You are on page 1of 125

Сања Атанасовски, дипл. инг.

технолог

МАТЕРИЈАЛИ ВО
КОЗМЕТИКАТА
ЗА I ГОДИНА

СЕКТОР/СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ

КВАЛИФИКАЦИЈА/ ТЕХНИЧАР ЗА КОЗМЕТИЧКА


ОБРАЗОВЕН ПРОФИЛ НЕГА И УБАВИНА

Скопје, 2021
Стручна редакција: М-р Неше Салих Графичко и
техничко уредување: Арбериа Десигн - Тетово
(Куштрим Арифи)
Арбериа Десигн - Тетово

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

687.5(075.3)

АТАНАСОВСКИ, Сања
Материјали во козметиката за I година : Електронски извор : сектор/струка
лични услуги : квалификација/образовен профил техничар за козметичка нега
и убавина / Сања Атанасовски. - Текст во ПДФ формат, содржи 124 стр., илустр.
- Скопје : Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија,
2021
Начин на пристапување (URL): https://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/.
- Наслов преземен од екран. - Опис на изворот на ден 21.09.2021.
- Речник на непознати зборови: стр. 118-120. - Библиографија: стр. 121-122

ISBN 978-608-273-002-8

COBISS.MK-ID 54996229
ПРЕДГОВОР

Оваа учебна година учениците ќе се запознаат со нов наставен предмет


„Материјали во козметиката“. Предметот е застапен со 2 часа неделно или 72
часа годишно и претставува основа за стекнување на знаења од областа на
примената на суровините за изработка на козметички производи.
Учебникот е наменет на учениците од прва година во средното стручно
образование за секторот лични услуги, квалификација техничар за козметичка
нега и убавина. Подготвен е во согласност со наставната програма за
реформирано модуларно четиригодишно средно стручно образование.
Бидејќи секојдневно на пазарот се јавуваат сѐ поголем број нови козметички
производи, како резултат на забрзаниот развој на хемиската, козметичката и
фармацевтската индустрија, учениците од овој профил треба да се оспособат да
ги следат овие промени. Досегашните стекнати знаења и искуства од Хемија во
основното училиште уште повеќе ќе ги продлабочат и збогатат.
Во него има многу интересни содржини од секојдневниот живот.
Материјалот е систематизиран и изложен во модуларни единици (целини) во кои
се обработуваат содржини од областа на: запознавање со козметичките
производи и суровини, нивната безбедност, неoрганските соединенија како
козметички суровини, органските соединенија како козметички суровини,
растителните и животинските масти, масла и восоци, етеричните масла и
биолошко активните материи, како суровини од природно потекло во состав на
козметичките производи.
Некои од содржините во учебникот учениците сами ќе ги откриваат и
истражуваат. Во тоа истражување ќе ги води наставникот и ќе ги насочува,
поддржува и помага во совладувањето на новите содржини.
За успешно совладување на материјалот потребна е упорност, самостојна
работа, анализирање, дискусија, истражување, прашување, донесување
заклучоци и креативност.

Голема благодарност до моето семејство и сите оние кои ме поддржаа со


своите сугестии, предлози, критики и забелешки и придонесоа за подобрување на
квалитетот на овој учебник.
Секоја дополнителна, добронамерна забелешка што ќе се појави во текот
на употребата на учебникот, доколку е прифатлива, ќе помогне во неговото
дооформување при евентуалното ново издание.

Ви посакувам многу успех во совладувањето на новите наставни содржини!

Со почит, Сања Атанасовски


СОДРЖИНА:

I КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 7

1.1 ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ 9


1.2 ПОИМ ЗА КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ И
КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ 10
1.3 ПОДЕЛБА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 11
1.4 НОМЕНКЛАТУРА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ
И INCI ИМИЊА 13
1.5 КЛАСИФИКАЦИЈА НА СУРОВИНИТЕ ВО СОСТАВ НА
КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 16
1.6 МЕЃУНАРОДНИ И НАЦИОНАЛНИ ПРОПИСИ ЗА
КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ
СУРОВИНИ И ПРОИЗВОДИ 19
1.7 ПОИМ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ 21

II НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 25

2.1 ПРОЧИСТЕНА ВОДА КАКО КОЗМЕТИЧКА СУРОВИНА 27


2.2 СИЛИЦИУМОВИ СОЕДИНЕНИЈА ВО КОЗМЕТИКАТА 30
2.3 СИЛИКОНСКИ МАСЛА 31
2.4 ЗЕМЈЕНИ БОИ 32
2.5 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА НА НАТРИУМ, КАЛИУМ,
КАЛЦИУМ, МАГНЕЗИУМ ВО КОЗМЕТИКАТА 34
2.6 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА НА БАРИУМ, ЦИНК И
ЖИВА ВО КОЗМЕТИКАТА 38
2.7 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА НА СРЕБРО, АЛУМИНИУМ,
АЗОТ И СУЛФУР ВО КОЗМЕТИКАТА 40
2.8 НЕОРГАНСКИ КИСЕЛИНИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 44
2.9 НЕОРГАНСКИ БАЗИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 45
2.10 КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРИМЕНА НА ОКСИДИТЕ
ВО КОЗМЕТИКАТА 46
2.11 КАРАКТЕРИСТИКИ И УПОТРЕБА НА ПЕРОКСИДИТЕ
КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 48

III ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 53

3.1 НИЖИ МАСНИ КИСЕЛИНИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 56


3.2 ВИШИ МАСНИ КИСЕЛИНИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 58
3.3 ВОСОЧНИ И ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ 60
3.4 АРОМАТИЧНИ КИСЕЛИНИ ВО КОЗМЕТИКАТА 61
3.5 ОРГАНСКИ БАЗИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 62
3.6 ПАМ ВО СОСТАВ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 64
3.7 ЈАГЛЕВОДОРОДНИ ЛИПОГЕЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 66
3.8 МОНОХИДРОКСИЛНИ АЛКОХОЛИ ВО
КОЗМЕТИЧКАТА И ПАРФИМЕРИСКАТА ДЕЈНОСТ 69
3.9 ПОЛИХИДРОКСИЛНИ АЛКОХОЛИ ВО
КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 71
3.10 АРОМАТИЧНИ АЛКОХОЛИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 72
3.11 ВИШИ МАСНИ АЦИКЛИЧНИ АЛКОХОЛИ КАКО
КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 73
3.12 АЛДЕХИДИ И КЕТОНИ ВО КОЗМЕТИКАТА 75
3.13 ПРОТЕИНИ И КОЛАГЕНИ ВО СОСТАВ НА
КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 77
3.14 СКРОБОВИ И ДРУГИ ПОЛИСАХАРИДИ КАКО
КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 79
3.15 ДЕРИВАТИ НА ЦЕЛУЛОЗАТА КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 80
3.16 МУЦИЛАГИНОЗНИ МАТЕРИИ ВО
КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 81
3.17 СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА СМОЛИТЕ ВО КОЗМЕТИКАТА 84
3.18 СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА БАЛЗАМИТЕ ВО КОЗМЕТИКАТА 86
3.19 КОНЗЕРВАНСИ И АНТИОКСИДАНСИ КАКО ДОДАТНИ
КОМПОНЕНТИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 87
3.20 ОРГАНСКИ БОИ И ПИГМЕНТИ КАКО ДОДАТНИ КОМПОНЕНТИ 89

IV КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО 93

4.1 ПОИМ ЗА ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА 95


4.2 СВОЈСТВА И ЗНАЧЕЊЕ НА РАСТИТЕЛНИТЕ И
ЖИВОТИНСКИТЕ МАТЕРИИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ 96
4.3 ДОБИВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ ПРИРОДНИ СУРОВИНИ 98
4.4 СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРИРОДНО/ОРГАНСКО ПОТЕКЛО 101
4.5 ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА
РАСТИТЕЛНИТЕ И ЖИВОТИНСКИТЕ МАСТИ И МАСЛА
ВО КОЗМЕТИКАТА 104
4.6 ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА
РАСТИТЕЛНИТЕ И ЖИВОТИНСКИТЕ ВОСОЦИ
ВО КОЗМЕТИКАТА 108
4.7 ОСОБИНИ И ПРИМЕНА НА ЕТЕРИЧНИТЕ МАСЛА
ВО КОЗМЕТИКАТА 110
4.8 ОСОБИНИ И ПРИМЕНА НА ВИТАМИНИТЕ И ЕНЗИМИТЕ
ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ 113

РЕЧНИК НА НЕПОЗНАТИ ЗБОРОВИ 117


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 121
ВОВЕД

Материјали во козметиката за прва година, како вовед во Козметологијата


како наука ги проучува суровините за изработка на козметичките производи.
За полесно изучување на предметот потребни се предзнаења од хемија,
физика и биологија.
Козметологијата го проучува дејството на различните козметички суровини
и разните козметички третмани на кожата и нејзините составни делови.
Проучувајќи ги суровините, било да се тие од природно, синтетско или
полусинтетско потекло, ученикот се запознава со физичко-хемиските својства на
истите. Тоа ќе му овозможи лесно да ги препознава суровините, за да може да ги
примени понатаму при изработката на козметичките производи.
Преку својствата на суровините што ги покажуваат кон кожата и нејзините
производи, ученикот ќе го разбере нивното дејство и можноста за примена во
соодветните козметички производи.
Големиот број на суровини што се проучуваат, овозможува правилно да се
изберат компоненти кои во состав на козметичкиот производ ќе дадат
исклучително позитивно дејство, но ја исклучуваат можноста од негативни ефекти
на истиот.
Оттука произлегува и целта на изучување на материјалите во козметиката,
која се состои во истражување на суровините, нивна правилна формулација и
изработка на козметички производи.
Сé повеќе се посветува внимание на разните синтетски суровини, кои се
пручуваат детаљно и се исфрлаат од употреба при изработка на козметичките
производи.
Важна улога има природната козметика која има за цел да ги заштити
потрошувачите од несакани дејства на некои суровини, а воедно да понуди
квалитетен козметички производ кој ќе ги задоволи нивните барања. Таа се
потпира и ги почитува строгите критериуми кои се пропишани со стандардите и
сертификатите за природно потекло.
Важна улога во развојот на козметологијата како наука е развојот на
естетската култура на луѓето, нивниот животен стандард, развој на меѓучовечките
комуникациски односи и потребата од примена на производи од природно
потекло.
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 1: КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

По изучување на оваа модуларна единица, ученикот ќе може да:

¾ именува козметички производи;


¾ објаснува поим за козметички суровини;
¾ објаснува поделба на козметичките производи;
¾ разликува меѓународна од народна номенклатура;
¾ објаснува поим за интернационална номенклатура на козметички
суровини (INCI имиња);
¾ класифицира козметички суровини според потекло и хемиски состав;
¾ споредува природни, полусинтетски и синтетски суровини;
¾ објаснува поим за стандард и квалитет на суровините;
¾ толкува значење на безбедноста на козметичките суровини и производи
и недозволеното тестирање врз животни;
¾ наведува начини на органолептичко и хемиско испитување на
суровините.

7
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

8
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

I КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

1.1 ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ


Модулот Материјали во козметиката кој се изучува во прва година за
квалификацијата Техничар за козметичка нега и убавина е важен вовед во
изучувањето на Козметологијата како наука. Козметологијата е научна дисциплина
која го проучува составот, технологијата на изработка, својствата, дејството и
примената на козметичките производи.

Целите на изучувањето на модулот Материјали во козметиката се:


o класифицирање на козметичките суровини;
o разликување на методите на испитување на козметичките суровини;
o опишување на својствата и дејството на козметичките суровини врз кожата и
нејзините творби;
o толкување на примената на козметичките суровини во составот на
козметичките производи;
o објаснување на значењето на квалитетот и безбедноста на козметичките
суровини.

Улогата на козметологијата во откривањето на разни супстанции што


предизвикуваат алергиски реакции од ден на ден расте, бидејќи употребата на
козметичките производи за нега и разубавување е сѐ поинтензивна и помасовна.

Денешниот брз развој на козметологијата е условен од:


o развојот на научните достигнувања во медицината, фармацијата и
биологијата,
o продолжување на векот на човековите активности,
o зголемување на меѓучовечките комуникации,
o зголемување на естетската култура која вклучува култура во естетското
откривање на сопствената личност,
o зголемување на животниот стандард.

Модулот Материјали во козметиката е важен вовед во изучувањето на


Козметологијата.

Козметологијата е научна дисциплина која го проучува составот,


технологијата на изработка, својствата, дејството и примената на
козметичките производи.

9
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

1.2 ПОИМ ЗА КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ И КОЗМЕТИЧКИ


ПРОИЗВОДИ

Козметички производ е секоја супстанција или производ наменет да се


употребува во допир со различни надворешни делови од човековото тело (кожата,
косата, ноктите, слузокожата и забите), со цел да ги чисти, одржува, негува,
заштитува или декорира нивниот изглед и состојба.

Козметичките производи се добиваат индустриски или во галенски


лаборатории. Постапките на добивање се исти, со таа разлика што во галенските
лаборатории се изработуваат мали количества на козметички производи, најчесто
по нарачка на поединец.

Козметичките производи можат да се нанесуваат надворешно, на


површината на кожата и нејзините составни делови, да се вбризгаат под кожата и
да се даваат во вид на таблети. Козметичките производи можат да бидат
нанесени локално на одредено место (рака, лице) и дифузно на поголема
површина на телото.

Слика 2. Локална примена (на раце)


Слика 1. Козметолошка лабораторија

Козметичките суровини претставуваат супстанции кои се користат за


изработка на различни козметички производи. За изработка на козметичките
производи се користат основни и додатни козметички суровини, како и водата која
освен како суровина се користи како растворувач и средство за одржување на
хигиената во индустријата и лабораториите.

Основните суровини се носители на основните својства и дејство на


козметичкиот производ (пр.: мирисните материи во парфемите, боите во
декоративните производи итн.).

Додатните суровини имаат улога да го засилат дејството на основните


суровини, да го подобрат изгледот на козметичкиот производ, мирисот, вкусот и
трајноста (пр.: боите во сапуните и шампоните, мирисните материи во кремите).

10
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Како додатни компоненти се употребуваат конзерванси и антиоксиданси,


мирисни материи, бои, биолошко активни материи, стабилизатори, емулгатори,
носители, површинско активни материи (ПАМ).

Остра граница помеѓу основните и додатните суровини не може да се


направи бидејќи одредени суровини во еден козметички производ имаат основно
дејство, а во друг козметички производ имаат улога на додатна компонента (пр.:
мирисните материи во парфемите се основна
суровина, а во кремите и шампоните се додатна
суровина).

Квалитетот на козметичките суровини


влијае на квалитетот на козметичките производи,
одреден со прописи во „Правилник за квалитет и
безбедност на козметичките суровини и
производи“

Слика 3. Мирисни материии

Козметички производ е секоја супстанција или производ наменет да се


употребува во допир со кожата, косата, ноктите, слузокожата и забите, со цел
да ги чисти, одржува, негува, заштитува или декорира нивниот изглед и
состојба.

Козметичките суровини претставуваат супстанции кои се користат за


изработка на различни козметички производи.

Основните суровини се носители на основните својства и дејство на


козметичкиот производ.

Додатните суровини имаат улога да го засилат дејството на основните


суровини.

1.3 ПОДЕЛБА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Постојат повеќе видови поделби на козметичките производи, зависно од тоа


кои заеднички својства се земаат како основа на класификацијата.

1.3.1 Најпроста поделба е според конзистенцијата на: течни, полутечни,


цврсти козметички производи и аеросоли. За нив важи следното својство: со
зголемување на вискозитетот се зголемува непосредноста на допирот со кожата.

1.3.2 Според физичко-хемиските својства козметичките производи се


делат на: микродисперзни (вистински и колоидни раствори) и макродисперзни

11
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

(емулзии и суспензии). Оваа поделба е заснована врз степенот на дисперзираност


на честичките во козметичките производи.

- Кај вистинските раствори разликуваме растворена супстанција и


растворувач, кој најчесто е вода или етанол. Козметички производи изработени
како вистински раствори се лосионите и тониците.

- Колоидните раствори најчесто се


среќаваат во полуцврста-гел состојба или во
течна-сол состојба, а се применуваат како
згуснувачи во козметичките производи.

- Емулзиите се смеса од две течности кои


не се мешаат меѓу себе, како на пример маслото
и водата. Со помош на трета компонента
емулгатор се добива хомогена смеса, каде што
едната течност во вид на капки е распределена
низ другата течност.
Слика 4. Гел состојба
Разликуваме два типа на емулзии: Вода-
Масло (В-М) и Масло-Вода (М-В). Поголемиот
број креми за нега се козметички емулзии.

- Суспензии се смеси од цврсти честички


распоредени во течна фаза, како што се течните
пудри, лаковите за нокти, црвилата за усни и др.

Слика 5. Емулзија М-В

1.3.3 Според дејството и намената козметичките производи се делат на 2


главни групи:

- Производи за нега, во кои спаѓаат: производи за лична хигиена,


производи за нега и одржување на функцијата на кожата, производи за неопходна
нега, производи за заштита на кожата, производи за отстранување недостатоци на
кожата.

- Производи за декоративна козметика, во кои спаѓаат: пудри за лице,


црвила за лице и усни, производи за декорација на очни капаци, трепки и веѓи,
парфеми и колонски води, бои за коса, лакови за нокти.

1.3.4 Според местото на апликација (кожа, слузокожа) и според времето


на задржување на кожата, козметичките производи можат да бидат:

12
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

- Козметички производи кои доаѓаат во допир со слузокожата: производи


за чистење и нега на забите и усната шуплина, производи за боење на усните и на
очните капаци, производи за интимна хигиена.

- Козметички производи кои остануваат подолго време на кожата:


производи за нега и заштита на кожата на лицето и телото, парфеми и колонски
води.

- Козметички производи кои после кратко време се отстрануваат од


кожата: производи за миење и чистење на лицето и телото, производи за боење и
разубавување на лицето, производи за бричење и депилатори.

Според конзистенцијата козметичките производи се делат на течни,


полутечни, цврсти и аеросоли.

Според физичко-хемиските својства козметичките производи се делат на:


микродисперзни и макродисперзни системи.

Според дејството и намената козметичките производи се делат на производи


за нега и производи за декоративна козметика.

Според местото на апликација (кожа, слузокожа) и според времето на


задржување на кожата козметичките производи остануваат подолго време на
кожата или после кратко време се отстрануваат од кожата.

1.4 НОМЕНКЛАТУРА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ


И INCI ИМИЊА

Nomen значи име. Постојат повеќе различни номенклатури (имиња) на


суровините (латинска, хемиска и народна) и сите се во употреба.

Хемиската и латинската номенклатура се меѓународни и поради тоа се


користат секаде во светот.

Во случај народното име да придонесува за побрзо и полесно


препознавање на одредени (суровини) супстанции, тогаш се користи тоа име.

За полесно да се разбере именувањето на суровините, ќе споредиме


меѓународно и народно именување на некоја козметичка суровина.

o СН3СООН според меѓународната IUPAC (хемиска) номенклатура се нарекува


Ethanoic acid (етанска киселина), а народното име е оцетна киселина.

o Matricaria chamomilla е латинско име за камилица (народно име).

13
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Синоними се специфични имиња за одредени супстанции на подрачје или


регион на една земја. Исто така се користат ако се во функција за побрзо и
полесно препознавање одредени супстанции.

INCI (International Nomenclature for Cosmetic Ingredients) е кратенка која


означува интернационална номенклатура на козметички суровини. Овие имиња се
однесуваат само за козметичките суровини. На секоја декларација на
козметичките производи во суровинскиот состав треба да се наведени INCI
имињата на суровините. За козметичките бои постои колор индекс (CI) со број или
името му станува INCI име. Подолу ќе проследиме неколку имиња на
козметичките суровини.

Lanolin (ланолин)- Пречистен восок од овча волна. Се користи како


емулгатор кој дава природна конзистенција на козметичкиот производ.

Слика 6. Ланолин Слика 7. Прав од титан диоксид

Panthenol (пантенол) – провитамин Б5, мултиактивна супстанција која ја


хидратизира и зајакнува кожата и косата, смирува иритации, регенерира повреди
на кожата.

Salix alba (бела врба)– антисептички екстракт од кората на врбата, содржи


салицилна киселина, делува адстригентно.

Titanium Dioxide White pigment (CI 77819) титан диоксид – бел неоргански
пигмент, во декоративната козметика се користи како UV филтер, спречува
изгореници и фото стареење на кожата.

Persea Gratissima (авокадо масло) добиено со пресување на плодот на


авокадото. Содржи витамини А, Е и D и масни киселини, ја штити кожата од
дехидратација.

14
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Хемиската и латинската номенклатура се меѓународни.

Синоними се специфични имиња за одредени супстанции на подрачје или


регион.

INCI (International Nomenclature for Cosmetic Ingredients) е кратенка која


означува интернационална номенклатура на козметички суровини.

На секоја декларација на козметичките производи во суровинскиот состав


треба да се наведени INCI имињата на суровините.

Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
2 Дефинира поим за суровини. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Што е козметички производ, а што козметичка суровина?


2. Која е разликата помеѓу основните и додатните суровини?
3. Како се поделени козметичките производи според конзистенцијата, а
како според физичко-хемиските својства?
4. Кои подгрупи на производи спаѓаат во козметичките производи за
нега, а кои во декоративните производи?
5. Наведи примери на козметички производи кои се аплицираат на
слузокожа и на кожа со краткотрајно дејство и со долготрајно дејство!
6. Што е меѓународна номенклатура и што означуваат INCI имињата?

Поважни поими:

Микродисперзни системи
Колоидни раствори
Макродисперзни системи
Емулзија
Суспензија
Номенклатура
INCI имиња

15
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

1.5 КЛАСИФИКАЦИЈА НА СУРОВИНИТЕ ВО СОСТАВ НА


КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Постојат повеќе различни класификации на козметичките суровини:

1.5.1 Класификација според хемиски состав - оваа класификација се


прави според периодниот систем на елементи. Според оваа класификација
суровините се поделени на органски, неоргански и неорганско - органски.

1.5.2 Класификација според намена – оваа класификација е различна,


многу сложена и се прави врз основа на видот и намената на козметичкиот
производ во чиј состав влегува суровината (пр.: калциум карбонатот се применува
како покривна компонента во пудрите, но и како абразив во пастите за заби).

