You are on page 1of 60

Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Штип

Технолошко-технички факултет ‒ Пробиштип

Доц. д-р Киро Мојсов

нега на текстил

Штип, 2014
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП
ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ– ПРОБИШТИП

Доц. д-р Киро Мојсов

ШТИП, 2014

1
Автор:
Доц. д-р Киро Мојсов

Рецензенти:
Проф. д-р Димко Димески
Доц. д-р Ацо Јаневски

Лектор:
Даниела Такева

Техничко уредување:
Доц. д-р Киро Мојсов

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

677.027(075.8)(076)

МОЈСОВ, Киро
Практикум по нега на текстил [Електронски извор] / Киро Мојсов. -
Текст, илустр.. - Штип : Универзитет "Гоце Делчев",
Технолошко-технички факултет, 2014

Начин на пристап (URL): http://www.ugd.edu.mk. - Наслов превземен


од екранот. - Опис на изворот на ден 21.01.2014. - Библиографија:
стр. 58-59

ISBN 978-608-4708-98-8

а) Текстил - Чистење - Нега - Високошколски учебници - Вежби


COBISS.MK-ID 95426570

2
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП
ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ– ПРОБИШТИП

Доц. д-р Киро Мојсов

Технолошко-технички факултет – Пробиштип


Универзитет „Гоце Делчев“
2014, Штип
3
СОДРЖИНА

Предговор
Вовед
1. Општ дел 8
1.1. Текстил 8
1.2. Историски преглед за текстилот 8
1.3. Текстилни влакна 8
1.4. Ткаенини 10
1.5. Технологија на усукување 11
1.5.1. Видови на конец 11
2. Нега на текстил и нечистотија 12
2.1. Општо за нега на текстил и нечистотија 12
2.2. Чистење на текстил 13
2.2.1. Неводено (суво) чистење на текстил 13
2.2.2. Водено чистење на текстил 14
2.3. Задржување на нечистотиите врз текстилниот материјал 14
3. Процес на хемиско чистење 16
3.1. Општо за хемиското чистење 16
3.2. Органски растворувачи 17
3.2.1. Нафтени растворувачи 18
3.2.2. Хлорирани јаглеводородни растворувачи 20
3.2.3. Нови растворувачи за хемиско чистење 22
3.3. Засилувачи 23
4. Процес на влажно чистење 24
4.1. Општо за влажното чистење 24
4.1.1. Вода 25
4.1.2. Нечистотија 25
4.1.3. Материјал 26
4.1.4. Опрема за перење 27
4.1.5. Детергент 28
5. Механизам на перење 29
5.1. Интерфејсни феномени 29
5.2. Сурфактанти или површински активни материи 31
5.3. Кохезија и адхезија 34
5.4. Омекнувачи на вода 35
5.5. Белила 36
5.6. Адитиви на детергентите 41
6. Отстранување на дамки од текстил 44
6.1. Дејство на хемикалии 44
6.2. Киселини и алкалии 44
6.3. Средства за белење и растворувачи 46
6.4. Односи меѓу влакна и хемикалии 46
6.5. Принципи на отстранување на дамки од текстил 47
7. Практика во отстранување на дамки 49
7.1. Вежба – 1 49
7.2. Вежба – 2 49
7.3. Вежба – 3 49
7.4. Вежба – 4 50
7.5. Вежба – 5 51
7.6. Вежба – 6 52
7.7. Вежба – 7 54
7.8. Вежба – 8 55
7.9. Вежба – 9 55
7.10. Вежба – 10 56
7.11. Вежба – 11 57
7.12. Вежба – 12 58
Литература

4
Предговор

Потребата за изработка на „Практикум по нега на текстил“ е голема, пред


сè, за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце
Делчев“ во Штип за да може тие да се запознаат со разните видови на ткаенини,
со нивните својства и со постапките за нега. Преку материјата во овој практикум
студентите ќе се оспособат за работа со одделни средства за нега од
технолошки, еколошки, токсиколошки и хуман поглед, како и за правилен
пристап кон одделни операции со цел да се постигнат задоволителни ефекти
при нега на текстилот. Целта е студентите преку лабораториските вежби да се
оспособат за самостојна примена на принципите на одржување и нега на
текстилот, т.е. на текстилните материјали и производи. Практикумот е
прилагоден кон наставната програма за предметот Нега на текстил и е
наменет како наставно помагало кон скриптата „Нега на текстил“ која го покрива
делот на предавањата на Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип.
Практикумот содржи 7 поглавја од кои 6 поглавја се теоретски дел, додека
седмото поглавје е Практика во отстранување на дамки (12 практични вежби)
коешто е наменето за практични лабораториски вежби на студентите во
отстранувањето на дамки. Поглавјата се подредени на следниот начин:
1. Општ дел;
2. Нега на текстил и нечистотија;
3. Процес на хемиско чистење;
4. Процес на влажно чистење;
5. Механизам на перење;
6. Отстранување на дамки од текстил;
7. Практика во отстранување на дамки;
7.1.-7.12. Вежби од 1-12.
Овој практикум во прв ред е наменет за студентите од Технолошко-
техничкиот факултет, но тој исто така може да ги задоволи и потребите на сите
студенти кои имаат потреба од подетални знаења неопходни за развој на сите
подрачја на нега на текстил. При составувањето на овој практикум користени се
познати практикуми, учебници и друга литература.
Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на практикумот,
проф. д-р Димко Димески и доц. д-р Ацо Јаневски, за укажаните сугестии кои ми
помогнаа во оформувањето и дополнувањето на практикумот.

Од авторот

5
Вовед

Облеката и текстилот ги исполнуваат основните функционални и естетски


потреби на луѓето. Секојдневната употреба на текстилот во нашите домови е
прастара традиција. Тој ни дава топлина, внимателно е изработен во облека што
се носи за работа, за спиење, за важни обреди, крштевки, свадби, ги краси
нашите ѕидови и перници, ги топли нашите нозе итн. Овој широк спектар на
употреба на текстилот бара одговорност да се грижиме за него. Текстилот е дел
од секојдневниот живот и сосема е природно да го чистиме со цел да се задржи
неговата состојба.
Една од најголемите закани за текстилот е светлината. Најголемата штета
доаѓа од ултравиолетовото зрачење од природна дневна светлина и од
флуоресцентните светилки. Сепак, додека УВ зраците го оштетуваат текстилот
најбрзо, целиот светлосен спектар предизвикува текстилните бои да исчезнат и
влакната да станат кршливи.
Високите температури, прекумерната топлина и високата влажност го
забрзуваат оштетувањето на текстилот и обезбедуваат поволни услови за развој
на инсекти и мувла.
Загадувањето на воздухот е, исто така, непријател на текстилот. Гасовите
од сулфурдиоксидот од автомобилите и од индустријата влијаат врз некои бои.
Нечистотиите и прашината најверојатно се најголем проблем на
текстилот, бидејќи честичките прашина дејствуваат како мали ножеви, односно
тие ги сечат влакната како што текстилот се проширува или се намалува во
зависност од промените на релативната влажност. Редовното чистење со
правосмукалка брзо ќе ја отстрани целата прашина.
Облеката и текстилот се валкаат при нормална употреба. Со соодветна
нега и средства за чистење, текстилот ќе го задржи својот изглед без значително
менување на неговите функционални и естетски својства.
Потрошувачите имаат избор да ја исчистат облеката дома или да го
сторат тоа во соодветен сервис за професионално чистење. Тоа е од суштинско
значење во однос на прашањето кои процеси се достапни за чистење,
одржување или обновување на сакани и функционални својства на текстилот.
Во секторот за чистење на текстил повеќе години се дискутирало за
одржливоста на професионалното чистење на текстили во споредба со
одржливоста на домашното перење. Поради оваа причина изработена е и
независна студија што одредува до кој степен процесот на професионално
чистење се разликува од домашното перење во областа на одржливоста.
Студијата јасно покажала дека професионалното чистење во целост е помалку
штетно за животната средина отколку домашното перење. Ако гледаме на
одделни бројки, можеме да видиме дека особено растворувачите играат голема
улога во однос на емисијата. Меѓутоа, со употреба на растворувач од 10 грама
на килограм, придонесот на вкупното влијание врз животната средина е
релативно ниска. Водата, исто така, има мал дел во влажното чистење и
домашното перење. Ова главно се однесува на енергијата поврзана со
производство на вода за пиење. Откако и во двата случаи детергентите се
претежно биоразградливи, испуштањето на вишокот на детергент не е важно.
Резултатите во врска со детергент главно се базирани на производството на
детергент. Тука, севкупната оценка за професионалното чистење е подобра.

6
Оваа студија јасно покажала дека професионалното чистење во целост е
значително поеколошко од домашното перење, кога се земени предвид
моменталната состојба на технологијата, точните работни процеси и
внимателното испуштање на отпадите кои содржат растворувачи. Од ова треба
да се заклучи дека секторот за чистење на текстилот не е најголем загадувач
како што се мислело дотогаш.

7
1. Општ дел
1.1. Текстил
 Текстил е општ термин за сите суровини за предиво, полуобработени и
готови производи (ткаенини, крпи, платна и др.).

 Текстилна индустрија е општ термин за различни гранки на предење,


ткаење, плетење, везење итн.

 Денес, текстилната индустрија е една од најразвиените во светот.


Текстилот првенствено се користи за изработка на облека, производи за
широка потрошувачка во домаќинствата, угостителството,
автомобилската индустрија, медицината и др.

 Текстилна хемија е хемија на влакнести материи. Текстилни растенија се


растенија од кои се произведуваат влакна за предиво.

1.2. Историски преглед за текстилот

 Производството на текстил, условено од основната човечка потреба да се


заштити од студот, датира од почетокот на цивилизацијата. Памукот,
волната, ленот и свилата се користеле уште во антички Египет.
Производството на свила се спомнува 3.000 години п.н.е. во Далечниот
Исток, во Кина.

 Во сликарството платното влегува преку кинеската, а подоцна и преку


јапонската уметност на сликање на свила, преку различни декоративни
ткаенини наречени таписерии и преку народната уметност на декоративно
сликарство на ткаенини во средниот век. Платното како носител на
класичното европско сликарство се јавува од 16 век.

1.3. Текстилни влакна

 Сите ткаенини се изработени од влакна кои се технички дефинирани како


„единица на материја со должина најмалку 100 пати поголема од
нејзиниот дијаметар, молекули со долг синџир кои имаат најпосакувана
структурна ориентација и со дијаметар од 10-200 µm“ (Landi, 1998).

 Познавањето на основните својства на ткаенината во голема мера може


да помогне во нејзината нега.

 Постојат два главни фактори кои ги одредуваат крајните карактеристики


на некоја ткаенина:

8
- формата на влакната;
- изворот на влакната (Landi, 1998).

 Влакната доаѓаат во две форми врз основа на должината на влакното:

- Филаментни;
- штапелни.

 Филаментното влакно (filament) е влакнo на континуирана


(непрекината) должина. Филамент предивата се обично тенки, мазни и
сјајни (Miller, 1969).

 Штапелното влакно (staple), од друга страна, е сечено влакно на


ограничена должина од околу една четвртина од инч (1 инч = 2,54 см) до
неколку инчи. Штапел предивата имаат тенденција да бидат подебели,
влакнести и без сјај (Miller, 1969).

 Постојат три категории на влакна врз основа на изворот:

- природни влакна;
- неоргански влакна;
- вештачки влакна.

 Неорганските влакна вклучуваат стаклени, азбестни, метални и


јаглеродни влакна, и обично не се директно вклучени во производството
на текстил.

 Сите природни и вештачки влакна на микроскопско ниво се изградени


од органски полимери, големи молекули врз основа на јаглерод,
составени од една единица која се повторува повеќе пати.

