You are on page 1of 52

Форми на графички дизајн

За издавачот:

СЕМОС ЕДУКАЦИЈА

т.ц. Скопјанка блок 2 ламела 6, 1000 Скопје

тел./факс: +389 (2) 3130-900

E.mail:

kursevi@semos.com.mk

Internet:

www.semoskoc.com.mk

Автор и илустрации:

Колеџ за графички дизајн, СЕМОС ЕДУКАЦИЈА

Година на издавање:

2010

Издание:

Второ

Дизајн на насловна страна:

Денис Тенев

Ниеден дел од овој прирачник не смее да се репродуцира или да се дистрибуира


во никаков облик или начин, како и да се смести во база на податоци или во
информативен систем без претходна писмена дозвола од СЕМОС ЕДУКАЦИЈА.

2 Семос Едукација
Содржина

Содржина:

ВОВЕД......................................................................................................4
Основи на графичкиот дизајн.....................................................................5
Кратка историја на графичкиот дизајн.....................................................5
Рана историја.....................................................................................5
Модерна историја...............................................................................6
Дизајн и креирање.................................................................................7
Дизајн и печатење.................................................................................8
Примена на графичкиот дизајн во печатењето......................................8
Анализа и дефинирање на CMYK........................................................10
Печатење во една боја......................................................................10
Печатење во повеќе бои....................................................................11
Графичко-дизајнерски дисциплини........................................................12
Дизајн на лого и заштитен знак (основа за корпоративниот идентитет)........13
Категории во решавање на логото-знакот..............................................14
Процес на создавање на лого-знак........................................................15
Совети во креирање на лого - знак........................................................15
Меморандум, плико и визит карта (форми кон корпоративниот идентитет)...18
Меморандум.........................................................................................18
Плико..................................................................................................19
Визит карта.........................................................................................19
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог (пропагандно информативни форми)
..............................................................................................................22
Билборд..............................................................................................22
Плакат................................................................................................24
Флаер..................................................................................................30
Брошура..............................................................................................33
Каталог...............................................................................................35
Магазин, весник, книга (информативно едукативни форми)........................39
Магазин...............................................................................................39
Весник................................................................................................46
Книга..................................................................................................47
Разгледница и честитка (Илустративни форми)..........................................54
Разгледница.........................................................................................54
Честитка..............................................................................................55

Колеџ за графички дизајн 3


Форми на графички дизајн

ВОВЕД
Човекот е меѓу другото и креативно битие. Желбата да се разубават нештата во
секојдневниот живот е природна работа. Секој од нас, помалку или повеќе, “фрла”
утрински поглед на своето огледало за да го дотера својот изглед, пазејќи при тоа
на складноста на боите и сл. Во зависност од можностите, сите ние посакуваме да
престојуваме во убаво уредена средина, или да се возиме во убав автомобил
и.т.н...Сето тоа зборува дека сите ние поседуваме креативен нагон, кој го
манифестираме или како консументи или како творци на креативноста или
подобро кажано, уметници. Светот како потрошувачко општество има потреба од
визуелна порака, која уметникот ја изразува преку ликовната т.е. визуелна
уметност. Во неа уметникот го пренесува своето видување, со помош на ликовната
азбука, композициските законитости, естетските начела и бојата.

Постојат два вида на уметност. Ликовна уметност, која се бави само со естетските
вредности на уметноста и применета уметност, која наоѓа најдобар начин како тие
вредности и законитости да ги примени во секојденевието, односно како да
добијат употреблива вредност. Со применатa на ликовните вредности доаѓаме до
една од гранките на применетата уметност - дизајн и професијата дизајнер.
Дизајнерот со помош на ликовните изразни средства, ја пласира зададената
информација до потрошувачот т.е. општествената единка.

4 Семос Едукација
Основи на графички дизајн

Основи на графичкиот дизајн


Името дизајн доаѓа од англискиот збор design кој пак е изведен од латинскиот
збор designare кој има значење да се означи или да се дефинира, определи. (de –
signare). Дизајнот воопшто има повеќе гранки меѓу кои веб дизајн, индустриски
дизајн, графички дизајн...