1.5.3 Класификација според потекло – се прави во зависност од тоа како и


од каде се добиени суровините.

Според оваа класификација суровините се поделени на:

а) природни,
б) полусинтетички и
в) синтетички.

Природни суровини - тоа се суровини кои се добиваат готови од


природата и пред употреба не им се врши никаква хемиска промена само се
обработуваат со физички методи (чистење, мелење, ситнење и Слика), но при тоа
нивната хемиска структура останува непроменета.

Природните суровини можат да бидат од:

9 растително,
9 животинско и
9 минерално потекло.

Растителните суровини се природни и се


добиваат со различни технолошки постапки од
различни делови на растенијата (плодот, листот,
коренот, цветот или од целото растение).

Имаат широка примена при изработката на


козметичките производи бидејќи имаат позитивни
ефекти на кожата и косата. Може да се применуваат
во свежа состојба а најчесто се чуваат во сува
состојба, под одредени услови, до нивната употреба. Слика 8. Растителни суровини

16
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Од суровините од растително потекло најчесто употребувани се: танински,


слузни, сапонински, смоли и балзами, ароматични, витамински суровини,
суровини со јаглехидрати како и суровини со масни материи.

Суровините од животинско потекло се добиваат со различни постапки на


издвојување од различни органи и ткива на животните или настануваат како нивни
природни екстракти (пр.: мед).

Суровините од животинско потекло не се


туѓи за човечкиот организам и имаат поволно
дејство и ефект на кожата, но за разлика од
суровините од растително потекло, голем број од
овие суровини имаат ограничена примена во
козметичките производи поради нивната
биолошка вредност (пр.: хормони).

Слика 9. Пчелен восок

Минералните суровини се добиваат од мртвата природа и најчесто се


состојки на рудите или специјални видови на земја.

За изработка на хигиено-естетски и козметички


производи најчесто се користат минералните масти,
масла и восоци кои се добиваат со преработка на
нафтата, силициумова земја, неоргански бели и обоени
пигменти и др.

По хемиски состав во голем процент се разликуваат


од кожната маст поради што немаат позитивно
физиолошко дејство.

Слика 10. Глина бентонит

Минералните суровини ако се применуваат во високи концентрации може да


предизвикаат одмастување на кожата!!!
Затоа нивната примена е ограничена т.е. се применуваат во оние козметички
производи кои треба да бидат отстранети од површината на кожата како што се
разни заштитни и козметички производи за чистење на кожата.

Полусинтетички суровини се природни суровини на кои пред употреба им


е извршена одредена хемиска промена.

17
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Пр: маслата кои се во течна состојба, по пат на хидрогенација се


преведуваат во цврсти козметички производи и како такви се употребуваат за
изработка на кремите, црвилата за усни и сл.

Синтетички суровини се добиваат во производствените лаборатории или


во индустриски погони по одредени и строго дефинирани хемиски постапки и со
одреден хемиски состав.
Покрај тоа што се туѓи за човечкиот организам и може да предизвикаат
несакани промени на кожата и нејзините творби, наоѓаат широка примена поради
нивната исплатливост.

Според хемиски состав суровините се делат на неоргански и органски.

Според потеклото суровините се поделени на природни, полусинтетички и


синтетички.

Природни суровини се добиваат готови од природата и пред употреба се


обработуваат со физички методи.

Природните суровини можат да бидат од: растително, животинско и


минерално потекло.

Полусинтетички суровини се природни суровини на кои пред употреба им е


извршена одредена хемиска промена.

Синтетички суровини се добиваат во производствените лаборатории или во


индустриски погони.

активности

Направи табела во која ќе ги класифицираш следниве суровини во


зависност од потеклото (растително, животинско, минерално) и
хемискиот состав (неоргански, органски): ланолин, парафин, рузмарин,
натриум хлорид, невен, мед, вода, холестерол, лецитин, ленено семе,
талк, нане, цетацеум, чајно дрво и магнезиум карбонат.

суровина потекло хемиски состав

парафин минерално органско соединение

18
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

1.6 МЕЃУНАРОДНИ И НАЦИОНАЛНИ ПРОПИСИ ЗА КВАЛИТЕТ


И БЕЗБЕДНОСТ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ И
ПРОИЗВОДИ

Под стандардизација се подразбира постапка на изедначување на


квалитетот на суровината од различно потекло, но со ист хемиски состав т.е.
постигнување на бараниот квалитет.

На пр: каолинот (бела глина) добиен од различни региони се разликува во


големината на честичките. Со разни механички процеси (ситнење,
хомогенизација) треба да се добие каолин со баран квалитет.

Во однос на квалитетот пчелиниот восок во природата се наоѓа како жолт,


кој со постапка на избелување станува бел пчелен восок.
Тој како таков може да се користи за изработка на некои креми.

Според тоа може да се каже дека стандард претставува збир на прописи


кои го утврдуваат и најблиску го одредуваат квалитетот на некоја суровина или
козметички производ т.е. нивниот хемиски состав, физичко-хемиските својства,
процентот на дозволените нечистотии, како и прописите за одредување на
квалитетот и намената.

Постојат различни видови на стандарди во зависност од тоа која материја


се стандардизира. Во пракса најчесто се користат меѓународните, државните, а
постојат и локални (интерни) стандарди, кои ги пропишува работна организација
за подобрување на квалитетот на своите производи.

ISO 9000 е фамилија на стандарди прифатени од Европската заедница.


Членките на ISO (International Organization for Standardization) учествуваат во
одобрување на ISO стандардите, а ги предлага Советот на ISO.
Од плејадата на ISO стандарди најпогоден за примена во козметичките
индустрии е ISO 9001, кој претставува стандард за квалитет во индустриското
производство кое поседува маркетинг, развој и дизајн.

Слика 11. Лого на ISO 9001 и GMP стандарди

19
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

GMP (Good Manufacture Practice) или ДПП (Добра производна практика) се


однесува на квалитативна контрола во производството на храна, лекови и
медицински помагала.
ГМП е водич, кој се однесува на аспектите на производство кои даваат
ефект на квалитетот на производот.

Квалитет на суровини или козметички производи претставува одредување


и утврдување на хемискиот состав, физичко-хемиските својства и процентот на
дозволената нечистотија.

Под квалитет не подразбираме само квалитет на суровини, полупроизводи


и производи, туку и квалитет на процесите, операциите, работењето, како и
живеењето.

За безбеден козметички производ се смета производ што:

9 не предизвикува штета по здравјето на луѓето кога се применува под


вообичаени или под услови кои можат да се предвидат, имајќи ги предвид
неговото означување, упатството за употреба и чување;
9 содржи супстанции што смеат да се користат при производството на
козметички производи;
9 не му изминал рокот на траење.
За утврдување на квалитетот на козметичките суровини многу се користат
т.н. кодекси.
Кодекси претставуваат официјални - јавни печатени текстови кои го
пропишуваат квалитетот на суровината чија примена е дозволена, а условите не
се пропишани со фармакопејата.
Со постоењето на кодексите се олеснува пропишувањето нови прописи за
новооткриените суровини.

Стандардизација е постапка на изедначување на квалитетот на суровината од


различно потекло, но со ист хемиски состав.

Стандард претставува збир на прописи кои го утврдуваат и најблиску го


одредуваат квалитетот на некоја суровина или козметички производ.

Во пракса најчесто се користат меѓународните (ISO, GMP), државните, а


постојат и локални (интерни) стандарди.

Квалитет на суровини или козметички производи претставува одредување и


утврдување на хемискиот состав, физичко-хемиските својства и процентот на
дозволената нечистотија.

20
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

1.7 ПОИМ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ

Идентификацијата претставува откривање, утврдување на некој или


нешто. За да се идентификува нешто и со сигурност да се потврди неговото
постоење, се вршат разни испитувања (анализи).

Постои физичко и хемиско испитување на суровините, микробиолошко


испитување и испитување на активноста на козметичките суровини.

1.7.1 Под физичко испитување подразбираме утврдување на својствата


на некоја супстанција и тоа со помош на нашите сетила, со физички методи и
утврдување на физички константи.

Испитувањето со помош на нашите сетила


се вика макроскопско или органолептичко и со
него се одредува изгледот на супстанцијата,
конзистенцијата, бојата, мирисот и вкусот.

Со одредување на изгледот на супстанцијата


(кристална или во прав), се одредува големината и
обликот на честиците (кристалите).
Слика 12. Кристална супстанција

Според конзистенцијата суровините можат да бидат во цврста или течна


форма.

Бојата на суровините се одредува преку


нашиот вид и има големо значење кога станува
збор за козметичките суровини. Бојата може да
помогне во идентификацијата на суровината,
испитувањето на чистотата итн.

Слика 13. Проѕири, течни, обоени супстанции

Мирисот е еден од најважните фактори при формулацијата на козметичките


производи. Суровините со непријатен мирис секогаш се третираат, за тој мирис да
се отстрани или прикрие со попријатен.

Производите добиени од суровини со непријатен мирис, колку и да бидат со


висок квалитет, стануваат неупотребливи или имаат ниска цена.
Преку мирисот вршиме идентификација на разни супстанции.

Вкусот е исто важна физичка особина на козметичката суровина и


препарат. Одредувањето на вкусот повлекува опасност ако материјата е токсична.
21
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Главна улога при изработката на хигиенските производи (пасти за заби и


спреј за уста) има вкусот. Вкусот, како и мирисот мора да биде убав и пријатен.

Однесувањето на супстанцијата на
пламен е физичка метода, која се користи
за идентификација на некои супстанции, кои
при согорувањето го обојуваат пламенот со
карактеристична боја.
Пр: боратите го обојуваат пламенот
со зелена боја, натриумот со жолта,
калиумот во виолетово сина, калциумот во
цигла црвена боја.
Слика 14. Обојување на пламен

Однесувањето на супстанцијата при жарење е физичка метода која се


користи многу за потеклото на суровината.

Супстанциите кои при жарење согоруваат без остаток или оставаат


јагленисан остаток, се од органско потекло.
Неорганските супстанции при жарење согоруваат со остаток, оставајќи
бело-сив пепел.

Квалитетот на суровините во козметиката се испитува со помош на овие


физички константи (големини):
температура на топење и на втврднување,
специфична тежина, температура на
вриење, вискозитет, површински напон,
топлопроводливост, радиоактивност.

Пр: при изработка на црвилата за


усни важна е температурата на
втврднување на восоците.

Слика 15. Топење на восок

1.7.2 Под хемиско испитување се подразбира утврдување на хемиските


својства карактеристични за некои супстанции, со помош на различни хемиски
реакции.
Со хемиските испитувања се врши анализа на суровините, како и
евентуално присуство на штетни состојки (антибиотици, пестициди, хербициди...).

Хемиската анализа може да биде квалитативна (откривање на одредени


супстанции) и квантитативна (количество на веќе одредена супстанција).

Од хемиските константи значајни се: киселинскиот број,


сапонификационен број, пероксиден, јоден број итн

22
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Под физичко испитување подразбираме утврдување на својствата на некоја


супстанција.

Испитувањето со помош на нашите сетила се вика органолептичко.

Однесувањето на супстанцијата на пламен е физичка метода, која се користи


за идентификација на поедини супстанции (според бојата на пламенот).

Однесувањето на супстанцијата при жарење е физичка метода која се користи


за одредување на потеклото на суровината.

Хемиската анализа може да биде квалитативна (откривање на одредени


супстанции) и квантитативна (одредување на количеството).

За одредување на квалитетот се користат и разни физички и хемиски


константи.

активности

Во училишната лабораторија погледнете како се распоредени


работните места; каде и како се чува лабораторискиот прибор, вагите;
каде и како (во какви садови) се чуваат суровините!

Со совладување на овие 3 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
2 Класифицира козметички суровини и
објаснува поим за стандардизација. 2

23
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 1 КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Како се групирани козметичките суровини според хемискиот состав?


2. Кои групи на суровини спаѓаат во природни суровини (наведи некои
примери)?
3. Направи споредба помеѓу природните, полусинтетските и синтетските
суровини!
4. Дефинирај ги поимите стандард, стандардизација и квалитет на
козметички суровини/производи!
5. Кои стандарди за квалитет на козметичките производи се најважни?
6. Што е безбеден козметички производ?
7. Какви информации добиваме со органолептичкото испитување на
суровините?
8. Кои се останати физички методи на испитување на суровините?
9. Која е разликата меѓу квалитативната и квантитативната хемиска
анализа?

Поважни поими:

Стандард
Квалитет
Органолептичко испитување
Квалитативна и квантитативна анализа

24
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 2: НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО


КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

По изучување на оваа модуларна единица, ученикот ќе може да:

¾ опишува својства на водата, потекло и видови;


¾ објаснува начини за добивање на прочистена вода (превривање,
дестилација, деминерализација);
¾ разликува својства и примена на силициумовите соединенија (каолин,
бентонит, талк);
¾ објаснува својства, дејство и примена на силиконските масла;
¾ опишува својства и примена на земјените бои во козметиката;
¾ опишува физичко-хемиски својства на соединенијата на натриум,
калиум, калциум и магнезиум;
¾ толкува дејство и примена на соединенијата на натриум, калиум,
калциум и магнезиум во козметичките производи;
¾ разликува специфични својства на бариумот и живата, од својствата на
цинковите соединенија;
¾ наведува примена на соединенијата на бариум, цинк и жива во
козметиката;
¾ опишува физичко-хемиски својства на соединенијата на сребро,
алуминиум, азот и сулфур во козметиката;
¾ толкува дејство и примена на соединенијата на сребро, алуминиум, азот
и сулфур во козметичките производи;
¾ опишува својства, дејство и примена на борната киселина во
козметиката;
¾ опишува својства и примена на неорганските бази во козметичките
производи;
¾ разликува физичко-хемиски својства, дејство и примена на титан
диоксидот и јаглеродниот диоксид;
¾ поврзува примена на пероксидите (водороден пероксид, магнезиум
пероксид) во козметиката, според нивните својства и дејство.

25
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

26
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

II НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ


ПРОИЗВОДИ

2.1 ПРОЧИСТЕНА ВОДА КАКО КОЗМЕТИЧКА СУРОВИНА

Водата за пиење во зависност од солите што ги содржи може да биде:


мека, средно тврда и тврда вода.

Тврдината на водата е резултат на присуството на калциумови и


магнезиумови соли. Вкупната тврдина на водата се состои од постојаната и
непостојаната тврдина.
Тврдата вода неповолно дејствува на квалитетот, стабилноста и трајноста
на козметичките производи, бидејќи солите на тврдата вода стапуваат во хемиски
процеси со суровините.

Непостојаната тврдина е условена од присуството на калциумови и


магнезиумови карбонати и бикарбонати.

Оваа тврдина на водата може да се отстрани со провривање, бидејќи


растворливите карбонати преминуваат во нерастворливи карбонати, кои се
таложат на дното од садот (воден камен).

Постојаната тврдина се должи на присуството на сулфатите на калциум и


магнезиум.

Оваа тврдина се отстранува со хемиска постапка, како што е процесот на


деминерализација или со физичка метода, како што е дестилацијата.

Тврдата вода има неповолно дејство на кожата, бидејќи јоните на


калциумот и магнезиумот реагираат со вишите масни киселини од кожата и градат
нерастворливи сапуни.

Молекулите на овие сапуни се врзуваат со кератинот од кожата и таа


добива груб и рапав изглед.
Во исто време, овие честички можат да послужат како микро жаришта за
развој на бактерии, а сѐ заедно може да придонесе за инфекција на кожата.

Затоа, водата за пиење која содржи одреден процент на соли на калциум и


магнезиум нема потребен квалитет за производство на козметички производи и за
изведување на козметички постапки. За вакви цели се користи прочистената вода.

Прочистената вода се користи во козметологијата како средство за


одржување на хигиената и чистотата на приборот за работа.

27
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

pH вредноста на водата за изработка на козметички производи се движи од


6,8 до 7,3. Микробиолошката исправност на водата како козметичка суровина се
постигнува со примена на UV зраци, IC зраци, ЕК филтри и др.

Прочистената вода може да биде: дестилирана вода, деминерализирана


вода, делумно прочистена т.е. омекната вода.

Најпогодна вода за изработка на козметички производи и употреба е


дестилираната вода.

Таа се добива со загревање на водата до вриење при што се создаваат


водени пареи, кои се кондензираат во посебни т.н. дестилациони апарати. Ако
овие апарати се стерилизирани, тогаш водата што сме ја дестилирале, покрај што
е хемиски чиста е и бактериолошки чиста.

Слика 16. Апаратура за дестилација

Деминерализираната вода (aqua purificata) се добива со хемиска постапка


на измена на јоните т.е. со пропуштање на водата низ катјонски и анјонски
изменувач за кој се врзуваат сите јони, а остануваат само молекулите на водата.
Вака прочистената вода не е бактериолошки чиста како дестилираната вода.

28
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Омекнатата вода се смета за недоволно прочистена и се користи само


тогаш кога не е можно да се добијат претходните две прочистени води.
Наједноставен начин на омекнување на водата е со вриење 15 минути.
После тоа отстојува 1 до 2 часа и се филтрира низ филтер хартија. На овој начин
се отстрануваат само солите што ја предизвикуваат непостојаната тврдина.

Омекнување може да се изврши и со додавање на слаби киселини како што


се винска, оцетна, лимонска итн.

Примената на водата во козметиката е следна:

z чистење на кожата,
z хидратација на кожата,
z ладење на кожата,
z растворање на голем број супстанции,
z омекнување на кожата со водена пареа,
z одржување лична хигиена и хигиена на алатот и
приборот,
z изработка на козметички производи.

Слика 17. Вапозон апарат за


парење на лицето

Тврдата вода има неповолно дејство на кожата, ја прави груба и рапава, со


можност за инфекција.

Прочистената вода се користи во козметологијата како средство за одржување


на хигиената и чистотата на приборот за работа.

Најпогодна вода за изработка на козметички производи и употреба е


дестилираната вода, која може да биде и бактериолошки чиста.

Деминерализирана вода е хемиски прочистена вода.

Омекнатата вода е делумно прочистена вода.

Истражувај!

Во училишната лабораторија или дома, ставете во три различни чаши:


вода од чешма, дестилирана вода и изворска вода. Загревајте ја
водата до вриење и оставете ја да врие некое време. Потоа оставете
водата да се олади и набљудувајте што се случило. Споредете што е
различно во трите чаши како резултат на вриење на водата?

29
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

2.2 СИЛИЦИУМОВИ СОЕДИНЕНИЈА ВО КОЗМЕТИКАТА

Од соединенијата на силициумот Si најчеста примена има силициум


диоксидот и силициумовите земји (каолин, бентонит и талк) и силиконските масла.

2.2.1 Силициум диоксид SiO2 во природата се наоѓа во вид на минерали,


кварцен песок, дијатомејска земја и др. Во вода не се раствора, слабо реагира и
има позитивно дејство врз кожата.
Во козметиката се применува како суровина во пудрите и пастите за заби.
Основна задача му е да ги прави растресити производите.

2.2.2 Каолин е прашок со бела боја, што се менува во зависност од


присуството на железниот оксид. Во присуство на вода бабри, давајќи колоиден
гел.
Хемиски претставува сол на алуминиум и силициумова киселина.
Од природата се добива со ископување од земјата. Пред употреба се ситни,
се прочистува и по потреба се стерилизира, бидејќи е можно да содржи
бактериски спори на тетанус.

Козметичкиот каолин мора да биде со


одреден степен на чистота и многу мали честици.
Претставува основна суровина за изработка
на сите видови пудри, како покривна супстанција и
средство за апсорпција.
Се употребува како компонента во маски за
лице (ги впива мастите од кожата и орожнетите
делови од кератинот).
Слика 18. Бела глина каолин

2.2.3 Бентонит претставува посебен вид глина која со вода бабри. Така го
зголемува волуменот и гради колоиден гел.
Реакцијата може да му биде силно алкална, но ако се обработи може да се добие
каолин со неутрален рН.
Се применува како основна компонента во маските за нега на масна кожа.
Се користи како стабилизатор кај течните пудри и другите суспензии.

2.2.4 Талк претставува сол на


магнезиум и силициумова киселина.

Во природата се наоѓа како специјална


земја во форма на големи грутки, кои
понатаму се преработуваат и иситнуваат.

Слика 19. Козметички талк

30
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Козметичкиот талк мора да има многу ситни честички. Служи како


компонента во сите видови пудри во концентрација од 30-70%.

Талкот претставува бел прав со вискозен сјај, а под прстите дава чувство на
маснотија. Не се раствора во вода и не е реактивна супстанција.
На пудрите им дава мазност, но неповолна особина му е големата сјајност.

Заради лизгачките својства се применува како средство за масажа на


телото, а посебно во детската козметика, каде што го спречува триењето. Талкот
во маските за чистење на кожата умерено ги апсорбира секретите од површината.

SiO2 се применува како компонента во пудрите и во пастите за заби.

Каолинот се употребува за изработка на сите видови пудри, како апсорбенс и


покривна супстанција.

Бентонитот во вода бабри, се применува во маските за нега на масна кожа.

Козметичкиот талк е компонента во сите видови пудри, има лизгачки сојства,


апсорбира и се користи за масажа.

2.3 СИЛИКОНСКИ МАСЛА

Силиконски масла претставуваат посебни соединенија на силициумот во


кои тој е врзан на начин сличен на јаглеродот во органските соединенија. Тие се
бистри, безбојни, проѕирни течности кои се карактеризираат со помал или
поголем степен на вискозитет.

Силиконските масла имаат голема козметичка примена, која се заснова на


нивното својство да се хидрофобни, инертни и нетоксични за кожата.

Нивната хидрофобност е толку изразена така што стаклените шишенца


обложени со силиконски филм и наполнети со вода, кога ќе ги испразниме, по
ѕидовите не останува ни капка.

Повеќе се користат испарливи силиконски масла со помал вискозитет, кои


многу добро се распростираат на кожата.
Така градат тенок филм и кожата изледа убаво. Ваквите масла се носители на
други активни материи, кои по нанесувањето испаруваат, а се задржува активната
материја.

31
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Силиконските масла се раствораат во апсолутен алкохол, минерални


масла, цврст парафин, погонски гасови, што е важно за аеросол производите –
лакови за коса, дезодоранси, антиперспиранси.
Заради овие својства претставуваат основна компонента за изработка на
заштитните креми, во прв ред за нега на рацете.
Се применуваат и во црвилата за усни и заштитните производи за испукана
и оштетена кожа (од сонце).

