна на ловци, напуштен во
планина на возраст од околу 3 недели. Успеав
да го спасам и одгледам хранејќи го како бебе.
Волкот Волче го спитомив и претставуваше
вистинска атракција во мојата населба. Беше
сакан од сите, посебно од децата.
Чував, обучив и потполно
припитомив царски орел на кој му ставив име
Мики. Орелот го пронашол мој пријател,
истоштен во природата, но успеав да го
закрепнам и потполно да го припитомам.
Орелот живееше слободно, леташе низ мојата
населба, а на мој повик се враќаше во мојот
дом и го земав в раце.
15
Покрај обуката на кучиња за разни
намени, се случува да ми донесат кучиња кои
поради грешките на сопствениците дошле до
ситуација да мора да се убијат – евтанизираат
затоа што почнале да напаѓаат луѓе,
едноставно напаѓаат сè што ќе видат, дури и
своите сопственици. Но има и пострашно и од
тоа. Тоа се кучиња кои исто така поради
грешките на своите сопственици се довеле до
ситуација да напаѓаат мали деца и бебиња, и
тоа многу непредвидливо за своите
сопственици или обичните луѓе, затоа што
делуваат многу мирно кон возрасните, дури и
навистина се многу мирни кон возрасни луѓе.
Токму ова последново ме инспирираше да го
напишам овој прирачник, кој верувам дека ќе
биде од голема полза за сопствениците на
кучиња, но и за сите граѓани.

16
Еве само неколку известувања од многуте
напади на кучиња врз деца:

17
18
1. П Р Е Д Г О В О Р
ЗОШТО КУЧИЊАТА НАПАЃААТ ДЕЦА? - Пред
повеќе години ова прашање било поставено
како единствена точка на дневен ред на
средба од европско ниво. По оваа точка
расправале повеќе експерти од разни
професии, меѓу кои: кинолози, дресери,
ветеринари, психијатри, психолози итн.
Нивниот заеднички заклучок бил: ПРИЧИНА СЕ
АГРЕСИВНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ.
Значи од сопствениците на кучиња, кои
наводно по природа биле агресивни луѓе,
кучињата ја попримале агресивноста, па и тие
станувале агресивни. Љубителите на кучиња,
нашироко низ Европа, а и кај нас, во најголем
број поверуваа и го прифатија тој заклучок.
Следуваше и голема пропаганда, наводно, за
што поголема заштита на кучињата од нивните
,„агресивни“ сопственици. Кај нас почнаа да
се донесуваат разни нови правила и закони,
најчесто препишувани - копирани од
европските, па истите често се менуваа. Луѓето
кои поради каква било причина имаа
агресивно куче, се третираа како агресивни
луѓе, кучињата во семејствата се разгалуваа и
19
станаа повеќе од рамноправни со луѓето во
семејството (а треба да бидат на последно
место) итн. И после сето тоа, нападите од
кучиња уште повеќе зачестија.
Тогаш следуваше една безумна, панична и
ѕверска реакција на „хуманата“ Европа: Данска
донесе закон под итно да се испоубијат сите
кучиња од 13 раси, кои тие ги сметале за
агресивни, меѓу кои и расата шарпланинец,
без разлика дали кучињата биле агресивни
или не, па за кратко време биле испоубиени
околу 3.000 кучиња, што наиде на голема и
оправдана осуда од љубителите на кучиња од
целиот свет.

20
- Зошто не се подобри ситуацијата и
после сè што се презеде?
- Зошто најмногу такви трагедии има
насекаде по Европа, а кај нас во Македонија,
барем досега, не? Случајност е тоа или е
нешто друго во прашање?
- Дали постои опасност истото да се
повтори и кај нас и колкав е ризикот од тоа?
итн.
Одговорот за сето тоа е во овој
прирачник.
Денес кај нас во Македонија ризикот од
можни напади на кучиња врз деца е страшно
зголемен.Само последнава година имавме
неколку такви напади, кои за среќа, за влакно
не завршија трагично. А за колку такви напади
се премолчило никој не знае.Затоа веќе е
време, итно, стручно и најреално да се
откријат и објават сите причини кои
доведуваат до вакви напади, без разлика дали
тоа му се допаѓа некому или не. На овој начин
ризикот од такви напади ќе се сведе на
минимум, а тоа е добро и за самите кучиња.
Доколку не се постапи правилно, трагедиите
ќе продолжат, а со самото тоа ќе следува
масовно истребување на кучињата, слично
21
како и во случајот во Данска. Убивањето на
кучиња поради вина на нивниот сопственик е
голема грешка од незнаење, а убивањето
поради припадност на одредена раса, како во
наведениов случај, е монструозен злостор.
Во наредните точки за прв пат јавно ќе
ги објавам ПРИЧИНИТЕ поради кои доаѓа до
напади врз деца, а и детално ќе ги објаснам
ГРЕШКИТЕ кои ги прават сопствениците
поради што се доаѓа до причините за напад
врз деца.
- Ќе го објаснам и тоа зошто
сопствениците прават грешки.
- Ќе дадам совет како да постапат
граѓаните доколку се најдат во таква несакана
ситуација.
- Ќе дадам совет до сопствениците на
кучиња кои веќе имаат многу опасно куче -
куче кое е агресивно кон деца, што понатаму
со него. Дали таквото куче ќе мора да се убие,
како што се практикува низ Европа, или постои
можност да се спаси.
- Зошто има случаи во кои и покрај тоа
што кучињата заедно растеле, дури и заедно
спиеле со деца, да нападнат на истите тие
деца.
22
- Ќе наведам примери - случки кои
завршиле со тешки повреди на нападнатите
деца, а и трагично.