Самиот збор графички потекнува од латинскиот graphicus односно старогрчкиот


graphikos со првобитно значење (grapheion) – пишување, за подоцна да добие
значење цртеж, а во современи услови веќе го имаме зборот отисок или печатење.
Така овој збор јасно ја определува и ни ја покажува улогата на графичкиот дизајн.

Кратка историја на графичкиот дизајн


Рана историја
Историјата на графичкиот дизајн ја досега општата историја на човекот,
почнувајќи од пештерските цртежи во Lascaux па се до блескавите неонки на Time
Square во New York. Во текот на целиот овој период, како и во релативно
скорешната експлозија на визуелните комуникации во 20 и 21-от век, постои
некаква нејасна разлика и преклопување помеѓу уметноста на адвертајзингот
(Advertising), графичкиот дизајн (Graphic Design) и фината уметност (Fine Art). Тие
сепак имаат многу заеднички елементи, теории, принципи, пракси и јазици, па
дури и имаат и исти клиенти. Во уметноста на адвертајзингот, крајната цел е
продажба на производи и услуги. Во графичкиот дизајн, “суштината е да се
воспостави ред во информациите, од форми до идеи, изразување и емоции кои го
документираат човековото искуство“.

Праисториските цртежи во пештерите на Lascaux и раѓањето на пишаниот форма


во третиот или четвртиот милениум пне. се најзначајните моменти во историјата на
графичкиот дизајн и во другите области кои ги влечат своите корени токму од
графичкиот дизајн.

Книгата на Келс (Book of Kells) преставува еден ран


примерок на графичкиот дизајн. Таа претставува
луксузно украсена рачно пушувана копија на
Евангелијата од христијанската Библија, која ја
изработиле келтски монаси околу 800-та година од
нашата ера.

Од 1891 до 1896 Вилиам Морис (William Morris) и Келмскот Прес (Kelmscott Press)
имаат издадено повеќе книги кои се меѓу најначајните изданија од областа на
графичкиот дизајн. Тие од креирањето на добро стилски уредени книги направија
вносен бизнис. Книгите им беа продавани само на богатите и тоа по многу високи
цени. Основачот на компанијата – Вилијам Морис докажа дека постои пазар на кој

Колеџ за графички дизајн 5


Форми на графички дизајн

може да се продава графичкиот дизајн и помогна во издвојувањето на дизјанот од


производството и од фината уметност. Работата на Келмскот Прес е
карактеризирана, пред се, од нивната опсесија со итсориските стилови. Оваа
употреба на историјата, пак, беше значајна поради тоа што придонесе за
појавување на првата реакција во заостаната положба на дизјанот во 19-тиот век.
Работата на Морис, директно влијаеше на Art Nouveau и индиректно е одговорна
за развојот на дизајнот во почетокот на 20-тиот век.

Модерна историја
Авион Боинг 747, американското знаме и претседателскиот печат - сите овие
елементи беа дизајнирани во различно време, а комбинирани во овој еден конечен
дизајн. Графичкиот дизајн се применува во секоја организација и во секое
општество. Не постојат граници за големината или употребата на графичкиот
дизајн.

Корицата на албумот Рио од Дуран Дуран беше


дизајнирана од Малколм Герет, додека
ислустрациите беа направени од Патрик
Најџел. Илустрациите како фина уметност се
користат во графичкиот дизајн, но обично не
се сметаат за графички дизајн, додека не им се
додаде типографија.

Корицата на Never Mind the Bollocks дизајнирана од Џејми Рајд претставува


класичен пример за “анти-дизајнерска“ постмодерна графика.

Ознаките на Лондонското метро се класичен показател на


модерната ера и користат фонт дизајниран од Едвард Џонстон во
1916.

Во дваесетите години на минатиот век, Советската “Констурктивна


уметност“ воведе “интелектуално производство“ во повеќе
различни области. Ова движење ја гледаше индивидуалната уметност како
бескорисна во револуционерната Русија и се насочи кон креирање на објекти за
покорисни цели. Беа дизајнирани згради, театри, постери, текстил, облека,
намештај, логоа, менија и сл. Јан Чихолд (Jan Tschichold) ги кодифицираше
принципите на модерната типографија во својата книга Нова Типографија (New
Typography), издадена во 1928 година.