 Различни видови на полимери резултираат со различни влакна и на крајот


со различни текстилни карактеристики (Landi, 1998).

 Најважни својства на растителните влакна се должината, финоста,


јачината, еластичноста, отпорноста на вода и на одредени хемикалии.

 Природните влакна се наоѓаат во природната средина. Постојат две


класификации:

 растителни влакна (целулозни влакна):


- памук, капок и др. (влакно од семе);
- лен, коноп, метла и др. (влакно од стебло);
- кокос (влакно од плод);
- манила, новозеландски лен, сисал и др. (влакно од лист).

 животински влакна (протеински влакна):


- волна од овца, мохер волна од ангорска коза, кашмир од подвлакно
на коза, влакна од камила, влакна од ангорски зајак и др.
(кератински влакна);

9
- природна свила, дива свила (фиброински влакна).

 Вештачките влакна може да бидат произведени преку разни хемиски


процеси. Со истражување се создале повеќе видови вештачки влакна кои
биле поделени во две категории:

 регенерирани или обновливи влакна


- вискозни, ацетатни, купро, модални и др. (од целулоза);
- од млеко, кикиритки, соја, риба (од протеини);
- алгинатни (од алгинска киселина).

 синтетички влакна
- полиакрилни (PAN);
- полиамидни (најлон) (PA);
- полиестерски (PE);
- поливинилхлоридни (PVC);
- полипропиленски (PP);
- полиетиленски (PE);
- еластански (EL);
- еластодиенски (ED);
- арамидни (AR);
- модакрилни (MOD).

 Регенерираните влакна се изградени од природни материјали кои се


раствораат, а потоа екструдираат како влакна.

 Синтетичките влакна се изградени од синтетички полимери кои


потекнуваат од нафта, јаглен и други хемикалии (мономери).

1.4. Ткаенини

 Ткаенините се состојат од два состава на нишки што се меѓусебно


испреплетени под прав агол.

 Сите платна се ткаени од надолжни нишки (основа) и попречни нишки


(јаток), но меѓусебниот преплет на нишките е различен и му дава на
платното карактеристична површинска структура.

 Со предење на најмалку три влакненца се добива нишка, а со усукување


на две или повеќе нишки се добива предиво (слика 1).

 Предењето е усукување на влакна со мали должини со истовремено


истегнување во нишка со многу голема должина, со одредена јакост,
растегливост, еластичност и сл.

10
1- влакно;
2- предиво со една нишка;
3- предиво со две нишки;
4- предиво со четири нишки;
5- предиво со шест нишки.

Слика 1. Предиво со шест нишки

 Најгуста ткаенина се добива од цврсто предени нишки од чисто и одбрано


предиво од лен, коноп или памук со долги влакненца со едноставен
преплет на нишки, јаток и основа. Се разликуваат околу 150 различни
поврзувања.

1.5. Технологија на усукување


1.5.1. Видови на конец

 Освен предивото од конец, т.е. индустриското предиво од конец, постојат


и видови на конец кои не се употребуваат за ткаење или за плетење.

 Од овие видови познати се:

- конец за шиење;
- конец за рибарски мрежи;
- технички конец;
- гумен конец.

 Конецот за шиење се користи во индустријата за облека, кожарската


индустрија и како конец за пакување. Својствата на овој конец се јакост,
неедномерност и издолжување.

 Конецот за рибарски мрежи треба да биде отпорен на дејство на вода и


сонце. Поради тоа, тој е направен од египетски памук кој покрај јакоста и
финоста на влакната има повисока количина на природен восок. Од влага
се заштитува со натопување во хемикалии.

 Техничките и гумените конци се користат за изработка на ткаенини кои


треба да бидат цврсти и јаки, како и за производство на гумени обвивки.
Постојат памучен, ленен, свилен, волнен и вештачки конец.

 Според намената, конците ги делиме на:

11
- конци за шиење;
- конци за ткаење;
- конци за плетење;
- конци за везење;
- технички конци.

2. Нега на текстил и нечистотија


2.1. Општо за нега на текстил и нечистотија

 Негата на текстил ги опишува:

- процедурите на чистење кои се користат за да се отстрани


нечистотијата и да се вратат производите во состојба блиска како
нови или речиси нови;
- соодветните услови за чување.

 Нечистотија:

- нечистотии се сите супстанции што не се наменети да бидат на


текстилот, а потекнуваат од телото на човекот или од околината;
- нечистотииите може да бидат распространети по целата површина
на облеката или како концентрирани дамки на одделни делови од
облеката;
- нечистотиите имаат многу сложен и комплексен состав (60 %
силикати и карбонати, 5 % саѓи, 10 % други тврди супстанци, 10 %
растворливи неоргански соли,10 % масти и 5 % влага) што зависи
од условите на живот и професијата на луѓето;
- од многугодишните испитувања на нечистотиите на облеката се
дошло до сознанија дека таа содржи 13-14 g нечистотии по kg
текстилен материјал;
- нечистотиите го влошуваат надворешниот изглед и хигиенските
својства на облеката, го намалуваат статичкиот електрицитет и
еластичноста на облеката, облеката го губи својот изглед и ја валка
другата облека;
- нечистотијата е класифицирана во неколку категории врз база на
типот и како таа се одржува на ткаенината.

 Примери:

 гуми за џвакање, кал, восок


- коишто се држат механички и се отстрануваат механички со
стружење.

 влакна и прашина
- кои се држат со електростатски сили и се отстрануваат со вода која
го неутрализира полнењето.

12
 кафе и други пијалаци
- се водорастворливи и се отстрануваат со растворање во вода.

 дамки од лак за нокти, мрсни бои, крв, ’рѓа, лепила и др.


- нечистотии што се отстрануваат со специјални реагенси.

 сите животински масти (со исклучок на восокот од пчели) и природни


масла, минералните масла за подмачкување, нафта, парафини,
мазут, лепила, смоли, лакови и сл.
- нечистотии растворливи во органски растворувачи.

2.2. Чистење на текстил


 За да се иницира чистењето на текстилот мора да се пробијат
интеракциските сили на нечистотија ‒ текстил и со тоа да се олабават и
транспортираат хетерогените нечистотии подалеку од текстилот.

 Не е важно дали медиумот е течност, гас или цврст, туку треба да биде во
можност да се прочисти и повторно да се употреби за избран медиум.

 Нечистотиите треба да бидат поконцентрирани за правилно


отстранување.

 Процесот мора да ја исчисти облеката и да ги задоволи потребите на


потрошувачите, но и да е економски и еколошки изводлив.

 Денес постојат две практични технологии:

- неводено (суво);
- водено (влажно) чистење.

2.2.1. Неводено (суво) чистење на текстил

 Неводено (суво чистење) уште е познато и како хемиско чистење.

 Секогаш ќе има потреба од технологија за суво чистење на текстилот. Тоа


е диктирано од својствата на текстилот и од нечистотиите.

 Отстранувањето на нечистотиите се врши со потопување на извалканите


текстилни предмети во органски растворувач кој кружи и со примена на
некои видови механички дејства и на крај отстранување на растворувачот,
сушење со топол воздух и пеглање.

 Како докажан медиум (органски растворувач) за хемиско чистење на


текстилот бил перхлоретиленот.

13
2.2.2. Водено чистење на текстилот

 Ова е напредна технологија што овозможува водено чистење на многу


текстили кои традиционално се чистеле во неводен медиум.

 Отстранување на нечистотиите обично се постигнува со потопување


на извалканите текстилни предмети во вода и детергент и со примена
на некои видови механички дејства и на крај плакнење на присутните
нечистотии, сушење и пеглање.

2.3. Задржување на нечистотиите врз текстилниот


материјал

 Од структурата и од својствата на влакната, предивото, ткаенината и


боите се утврдува кое чистење е најдобро за нив.

 Професионалните чистачи не може да ги променат текстилните својства,


но тие мора да знаат колку што е можно повеќе за нив за да го изберат
најдобриот процес на текстилно чистење.

 Спектарот на текстилни својства одредува која процесна технологија на


чистење (неводена или водена) е подобро да се примени.

 Општо, најдобро правило е да се следат инструкциите за нега на


етикетата на производителот. Доколку не постои етикета, а облеката или
ткаенината треба да се чисти, тогаш својствата на секоја ткаенина ќе
помогнат да се утврди негата на ткаенината или на облеката.

 Нечистотиите во почетокот обично се задржуваат на површината на


текстилниот материјал, но со текот на времето под дејство на дожд, ветер,
сонце и сл. навлегуваат во внатрешноста на ткаенината. Ова задржување
и врзување на нечистотијата со влакната е сложен физичко-хемиски
процес.

 Текстилните влакна се макромолекуларни соединенија со долги синџири


паралелно распоредени и меѓу себе поврзани со привлечни сили
(водородни, меѓумолекуларни и сл.).

 Сите овие привлечни сили во внатрешноста на влакното се во некоја


рамнотежа, освен на површината. Оваа нерамнотежа на сили на
површината на текстилниот материјал овозможува да се задржуваат
различни супстанции (нечистотии) од надворешната средина.

 Влакната имаат микроскопски пукнатини и канали каде што под дејство на


капиларни сили доаѓа до дифузија на нечистотии во внатрешноста на
текстилот.

14
 Степенот на дифузија на нечистотиите во текстилниот материјал зависи
од големината на честичките, од дијаметарот на напречниот пресек на
влакното, од однесувањето на текстилниот материјал во водена средина
и сл.

 Во воздухот се наоѓаат слободни честички во безредно движење со разни


димензии (мали, до 0,1 µm; средни, 1-2 µm; крупни честички ˃1 µm). Кога
воздухот продира во влакнестата структура на текстилниот материјал,
брзината на движење е доволна честичките да се наталожат, а дел од нив
и да навлезат во текстилните влакна.

 При натопување од дожд или при висока влажност на воздухот,


честичките што се растворливи во вода и ситните честички нерастворливи
во вода со димензии под 1 µm навлегуваат длабоко во текстилниот
материјал како резултат на влагата која преку капиларните процеси ги
придвижува во внатрешноста на ткаенината.

 Покрупните честички се наталожуваат на површината на ткаенината.


Нечистотиите од човечкото тело доаѓаат и навлегуваат во облеката со
помош на маснотиите или потта.

 Задржувањето на нечистотиите врз текстилниот материјал може да биде:

- меѓу текстилните влакна;


- меѓу фибрилите на текстилните влакна;
- во пукнатините и каналите на текстилните влакна;
- наталожени на површината на ткаенината.

 Влакната со голем дијаметар (над 27 µm) и со кружен пресек, со мазна


површина и без пукнатини, многу слабо се валкаат, бидејќи можноста за
задржување на нечистотиите врз нив е мала.

 Во зависност од однесувањето кон водата текстилниот материјал се дели


на хидрофилен (добро се натопува во вода) и хидрофобен (тешко се
натопува во вода).

 Во групата на хидрофилен текстилен материјал спаѓаат: волната,


памукот, свилата и регенерираните целулозни влакна. Кај овие
материјали нечистотиите растворливи во вода лесно навлегуваат во
внатрешноста на ткаенината.

 Во групата на хидрофобен текстилен материјал се: полиамидот,


полиакрилонитрилот, полиестерот, полипропиленот и др. Кај овие
материјали нечистотиите растворливи во вода се наталожуваат на
површината на ткаенината.

 Од друга страна, хидрофобните текстилни влакна се лиофилни (добро


атсорбираат маснотии), па поради тоа овие материјали лесно се валкаат
со маснотии, а при подолго стоење нечистотиите навлегуваат во
внатрешноста на материјалот.

15
 Кај поретките ткаенини со помала површинска маса, нечистотиите
полесно навлегуваат во внатрешноста, но слабо се врзуваат, додека кај
густите ткаенини нечистотиите се задржуваат на површината.