2. В О В Е Д
За читателите да не ги испомешаат
расите и кучињата и за да можат полесно да
препознаат за какви кучиња и раси станува
збор, истите ќе ги поделам во групи.
ГРУПИ НА КУЧИЊА
а. Мирољубиви кучиња
Кучињата кои и по провокација не
напаѓаат на луѓе, животни и други кучиња се
мирољубиви кучиња.
б. Агресивни кучиња
Кучињата кои без провокација, а и со
провокација напаѓаат на луѓе, животни и други
кучиња се агресивни кучиња.
в. Опасни кучиња
Кучињата кои се агресивни, а физички
многу силни, се опасни кучиња.
г. Многу опасни кучиња
Кучињата кои напаѓаат на деца и
физички се многу силни се многу опасни
кучиња.
23
НАЈРИЗИЧНИ РАСИ ОД ГРУПАТА МНОГУ
ОПАСНИ КУЧИЊА – КУЧИЊА КОИ
НАПАЃААТ НА ДЕЦА
Сопствениците на овие раси треба
многу претпазливо и правилно да постапуваат
при чувањето и воспитувањето на своето куче
за да не направат од него потенцијален убиец.
Граѓаните добро да се запознат со
упатството и изгледот на овие раси за да
можат подобро да ги препознаат и колку што е
можно поправилно да се извлечат или
воопшто да не дојдат до несакана ситуација.
Овие раси поради нивната физичка сила,
темперамент и грешките на нивните
сопственици најчесто и најлесно можат да
станат - многу опасни кучиња кои напаѓаат на
деца.

24
- ПИТБУЛ

25
- АМЕРИКАНСКИ СТАФОРД

26
Кучињата од овие две раси најлесно и
најбргу и со мала грешка можат да станат
многу опасни кучиња - кучиња кои напаѓаат на
деца!
Забелешка: Со правилно чување и
воспитување тие се многу мирни и добри
кучиња.
Ако кучето од овие две раси стане
агресивно кон деца, тоа куче веќе е многу
опасно затоа што е и многу физички силно и
не се откажува од жртвата до смрт.
Карактеристично кај овие раси е тоа што
најчесто се мирољубиви кон возрасни луѓе,
без разлика дали ги познаваат или не, па
поради тоа често се случува нивните
сопственици да си мислат дека нивното куче е
мирно и да не забележат дека е агресивно
кон деца.
Има чести случаи да нападнат на деца и
покрај тоа што пораснале, дури и спиеле
заедно со децата.
Овие две раси по изглед, карактер и
физичка сила се скоро исти, па поради тоа
обичните луѓе тешко ги разликуваат едни од
други.
Кучињата од овие две раси ќе бидат многу
27
добри и безопасни доколку се воспитуваат
правилно и не се направат грешки, особено
грешките кои се сметаат за многу големи и кои
ќе ги објаснам во наредните точки.
Со правилно воспитување кучињата од
овие две раси можат да бидат многу добри и
мирољубиви - кучиња миленици. Не треба да
се обучуваат - дресираат како чуварски кучиња
на двор, разни објекти и сл. затоа што во таков
случај ќе бидат многу ризични и опасни.
Со професионална дресура се одлични
кучиња за одбрана на својот сопственик. Во
овој случај кучето не смее да нападне колку и
да е испровоцирано за тоа.

28
- ТОСАИНО

29
- ДОГA

30
Овие две раси се најблиски до
претходните две според нивната физичка
сила, карактер. Во Македонија ги има во голем
број. За нијанса се „помеки“, но сепак опасни
кон деца, секако, доколку се направат грешки
во чувањето и воспитувањето.
Доколку се чуваат и воспитаат правилно
се многу добри кучиња .
Со професионална дресура се одлични
раси за разни намени, а посебно како чувари.
- РОТВАЈЛЕР

31
И кучињата од расата ротвајлер, исто
како и питбулот и американскиот стафорд,
само заради мала грешка при воспитувањето
стануваат многу опасни кучиња кон децата.
Оваа раса ја издвојувам посебно затоа што
ротвајлерот, покрај тоа што многу лесно
станува многу агресивен кон деца, исто така
многу лесно станува многу агресивен и кон
возрасни луѓе, па најчесто, во исто време е
агресивен кон сè. Имено, истровремено може
да нападне и дете, и возрасни, и сè што е живо
околу него. Поради тоа и начинот како да се
постапи доколку бидете нападнати е сосем
поразличен во споредба со напад од питбул
или американски стафорд. Упатство за тоа
како да се постапи во такви ситуации ќе има во
32
наредните точки.
Исто како и претходните раси, и
кучињата од расата ротвајлер со правилно
воспитување се потврдени кучиња за разни
намени, а со професионална дресура се меѓу
најдобрите раси во светот за разни чуварски
обврски, па затоа се и доста популарни и
распространети по целиот свет.
ОСТАНАТИТЕ РАСИ на кучиња, кои ги
има во голем број во Македонија, се раси кои
се физички помалку силни или по карактер
поразлични од претходните, а со тоа и ризикот
да бидат многу опасни кучиња е помал . Овие
раси нема да ги спомнувам во оваа прилика
затоа што шансите за можни напади врз деца
од нив се помали, а и за да не ги помешаме со
претходните раси за кои зборував. Сепак, и со
овие, останати раси, сопствениците треба да
внимаваат да не направат грешки поради кои
кучето ќе почне да напаѓа деца.

33
3. КАКО ПОЧНАВ ДА РАЗМИСЛУВАМ ЗА
ОБЈАВУВАЊЕ ВАКОВ ПРИРАЧНИК ?
Кога од средствата за информирање
разбрав за средбата на Европско ниво која се
одржала поради многуте случаи на напади од
кучиња врз деца и бебиња, почнав да
размислувам како и што побргу да објаснам
дека заклучокот од таа средба е многу
погрешен и дека воопшто нема да придонесе
за намалување на ризикот од напади на
кучиња врз деца. Дека сум во право и дека не
грешам потврдува и тоа што и покрај
„утврдувањето“ на причината и преземањето
на разни мерки, нападите уште повеќе
зачестија насекаде по Европа. Моето искуство
токму со такви кучиња, кои веќе беа од
групата на многу опасни кучиња кои напаѓаат
на деца и бебиња, кажува многу јасно дека
причината за напади е сосем друга. Причините
поради кои кучињата напаѓаат на деца многу
прецизно ги утврдив, исто како и грешките на
сопствениците поради кои се доаѓа до
причините за кучињата да напаѓаат деца. Со
сите такви кучиња имав стопостотен успех, а
тоа значи дека од кучиња кои имаа голема

