You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ТЕХНОЛОШКО ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - ПРИЛЕП


Дизајн на текстил и матееријали

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ КРЕИРАЊЕ НА ОБЛЕКА

ТЕМА: ШИЕЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ СО РАЗМЕР 1:4

Ментор Кандидат
Проф. д-р Димко Димески Катерина Петкоска
Број на индекс 18651

1
Прилеп, мај 2019

СОДРЖИНА

1.Вовед.......................................................................................................................5
-Почетоци на мода.
-Форма и еволуција на мода
-Мода
2 Конструкција и изработка на темелни кроеви на облека.....................................6
-Конструкција на темелен крој на тесно здолниште.
Конструкција на крој на тесно зодлниште
3. Слика од креираното здолниште со размер 1:4 ...............................................13
6.Користена литература..........................................................................................14

2
Апстракт

Во оваа семинарска работа е даден краток опис на креирањето на облека,


вовед во врска со темата, како и конструкацијата на темелни кроеви на облека.
Акцентот е ставен конструкцијата и креирње на темелен крој на здолниште со
размер 1:4. со опис на постапките за креирањето и моделирањето на
здолништето.

Клучни зборови: креирање облека, констркуција, здолниште, крој.

3
Abstract
In this seminar work is given a brief description of the creation of clothes, and
introduction to the topic, as well as the construction of basic cuts of clothes. The
emphasis is placed on the construction and creation of a foundation of a skirt of size
1: 4. with a description of the procedures for creating and modeling the skirt.

Keywords: creation of clothing, construction, skirt, cut.

4
1. ВОВЕД (INTRODUCTION)

1.Почетоци на Мода- Fashion beginings

Феноменот „Мода” се смета дека сѐ уште е делумно неодреден во


терминолошка и семантична смисла, што го докажува постојаното мешање на
термините мода – стил, мода-обичај, мода-помодарство...итн. Модата е дел од
културата, таа се презентира преку облеката, накитот, уредувањето,
уметничките предмети итн. Но, таа во никој случај не претставува само
надворешен украс на човековото битие, Или поедноставено модата е начин на
облекување на одредена група на луѓе во одреден временски период и истата
не е општоприфатлива за сите припадници на дадено општество. Почнувајќи
од идеја, цртеж, изработка на кроеви, конфекционирање, барање пазар,
пласирање на производот на пазарот и негово стиигнување до рацете на
потрошувачот, говорат за тоа дека денес модата е индустрија. Модата, некогаш
манифактурна, денеска преминува во индустрија, бројните и престижни модни
куќи лоцирани во Франција, Италија, Лондон...престижните школи за изучување
на модниот дизајн и изработката на облеката се јасен показател за тоа колку
модата зазема значајно место во светот. Денес модата е своевиден глас на
личноста, нејзина презентација во современиот свет, таа е брза и динамична,
спремна на промени.

2. .Форма и еволуција на облека- откритие во процесот на изработка на


облека е огромно и по своите размери се споредува со откривањето на огнот и
дрвеното колце - тоа е иглата за шиење. Во палеолитските пештери,
најстарите живеалишта на примитивниот човек, се пронајдени огромен број на
вакви игли изработени од слонова коска или заби од морски коњ и истите
потекнуваат од пред неколку илјадници години и тие претставуваат примероци
на одлична занаетчиска работа. Откривањето на иглите овозможило

5
составување на парчињата крзно и кожа кои се сметаат за првите материјали
кои се користеле за изработка на облека, а крајниот резултат била облека
слична на онаа која денес ја носат Ескимите. Во меѓувреме, луѓето кои живееле
во попријатни климатски региони ја откриле употребата на животински и
растителни влакна. Во овие предели, првиот чекор во создавањето на
материјал за облека било ткаењето и со тоа веќе започнува ерата на изработка
на облеката преку изработка на едноставни скици, кроеви, обликување на
облеката и нејзина примена.

3. Мода- Терминот „Mода” (lat. Modus-начин, правило, ритам, време) е термин


кој означува популарни стилови и трендови во разни сфери на човековата
активност и размислување поврзани со одреден временски момент. Термините
„модерен” и „немодерен” претставуваат индикатор на усогласеност на нешто со
моменталните барања од модното изразување. Во секојдневниот живот
терминот „модерен” обично се користи во позитивна смисла како синоним за
гламур, убавина, сјај и стил. За мода можеме да говориме веќе од 16-тиот век.
Првиот моден дизајнер кој имал поголема визија од еден „обичен” кројач бил
Чарлс Фредерик Ворт (1826- 1895 год). Во минатото модата била предводена
од аристократските слоеви кои и воедно ја диктирале истата, на тој начин што
додека модата стигнувала до пониските граѓански слоеви аристократијата веќе
имала воведено нова мода. Некои теоретичари модата ја поврзуваат исклучиво
со облеката, меѓутоа евидентно е дека не е секоја облека дел од модата.
Помеѓу другото постојат податоци дека луѓето се облекувале и многу порано
пред да се појави терминот мода, односно многу пред да настане модата.
Модата циклично се појавува, исчезнува и се враќа во слична или
модифицирана форма. Треба да се истакне дека модата ја „конзумираат” само
одредена група, а целината се наоѓа на пат кон неа.