Во козметичките производи за лице не наоѓаат голема примена бидејќи


создаваат континуиран филм, кој го отежнува дишењето на кожата.

Силиконските масла се изразено хидрофобни.

Силиконските масла се применуваат во козметички производи за заштита на


кожата.

2.4 ЗЕМЈЕНИ БОИ

Боите претставуваат хемиски соединенија, кои во себе содржат


карактеристични хемиски групи (хромофорни и ауксохромни групи) одговорни за
бојата што ја даваат.

Природните бои се делат на бои од минерално, растително и животинско


потекло.

Минералните бои се означуваат како пигменти.


Тука спаѓаат необоените бели пигменти: титан
диоксид, цинк оксид, талк, каолин, и др.

Обоените пигменти може да бидат многу различни


по боја и хемиски состав. Најчеста примена имаат
железните оксиди со жолта, смеѓа, до црвена боја.

Позната е terra di siena која е смеса од железо


оксид и силициумова киселина, со жолто смеѓа боја.
Слика 20. Пигмент terra di siena

32
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Ултрамаринот е натриум-алуминиум силикат, со сина боја, а може да биде


со зелена и виолетова боја.

За сите минерални бои е карактеристично дека се


наоѓаат како природен материјал во рудата и дека се
нетоксични.

Минералните бои се нарекуваат земјени бои.

Слика 21. Пигмент ултрамарин

Минералните бои се нарекуваат земјени бои.

Повеќето обоени пигменти се силициумови соединенија.

Необоените минерални пигменти се каолинот, талкот, цинк оксидот и др.

2 Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Објаснува особини и примена на минералните
неоргански соединенија во состав на
козметичките производи. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Какво е значењето на водата како козметичка суровина?


2. Што ја одредува тврдината на водата и каква може да биде таа?
3. Спореди ги дестилацијата и деминерализацијата како постапки за
прочистување на водата!
4. Како се добива и кога се применува делумно прочистена вода?
5. Каде се наоѓаат во природата силициумовите соединенија и какви им
се физичките својства?
6. Каква примена во козметиката имаат силициум диоксидот, каолинот,
бентонитот и талкот?
7. Кои се карактеристични својства на силиконските масла?
8. Каква козметичка примена имаат силиконските масла?
9. Кои бои се нарекуваат земјени бои?
10. Наведи примери за обоени и необоени пигменти!

33
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Поважни поими:

Дестилирана вода
Деминерализирана вода
Покривно својство
Апсорбентно дејство
Хидрофобно својство
Земјени бои

2.5 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА НА НАТРИУМ, КАЛИУМ,


КАЛЦИУМ, МАГНЕЗИУМ ВО КОЗМЕТИКАТА

2.5.1 Натриумот Na е мек метал, со сребрено бела боја и е полесен од


водата.

Тој бурно реагира со водата. Бидејќи припаѓа во I група на периодниот


систем, како алкален метал, оддава еден електрон и преминува во Na+. Поради
тоа има силни редукциски својства.

Натриум карбонат Na2CO3 е бел прашок без мирис, растворлив во вода,


хигроскопност и со силна алкална реакција (како негативна особина).
Денес се применува како компонента во солите за капење, во комбинација
со лимонската и винската киселина.

Натриум хидроген карбонат NaHCO3 (сода бикарбона) е бела кристална


супстанција, слабо растворлива во вода и слабо алкална реакција.
Во козметиката има иста примена како и натриум карбонатот.

Натриум флуорид NaF наоѓа примена во пастите за заби, затоа што


флуорот од ова соединение се апсорбира од страна на забите и се користи за
синтеза и јакнење на глеѓта.

Натриум хлорид NaCl во природата се наоѓа како


камена и морска сол. Се раствора во вода, од која
кристализира во проѕирни коцкички.

Во козметиката се применува за изработка на


козметички производи од типот на соли за капење и др.
Слика 22. Натриум хлорид

34
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Натриум тетраборат декахидрат Na2B4O7x10H2O (боракс) се наоѓа во


вид на проѕирни бели кристали или како бел прав. Водениот раствор реагира
алкално.
Дејствува како слаб антисептик и адстригенс.

Бораксот на осетлива кожа дејствува надразнувачки, а со подолга употреба


може и нормалната кожа да ја одмасти.
Многу се користи како супстанција за нега и лечење на масна кожа.
Бидејќи гради сапуни се користи за изработка на креми во улога на
емулгатор.

2.5.2 Соединенијата на калиум К се растворливи во вода, при што даваат


јака база. Освен калиум хидроксидот, најистакнат претставник е калиум
перманганатот.

Калиум перманганатот KMnO4 се наоѓа во


вид на лушпести виолетови кристали. Растворлив е
во вода.
Тој е стабилен во широко подрачје на pH, а
претставува најсилно оксидационо средство, на
што се должи неговата примена.

Слика 23. Калиум перманганат

Калиум перманганатот дејствува антисептично и дезинфекциски.


Се применува како 0,5% раствор, за измивање и дезинфекција на
видливите слузокожи. Во големи концентрации е токсичен.

Важна улога има пред прочистување на водата, за врзување на разни


органски нечистотии.

2.5.3 Калциумот Ca е сребрено бел, сјаен и мек метал.

Тој е елемент од II група на периодниот систем и во неговите соединенија е


позитивно двовалентен Ca2+, па затоа претставува редукциско средство. На
обична температура реагира побавно, а при загревање реакциите се побурни.

Калциум карбонат CaCO3 е во вид на бел и лесен прав, без мирис и вкус.
Нерастворлив е во вода, а растворлив во минерални киселини.

Калциум карбонатот се наоѓа во две форми: како лесен и како тежок,


зависно од големината.

Се применува во пастите за заби и во пудрите.

35
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Калциум хидроксид Ca(OH)2 (гасена вар) се добива од CaO (негасена вар)


во реакција со водата.

Калциум хидроксидот е бел прав, што во вода послабо се раствора.


Добиениот раствор реагира алкално и се нарекува варна вода.

Влегува во состав на хемиските депилатори заедно со калциум сулфидот


CaS (ги кинат влакната).

Калциум стеарат влегува во состав на пудрите како атхезивна компонента


(се прилепува на кожата).

Калциум фосфат Ca3(PO4)2 во вода не се раствара.


Се применува во пастите за заби, бидејќи има фини ситни честички.

2.5.4 Магнезиум Mg е елемент од II група на периодниот систем и во


неговите соединенија е позитивно двовалентен Mg2+.

Магнезиум оксид MgO е бел растресит прав, без


мирис, со слабо алкален вкус. Во вода тешко или
воопшто не се раствора.

Во козметиката се применува во пастите за заби,


како абразив и како средство за полирање.

Во помали количини се употребува во пудрите,


како атхезивна компонента.

Слика 24. Магнезиум оксид

Магнезиум карбонат MgCO3 е лесен, растресит прав без мирис, не е


растворлив во вода.

Се наоѓа во две форми, како лесен (со многу ситни честички) и тежок (со
поголеми).

Лесната форма се применува при изработка на пудрите.

Магнезиум стеарат заедно со калциум стеаратот се применува во сите


видови пудри, како атхезивно средство, со оптимална концентрација од 5%.

36
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Во состав на солите за капење влегуваат натриум карбонат, натриум хидроген


карбонат и натриум хлорид.

Во пастите за заби се користат натриум флуорид, калциум карбонат,


магнезиум оксид и калциум фосфат.

Во пудрите лице се применуваат калциум карбонат, магнезиум карбонат,


магнезиум оксид и калциум и магнезиум стеаратите.

Во хемиските депилатори се употребуваат калциум хидроксид и калциум


сулфид.

Во антисебороичните козметички производи се користи како антисептик и


адстригенс натриум тетраборатот.

За дезинфекција на видливи слузокожи се користи 0,5% раствор на калиум


перманганат.

¾ Обиди се да ја пополниш следнава табела:

Производ во кој се соединенија на натриум, својства и дејство на


применуваат соединенијата калиум, калциум и магнезиум соединенијата

Соли за капење

Пудри за лице

Пасти за заби

Дезинфициенс на
слузокожа

Антисебореичен
козметички производ

Хемиски депилатори

37
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

2.6 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА НА БАРИУМ, ЦИНК И ЖИВА ВО


КОЗМЕТИКАТА

2.6.1 Бариумот Ba елемент од II група на периодниот систем и е позитивно


двовалентен Ba2+.

Претставува силен клеточен отров, па затоа неговите растворливи


соединенија не смеат да се применуваат во козметички производи, во кои може да
дојде до негова ресорпција.

Единствено бариум сулфидот (BaS) се употребува во хемиските


депилатори.

Бариум сулфат BaSO4 е фин бел прашок, без мирис и вкус. Практично е
нерастворлив во вода.
Во медицината се користи како контрастно средство, при снимање на
слузокожата на дигестивниот тракт.

Во светската козметологија се применува како многу ценета суровина за


изработка на пудри за лице.
Со оглед на отровноста на бариумот, нашите законски прописи ја
забрануваат нивната примена за козметички цели.

2.6.2 Цинкот Zn е метал кој заедно со живата спаѓа во II подгрупа на


периодниот систем. Во природата не се наоѓа слободен, туку во вид на
соединенија, во кои секогаш е позитивно двовалентен Zn2+.

Цинк оксидот ZnO претставува бел,


аморфен прав, нерастворлив во вода. Во
медицината најчесто се применува во вид на
паста, кај кожни промени што се одликуваат со
јака секреција. Оваа паста делува како јак
апсорбенс (впива) и овозможува побрзо
исушување на раните.

Во комбинација со железо(II) оксид (FeO)


претставува медицинска боја, која се вика
каламин и има боја на човековото тело.

Слика 25. Каламин

38
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Во козметиката цинк оксидот влегува како


компонента во сите видови пудри, како покривно средство.
Концентрацијата на цинкот не смее да е поголема
од 5%, бидејќи делува алкално и ја суши кожата.

Исто така има способност да одбива дел од ултра


виолетовите зраци.
Во пудрите има улога на заштитен филтер. Во
поголема концентрација се наоѓа во вечерните тешки
пудри.

Слика 26. Цинк оксид

Цинк стеарат наоѓа примена во пудрите како атхезивно средство. Може да


се применува како стабилизатор на суспензии.

Цинк сулфат ZnSO4 е растворливо соединение на цинкот. Се применува


во производите со антисептичко дејство, најчесто лосиони и тоници за лице.

2.6.3 Соединенија на живата Hg наоѓале примена уште од најстарите


времиња.

Денес се знае дека живата внесена во организмот


на човекот е еден од најјаките отрови и нејзината
примена е минимална за строго одредени цели.

Во светската козметичка индустрија живините


соединенија се применуваат во рамките на специјални
козметички производи т.е. козметички лекови.
Слика 27. Жива

Токсичноста се состои од следното: доколку се ресорбира, живата дејствува


како силен општ отров.
На површината на кожата дејствува така што може да го уништи
регенеративниот слој на епидермисот и на тој начин да доведе до трајно
оштетување. Кожата станува тенка и проѕирна, со брчки кои одат во сите правци и
потсетуваат на ситно плетена мрежа.

Жива(II) хлорид HgCl2 е растворливо соединение. Наоѓа примена во


медицината како дезинфекциско средство во концентрација од 1%.
Во козметичко-медицинските производи живините соединенија се користат
за белење на кожата.
Се претпоставува дека живата навлегува во епидермисот и ја спречува
зголемената синтеза на пигментот меланин со што се намалува
хиперпигментацијата на кожата.

39
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Бариум сулфат е ценета суровина за изработка на пудри за лице.

Цинк оксидот е јак апсорбенс на секрети, а во пудрите има покривно дејство и


УВ UV филтерфилтер,

Цинк стеаратот во пудрите има атхезивно дејство,

Живините соединенија се користат во производите за белење на кожата.

2.7 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА НА СРЕБРО, АЛУМИНИУМ, АЗОТ


И СУЛФУР ВО КОЗМЕТИКАТА

2.7.1 Од соединенијата на среброто Ag најголемо козметичко значење има


сребро нитратот AgNO3.
Тој претставува лушпест кристал со карактеристичен сјај и лесно се
раствора во вода.

Примената во медицината му се заснова на


неговото адстригентно дејство, што значи дека го
собира ткивото на површината на кожата.

Во козметиката се применува како


компонента во металните бои за коса, од пепелно
сива до црна боја.
Се применува како компонента за оцрнување
на веѓи и трепки, во дозволена концентрација од
4%.

Слика 28. Сребрен нитрат

2.7.2 Алуминиумот Al е елемент од III група на периодниот систем. Тој е


сребренобел, сјаен и мек метал. Реагира со киселини и бази, што значи дека има
амфотерни својства. Неговите соединенија многу се користат во козметиката.

Главната примена на алуминиумот е поради неговото адстригентно дејство


(ги затвара порите и ја затегнува површината на кожата). Покрај тоа Al-јонот има
антисептичко дејство.

Солите на Al во вода се раствораат и добиените водени раствори


реагираат слабо кисело. Соединенијата на Al се применуваат во различни
козметички производи, особено во тониците, лосионите, дезодорансите и
антиперспирантите.

40
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Алуминиум хидроксид Al(OH)3 претставува фин бел прав, во вода


нерастворлив. Во одреден однос со водата гради гел кој се применува како
стабилизатор на суспензиите.
Влегува во состав на пудрите како благ адстригенс.

Алуминиум хлорид AlCl3 во


дезодорансите се применува како 23%
раствор.
Има антисептичко дејство, бидејќи
ги уништува бактериите, а исто и
адстригентно дејство, бидејќи го спречува
лачењето на потните жлезди.

Најповолен ефект има Алуминиум хидроксихлорид Al2(OH)5Cl, бидејќи


тука Al е врзан комплексно, не иритира и неговите раствори реагираат неутрално.
Затоа се применува во лосиони со тонизирачки ефект.

Неговата голема примена како антиперспирант се должи на pH вредноста,


која во 6% раствор изнесува 4,3.

Алуминиумови стипси се двовалентни сулфати, со кристален карактер,


растворливи во вода.

Се применуваат како компоненти во производите за бричење, за


спречување на крвавењето, во лосионите и пудрите за нега на тело, во
концентрација од 2-5% и во производите против потење на нозете.

2.7.3 Сулфурот S е типичен неметал. Во промет се наоѓа во неколку


облика.

Во козметологијата се употребуваат
сулфурот добиен со сублимација, како најчист;
сулфурот добиен со таложење и сулфур во
колоидна состојба (се применува во масти и пудри
за лекување на кожни болести).

Сулфурот има лимон жолта боја, во вид на


прав кој не се раствора во вода. Слабо се
раствора во алкохол и бензин.
Поради ова својство, при изработка на козметички
производи мора да му се додаде алкохол или
средство за навлажнување. Слика 29. Кристали од сулфур

41
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Сулфурот добиен со таложење е реактивен елемент и гради соединенија,


меѓу кои сулфиди, кои наоѓаат примена во хемиските депилатори.

Сулфурот не е индиферентен и има активно дејство на кожата, па поради


тоа е лековита супстанција, за отстранување естетски недостатоци.
Се применува во цела низа медицински, фунгицидни и козметички
производи за сите видови себореи на кожата, егземи, псоријаза, алопеција и др.

Сулфурните козметички производи се сметаат како најдобри за лекување


на акнозни кожи.
Како јак апсорбенс површно делува одмастувачки и чистечки.

Многу е тешко да се изработат сулфурни суспензии каде тој ќе го изрази


своето оптимално, позитивно дејство. Пред секоја примена на сулфурните
козметички производи потребна е тест проба, бидејќи сулфурот може да
предизвика контактен дерматит или други промени кај кожата.

Во концентрација од 2-5% сулфурот дејствува како кератопластик т.е. ја


поттикнува кожата на регенерација и ја подобрува циркулацијата на крв во кожата.

Во концентрација од 10-30% сулфурот е кератолитик т.е. ги отстранува


изумрените епителни клетки (го омекнува кератинот во кожата).

2.7.4 Азотот N2 е гас кој во воздухот се наоѓа 78% слободен. Во природата


се наоѓа во цела низа органски и неоргански соединенија, како нитрати, нитрити,
белковини и др.

Азотот е гас без боја, мирис и


поминува во течна состојба на -194°C.

Течниот азот има голема козметичка


примена. Се употребува во криотерапијата за
отстранување на брадавици, плуски и како
средство за пилинг.

Тоа значи дека предизвикува фино и


површинско лупење на површинските слоеви
на епидермисот.

Дејството на течниот азот се базира на


неговиот физички ефект.

Слика 30. Течен азот

42
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Амонијак NH3 е гас без боја, со карактеристичен надразлив мирис.

Во вода се раствора давајќи база амониум хидроксид NH4OH. Тоа е слаба


база која на обична температура испарува, давајќи карактеристичен мирис на
амонијак.

Предност на оваа база над натриум хидроксидот е во тоа што после


хидролизата нема изразена алкална реакција, но непријатнииот мирис на
амонијак, кој со време испарува е причина што има слаба примена во
козметологијата.

Амониум карбонат (NH4)2CO3 е сол што дава уште послаба алкална


реакција од базата, па затоа се применува во фризерските производи за
ондулирање на косата.

Неговата задача е да обезбеди алкална реакција неопходна за трајно


виткање на косата.

Сребро нитратот има адстригентно дејство т.е. ја затега кожата и ги затвора


порите.

Соединенијата на алуминиум се применуваат во тониците, лосионите,


дезодорансите и антиперспирантите, поради адстригентното и
антисептичкото дејство.

Сулфурот се применува во лековитите производи за себороична и акнозна


кожа, бидејќи делува одмастувачки и чистечки, но може да биде и
кератолитик.

Течниот азот има голема козметичка примена за криотерапија и пилинг.

¾ Претстави ги табеларно соединенијата на цинк, жива, алуминиум,


сулфур и азот и прикажи го нивното козмето-терапевтско дејство и
примена во козметичките производи. Следи го примерот во табелата!

соединение (елемент) дејство примена

Течен азот (N2) Разслузува клетки Пилинг, криотерапија

Цинк оксид (ZnO) 1. Апсорбенс 1. Цинкова паста


2. Покривна супстанција 2. Пудри за лице
и UV филтер

43
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

2 Со совладување на овие 3 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Разликува особини и употреба на алкалните и
земноалкалните метали, нивните соли и
други неоргански соединенија во козметичките производи
2
Поважни поими:

Антисептичко својство
Адстригентно својство
Абразивно дејство
Атхезивно дејство
Пуфер
Стабилизатор
Инхибитор
Антиперспиранс
Криотерапија
Антисебореично дејство
Кератопластик
Кератолитик

2.8 НЕОРГАНСКИ КИСЕЛИНИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

2.8.1 Борна киселина H3BO3 (Acidum boricum)

Борот B е неметал кој со вода дава многу слаба


киселина.

Основна карактеристика на сите елементи од III


група на периодниот систем е амфотерниот карактер, што
значи дека јоните на овие елементи можат да се
однесуваат како киселини и како бази. Слика 31. Бор

44
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Како ќе се однесуваат во дадениот момент зависи од реакцијата на


средината во која се наоѓаат. Во присуство на бази се однесуваат како киселини и
обратно.

Борот во природата се наоѓа во своите соединенија и сите растворливи


соединенија на борот се јаки отрови. Ако се внесуваат во ваков облик во
организмот ќе предизвикаат труење.

Боровите соединенија нанесени на здрава кожа немаат никакво штетно


дејство.
Од соединенијата на борот во козметиката и медицината се користат
борната киселина и натриум тетраборатот.

Борната киселина е слаба киселина која се наоѓа во облик на бел,


кристален прав, нерастворлив во ладна, а растворлив во топла вода. Најдобро се
раствора во раствор на глицерин со вода во однос 1:3.

Се користи како 3% раствор за дезинфекција на кожа и слузокожа.


Во козметологијата се применува како антисептичка и тонизирачка
супстанција во некои лосиони, во талкови за тело, а поретко во т.н. борна крема.

2.9 НЕОРГАНСКИ БАЗИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

2.9.1 Натриум хидроксид NaOH е познат како жива сода или каустична
сода. Растворлив е во вода и алкохол.

Во трговијата се наоѓа во вид на ситни бели кристали со особина да


привлекуваат вода. Има способност да го врзува и јаглеродниот диоксид од
воздухот, при што поминува во натриум карбонат.

Бидејќи е јака база дејствува каустично и во допир со кожата предизвикува


рани.
Основната примена на натриум хидроксидот е во изработката на
медицински сапуни.

Порано се користел за изработка на кремите, но денес се избегнува бидејќи


неговите соединенија даваат алкална реакција.
Во кремите има задача да реагира со масните киселини и да гради сапун кој
има улога на емулгатор.

Производите добиени од натриум хидроксидот, во прв ред сапуните,


никогаш не се употребуваат сами, туку во комбинација со калиум хидроксид.

45
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

2.9.2 Калиум хидроксид KOH се наоѓа во вид на бели кристали или во


прав. Во водата лесно се раствора и реагира силно алкално.

Растворот е течен, со жолта боја, со карактеристичен мирис на ленено


семе.
Основна примена има за изработка на
калиумовиот сапун.

Се применува за дезинфекција и чистење.


Во комбинација со натриум хидроксидот се
применува за изработка на медицински сапуни.

Слика 32. Кристали од калиум хидроксид

Калиум хидроксидот се применува за изработка на кремите како емулгатор,


но денес се избегнува поради алкалната реакција.

Борната киселина се користи како 3% раствор за дезинфекција на кожа и


слузокожа и во некои лосиони.

Примена на натриум хидроксидот е во изработка на медицински сапуни.

Во кремите има задача да реагира со масните киселини и да гради сапун, кој


има улога на емулгатор.

Калиум хидроксидот се употребува за изработка на калиумовиот сапун, за


дезинфекција и чистење, а во кремите како емулгатор.

2.10 КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРИМЕНА НА ОКСИДИТЕ ВО


КОЗМЕТИКАТА

Претходно веќе споменавме некои оксиди како што се цинк оксидот и


магнезиум оксидот. Тука ќе се запознаеме со други два оксида, кои се
применуваат во изработка на козметичките производи.