34
желба за напад на деца, станаа кучиња кои
воопшто повеќе не ги интересираат деца, па
со самото тоа не мораа ни да се убијат -
евтаназираат.
Најдобро е кучето да не се доведе во
ситуација да има агресивност кон деца, па
после тоа да се одвикнува, зашто
одвикнувањето не е едноставно, а и додека се
почне со обука за одвикнување можно е да се
случи напад.
Сопственикот на агресивното куче е
навистина најголем виновник за тоа што
неговото куче станало агресивно, но не
поради тоа што, наводно, тој е по природа
агресивен човек, туку поради НЕЗНАЕЊЕТО
како да го воспита своето куче.
Од моето искуство можам да кажам
дека во поголем број на случаи добрите и
мирни по карактер сопственици имаат
агресивни кучиња, а другите, еве да ги
наречам потемпераментни и построги соп-
ственици, имаат претежно плашливи кучиња.
Но сепак, и едните, и другите, доколку имаат
агресивно куче, тоа е само поради
НЕЗНАЕЊЕТО како да го воспитаат своето куче.
Втората причина што ме наведе да
35
пишувам за оваа појава се моите секојдневни
средби и разговори со родители и дедовци на
мали деца и бебиња од кои разбрав дека
воопшто не се свесни дека при шетањето со
своите деца и бебиња им се заканува таква
страшна опасност, а не се подготвени како да
постапат доколку се случи напад од куче.
Поради тоа решив сè што знам во врска со тоа
што побргу да го пренесам на што поголем
број луѓе со само една цел: што помал ризик
од случување на кучешки напади врз деца.

4. ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ КУЧИЊАТА


НАПАЃААТ ДЕЦА И БЕБИЊА
- ПРВА ПРИЧИНА :
КУЧЕТО НЕ ГО ГЛЕДА ДЕТЕТО КАКО ДЕТЕ
(ЧОВЕК ) ТУКУ ГО ГЛЕДА КАКО ИГРАЧКА.
- ВТОРА ПРИЧИНА :
КУЧЕТО НЕ ГО ГЛЕДА ДЕТЕТО КАКО ДЕТЕ
(ЧОВЕК ) ТУКУ ГО ГЛЕДА КАКО ЖИВОТИНКА.
- ТРЕТА, ОПШТОПОЗНАТА ПРИЧИНА:
КУЧЕТО ГО ГЛЕДА ДЕТЕТО КАКО ЧОВЕК.
(Покрај тоа што е општопозната, е и
многу поразлична од првите две причини,
36
затоа нема да ја објаснувам, туку само ќе
кажам дека во овој случај кучињата напаѓаат
на деца поради тоа што се агресивни кон
луѓе.)
Овде е карактеристично тоа што некои
кучиња во многу случаи, дури и кога се многу
агресивни кон возрасните, не напаѓаат на деца
затоа што нив ги разликуваат од возрасните.
Таква способност на разликување на деца од
возрасни е појава најчесто кај поприродно
чуваните кучиња (кучињата по селата кои се
чуваат слободно).
При воспитувањето на кучиња од разни
раси ги открив овие две причини поради кои
доаѓа до напади врз мали деца и бебиња.
Значи, најчесто мали деца под четиригодишна
возраст и бебиња, без разлика дали бебињата
се носат в раце или во бебешка количка.
Нападите поради овие две причини се многу
опасни.
Забелешка: За да не дојде до забуна,
треба да се знае дека напад од кучиња врз
деца може да се случи и од обична
агресивност на кучињата кон возрасните
луѓе, но тие напади немаат никаква врска со
нападите за кои зборуваме.
37
Кога сопствениците на кучиња, особено
на кучиња од силните раси, ќе се запознат со
причините, а и со грешките кои ги прават при
чувањето и воспитувањето на своите кучиња,
ќе имаат можност од своето куче, без разлика
на која раса тоа му припаѓа, да „направат“
добро куче.

5. ГРЕШКИ ШТО ГИ ПРАВАТ


СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КУЧИЊА –
ПРИЧИНИ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО НАПАД
- Грешки кои доведуваат до првата
причина.
КУЧЕТО НЕ ГО ГЛЕДА ДЕТЕТО КАКО ДЕТЕ
- ЧОВЕК, ТУКУ ГО ГЛЕДА КАКО ИГРАЧКА:
а. РАЗНИ ИГРАЧКИ

38
Најголемата грешка што ја прават
сопствениците на кучиња, а доведува до тоа
кучето да почне малите деца и бебиња да ги
гледа како играчка, а не како човек, е
претераното играње на кучето со играчки. Кај
овие раси играњето и вежбањето со разни
играчки (топки, топчиња, пластични шишиња,
разни предмети од разни материјали, дрвени
предмети итн.) треба потполно да се исклучи.

39
б. БЕБЕШКИ КУКЛИ
Најопасни играчки кои кучињата
најлесно ќе ги направат убијци на деца и
бебиња се играчките - куклите во форма на
дете - бебе, кои се продаваат по продавниците
за опрема и храна за кучиња, а доколку таму
ги нема, тогаш се купуваат од продавниците за
играчки за деца.
Само при крајно професионална
дресура, при која дресерот има големо
искуство со обука на овие раси, можна е
употреба на предмети – играчки, но никако на
кукли.
Играчки најчесто се употребуваат при
обука на определени раси на кучиња за
посебни намени, како на пример: за
откривање на дрога, експлозив и сл., како и за
кучиња-спасители и кучиња за разни други
намени, а обуката ја вршат професионални
дресери.

40
в. КУЧИЊА „БИЛДЕРИ“

41
Многу голема грешка се прави при
физичките и кондиционите вежби, кои,
најчесто, ги прават некои од сопствениците на
кучиња, со стремеж од кучињата да направат
кучиња-билдери.

