You are on page 1of 3

Лекции за животот од Стив Џобс

Говорите на Стив Џобс инспирираа многу луѓе,  особено оној што го одржа пред
студентите од Стенфорд во 2005 година. Еве некои животни лекции кои ги
научивме од човекот којшто им ги промени животите на милиони луѓе со своите
визии и продукти.
1. Не чекај!
Кога младиот Џобс сакал да направи нешто и му била потребна опрема, тој отишол
право до изворот.
“Кога имал 12 години сакал да направи бројач на фреквенција. Toj го нашол бројот на
Бил Хјулит, основачот на HP, во телефонски именик и му се јавил да побара делови” –
пишува во неговата биографија од Валтер Исаксон.
2. Креирај сопствена стварност!
Стив Џобс рано научил дека кога не ти се допаѓаат нештата во твојот живот или твојата
околина треба сам да се потрудиш за да ги промениш.
“Луѓето што се доволно луди за да мислат дека можат да го променат светот, се оние
што го менуваат” – Стив Џобс.
“Ништо не ми значи да бидам најбогат мртовец на гробиштата. Но кога навечер ќе
легнам во кревет знаејќи дека сум направил нешто фантастично, тоа е она што ми е
важно“ – рекол Стив Џобс.
3. Контролирај сам сѐ што можеш!
Џобс до одредена мера бил хипик. Но за разлика од овие луѓе со слободен дух тој бил
перфекционист кој секогаш сака да ги контролира дури и најситните детали.
“Тој сакаше да ја контролира својата околина и производите ги гледаше како
продолжение на себе си” – пишува во неговата биографија.
4. Биди свесен за своите грешки!
“Направив многу работи со кои не се гордеам, како забременувањето на мојата девојка
кога имав 23 години и начинот на кој постапив во врска со тоа” – рекол Џобс.
5. Запознај се самиот себеси!
Џобс секогаш верувал во своите огромни интелектуални способности, без оглед како на
почетокот го гледале луѓето околу него.
“Мора да верувате во нешто – во себе, во судбина, во карма, во било што. Овој пристап
никогаш не ме изневери и ми го промени животот“ – Стив Џобс.
“Ако уште не си го нашол тоа, продолжи да бараш. Немој да се смириш. Како и с ѐ што е
поврзано со срцето, ќе знаеш кога ќе го најдеш“ – рекол Џобс.
6. Секогаш остави ја вратата отворена за фантазија!
Стив Џобс не бил особено религиозен човек, но никогаш не го отфрлал постоењето на
“нешто” надвор од нашата Земја.
“Мислам дека различните религии се различни врати на една иста куќа. Понекогаш
мислам дека куќата постои, а некогаш не. Тоа е голема мистерија” – рекол Џобс.
7. Никогаш не се врти назад!
Основачот на “Apple” бил познат по своите испади и претерано емоционални реакции.
“Тој беше просветлено суштество, а во исто време беше и многу суров – чудна
комбинација” – кажала за него мајката на неговата прва ќерка, Крисан Бренан.
8. Биди опкружен со брилијантни луѓе!
Без разлика дали сакал да признае или не, тој не можел да направи сѐ сам. Да, Џобс
имал огромно влијание на секој производ и маркетинг кампања, но исто така знаел дека
има и други луѓе со вештини кои тој не ги поседува. Партнерството со Стив Возњак
одлично го илустрира ова.
“Големите работи во бизнисот никогаш не се заслуга само на еден човек, туку на група
луѓе“ – Стив Џобс.
9. Изгради тим од играчи од А класа!
Многу често компаниите вработуваат просечни луѓе. Но Стив Џобс ги препознавал
талентите и сметал дека секој конфликт кој ќе произлезе во компанија со талентирани
луѓе може да прерасне во нешто феноменално.
“Само ако очекуваш од луѓето да прават големи работи и ќе ги натераш да ги прават” –
рекол Џобс.
10. Биди тоа што си!
Тој бил толку зафатен со себеси што не ни гледал како го гледаат другите луѓе,
особено во неговите рани, валкани хипи денови.
“На состаноците моравме да ги гледаме неговите валкани нозе. Понекогаш, за да се
ослободи од стресот, тој ги миеше своите нозе во тоалетот” – вели
Мајк Маркула, првиот претседател на “Apple”.
“Вашето време е ограничено, затоа не го трошете за да живеете нечиј туѓ живот. Не
дозволувајте да ве зароби догмата дека треба да живеете како што мислат другите. Не
дозволувајте бучавата од туѓите мислења да го уништи вашиот внатрешен глас. И
најважно од сѐ, имајте храброст да ги следите своето срце и интуицијата. Тие веќе
знаат што навистина сакате да бидете. Сѐ друго е споредно” – Стив Џобс.
11. Биди убедлив!
Иако на почетокот Стив Џобс бил малку валкан и било непријатно во негово
друштво, истиот тој имал таква способност да ги убеди луѓето да го направат дури и
она што навидум е невозможно.
“Навистина е тешко да создаваш производи наменети за одредени групи. Често луѓето
не знаат што сакаат додека не им покажеш“ – Стив Џобс.
12. Верувај му на својот инстинкт!
Џобс многу му верувал на својот вкус и бил сигурен дека доколку него му се допаѓа
нешто, истото ќе им се допаѓа и на купувачите. Речиси секогаш бил во право.
“Дали Александар Греам Бел направил истражување на пазарот пред да го измисли
телефонот?” – прашал Стив Џобс.
13. Преземај ризици!
Добрите менаџери и претприемачи мора да донесуваат тешки и сериозни одлуки,
понекогаш и непријатни за останатите.
“Може да ги прашате клиентите што сакаат и да им го дадете тоа. До моментот кога ќе
го направите тоа, тие веќе ќе сакаат нешто ново“  – Стив Џобс.
14. Живеј за денес!
Дури кога започна да се бори против ракот на панкреасот тој малку го успори својот
ритам. Тоа го натерало да се фокусира на себеси и на своите соништа.
“Сознанието дека наскоро ќе бидам мртов ми помогна да донесам големи одлуки во
животот. Бидејќи скоро сѐ, сите очекувања, целата гордост, сите стравови од
понижување или неуспех, сите овие нешта паѓаат во вода кога се соочени со смртта,
оставајќи го само она што е навистина важно. Сознанието дека еден ден ќе умрете е
најдобриот начин да ја избегнете замката дека имате што да изгубите. Веќе сте голи,
нема причина да не го следите своето срце” - Стив Џобс.
15. Споделувај ја својата мудрост!
Џобс не беше филантроп, тој имаше страст за своите производи и за постигнување
успех. Но кога се разболе започна да ја нуди својата мудрост на луѓето во
технолошката индустрија и да им го покажува патот на другите.
“Уверен сум дека единственото нешто што ме одржа да продолжам беше тоа што
навистина го сакав она што го правам. Морате да пронајдете што е тоа што го сакате. А
тоа се однесува и на вашата работа и вашиот љубовен живот. Работата ќе ви пополни
голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете целосно задоволни е да го
работите она што верувате дека е одлично. А единствен начин да ја извршувате добро
работата е да ја сакате. Ако сѐ уште не сте ја пронашле, продолжете да барате. Не се
откажувајте”.
И на крај: “Останете гладни! Останете луди!”

You might also like