 Некои нечистотии со текстилниот материјал градат хемиски врски и така


врзаните нечистотии не се отстрануваат лесно, па за нивно отстранување
потребно е да се употребат разни оксиданси, редуценси и ензими.

3. Процес на хемиско чистење


3.1. Општо за хемиското чистење
 Во почетокот за хемиското чистење се користеле растворувачи врз база
на нафта, како што се бензин и керозин.

 Употребата на високозапаливи нафтени растворувачи предизвикало


многу пожари и експлозии што довело до воведување на прописи за
работа на хемиското чистење.

 Поради ова, почнале да се користат хлорирани растворувачи кои биле


помалку запаливи од нафтените растворувачи и со подобра моќ на
чистење.

 Индустријата за хемиско чистење го прифатила тетрахлоретиленот


(перхлоретилен) како идеален растворувач со одлична моќ за чистење,
стабилен, незапалив и нежен за многу видови облека. Единствена
негативна страна на перхлоретиленот во примената била неговата голема
отровност.

 Поради отровноста на хлорираните јаглеводородни растворувачи


донесени се разни прописи за намалување на штетни емисии од процесот
на хемиско чистење, па поради тоа индустријата за хемиско чистење била
во фаза на замена на перхлоретиленот со други хемикалии или методи.

 Кога хемиското чистење било откриено пред 120 години, не биле на


располагање ниту вештачките влакна ниту биле познати завршните
процеси на стабилизација.

 Поради сето ова, откривањето на хемиското чистење значело прогрес и


давање на одговори за проблемите со негата на текстилите. Со примена
на модерна технологија, денес голем број од текстилните предмети се
носат на сервисирање.

 Повеќето облека и текстил за домаќинството може да се обработува со


повеќе стандардизирани методи.

16
 Специфичниот редослед и начинот на обработка зависи од
класификацијата на дамките кои треба да бидат исчистени. Основниот
процес за сите дамки вклучува потопување и движење на текстилот во
растворувачот. Растворувачот ќе ги олабави нечистотиите што потоа се
измиваат со движењето.

 Со примена на модерната технологија денес се произведуваат затворени


машини за хемиско чистење каде што растворувачот се обновува, така
што може да се користи за дополнително чистење или безбедно да се
отстрани.

 Најмногу од модерните затворени машини имаат вградено компјутерски


контролирани сензори за сушење кои ја контролираат температурата на
сушење и автоматски реагираат и на најмалиот износ на гасови од
растворувачот.

 На слика 2 е прикажан внатрешен изглед на еден сервис за


професионално чистење.

Слика 2. Сервис за професионално чистење

3.2. Органски растворувачи

 Има две основни класификации на растворувачите за хемиско чистење:

1. Нафтени растворувачи;
2. Хлорирани јаглеводородни растворувачи.

 Без разлика на поделбата, сите растворувачи за хемиско чистење треба


да ги исполнуваат следните услови:

- Да ги раствораат нечистотиите како што се масти, масла и смоли на


обична температура;

17
- Да не го оштетуваат текстилниот материјал;
- Да испаруваат лесно;
- Да не се токсични или, по можност, да се помалку токсични;
- Да не се запаливи. Температурата на запаливост да не биде под 37,8 oC;
- Да не предизвикуваат корозија на металите.

 Историски гледано, во хемиското чистење се користеле голем број на


различни хемикалии како растворувачи. Во почетокот се користеле
растворувачи врз база на нафта, како бензин и керозин, кои биле
запаливи и предизвикувале многу пожари и експлозии. Поради ова,
почнале да се користат хлорирани растворувачи кои биле помалку
запаливи од нафтените растворувачи и со подобра моќ на чистење.

 При работа со органски растворувачи многу е важно да се познаваат


нивните физичко-хемиски и технички својства: температурата на вриење,
токсичноста, брзината на испарување, специфичната топлина на
испарување, притисокот на пареи на различни температури и сл.

 Температурата на вриење дава податоци за температурата на


дестилација на дадениот растворувач како и условите на чување.

 Сите органски растворувачи се повеќе или помалку токсични па затоа при


нивната употреба треба да бидат исполнети соодветните санитарно-
хигиенски правила.

 Хлорираните јаглеводороди се повеќе токсични од нафтените, но тоа се


надоместува со подобрата растворливост и слабата запаливост.

3.2.1. Нафтени растворувачи


 Нафтените растворувачи во почетокот најмногу се користени за хемиско
чистење.

 Бензин: За да може да се користи во хемиското чистење, бензинот треба


да е безбоен, да не остава мирис по чистењето, температурата на
запаливост да не е пониска од 37,8 oС, да не содржи примеси од
соединенија на сулфур кои предизвикуваат корозија на металните делови
на машините и имаат негативно влијание врз облеката што се чисти.

 На почетокот од 20 век суровиот бел бензин бил во изборот на


растворувачи за хемиско чистење. Тој имал температура на вриење од
150 до 200 oС и многу добра растворувачка моќ, но имал ниска
температура на запаливост како недостаток.

 Белиот бензин најмногу содржи јаглеводороди од метанскиот ред со


должина на синџирот од 10 до 15 С-атоми. Бензинот не смее да содржи
вода, бидејќи го отежнува чистењето, ја оштетува облеката и го отежнува
филтрирањето.

18
 Бензинот добро ги раствора нечистотиите од различни масла, восоци,
парафин, лакови и др. Погоден е за чистење на ткаенини од ацетатни и
синтетички влакна, волнена облека и облека од кожа (не ја обезмастува).

 Поради токсичното дејство и лесната запаливост при работа со бензин,


треба да се преземат соодветни мерки. При долготрајно вдишување на
пареи од бензин може да дојде до труење (главоболки, несвестица).

 При работа со бензинот се создава статички електрицитет, а како лош


проводник на електрицитетот, бензинот го задржува полнежот и во
соодветни услови, триење и друго, може да предизвика создавање на
искра и експлозија. Поради тоа, потребно е сите инсталации и апарати за
работа со бензин да бидат заземјени за да се спречи опасноста од
пожари.

 Пареите на бензин се потешки од воздухот па затоа вентилаторите и


аспираторите за отстранување на бензинските пареи треба да бидат
монтирани во долните простории ниско до подот.

 Стодард растворувач: Поради овие околности, индустријата во 1924


година развила помалку испарлив растворувач познат како стодард
растворувач.

 Стодард растворувачот бил користен до крајот на 50-тите години на 20 век


како доминантен растворувач за хемиско чистење. Стодард
растворувачот е нафтен дестилат кој е составен од повеќе од 200
различни соединенија. Овие растворувачи се составени претежно од
алкани, циклоалкани и некои ароматични соединенија.

 140-Ф растворувач: Во 1950 година се развива растворувач за хемиско


чистење со повисока точка на запаливост познат како 140-Ф растворувач.
Некаде на почетокот на 90-тите години од 20 век биле развиени нафтени
растворувачи со уште повисоки температури на запаливост како што се:

 ДФ-2000 флуид: Овој растворувач бил прв на пазарот произведен од


страна на компанијата „Ексон хемикалии“ во 1994 година. Тој е составен
од C-11 до C-13 јаглеводороди (изопарафини и циклопарафини), а не
содржи никакви ароматични соединенија. Има температура на запаливост
на 64 oС.

 Екосолв ДЦ флуид: Тој е опишан како мешавина на алифатични


јаглеводороди, но поконкретно се состои од мешавина на C-10 до C-13
изопарафини. Има температура на запаливост на 60-62 oС.

 Шел сол 140 ХТ: Овој растворувач е мешавина од претежно С-9 до C-


12 јаглеводороди. Има температура на запаливост на 63 oС.

19
 Еден од проблемите поврзани со нафтените растворувачи за хемиско
чистење е биоразградувањето. Бактериите внесени во системот на
хемиско чистење преку облеката или преку водата ќе се хранат со
нафтениот растворувач, со детергентите, со маслата и со масните
киселини и ќе произведуваат „кисели мириси“.

 За борба против овој проблем, во детергентите се додаваат бактерициди


или антиоксиданси. На пазарот има производи кои ја инхибираат
биодеградацијата на нафтените растворувачи: десолан ХТ и варникид
(антиоксиданси кои го спречуваат развојот на непријатни мириси).

3.2.2. Хлорирани јаглеводородни растворувачи


 Хлорирани јаглеводородни растворувачи што се користат во хемиското
чистење се тетрахлорметан, трихлоретилен и перхлоретилен. Многу
поголема е нивната примена во хемиското чистење заради незапаливоста
во споредба со бензините. Се регенерираат со дестилација при нормален
притисок.

 Хлорираните јаглеводороди се стабилни во отсуство на светлина.


Пареите на хлорираните јаглеводороди се отровни и потешки од воздухот,
па затоа резервоарите пред да се чистат треба претходно да се проветрат
со воздух.

 Тетрахлорметан (CCl4): Овој растворувач е првиот хлориран


растворувач кој се користел во операциите на хемиско чистење. Тој е
лесно испарлива безбојна течност (температура на вриење од 76,4 oС), не
гори и не спроведува електрицитет, има густина од 1,60 kg/dm3, се меша
со ацетон, бензин, бензен, етер, терпентин и др.

 Тој бил првиот растворувач увезен во САД од Германија во 1898 година и


бил продаван како средство за хемиско чистење и чистење на самото
место под трговското име карбона.

 Тетрахлорметанот понекогаш се мешал со други растворувачи (гради


азеотропни смеси кои вријат на одредени температури) за употреба како
растворувач за хемиско чистење. Така, на пример, смесата од 79,4 %
тетрахлорметан и 20,6 % метанол врие на 55,7 oС; смесата од 84,1 %
тетрахлорметан и 15,9 % етанол врие на 65,1 oС; смесата од 82 %
тетрахлорметан и 18 % изопропилалкохол врие на 68,9 oС и смесата од
95,9 % тетрахлорметан и 4,1 % вода врие на 66 oС.

 Тетрахлорметанот добро ги раствора маснотиите, маслата, парафините,


восоците, стеарините, асфалтот, калиумовите и натриумовите сапуни.

 Поради неговата висока токсичност и тенденција за зголемена корозија на


машините, тетрахлорметанот во почетокот на 50-тите години на 20 век
бил постепено напуштан како растворувач за хемиско чистење.

20
 Трихлоретилен (CHCl=CCl2): Овој растворувач во 1930 година во САД
првпат бил претставен како растворувач за хемиско чистење. Тој е
безбојна течност, има температура на вриење од 86,9 oС, густина 1,4
kg/dm3, не гори и не е запалив. Постојан е на слаби бази и киселини. Во
присуство на јаки алкалии се разлага со одделување на дихлорацетилен
(CCl≡CCl) кој е самозапалив. На сончева светлина и топлина
трихлоретиленот се оксидира со одделување на HCl, CO и COCl2
(фосен).

 Раствора маснотии, смоли, каучук, катран, фосфор итн. Во хемиското


чистење се употребува во затворени апарати.

 Помалку токсичен е од тетрахлорметанот. Трихлоретиленот предизвикува


разлевање на некои ацетатни бои на температури над 24 oС, a при високи
температури (при сушењето) може да предизвика и оштетување на
текстилот. Затоа препорачливо е ткаенините од ацетатни влакна да се
чистат во трихлоретилен на пониски температури.

 Тој никогаш не бил широко употребуван како примарен растворувач за


хемиско чистење, но уште се користи како хемиско средство за
претчистење или како средство за чистење на дамки.