2.10.1 Титан диоксид TiO2

Титанот Ti е метал кој спаѓа во IV б подгрупа од периодниот систем.


Титан диоксидот претставува интензивно бел, растресит прав,
нерастворлив во вода.

Поради фините честици се вбројува во неорганските бели пигменти.

46
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Заедно со цинк оксидот се применуваат како покривни компоненти и


одбивачи на УВ-зраците во пудрите и тешката шминка, во која спаѓа
телевизиската, театарската и ноќната шминка.

Се смета дека покривната моќ му е 5 пати поголема од цинк оксидот.

Освен тоа, поради својата интензивно бела


боја може да служи како средство за корекција на
бојата на производите.

Титан диоксидот е добар УВ-филтер, но


поради видливо белата боја што ја остава на
кожата, неговата улога во производите за сончање
не е оправдана.
Во заштитните козметички производи од
сончеви зраци може да се искористи само
најситниот прав на титан диоксид.

Слика.33 Прав од титан диоксид

2.10.2 Јаглероден диоксид CO2

Јаглеродот C е елемент од IV група на периодниот систем. Тој влегува во


составот на сите органски соединенија. Во овие соединенија гради
ковалентни врски од кои потекнуваат основните физичко-хемиски карактеристики.
Тој е елемент многу распространет во природата и во зависност од
структурата на врските може да се најде во различни облици.

Може да се најде како чист јаглерод во облик на драг камен (дијамант), во


облик на графит, но најголем дел во природните наоѓалишта се застапени
неговите соединенија.

Чистиот јаглерод се применува во прашкаста состојба, било како црна боја


за боење на трепките и веѓите или во различни козметички производи како
апсорбенс.

Од неорганските соединенија најчесто се


употребува јаглерод диоксидот.
Во козметички цели се применува во
смрзната состојба.

Смрзнатиот CO2 се добива со третирање


на гасот CO2 на температура од -180°С. Се чува во
специјални челични боци, под константен
притисок.
Слика 34. Криотерапија со смрзнат CO2

47
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Во замрзната состојба дејствува како механичка дразба, што овозможува


побрза и поинтензивна размена на материите.

Смрзнатиот CO2 се применува во криотерапијата за лекување на израстоци


на кожата и како средство за пилинг.

Гасовитиот CO2 спаѓа во ретките материи кои имаат способност добро да


навлегувааат низ кожата. Дејствува надразнувачки на крвните садови и ја
подобрува циркулацијата на крвта. Со тоа обезбедува интензивен метаболизам и
подобра исхрана на кожата.

Како таков се применува како средство за освежување на телото, во со


лите за капење.

Титан диоксидот се применува како покривна компонента во пудрите и


тешката шминка.

Чистиот јаглерод се применува како црна боја за боење на трепките и веѓите


или во различни козметички производи како апсорбенс.

Смрзнатиот CO2 се применува во криотерапијата и како средство за пилинг.

Гасовитиот CO2 се применува како средство за освежување на телото, во


солите за капење.

2.11 КАРАКТЕРИСТИКИ И УПОТРЕБА НА ПЕРОКСИДИТЕ КАКО


КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

2.11.1 Водороден пероксид H2O2 (хидроген) настанува со директно


соединување на водород и кислород.

Во природата се наоѓа во мал процент слободен,


а повеќе врзан во различни органски и неоргански
соединенија.

Водородниот пероксид е бистра, безбојна


течност, без вкус и мирис. Во допир со кожата и
слузокожата нагризува во различна мерка.

Слика 35. Водороден пероксид

48
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Во зависност од концентрацијата остава бела трага што по кратко време


исчезнува.

Во продажба се наоѓа во различна концентрација од 3-30% и повеќе.


Овие високи концентрации не се аплицираат на кожата, бидејќи дејствува
разорувачки.

Во козметички цели хидрогенот се применува во различна концентрација


сметајќи ја за максимална, онаа што без последици се нанесува на кожата (12%).

Водородниот пероксид како дезинфекционо средство се користи во облик


на 3% раствор.

Својства на хидрогенот се следниве:


Тој е нестабилно соединение, кое под дејство на светлината, воздухот и
високата температура се распаѓа на вода и атомарен кислород.

H2O2 H2O + O

Атомарниот кислород во таков облик


дејствува како силно оксидационо средство т.е.
антисептик, кој служи за испирање и
дезинфекција на рани.

Во допир со рани H2O2 брзо се разградува


под дејство на ферментот од ткивото (каталаза),
при што се јавува пена како последица на
ослободениот кислород.
Слика 36. Водороден пероксид 6%

Заради нестабилноста му се додаваат органски киселини во мали количини.


Се чува на темно и ладно место, не се изложува на високи температури и на
воздух. Садовите во кои е пакуван треба да се специјално затворени, бидејќи под
притисок атомарниот кислород може да придонесе да излета затворачот и
потполно да се разложи хидрогенот.

Ако сакаме да го продолжиме дејството на хидрогенот, тогаш тој се дава во


вид на препарат што е цврсто органски врзан, а при апликација постепено се
ослободува.

Примената на H2O2 во козметиката е разновидна.

Се користи за обезбојување на влакната како 1% раствор на хидроген. Тој


не дава задоволувачки резултати, бидејќи по извесно време влакното повторно се
обојува.
При боење на косата се користи максимум 9-12% хидроген, а може и 15%.

49
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Хидрогенот влегува во состав на производите за нега на кожата кога е


потребно да се зголеми циркулацијата на крвта т.е. да ја освежи кожата
(пероксидни маски).

Како 3% раствор се применува за третирање на акнозна кожа.


Овој раствор се користи и за чистење на вапазон апаратот (за парење на
лицето).

2.11.2 Магнезиум пероксид MgO2 е бел прав, без


мирис и вкус, нерастворлив во вода. По своите својства е
сличен на магнезиум оксидот.
Со додавање на мали количини органски или
неоргански киселини, се распаѓа, ослободувајќи при тоа
атомарен кислород (О).

Магнезиум пероксидот се применува во пастите за


заби, каде покрај абразивното и полирачкото дејство,
предизвикува белење на забите и дејствува антисептично.

Има примена во маските за избелување на кожата, а


заради антисептичното дејство се аплицира на инфицирана
кожа. Бидејќи кислородот навлегува низ кожата, тој го
забрзува метаболизмот во кожата и има примена во маски
за подобрување на циркулацијата.

Слика 37. Магнезиум пероксид

2.11.3 Бензоил пероксид

Овој пероксид е уште еден пример за примената на овие соединенија во


козметички цели.
Највисока концентрација во производите му е 4%.

Има антисептично и апсорбирачко дејство поради кое се користи во


геловите и кремите за третирање на акни. Исто така има примена во маските за
третман на акнозна кожа и за избелување на дамки на кожата.

Слика 38. Крема со бензоил пероксид

50
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Водородниот пеоксид - хидроген е нестабилно соединение, кое се распаѓа на


вода и атомарен кислород.

Атомарниот кислород делува како јако оксидационо средство т.е. антисептик,


кој служи за испирање и дезинфекција на рани.

Хидрогенот се користи во производите за нега на кожата за подобрување на


циркулацијата на крвта (пероксидни маски), при боење на косата, за чистење
на акнозна кожа и вапазон апаратот.

Магнезиум пероксид се користи во пастите за заби, каде покрај абразивното и


полирачкото дејство, предизвикува белење на забите и во маски за
подобрување на циркулацијата.

Бензоил пероксид има примена и во производи за третман на акнозна кожа и


за избелување на дамки на кожата.

2 Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Толкува особини и употреба на
неорганските киселини, бази,
оксиди и пероксиди во козметиката 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Кои се физичко-хемиските својства на борната киселина и каква


примена има во козметиката?
2. Каква козметичка примена има натриум хидроксидот?
3. Каква улога има калиумовиот сапун во кремите?
4. Поради кои својства титан диоксидот има примена во пудрите?
5. Каква примена има чистиот јаглерод во козметиката?
6. Објасни ја примената на смрзнатиот CO2 во криотерапијата!
7. На кој начин е вклучен гасовитиот CO2 во солите за капење?
8. Зошто водородниот пероксид има примена како антисептичко
средство?
9. Каде и со какви концентрации се применува хидрогенот во
козметиката?
10. Каква е козметичката примена на магнезиум пероксидот, а каква на
бензоил пероксидот?

51
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 2 НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Поважни поими:

Амфотерен карактер
Дезинфекционо својство
Тонизирачко дејство
Избелувачко дејство
Пероксидни маски
UV-филтер
Криотерапија

52
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 3: ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО


КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

По изучување на оваа модуларна единица, ученикот ќе може да:

¾ објаснува својства, дејство и примена на нижите масни киселини (оцетна,


винска, млечна, лимонска) во козметиката;
¾ опишува својства, дејство и примена на вишите масни киселини;
¾ разликува својства и примена на церотинската киселина и витаминот F;
¾ споредува својства, дејство и примена на ароматичните киселини;
¾ толкува значење на својствата на органските бази при изработка на
козметичките производи;
¾ опишува својства и примена на Површинско Активни Материи во
козметичките производи;
¾ објаснува својства, дејство и примена на јаглеводородните липогели во
козметиката;
¾ опишува својства, дејство и примена на монохидроксилните алкохоли;
¾ толкува значење на својства и дејството на полихидроксилните алкохоли
како хумектанси;
¾ разликува својства и примена на ароматичните алкохоли;
¾ опишува својства и примена на вишите масни ациклични алкохоли во
козметичките производи;
¾ објаснува својства и примена на алдехидите и кетоните во козметиката,
¾ опишува својства, дејство и примена на протеините и колагените во
козметиката;
¾ објаснува својства и примена на скробните брашна;
¾ разликува својства на целулозата и нејзините деривати кои се
применуваат во козметиката;
¾ толкува значење на својствата на муцилагинозните материи;
¾ опишува својства и примена на смолите и балзамите во козметиката;
¾ разликува својства и улога на конзервансите и антиоксидансите во
козметичките производи;
¾ толкува својства и значење на органските бои и пигменти, како додатни
компоненти во козметичките производи.

53
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

54
4
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

III ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ


ПРОИЗВОДИ

Најчеста примена во козметичките производи имаат органските соединенија


со кислород. Тие се познати како деривати на јаглеводородите (CH). Меѓусебе се
разликуваат по функционалните групи кои се врзани за некој радикал (R). Тука се
вбројуваат различни алкохоли, органски киселини, алдехиди, кетони, различни
естери итн.

За да се согледа разликата меѓу овие соединенија, во прилог е дадена


табела.

Табела 1. Видови на кислородни деривати на јаглеводородите

Вид на органско Функционална Општа Завршеток во пример


соединение група формула името на
соединението
Алкохол Хидроксилна R-OH -ол Етанол
(монохидроксилен) - OH C2H5OH

Алдехид Алдехидна R-COH -ал Метанал


- COH (формалдехид)
HCOH

Кетон Кето R-CO-R -он Ацетон


- CO - CH3COCH3

Органска киселина Карбоксилна R-COOH -ска Етанска


- COOH (Оцетна)
киселина
CH3COOH

Естер Естерска R-CОO-R -оат CH3COОCH3


- COO - метил етаноат
(метил естер на
етанска киселина)

55
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.1 НИЖИ МАСНИ КИСЕЛИНИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Масни киселини се нарекуваат заради тоа што се изолирани од природните


масти и масла. Тие немаат физичко-хемиски својства на масти и не припаѓаат во
нивната група. Во зависност од бројот на С атомите можат да бидат нижи и виши.

Нижите масни киселини можат да имаат врзано на карбоксилната (-COOH)


група и хидроксилна (-OH) група и тие се познати како алфа хидрокси киселини
(AHA).
Овие киселини уште се нарекуваат овошни
киселини.

Основното дејство на овошните киселини на


кожата е лупењето на рожестиот слој. На тој начин
ги отвораат и чистат порите на кожата, а може да ја
подобрат и акнозната кожа.
Високи концентрации на овошните киселини
делуваат стимулирачки на синтезата на колаген и
еластин.
Слика 39. Овошни киселини

3.1.1 Оцетна киселина СН3СООН или етанска киселина. Во концентрирана


состојба е позната како глацијална.

Се применува во разни тоници и лосиони во концентрација од 4%.


Има основна задача да ја врати природната рН вредност на кожата.

Сите нижи органски киселини имаат


адстригентно дејство и дејство на белење на
кожата. Од тука произлегува нивната голема
примена во маските, особено во маските од
свежо овошје и зеленчук.

Слика 40. Производи со овошни киселини

Производите со мала концентрација на нижите киселини многу се


применуваат во фризерските производи.
Некои производи со оцетна киселина се употребуваат за таложење на
калциумови и магнезиумови соли при миење на косата со тврда вода.

3.1.2 Со најмала молекулска маса од овошните киселини е гликолната


киселина, која најлесно продира во кожата. Многу добро ја навлажнува кожата.

56
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Против брчки се додава 5-10% гликолна киселина, а носач е лосион или


гел. На осетлива кожа вакви козметички производи се нанесуваат само еднаш
дневно.

За сува и набрчкана кожа се применуваат креми, лосиони и гелови со 5-


8%, ретко со 12% овошни киселини.

3.1.3 Винска киселина во трговијата се наоѓа во вид на бели кристали


добро растворливи во вода.

Претставува компонента во фризерските производи за неутрализација на


базите при боење и трајно виткање на косата.

Покрај тоа, винската киселина редовно ја има во солите за капење, каде


што има задача да ја омекне водата од една страна, а од друга страна да
предизвика шумлив ефект при распаѓање на карбонатите (при што се ослободува
СО2).

3.1.3 Млечна и лимонска киселина во козметиката се применуваат како


антисептици и конзерванси.
Ги има во производите со слабо тонизирачко и антисептичко дејство.

Покрај тоа имаат примена како средства за белење на кожата, кисели маски
за лице, средства за регенерирање или обновување на оптималниата рН
вредност на кожата.

Во хидратизирачки производи за сува и набрчкана кожа се вбројуваат и


лосионите со 10% уреа и млечна киселина.

Нижите масни киселини во повисоки концентрации дејствуваат нагризувачки


на кожата!

Нижите органски киселини имаат адстригентно дејство и дејство на белење на


кожата, а се применуваат и во фризерските производи.

Хидрокси киселините или овошни киселини имаат огромна примена како


средства за пилинг и навлажнувачки средства.

Винската киселина редовно ја содржат солите за капење.

Млечна и лимонска киселина се применуваат во производите со тонизирачко


и антисептичко дејство.

57
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.2 ВИШИ МАСНИ КИСЕЛИНИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Основна карактеристика на вишите масни киселини е нивната релативна


молекулска тежина. На обична температура се цврсти материи со исклучок на
незаситените масни киселини. По своите својства битно се разликуваат од нижите
масни киселини.

Вишите масни киселини се нормални компоненти на кожните масти.


Нанесени на кожата оставаат матен слој, кој не остава чувство на масност и
сјајност.
Затоа најмногу се користат во производите за дневна нега на кожата.

3.2.1 Стеаринската киселина претставува една од основните козметички


суровини. Во природата се наоѓа врзана во животинските и растителните масла.

Стеаринската киселина колку е почиста и со помалку примеси толку има


постојана, бела боја.

При нанесување на кожата стеаринската киселина не остава масно чувство,


туку сув и матен слој. Затоа се применува за изработка на козметички производи
за дневна нега на кожата т.е. стеаратски креми.

Слика 41. Стеаринска киселина Слика 42. Стеаратска крема

Се применува во кремите како суровина која служи за добивање на


сапунски емулгатори, непосредно во текот на изработка на препаратот.

3.2.2 Палмитинската киселина секогаш ја следи и има слични својства со


стеаринската киселина.

Оваа киселина дејствува на конзистенцијата и бојата на козметичкиот


производ. Се разликува по тоа што дава поцврсти производи со жолтеникава боја.

3.2.3 Миристинската и лауринската киселина ги има највеќе во


кокосовото масло.

58
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Се применуваат во комбинација со другите киселини за изработка на


најфини тоалетни сапуни, бидејќи имаат способност да создаваат фина и обилна
пена.

3.2.4 Олеинската киселина се добива од растителните и животинските


масти и масла.

Претставува жолта течност без или со слаб остар


мирис.

Се одликува со добри пенетрациони својства, па затоа


во 1% концентрација се применува во производите за
отстранување шминка и во киселите креми. Недостаток е што
брзо се ужегнува.

Слика 43. Олеинска киселина

Вишите масни киселини се нормални компоненти на кожните масти.

Стеаринската киселина не дава чувство на маснотија и затоа се применува во


козметички производи за дневна нега на кожата т.е. стеаратски креми.

Палмитинската киселина дава поцврсти козметички производи со


жолтеникава боја.

Миристинската и лауринската киселина создаваат фина и обилна пена во


тоалетните сапуни.

Олеинската киселина се применува во производите за вадење шминка и во


киселите креми.

Истражувај!

Користејќи интернет обиди се да пронајдеш рецептура за изработка на


стеаратска дневна крема!

59
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.3 ВОСОЧНИ И ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

Восочните киселини имаат многу долг јаглероден ланец и висока


температура на топење, како и голема стабилност. Се наоѓаат во слободна и
врзана состојба во восоците од растително и животинско потекло.
Во состав восоците имаат дејство на емулгатори.

3.3.1 Церотинската киселина се наоѓа во cera


alba (пчелен восок) како слободна од 14-17% и се
користи како компонента за изработка на т.н. cold -
разладувачки креми.

Слика 44. Разладувачка (cold) крема

3.3.2 Витаминот F претставува смеса на три есенцијални (незаменливи)


незаситени масни киселини (линолна, линоленска и арахидонска).

Сите овие киселини се добиваат исклучиво од растително потекло (никулци


на житариците, ленот, оревовото масло) и ги има и во црниот дроб.

Овие три киселини влегуваат во состав на мастите од кои се изградени


клеточните мембрани на живиот организам и се користат за нивна изработка.
Имаат улога на биокатализатори. Се додаваат во производите против егземи,
опаѓање на косата, кршливост на ноктите.

Освен тоа кај кожата ја зголемуваат одбранбената способност, ја


зголемуваат непропустливоста и еластичноста на кожата.

Неправилно дозирање во козметичките производи кај многу луѓе


доведуваат до осетливост на кожата!
Тоа се објаснува со пречекорување на оптималната доза за поединец;
иритативното дејство на конзервансите и продуктите на оксидација.

Церотинската киселина се користи како компонента за изработка на т.н. cold-


разладувачки креми.

Витаминот F е смеса на три есенцијални незаситени масни киселини линолна,


линоленска и арахидонска.

Витаминот F се додава во производите против егземи, опаѓање на косата,


кршливост на ноктите.

60
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.4 АРОМАТИЧНИ КИСЕЛИНИ ВО КОЗМЕТИКАТА

Ароматичните киселини во природата се наоѓаат во слободна и врзана


состојба во разни растителни суровини, а најчесто во смоли, катрани, балзами и
етерични масла.

3.4.1 Салицилната киселина е во вид на бели игличести кристали без


мирис, со слатко-кисел, остар вкус. Во жешка вода се раствора, а со ладење
кристализира од неа.

Има антисептично и
антиферментативно дејство.
Во козметиката во помали
концентрации дејствува како адстригенс,
во поголеми концентрации како
кератолитик.
На слузокожата предизвикува
црвенило, а нејзините соли се
применуваат за заштита од штетните УВ
зраци.
Слика 45. Салицилна киселина (од бела врба)

Поради овие својства се применува во лосионите, тониците, производите за


заштита од сонце и антиперспирантните козметички производи.
Во водено-алкохолните лосиони во концентрација од 0,5-1,5% служи како
кератолитик.

3.4.2 Бензоевата киселина е слична на салицилната киселина.


Ја има во бензоевата смола.

Нерастворлива е во вода, а со додаток на


алкалии се раствора.

Има силно дејство на конзерванс.


Дејствува антисептично, антиферментативно и
антимикотично. За разлика од салицилната
киселина нема кератолитичко дејство.

Слика 46. Бензоева киселина

Се применува во цела низа козметички производи како што се тоници,


лосиони за лице, пасти и води за уста, па дури и креми. Може да биде антисептик,
коригенс на pH вредноста и адстригенс. Има значење и во парфимериската
индустрија.

61
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.5 ОРГАНСКИ БАЗИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Аминобазите како органски бази се применуваат во козметиката.


Најупотребувана органска база е Триетаноламин (ТЕА).

ТЕА е безбојна, вискозна течност, хигроскопна и на


100°C почнува лесно да испарува. Се раствора во вода и
алкохол.
На температура над 80°C почнува да се
разградува.

Со вишите масни киселини гради амино сапуни,


кои имаат широка примена како емулгатори во разни
козметички производи.
Во масла добро се раствораат и кога таквите
раствори ќе се измешаат со вода, емулзијата настанува
спонтано.
Слика 47. Триетаноламин ТЕА

Емулзиите стабилизирани со ТЕА сапуните се многу стабилни и имаат


поволна рН вредност (околу 8), за разлика од емулгаторите на алкалните сапуни.

Салицилната киселина дејствува како адстригенс, а во поголеми


концентрации како кератолитик.

Се применува во лосионите, тониците, производите за заштита од сонце и


антиперспирантите.

Бензоевата киселина има изразено конзервациско дејство и се применува во


тоници, лосиони за лице, пасти и води за уста.

Најупотребувана органска база е Триетаноламин ТЕА, која гради амино сапуни


како емулгатори.

Истражувај!

Користејќи интернет обиди се да дознаеш каква примена има


салицилната киселина во козметички производи за отстранување на
недостатоци на стапалата!

62
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

2 Со совладување на овие 5 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Поврзува примена на органските киселини
и бази во козметиката, според нивните
својства и дејство. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Какви својства поседуваат нижите масни киселини и каде се


применуваат во козметиката?
2. Кои се овошни киселини и која е нивната примена?
3. Зошто се значајни вишите масни киселини за козметичка примена и
кои претставници се најзастапени во козметичките производи?
4. Какви својства и примена има церотинската киселина во козметиката?
5. Кои есенцијални масни киселини го сочинуваат витаминот F и каде се
применуваат?
6. Спореди ги својствата и примената на ароматичните киселини
салицилна и бензоева!
7. Објасни ги својствата и козметичката примена на органската база
триетаноламин!

