Ogranizaciska Psihologija

You might also like

You are on page 1of 2

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС И ЛОГИСТИКА-ГЕВГЕЛИЈА

ГЕВГЕЛИЈА

ПРЕДМЕТ

Организациска психологија

Тема:

Анализа на делото “Злосторство и казна”

Гевгелија, Maj 2018

Злосторство и казна
Психолошкиот роман “Злосторство и казна” од Достоевски претставува
немирна потсвест излеана на парче хартија. Главниот лик, Раскољников е
“добронамерен” убиец. Убиец, со меко срце скриен во телото на темнорусо,
стројно и горделиво момче. Прогонуван од своите мисли, немаштијата и
неправедноста, тој одзема живот.

Убивајки ја злобната баба, тој го губи тлото под нозете. Се губи себеси.
Неговиот ум патува некаде меѓу сонот и јавето. Талка барајки мир, спокој и
спас за својата душа. Вракајки се во крвавата соба, тој се дави во мисли:

“Зар јас бабата ја убив? Јас се убив себеси, а не бабата.”

Дури ни неговите теории за ”избраните” не му помагаат да излезе од


темнината. Причината која го одвела во светот на свирепите убијци, сега не е
доволна да го оправда грозноморниот чин. Смета дека направил општествено
добро требејќи ги “вошките”: “Јас убив принцип, а не човек. ” Но, иако се става
воредот на семоќните, сфака дека оправдано зло не постои.

Тоа се повеќе му ја зајакнува душевната болка. Тој се кае и бара спас.


Очајно лутајки ќе го најде во советот од Сања:

“Оди на раскрсница, поклони му се на народот, бакни ја земјата, зашто и пред


неа си грешел и на целиот свет печи му гласно: Јас сум убиец.”

Иако таа е бедна проститутка, ќе му понуди засолниште за неговата


залутана душа. Ќе му помогне морално да се прочисти, поради љубовта да се
прероди.

Достоевски не учи дека секоја постапка има последица. Без разлика


дали е во вид на свиреп закон, или немирна потсвест- последицата е
неизбежна. Дејствувањето без размислување води кон безизлед и очај. Но,
барањето прошка и простувањето се дел од нормалното биднување на
човекот. Наоѓањето мир во нечии раце може да го смири растрепереното срце
и немирниот ум. Но, пред се, мора да научиме да си ги признаваме грешките, а
не да бегаме од нив. Да застанеме зад нашите дела, со искрено каење, бидејки
само така ке се ослободиме од нас самите, нашиот ум и стегите на
општеството.

You might also like