 Перхлоретилен (тетрахлоретилен; CCl2=CCl2): Првпат комерцијално


бил производен во САД во 1925 година. Сепак, првата документирана
употреба на перхлоретиленот како растворувач за хемиско чистење во
САД е во 1934 година. Тој е лесно испарлива безбојна течност
(температура на вриење од 118,5 до 122 oС), со голема густина од 1,62
kg/dm3, не гори и не е запалив.

 Перхлоретиленот добро раствора маснотии, масла, парафин, катран,


восоци, смоли, асфалт и др. Погоден е за чистење на ткаенини од
природни и синтетички влакна. Помалку е токсичен од другите
растворувачи.

 Перхлоретиленот со други растворувачи гради азеотропни смеси кои


влијаат врз следните температури: смесата од 36,5 % перхлоретилен и
63,5 % метанол врие на 63,7 oС; смесата од 37 % перхлоретилен и 63 %
етанол врие на 76,7 oС; смесата од 52 % перхлоретилен и 48 % n-пропил
алкохол врие на 94 oС; смесата од 50 % перхлоретилен и 50 % мравја
киселина врие на 88,1 oС; смесата од 61,5 % перхлоретилен и 38,5 %
оцетна киселина врие на 107,3 oС и смесата од 84,1 % перхлоретилен и
15,9 % вода врие на 87,1 oС.

 Во однос на другите растворувачи што се користат во хемиското чистење


има многу предности. Има послаба испарливост, не е склон кон хидролиза
и во него може да се додадат површински активни материи и засилувачи.

 Перхлоретиленот е најстабилното соединение од хлорираните


растворувачи, но сепак перхлороетиленот се деградира во присуство на

21
светлина, топлина и кислород и формира трихлорацетил хлорид и
тетрахлоретилен оксид. Ако е присутна вода се создава хлороводородна
киселина.

 Присуството на нечистотии во перхлоретиленот, како 1,1,1-трихлоретан и


трихлоретилен придонесува за формирање на хлороводородна киселина
и корозија на металите во машините за хемиско чистење.

 За спречување на овој проблем, производителите на растворувачи за


хемиско чистење додаваат стабилизатори на перхлоретиленот.
Техничкиот перхлоретилен содржи мали количини на триетиленамин како
стабилизатор.

 Некои сервиси за хемиско чистење купуваат и употребуваат регенериран


перхлоретилен. Овој регенериран растворувач има чистота од 95-99 %.

 Типични нечистотии во регенерираните растворувачи се: метилетилкетон,


минерални алкохоли, толуен, 1,1,1-трихлоретан и други хлорирани
растворувачи.

 Регенерираниот перхлоретилен често се меша со комерцијален


(стабилизиран) перхлоретилен пред да се користи во хемиско чистење.

3.2.3. Нови растворувачи за хемиско чистење


 Во 1964 година во САД, а потоа и во Европа, се воведуваат
флуорохлорираните јаглеводороди и во последните години многу
често се користат растворувачи од овој вид за хемиско чистење. Од нив
најголемо значење имаат трифлуортрихлоретанот и
монофлуортрихлорметанот. Овие растворувачи се познати и по името
фреони.

 Флуорохлорираните јаглеводороди имаат ниски температури на вриење,


не горат и не ги оштетуваат природните и синтетичките материјали.

 Флуорохлорираните јаглеводороди се добри растворувачи на заситени


масти, алкохоли, кетони, етри и др. Не ги раствораат белковините,
шеќерите и урината.

 Растворувачи на иднината ќе бидат оние кои ќе имаат добри еколошки


својства, во согласност со законските прописи за зачувување на
животната средина. Поради ова во земјите со рестриктивни мерки,
перхлоретиленот сè повеќе се заменува со јаглеводородни растворувачи
(линеарни јаглеводороди со 10 до 13 С-атоми кои не содржат траги од
ароматски јаглеводороди).

 Трифлуортрихлоретан (CF2Cl–CFCl2): Овој растворувач за хемиско


чистење е произведен во 1964 година во САД и познат е како фреон Р113
со трговско име валклен. Растворувачот Р113 е лесно испарлив (ниска
22
температура на вриење од 47,7 оС) и со голема густина од 1,6 kg/dm3.
Затоа овој растворувач може да се примени само во специјална опрема.

 Облеката исчистена со валклен можела да се суши на пониски


температури и затоа бил промовиран како растворувач за хемиско
чистење на деликатни ткаенини. Во природата предизвикува разградба на
озонската обвивка па еколошки не е прифатлив. Овој растворувач се
произведувал кратко време и никогаш не бил широко употребуван во
хемиското чистење.

 Монофлуортрихлорметан (CCl3F): Овој растворувач за хемиско


чистење е произведен во 1964 година во САД и познат е како фреон Р11.
Растворувачот Р11 е лесно испарлив (ниска температура на вриење од
23,7 оС) и со густина од 1,49 kg/dm3.

 Декаметилциклопентасилоксан (зелена земја): Овој нов силиконски


растворувач за хемиско чистење е произведен во 1999 година во САД со
трговско име зелена земја, молекуларна формула C10H30O5Si5,
температура на запаливост на 210 оС и густина од 0,95 kg/dm3. Проблеми
во примената на овој растворувач прави неговата густина која е блиска на
густината на водата.

 Пентилацет: Ова е органски растворувач со многу голема моќ на


растворање, но со недостаток, бидејќи е запалив и има точка на
запаливост од 40 оС.

 Овој растворувач покажува голема агресивност и поради тоа не е погоден


за хемиско чистење на вообичаениот текстил по нормалните постапки,
туку во прв ред се користи за хемиско чистење на работна облека со висок
степен на загадување, за чистење на кожа и крзно.

 Течен jаглерод-диоксид: Ова е процес на чистење во кој јаглерод-


диоксидот во течна состојба (работи под притисок) се користи како
растворувач. Комерцијален течен јаглерод-диоксид за хемиско чистење
за првпат бил употребен во 1999 година. Течниот јаглерод-диоксид е
многу добар растворувач за масти. Многу е добар од еколошка гледна
точка.

3.3. Засилувачи
 Засилувачи се средства што се додаваат во органските растворувачи со
цел да се раствори одредена количина вода која ќе ги раствори
водорастворливите супстанции (нечистотии). Според составот,
засилувачите се површинско активни материи.

 За да може некое средство да се искористи како засилувач не смее да ги


затнува филтрите на машините за чистење. Такви се сапуните и затоа не
може да се користат како засилувачи.

23
 Друго важно барање од засилувачите е да не хидролизираат во присуство
на влагата атсорбирана на површината на текстилниот материјал, бидејќи
некои масни киселини може да се раствораат во растворувачот и да
предизвикаат корозија на машините, а со тоа и намалување на ефектите
на чистење.

 За да се зголеми ефектот, односно за да се олесни растворливоста во


органските растворувачи, во средствата кои се користат како засилувачи
се додаваат и други супстанции како соли, вода, средства за белење и
дезинфекција.

 Хемиско чистење со висок квалитет може да се изврши во кој било


растворувач, без оглед на видот.

 Облеката прво се става во машина за хемиско чистење. Во принцип, оваа


машина е слична со машината за перење, но е многу поголема. Облеката
се движи во чист растворувач за хемиско чистење во кој се додадени
засилувачи.

4. Процес на влажно чистење


4.1. Општо за влажното чистење

 Процесот на влажно чистење е дефиниран како отстранување на слабо


растворливи материи од површината на текстилот со вода или со вода и
раствор на сурфактант (површински активна состојка).

 Се тврди дека влажното чистење чисти безбедно облека од волна, свила,


лен, вискоза, вклучувајќи и кожа, велур и др.

 Се разликуваат две фази во процесот на влажно чистење (перење):

 отстранување на нечистотии од површината на подлогата;


 секундарно стабилизирање на растворот за перење на дисперзираните
или растворени нечистотии (ова е потребно за да се спречи повторно
таложење на нечистотиите)

 Компоненти во процесот на перење се:

- вода;
- нечистотија;
- материјал;
- опрема за перење;
- детергент.

24
4.1.1. Вода
 Главната улога на водата е да служи како растворувач за детергентот и
за растворливите соединенија од нечистотијата. Покрај тоа, водата служи
како транспортен медиум за колоидни и дисперзирани честички.

 Процесот на перење почнува со влажнење на материјалот. Водата има


многу висок површински напон (72 mN/m).

 Влажнењето на голем број на материјали може да се врши само со


намалување на површинскиот напон до 30 mN/m. Ова се постигнува со
додавање на детергент.

 Тврдоста на водата, исто така, влијае врз процесот на перење. Јоните на


калциум и магнезиум се склони кон таложење како карбонати или како
нерастворливи соли на компонентите на детергентите. Овие талози може
да предизвикаат несакани ефекти врз материјалот што се пере, како и на
делови на машините (особено грејачите).

 На слика 3 е дадено влијанието на тврдоста на водата врз


отстранувањето на нечистотијата од волна.

c
a: Натриум алкилбензенсулфонат
(0,5 g/l),
Нечистотија, %

b: Натриум алкилбензенсулфонат
(0,5 g/l) + натриум сулфат (1,5 g/l),

a c: Натриум алкилбензенсулфонат
(0,5 g/l) + натриум трифосфат (1,5
g/l);

Тврдост на водата, ⁰d
Слика 3. Влијание на тврдоста на водата врз отстранувањето на
нечистотијата од волна на 30 °C

4.1.2. Нечистотија
 Присуството на траги од железо, манган и бакар во водата може да доведе
до катализирање на процесот на разградување на компонентите за
белење (белила) кои се додадени во детергентите. За да се спречат овие
ефекти на детергентите, се додаваат јонски изменувачи или сложени
агенси кои ги врзуваат овие јони за себе.

25
 Во табела 1 се дадени видовите на нечистотии врз текстилен материјал.
Нечистотии Честички Масти и Протеини Јаглехидрати Бои што се
растворливи масла избелуваат
во вода

Неоргански Метални Животински Крв Скроб Овошје и


соли оксиди масти сокови
Шеќери Карбонати Растителни Трева Зеленчук
масти и
масла
Уреа Силикати Секрет од Јајца Вино
лојните
жлезди
Пот Хумус Минерални Кератин Кафе
масла oд кожа
Саѓи Восоци Млеко Чај
Табела 1. Видови на нечистотии (дамки) врз текстилен материјал

 Дамките обично се составени од мешавина на горенаведените


материјали, како што се дамки од храна, од готвење и др.

 Отстранувањето на дамки е поддржано од механичко триење, времето на


перење и температурата.

 Најтешко се отстрануваат пигментите како саѓи, неоргански оксиди,


карбонати и силикати. Исто така, проблематични материјали
претставуваат мастите, повисоките јаглеводороди и природните бои.

 Отстранувањето на нечистотии може да се случи со хемиска реакција или


без хемиска промена. Во случај нечистотиите да се оксидациони
супстанции (природна боја на вино, сок или чај) во процесот на белење е
вклучен редок процес и доведува до хемиска промена.

 Покрај тоа, примената на ензими во детергентите (липаза, протеаза и


амилаза) предизвикува хемиски промени на нечистотиите. Способноста
на детергентот за отстранување на нечистотии од ткаенина зависи и од
самата ткаенина.

4.1.3. Материјал
 Текстилните влакна со висока содржина на калциум на површината
(памук) се однесуваат сосема поинаку од синтетичките влакна, со ниска
содржина на калциум.