Поважни поими:

Нагризувачко дејство
Есенцијални масни киселини
Сензибилност
Кератолитичко дејство
Рубифациентно дејство
Антиферментативно дејство
Антимикотично дејство
Конзервирачко дејство

63
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.6 ПОВРШИНСКО АКТИВНИ МАТЕРИИ (ПАМ) ВО СОСТАВ НА


КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Површинско Активните Материи влегуваат во состав на голем број


козметички производи. Повеќето козметички производи се изработуваат од
суровини кои меѓусебе не се мешаат (пр.: масло и вода).
Ако во чаша вода додадеме масло, тие нема да се помешаат, а ако
механички со матење ги помешаме, после кратко време маслото и водата ќе се
одвојат. За да се овозможи мешање на двете фази се додаваат ПАМ.
Тоа се органски соединенија кои имаат способност да го намалат
површинскиот напон на течностите во кои се раствораат и да овозможат добра
хомогенизација и стабилизација на смесата.

Површински напон е сила која се јавува на


површината на течностите и не дозволува ширење на
течноста по површината. Молекулите на ПАМ се
составени од два дела: хидрофилен и хидрофобен. Со
хидрофилниот дел се раствора во вода, а со
хидрофобниот (одбива водата) се ориентира кон
маслото. На тој начин ја хомогенизира смесата.

ПАМ се користат како: емулгатори во кремите и лосионите, средства за


перење (ги отстрануваат нечистотиите во сапуните, шампоните и пастите за заби),
средства за пенење (обезбедуваат пена во пените за бричење), средства за
навлажнување (обезбедуваат препаратот добро да се нанесе на површината),
солубилизатори (при изработка на парфеми, колонски води, лосиони и во сите
козметички производи каде нерастворливите супстанции треба да се преведат во
растворливи).

Од природните ПАМ најчесто употребувани се пектински материи, слузни,


лецитин, протеини, виши масни алкохоли и др.

ПАМ се делат на анјонски, катјонски, нејонски и амфотерни ПАМ, кои можат


да се компонираат со другите супстанции во производите и да се мешаат
меѓусебно.

3.6.1 Анјонските ПАМ се оние каде активниот дел во вода, негативно е


наелектризиран.

Најупотребувани се натриумовиот, калиумовиот и амониумовиот сапун и


тоа како средства за перење и одржување лична хигиена.
Имаат улога на емулгатори за емулзиите М-В. Заради алкалната реакција
се применуваат во производи за бричење.

64
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.6.2 Од катјонските ПАМ најпознат е асепсолот.


Има силни бактерицидни, антисептички својства, а како 10% раствор се
користи за испирање на косата.

Катјонските ПАМ се додаваат во киселите креми.


Способноста за апсорпција им дава својство на кондиционирање, па затоа
се додаваат во шампоните, течните сапуни, лосионите за коса, дезодорансите.

3.6.3 Од амфотерните ПАМ се применуваат муцилагинозните материи,


протеините и фосфолипидите, кои имаат емулгаторски својства (соја лецитин,
лецитин од жолчка од јајце), протеини (желатин, казеин).
Највеќе се користат за изработка на шампони.

Слика 48. Соја лецитин


Слика 49. Tween емулгатори за М-В

3.6.4 Нејонските ПАМ може да бидат емулгатори, солубилизатори,


навлажнувачки, пенечки средства и друго.

Од нив се користат ланолинскиот алкохол и холестеролот како добри


емулгатори за емулзии од типот В-М.

3.6.5 Од синтетичките ПАМ се користат т.н. Arlacel. Се применуваат како


емулгатори за емулзии М-В.

Најупотребувани емулгатори се дериватите на сорбитан т.н. spen-ови за


емулзии В-М.
Етерифицираните spen-ови се нарекуваат tween-ови, како емулгатори за
емулзии М-В.

Површинско активните материи (ПАМ) го намалуваат површинскиот напон,


овозможуваат добра хомогенизација и стабилизација на смесата.

Површински напон е сила која се јавува на површината на течностите.

ПАМ се користат како: емулгатори, средства за перење, средства за пенење,


средства за навлажнување, солубилизатори.

Поделени се на анјонски, катјонски, амфотерни, нејонски и синтетички ПАМ.

65
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.7 ЈАГЛЕВОДОРОДНИ ЛИПОГЕЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА

Јаглеводородните липогели по хемиски состав припаѓаат на групата


парафини, со општа формула СnН2n+2. Името парафини го добиле заради
хемиската инертност. Нижите членови се гасови, средните се течности, а вишите
се цврсти материи.

Козметичка примена имаат парафините кои имаат С-атоми од 20-35, со тоа


што до 29 С атоми се течни, а натаму се цврсти материи. Се добиваат со
дестилација на суровата нафта.

Заеднички особини на јаглеводородните липогели се:


c неограничено стабилни соединенија, поради инертноста,
c компатибилни се со сите козметички суровини,
c дерматолошки се индиферентни, под услов да се пречистени,
c многу се хидрофобни и
c во вода не се раствораат.

Затоа липогелите потполно ги замениле растителните и животинските


масти, масла и восоци и се многу поевтини од природните.

3.7.1 Претставник од минералните масла е течен парафин. Тој е


хидрофобна, бистра, безбојна течност, со помал или поголем вискозитет. Со вода
и етанол не се меша, а со масните масла се меша.

Се применува за изработка на лековити масни подлоги со исклучиво


површинско дејство. Во козметиката се користи за чистечки креми, лосиони за
чистење, спортски заштитни креми, масажни креми, црвила за усни и др.
Во црвилата за усни се додава до 5%, за да им дава сјај.

3.7.2 Од минералните масти претставник е белиот вазелин, по


конзистенција е сличен на свинската маст, но со пожилава структура.

Тој се добива со пречистување на


жолтиот вазелин. Во црвилата за усни дава
сјај и има емолиентно дејство.

Во козметиката најчесто се применува


пречистен вазелин (без кристали) т.н.
Астролат-вазелин. Со мешање на 30%
астролат и 70% течен парафин се добива
многу чист вазелин, со светложолта боја.
Слика 50. Вазелин

66
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.7.3 Од минералните восоци се користи цврстиот парафин, што на


обична температура е цврст, со температура на топење меѓу 50 и 70°C. Има бела
боја, без мирис, сличен е на восокот.

Во помали концентрации се додава на


козметичките производи за подобрување на
конзистенцијата. Најмногу се користи за
парафински маски.

Сите восоци по хемиски состав се


слични, но се разликуваат во внатрешната
структура на молекулите.
Во производите служат како масна
фаза која им дава конзистенција на истите.

Слика 51. Цврст парафин

3.7.4 Освен цврстиот парафин важни претставници се озокеритот, кој се


добива од природна руда во близина на нафтата и церезинот, кој се добива со
пречистување на озокеритот.

Озокеритот има голема примена во црвила за усни заради доброто мешање


со маслата. Церезинот има својство добро да се зацврснува после ладење на
масата при изработка на црвила за усни.

3.7.5 Јаглеводородните липогели имаат извесни недостатоци.

Утврдено е дека кај лица кои подолго време вдишуваат нивни пареи,
доаѓа до оболување познато под името melanosis toxica, кое се манифестира со
хиперпигментација на кожата.

Ако се користат во поголеми концентрации може да ја одмастат кожата,


бидејќи одлично ги раствораат кожните масти. На неа оставаат непријатно
чувство на маснотија и тешко се отстрануваат.

Бидејќи немаат никаква хемиска сличност со кожната маст не можат да ја


негуваат кожата.

Тие не навлегуваат низ кожата и создаваат непропустлив филм. Така се


отежнува размената на материи низ кожата, што доведува до проширување на
порите и надуен изглед.

Затоа јаглеводородните липогели се користат во изработката на


козметички производи кои имаат за цел чистење на кожата и заштита од
надворешни фактори.

67
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Јаглеводородните липогели се: стабилни, хидрофобни, компатибилни


соединенија.

Течниот парафин се користи за изработка на чистечки креми, лосиони за


чистење, спортски заштитни креми, масажни креми и црвила за усни.

Белиот вазелин се додава во црвилата за усни како емолиенс.

Цврстиот парафин се применува во парафинската маска.

Озокеритот и церезинот се додаваат во црвилата за усни за подобрување на


конзистенцијата.

Засилено вдишување на пареите доведува до хиперпигментација, а зголемна


употреба до проширување на порите.

Истражувај!

Користејќи интернет обиди се да дознаеш какво својство покажува


уреата во состав на козметичките производи!

2 Со совладување на овие 2 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Објаснува својства, дејство и примена на ПАМ и
јаглеводородните липогели во козметиката. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Што се површинско активни материи (ПАМ) и какво е нивното дејство?


2. Како се поделени ПАМ и во што се разликуваат?
3. Каква козметичка примена имаат ПАМ?
4. Што се јаглеводородни липогели и кои се нивните заеднички својства?
5. Кои се претставници на минералните масти, масла и восоци и каква
козметичка примена имаат?
6. Каде се применуваат во козметиката озокеритот и церезинот?
7. Кои недостатоци ги пројавува неправилната примена на
јаглеводородните липогели?

68
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Поважни поими:

Површинско активни материи


Навлажнувачко дејство
Емолиентно дејство
Пенечки средства
Згуснувачи
Јаглеводородни липогели-парафини
Парафински пареи

3.8 МОНОХИДРОКСИЛНИ АЛКОХОЛИ ВО КОЗМЕТИЧКАТА И


ПАРФИМЕРИСКАТА ДЕЈНОСТ

Алкохолите се соединенија кои спрема бројот на хидроксилните (-ОН)


групи можат да бидат монохидроксилни и полихидроксилни.

3.8 1 Етанол C2H5OH е бистра, безбојна течност со карактеристичен мирис


и специфична тежина помала од водата.
Температурата на вриење му е 78°C. Се добива со ферментација (вриење)
на гроздов шеќер.

Во продажба етанолот се наоѓа во неколку концентрации и тоа како:


апсолутен алкохол со 96%, алкохол со 90% и разблажен (Spiritus dilutus) во која
било концентрација.

Слика 52. 90% етанол

Минималната концентрација на алкохолот во која тој ги покажува неговите


својства е 18%.
Основната примена на етанолот е како дезинфекционо средство.
Најсилно дезинфекционо својство има во концентрација од 75%.

69
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Дезинфицира на тој начин што врши таложење на белковините на местото


на апликација, така што ја одзема водата од нив.
За да настане таложење на белковините тие треба да бидат меки, за што е
потребно присуство на вода.
Поради тоа етанолот се применува разреден и оптималната дезинфекциска
концентрација му е 75%.

Може да се применува во
концентрации од 17-90%, во зависност од
видот на козметичкиот производ.
Етанолот е основна компонента во
лосионите за дезинфекција на мрсна и
инфицирана кожа.
Слика 53. Производи со етанол

Влегува во состав на производите за заштита од инсекти, служи како


растворувач на етеричните масла во парфемите и тоалетните води, го има во
дезодорансите, а во ниски концентрации се користи во тониците и кремите за нега
на кожата.

Заради големата примена треба да бидеме претпазливи бидејќи алкохолот


ја одмастува и дехидрира кожата. Затоа е важно правилно да е дозиран!

3.8.2 Изопропанол C3H7OH е бистра, безбојна течност со карактеристичен


мирис. На обична температура испарува, а пареите му се запаливи. Со вода се
меша само во одредени односи.

Во козметологијата се применува како растворувач на смоли и слични


суровини. Во концентрирана состојба е погоден за изработка на лакови за коса и
слични козметички производи.

Во останатите козметички производи може да го замени етанолот, поради


тоа што е поевтин и има извесни бактерицидни и фунгицидни својства.
Споредбено, изопропанолот како 55% раствор одговара на 70% етанол, што
е предност. Сепак, непријатниот мирис, бара прекривање заради примена во
козметичките производи.

Истражувај!

Обиди се да пронајдеш рецептури на козметички производи за чија


изработка се употребува етанол. Размисли зошто за различни
производи се применува различна концентрација на етанолот?

70
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.9 ПОЛИХИДРОКСИЛНИ АЛКОХОЛИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ


ПРОИЗВОДИ

Во оваа група алкохоли спаѓаат пропилен гликолот, сорбитолот и


глицеролот. Сите овие полихидроксилни алкохоли на обична температура се
бистри, безбојни течности, без мирис, а со сладок, карактеристичен вкус. Имаат
поголема специфична тежина од водата.

Во козметиката како суровини имаат многу голема примена. Познати се


уште како навлажнувачки (хидратациони) средства или хумектанси.

Најважно заедничко својство им е да ја привлекуваат вода и на кожата да ѝ


даваат чувство на влажност и мекост (емолиентен ефект). Заради ова се
употребуваат во хидратантните креми.

Во другите козметички производи имаат улога на средства за


навлажнување (алкохолни и безалкохолни лосиони, тоници, пасти за заби).

Се применуваат како стабилизатори на суспензиите, така што ја


зголемуваат вискозноста и густината на надворешната течна фаза од тие
козметички производи.

3.9.1 Глицеролот е тровалентен алкохол, во вид на густ сируп.

Во чиста состојба ја надразнува кожата и


предизвикува чувство на жарење. Во разредена
состојба, спротивно на тоа, ја смирува
надразнетата кожа и го намалува сушењето на
кожата.

Се применува како средство за нега на суви


и испукани раце, во комбинација со вода, во размер
3:7, со додаток на амониум хидроксид.

Слика 54. Глицерол

3.9.2 Пропилен гликолот е безбојна течност без мирис. Освен како


навлажнувачко средство се користи и за растворање на етерични масла.

3.9.3 Сорбитолот е сличен на шеќерот, па затоа се применува во облик на


сируп. Поголема примена имаат естерите на сорбитолот. Тие претставуваат
основна или додатна компонента во кремите со различна намена.

71
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

При примена на хумектансите, важно е во која концентрација се


применуваат.
Доколку се надмине оптималната
концентрација на хумектансите може да доведе
до спротивен ефект т.е. до исушување на
кожата (ја привлекуваат водата од длабоките
слоеви на кожата)!!!

Во поголеми концентрации дејствуваат


иритирачки на кожата. Се смета дека
максималната оптимална концентрација е до
10%, а може да се примени и само ¼ од тоа.
Глицеролот се применува до 10%,
пропилен гликолот од 2-4%, а сорбитолот до 5%.
Слика 55. Пропилен гликол

Најсилно дезинфекционо својство етанолот има во концентрација од 75%,


како основна компонента во лосионите за дезинфекција на мрсна и
инфицирана кожа.

Етанолот е компонента во производите за заштита од инсекти, растворувач на


етеричните масла во парфемите и тоалетните води, во дезодорансите,
тониците и кремите за нега на кожата.

Полихидроксилните алкохоли се применуваат како навлажнувачки средства,


хидратациони средства или хумектанси.

Глицеролот се применува максимум до 10%, пропилен гликолот од 2-4%, а


сорбитолот до 5%.

3.10 АРОМАТИЧНИ АЛКОХОЛИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Ароматични алкохоли или феноли се хидроксилно супституирани


деривати на бензолот.
За сите феноли важи следново: во ниски концентрации дејствуваат
антисептички, во поголеми бактерицидно, а во уште поголеми каустично–
разорувачки. Сите феноли дејствуваат антипаразитарно, фунгицидно и како
средства кои сузбиваат чувство на јадеж.
Многу од нив дејствуваат кератолитички, дезодорирачки итн.

3.10.1 Тимол се добива од мајчина душица. На обична температура е


цврста, кристална, бела, проѕирна супстанција, со ароматичен лут вкус и мириса
карактеристично продорно. Во вода не се раствора, а во алкохол лесно се
раствора.

72
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Тимолот има 20 пати посилно антисептичко дејство


од фенолот и помалку е токсичен. Тој е изразен
антипаразитик и благ кератолитик.
Поради пријатниот мирис има широка примена во
козметиката и дерматологијата.

Во облик на 1% раствор се применува во


производите за измивање на усната шуплина како
антисептик, дезодоранс и освежувач.

Слика 56. Раствор на тимол

Во 4% концентрација се применува во мастите за лечење на acnae vulgaris,


- акни и psoriasis - псоријаза. Влегува во состав на водите за уста, пастите за заби,
парфемите.

3.10.2 Резорцинол има најголема примена. Делува


како антисептик (2% конц.), антипаразитик, а во поголеми
концентрации како кератолитик (20% конц.).

Влегува во состав на тоници за масна кожа,


козметички производи за лекување на првут во косата.

Сите феноли делуваат антипаразитарно, фунгицидно и како средства кои


сузбиваат чувство на јадеж.

1% раствор на тимол се применува во производите за измивање на усната


шуплина како антисептик, дезодоранс и освежувачко средство.

Тимолот во 4% концентрација се применува во мастите за лечење на акни и


псоријаза.

Резорцинол има најголема примена, како антисептик (2% конц.),


антипаразитик, а во поголеми концентрации (20% конц.) како кератолитик.

3.11 ВИШИ МАСНИ АЦИКЛИЧНИ АЛКОХОЛИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ


СУРОВИНИ

Овие алкохоли во молекулата имаат голем број (јаглеводородни) С-атоми


од 10-30 и повеќе. Затоа се нарекуваат виши, а масни се викаат бидејќи се
изолирани од растителни и животински масти, масла и восоци.

Заеднички особини на вишите масни ациклични алкохоли се: во вода се


раствораат; добро се мешаат со природни масти и масла; многу се стабилни; на

73
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

обична температура се цврсти, со исклучок на олеил алкохол, кој е течен поради


присуство на незаситени врски во молекулата.
Се користат за изработка на лековити масти, бидејќи добро навлегуваат во
кожата, а не појавуваат чувство на маснотија како мастите и маслата; дејствуваат
како одлични емолиенси т.е. кожата ја прават мека и фина.

Затоа се користат во многу козметички производи кои имаат својство да ја


негуваат кожата.
Бидејќи се цврсти супстанции, тие се додаваат во козметичките производи
оптимално до 2%. Во поголеми концентрации можат да доведат до грутчење на
препаратот.

Од природните материјали се наоѓаат најчесто во пчелиниот восок,


карнауба восокот, ланолинот и цетацеумот (китова маст). Претставници се:

3.11.1 Олеил алкохол на обична температура е течен.


Претставува одличен емолиенс и пенетрационо средство. Недостаток му е
релативната нестабилност, заради незаситените врски.

3.11.2 Стеарил алкохол има висока температура на топење околу 80°C,


стабилност и емолиентни својства. Се додава во козметички производи каде што
треба да се постигне цврста конзистенција (пр: црвила за усни).

Недостаток е што после одредено време многу зацврснуваат.


За таа цел се додава лецитин, како емулгатор и средство за измазнување
на производот.

3.11.3 Цетил алкохол на обична температура е цврста, бела супстанција,


без мирис. Најчесто се добива од цетацеумот, каде што е врзан со палмитинската
киселина. Се раствара во етанолот, хлороформот и слични растворувачи.

Во фармацијата има примена како масна подлога. Слични својства имаат и


вишите масни алкохоли: палмитил, миристил, лаурил алкохол.

Во козметологијата се применува при изработка на


креми, стикови за усни и др. Кожата под дејство на цетил
алкохолот станува мека.
Овој алкохол има примена во изработката на колд-
кремите.

Во црвилата за усни се додава во мали количини,


за да ја диспергира бојата, да им даде сјај и мекост на
усните.
Може да се комбинира со вазелинот и таквата
смеса е доста стабилна.
Слика 57. Цетил алкохол

74
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.12 АЛДЕХИДИ И КЕТОНИ ВО КОЗМЕТИКАТА

3.12.1 Алдехиди се соединенија со (-СНО) алдехидна


група.
Формалдехид (метанал) НСНО е гас со остар мирис, со
точка на вриење -19°C, лесно растворлив во вода.
Формалин е 30-40% раствор на формалдехидот.
Има бактерицидно дејство и се употребува како
дезинфекционо средство за нега на стапалата и за
дезинфекција на приборот за работа.

Формалдехидот има својство да го зацврстува кератинот.


Поради тоа се додава во производите за зацврстување на
ноктите.

Некои виши алдехиди се користат при производство на


парфеми (роза, јасмин, Chanel No.5).
Слика 58. Формалин

3.12.2 Кетони се карбонилни соединенија како алдехидите, но со таа


разлика што карбонилната –СО- група кај кетоните е врзана за два исти или
различни јаглеродни остатоци.

Поважен претставник на кетоните е ацетонот (пропанон) СН3-СО-СН3.


Тој претставува безбојна, лесно испарлива течност,
со температура на вриење 56°C.

Има карактеристичен пријатен мирис и сладок


вкус. Растворлив е во вода во секаков однос, а самиот
претставува растворувач на голем број органски и
неоргански соединенија.

Има примена при желатинирање на


нитроцелулозата (во лаковите за нокти) и при многу
други синтези.

Бидејќи ја суши ноктената плочка задолжително се комбинира со други


кетони.
Слично на алдехидите и кетоните учествуваат при изработка на некои
парфеми (Мошус Dolce Gabbana).

Од групата на кетони можеме да ги спомнеме и бензофеноните, кои


претставуваат ароматични кетони. Тие се применуваат како UV филтри. Тешко се
раствораат во козметички производи.

75
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Вишите масни ациклични алкохоли добро навлегуваат во кожата, не даваат


непријатно чувство на маснотија, дејствуваат како одлични емолиенси.

Стеарил алкохол се додава во црвилата за усни за да се постигне цврстина.

Цетил алкохол се применува при изработка на креми, стикови за усни, црвила


за усни (дава сјај и мекост на усните).

Ацетонот наоѓа широка примена како растворувач и при желатинирање на


нитроцелулозата.

Некои алдехиди и кетони учествуваат во изработка на парфемите.

Бензофеноните се применуваат кко UV филтри.

2 Со совладување на овие 5 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Објаснува својства, дејство и примена
на алкохолите, алдехидите и кетоните
во изработката на козметички производи. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Во какви концентрации може да се применува етанолот во


козметиката и за кои цели?
2. Кои својства на изопропанолот се важни и која е неговата
козметичка примена?
3. Какви својства покажуваат полихидроксилните алкохоли и како ги
нарекуваат?
4. Кои се максималните дозволени концентрации на примена на
хумектансите и што ќе се случи ако се пречекорат?
5. Кои се зедничките својства на ароматичните алкохоли?
6. Наведи ја примената на тимолот и резорцинолот во козметиката!
7. Поради кои својства вишите масни ациклични алкохоли се
применуваат во козметиката и каде?
8. Кои се сличности, а кои разлики во примена на алдехидите и
кетоните во козметиката?

