You are on page 1of 2

1.

Поим на администрацијата- Поимот на администрацијата може да се дефинира од 2 аспекта,


администрацијата во функционална и во организациона смисла. 1.1.
Функционален поим на администрацијата - Функционалниот поим на администрацијата уште се нарекува и
материјален поим. Самиот збор ,,функционален,, значи дека станува збор за функција, акција, работа,
дејност, а во конкретниов случај се мисли на управна, административна функција составена од повеќе
дејности што ја вршат определени органи на јавната администрација. Јавните работи се општокорисни
работи или добра кои се полезни и потребни за сите граѓани, за целото општество. Управувањето со јавните
работи опфаќа во себе: 1. Вршење власт и 2. Вршење јавни служби.Во современа смисла на зборот,
управувањето претставува збир на управни активности кои генерално се сведуваат на ефикасно вршење на
јавни служби, па така овој поим опфаќа: организирање, насочување, владеење, раководење, коорднирање.
Администрацијата во функционална смисла опфаќа 2 основни компоненти: управна функција и
административна дејност.

1.2. Организационен поим на администрацијата- Организациониот поим на администрацијата уште се


нарекува формален поим. Зборот ,,организационен,, наведува на фактот дека се работи за орган, за
организација. Администрацијата претставува збир на органи, односно на институции на кои им е доверено
управувањето со јавни работи. Тие институции можат да бидат јавни но и приватни.При определувањето на
администрацијата од организационен или формален аспект се тргнува од субјектите што вршат определени
дејности, а не од природата и карактерот на дејностите.

1.3.1.Управа како формален/организационен поим- Во формална или организациона смисла под поимот
управа се подразбира државна управа, сфатена како збир на државни органи и организации кои вршат
управни работи, определени со устав и закони. Во РМ тоа би биле: министерствата, органите во состав на
министерствата (инспекторати, бироа, управи, совери), самостојните државни органи (агенции, дирекции,
комисии) и управните организации(заводи,центри,архив). 1.3.2.Управа како
материјален/функционален поим- Управата во материјален поим најчесто поддразбира вршење на власт, т.е.
вршење на управна функција која е составена пред се од дејности кои претставуваат непосредно вршење на
власт. Такви дејности се: извршување на законите, решавањето управни предмети и вршењето управен
надзор.

1.3.3. Администрацијата како формален/организационен поим - Администрацијата претставува поширок поим


бидејќи не ги опфаќа само органите на државната управа, туку и локалните органи, установите и
институциите, приватните субјекти со јавни овластувања, невладиниот сектор во рамките на вршењето јавни
дејности, односно целата јавна администрација.

Јавната администрација од организационен/формален аспект ги опфаќа: Државната управа (министерства,


органи во состав, управни организации),Локална самоуправа – градоначалник, совет на градот/општината,
Јавните служби – установи од образование, здравство, наука, култура, Фондовите - здравствен, пензиски,
Јавни претппријатија,Трговски друштва со јавни овластувања и Невладините организации со јавни
овластувања

1.3.4. Администрацијата како материјален/функционален поим-Управата вообичаено се определува како


вршење управна функција, а администрацијата ги опфаѓа сите дејности од административен карактер- и оние
кои претставуваат власт, но и оние кои претставуваат вршење јавна служба.Дејности кои го сочинуваат
поимот администрација во материјален/функционален поим: Подготовка на предлог прописи за егзекутивната
и легислативната власт, Донесување на прописи од нејзина надлежност, Следење на состојбите и давање
иницијативи, Решавање уставни предмети,Вршење управен надзор и Непосредно извршување на законите,
подзаконските акти и другите општи правни акти.

You might also like