26
 Покрај тоа, видот на материјалот влијае врз хидрофобноста/
хидрофилноста на текстилот, а со самото тоа и на влажнењето и
успешноста во отстранување на нечистотиите.
 На слика 4 е дадено влијанието на текстилните влакна врз
отстранувањето на нечистотијата.
Нечистотија, %

Детергенти:

а:
1 kg/m3 алкилбензенсулфонат
+ 2 kg/m3 натриум сулфат

b:
Полиакрилонитри

Полиестер
л
Пресуван памук

Полиамид
Памук

Полиестер/Памук

Полиолефин
2 kg/m3 натриум трифосфат

c:
1 kg/m3 алкилбензенсулфонат
+ 2 kg/m3 натриум трифосфат

Слика 4. Влијание на текстилните влакна врз отстранувањето на


нечистотијата

4.1.4. Опрема за перење


 Пред да се почне со перење на облеката прво се врши сортирање. Се
сортира облеката за да се минимизираат проблемите во текот на
перењето и колку што е можно поефикасно да се отстрани нечистотијата.
Се проверуваат џебовите, се затвораат патентите и се отстрануваат
копчињата. Исто така, се врши проверка за дамки, дупки или скинато и
поправка колку што е можно.

 Сортирањето се врши според:

- бојата;
- типот на облека;
- типот на нечистотија.

 Повеќето современи машини за перење на облека овозможуваат лесна


употреба со обезбедување на предодредени циклуси за перење со
различни програми за денешните текстили.

 Машините за перење на облека со вертикална оска се ефикасни во


чистењето ‒ користат значајни количини на вода и енергија.

27
 Машините за перење на облека со хоризонтална оска се со поголем
капацитет што се должи на недостаток на мешач ‒ користат помалку вода
и енергија.

 По перењето следува сушење на облеката со што се отстранува


растворувачот од текстилот. Препорачаните процедури за сушење обично
се наведени на етикетата.

 При употребата на машинско сушење постои опасност поради триење и


агитација.

 Постојат и други опции за сушење на облеката кои користат помалку


енергија, но повеќе работна рака и време. Такви се:

- сушење на облеката со висење во линија;


- сушење на рамно;
- сушење со пареа;
- сушење без вентилирање.

4.1.5. Детергент
 Додавањето на сапун или детергент во перењето ја отстранува
нечистотијата.

 Со додавање на сапун или синтетички детергент во растворувачот се


намалува површинскиот напон на растворувачот.

 Сапуните и детергентите овозможуваат побрзо навлажнување на


текстилите.

 Водата е најчест растворувач во перењето. Се користи во перење поради


тоа што е евтина, лесно достапна, нетоксична, не бара специјална
опрема. Тврдината, температурата и количината на вода влијаат врз
перењето.

 „Опашката“ на сапун или детергент молекула има афинитет за органски


нечистотии.

 „Главата“ на сапун или детергент молекула има афинитет за


растворувачот.

 Ги отстрануваат и ги суспендираат нечистотиите.

 Ги минимизираат ефектите од тврдата вода.

 Го менуваат површинскиот напон на водата и другите растворувачи.

 Синтетичките детергенти се мешавина на повеќе состојки.

28
 Рецептот за составот зависи од типот што е поврзан со нечистотијата,
условите на водата, прописите и законите.

 Да бидат нетоксични, без фосфати, биоразградливи, без парфеми и бои,


т.е. сè-во-едно.

 Сапуните се произведени од природни животински или растителни масла


или масти. Ефикасни се во отстранување на маслени или мрсни дамки.

 Адитиви за синтетички детергенти и сапуни се:

- сурфактанти;
- ензими;
- средства против избледнување;
- средства против повторно таложење;
- средства за флуоресцентно белење;
- белила;
- омекнувачи;
- средства за дезинфекција;
- скроб и др.

5. Mеханизам на перење
5.1. Интерфејсни феномени
 Интерфејсни феномени се процеси што се случуваат на границата на
две фази што не се мешаат. Една важна карактеристика на овој феномен
е површината помеѓу двете фази.

 Кога една фаза доволно ќе се иситни на мали парчиња и ќе дисперзира


во друга континуирана фаза се добива дисперзија.

 Во зависност од природата на дисперзираните честички и континуираната


фаза, разликуваме голем број на дисперзиони системи:

- чад (дисперзија на цврсти честички во гас);

- магла (дисперзија на капки од течност во гас);

- пена (дисперзија на меурчиња од гас во течност);

- емулзија (дисперзија на капки течност во течност);

- суспензија (дисперзија на цврсти честички во течност).

 Интерфејсните феномени не ги проучуваат само интеракциите помеѓу две


фази, туку и интеракциите до кои доаѓа помеѓу две набљудувани честички
кои се дисперзирани во континуираната фаза.

29
 Колку што е помала честичката којашто е дисперзирана, толку е поголема
нејзината површина и, како последица на тоа, доведува до интеракција со
другите честички.

 На пример, субмикронските честички може да имаат површина од неколку


квадратни метри по кубен сантиметар.

 На слика 5 се прикажани интеракции помеѓу две посматрани честички кои


се дисперзирани во континуирана фаза.

 На слика 5 (под а) прикажани се две дисперзирани честички кои меѓусебно


се привлекуваат со Вандервалсови сили и создаваат сендвич на
континуирана фаза меѓу нив.

 На слика 5 (под b) и c) прикажани се интеракции помеѓу две различни


цврсти материи и капка на масло во вода. Во овој случај нивната
интеракција зависи од интензитетот на кохезионите, односно адхезионите
сили меѓу нив.

 Покомплициран случај е прикажан на слика 5 (под d) кога дисперзираната


фаза содржи уште помали капки од другата дисперзирана фаза. Таквите
случаи се наречени повеќекратни емулзии. Примери за такви
повеќекратни емулзии се пастите за заби кои произведуваат пена за
време на употребата, каде што водата е континуирана фаза која содржи
меури како и честички од талк и масло.

воздух/масло/цврсто
честичка
течна
воздух/масло/цврсто
цврста материја

фаза 1
воздух
масло фаза 2
вода
фаза 3

Слика 5. Интеракции помеѓу две набљудувани честички кои се


дисперзирани во континуирана фаза

30
5.2. Сурфактанти или површински активни материи

 Сурфактанти или површински активни материи се молекули кои во себе


содржат поларен и неполарен дел (слика 6).

Неполарен дел Поларен дел

„опашка“ „глава“
хидрофобна хидрофилна
(не сака вода) (сака вода)
Слика 6. Молекула на сурфактант

 Овие молекули покажуваат две многу важни функции. Прво, покажуваат


тенденција да се лоцираат на границата на фазите меѓу неполарната и
поларната фаза. Исто така имаат тенденција на самоуредување при што
се формираат агрегациони полимери наречени мицели (слика 7).

„глава“
Вода
Неполарен дел Воздух хидрофилна
или
масло

Интеракција
Вода
Поларен дел Масло „опашка“
хидрофобна
Слика 7. Интеракција течно-течно и формирање на мицели

 Како што може да се види од слика 7, молекулата на сурфактантот се


ориентира така што нејзиниот поларен дел е потопен во вода додека
неполарниот дел на молекулата е во масло или во воздух. Овде треба да
се земе предвид тоа дека поларните интеракции обично се десет пати
посилни од неполарните и затоа треба само една поларна група, а
неполарниот дел од сурфактантот да биде многу поголем (десет или
повеќе јаглеродни атоми).

31
 На слика 8 е прикажана интеракцијата течно-цврсто во зависност од
односот на поларитет на двете фази.

(a) (b)
Неполарен дел Течност

Поларен дел
Течност

Неполарен дел
Поларен дел

Поларна цврста фаза Неполарна цврста фаза

Слика 8. Интеракција течно-цврсто во зависност од односот на поларитет


на двете фази

 Во случај на интеракција течно-цврсто можни се два случаи во


зависност од односот на поларитет на овие две фази.

 Во случај на поларна цврста фаза сурфактантот се адсорбира со главата


на цврстата фаза, додека неговата неполарна опашка останува во
течноста (а).

 Ако цврстата супстанција е помалку поларна од течната фаза, тогаш


сурфактантот се адсорбира со опашката на цврстата фаза, а главата
останува во течноста (b).

 Во контакт на цврста фаза и вода секогаш доаѓа до адсорпција на H⁺ и


OH‾ јони на површината на цврстата фаза. Релативната адсорпција
зависи од pH вредноста и концентрацијата на јонските видови во
растворот.

 Поради оваа причина цврстата фаза секогаш е со некое наелектризирање


во вода. Молекулата на сурфактантот по адсорпцијата на површината има
помала слободна енергија отколку кога е слободен во водена фаза. Затоа
рамнотежата е секогаш поместена кон адсорбираната состојба.
Површината на цврстата фаза се покрива со монослој на сурфактантот и
потоа овој слој дејствува како нова фаза.

 Растворливостa на сурфактантот во вода поради присуството на


неполарен дел е мала (на пр. Na – додецилбензен-сулфонат се раствора
0,04 mol/l).

 Со зголемување на концентрацијата на сурфактантот во воден раствор


доаѓа прво до негова акумулација на површината на течноста, а потоа до

32
акумулирање во течност. Со додавање на нови количини на сурфактант
доаѓа до интеракции помеѓу неговиот хидрофобен дел и молекулите на
водата. Во еден момент доаѓа до агрегација на молекулите на
сурфактантот во т.н. мицели кај кои хидрофобниот дел се трга од
водената средина.

 Концентрацијата на сурфактант на која се формира првата мицела се


нарекува критична мицеларна концентрација.

 Со зголемување на концентрацијата на сурфактантот, мицелите понатаму


се уредуваат и може да се формираат во облик на „цигари“ кои потоа
може да се пакуваат во форма на шестаголна структура.

 На уште повисоки концентрации резултира со формирање на ламеларни


структури (течни кристали).

 На слика 9 и на слика 10 се дадени формирањата на погоре спомнатите


форми на структура.

Сферични
мицели
Мономер

Ламеларни
течни
Мицели
кристали
во форма
на цигари
Слика 9. Формирање на мицели

Мицели
Сфера

Прачка

Шестаголно
спакувани
Градба, прачки
слоева структура

Слика 10. Разни структурни форми на мицели

33
5.3. Кохезија и адхезија
 Молекулите во еден систем се држат заедно преку Вандервалсовите сили.
Овие сили се од слаб интензитет и дејствуваат на кратко растојание.

 На слика 11 е прикажана интеракција на постојан дипол со постојан дипол.

Интеракција на постојан дипол со постојан дипол


Слика 11. Интеракција на постојан дипол со постојан дипол

 Привлечните сили меѓу молекули од ист вид се нарекуваат кохезиони


сили, додека привлечните сили меѓу молекули од различен вид се
нарекуваат адхезиони сили.

 На слика 12 се прикажани кохезиони и адхезиони сили.

КОХЕЗИЈА АДХЕЗИЈА

исти супстанции различни


супстанции

Слика 12. Кохезиони и адхезиони сили

5.4. Омекнувачи на вода

 Омекнувачите ја играат една од клучните улоги во процесот на перење,


што се рефлектира во омекнување на водата и олеснување на процесот
на перење. Нивната улога е да се отстранат јоните на калциум и
магнезиум од водата и нечистотијата.

34
 Омекнувачите главно се состојат од неколку видови материјали:

– алкални материи кои го таложат калциумот и магнезиумот;


– сложени агенси;
– јонски изменувачи.

 Алкалиите, како што се хидроксиди и карбонати, го подобрувале


перењето од древни времиња. Нивното влијание се огледа во фактот дека
кај влакна и нечистотии се зголемува негативниот полнеж на повисоки рН
вредности, а со тоа се фаворизира одбивноста помеѓу честичките.

 Вториот ефект се рефлектира во таложење на јоните кои се одговорни за


тврдоста на водата.

 На почетокот од 20 век главните состојки на детергентите, покрај сапунот,


биле натриум силикат и натриум карбонат кои сочинувале 50 % од
детергентот. Овие состојки во триесеттите години на 20 век се заменети
во голема мера со натриум фосфат.

