You are on page 1of 1

Јунак

Времето е неизбежна работа. Секое време со себе носи бреме, а пак секое бреме јунаци. Во
историјата на човештвото можат да се издвојат безброј јунаци. Сите тие се одликуваат со различни
карактеристики. Во периодот од 18-19 век со појавата на романтизмот се појавува и
романтичарскиот јунак. Тој се одликува се силна емоционалност, незадоволност, светска тага од
што понатаму произлегува желбата за бегство.

Во Германскиот романтизам како едно од најистакнатите дела се јавува “Страдањата на младиот


Вертер” од писателот Јохан Волфганг Гете. Јунакот односно протагонистот во ова дело, Вертер е
млад но незрел човек. Љубовта кон жените го намамуваа да влезе во еден љубовен триаголник.
Незадоволството од таквиот начин на живеење ќе придонесе до неговото заминување. Ваквиот
начин на решавање наа проблемот е детски икрајно не зрел. Наместо да се справи со ситуацијата
директно тој го избира полесниот пат, да избега. Дестинацијата на Вертер е едно мало грдо гратче
Валхајм, кое тој не го опишува скоро воопшто напротив, природата која го опкружува. Неговата
восхитеност од богатата природа може да се почувствува и преку речениците. Начинот на кој тој ја
опишува околината, емоциите кои ги изразува. Причина за оддалечувањето од урбаниот живот е
незадоволството од самите луѓе, и чувството на не припаѓање. Тоа се се менува по сретнувањето
на Лота. За прв пат тој ќе се почувствува како да е сфатен од страна на човек, иако знае дека е Лота
сфршена тој сепак се гледа насамо со неа. Сакајќи да избега од еден љубовен триаголник тој
всушност пропаѓа повторно во еден. Наместо да проба да биде со Лота, неговата незрелост
повторно ќе дејствува. Мислејќи дека нема друг начин, решава за последен пат да избега од се, се
самоубива.

Англискиот романтизам се препознава по делото на Џорџ Гордон Бајрон “Странствувањата на


Чајлд Харолд”. Истоштен од благородничкиот живот и од неговите херонистички навики,
неможноста да се предаде само на една жена, кај него предизвикува незадоволство. Тој смета
дека најправилното решение е бегството односно патувањето. Посетувајќи повеќе држави од кои
и некои од Средоземноморието покажува воодушевеност од природата како и историјата на
самите држави. Забележуваме индивидуалност кај јунакот во однос наа тоа како тој ги опишува
пределите. Изразува огромни емоции и страстност, на неколку наврати и самиот вели дека
неможе да најде зборови кои ќе ја опишат убавината и чувството кое го обзема.

Едно од најценетите дела од овој период. Со мпдернистички елементи кои до ден денес го
задржуваат интересот кај читателите е песната “Гарванот”. Лирското јас раскажува за неговото
бегство од реалноста во светот на фантазмоготичното. Гарванот кој ја претставува подсвеста е лик
кој му укажуваа на лиркото јад дека треба да се соочи со проблемите директно. Смртта на
љубената му нанесува огромна болка со која не сака да се соочи. Светската тага која го облива
лирското јас е резултат на тоа. На крајот доаѓа реализирањето дека треба да се соочуваа со
проблемите не да ги натрупува во потсвеста.

Дамнешните времиња се карактеризираат со јунаци кои проблемите ги решаваат со борба ,


двобој итн. Иако имаме еден пример сличен што се јавува кај чајлд харолд со тоа што повикуваа
на војна, но сепак наа крај се откажува. Справувањето со проблемите со бегање не е правилно
ниту за обичен човек. Поради тоа сметаме дека јунаците од ова време не се вистински јунаци,
едноставно плашливци.

You might also like