Овие раси природно се толку многу


физички силни што нема никаква потреба да
бидат уште посилни. При тие вежби на
кучињата им се даваат разни предмети:
вреќи,гуми од возила итн., кои кучињата ги
сакаат затоа што за нив тоа е игра, па тргаат,
касаат ,влечат,висат во воздух и сл. и сè ќе
сторат за да ги дофатат. Овие вежби ги прават
кучињата многу зависни од игра со такви
предмети, па кога ќе видат дете можно е да
помислат дека се работи за некоја играчка, а
не за дете - човек и да тргнат по детето исто
како и по предметите со кои играат и ги
растргнуваат.

42
43
Г. РАЗГАЛУВАЊЕ

44
Кога на грешките од а, б и в ќе се
додаде и разгаленоста, тогаш шансите кучето
да се претвори во убиец се најголеми.
Сопствениците оваа грешка ја прават најчесто
од преголема љубов кон својот миленик, од
незнаење, самоувереност или погрешна
едукација за тоа како да го воспитуваат и
постапуваат. Сопствениците на кучиња
најчесто доцна сфаќаат дека го разгалиле
своето куче. За да не дојде до разгалување
сопственикот треба навреме да се посоветува
со професионален дресер како да го чува и
воспитува своето куче од мало, па сè до
шестиот месец, кога воспитувањето треба да
прерасне во професионална дресура. Доколку
сопственикот нема можност за тоа, тогаш
треба повторно да се посоветува како самиот
да продолжи понатаму со воспитување после
шестиот месец.

45
46
– Грешки кои доведуваат до втората
причина

КУЧЕТО НЕ ГО ГЛЕДА ДЕТЕТО КАКО ДЕТЕ


– ЧОВЕК, ТУКУ ГО ГЛЕДА КАКО ЖИВОТИНКА

а. АГРЕСИВНОСТ ПО ЖИВОТНИ
Во овој случај, за кучето да почне да го
гледа детето или бебето како некоја
животинка, а не како дете – човек, голема
улога игра агресивноста на кучето кон разни
животни. Најголемата грешка која ја прават
сопствениците е с`скањето на кучето по други
животни, особено по животни кои се поситни,
како на пример с`скање по мачки .Тоа најчесто
го прават младите сопственици. Доволно е
само еднаш кучињата од овие раси да задават
мачка или некоја друга животинка, па да
станат крволочни убијци на сè што им изгледа
како животно, особено поситно животно, па
кога ќе видат дете или бебе помислуваат дека
е некоја животинка и напаѓаат исто како тоа да
е мачка.
Колку повеќе е кучето агресивно кон
животни, толку повеќе постои ризик истото да
напаѓа деца или бебиња. Секое такво куче
47
треба да се провери од професионален
дресер.
Кога овие раси се обучуваат
професионално, без оглед дали се работи за
мирољубиво куче или куче за одбрана на
својот сопственик, најважното што треба да го
научат е воопшто да не реагираат на животни,
птици, други кучиња, и, особено, на деца.

48
б. КУКЛИ - ЖИВОТИНКИ
Куклите со изглед на животни, кои им се
даваат на кучињата да си играат, толку често
ги има што веќе како да станаа модерни.
Освен обичните кукли од разни животинки, им
се даваат и специјално направени кукли кои
кога ќе се притиснат испуштаат крикови, при
што кучето уште повеќе се возбудува, па
станува уште покрволочно кон секакви

49
животни. Таквото куче, пред сè од овие раси,
кога ќе наиде на дете постои веројатност да го
нападне, исто како да е животно, зашто детето
не го гледа како дете – човек, туку го гледа
како животинка .
Веројатноста да нападне е уште поголема
доколку детето има облека која личи на некое
животно, како на пример облека со разни
украсни додатоци како капите со уши, кои
многу често се сретнуваат, а се голем
предизвик за кучињата од групата многу
опасни кучиња. Затоа на децата и бебињата
кои носат такви капи им се заканува страшна
опасност.

50
в. РАЗГАЛУВАЊЕ
И во овој случај како и во претходниот,
разгаленоста многу ја зголемува агресивноста
на кучето.

6. УЛОГАТА НА ЗАКОНИТЕ
Покрај едукацијата на сопствениците и
општо на граѓаните за намалување на ризикот
од напади, голема улога играат и правилата -
законите за чување , воспитување и водење на
кучињата.Досегашните закони имаат многу
пропусти кои придонесуваат за случување на
напади од кучиња врз деца , бебиња, возрасни
луѓе, а и напади врз домашни животни и врз
други кучиња.Досегашните закони се носеа
без јавни расправи, а тоа значи без учество на
разните засегнати страни, како што се:
кинолозите, ветеринарите, дресерите, одгле-
дувачите, друштвата за заштита на животни,
сопствениците на кучиња за разни намени,
како на пример овчари и ловци, и секако,
граѓаните -љубители и нељубители на кучиња.

51
7. СЛУЧКИ И ТОЛКУВАЊА
Со цел читателите добро да се запознат
за колку страшна опасност се работи, ќе
наведам само неколку примери од светот и
неколку примери од Македонија од нападите
на кучиња врз деца и возрасни.
За испоубиени деца и бебиња сум читал
и слушал многу пати. Најчесто таквите настани
се случуваат на улици, во паркови каде
родители шетаат со своите деца или бебиња,
а има и доста случаи на убиени деца во
станови, како од своите кучиња, така и од
кучињата на домаќините кај кои биле на гости.
Значи нападите се случуваат насекаде. Кога ќе
се случи куче од многу опасните кучиња да
нападне на дете или бебе, шансите за
спасување на детето се многу мали.
а. Неколку случки од Светот
Во една европска земја, не се сеќавам
која, машко дете растело заедно со два
питбула четири години во стан. Детето растело
играјќи си секојдневно со кучињата.Додека
родителите биле отсутни - оделе на работа,
детето било со бабата и кучињата. Еден ден
бабата слушнала пискање на детето, кое со
52
кучињата било во друга соба. Кога отишла
таму видела како двете кучиња го
растргнуваат детето. За среќа, станот бил на
приземје, и втора среќа, надвор имало
полицаец кој бргу ги убил двете кучиња.
Детето останало живо, но му биле извршени
дваесет и две операции по искасаното тело и
искршените раце и нозе.
Зошто се случило тоа ?
Во овој случај се работи за кучиња од
групата многу опасни кучиња, кои детето не го
гледаат како дете – човек, туку како играчка.
Моја претпоставка е дека кучињата биле и
разгалени и многу реагирале на играчки.
Играјќи со детето почнале да го тргаат исто
како кога две кучиња тргаат предмет со кој
играат. Тоа играње прераснало во
растргнување на детето.