 Таложењето на калциум и магнезиум со алкалии води кон создавање на


талог на деловите на машините и на текстилот што се пере.

 За разлика од ова сложените агенси градат растворливи комплекси кои


покрај земноалкалните метали ги отстрануваат и другите тешки метали
присутни во системот.

 Ако сложените агенси се присутни во недоволна концентрација може да


доведе до таложење на карбонати и нерастворливи соли на калциумот со
сложениот агенс. Во оваа прилика може да настанат остри кристали кои
може да предизвикаат оштетување за време на перењето.

 Штетното дејство на поливалентните метални катјони може да се прикрие


со примена на јонски изменувачи.

 На почетокот од развојот на детергентите идејата за воведување на


нерастворливи соединенија во детергентите не била разгледувана.
Причината била во тоа што тие не биле запознати доволно за
материјалите кои би врзале доволно калциум и би имале погодна
структура на честичките.

 Ова е променето со развојот на зеолити и почетокот на производство на


зеолит А регистриран под името сасил (натриум алуминиум силикат).

 Јонската размена во зеолити зависи од степенот на хидратација на


катјоните и големината на јоните. Покрај калциумот, зеолитите ги врзуваат
и сродните Pb, Cu, Ag, Cd, Zn и Hg јони. Покрај зеолити како јонски
изменувачи со помал процент се користат и поликарбоксилати.

35
 Брзината на јонска размена со зеолит е релативно бавна, така што при
перењето попрво би се создал нерастворлив карбонат отколку да дојде
до реакција на размена.

 Така, зеолитите често се комбинираат со сложениот агенс или


поликарбоксилат како коградител кој ги отстранува јоните на калциумот и
магнезиумот од површината или од водата и ги транспортира до зеолитот
каде што доаѓа до јонска размена.

 Иако зеолитите се нерастворливи во вода, тие не претставуваат еколошки


проблем на животната средина, бидејќи тестовите со водени организми и
растенија покажале дека тие немаат штетен ефект.

5.5. Белила

 Терминот белење во основа вклучува промени кои се насочени кон


посветла нијанса на боја. Физички тоа одговара на зголемувањето на
рефлексијата на видливата светлина.

 Ефектот на белење може да се постигне механички, хемиски или физички.

 Машинскиот/ физичкиот начин во процесот на перење вклучува


десорпција на нечистотии од влакната.

 Хемиското белење се користи за отстранување на обоени нечистотии кои


не може да се отстранат во процесот на перење и се базира врз
оксидација или редукција на хромофорни групи на обоени нечистотии.

 Во детергентите се користат исклучително оксидативни белила, бидејќи


ефектот на редуктивни белила може да го поништи дејството на
атмосферскиот кислород.

 Ефектот на белење зависи од повеќе фактори:

- од видот на белилото;
- неговиот оксидационен потенцијал и концентрација;
- времето на перење и плакнење;
- температурата на перење;
- видот на нечистотии.

 Нечистотии кои може да се избелат се:

- антоцијански бои (вишна, боровинка, рибизла);


- танински бои (кафе, чај и какао);
- зелена боја (хлорофил);
- црвени бетанини (цвекло);
- каротеноидни бои (моркови и домати) и други.

36
 На слика 13 се дадени структурните формули на антоцианин, бетанин и
каротин.

Антоцианин Бетанин

Каротин
Слика 13. Структурни формули на антоцианин, бетанин и каротин

 Механизмот на оксидативно белење е даден на слика 14.


 Во оксидативното белење денес се применуваат два методи: белење со
пероксид и белење со хипохлорит.

 Во Европа и во многу други региони доминантен е методот на белење со


пероксид.

натамошна
оксидација оксидација

е- е-
Белило, Белило,
оксидирана форма редуцирана
редукција форма
Слика 14. Механизам на оксидативно белење

 Во базна средина пероксидот дава водородпероксиден анјон (HO2-).

37
 Водородпероксидниот анјон ги оксидира и бојата и нечистотијата.

 Вообичаени извори на пероксид се неоргански пероксиди и


пероксохидрати. Еден од најчесто користените е натриум перборат
(натриум пероксоборат тетрахидрат). Во земјите со висока температура
се користи натриум перборат монохидрат за подобра стабилност при
чување.

 Перборат монохидратот поради поголемата содржина на кислород и


поголемата стабилност често се користи во компактните детергенти.

 Во земјите каде што борот е забранет за употреба од еколошки причини,


се употребува натриум перкарбонат кој е вистинскиот пероксохидрат
(Na2CO3 • ½ H2O2). Со цел да ја зачува својата стабилност во белење мора
да се користи како стабилизиран.

 Концентрацијата на водородпероксидниот јон се зголемува со pH и со


температурата. Ефектот на перборат е значително низок на температури
под 65 °C. Ефектот на белење е, исто така, поврзан со концентрацијата на
перборат.

 Белењето со хипохлорит е врз основа на реакцијата на хипохлоритниот


јон.

 За белење со хипохлорит се употребува натриум хипохлорит (варикина)


кој се додава или во процесот на перење или при испирањето. Хлорот е
многу поефикасно средство од перборатот, особено на пониски
температури.

21 ⁰С 38 ⁰C 54 ⁰C Просек од сите
Вкупно отстранети обојувања, %

температури

pH вредност
Слика 15. Ефект на белење во зависност од видот на белилото, pH
вредноста и температурата на перење

38
□ Хипохлорит (200 ppm активен хлор) + 0,15% детергент;  Перборат белило (28
ppm активен кислород) со ензими протеаза + 0,15% детергент;  0,15% само
детергент.

 На слика 15 е даден ефектот на белење во зависност од видот на


белилото, pH вредноста и температурата на перење.

 Со додавање на активатори може да се постигне задоволително белење


со перборат и на температури ≤ 60 °C. Главно се користат ацилирани
агенси кои се вградуваат во детергентите.

 На pH вредност од 9 до 12, овие активатори реагираат со водороден


пероксид давајќи органски перкиселини (слика 16). Добиените
меѓупроизводи покажуваат ефикасни особини на белење на пониски
температури.

TAED –тетра ацетил-


етилендиамин

TAED (активатор)

H2O2 од перхидролизи
Na-перборат
Диацетил-етилендиамин

Пероцетна киселина

Слика 16. Добивање на пероцетна киселина ‒ средство за белење на


пониски температури

 На слика 17 е даден ефектот на белење во зависност од видот на


белилото (перборат или перборат/ТАЕД) и температурата на перење.

39
Перборат/TAED

Перборат
Белење, %

Перборат/TAED

Перборат

Активен кислород, ppm

Слика 17. Ефект на белење во зависност од видот на белилото (перборат


или перборат/ТАЕД) и температурата на перење

5.6. Адитиви во детергентите

 Сурфактантите, омекнувачите и белилата се квантитативно најважните


состојки на детергентите.

 Покрај овие компоненти во составот на детергентите влегуваат и многу


други адитиви.

 Во 1959 година со воведувањето на ензимот протеаза (изолирана од


Bacillus subtilis) во детергентите во Швајцарија започнува примената на
ензими во детергентите. Протеазите ги хидролизираат протеините во
нечистотиите кои доаѓаат од храна (млеко, чоколадо, трева итн.).

 Во 1973 година како резултат на процесот на развој на индустриското


производство на амилаза (ензим кој ја хидролизира -1,4 гликозидната
врска) почнува нејзината примена во детергентите.

 Во 1988 година се воведува и ензимот липаза (ги хидролизира


триглицеридите). Овој ензим е воведен само во детергентите со
највисок квалитет.

 Целулази се ензими кои ја деградираат структурата на оштетените


целулозни влакна кои се јавуваат особено во памучни ткаенини по
повеќекратно перење.

 Ова нивно дејство доведува до мазна површина на материјалот.

40
 Покрај тоа, целулазите спречуваат дополнително таложење на
нечистотија на памукот. Поради овие причини, целулазите се додаваат
во детергенти за посебна намена за обоени и осетливи ткаенини.

 Сите ензими кои се користат во детергентите мора да исполнат


одредени услови:

- оптимална активност на алкални pH вредности;


- ефикасност при ниски температури од 20-40 °C;
- стабилност на перење на температура над 60 °C;
- стабилност во присуство на другите состојки на детергентите
(сурфактанти, омекнувачи и белила);
- ниска специфичност кон нечистотиите, т.е. да се способни да ги
распаѓаат различните протеини, липиди и јаглехидрати присутни во
нечистотиите.

 На слика 18 е прикажана релативната активност на ензимот протеаза


како функција од температурата и pH вредноста
Релативна активност, %

Релативна активност, %

a b

Температура, оС pH вредност
Слика 18. Релативна активност на ензимот протеаза како функција од
температурата (а) и pH вредноста (b)

 Нечистотиите отстранети под влијанието на детергентите фино се


дисперзираат во растворот.

 Ако нема доволно детергент, може да доведе до повторно таложење на


нечистотијата. Ова повторно таложење се спречува со додавање на некои
агенси, како на пример карбокси-метилцелулоза. Овој реагенс е
ефикасен во случај на текстил врз база на целулозни влакна.

 За други синтетички пластични влакна се додаваат агенси врз база на


етер на целулоза. Овие соединенија го опкружуваат материјалот и
нечистотијата.

41
 Во Европа, главно се застапени машини за перење на алишта со барабан
во хоризонтална оска.

 Кај овие машини услов е да се контролира создадената пена во процесот


на перење. На повисоки температури може да дојде до пенење и
ослободување на активните состојки заедно со пената од машината.

 Покрај тоа, голема количина на пена може да доведе до намалување на


механичкото дејство при перењето. Од друга страна, поради субјективни
чувства на потрошувачите мора да се обезбеди пена. Поради оваа
причина, се додаваат регулатори на пената. Алкохолсулфатите,
алкохолетерсулфатите и алкилполигликозидите формираат стабилна
пена, додека алкилсулфонатите формираат нестабилна пена и ретко
предизвикуваат проблеми.

 Како регулатори на пена биле користени сапуни на масни киселини C12 -


C22.

 Овие сапуни реагираат со присутниот калциум градејќи нерастворливо


соединение кое формира дисперзија во хидрофобна фаза. Со оглед на
тоа дека е потребно присуство на калциум во водата за ефикасно
функционирање на регулаторот, овие регулатори бараат внимателно
балансирање на омекнувачот и тоа особено на сложените агенси
(нитрилотриоцетната киселина го спречува формирањето на калциум
сапуни).

 Денес, особено во Европа, најмногу се користи системот на силициум


диоксид/ силиконско масло (диметилполисилоксани). Соединението
(силиконско масло) се произведува во прашеста форма и се додава во
количини од 0,1 до 0,4 %.

 Добро испрана и белена облека дури и кога е чиста има жолтеникава


нијанса. Ова се случува како резултат на делумна адсорпција на сина
светлина што резултира со рефлексија на светлина што не содржи сина
боја.

 Овој ефект може да се избегне со додавање на флуоресцентни оптички


белила. Овие соединенија претвораат дел од невидливата светлина во
УВ областа во видлива сина светлина со поголеми бранови должини. На
овој начин се компензира претходниот ефект и се добива ефект на побела
и посветла облека.

 Примената на овие агенси во течноста за перење, всушност, е процес на


боење. Кај памукот резултира со формирање на водородни врски меѓу
памукот и флуоресцентните бои, додека кај полиамидот и полиестерот
доведува до дифузија на агенсите помеѓу влакната на површината на
материјалот.

 Денес, повеќето детергенти содржат флуоресцентни белила. Но, бидејќи


тие може да предизвикаат ефект на промена на бојата кај обоените

42
облеки, се произведуваат и специјални детергенти за волна и обоена
облека кои не содржат оптички белила.