6 Семос Едукација
Основи на графички дизајн

Подоцна, тој ја отфрли филозофијата која ја застапуваше во оваа книга,


нарекувајќи ја фашистичка, но таа сепак имаше значително влијание. Чихолд,
Bauhaus типографистите како Херберт Бајер и Ласло Мохоли-Наги, како и Ел
Лисицки се татковците на графичкиот дизајн каков што го познаваме денес.

Тие се пионери на техниките и стилистичките уреди користени во


текот на дваесеттиот век. Во годините што следеа, графичкиот
дизајн во модерен стил доби широко прифаќање и примена.
Експлозивната пост-воена економија во Америка донесе уште
поголема потреба од дизјанот, особено во областа на
адвертајзингот и пакувањата. Емиграцијата на германската Баухаус
школа во Чикаго во 1937 донесе “масовна употреба“ на
минимализмот во Америка, предизвикувајќи пожар на модерна
архитектура и дизајн. Значајни имиња во модерниот дизајн кон
средината на минатиот век се Адриан Фрутигер, дизајнер на
фонтовите Univers and Frutiger; Пол Ранд, кој од доцните 1930-ти,
па се до својата смрт во 1996, ги применуваше принципите на
Баухаус во популарниот адвертајзинг и лого-дизајн, со што
помогна во креирањето на специфичен Американски пристап кон
Европскиот минимализам. Тој стана еден од клучните пионери во
подобласта на графичкиот дизајн позната како корпоративен
идентитет. И конечно, тука е Џозеф Милер-Брокман, кој
дизајнираше постери во строг стил, типичен за 50-те и 60-те
години на минатиот век

Важна точка беше достигната во графичкиот дизајн со издавањето на First Things


First 1964 Manifesto од Џошуа Ајзак Волтерс што беше повик за порадикална
форма на графичкиот дизајн и ја критизираше идејата на value-free (ослободен од
вредност) и чисто комерцијален дизајн. Ова особено влијаеше на една нова
генерација на графички дизајнери и придонесе за основање на различни
публикации како на пример Emigre magazine.

Дизајн и креирање
Графичкиот дизајн е најуниверзалниот од сите уметности. Тој е насекаде околу
нас, сé што е изложено, обликувано, поистоветено, и има големо значење во
светот. Тој е на улиците, на сé што читаме, на нашето тело. Неоспорно е дека
примарните сознанија за ликовноста, сме ги восприемиле, преку производите на
графичкот дизајн, доаѓајќи во допир со нив. Такви се многубројни обвивки,
етикети, кутии од производи кои ги користиме, книги, брошури, весници - кои ги
читаме, плакати, билборди, флаери - преку кои се информираме. Потоа, писма,
пликоа, меморандуми (службени писма), покани, честитки, амблеми, јавни објави,
цени, сообраќајни знаци итн.

Колеџ за графички дизајн 7


Форми на графички дизајн

Графичкиот дизајн е изработка на бројни функции. Во изработката на едно


графичко решение, ликовните елементи, композициските законитости и естетските
начела се темел врз кој се развива графичката идеја. Други значајни правила, кои
се осмислуваат на самиот старт на проектот, се правилата на применливост и
практичност, кои графичкото решение треба да ги задоволи. Графичкиот дизајн е
уметничка професија на одбирање и аранжирање на визуелни елементи: букви,
фотографии, цртежи, симболи и бои, со цел да се пренесе порака до публиката –
потрошувачот.

Некаде графичкиот дизајн ќе го сретнеме и како „визуелна комуникација“,


термин кој зборува за функцијата на определена графичка дисциплина: лого,
плакат, книга, часопис, весник и други печатени медиуми, како и веб страна, ТВ
реклама, кои ги вбројуваме во електронски медиуми. Дизајнерската способност ја
истакнуваме во успешното компонирање на визуелните со вербалните елементи.
При тоа добиваме ефективна целина со јасно изразена порака.