53
Во Италија двајца работници работеле
во поле кое било многу ретко населено .Од
една фарма две кучиња од расата стафорд
прескокнале преку оградата и го нападнале
едниот работник. Другиот толку се исплашил
што почнал да бега. Избегал околу три
километри далеку од настанот и се скрил во
некој амбар во некоја куќа. Кучињата го убиле
работникот што го нападнале па тргнале да го
бараат другиот што побегнал. Го пронашле во
амбарот, влегле внатре и го убиле и него.
Овој пример го наведувам за да се знае
за колку силни и упорни кучиња станува збор
.Инаку, причина за нападот на работниците е
агресивноста кон возрасни луѓе.

Многу свеж случај од европските


градови е овој во кој питбули и дога убија
девојче. Девојчето отишло во соседството кај
својата другарка, во стан во кој имало кучиња.
Другарката за момент излегла надвор за да
земе нешто, а кога се вратила - девојчето веќе
било мртво. Кучињата, едноставно, го
растргнале.
Овој случај е поинаков од
претходните.
54
Во овој случај се работи за разгалени кучиња
кои биле агресивни и покрај тоа што дотогаш
не покажале агресивност. Честопати сопстве-
ниците не се свесни дека кучињата им се
агресивни. Сум имал повеќе случки со такви
кучиња, па сопствениците ги предупредувам
дека кучето им е опасно, за што тие воопшто
не се свесни, зашто го шетаат меѓу луѓе
слободно, дури и без поводник.

б. Неколку случки и примери од Македонија


Пред околу година и пол во Охрид куче
од расата маламуд (женка) прескокнало преку
ограда од дворот и зграпчило за глава
шестгодишно девојче, кое било со мајка си. На
улицата имало многу луѓе, кои притрчале да го
оттргнат детето од кучето. Но кучето никако
не го испуштало девојчето од уста, држејќи го
за главата. Тоа потрајало доста долго, па
луѓето, сепак, успеале да го оттргнат и да го
спасат девојчето.
Зошто кучето нападнало на девојчето е
многу карактеристичен и посебен пример.
Овде се работи за куче од групата многу
опасни кучиња, кои децата не ги гледаат како
дете - човек туку како животинка. Поради
55
преголемата разгаленост и агресивност кон
животни кучето прескокнало преку оградата и
нападнало на девојчето, зграпчувајќи го за
главата, мислејќи дека напаѓа на некоја
животинка. Девојчето на главата имало капче
со уши, за што претходно спомнав дека
капчињата со уши, кои често ги носат децата,
се голем предизвик за кучињата од многу
опасните раси, кои се агресивни кон животни.

Пред неколку години куче од расата


ротвајлер го нападна и уби својот сопственик.
Овој случај во јавноста е добро познат затоа
што беше објавен скоро во сите средства за
информирање.
Многу свежа е случката од Македонија,
за која доста се пишуваше, кога куче од расата
ротвајлер нападна петмесечно бебе кое
мајката го шетала во количка. Детето беше
спасено во последен момент благодарение на
мајката која инстиктивно и панично се фрлила
врз кучето, а со тоа несвесно го свртила
вниманието на кучето врз себе. Мајката беше
повредена по главата, а детето, за голема
среќа, спасено во последен момент. Доколку
кучето беше од расите питбул или
56
американски стафорд, шансите да се спаси
детето ќе беа многу мали.
Забелешка: Во сите гласила во
Македонија оваа вест беше објавена
погрешно: „Куче од расата ротвајлер
нападна мајка со бебе“, а правилно беше:
„Куче нападна бебе.“

Зошто дошло до овој напад и зошто


кучето се откажало од детето?

Во овој случај се работи за куче од


групата многу опасни кучиња од расата
ротвајлер, кое покрај тоа што напаѓало на
57
деца, било агресивно и кон возрасни, што како
што спомнав претходно, е честа појава кај оваа
раса. Целта на ротвајлерот била бебето кое
било во количка, што за кучето претставувало
играчка која сака да ја грабне или животинка
која сака да ја растргне. Затоа кучето тргнало
кон бебето, а не кон мајката. Моментот кога
мајката на бебето се фрлила врз кучето бил
решавачки за спас на бебето затоа што по
реакцијата на мајката кучето се откажало од
бебето напаѓајќи ја мајката. Значи, најкаракте-
ристично кај ротвајлерите е тоа што многу
лесно напаѓаат на сè што ќе ги предизвика или
испровоцира.