 Покрај овие адитиви се додаваат инхибитори на трансфер на боја (поли


N-винил пиролидон и поли винилпиридин N-оксид). Овие инхибитори
формираат стабилни комплекси со боите кои доаѓаат од материјалот и
спречуваат нивно пренесување од еден материјал на друг. Со ова се
спречува боењето на алиштата.

 Во количина помала од 1 % од детергентите се додаваат парфеми кои се


собично сложена мешавина од мирисливи материи.

 За подобрување на особините на детергентите (флуидност, леснотија на


плакнење и подобрување на растворливоста, да се намали прашливоста
и да се спречи згрутчувањето во услови на висока влажност) ним им се
додаваат полнители. Како полнители најчесто се додаваат неоргански
соли и тоа претежно натриум сулфат во износ од 5 до 10 %.

 Во последниве дваесетина години почнува воведување на компактни


детергенти. За разлика од конвенционалните детергенти, овие
детергенти имаат поголема густина (0,75 kg/dm3 во споредба со 0,5-0,65
kg/dm3).

 Покрај тоа, овие детергенти се разликуваат и според составот. Како по


правило, компактните детергенти имаат поголема содржина на
сурфактанти и не содржат полнители.

 Компактните детергенти се добиваат во постапки на дензификација


(зголемување на густината). Постапките на дензификација се врз база на
обработка на честичките на детергентот по механички пат (полирање на
честичките) до просечни честички во опсег од 0,2-0,8 mm.

6. Отстранување на дамки од текстил


6.1. Дејство на хемикалии

 Како што ќе видиме, за отстранување на дамки од текстил се користат


многу различни методи. Пред да преминеме на овие методи, добро е да
го видиме внимателно дејството на различни хемикалии кога ќе дојдат во
контакт со ткаенини.

 Првата група на хемикалии што ќе се разгледа се киселините. Постојат


две класи на киселини ‒ неоргански и органски.

43
 Првата група вклучува киселини како сулфурна (H2SO4), солна (HCl) и
азотна (HNO3). Втората група вклучува киселини како мравја (HCOOH),
оцетна (CH3COOH), винска (CHOH-COOH)2 и оксална (COOH)2.

 Јаките киселини може целосно да ги уништат повеќето влакна, па затоа


тие не треба да се користат со сета јакост на текстилните материјали.

 Под соодветни услови може да се користат разредените неоргански


киселини. Органските киселини се многу поблаги во нивното дејство и
генерално се користат каде што е потребен третман со киселина.

6.2. Киселини и бази


 Животинските влакна се поотпорни на дејството на киселините од
растителните влакна и вискозата.

 Разредена неорганска киселина може да се суши на волна на висока


температура без никакви штетни ефекти.

 Азотна киселина не се користи многу на животинските влакна поради тоа


што дамките потоа пожолтуваат.

 Хлороводородна киселина или сулфурна киселина може да се користат


на волна без штета ако се во разредена форма и доколку правилно се
постапува.

 Бидејќи органските киселини се поблаги од неорганските киселини,


органските киселини се користат во голем дел на животинските влакна.

 Растителните влакна и вискозата лесно се уништуваат од страна на


неоргански киселини. Дури и разредени раствори може да предизвикаат
оштетување.

 При сушење, киселината постепено станува сè повеќе концентрирана


поради испарувањето на водата, и конечно, киселината станува доволно
јака за да се распаднат растителните влакна од неа.

 Органските киселини, од друга страна, може да се користат на растителни


влакна дури и во мошне јака концентрација без да доведат до какви било
штетни активности.

 Сепак, неиспарливите органски киселини, како што е, на пример,


оксалната киселина, ќе предизвикаат оштетување ако се остави да се
исушат на растителните влакна на високи температури.

 Кога се користат киселини треба да се исплакне материјалот, потоа да се


неутрализира и повторно се плакне уште три или четири пати. Киселините
се неутрализираат со употреба на бази.

44
 Реакцијата на базите на животинските влакна е токму спротивна од
реакцијата на киселините.

 Натриум хидроксидот е силна база и не треба да се користи ни во


разредени концентрации на животинските влакна.

 Други поблаги бази се амониум хидроксид, натриум карбонат, тринатриум


фосфат и некои сапуни.

 Ако растителните влакна се варат во базни раствори, материјалот мора


да се чува под површината на течноста, бидејќи базниот раствор и
кислородот од воздухот предизвикуваат оштетување на влакната.

6.3. Средства за белење и растворувачи

 Средства за белење се хемиски соединенија кои ја уништуваат бојата и


ги оставаат материјалите бели. Важни хемикалии за белење се натриум
хипохлорит, водороден пероксид, натриум перборат и калиум
перманганат.

 Сите освен првиот може да се користат за животински влакна. Други


влакна може да бидат третирани со кои било од овие белила.

 Натриум хипохлоритот ќе ги претвори животинските влакна во жолто, и


ако е доволно концентриран и се користи доволно долго време, тоа,
всушност, ќе ги уништи овие влакна.

 Органските растворувачи се многу важна група на хемикалии кои се


користат на лице место за отстранување на дамки.

 Пред да се користи растворувач, потребно е да се утврди неговата


активност на влакната.

 Водата е универзален растворувач кој се користи најмногу на текстилите.

 Растителните влакна стануваат појаки кога се водени, а животинските


влакна и повеќето вештачки влакна стануваат послаби, но нивната
оригинална јакост се враќа по сушењето.

 Ако вискозните влакна се третираат во вода што врие, нивниот сјај ќе биде
намален.

 Ацетатните влакна, ако се третираат во жешки базни раствори, стануваат


сапонифицирани, т.е. тие се менуваат од целулозен ацетат до
регенерирана целулоза. Оваа промена доведува до промена на
хемиските својства и на својствата на боење, како и до губење на
тежината на влакното.

45
6.4. Односи меѓу влакна и хемикалии

 Поради суштинското значење на односите меѓу влакната и хемикалиите,


накратко ќе ги повториме во резиме:

- Животинските влакна издржуваат дејство на разредени неоргански


киселини, но се разградуваат дури и со разредена база;
- Растителните влакна ќе издржат базен третман, но не и третман со
киселина; органските киселини, кои се поблаги, треба да се користат
секогаш кога е можно;
- Сите вообичаени средства за белење може да се користат на
растителните влакна, но хлорни белила не може да се применат на
животинските влакна;
- Одредени органски растворувачи, како ацетон, ги раствораат
ацетатните влакна, но тие нема да имаат ефект врз вискозните или
природните влакна;
- Водата ги слабее животинските и вискозните влакна, но таа ќе им
додаде јакост на растителните влакна;
- Мравјата киселина целосно го раствора најлонот, но нема ефект врз
некои други влакна.

6.5. Принципи на отстранување на дамки од


текстил
 Дамка на некој текстилен материјал се создава од присуството или
дејството на некоја туѓа материја на материјалот. На пример, маста
предизвикува дамка од своето присуство. Ако маста на материјалот е
растворлива, постои можност да се отстрани.

 Киселината предизвикува хемиска реакција која може да го промени


изгледот на материјалот. Киселите дамки може да бидат тешки за да се
отстранат, бидејќи се под хемиско влијание на влакната или бојата на
влакното.

 Дамките треба да се отстранат што е можно поскоро. Колку подолго ќе се


дозволи да останат на материјалот, толку потешко ќе биде да се
отстранат, бидејќи хемиската реакција ќе продолжи сè додека влакната
целосно не се уништат.

 Постојат три главни видови на материјали што се користат во


отстранувањето на дамките:

- Апсорбенти;
- Растворувачи;
- белила.

 Апсорбентите кои може да се користат за отстранување на дамки


вклучуваат хартија за бришење, креда во прав, креда, глина, магнезиум

46
оксид, гипс, скроб, стопен лој, пченкарно брашно, трици и сл.
Апсорбентите може најдобро да се користат на свежи дамки што се сè
уште влажни. Жешка маст, свежи дамки од мастило, дамки од кафе или
од чај може да се третираат на овој начин, само не да се отстранат
целосно туку да се отстрани голем дел од материјалот на дамката и да се
спречи таа да се шири понатаму. Апсорбентите се особено важни за
употреба на претходен третман од некој друг метод.

 Растворувачите ги раствораат супстанциите на дамките, а формираните


раствори се отстрануваат од материјалот.
 Растворувачи што може да се користат се вода, топла или ладна, алкохол,
бензин, керозин, терпентин и хлороформ. Отстранувањето на обична
нечистотија со помош на миење со вода е најчест пример на овој метод.
 Студената вода ќе отстрани дамки од млеко и павлака, дамки од шеќер,
слатки и какао.
 Топла вода може да се користи за отстранување на дамки од свежо кафе.
 Бензинот и керозинот се корисни растворувачи за масла, нафта, восок и
боја. Бензинот е веројатно најдобар за употреба со волнени ткаенини и
свила, но не и со памук.
 Алкохолот е растворувач за дамки од трева, лак и боја, како и за неколку
други супстанции. Неговата голема вредност е зголемена од фактот дека
нема да им наштети на деликатните ткаенини. Исто така, е одличен
растворувач за медицински дамки.
 Терпентинот е универзален растворувач за бои, лакови, смоли, масла,
гума и слично. Тој е, исто така, хемиски растворувач за јод, сулфур и
фосфор.
 Хлороформот е најдобар од растворувачите, но е исто така од
најскапите. Тој дејствува силно врз маснотии, восок, камфор, гума, јод и
многу други видови дамки. Ниту еден друг растворувач не е толку добар
за употреба на фино обоени текстили. Кога се чини дека боите се
избледени, хлороформот е најпозната материја за нивно заживување.
 Маста е најчесто средство за дамки, но во некои случаи може да се
користи како растворувач за други материи. Катран и смола може да се
отстранат со употреба на сало, како и дамки од трева ако се премногу
свежи. По отстранувањето на дамката, маста се отстранува со некој
растворувач на маст, како што се бензин, топла вода и сапун.

 Белилата се хемикалии кои ја менуваат бојата на супстанците во бела


боја. Да се внимава кога се користат белила на обоени материјали.

 Ако нема друг успешен начин за отстранување, дамката мора да се


отстрани со белење. Постојат неколку методи за белење на супстанции,
во голема мера различни во ефикасноста. Практично ниту една од нив не
може да се употреби за обоена стока без загрозување на боите во
ткаенината. Некои од нив самите се деструктивни за ткаенините и мора
да се користат многу внимателно.

47
 Пред да се пристапи кон третман на дамката, треба да се знае каква дамка
е затоа што третманот зависи од природата на дамката. Така, на пример,
за кисела дамка треба да се употреби базна супстанција која ќе ја
неутрализира киселата дамка, но истиот третман на дамка од железо
може да ја направи дамката поизразена.

 Во идентификацијата на дамките потребно е да се разгледаат повеќе


елементи како изгледот, мирисот, бојата и занимањето на сопственикот
на валканиот материјал.

 На пример:

- Ликер, парфем и лекови имаат карактеристичен мирис.


- Јод и кармин имаат различна боја.
- Кал и пот обично се појавуваат само на одредени делови од облеката.

 По одредување на природата на дамката, мора да се утврди кои влакна


се присутни.

 Ефектот на отстранување на дамка се тестира на некој невидлив дел од


материјалот. Ова ќе покаже дали бојата на материјалот ќе се промени со
отстранување на дамката.

7. Практични вежби во отстранување на дамки

7.1. Вежба – 1

 За практична вежба - 1, со растворувач:

Третман:

- Парче бела ткаенина со дамка од маст;


- Дамката отстранете ја на самото место со некој растворувач за маст;
- Исто така, и дамки од друг вид се третираат со соодветни
растворувачи;
- Треба да се има предвид видот на влакна во материјалот: животински,
растителни, вештачки или мешавина.