76
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Поважни поими:

Бактерицидно својство
Фунгицидно својство
Хумектанси
Емолиенси
Средство за подобрување на пенетрација
Антипаразитик
Каустично дејство

3.13 ПРОТЕИНИ И КОЛАГЕНИ ВО СОСТАВ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ


ПРОИЗВОДИ

Различните протеини од животинско потекло ја подобруваат состојбата на


кожата, косата и ноктите. Најупотребувани се склеропротеините: колаген, еластин
и кератин.

3.13.1 Колагенот е сложена белковина која се наоѓа во природата или се


добива по синтетски пат во хемиските лаборатории.

Според физичките својства, колагенот е прашкаста супстанција. Се


раствора во вода, при што формира бел раствор, без мирис, со одредена
хигроскопна способност. Колагенот ја врзува водата во однос 15:85.
термолабилен е над 36°C.

Тој е составен дел на кожата т.е.


влегува во состав на колагените влакна и
ѝ дава на кожата еластичност.
Распоредот на колагените влакна и
способноста да набабрува во присуство
на водата се користи при изработка на
козметички производи (креми и лосиони)
наменети за намалување на видливоста
на кожните брчки.

Слика 59. Колагенски влакна во кожата

Колагенот се користи за изработка на козметички производи кои се


користат после 40-тата година. Тоа се разни козметички креми, млека, лосиони,
маски, ампули, кои ги прикриваат брчките и ја зголемуваат еластичноста на
кожата.

77
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

За длабинско дејство, со инјектирање под кожата се користи прочистен


говедски колаген, кој се применува за прикривање на брчките околу очите, устата
и носот. За ваков третман секогаш е потребно да се прави тест на осетливост, кој
трае 4 седмици.
На цена е природниот колаген добиен од рибина кожа.

3.13.2 Во надворешниот слој на кожата, во орожнетите клетки на епителот


се наоѓа протеинот кератин.

Исто така кератинот е составен дел на


косата, ноктите, волната, роговите, копитата,
пердувите и др. Хемиски е поразличен од
колагенот, бидејќи содржи повеќе сулфур од
аминокиселината цистеин. Во вода не се
раствoра и има голема цврстина.
Кератинот (во течна состојба) има голема
примена во негата на оштетена коса.
Слика 60. Кератинска маска за коса

3.13.3 Други протеини кои се применуваат во козметиката се: серицинот


кој се добива од свилената бубачка и правот од јапонската свила. Се користи во
пудрите, лаковите за нокти и црвилата за усни. Има примена и во средствата за
нега на кожата и косата.

Сите протеини се врзуваат на кожата и косата. Тие го смалуваат губитокот


на вода од епидермисот. Со врзувањето на косата ги поправаат оштетувањето на
влакната.

3.13.4 Говедскиот албумин има хидратизирачко дејство на кожата и ги


намалува брчките.

3.13.5 Глукопротеините се добиваат од дуоденумот на говедата. Имаат


изразено хидратизирачко дејство и го подобруваат дишењето на кожата. Можат
да се добијат и од млекото, со дејство на сириште врз казеинот.

Слика 61. Структура на кератин

78
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Колагенот е сложена белковина која е составен дел на кожата и ѝ дава на


кожата еластичност.

Колагенот се користи за изработка на козметички производи кои се користат


после 40-тата година, кои ги прикриваат брчките и ја зголемуваат
еластичноста на кожата.

Кератинот (во течна состојба) има голема примена во негата на оштетена коса.

Серицинот се користи во пудрите, лаковите за нокти и црвилата за усни.

Глукопротеините имаат хидратизирачко дејство на кожата.

3.14 СКРОБОВИ И ДРУГИ ПОЛИСАХАРИДИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ


СУРОВИНИ

Скробот и целулозата се најраспространетите претставници на


полисахаридите. Во нивната структура основна молекула е глукозата, која е
застапена n-пати. Се разликуваат по врските помеѓу глукозните остатоци.

За скробот е карактеристично што во топла вода бабри и преминува во


колоидна состојба.

Во козметологијата се применуваат растителните скробови.


Од нив посебно оризовиот скроб има голема покривна моќ и се користи во
пудрите за лице.
Најмногу ја покриваат основата на влакното и на кожата ѝ даваат фин
изглед (изглед на праска).
Освен тоа скробовите се умерени апсорбенси на секретите од кожата.

Денес, скробовите во природна состојба не се применуваат во пудрите,


бидејќи во допир со влага бабрат, а така набабрените зрна даваат нерамен
релјеф на кожата и овозможуваат развој на микроорганизми.

Наместо нив се употребуваат скробови на кои им е одземена моќта на


бабрење (биоскробот).

Скробовите се користат најмногу во маските и тоа: брашно од семе на


горчлив бадем, брашно од дуња и други.

Хијалуронската киселина е мукополисахарид кој се наоѓа во целото тело


во состав на меѓуклеточната желатинозна материја.

79
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Го поттикнува создавањето на колаген и еластин, а во


кожата е застапена и до 50%.

Има многу изразено својство да врзува вода, поради што


се применува во козметиката за да ги забави процесите на
стареење на кожата, посебно поради губење на влагата и
еластичноста.

Во козметичките производи за хидратација на кожата е


незаменлива суровина.

Слика 62. Хијалуронска киселина

3.15 ДЕРИВАТИ НА ЦЕЛУЛОЗАТА КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

Чистата целулоза не се користи во козметиката, туку се применуваат


нејзините деривати.
Како супстанции кои градат филм-превлека на ноктот, во лаковите за
нокти се користат: нитро целулозата, етил целулозата, целулозниот ацетат и
други.

3.15.1 Најквалитетна е нитро целулозата, бидејќи создава цврста, отпорна


превлека која цврсто се припива за ноктот и доста е хидрофобна.

Дериватите на целулозата се користат како врзувачки средства (на


пример: во пастите за заби).

3.15.2 Метил целулозата се раствара во ладна вода, а во жешка вода не


се раствара. Дава неутрални раствори, отпорни на слаби киселини, бази и етанол.

Со додавање на тензиди, шеќери или алкохол се


подобрува бабрењето и растворливоста. Покажува добра
термостабилност.

Бидејќи не е подложена на дејство на


микроорганизми, не се потребни конзерванси при изработка
на пастата за заби со метил целулоза.
Исто така, метил целулозата се употребува во
производите за заштита од органски растворувачи.

Слика 63. Метил целулоза

80
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.15.3 Натриум карбокси метил целулоза (NaCMC) е во предност бидејќи


може да се добие во чиста состојба.

Се раствора во ладна вода, има анјонски својства,


без вкус и мирис, а има добра врзувачка моќ. Образува
кавлитетен гел при pH=6-9.

NaCMC не ја иритира слузокожата на устата и добра


е за изработка на неутрални, слабо кисели и слабо алкални
пасти за заби.

Слика 64. Натриум карбокси метил целулоза

Оризовиот скроб има голема покривна моќ и се користи во пудрите за лице.

Скробовите се умерени апсорбенси на секретите од кожата, се користат


најмногу во маските за лице.

Хијалуронската киселина е незаменлива суровина во козметичките производи


за хидратација на кожата и го поттикнува создавањето на колаген и еластин.

Нитро целулозата се користи во лаковите за нокти бидејќи создава цврста,


отпорна превлека.

Метил целулозата не ја напаѓаат микроорганизми и се користи при изработка


на пастите за заби.

NaCMC не ја иритира слузокожата на устата и добра е за изработка на


неутрални, слабо кисели и слабо алкални пасти за заби.

3.16 МУЦИЛАГИНОЗНИ МАТЕРИИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ


ПРОИЗВОДИ

Муцилагинозните материи се густи, вискозни


течности.
Се добиваат со растворање или екстракција на
природни или полусинтетски колоидни материи, како што се
гумите, слузите, пектините, алгинатите и други.
По хемиски претставуваат природни смеси на
дериватите на јагленохидратите - полисахариди.
Заедничко својство им е што со вода бабрат и
даваат колоидни раствори. Слика 65. Колоиден гел

81
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Примената им се должи на нивните антифлогистички и емолиентни


дејства. Нанесени на кожата формираат слој кој ја штити од надворешни
влијанија.
Во козметологијата најмногу се користат за изработка на емолиентни
маски. Целта им е смирување на надразнетата кожа.
Бидејќи содржат висок % вода и градат заштитен слој, доведуваат до
хидратација на кожата.

Муцилагинозните материи во козметологијата најчесто се применуваат како


составни делови на емолиентните маски кои се продготвуваат непосредно пред
употреба.

3.16.1 Слузите од семките на дуња и лененото семе се применуваат во


производите за нега на рацете, а 2,5% слуз од семето на дуња се користи за
изработка на зацврснувачи за коса.

3.16.2 Арапската гума се добива од некои видови на акација (вид на


багрем). Содржи разгранет полисахарид. Се применува во производите за нега на
кожа во концентрација од 0,5-1,0%, поради емулгирачките својства.

Тука спаѓа и трагакантата која се применува во немасните креми за раце.


Трагант гумата е слузна материја која се добива од стеблата, гранките и
плодовите на Astragalus gummifer. Концентрација од 2% трагант со вода дава
слузеста материја, 2,5-5% пластични гелови, а 10% еластични гелови. Може да се
користи како згуснувач во пастите за заби.

3.16.3 Натриум алгинатот се користи при изработка на течните шампони.


Се добива од алгинската киселина, која е продукт на кафеавите алги. Освен во
шампоните се применува во емолиентните маски, гелови за раце, зацврснувачи за
коса (2,5-6%), за згуснување на пастите за заби (0,5-1,0%).

3.16.4 Желатинот се користи при изработка на производите за заштита од


органски растворувачи. Може да набабри 27 пати повеќе од сопствената тежина.

Желатинот А е добиен со помош на киселини претставува емулгатор во


кисела средина pH=3-6. Желатинот Б се добива со алкалии и се применува како
емулгатор во подрачје на pH=8.

3.16.5 Пектините се хидроколоиди, кои се добиваат од овошни плодови


(јаболко и цитруси). Во концентрација од 5-10% добро гелираат. Имаат
емулгирачки способности, емолиентно дејствуваат на кожата, ја разладуваат и
создаваат заштитен филм.

3.16.6 Карагенот се добива од црвените алги. Во козметичките производи


се нарекува како Irish Moss (иако не потекнува од мовта). Како 3-5% караген дава
густ гел.

82
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Се користат и карагенати, во геловите за нега на кожата, како згуснувачи во


пастите за заби, шампоните и лосионите. Во комбинација со протеините се
додаваат околу 1%, а без нив може до 2%.

3.16.7 Гуар гумата се добива од семето на Cyamopsis tetragonaloba L.

Диспергира во ладна вода, бабри и образува гелови. Гелира 4-8 пати


посилно од скробот. Во концентрација од 0,1-1%
се користи како згуснувач и стабилизатор на
емулзии.

3.16.8 Караја гумата се добива од


стеблата и гранките на дрвото Strerculia urens.
Се применува за изработка на лосиони за
зацврснување фризури, за козметички
производи за нега на кожата.
Слика 66. Гуар (семки и прав)

Муцилагинозните материи со вода бабрат и даваат колоидни раствори со


антифлогистички и емолиентни својства.

Во козметологијата најмногу се користат за изработка на емолиентни маски за


смирување на надразнетата кожа.

Арапската гума се применува во производите за нега на кожа.

Трагакантата се користи како згуснувач во пастите за заби.

Натриум алгинатот се користи при изработка на течните шампони,


емолиентните маски, гелови за раце, зацврснувачи за коса.

Пектините се добри емулгатори, имаат емолиентно дејство на кожата.

Карагенот се користи во геловите за нега на кожата, како згуснувач во пастите


за заби, шампоните и лосионите.

Гуар гумата се користи како згуснувач и стабилизатор на емулзии.

Караја гумата се применува за изработка на лосиони за зацврснување


фризури, за козметички производи за нега на кожата.

2 Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Објаснува својства на протеинските,
скробните, муцилагинозните материи
и дериватите на целулоза при изработка
на козметичките производи. 2

83
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Кои животински протеини влегуваат во состав на кожата, косата и


ноктите?
2. Кои се својствата и примената на колагенот и еластинот во
козметиката, а кои на кератинот и серицинот?
3. Зошто е ограничена примената на растителните скробови во пудрите
за лице?
4. Објасни ја примената на хијалуронската киселина во козметиката!
5. Спореди ги својствата и примената на нитро целулозата и метил
целулозата во козметиката!
6. Со кои својства се одликуваат муцилагинозните материи и каде
најмногу се применуваат во кометиката?
7. Наведи примери за муцилагинозни материи и посочи ја нивната
козметичка примена!

Поважни поими:

Хидрофилност
Хигроскопност
Еластичност на кожата
Муцилагинозни материи
Хидратација
Стабилност/термостабилност

3.17 СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА СМОЛИТЕ ВО КОЗМЕТИКАТА

Смолите и балзамите претставуваат


продукти од растенијата. Тие спонтано течат од
нивните стебла или настануваат како патолошки
продукти при повреда на тие растителни видови.

Слика 67. Смола – продукт на дрвото

84
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Најчесто содржат бензоева, циметна и салицилна киселина и нивни


естери со бензол, камфор и други.
На обична температура претставуваат цврсти продукти - смоли или густи
лепливи течности - балзами, со голема стабилност и широка примена.

Поради лепливоста и сјајот, главната примена им е во индустријата на


разни лепливи материјали, како што се лакови и други ароматични производи.
Бидејќи содржат слободни ароматични киселини, во козметиката
влегуваат во состав на разни антисептични, тонизирачки, адстригентни лосиони,
а во дерматологијата се применуваат за лекување на паразитарни и габични
заболувања.

3.17.1 Бензоевата смола настанува како патолошки продукт на тропското


дрво Styrax (Benzoin).

На обична температура е цврста, крута, кристална супстанција со жолта до


црвено-смеѓа боја. Во вода не се раствора, туку се раствора во концентриран
алкохол. Во нејзиниот состав присутни се бензоевата киселина и нејзините
естери, циметната киселина и ванилата.

Во козметиката се применува како ароматичен антисептик во водите за


уста, лосионите за чистење на кожата и тониците за кожа.

3.17.2 Шелакот претставува смола која се добива со преработка на една


растителна вошка која живее на тропските дрва. Излачениот сок има црвеникава
боја, која со сушење преминува во смолеста материја.

Во својот состав содржи приближно 80% смола, а 8% восок. Се раствора во


алкохол.
Претставува една од главните суровини за изработка на лаковите за коса.

3.17.3 Колофониумот е индиферентна смола која се добива од суров


терпентин (густ смолест сок кој тече од стеблото на боровото дрво). Од суровиот
терпентин еден дел дестилира како терпентинско
масло, а другиот дел е колофониум.

На обична температура е цврста маса со


бледо-жолта боја до смеѓа боја. Со загревање се
топи давајќи течен - леплив производ.

Во козметиката се применува како средство


за механичка депилација.

Слика 68. Колофониум

85
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.18 СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА БАЛЗАМИТЕ ВО КОЗМЕТИКАТА

Балзамите од смолите се разликуваат по тоа што на обична температура


претставуваат густа, темна течност, која никогаш не зацврснува. Се
карактеризираат со пријатен мирис на ванила и чад.
Никогаш не се расипуваат и претставуваат најдобро средство за
конзервирање, во смисла на спречување на ферментативно и бактериско
расипување.

Нивната примена е честа во парфимериската индустрија, во ароматични


козметички производи за растење на коса, испирање на уста, тоници и лосиони за
лице итн.

3.18.1 Перу балзамот е густа темно-смеѓа смола, која се излачува од едно


тропско дрво Myroxylon balsamum од централна Америка. Има мирис на ванила,
со сладок вкус на почетокот, кој станува непријатен. Не се суши, не зацврснува, не
се расипува и не се згуснува.

Поради овие својства претставува антисептичко средство. Се применува


како козмето-терапевтско средство против шуга и егзем пропратен со чешање, во
козметички производи за растење на косата, во води за уста, во парфимериската
индустрија и др.

3.18.2 Толу балзамот се излачува од тропското дрво Myroxylon balsamum


во јужна Америка. Добиената маса има слузест облик, која постепено станува
погуста, леплива, со црвено-кафена боја.

Со подолго стоење се суши, станува цврста, кристална и проѕирна маса,


која може да се иситни во жолт прав. На температура на човековото тело
омекнува. Има пријатен ароматичен мирис на ванила и цимет.
Се применува често во парфимериската индустрија.

Слика 69. Tолу балзам (полутечен и цврст)

86
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Бензоевата смола се применува како ароматичен антисептик во водите за уста,


лосионите за чистење на кожата и тониците за кожа.

Шелакот е една од главните суровини за изработка на лаковите за коса.

Колофониумот се применува во средствата за механичка депилација.

Балзамите не се расипуваат и претставуваат најдобро средство за


конзервирање.

Перу и толу балзамот се применуваат во козметички производи за растење на


косата, во води за уста, во парфимериската индустрија и др.

3.19 КОНЗЕРВАНСИ И АНТИОКСИДАНСИ КАКО ДОДАТНИ


КОМПОНЕНТИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

При производство на козметичките производи се додаваат антимикробни


средства т.н. конзерванси и средства за спречување на оксидацијата т.н.
антиоксиданси.

Многу фактори дејствуваат на стабилноста на козметичките производи:


температурата, хемиската природа, микроорганизмите, нечистотиите, ензимите,
светлината, кислородот, амбалажата.

3.19.1 Најголемиот број производи содржи вода и тоа 90%, која е неопходна
за развој и размножување на микроорганизмите. Тие предизвикуваат хемиски
реакции и промена на физичко-хемиските својства на производот.

Производот може да се инфицира после производството, во процесот на


чување, од амбалажата или за време на примената.
На растот и размножувањето на микроорганизмите влијаат повеќе
надворешни фактори.
Затоа, на заштитата на производот од микроорганизми се обрнува големо
внимание.

Тоа се изведува со додавање на конзерванси,


кои треба да ги задоволуваат следниве услови: да
дејствуваат во мали концентрации врз широк спектар на
микроорганизми; да си одговараат со другите супстанции
во производот; да не ја иритираат кожата; да не зависат
од рН вредноста; да се стабилни на повисока
температура; да се без боја и мирис; да не испаруваат и
да се економични.

Слика 70. Kонзерванс

87
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Најчести конзерванси се естерите на пара амино бензоевата киселина


(ПАБА).
Други примери се: натриум бензоатот, за производи кои се во допир со
слузокожата и кои имаат долготрајно дејство; формалинот и сорбинската
киселина за производи со долготрајно дејство. Трите вида може да се применат и
во производи со краткотрајно дејство.

Сите конзерванси се применуваат во кристална состојба и концентрација


од 0,002-0,5%.
Многу е важно да се знае кои компоненти го намалуваат, а кои го
спречуваат дејството на конзервансот.

Големо значење за активноста на


конзервансот има и pH вредноста на
производот. На пр: за бензоевата,
салицилната и сорбинската киселина pH
вредноста не смее да премине 6,5,
бидејќи веќе стануваат неактивни.

Температурата на чување исто


така може да влијае на стабилноста на
конзервансите.
Слика 71. Натриум бензоат

3.19.2 За спречување на оксидативните процеси на масните компоненти во


козметичките производи, се применуваат средства антиоксиданси.

Причините за оксидација се различни (пр: кислородот од воздухот).


Оксидацијата доведува до токсичност на препаратот и промена на
неговите својства. На оксидација подлежат оние супстанции што содржат
незаситени врски: растителни и животински масти и масла, восоци, незаситени
виши масни киселини и алкохоли, каротени, витамин А, етерични масла.

При изработка на производот треба да се отстранат причините кои


доведуваат до оксидација, пр: присуството на кислород се отстранува со
изработка на производот во инертна атмосфера; рН-вредноста со пуферизирање
и друго.

За да се употреби еден антиоксиданс треба да е физиолошки


индиферентен, да е нетоксичен, да не предизвикува несакани реакции, да е јак и
траен инхибитор на оксидацијата.

За стабилизација на некои масти и масла се користат природни и


синтетски антиоксиданси.

88
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Од природните антиоксиданси важни се:


токоферолот (витамин Е), галната киселина, кои се
наоѓаат во растенијата. Затоа нерафинираните
растителни масла се постабилни од рафинираните.

Синтетички антиоксиданси се естерите на


галната киселина, бутил хидрокситолуол.
На природните антиоксиданси им се додаваат т.н.
синергисти, кои го засилуваат дејството на
антиоксидансите.
Слика 72. Витамин Е

Во козметологијата се користат дозволени антиоксиданси, од кои за сите


типови на производи одговараат алкилгалатите, бутилхидрокситолуол, естерите
на аскорбинската киселина, токоферолот, во концентрации од 0,1 до 0,2%.

За заштита на козметичките производи од микробиолошко расипување се


додаваат конзерванси.

Големо значење за активноста на конзервансот има и pH вредноста на


производот.

Највеќе се применуваат како конзервански натриум бензоатот и сорбинската


киселина.

За спречување на оксидативните процеси на масните компоненти во


козметичките производи, се применуваат средства антиоксиданси.

Природните антиоксиданси важни се: токоферолот (витамин Е) и галната


киселина.

3.20 ОРГАНСКИ БОИ И ПИГМЕНТИ КАКО ДОДАТНИ КОМПОНЕНТИ

Најстроги критериуми во однос на боите и нивната примена во козметичките


производи се поставени за оние производи кои доаѓаат во допир со околината на
очите, другите слузници, кожата и ноктите.

Во втората тема веќе се запознавме со земјените бои (неоргански


пигменти), а во оваа тема ќе се запознаеме со органските бои.

По потекло боите се делат на:

9 природни и
9 синтетички.

89
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

3.20.1 Природните бои добро се поднесуваат, имаат послаб интензитет, па


затоа поретко се употребуваат (освен к`ната).

Во природни бои се вбројуваат: карминот (црвена),


каротините, каротиноидите (жолто-црвена), биксинот
(портокалово-пурпурна), хлорофилот (зелена), бетанин
(црвена).