На еден мој пријател од Охрид, кој има


кафуле покрај плажа, му кажував за кучињата
кои напаѓаат на деца. После извесно време
еве што ми кажа: „Седев во паркот на плажата
и гледав еден човек што си го шета внукот со
количка. Стотина метри од него видов момче
што го шета своето куче од расата тосаино,
пуштено и без корпа. Се сетив на тоа што ти ми
кажуваше и се прашував самиот дали е можно
кучето да го нападне детето. И се случи токму
тоа! Кучето се затрча кон количката во која
58
беше детето, а јас почнав да викам по дедото
за да го предупредам, но тој во почетокот не
сфаќаше што му викам, а во исто време
момчето трчаше по кучето за да го фати. Кога
кучето стигна до количката, скоро колку да го
земе детето, дедото сфати за што го
предупредувам и што се случува, па во
последен момент успеа да го зафати кучето за
задниот дел од телото, а пристигна и
сопственикот кој го отргна и заврза кучето.
Детето се спаси за милиметар!“
Во овој случај се работи за куче од
групата многу опасни кучиња кои напаѓаат на
деца, а поради која причина кучето
нападнало, дали поради првата каде што
кучето не го гледа детето како дете – човек,
туку го гледа како играчка или поради втората
кога кучето не го гледа детето како дете –
човек, туку го гледа како животинка.За тоа
прецизно да се утврди беше потребно кучето
да се испита. Овој случај е поразличен од
случајот со ротвајлерот по тоа што и по
реакцијата на дедото кучето не напаѓа на
дедото и покрај тоа што дедото го трга кучето,
зашто кучето е сконцентрирано на бебето и не
го интересира возрасен човек. Најчесто тоа е
59
така и со кучињата од расите питбул и
американски стафорд и кучињата од расите
дога и тосаино, како во овој случај .

Пред десетина години маж и жена од


Охрид ми донесоа куче од расата питбул.
Рекоа дека многу се брзаат, па ќе дојделе
другиот ден за да ми кажат за што го донеле
кучето на дресура. Само што си заминаа, кога
видов дека питбулот е многу мирен, го
извадив да го прошетам за да го испитам. Не
поминав ни сто метри кога кучето почна силно
да ме влече кон жена која минуваше со своето

60
дете во количка. Веднаш се вратив дома затоа
што бев сигурен дека кучето реагира на
бебето. Од сопствениците на кучето немав
никакви податоци за да ги повикам, па кучето
го ставив в бокс и уште го заврзав. Другиот ден
дојдоа сопствениците и уште од кај вратата на
дворот ми рекоа: „Нас дресура не нè
интересира. Кучето го донесовме...“ -- тука ги
прекинав. „Знам, знам! Кучето напаѓа на
бебиња!“ Двајцата се исплашија мислејќи дека
кучето има нападнато на дете и почнаа да ми
кажуваат зошто го донесле кучето кај мене:
„Кучево го сакаме како дете. Знаевме какво е
па внимававме, но еден ден додека
работевме нешто во дворот, кој е добро
заграден, кучето шеташе низ дворот и ја крена
главата нагоре со поглед кон улицата, а таму
некој дедо го шеташе внучето во количка. Во
истиот момент видовме дека ја имаме
заборавено вратата од дворот отворена. Веќе
беше доцна. Кучето се стрча по детето, а ние
спискавме по дедото: Бебето! Дедото веднаш
сфати за што се работи, па го зеде детето од
количката и го крена високо. За среќа, тој
беше висок човек. Кучето почна да скока по
детето, штракајќи со забите кога после секој
61
скок не ќе успееше да го достигне, зашто
дедото во тој момент го поттргнуваше детето.
Го фативме кучето и решивме веднаш да го
убиеме. Мислејќи како да го направиме тоа, а
го сакаме како свое дете, еден човек нè
посоветува: „Појдете до кај Ефто да видиме тој
што ќе ви каже!“ Кучето после еден месец
дресура не само што се одвикна од најлошото,
туку совлада и многу други вежби и си остана
да живее и понатаму, без да има опасност да
напаѓа повторно.
Овој пример најмногу треба да го знаат
луѓето кои буквално поддржуваат сè што доаѓа
од Европа, а тоа значи и убивање, или како
што тие велат евтаназија, на кучиња кои
според нивните правила се агресивни кучиња.
Велам според нивните правила, зашто и
кучињата кои ќе изреагираат со лаење во
самоодбрана или при чување на својот
сопственик или имот, за нив се агресивни
кучиња кои треба да се испоубијат -
евтаназираат. Значи, според нив, треба да
постојат само кучиња кои ќе бидат за
милување – галење, а сите други да се
испоубијат по примерот од Данска и неколку
други европски држави.
62
8 . СОВЕТИ
Како да постапите доколку сте со мало
дете или бебе, а во ваша близина се шета куче
од ризичните раси без поводник и корпа или
е со поводник, а без корпа, но го шета
сопственик кој не е способен да води такво
куче (малолетник и слично, кому лесно може
да му избега).
Доколку процените дека е куче од
ризичните раси -питбул, американски стафорд,
тосаино, догоаргентино (не важи за ротвај-
лер!) најдобро е најпрво да се оддалечите од
него, но доколу се случи да тргне кон вас без
разлика што ќе биде доста далеку и без
разлика што неговиот сопственик ќе вика, да
не се плашите (најчесто сопственикот не е
свесен за тоа) прво барајте каде може да се
засолните, но доколку е доцна за тоа, детето
земете го в раце и кренете го што повисоко.
Немој да се браните со нозе, туку при секој
скок на кучето по детето, кое ќе го држите
високо, детето ќе го поттргнувате и поместу-
вате за кучето да не го дофати при скокот и тоа
ќе го повторувате се додека стигне сопстве-
никот и ќе го задржи. Тој што ќе го држи
63
детето не треба да се плаши за себе затоа што
кучето тогаш е премногу сконцентрирано на
детето и не го интересира ништо друго, а и
шансите овие раси да касаат на возрасни се
многу, многу мали.

б. Како да постапите кога кучето што ќе


стрчне кон вас е од расата ротвајлер?
Во овој случај различно од точката ( а ) е
тоа што откога ќе го земете детето в раце
шансите кучето да ве нападне и вас се многу
големи доколку се браните и правите нагли
движења. Затоа е најдобро да бидете што
посмирени и така држејќи го детето високо да
сочекате да дојде сопственикот на кучето.
Сепак најдобро ќе биде кога сте со мало
дете или бебе никогаш да не бидете во
близина на ротвајлер или до кучиња од расите
од претходната точка, кои се шетаат слободно
без поводник и корпа или се заврзани со
синџир во некој неограден двор каде што
минувате.
Исто така, никогаш не влегувајте во туѓ
двор или стан каде што кучето е заврзано со
синџир или е слободно, без разлика што
сопственикот ќе ви тврди дека кучето е
64
мирољубиво!
Никогаш не оставајте дете само во
друштво со куче, особено доколку кучето е од
физички силните раси!

