You are on page 1of 1

Во науката ѕа литература постојат повејќе дефиниции кои го објаснуваат реализмот како

уметнички и книжевен правец.Она што е сигурно за сите нив е дека реализмот се појавува во
четвртата деценија од 19 век и има за цел најреалистично можно да ја прикаже реалноста.Овој
правец е директно поврзан со напредокот на природните науки, па затоа можеби има цел
литературното дело да го направи со хирушка прецизност, притоа прикажуваќи ја болеста во
општеството предлагајќи лек за неговото исцелување.Овој литературен правец доживеал да биде
поделен на неколку подвидови и тоа регионален реализам,психолошки реализам,социјално-
економски, историски,магичен реализам,па дури и натурализам.Најпознати претставници кои
твореле во овој период се Оноре де Балзак,Фјодор М.Достоевски и Лав Н.Толстој. Од
македонската литература би можеле да ги спомнеме Стале Попов како одличен претставник на
регионалниот реализам прикажан низ романите Крпен живот,Калеш Анѓа,Толе паша и др.Кога се
пишува за колективата на реализмот,Франција,неминовно е да се спомне за романот Чичко Горио
од Балзак.Во ова дело писателот писателот детално ни го опишал и претставил падот и
деградираноста на француското опшество преку животните приказни на Горио,Распињак и
Вотрен.

You might also like