Слика 73. Хлорофил во прав

3.20.2 Од синтетичките органски бои се користат нитро-бои, азо-бои,


ксантенски бои, индиго-бои.

Еозинските бои (ксантенски) во декоративните производи се применуваат


строго контролирано, бидејќи се токсични.

Синтетичките органски бои растворливи во вода се додаваат во сапуните,


шампоните, пенливите купки, геловите за туширање, водите за уста, лосионите за
бричење и коса, кремите и др. производи. Тие слабо продираат во кожата и не ја
обојуваат.

Синтетичките органски бои растворливи во масти се врзуваат за кожата и


ја обојуваат. Овие бои се додаваат во лаковите за нокти, небришливите црвила за
усни и некои масла.

Слика 74. Органски бои Слика 75. Спектар на бои

90
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Органски обоени пигменти се црнилата од растително и животинско


потекло.

Слика 76. Органска црна боја

Природни бои се карминот (црвена), каротините, каротиноидите (жолто-


црвена), биксинот (портокалово-пурпурна), хлорофилот (зелена), бетанин
(црвена).

Синтетички органски бои се: нитро-бои, азо-бои, ксантенски бои, индиго-бои.

Синтетичките органски бои растворливи во вода се додаваат во сапуните,


шампоните, пенливите купки, геловите за туширање, водите за уста,
лосионите за бричење и коса.

Синтетичките органски бои растворливи во масти се додаваат во лаковите за


нокти, небришливите црвила за усни и некои масла.

Активности!

Пополни ја табелата со посочените суровини како додатни


компоненти!
(витамин C, бетанин, соја лецитин, сорбинска киселина, цинк оксид,
гална киселина, желатин, салицилна киселина, каротин, кармин,
бензоева киселина, амино сапуни)

ПАМ Антиоксиданси Бои и пигменти Конзерванси

91
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 3 ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

2 Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Толкува особини и улога на
додатните компоненти во изработката
на козметичките производи. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Објасни ги својствата на смолите како козметички суровини!


2. Направи разлика во примената на бензоевата смола, шелакот и
колофониумот во козметиката!
3. Кое својство на балзамите е важно за нивната козметичка примена?
4. Дефинирај ги конзервансите и антиоксидансите во козметичките
производи!
5. Од што зависи дејството на конзервансите и антиоксидансите?
6. Наведи некои примери за конзерванси и природни антиоксиданси за
козметичка примена!
7. Кои природни бои се користат во изработката на козметичките
производи?
8. Кои синтетички бои имаат козметичка примена и во кои производи?

Поважни поими:

Механички депилатор
Антиоксиданс
Нитро, азо, индигоидни бои
Органски обоени пигменти

92
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 4: КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ


ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО

По изучување на оваа модуларна единица, ученикот ќе може да:

¾ објаснува поим за природна козметика;


¾ толкува значење на растителните и животинските материи како
козметички суровини;
¾ разликува начини на добивање на природните суровини (екстракција,
мацерација);
¾ оценува важност на сертификацијата на суровините од
природно/органско потекло
¾ објаснува својства и примена на растителните и животинските масти и
масла во козметиката;
¾ опишува својства и примена на растителните и животинските масти и
восоци;
¾ објаснува својства и примена на етеричните масла во козметиката;
¾ толкува својства и примена на витамините и ензимите во козметичките
производи.

93
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

94
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

IV КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО


4.1 ПОИМ ЗА ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА

Под природна козметика се вбројуваат најчесто рачно изработени креми,


сапуни и други козметички производи, кои не содржат синтетички конзерванси и
други синтетички додатни компоненти. Овие производи се базираат на екстракти
на лековити билки, мацерати и ладно пресирани етерични масла. Процесот на
производство е брз и едноставен за да биде производот близок до составот на
изворниот природен материјал.

Голем број на козметички производи на пазарот во својот состав содржат


разни хемикалии и синтетички конзерванси, емулгатори, парабени, силикони, бои,
мириси и др. Овие додатоци често можат да бидат штетни за нашата кожа.

Природните суровини човековото тело ги


прифаќа како свои и не создава антитела или каква
било алергиска реакција. Природната козметика е
погодна за кожа која е чувствителна или алергична
на синтетички конзерванси.
Природната козметика подеднакво може да се
употребува подолг временски период, без штетни
последици. Ваквите козметички производи го следат
биолошкиот ритам на нашата кожа и овозможуваат
хидратација и заштита од надворешните влијанија
во текот на денот, а истовремено ги стимулираат
нејзините регенеративни процеси во текот на ноќта.

Слика 77. Природни суровини


(масло и семе од лен)

При изработка на природен козметички


производ и подлогата секогаш има природно потекло,
заедно со додатните компоненти од природно потекло.
Амбалажата треба да ги запазува еколошките
стандарди.

Слика 78. Амбалажа за козметички производи

Се применуваат природни антибактериски суровини заради конзервирање


на производот и се пакуваат во посебна амбалажа која не дозволува
контаминација.

95
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Оваа козметика не се тестира на животни.


Високиот квалитет на природната козметика се постигнува со користење на
самоникнати растенија во еколошки чисти подрачја или органски одгледувани
растенија, производство на сопствено семе и сеење во одреден период, рачно
жнеење и селекција на материјалот во точно одредено време.

Природните суровини човековото тело ги прифаќа како свои и не создава


антитела или каква било алергиска реакција.

Амбалажата треба да ги запазува еколошките стандарди и да не не дозволува


контаминација.

Природната козметика не се тестира на животни.

Високиот квалитет на природната козметика се постигнува со користење на


самоникнати растенија во еколошки чисти подрачја или органски
одгледувани растенија.

4.2 СВОЈСТВА И ЗНАЧЕЊЕ НА РАСТИТЕЛНИТЕ И


ЖИВОТИНСКИТЕ МАТЕРИИ КАКО КОЗМЕТИЧКИ СУРОВИНИ

4.2.1 Растителните и животинските масти и масла претставуваат естери


на глицеролот и виши масни киселини т.е. триглицериди.
Од масните киселини застапени се стеаринската, палмитинската и олеинската, а
од тоа зависи дали ќе бидат течни масла или цврсти масти.

Во нивниот состав влегуваат


биоактивни материи - витамини D, E, K, A, F.

Претставуваат енергетски материјал, а


во кожата се составен дел на клетките.
Нивните оксидациски производи имаат
иритирачко дејство на кожата и термолабилни
се. Затоа имаат намалена примена во
козметичките производи.

Слика 79. Растителни масла

96
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

4.2.2 За разлика од мастите и маслата, восоците по состав се естери на


виши масни алкохоли и виши масни киселини, а содржат и слободни виши масни
алкохоли и киселини, смоли во траги и мирисни материи.

На обична температура се цврсти


супстанции. Слични се на кожната маст, од
што произлегува нивното физиолошко дејство.

Восоците се користат како емолиенси,


конституенси и суровини за добивање анјонски
емулгатори.

Слика 80. Пчелен восок

4.2.3 Природните мириси можат да бидат од растително и од животинско


потекло.

Се добиваат од т.н. ароматични суровини, кои содржат ароматични масла


(етерични масла).

Етеричните масла се добиваат со


екстракција од ароматичните суровини и
квалитетот им е различен.
Ароматичните суровини освен
етерични масла содржат танини, слузи,
пектини, ензими, витамини и др.
Слика 8.1 Ароматични суровини

4.2.4 Како природни суровини во козметиката се применуваат растителните


и животинските стероли.

Фитостеролите дејствуваат антифлогистички и затоа се додаваат во


производите за нега на кожата после сончање, кремите за сува кожа, црвилата за
усни и други козметички производи.

Од животинските стероли претставник е


холестеролот кој е составен дел на маснотиите во
крвта, жолчката, клетките и ткивата.

Скваленот е интермедиерен производ при


создавањето на холестеролот, кај човекот. Поседува
силно емолиентно дејство и се применува при изработка
на кремите и лосионите, маслата и црвилата за усни.
Слика 82. Сквален од маслинка

97
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Козметичкото значење на стеролите е големо. Се употребуваат како


природни суровини или во чиста состојба.

Стеролите се применуваат во изработка на


т.н. биоактивни креми.

На кожата дејствуваат поволно, бидејќи се


врзуваат со мастите на кожата и ја задржуваат
водата во неа.
Ефектот е премастување и рехидратација на
кожата т.е. емолиентно дејство.
Слика 83. Фитостероли

Растителните и животинските масти и масла содржат и биоактивни материи -


витамини D, E, K, A, F и претставуваат енергетски материјал, а во кожата се
составен дел на клетките.

Восоците се слични на себумот и органолипидите тие се емолиенси и


конституенси.

Природните мириси се добиваат од т.н. ароматични суровини кои содржат


ароматични масла (етерични масла).

Природните стероли дејствуваат антифлогистички и вршат рехидратација.

Скваленот има силно емолиентно дејство и примена во кремите, црвилата за


усни, маслата, лосионите.

4.3 ДОБИВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

4.3.1 Екстракција значи исцрпување или извлекување.


Екстрактивни козметички производи се добиваат со екстракција од
растителни и животински суровини (делови, кои во себе содржат активни лековити
средства: алкалоиди, витамини, хормони, шеќери, пектини, протеини, органски и
неоргански киселини, масти, ензими, смоли.)

Екстракцијата се изведува со растворувачи: вода, воден раствор на етанол,


етер, масла, во зависност од растворливоста на материјата што се екстрахира.

Фактори кои влијаат на брзината на екстракција се: иситнетоста на


суровините, температурата, растворувачот.

98
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Растворувачот се избира добро да ја раствора потребната супстанција, а


најмалку несаканите компоненти.

Најчесто се користи вода или воден раствор на етанол, бидејќи раствораат


најголем број активни материи.

Слика 84. Екстракција Слика 85. Билна тинктура

Видови на екстракција се:

4.3.2 Мацерација е едноставна метода. Суровината се ситни и се прелива


со растворувачот во однос 1:5, на собна температура, во херметички затворен
сад. Се остава да стои 1, 2 до 5 дена, со повремено протресување.
На крај се одвојува екстрактот со декантација или цедење низ газа.
Мацератите не се филтрираат. Во козметиката се користат за добивање на слузи.

4.3.3 Дигестијата се врши на зголемена температура до 50°C (или 90°C).


Дигестијата се употребува за екстракција на цврсти суровини, под услов активните
супстанции да не се термолабилни.
Со овој тип екстракција се добиваат инфузи и декокти.

Инфузите се добиваат со преливање на суровината со вода што врие.


Се екстрахираат меки суровини, со лесно испарливи компоненти.

Инфузите се користат за подготовка на кожата за терапија и за смирувачки


козметички производи после третман.

99
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Декоктите се изработуваат на висока температура од суровини со цврста


структура и имаат термолабилни состојки.

Тинктури се водено-алкохолни разблажени екстракти од растителни


суровини. Тоа се обоени бистри течности, со карактеристичен мирис и вкус на
суровината. Најчесто се компоненти на антисептични и тонизирачки производи.

4.3.5 Екстракцијата на етерични масла со липиди се изведува на


стакленца на кои има восок, а меѓу нив се поставуваат свежите цветови. Потоа се
издвојуваат етеричните масла од восокот.

4.3.4 Еден од начините за добивање ароматични води е дестилација на


ароматичните растенија со помош на водена пареа.
Овој начин се користи во лабораториското производство, бидејќи добиените
ароматични води се применуваат како водени мирисни раствори за подготовка на
други производи (тоалетни води).

Најчесто се применуваат ароматичните води од мајчина душица (aqua


thymi), роза (aqua rosae) и нане (aqua menthae piperitae).

Слика 86. Дестилација со водена пареа

100
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Екстракција значи исцрпување или извлекување од растителни и животински


суровини.

Мацерација е едноставна метода, при што се ситни суровината и се прелива со


растворувачот во однос 1:5.

Дигестијата се употребува за екстракција на цврсти суровини при што


добиваме инфузи, декокти и тинктури.

Дестилација на ароматичните растенија со помош на водена пареа е


најупотребувана метода за добивање на ароматични води.

Етерични масла може да се добијат и со екстракцијата со липиди.

4.4 СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРИРОДНО/ОРГАНСКО ПОТЕКЛО

Примената на природната козметика дава можност да се излезе од рамките


за разбирањето на природата и да се започне со одговорно однесување кон неа.

Постојат строги стандарди за да се добие печат „контролирана природна


козметика“, а истите се однесуваат и на суровините и на нивната обработка.

4.4.1 Знакот „контролирана природна козметика“ може да го добие само


членка на здружението BDIH (Германија) и која ги исполнува зададените барања.
Серификатот BDIH кој се наоѓа на козметичкиот производ е гаранција за
природно потекло, квалитет и нештетност на производот.

4.4.2 Сертификатот Ecocert (Франција) е систем на контрола и гаранција за


потекло и органско производство. Растенијата кои се употребуваат при изработка
на сертифицирана природна козметика се еколошки одгледувани.

101
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Слика 87. Членки – сертификациони тела на COSMOS

Како и кај природната козметика и органската козметика може да содржи


само мал процент на суровини од органско потекло. Но, за да се здобие со
сертификат за органско потекло треба да има значително повисок процент на
суровини од органско потекло.

4.4.3 Други сертификати кои се доказ за органска козметика се COSMOS,


NaTrue и др.
Во COSMOS влегуваат сертификациони тела од повеќе држави, кои имаат
заеднички став и дефиниција за природните и органски козметички производи.
Освен BDIH и ECOCERT, тука спаѓаат COSMEBIO; ICEA; SOIL ASSOCIATION.

Според COSMOS дозволените козметички суровини се поделени во пет


групи: вода, минерали и минерални суровини, физички обработени природни
суровини, хемиски обработени природни суровини и останати суровини (за кои сѐ
уште нема комплетна природна замена).

Недозволена е примената на наноматеријали (освен цинк оксид и титан


диоксид во препаратите за сончање), ГМО суровини, тестирање на животни или
суровини добиени од умрено или болно животно, силикони, полиетилен гликол,
деривати на нафта (липогели), синтетички бои и мириси.

NaTrue ги вреднува производите според


суровините и производниот процес. Овој сертификат
прави разлика помеѓу природна козметика, природна
козметика со најмалку 70% удел на суровини од органско
потекло и биокозметика, која во својот состав содржи
најмалку 95% суровини од органско потекло (или добиени
со контролирано биолошко одгледување или
контролирано собирање на самоникнати растенија).

Слика 88. Логото на NaTrue

102
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Оваа разлика постои бидејќи сѐ уште не е возможно да се добијат сите


суровини за природната козметика од органско потекло. Затоа сѐ повеќе се
стимулира одгледување органски суровини.

Серификатот BDIH е гаранција за природно потекло, квалитет и нештетност на


производот.

Сертификатот Ecocert е систем на контрола и гаранција за потекло и органско


производство.

Во COSMOS влегуваат сертификациони тела од повеќе држави и според него


дозволените козметички суровини се поделени во пет групи.

NaTrue прави разлика помеѓу природна козметика, природна козметика со


најмалку 70% удел на суровини од органско потекло и биокозметика, која во
својот состав содржи најмалку 95% суровини од органско потекло.

2 Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Толкува поим и значење
на природната козметика. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Дефинирај ја природната козметика!


2. Како се постигнува високиот квалитет кај природните козметички
производи?
3. Заради кои својства растителните и животинските масти и масла
имаат големо значење во изработката на козметичките производи?
4. Кои својства на природните восоци имаат значење за нивна
козметичка примена?
5. Какво е значењето на етеричните масла во козметичката индустрија?
6. Кои својства на стеролите се значајни за нивна козметичка примена?
7. Направи споредба на методите за добивање на природните суровини!
8. Кои сертификати го потврдуваат природното/органското потекло на
козметичките суровини?
9. Што не е дозволено според COSMOS, а како е дефинирана природната
и биокозметиката во NaTrue сертификацијата?

103
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Поважни поими:

Природна козметика
Сертификација на суровини
од природно/органско потекло
Екстракција
Дигестија
Инфуза
Декокта
Тинктура
Мацерација

4.5 ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА


РАСТИТЕЛНИТЕ И ЖИВОТИНСКИТЕ МАСТИ И МАСЛА ВО
КОЗМЕТИКАТА

При производство на козметички производи од природно потекло и при


изведување на различни козметички третмани, големо значење имаат
растителните и животинските масла и масти. Тие се познати како основни или
базни масла и ги има во многу голем број.
За козметологијата следните својства на растителните и животинските
масти и масла имаат значење:
z по хемиски состав се слични со
мастите од кожата;
z добро навлегуваат во кожата;
z лесно се размачкуваат и симнуваат
од неа;
z не оставаат многу непријатен сјај;
z одлични емолиенси се и
z слојот што го оставаат на кожата е
испрекинат и не го попречува прометот на
материи.
Слика 89. Базно масло

За некои карактеристични примери ќе ги наведеме својствата и примената


во козметиката.

104
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

4.5.1 Маслиновото масло е жолто-зелена течност. Ова масло е стабилно и


богато е со витамините А и Е. Добро се меша со други растителни масла. Се
применува како основно масло за масажа и како емолиенс во разни козметички
производи.

Слика 90. Маслиново масло Слика 91. Невеново масло

4.5.2 Невеновото масло е многу лековито и се применува за сите типови


на кожа. Ова масло ја регенерира кожата, смирува воспалителни процеси,
забрзува епителизација.

Се добива со мацерација на цветовите на невенот во сончогледово масло.

4.5.3 Бадемовото масло е бледожолто, нерастворливо во вода. Богато е


со протеини и витамин Е, кој претставува природен антиоксиданс. Ги штити
клетките на кожата од оштетувања и од создавање на брчки. Кожата добро го
апсорбира и често се применува во кремите за лице.

Има примена во масажата и како основно масло за мешање со етеричните


масла во аромотерапијата. Во маските за лице помага кај воспалени, оштетени и
набрчкани кожи.

4.5.4 Кантарионовото масло се смета за лековито, бидејќи ги заздравува


раните на кожата, изгорениците и хемороидите. Го поттикнува создавањето на
клетките на кожата и ја регенерира истата.

Има црвена боја, а се добива со мацерација на цветовите на кантарионот


во сончогледово масло.

105
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

4.5.5 Авокадо маслото се добива со


пресирање на плодот авокадо.

Содржи витамини E, B6, C, протеини и


лецитин. Ова масло помага при регенерација
на зрелата и сува кожа, како и на кожните
егзематозни промени.

Слика 92. Авокадо масло

4.5.6 Сусамовото масло има светложолта боја, со пријатен мирис и вкус.


Содржи витамини A, B1, B6 и E. Добра особина на ова масло му е стабилноста
поради содржината на антиоксидансот сезамол. Се применува на сува кожа и кај
проблеми со псоријаза и егземи.

4.5.7 Маслото од ленено семе се добива со пресирање на зрелите,


исушени семки на ленот. Богато е со масни киселини и витамин Е. Најчесто во
него се раствораат етеричните масла, се користи за нега и масажа на лице и тело.
Кожата станува мека и мазна и се спречува губитокот на влага. Со редовна
примена се спречува создавањето на стрии.

4.5.8 Рицинусовото масло се применува во црвилата за усни и


производите за коса. Важно својство му е растворливоста во етанол. Често се
применува за нега на сува и оштетена коса, а се нанесува пред шампонирањето.

4.5.9 Маслото од бршлен се добива како мацерат од листовите на


бршленот во сончогледово масло.

Се применува на кожа подложна на создавање


целулит. Во својот состав содржи сапонини, кои го
забрзуваат разградувањето на целулитот. Осетливата
кожа ја негува, тонизира и ја поттикнува да се
регенерира.

Слика 93. Масло од бршлен

4.5.10 Какао путер (Butyrum Cacao) се добива од семките на какаото. Се


топи на температурата на човековото тело. Има способност да ја задржува
влагата, но дозволува кожата да дише. Поради емолиентните својства и
лизгачките својства се применува во производите за нега на кожата и за заштита
од сонце.

4.5.11 Кокосовото масло се применува како основно масло за масажа. На


собна температура е цврсто, па затоа треба да се загрее. Се користи за сува кожа
и коса.

106
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Слика 94. Кокос Слика 95. Ши путер

4.5.12 Ши путер Shea (Karite) butter е маст добиена од африкански орев.


Има големо заштитно дејство од сончеви зраци и ја хидратизира кожата.

Содржи триглицериди, масни киселини, фитостероли и витамин F. Делот


што не е осапунет придонесува за хидратизирачко дејство.

Се применува во производите за сува кожа, црвилата за усни, маските,


кремите за сончање и производите за испирање на косата.

4.5.13 Маслото од палма содржи висок % на каротен кој е потребен за


нормална функција на кожата. Се користи при изработка на сапуните и добро се
меша со останатите растителни масла. На собна температура е цврсто, па затоа е
потребно да се загрее пред употреба.

4.5.15 Церамидите се сложени сфинголипиди


кои се наоѓаат во површинскиот слој на кожата.
Во составот содржат разни масни киселини,
меѓу кои е линолната киселина. Во сончогледот е
пронајден церамид сличен на оној кај човекот и затоа
се додава во серумите и ампулите против стареење и
брчки (anti-aging).

Слика 96. Церамид крема

4.5.14 Лецитин е сложена маст (фосфолипид) кој е составен дел на


растителните и животинските клеточни мембрани. Во жолчката од јајце е застапен
12%. Многу е хигроскопен и се применува во производите за хидратација на
кожата и косата.

107
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Растителните и животинските масла и масти се познати како базни масла.

Маслиновото масло, бадемовото и кокосовото масло се применуваат за масажа.

Ши путерот и какао путерот се користат во производите за заштита од сонце и


производите за нега.

Рицинусовото масло се додава во црвилата за усни и козметички производи за


оштетена коса.

Невеновото и кантарионовото масло ја регенерираат кожата.

Маслото од бршлен со масажа го разградува целулитот.

Маслото од ленено семе со масажа може да спречи создавање на стрии.

Претстави ги табеларно растителните и животинските масти и масла


со нивното дејство и примена. Следи го примерот во табелата!