в. Што со куче кое веќе е куче кое напаѓа на


деца?
Најпрво секој сопственик на куче од
физички силните раси, а особено од ризичните
раси, треба да го провери своето куче дали е
такво. Кучето треба да го види - испита
стручњак со големо искуство - човек кој
работел со такви кучиња. Доколку се утврди
дека кучето реагира на деца и бебиња, ќе
треба итно да се почне со посебна, специјална
дресура, која ќе трае најмалку еден месец.
Доколку нема кој да се нафати да го направи
тоа, за жал, кучето ќе мора да се евтаназира.

9. ЗОШТО СОПСТВЕНИЦИТЕ ПРАВАТ


ГРЕШКИ?
а. Од незнаење
Денес сопствениците на кучиња имаат
можност да читаат и гледаат безброј прилози ,

65
емисии и сл. за сè што им е потребно да знаат
за своите миленици, па и како треба да ги
чуваат и воспитаат. Поради тоа се поставува
прашањето: „Зошто тогаш голем број од
сопствениците на кучиња толку малку знаат?“
Јас мислам дека тоа е така поради многуте
различни совети, а и совети кажани така како
што сопствениците сакаат да чујат, зашто тие
што ги кажуваат советите или не знаат или
често имаат интерес да го кажат тоа така.
б. Самоувереност
Сум имал повеќе случаи кога на сопственици
на кучиња опширно и детално им објаснував
како да постапуваат со своето куче пред или
после обука, но ете, има луѓе кои едноставно
не слушаат и не постапуваат според
упатствата. Мислам дека тоа е така затоа што
мислат дека доволно знаат, или можеби
поради тоа што за истото погрешно се
едуцирале, па погрешното побргу го при-
фаќаат затоа што и самите така сакаат да
слушнат. Има случаи кога сопствениците за
некои совети мислат дека се ситница, па не ги
земаат во обѕир како сериозни совети. Некои
сопственици кон кучињата се однесуваат како
кон луѓе, како на пример, еден мој приател,
66
кој кога кучето нешто не ќе го послушаше, тој
буквално го молеше:,,Те молам, Рекси, слушај
ме, те молам слушај ме!“ и пак на секој
чекор имаше проблеми. Ваквиот јазик
кучињата не го разбираат, а многу добро го
разбираат кучешкиот јазик од два збора:
пофалбата БРАВО и строгата команда НЕ!
в. Погрешна едукација
Една од причините поради кои
сопствениците на кучиња прават грешки при
воспитувањето на своето куче е погрешната
едукација за тоа како се чува, воспитува и
води куче. Денес сопствениците на кучиња
најмногу и најлесно ги прифаќаат советите кои
доаѓаат од европските земји затоа што тие
совети се навистина многу хумани и многу
заштитнички, совети според кои, едноставно,
кучето не смееш ниту да го искараш, што,
најчесто, на сопствениците на кучиња им годи,
но за жал, таа едукација, тие совети не одат
заедно со паролата ,,Од кучето направете
куче, а не човек“ и „Доколку сакате да имате
добро куче, ќе треба уште кога е мало да му
дадете до знаење дека ќе биде на последно
место во куќата, после луѓето, а и после
домашните животни доколку ги има во
67
куќата.“ Денес сме сведоци на многу често
претерано разгалување на кучињата од страна
на сопствениците, а со тоа од своите
миленици прават суштества кои се голема
опасност не само за непознатите луѓе, туку и
за своите сопственици, а во најмногу случаи, и
страшна опасност за децата.
Основата за тоа како треба да се
воспитуваат кучињата и каква ќе е едукацијата
на сопствениците на кучиња, треба да се земе
од природата. На пример, како мајката ги
воспитува своите мали кучиња.Тоа е многу
карактеристичен пример.