48
7.2. Вежба - 2

 За практична вежба - 2, со хемиски метод:

Третман:

- Парче бела ткаенина со дамка од јод;


- Се третира ткаенината со натриум-тиосулфат, Na2S2O3·5H2O,
растворен со вода и се забележуваат промените.

7.3. Вежба – 3

 За практична вежба - 3, со апсорбент:

Третман 1:

- Парче бела ткаенина со дамка од масло;


- Се посипува дамката со дијатомејска земја, француска креда или со
некој друг апсорбент;
- Апсорбентот дејствува врз валканата област (дамката);
- Се четка апсорбентот, а операцијата се повторува.

Третман 2:
- Се посипува дамката со еден слој на скробно брашно, со дебелина од
неколку милиметри и се трие врз ткаенината;
- По половина час се тресе и се четка;
- Ефектот ќе биде неверојатен.

7.4. Вежба – 4

 За практична вежба - 4, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

- Сите супстанции што треба да се отстранат имаат непријатен начин на


доаѓање на текстилот. Тие треба веднаш да бидат отстранети.

49
 ДАМКИ ОД КИСЕЛИНИ
Третман:

- Со сунѓер со обична вода;


- Со сунѓер со разреден амонијак;
- Потоа уште еднаш со сунѓер со обична вода.

 ДАМКИ ОД БАЗИ
Третман:

- Исто како за кисел третман, освен тоа што неутрализацијата е направена


со разредена оцетна киселина наместо со амонијак;
- Ако не може со оцетна киселина, да се направи обид со сок од лимон или
со оцет.

 ДАМКИ ОД КРВ
Третман 1:

- Прво се чисти со ладна вода, бидејќи при допир со топла вода


белковините ќе се згрутчат;
- Се чисти со раствор од топла сапуница кој содржи перборат;
- Се посипува прашина перборат на дамката и се остава да стои.

Третман 2:

- Се чисти со ладна вода;


- Се влажни со пероксид;
- Се посипува перборат на дамката и се остава да стои.
 За практичните вежби се потребни следниве материјали: киселина, база,
крв, гума за џвакање, разни ткаенини, лакмусова хартија, раствор на
амонијак, оцетна киселина, бело памучно платно, пероксид, перборат,
сапун, керозин, мраз и др.

50
7.5. Вежба – 5

 За практична вежба - 5, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД ЧОКОЛАДО, ДАМКИ ОД КАКАО


Третман 1:

- Со сунѓер со раствор од сапун;


- Со сунѓер со вода до ослободување од сапунoт;
- Со белило;
- Со сунѓер со вода.

Третман 2:

- Се влажни со вода;
- Се чисти со 20 % оцетна киселина;
- Со сунѓер со вода;
- Се третира со амонијак и со течен сапун;
- Со сунѓер со вода;
- Со белило ако е неопходно;
- Со сунѓер со вода.

 ДАМКИ ОД КАФЕ
Третман 1:

- Со сунѓер со карбона за отстранување на масти;


- Со сунѓер со вода за отстранување на шеќери;
- Со жежок глицерин на дамката;
- Се остава да отстои 15 минути;
- Со сунѓер со вода;
- Се употребува алкохол што содржи 10 % глацијална оцетна киселина;
- Со сунѓер со вода;
- Со белило ако е неопходно;
- Со сунѓер со вода.

51
Третман 2:

- Со сунѓер со карбона за отстранување на масти;


- Со сунѓер со вода за отстранување на шеќери;
- Се посипува со прашок од перборат;
- Се држи местото влажно со пероксид додека обеле;
- Со сунѓер со вода.

7.6. Вежба – 6

 За практична вежба - 6, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД КРЕМ
Третман 1:

- Со сунѓер со растворен сапун и потоа со сунѓер со вода.

Третман 2:

- Со сунѓер со карбона и потоа со сунѓер со вода.

 ДАМКИ ОД БОЈА
Третман 1: (За животински, ацетатни и синтетички влакна)

- Со сунѓер со ладен растворен сапун и потоа со сунѓер со вода.

Третман 2: (За растителни и вискозни влакна)

- Со сунѓер со разредена оцетна киселина а потоа со сунѓер со вода.

Третман 3:

- Во зависност од влакната се третира исто како третман 1 и 2 (соодветно).


- Се бели со соодветна хемикалија и на крај се третира со сунѓер.

 За практичните вежби се потребни следниве материјали: карбона,


пероксид, перборат, хипохлорит, перманганат, бисулфит, сапунски
раствор, оцетна киселина, раствор на амонијак, глицерин, алкохол и др.

52
 ДАМКИ ОД ОВОШЈЕ
Третман 1:

- Се чисти со топол глицерин на дамката;


- Со сунѓер со вода;
- Се применува алкохол што содржи 10 % глацијална оцетна киселина;
- Со сунѓер со вода;
- Со белило ако е неопходно;
- Со сунѓер со вода.

Третман 2:

- Со сунѓер со вода;
- Со сунѓер со раствор на амонијак и потоа со сунѓер со вода.

 ДАМКИ ОД ЈАГОДА
Третман:

- Многу тешко се отстрануваат. Сега постојат некои специјални средства,


но може да се користи и смеса од боракс и течен нишадор (амониум
хлорид).

 ДАМКИ ОД БОРОВНИЦА
Третман:

- Овие дамки исчезнуваат ако се истријат со лимон или со кисело млеко.

7.7. Вежба - 7

 За практична вежба - 7, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД УНИВЕРЗАЛЕН ЛЕПАК


Третман:

- Дамките од универзален лепак се многу незгодни, бидејќи лепакот


најчесто продира длабоко во волнените облеки;
- Дамките прво треба внимателно да се натопат со ацетон, а потоа
внимателно да се исперат со некое сапунско средство.

53
 ДАМКИ ОД ПИВО
Третман:

- Дамки од пиво се отстрануваат со смеса од алкохол и вода.

 ДАМКИ ОД ЈАЈЦА
Третман:

- Дамките од јајца се оставаат добро да се исушат, а потоа лесно се


гребат или четкаат;
- На крај се тријат со средство за отстранување на дамки или со бензин.

 ДАМКИ ОД ТРЕВА
Третман:

- Дамките од трева се отстрануваат при нормално перење со некој од


вообичаените детергенти.

7.8. Вежба - 8

 За практична вежба - 8, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД ВОСОК
Третман:

- Дамки од восок на текстил се отстрануваат прво со стругање, па пеглање


на ткаенината и најпосле со перење во машина.

 ДАМКИ ОД ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ


Третман:

- Мали парчиња облека може да се стават во замрзнувач, а ако се работи


за поголеми парчиња на облека, теписи или тапациран мебел, на дамките
се ставаат коцки мраз. Гумата за џвакање поради ниската температура ќе
се стврдне и потоа многу лесно ќе се отстрани.

54
 ДАМКИ ОД КОЊАК НА СВИЛА
Третман:

- Се натопува дамката со алкохол, се притиснува ткаенината и дамката


треба набрзо да исчезне.

7.9. Вежба - 9

- За практична вежба - 9, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД КАРМИНИ ЗА УСТА


Третман:

- Се натопува дамката со алкохол и добро се трие или се потопува во


глицерин и се пере со алкохол.

 ДАМКИ ОД МЛЕКО
Третман:

- Во принцип треба да се исперат во ладна вода.

 ДАМКИ ОД ЛАК ЗА НОКТИ


Третман:

- Се натопува дамката со ацетон кој сигурно ќе помогне. Облеката од свила


подобро е да се однесе на хемиско чистење.

7.10. Вежба – 10

 За практична вежба - 10, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД ОВОШЈЕ НА РАЦЕТЕ


Третман:

- Во деновите кога се спрема зимница, рацете треба често да се мачкаат со


крем за да се спречи бојата да навлезе предлабоко во кожата;
- Нечистите раце може да се исчистат со сок од лимон, разблажен раствор
на варикина или хидроген.

55
 ДАМКИ ОД ОВОШЈЕ НА ОБЛЕКАТА
Третман:

- Колку што е можно побрзо дамките да се прелијат со топла вода, или да


се навлажни местото со хидроген и брзо да се испере.

 ДАМКИ ОД ПАРФЕМ
Третман:

- Да се направи обид да се отстранат со разблажен течен нишадор.

 ДАМКИ ОД ЦРНО ВИНО


Третман:

- Старо домашно средство за отстранување на дамки од вино е солта;


- Уште поефикасен метод е ако врз дамката се истури малку бело вино,
потоа да се исуши и најпосле тоа да се покрие со сол.

7.11. Вежба – 11

 За практична вежба - 11, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ЧАД НА ТЕПИХ
Третман:

- Ако имате камин, добро би било да знаете дека дамки од чад може да се
отстранат ако тепихот се истрие со сол. Дури на крајот, по чистењето со
правосмукалка, се пере тепихот со шампон за теписи.

 ДАМКИ ОД ЧОКОЛАДА
Третман:

- Се пере со ладна вода, или прво се остава да се исуши, па да се исчетка


и на крај да се исчисти со бензин.

56
 ДАМКИ ОД КРЕМ ЗА ЧЕВЛИ
Третман:

- Се натопува со терпентин, па се пере со сапуница или со бензин.

 ЖОЛТИ ДАМКИ ОД ПЕГЛАЊЕ


Третман:

- Се пере нечистото парче облека, па се изнесува на сонце да се исуши,


или се трие со разблажен оцет, па се остава да се исуши, па дури потоа
повторно се пегла.

7.12. Вежба – 12

 За практична вежба - 12, со отстранување на различни дамки на


индивидуален начин:

 ДАМКИ ОД МОТОРНО МАСЛО


Третман:

- Се натопува со путер, а потоа се пере или се отстранува со бензин.

 ДАМКИ ОД КАФЕ ИЛИ ОД ЧАЈ


Третман:

- Дамките на филџаните ќе исчезнат ако се премачкаат со корупка од лимон


посипана со сода бикарбона.

 ДАМКИ ОД ’РЃА
Третман:

- Ако некаде на облеката се појават дамки од ’рѓа, може да се направи обид


да се отстранат со оцет (пожелно е да биде разреден). Потоа дамките да
се посипат со пепел од цигари и така да постојат некое време, а потоа да
се исперат при што се прави и триење со четка.

57
Литература

1. Bockelmann, E. (1996). Stanje mokrog čišćenja u Njemačkoj. Tekstil, 45(12),


668-670.
2. Finch, K. & Putnam, G. (1985). The Care & Preservation of Textiles. London:
B.T. Batsford Ltd.
3. Gaetano Lo Passo. (2007). What is wet cleaning. Detergo, 5, 28-37.
4. Landi, Sheila. (1998). The Textile Conservator’s Manual. Woburn, MA:
Butterworth-Heinemann.
5. Манговска, Б. (2003). Познавање и нега на облеката. Скопје: Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“, Технолошко-металуршки факултет.
6. Miller, E. (1968). Textiles: Properties and Behaviour. New York: Theatre Arts
Books.
7. Pušić, T. i sur. (2008). Mokro čišćenje-dosadašnja iskustva. Tekstil, 57(1-2),
40-48.
8. Soljačić, I., Pušić, T. (2004). Čišćenje u vodi-mokro čišćenje. Tekstil, 53(8),
392-398.
9. Soljačić, I., Pušić, T. (2005). Njega tekstila – Čišćenje u vodenim medijima.
Zagreb: Sveučilište u Zagrebu, Tekstilno-tehnološki fakultet.

58
Автор:
Доц. д-р Киро Мојсов

ПРАКТИКУМ ПО НЕГА НА ТЕКСТИЛ

Лектор:
Даниела Такева

Техничко уредување:
Доц. д-р Киро Мојсов

59

You might also like