Дисциплина во која ликовноста се применува во естетско и практично обликувано


графичко решение, доведено до ефективна целина со јасна порака се нарекува
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН.

Дизајн и печатење
Примена на графичкиот дизајн во печатењето
Печатењето како поим и техника подетално се обработени во предметот Печатење
(и во соодветната скрипта). Сепак, во контекст на на нашиот предмет ќе
споменеме неколку незаобиколни детали.

Најнапред, графичкиот дизајнер мора одлично да ги познава печатарските


техники. Тука пред сé се мисли на офсет и на дигиталната технологија.

Офсетот е технологија со која соодветната боја се нанесува на печатарската


хартија преку соодветни офсет плочи кои во зависност од технологијата (денес
постојат современи дигитални процеси на подготовка) се подготвуваат и
монтираат на печатарските офсет машини. За да се добие полн колор, се користат
четири бои (CMYK). Секоја боја има своја плоча на која се изгравирани ситни
точки (dpi - dots per inch) во различен агол. Бојата од плочите со машински
притисок се нанесува на листот хартија. Боите, бидејќи се поставени во различен
агол, не постигнуваат механичко мешање, туку визуелен ефект на мешање на
боите. На пример, познато е дека ако помешаме во ист сад жолта и (во соодветен

8 Семос Едукација
Основи на графички дизајн

однос) црвена ќе добиеме портокалова боја. Тоа е физичко мешање на бојата. Но,
ако на еден лист хартија нанесеме (без да се поклопуваат) повеќе црвени и жолти
точки една до друга, и ако таа хартија ја гледаме од подалеку, ќе постигнеме
визелно мешање на бојата со што повторно ке добиеме помаранџева боја. Истиот
ефект го применил Микеланџело Буенороти во живописот на Систинската капела
во Рим, при што за да добие портокалова боја насликал жолти и црвени ленти, кои
заради големата височина на таванот на кои се насликани, гледачот визуелно ги
гледа како портокалов тон. Офсет технологијата има најголема примена во
печатењето затоа што може да даде најдобри резултати во однос на квалитетот, но
слабоста е што заради подготовката, условени сте да печатите во поголем тираж.
Помал тираж, или нема да биде прифатен од печатарот или ќе биде за многу
поголема цената по парче печатен материјал од вообичаеното. Друга слабост, која
е релативна ако се земе во предвид квалитетот на печатницата, е изместувањето
на боите при печатењето при што се добива непријатен визуелен ефект на
дуплирање.

Дигиталното печатење (ink jet или laser) има сосема поинаква логика на
нанесување на бојата. Кај ласерските принтери, бојата е во облик на прав, кој
ласерски се нанесува на хартијата и притоа се фиксира со топлина. Предноста на
ласерската технологија е што (во зависност од марката на принтерот) можете да
извадите помалку отисоци за многу поефтина цена од офсетот (кај офсетот,
цената на парче печатен материјал се намалува ако се зголемува тиражот). Ink Jet
печатењето има технологија на дословно плукање на туш бојата (ink – туш) која
се наоѓа секоја во посебни мали резервоари (кертриџи) монтирани на самиот
принер. Предноста е што теоретски не постои можност за изместување на боите.
До скоро боите за ink jet беа непостојани на вода, сонце и други атмосверски
влијанија. Денес постојат усовршени ink jet бои кои гарантираат отпорност на
овие влијанија (дури и до 70 години) што претставува високо технолошко
достигнување и со тоа предност има дури и над офсет боите.

Иако ликовно естетските вредности ќе се применат и подеднакво ќе важат и за


офсет и за дигиталната технологија, постојат одредени разлики кога се работи за
начинот на кој се подготвува материјалот за печатење. На пример, во офсет
технологијата резолуцијата мора да биде најмалку 300 dpi, додека во дигиталната
технологија тоа не е толку строго (иако за најдобри резултати на отисокот се
препорачува што повисока резолуција). Со дигиталната технологија можете да
извадите релативно добар отисок и со помала резолуција.