Име на суровината Својства/Дејство Примена во козметиката


Невеново масло 9 смирува воспалителни Во козметички производи за
процеси, регенерација и смирување
9 забрзува епителизација на сите типови на кожа

Ши путер 9 заштитно дејство од Во производите за сува


сончеви зраци кожа, црвилата за усни,
9 хидратизира кожа маските, кремите за сончање
и производите за испирање
на косата

4.6 ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА


РАСТИТЕЛНИТЕ И ЖИВОТИНСКИТЕ ВОСОЦИ ВО КОЗМЕТИКАТА

4.6.1 Карнауба восокот се добива од листовите на карнауба палмата т.е.


восочната палма. Има темнокафена боја и пријатен цветен мирис.
Со пречистување се добива восок со светло зелена боја, цврст, без мирис и
вкус, со температура на топење 80-86°С.
Се применува во црвилата за усни.

4.6.2 Канделила восокот е од растително потекло. Се добива со варење


на еден вид мексиканска млечка. Тој е цврста супстанција, со светлокафена боја,
без мирис. Со загревање испушта мирис сличен на бензоева смола.
Има козметичка примена како замена за карнауба или пчелиниот восок.

108
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

4.6.3 Цетацеумот е пречистен восок од черепот на китот.


Претставува смеса на естери, алкохоли и виши масни киселини.
Најмногу содржи цетил палмитат и цетил алкохол.
На обична температура е бела лушпеста кристална маса, со седефест сјај.
На воздух станува жолт. Температурата на топење е 45-52°С.

Во производите се користи како конституенс или емолиенс и не ја иритира


кожата. Заради слободниот цетил алкохол има дејство на ко-емулгатор.

Слика 97. Карнауба восок Слика 98. Цетацеум

4.6.4 Ланолин (cera lanae) се добива со екстракција од овча волна.


Претставува смеса од естери на восочни киселини и алкохоли и слободни восочни
киселини и алкохоли.
Тој е жолто-смеѓа, леплива материја без вкус, а со непријатен мирис, што
претставува недостаток.

Во вода не се раствара, но е многу хидрофилен поради содржината на


холестеролот. Може да задржи 185% на вода.
Кожата ја прави мека и мазна, а под услов да е чист и свеж, не е отровен.
Продукти на екстракција на ланолинот кои се користат во козметиката се:
хидрогенирани, течни ланолини, кои со вода градат емулзии М-В.

4.6.5 Жолтиот и белиот пчелен восок (cera flava et alba) се продукти на


секреција на пчелите.
Хемиски, освен естери и восочни алкохоли содржат околу 20% слободни
восочни киселини, особено церотинска.
Пчелиниот восок се применува за формирање на сапунски емулгатор од
типот боракс-восок во cold (разладувачки) креми.
На собна температура жолтиот пчелен восок е цврст, со темножолта боја,
во вода е нерастворлив, а во етанол и бензин што врие се раствара.
Мириса на мед, а температурата на топење му е 63-64°С.
Со специјална постапка на белење се добива бел восок и служи како
составен дел во разни креми, маслени суспензии и во восочниот депилатор.

109
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Карнауба и канделила восокот се применуваат при изработка на црвила за


усни.

Цетацеумот е конституенс или емолиенс и не ја иритира кожата.

Ланолинот може да задржи 185% на вода, со што кожата ја прави мека и


мазна.

Жолтиот и белиот пчелен восок се применуваат во во разладувачките креми и


восочниот депилатор како пластификатор.

Претстави ги табеларно растителните и животинските восоци со


нивното дејство и примена во козметиката. Следи го примерот во
табелата!

Име на суровината Својства/дејство Примена во козметиката


Карнауба восок 9 емолиенс, конституенс, 9 Во црвила за усни
емулгатор
Пчелен восок 9 формирање на сапунски 9 Во разладувачките
емулгатор (cold) креми
9 пластификатор 9 Во восочен депилатор

4.7 ОСОБИНИ И ПРИМЕНА НА ЕТЕРИЧНИТЕ МАСЛА ВО


КОЗМЕТИКАТА

Зависно од ефектите што ги предизвикуваат, ароматичните суровини од кои


се добиваат етерични масла се делат на: рубифациентни, антисептички и
антифлогистички.

Етеричните масла имаат заеднички својства:

z испаруваат на обична температура;


z во вода се нерастворливи;
z во концентриран етанол се раствораат;
z на обична температура се течности, а
z со снижување на температурата само некои
од нив преминуваат во цврсти.
Слика 99. Етерично масло од портокал

110
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Етеричните масла се најважните (основни) компоненти при изработка и


компонирање на парфемите. Големо значење имаат при изработка на тоалетните
води, каде што се додаваат во многу мал процент. Како додатни компоненти се
среќаваат и во производите за нега на кожата и во декоративната козметика.

Етеричното масло од мајчина душица има силно антисептичко и


антимикробно дејство. Го смирува воспалението на непцата во устата, а се
користи во изработка на пасти за заби и води за уста.

Етеричното масло од чемпрес делува адстригентно, тонизирачки и


антисептично. Спречува прекумерно потење и претставува природен дезодоранс.
Се користи за нега на зрела кожа и го успорува нејзиното стареење. Спречува
пукање на капиларите и крвавење на непцата во устата.

Етеричното масло од елка е важна суровина при изработка на лосионите


за чистење на кожата. Има дезинфекционо дејство кое се применува и во водите
за уста.

Етеричното масло од кората на циметот многу често се користи во


парфимериската индустрија. Има антимикробно дејство, а мирисот му е топол и
интензивен.

Слика 100. Етерично масло од кора на цимет Слика 101. Етерично масло од лаванда

Етеричното масло од лаванда има антисептичко дејство. Покажува видни


резултати при третирање кожни проблеми од типот на акни, ќелавост, мали рани,
изгореници, егземи и дерматитис.
Како етерично масло од средната мирисна нота се применува во изработка
на парфемите за да ги поврзе етеричните масла од горната и базичната мирисна
нота.

Етеричното масло од нане се користи за нега на масна кожа.

Етеричното масло од рузмарин го стимулира лимфниот систем. Се


користи за поттикнување на растот на косата и за нега на мрсна и оштетена коса.

111
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Слика 102. Етерично масло од рузмарин Слика 103. Етерично масло од иланг-иланг

Етеричното масло од иланг-иланг (ylang-ylang) се употребува за


производство на масла за нега на кожата. Има антисептичко дејство, се користи за
смирување на црвенило и воспаленија на кожата.
Има улога во регенерацијата на кожата и ги
намалува брчките.

Етеричното масло од чајно дрво како


антисептик се користи за нега на проблематична
кожа со акни, при инфекции на непцата во устата и
при повреди и изгореници.
Слика 104. Етерично масло од чајно дрво

Етеричното масло од грејпфрут има примена во аромотерапијата. Се


применува при терапии на зголемена телесна тежина и целулит.

Етеричното масло од сандалово дрво се применува за нега на


дехидрирана кожа и при воспалителни процеси.

Етеричното масло од мајчина душица го смирува воспалението на непцата во


устата и се користи во изработка на пасти за заби и води за уста.

Етеричното масло од грејпфрут се користи при терапии на зголемена телесна


тежина и целулт.

Етеричното масло од лаванда има антисептичко дејство при третирање кожни


проблеми од типот на акни, ќелавост, мали рани, изгореници, егземи и
дерматитис.

Етеричното масло од нане се користи за нега на масна кожа.

Етеричното масло од иланг-иланг има примена при регенерацијата на кожата


и ги намалува брчките.

Етеричното масло од чајното дрво како антисептик се користи за нега на


проблематична кожа со акни.

112
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Претстави ги табеларно етеричните масла со нивните својства/дејство


и примена во козметиката. Следи го примерот во табелата. Обиди се
да пронајдеш податоци за повеќе етерични масла.

Име на суровината Својства/дејство Примена во козметиката


Етерично масло 9 антисептичко и 9 пасти за заби и води за уста
од мајчина душица антимикробно дејство
Етерично масло 9 антисептично 9 нега на проблематична
од чајно дрво кожа со акни

4.8 ОСОБИНИ И ПРИМЕНА НА ВИТАМИНИТЕ И ЕНЗИМИТЕ ВО


КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Витамините можат да се применуваат преку соодветни козметички


производи. Строго ограничување на нивна примена нема.

Ензимите (ферменти) во козметологијата најчесто се применуваат како


составен дел на растителните и животинските суровини. Многу обиди за примена
на ензимите во козметичките производи останале неуспешни, особено производот
кој содржи вода или има неповолна pH вредност за тој ензим.

4.8.1 Од групата на хидросолубилни витамини (растворливи во вода) кои


се применуваат во козметологијата, посебно при пореметувањата на функцијата
на коренот на косата, ќе ги споменеме следниве:

Витаминот В6 во концентрација од 0,2% покажува


позитивно, антисебореично дејство.

Витаминот C (аскорбинска киселина) се применува како


додаток во пастите за заби и водите за уста (спречува
парадентоза).

Комбинација од соли на аскорбинската киселина се


користат за избелување на старечките пеги. Може да се
додава на производи осетливи на оксидација.

Слика 105. Производ за миење на лице со витамин C

113
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Метил естерот на никотинската киселина зголемена циркулација на


крвните садови во кожата, па затоа се применува во емолиентните креми за
сенилна кожа.
Висока концентрација на никотинската киселина делува штетно на кожата,
предизвикува чешање, сува кожа, хиперпигментација!

Пантенолот има широк спектар на примена во козметичките производи за


кожа и коса. Дејството му е навлажнувачко и емолиентно, па затоа се додава во
лосиони за кожа и коса, шампони, зацврснувачи за коса. Може да се додава во
производите за остарена кожа и производите за осетлива кожа после сончање.
Како терапевтско средство се додава за зараснување на рани и изгореници.

4.8.2 Од групата на липосолубилни витамини (растворливи во масти) ќе


ги изучиме следниве:
Најголема примена во козметиката има витаминот А (аксерофтал), како
средство за забрзување на епителизацијата на кожата. Витаминот А е
нестабилен, па затоа секогаш се комбинира со витаминот Е (токоферол).

Комбинација од витамин А, Е и бета-каротин (провитамин А), се додаваат за


заштита на кожата од оштетувања.
Витаминот Е како антиоксиданс се додава во производите за заштита од UV
зрачење. Намалува губење на вода и се додава во средствата за после бричење,
лосионите за тело, сапуните, црвилата за усни, маските и др.

Витаминот D3 се додава во козмето-терапевтските производи при појава


на псоријаза на кожата.

Витаминот Н (биотин) е важна компонента во производите со


антисебореично дејство.

Витаминот В1 (тиамин) се додава во козметички производи за лекување на


слузницата на устата и во производите за коса.

Витаминот (цијанкобаламин) В12 се додава во креми при pH=4-7, за


отстранување брчки.

4.8.3 Протеолитичките ензими се додаваат во производите за заби и усна


шуплина, заради забавување на процесот на создавање забен камен. Докажано е
дека декстраназата го спречува настанувањето на кариесот.
Најчесто во маските за лице се користат разни протеолитички ферменти пр:
пепсин, трипсин, панкреатин, кои нанесени на кожата предизвикуваат хидролиза
на орожнетите клетки т.е. благ пилинг.

Наједноставен начин за примена на ензимите се маските од овошје и


зеленчук или нивните сокови, кои се ставаат на кожата во вид на облоги.

114
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

Во плодот на папаја се наоѓа ензимот пептидаза папаин, во ананасот


ендопептидазата бромелин, а во тропскиот фикус се наоѓа фицин.

Слика 106. Папаја ензим (папаин) Слика 107. Ананас ензим (бромелин)

Сокот од банана содржи цела низа на ензими протеаза, липаза, амилаза,


пероксидаза, а лимонот кој е погоден за белење на кожата, содржи естераза и
фосфатаза.
Многу важна улога во маските има сокот од краставица, кој содржи оксидаза
врзана за аскорбинската киселина. Овој сок ја чисти и избелува кожата.
Заради нестабилност на ензимите од овошните сокови, тие се обработуваат
до суви прашоци, кои се замешуваат со вода пред употреба.

Во маските за масна кожа се додаваат липази.


Кератиназата се применува за енимско разложување на
влакната т.е. депилација.
Ензимите можат да се користат за конзервирање на
козметичките производи.

Слика 108. Ензим кератиназа

Витаминот В6 покажува позитивно, антисебореично дејство и заедно со


пантенолот се применуваат за нега на оштетена коса.

Витаминот В1 се додава во производи за лекување на слузницата на устата и


во производите за коса.

Витаминот C се применува за избелување и како додаток на пастите за заби и


водите за уста.

Витаминот D3 се додава при појава на псоријаза на кожата.

Витаминот Н е важна компонента во производите со антисебореично дејство.

Протеолитичките ензими се додаваат во производите за заби и усна шуплина


и маските за лице.

Во маските за масна кожа се додаваат липази.

Кератиназата се применува за енимско разложување на влакната.

115
МАТЕРИЈАЛИ ВО КОЗМЕТИКАТА 4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ

2 Со совладување на овие 4 содржини,


ученикот ќе биде способен да:
Објаснува физичко-хемиски особини
на суровините од природно потекло
како козметички суровини. 2

ПРАШАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА:

1. Кои хидросолубилни витамини имаат примена во третмани на


оштетена коса?
2. Каде може да се примени витаминот C во козметиката?
3. Зошто е добра комбинацијата на витаминот А и витаминот Е во
козметиката?
4. Какво е значењето на витаминот D3, а какво на витаминот B12 во
козметиката?
5. Поткрепи ја со соодветни примери примената на ензимите во
козметиката!

Поважни поими:

Епителизација
Антифлогистичко дејство
Егзема
Етерично масло
Аромотерапија
Ензимотерапија

116
РЕЧНИК НА НЕПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

А
Абразивно – средство со кое се чисти, со помош на триење т.е. стружење,
Адстригентен – ја стега, собира површината на ткивата, поради таложење на
протеини,
Аморфен – без одреден облик, спротивно од кристален,
Амфотерен – има својство на база и киселина,
Антиоксиданси – спречуваат предвремена оксидација,
Антипаразитарно – спречува појава на паразити,
Антисеборeичен – намалува или спречува зголемено лачење на лој (себум) од
лојните кожни жлезди,
Антисептик – спречува развој на микроорганизми со инхибирање (спречување)
на нивната активност,
Антиферментативно – спречува ферментативни процеси,
Антифлогистик – средство кое смирува или ублажува воспаление,
Апсорпција – концентрирање на супстанцијата на површина на апсорбенсот,
Атрофија – закржлавеност, слабост, слаба нахранетост,
Атхезивен – се припива, прилепува за кожата,

Б
Бактерициден - уништува бактерии,

Д
Дезинфекција – уништување на патогените микроорганизми (но не се
уништуваат нивните спори),
Дезодоранси – спречуваат непријатен мирис на потта,
Декокта – екстракт од цврст суровина, добиен на висока температура,
Деминерализација – прочистување на водата преку размена на јони,
Дерматит – воспаление на кожата,
Дестилација – издвојување на течности од смеса, со различни точки на
вриење,
Дехидрација – губење на водата,

Е
Екстракција – извлекување од суровините со помош на растворувач,
Ексфолијација – лупење на изумрените кожни клетки,
Егзем – воспалени кожни површини со ситни меурчиња, со јадеж и лупење на
кожата,
Еластин – главна состојка од еластичното ткиво на човековиот организам,
Емолиентен – омекнува површина на кожа и слузокожа,
Емулгатор - компонента за добивање стабилна емулзија,
Емулзија – двофазен систем од две течности кои не се мешаат меѓу себе,
Ензимотерапија – пилинг (лупење на кожата) со ензими,
Епидермис – надворешен слој на кожата,

117
Епителизација – обновување на епителните клетки,
Еритем – запалување на кожата,

И
Инкорпорира – се вградува, вклучува
Инфуза – екстракт кој се добива со преливање на суровината со вода што
врие,

К
Каустично – нагризувачко дејство со кое се уништува или отстранува здраво
или заболено ткиво,
Кератин – рожеста материја,
Кератоза – зголемено орожнување,
Кератолитици – средства за отстранување на непотребно ткиво, со
нагризување,
Кератопластици – забрзуваат орожнување на кожата,
Коензим – неспецифичен дел на ензимот (термостабилен и нерастворлив во
вода), кој ја забрзува хемиската реакција.
Конзерванс – средство кое го заштитува производот од микробиолошко
расипување,
Криотерапија – механички пилинг со течен азот или смрзнат јаглероден
диоксид,

Л
Липофилна фаза – се раствoра во липиди,

М
Мацерација – ситнење на суровината и преливање со раствоувач, во
херметички затворен сад,

Н
Номенклатура – именување на суровините,

О
Оксиданс – супстанцијата што се редуцира т.е. прима електрони,
Органолептичко – испитување со помош на сетилата,

П
Пенетрација – навлегување, продирање на супстанцијата,
Пилинг – лупење на изумрените клетки од горниот слој на кожата,
Површинско активни материи – намалуваат површински напон на
површината на течноста,
Псоријаза – заболување на кожата во вид на црвени, јасно ограничени дамки,
со различен облик и големина, кои на површината се лупат,
Пуфер – корегира pH вредност,

118
Р
Рагади – пукнатини на преминот кожа-слузокожа, како недостаток на
еластичност,
Радикал – едновалентна група (метил -CH3, етил -C2H5),
Регенерација – обновување,
Репеленти - одбивачи на инсекти,
Рехидрација – враќање на влажноста на кожата,
Рубифациентни – предизвикуваат црвенило и топлина на кожата,

С
Себореа – прекумерно лачење на себум (лој) од лојните жлезди,
Сензибилизација – чувствителност,
Синоним – специфично име на супстанцијата за некој регион или земја,
Солватација – способност на честиците да го врзуваат солвенсот (течната
фаза),
Солубилизатор – го хомогенизира растворот,
Стандардизација – постапка за изедначување на квалитетот,
Сурфактанти – тензиди или површинско активни материи,

Т
Тинктура – водено-алкохолен разреден екстракт,
Токсични – отровни,
Тонизира -воспоставува нормален тонус на епидермалното ткиво,
Тонус – нормална напнатост на клетката,

Ф
Фунгициди – уништуваат габички,

Х
Хидратација – постапка за врзување на вода,
Хидрофилна фаза – се раствoра во вода,
Хидрофилни – привлекуваат вода,
Хидрофобни – одбиваат вода,
Хигроскопност – својство на материјата да впива влага од воздухот,
Хиперемија – преполнетост на крвните садови со крв,
Хипертрихоза – зголемена влакнавост на телото,
Хиперхидроза – зголемено лачење на пот,
Хомогенизација – мешање на производот, додека не се добие еднаква
концентрација во сите негови точки,
Хумектанс – средство за навлажнување,

119
120
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

С. Атанасовски, Козметологија за III година, Министерство за


образование и наука на Р. Македонија, Скопје, 2010
С. Атанасовски, Козметологија за IV година, Министерство за
образование и наука на Р. Македонија, Скопје, 2010
С. Атанасовски, Ј. Гудоманова и Б. Јанкуловска, Козметика и
фризерство, Министерство за образование и наука на Р. Македонија,
Скопје, 2010
Ј. Раос: Познавање материјала са технолошким вежбама 1,
Министарство знаности, образовања и шпорта Р. Хрватске,
Вараждин, 2009
Ј. Раос: Познавање материјала са технолошким вежбама 2,
Министарство знаности, образовања и шпорта Р. Хрватске,
Вараждин, 2009
Д. Васиљевиќ; С. Савиќ; Љ.Ѓорѓевиќ; Д. Крајишник, Приручник из
козметологије, ИП Наука, Београд, 2007
С. Алексовска и К. Стојаноски, Хемија за III и IV година, Министерство
за образование и наука на Р. Македонија, Скопје, 2003/2005
С. Мазиќ; Козметологија и савремене козметичке сировине, Завод за
уџбенике, Београд, 2001
М. Чајковац, Козметологија, Наклада Слап, Загреб, 2000
Г. Вулета, Козметологија II издание, ИП Наука, Београд, 1994
С. Мазиќ; Ж. Ниџовиќ, Козметологија са практикумом I и II, Завод за
уџбенике, Београд-Нови Сад, 1989
С. Мазиќ, Познавање материјала, Завод за уџбенике, Београд - Нови
Сад, 1988
д-р В. Абрамовиќ, Козметика, Медицинска књига, Београд – Загреб,
1968

121
Закон за безбедност на козметичките производи (Сл.весник бр.55 од
04.05.2007) – достапно на http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/10/1-
ZAKON-ZA-BEZBEDNOST-NA-KOZMETICHKITE-PROIZVODI-55.07.pdf
Листа на бои, конзерванси и УВ филтри што смеат да се употребуваат во
одредени видови козметички производи и листа на супстанции кои се
користат и кои не смеат да бидат користени при производство на
козметичките производи (Сл.весник бр.89 од 05.07.2010) – достапно на
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/F3DCDD2F9BD4CA40A351F37FEFEEAC0F.pdf
Органски и природни козметички производи – колико су заиста безбедни?
Д.Васиљевиќ, Л.Бојовиќ, стручни рад, арх. фарм. 2018 - достапно на
https://scindeks-clanci.ceon.rs/data/pdf/0004-1963/2018/0004-19631805990V.pdf
Микробиолошка безбедност козметичких производа и потенционални
ризици за потрошаче, Д.Крајишник, Љ.Џекиќ, арх. фарм. 2018 – достапно на
https://scindeks-clanci.ceon.rs/data/pdf/0004-1963/2018/0004-19631805949K.pdf
ЕУ уредба о козметичким производима, дипл. фарм. А. Станивуковиќ, спец.
Козметологије, Београд, 2017 – достапно на http://safetyassessment.rs/wp-
content/uploads/2017/03/FINAL1-Uredba-br1223.pdf
Водич за производњу козметичких производа, Министарство здравства
Хрватске, Загреб, 2016 – достапно на
https://zdravlje.gov.hr/UserDocsImages/dokumenti/Tekstovi%20razni/16.12.%20VODI%
C4%8C%20ZA%20PROIZVODNJU%20KOZMETI%C4%8CKIH%20PROIZVODA%
202016.pdf
https://ec.europa.eu/growth/sectors/cosmetics/cosing_en - база на податоци за
суровини за козметички производи на ниво на ЕУ
www.cosmos-standard.org – COSMOS стандард
Natrue label: requirements to be met by natural and organic cosmetics, v3.6, 2017
https://www.terra-organica.hr/aromaterapija/sastojci-za-izradu-kozmetike.html

122

You might also like