г. Погрешната пропаганда од луѓе


„загрижени“ за кучињата
Денес меѓу вистинските љубители на
животните - кучињата има и многу љубители
на кучиња кои сакаат да се грижат за нив, но
често претеруваат, па сакајќи да се покажат во
јавноста како хумани, често влегуваат во
конфликт со секој што не мисли како нив, дури
и за разни ситници. Ваквите љубители ги има
насекаде и се многу гласни, а тоа најдобро се
гледа по коментарите на интернет. Според
нивните коментари секогаш виновникот за
68
напади од кучиња е жртвата. Еве еден пример
од Хрватска.
Куче нападнало тригодишно дете, кое
било многу искасано, со многу тешки повреди
по целото тело, но, за среќа, било спасено од
сигурна смрт. Голем дел од коментарите,
претежно од женски пол, беа со оправдување
на кучето наведувајки разни оправдувања за
кучето, дури и обвинувајќи го детето со
претпоставка дека тоа веројатно го малтре-
тирало кучето, па затоа кучето нападнало. Но
беше поставено прашање: Дали е можно дете
од три години да малтретира куче?
Овие љубители на кучиња кои, повто-
рувам, во најголем број се од женски пол, со
својата погрешна активност и пропаганда за
претерана грижа кон кучињата многу придо-
несуваат, влијаат врз сопствениците да ги
разгалат своите кучиња, а кај останатите
граѓани кои не се љубители на кучиња да
предизвикуваат спротивен ефект, што дове-
дува до појава многу луѓе да ги мразат
кучињата и да бараат истребување на сите
кучиња. Ваквите љубители на кучиња ги има
секаде, многу се активни, барајќи причина од
ништо да направат скандал, а и секогаш се
69
први кои вршат притисок врз државата за
воведување на преголеми права за кучињата,
што доведува до нивно разгалување, а со
самото тоа кучињата да бидат над човекот, па
поради тоа кучињата прават многу грешки кои
во многу случаи се фатални за луѓето и децата.
Сето тоа кај останатите граѓани предизвикува
револт и омраза кон кучињата. Кај нас во
Македонија најнова појава е хранењето на
кучињата скитници од страна на некои
љубители на кучиња. Неправилното хранење,
а при тоа и галењето на бездомните кучиња,
од питоми и мирољубиви кучиња ги прави
многу агресивни кон луѓето кои не ги
познаваат. Доколку решиле да ги хранат, треба
храната да ја остават, без тоа да го забележат
кучињата, без да ги галат и мило да им
зборуваат. Значи, хранењето со галење и мило
зборување, бездомните кучиња од најпитоми
ги прави многу агресивни.
Исто така, опасна појава е и вдомувањето
на бездомни кучиња без претходно испиту-
вање на кучето од стручњак – дресер кој
претходно работел со кучиња кои се од
групата многу опасни кучиња. Опасноста ќе
биде уште поголема доколку кучето што се
70
вдомува е од силните раси. Веќе има повеќе
случаи во кои откако хумани луѓе вдомиле
куче, кучето да им го убие детето.
Доколку се постапува според желбата на
овие граѓани „загрижени“ за животните, еве
што ќе се случи: Овчарите не ќе можат да
имаат кучиња за одбрана на своите стада,
ловците не ќе можат да имаат кучиња за лов,
полицијата, царината и војската не ќе можат
да имаат службени кучиња за разни службени
намени (откривање на дрога, откривање на
експлозиви, откривање и одбрана од крими-
налци и терористи итн.), граѓаните не ќе можат
да имаат кучиња за разни чуварски намени
(чуварските кучиња се најзастапени кај гра-
ѓаните), кучињата спасители во лавини, урна-
тини од земјотреси, спасители на давеници,
спасители на изгубени лица во природа итн.,
не ќе можат да спасуваат луѓе и деца,
кучињата кои се натпреваруваат во разни
спортски дисциплини или настапуваат на
разни културни претстави не ќе можат тоа да
го прават, а со тоа да бидат популарни и
сакани од луѓето, посебно од децата итн.
Значи, ќе останат само кучињата по вкус и
желба само на „загрижените“ љубители, а тоа
71
се кучињата – паразити, кои за ништо не се
способни, туку едноставно, треба само да
прават што ќе посакаат: да растураат и
лумпуваат, да квичат, лаат и вијат на цел глас,
без разлика дали тоа им пречи на соседите, ќе
јадат и уживаат во галење, ќе лумпуваат и
растураат колку сакаат, ќе вршат нужда секаде
кај што ќе стигнат (во паркови за деца, на
плажа, по тротоари и плоштади, пред вратите
на комшиите), а кога ќе се случи да искасаат
некое дете или да го убијат, тогаш според
„загрижените“ љубители виновно ќе биде
детето, како со случајот во Хрватска.Затоа
уште еднаш ќе спомнам дека за искасаните и
испоубиените деца, па и возрасни, насекаде
по светот, овие „загрижени“ љубители на
кучиња имаат голема вина.

72
10 . ЗАКЛУЧОК
Никогаш немојте да им поверувате на
убавите и смирувачки зборови на сопственик,
кој своето куче го шета без заштитна маска,
дека кучето му е многу паметно , мирољубиво
и безопасно, без разлика што кучето навис-
тина така и ќе ви изгледа.
Најчесто сопствениците не се ни свесни
дека кучето им е агресивно и опасно, па се
случува дури и да ви понудат и да го погалите
него.
Децата поради љубовта кон кучињата
многу лесно ќе се излажат и ќе одлучат да го
погалат непознатото куче. За децата опасноста
е многу поголема отколку за возрасните затоа
што висината на децата приближно е еднаква
со устата на кучето.
Правилна едукација на сопствениците
како да ги чуваат и воспитуваат своите
кучиња
Едукација на граѓаните за сè околу
кучињата, што ќе им помогне да не дојдат во
несакана ситуација, а доколку дојдат до таква
ситуација, како најдобро да постапат.
Закони во кои ќе биде опфатено сè што е
73
потребно за во иднина да се намали ризикот
од напади.
Со правилна едукација на сопствениците
и граѓаните и со што подобри закони,
ризиците од напади драстично ќе се намалат.
За искасаните и испоубиени деца,
бебиња, а и возрасни, грижа на совеста треба
да чувствуваат сите оние што на разни начини
пропагирале изедначеност на кучињата со
луѓето.
Основата за правилно воспитување треба
да се земе од природата од природниот
инстикт на животните за опстанок. Луѓето има
многу што да учат од животните. Примери има
многу. Ете, нека се земе примерот како
мајката ги учи своите мали кучиња да бидат
добри и да го знаат редот, и тоа уште кога се
многу мали, од само неколку недели, уште
кога ќе проодат. Денешната школа - едукација
на сопствениците на кучиња, со исклучок на
ретките случаи, нема ништо заедничко со
природната школа - школата на животните во
која нема „Те молам, Рекси, слушај ме!“, туку
мора да се слуша и учи за да се преживее.
Дека денес навистина нешто не е во ред со
начинот на воспитување на кучињата, доказ
74
се сè повеќето случаи на испоубиени деца, а и
возрасни, од кучиња, што предизвикува
огромен револт во јавноста, поради што се
преземаат и мерки со масовно убивање на
кучиња, како во случајот во Данска, а и во
други европски држави.
Додека ова го пишувам, дознавам
најнови вести: 1)Дека жена во Србија е
искасана до смрт од своето куче и 2) Уште
една страшна трагедија во Америка, каде што
куче уби двегодишно дете.
Крајно време е да се спречат ваквите
трагедии, особено трагедиите каде што жртви
се дечиња и бебиња.
Затоа од своето куче „нaпpавете“ куче, а
не човек! Куче кое ќе биде миленик на сите,
а и куче способно за разни намени. За да го
постигните тоа, уште додека е мало треба да
му дадете до знаење дека ќе биде на
последно место во куќата, после сите луѓе, а и
после животните, доколку ги има.

75
Пријатели кои помогнаа за издавање на
оваа книга:

76

You might also like