Во офсет печатењето припремата мора да биде во CMYK, додека за дигиталното


печатење (во зависнос од мараката на принтерот) може припремата да остане во
RGB (Red, Green, Blue). Треба да се напомене дека секој подобар софтвер, кога
претвараме од RGB во CMYK, дава симулација на печат, односно ни дава
претставува како би изгледало отпечатено. На ова не треба многу да се
потпираме, бидејќи таа симулација не е секогаш соодветна. Но, како и да е
најдобро е секогаш да подготвуваме во CMYK бидејќи така ќе имаме посодветен
однос на припремата и отисокот (види подолу).

Анализа и дефинирање на CMYK


Графичкиот дизајнер мора добро да ги познава разликите меѓу RGB и CMYK боите.
RGB (Red, Green, Blue) се екрански бои, а CMYK (Cyan, Magenta, Yellow, Karbon)
се печатарски бои.

Колеџ за графички дизајн 9


Форми на графички дизајн

Ние ќе се задржиме на CMYK боите заради тоа што како графички дизајнери
најчесто ке бидеме во допир со овие бои.

CMYK (Cyan, Magenta, Yellow, Karbon) претставуваат четири основни бои. Во


суштина тоа се Cyan - плава, Magenta - црвена, Yellow - жолта, Karbon – црна.
Истите пигменти се и во офсетот и во дигиталното печатење, со таа разлика што
различен е медиумот на врзување на пигментот. Како што веќе спомнавме,
независно од тоа како се нанесуваат боите при печатењето, меѓусебното мешање
на овие бои создава различни нијанси или тонови. Тонот или нијансата се
одредува со софтверско поставување на процентуалното присуство на секоја од
четирите бои посебно во објектот.

Раздвојувањето на секоја боја посебно се нарекува сепарирање.

Постои сериозен проблем, со кои секој дизајнер се соочува кога е во


прашање односот на овие два вида на бои. Материјалот се
подготвува на компјутер, односно монитор кој користи RGB
(екрански бои), за потоа истиот да се печати во CMYK. Не ретко, она
што сме го добиле како нијанса или боја на нашите монитори, не
соодветствува со нијансите и боите кои ќе ги добиеме при
печатењето. За среќа, современите монитори (посебно подобрите модели)
поседуваат можност за калибрирање, односно за екранско подесување со
печатарската машина или принтер. Исто така постојат и тонски карти кои се
користат за да се види вистинската нијанса или боја според процентите кои
софтверски сме ги одредиле. Сепак, се чини дека е пресудно искуството на
дизајнерот а и квалитетот на печатницата или принтерот за да се постигне
вистинскиот сооднос на припремата со отпечатениот материјал.

Печатење во една боја


Не треба како дизајнери да бидеме оптоварени со мислата дека најдобриот дизајн
е секогаш во полн колор. Некогаш еднобојното или црно белото решение може да
биде многу повпечатливо од истото решение во полн колор. Ефектот се
надополнува и со фактот дека печатењето во една боја е поефтино (ова посебно
важи за офсет печатењето).

Кога станува збор за офсет печатење, припремата за еднобојно печатење најдобро


и најчесто е во grayscale (од палетата на CMYK се користи само црната Karbon).
Но, при печатењето наместо црна може да се употреби секоја друга нијанса, која
однапред, механички ќе ја подготви самиот печатар. Треба да се напомене дека за
еднобојното печатење најчесто се користи црната заради графичкиот ефект. Ако
се избира друг тон или нијанса треба да се внимава да биде потемна, освен ако
дизајнот не бара посветла или конкретна нијанса. Во овој случај за печатење
може да се користи и тонирана (обоена) хартија за ефектот да биде поголем.