6
Конструкција и изработка на темелни кроеви на облека

Постојат различни типови на здолништа кои меѓусебе се разликуваат во


однос на кројот, обликот и начинот на изработка. Меѓутоа заедничко за сите е
тоа што сите тие потекнуваат од еден основен крој од кој понатаму со
моделирање на истиот може да се добијат многу варијанти на женско
здолниште.

КОНСТРУКЦИЈА НА ТЕМЕЛЕН КРОЈ НА ЗДОЛНИШТЕ

За определување на должината на здолништата се применува мерката


земена од телото од половината до стапалата, или поточно 5/8 од телесната
висина.

Мерката за висината на седалниот дел се зема од половината до


седалото. При мерењето, телото мора да биде во седечка положба (прикажано
на сликата погоре). Оваа мерка се пресметува со помош на следново правило:
1/8 Вт + 1/10 од ½ Ок +(2÷3)см за комодитет.

Здолништата може да се поделат во две основни групи: 1. Тесни


здолништа, 2. Ѕвонести здолништа.

Конструкција на кројот за тесно здолниште

Тесните здолништа може да се јават во најразлични модели, разновидни


облици и украсни додатоци. Tесните здолништа може да бидат на умерено
проширени, но притоа според конструкцискиот крој да не припаѓаат во групата
на ѕвонести здолништа. Иако конструкцискиот крој изгледа мошне едноставно,
сепак изведбата на конструкцијата бара од конструкторот многу знаење и
искуство. Имено, при конструкцијата на женско здолниште мора посебно
внимание да се посвети на распределбата на вшитоците, чија ширина, должина
и облик треба да одговара на конституцијата на телото за лицето за кое се

7
креира. Мерките кои се потребни за конструкција на тесното здолниште се
следни:

1. Оп- Обем на половина

2. Ок- Обем на колкови

3. Дкр- Должина на крој

Во прилог ќе биде даден модел на конструкција на основен крој на тесно


здолниште според зададените мери:  Оп= 70см  Ок= 90см  Дкр= 68см 57
Опис на конструкцијата: Пред да се започне со конструкцијата на женско тесно
здолниште треба да се напомене дека конструкцијата се врши на ½ од
здолништето (еден преден и еден заден дел).

Конструкцијата на женско здолниште започнува со исцртување на појдовна


точка (1) и од неа се повлекува вертикална линија со должина еднаква на
должината на здолништето (Дкр) точка 3.

- 1÷2= Висина на големи колкови (Вк)= 20÷22см

- 1÷3= Дкр=68см

- 2÷4= ½ Ок +1см. Од точката 4 Се повлекува вертикална линија нагоре и


надолу и се добиваат ссодветно точките 5 и 6.

- Разликата пресметана како ½ Ок-1/2 Оп= 45÷35=10см се нарекува вишок и се


распоредува на вшитоците на предниот и задниот дел на здолништето и тоа:

- Ширина на вшиток на преден дел ШВп= 2см

- Ширина на вшиток на заден дел ШВз= 3см

- Ширина на страничен вшиток ШВстр.=5см =(2x2,5)см, се распределува лево и


десно од точката 9. При исцртување на линијата на половината се врши
корекција, односно од точката 9 креваме нагоре 1см, а од точка 1 симнуваме
надолу 1см. На тој начин се добива заоблена форма на линијата на половина,
која соодветствува на формата на женското тело.

8
- Доколку вишокот е помал од 15 см (како во нашиот случај), на задниот дел се
поставува само еден вшиток, а доколку вишокот на задниот дел е поголем од
15 тогаш на задниот дел се конструираат 2 вшитоци.

- Должината на вшитоците на предниот и задниот дел се 3см над линијата на


големите колкови.

9
Слика 1. Конструкција на крој со рамно здолниште.

10
Слика 2. Кројни делови на здолниште.

2 Моделирање на основен крој на женско здолниште

Со цел да се направи моделирање на даден модел, потребно е да се извади


основната конструкција за зададениот модел кој треба да се моделира и
директно на него да се направат моделирањата, се со цел да добиеме нов
модел на женско здолниште, приспособен на нашите барања. Описот на
моделирање на основниот крој на женско здолниште и добивање на здолниште
со спуштена половина и пократка должина е даден на сликат подолу. 60 Опис
на моделирањето:  Линијата на половина се спушта надолу за 8см  Ширина
на појас (платка) = 9см  Должината на здолништето се намалува за 10 см,
вшитоците остануваат, но со намалена должина заради спуштената половина.
 Здолништето се проширува за 4см лево и десно од линијата на средина на
вшитоците.

11
Слика 3. Моделирање на проширено женско здолниште.

Слика 4. Кројни делови на моделираното здолниште.

12
Кај конкретниот моделиран модел на женско здолниште при изработката на
кројните делови сте линии се заоблуваат и додатокот за шевови изнесува 1см.
Важно е да се нагласи дека платката, односно појасот се крои двапати (2x) за
преден и двапати за заден дел (2x). Предниот и и задниот дел се кројат по
еднаш, а патентот се наоѓа на страничниот шев.

Слика 5. Кројни делови на здолниште

13
Слика 6. Сошиено здолниште со размер 1:4

14
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFERENCES)

Скрипта „Креирање на облека“ од Ванѓа Кузманоска Димитријева, Сања


Ристески

15

You might also like