You are on page 1of 1

Странствувњето на Чајлд Харолд е роман без заплет, драма

без дејствие. Чајлд Харолд патува поради патување.


Впечатоците кои јунакот ги проживеал во разни земји и
мислите предизвикани од нив, ја сочиниле целата содржина
на поемата.
Чајлд Харолд, патувајќи низ непознати земји, доаѓа под
ѕидините на Цариград, го минува Екваторот и како крајна
цел на неговото патување се јавува Индија. Изборот на овие
’’непознати земји’’ не е случаен, бидејќи интересот за Индија
и учењето за нирвана е карактеристично за романтизмот.
Незадоволни од реалноста, романтичарите скитале барајќи
го идеалот, и мислеле дека ќе го најдат во помалку познати
земји.
Чајлд Харолд во Шпанија се разочарал од реалноста, и
исто како и Бајрон, не сфаќа дека времето на витези нема да
се врати. Поетот ги повикува ’’синовите на Шпанија’’ во борба
за ослободување, а тоа е всушност тагата дека витештвото
нема да се врати.
Во Грција, Чајлд Харолд ги предизвикува старите сенки, за да
го разбуди ентузијазмот со зборови кои ништо не му значеле
на новото човештво.
Чајлд Харолд е типичен романтичарски јунак, чии карактерни
црти се всушност и одликите на романтизмот како уметничко
движење. Овој лик ќе биде причина за појава на терминот
бајронизам, книжевно движење во чии трудови главните
протагонисти ќе ја поседуваат истата психолошка
конструкција. Нивни идеали ќе преставуваат култ кон
слободата, желба за патување во далечни и егзотични земји,
потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување
кое преминува во светска тага, величање на славното минато
(античко и витешко) и недопрената природа.

You might also like