10 Семос Едукација
Основи на графички дизајн

Печатење во повеќе бои


Освен една боја, во офсетот се користи и така
наречено двобојно печатење (duotone) кое, на
пример во Photoshop, лесно се одредува на
објект или фотографија која е претворена во
grayscale и при тоа сами да си одредите каква
ке биде втората боја според PANTONE
палетата (за PANTONE види во скриптата за предметот Печатење). Истото важи за
тробојното печатење (tritone). Целта е да се добие игра на тонови користејќи бои
и нијанси кои многу тешко или никако не можат да се добијат со стандардно CMYK
печатење, бидејќи нијансата не се добива со процентуално присуство на секоја од
CMYK, туку се одредува однапред со изборот на постоечката нијанса од PANTONE
палетата. Така на пример, никогаш нема да можете да постигнете златна или
сребрена боја со CMYK печатење. Познато е, исто така, дека со CMYK нема да
добиете интезивна портокалова или флуоресцентна боја. Тоа се постигнува ако
таквата интезивна боја ја подготвите однапред и ја користите во печатењето како
втора (или трета) боја. Комбинирањето на две или повеќе бои за дизајнерот
претставува голем предизвик, создавајќи решенија кои не би можел, како што
рековме, да ги постигне со стандардно CMYK печатење.

Двобојното печатње често се применува


и за да се постигне помала цена при
печатењето. Професионалноста и
умешноста на дизајнерот во ваков
случај треба да дојде до израз со
сугестии за дизајн кој нема да го намали
ефектот на полн колор.

Постои и печатење во повеќе од четири


бои. Се употребува таму каде што не
може да се избегне CMYK печатењето, а
се наметнува потреба да се истакнат
одредени детали во дизајнот. Обично
станува збор за насловни страни на
луксузни списанија или корици на
книги, при што се потенцира името на
магазинот, насловот на книгата или
некој објект на корицата или
насловната. При тоа како петта или
шеста боја се додава златна, сребрена
или било која друга интезивна боја која
ќе ја одреди дизајнерот.

Исто така, постои и така наречен длабок печат при што наместо петта или шеста
боја се користат соодветно направени калапи или ножеви кои се користат за се
добие ефект на испакнатост на одреден објект или да се исече истиот во одредена
форма, со што се постигнуваат впечатливи ефекти. Подготовката за додавање
повеќе бои може да биде различна, во зависност кој софтвер користиме.

Печатарска хартија
Според техничката употреба, хартиите се делат на: новинска или рото-хартија,
офсетна или литографска хартија, хартија за висок печат и хартија за длабок
печат (за офсет) и Ink Jet хартии (за дигитално печатење).

Колеџ за графички дизајн 11


Форми на графички дизајн

Графичко-дизајнерски дисциплини
Секое графичко-дизајнерско решение содржи цртеж, фотографија и текст-
типографско решение, меѓутоа намената, пристапот и принципите на определено
решение, графичкиот дизајн го дели на бројни дисциплини.

 заштитен знак-лого,
 меморандум, плико, визит карта,
 покана, разгледница, честитка, марка,
 диплома, пофалница
 лепенка, етикета, омот,
 пари
 плакат, билборд,
 леток, (флаер)
 проспект, (брошура)
 календар,
 каталог, алманах,
 магазин, весник,
 книга,
 сликовница,
 амбалажа, опрема за производ
 печат за просторна намена (паноа, банери, патокази...).
Во контекст на целокупната програма на Колеџот за графички дизајн при Семос
Едукација, ние ќе обработиме повеќе форми од горе споменатите дисциплини.

12 Семос Едукација
Дизајн на лого и заштитен знак

Дизајн на лого и заштитен знак (основа за


корпоративниот идентитет)
Што е името? Сé. Ефектното лого е многу повеќе од компанија, производ или
услуга. Тоа е развиорено знаме во светот на глобалниот бизнис. Буди емоции,
предизвикува желби, создава идентитети. Креирање лого е исклучително тешка,
но предизвикувачка дисциплина за графичкиот дизајнер. Успешното лого е баланс
помеѓу јасна комуникација и прилагодливост. Ова бара едноставност, чистина,
која е предуслов во креирањето на корпоративниот идентитет.

Во изработката на логото-знакот треба да се придржуваме на извесни принципи


или треба да си поставиме прашања кои би резултирале со позитивни одговори:

 Дали и верувам на оваа компанија?


