You are on page 1of 2

Вовед во генетика

Генетиката е наука која се занимава со проучување на наследувањето и менливоста


на особините кај живите организми.
Наследување значи пренесување на особините од родителите на потомството.
На тој начин се задржуваат особините својствени за секој вид.
Наследувањето на својствата се овозможува преку гените кои се поставени на
определини локуси по должината на хромозомите,кои за време на делба на
клетката се реплицираат и многу правилно се делат.
Значи наследувањето настанува за време на размножувањето,преку половите
клетки кои фузираат во зигот.
Наследувањето не само што е поврзано со размножувањето,туку е поврзано и со
менливоста.
Со наследувањето во генерациите се задржуваат сличностите и разликите меѓу
единките од еден вид.
Наследните разлики се резултат на менливоста на наследните својства.
Основни етапи во развој на генетиката

Грегор Мендел (1822-1884) Чешка и е основоположник на генетиката,кој ги проучувал


механизмите на пренесување на наследните фактори од родителите на потомството.
Тој по пат на експерименти кај растението грашок објаснува наследување на повеќе
фенотипски својства.
Грегор Мендел објаснува дека секое својство е под контрола на наследните фактори(генските
алели)кои слободно и независно може да се комбинираат и да се пренесуваат од родителите
на потомството.
Хромозомите се материјална основа за пренесување на наследните фактори.
Јохансен(1909)Менделовите наследни фактори ги нарекол гени.
Морган(1910-1911) ја поставува Хромозомската теорија на наследувањето,според која гените
се поставени по должината на хромозомите.
Покасно се објаснува и хемиската природа на гените.
Се докажува дека гените се DNA-фрагменти,преку кои се пренесува генетичката информација
од родителите на потомството.
Пренесување на генетичката информација се објаснува одкако Ватсон и Крик го направиле
моделот на DNA. Бидејќи DNA е способна да се реплицира,значи е материјален носител на
наследувањето.
Со тоа се потврдува дека гените како(DNA-фрагменти) во молекулата на DNA претставуваат
основни единици на наследувањето и променливоста на единките.
Лекцијата во учебникот е на стр.87-88

You might also like