 Дали ќе купам или побарам услуги од нив?
 Дали колорот кореспондира со дејноста на компанијата?
 Дали логото-знакот е предвиден во црно-бела варијанта, за да може да се
аплицира во сите потребни медиуми?
 Дали знакот е адаптибилен во сите големини?

Главно во дизајнирањето на логото се застапени три основни принципи:

1. Логото-знакот мора да биде практично, прочистено и прилагодливо.


Прилагодливо за аплицирање во различни димензии (од најмала 1,5 х 1,5 см
до најголемо потребна), исто така предвивидено во црно-бела и колор
варијанта. Треба да е лесно применливо во различни медиуми, од билборди до
магазини, веб страни и тв реклами. За разлика од другите корпоративни
материјали: мемо, плико, визит карта, веб страна итн. логото не смее или не е
пожелно да се менува.

2. Логото-знакот мора да говори на повеќе нивоа, па и кога е само типогравско


решение, тоа мора да претставува нешто т.е. да комунуцира со публиката –
потрошувачот.

Содржини за кои ќе говори логото-знакот:

 Опис за компанијата ( име на компанијата)


 Единствена емоција (со каков тип на дејност се занимава)
 Бизнис цели (што сака да постигне со својата дејност)
3. Трето и најважно логото мора да содржи визуелен апел. Кога ќе го погледнете
веднаш да предизвика визуелна реакција: комуникација, идентификација и
емоција.

Колеџ за графички дизајн 13


Форми на графички дизајн

Категории во решавање на логото-знакот


Дизајнирањето на лого-знак е безгранично во своите креативни можности.
Дизајнерот може да избира разни техники и стилови за да го постигне саканиот
резултат. Основните категории можат да опстојат, независно или во комбинација
една со друга.

Типографско решение на лого

Значаен принцип во дизајнирањео на лого, е чистиот и искрен начин во пристапот


кон компанијата. Затоа треба да се изработи читлив, забележлив и личен знак.

Поголема доверба даваат едноставните логоа. Комплицираните логоа, со


многубројни информации, делуваат конфузно. Нивната намена е прецизно и
едноставно знаковно, симболично прикажување. Колку елементи од еден знак ќе
направат симбол? Минимум елементи, затоа што секој нов елемент се повеќе ќе го
усложнува. А значењето, асоцијативноста на симболот треба да се запамети со
првото негово восприемање. Продажбата на производите треба да се врши преку
пропагандни материјали, а не да се прави приказна за производите или услугите
во логото-знакот.

Описно – илустративно решение на лого

Честопати типогравските решенија со илустративно (описно), симболичен израз,


се појдовна точка во дизајнирање на лого. Описно – илустративното лого
претставува тесна врска помеѓу визуелната порака и производот или услугата на
компанијата. Логото може да претстави производ, да прикажи поле на дејност, да
ја дефинира мисијата на компанијата. Со други зборови, описното лого кажува
„Ова е тоа што го правиме!“. Вниманието треба да се насочи во изборот на
симболот кој ги дефинира целите на компанијата.

Симболично лого-знак

Кога вметнуваме фигуративен елемент во дизајнот на логото, ваквите симболи –


елементи се апстрактни – неопипливи и соодејствуваат со глобалниот став или
целите на компанијата, тоа зборува за фактот: „Ова е тоа што го правиме!“

14 Семос Едукација
Дизајн на лого и заштитен знак

Процес на создавање на лого-знак


Пред да се навлезе во процесот на креирање на логото, потребна е средба во коа
се доаѓа до исцрпни податоци.

Со креирањето на лого се определува визуелениот имиџ, а со тоа и визуелениот


идентитет на компанијата, затоа важно е да се предвидат потребите и крајните
потрошувачи на компанијата, а не сопствените креативни каприци.

При презентирњето на логото, треба да се предвидат определени отстапки кои ќе


ги побарува нарачателот.

Совети во креирање на лого - знак


Информирајте се за компанијата (клиентот). Создадете лого кое ќе ги задоволи
потребите на клиентот. За таа цел во првичната средба со клиентот соберете
повеќе податоци за тоа, што во подолг временски период сака да постигни
компанијата. Поставете исцрпни прашања.

Пример:

 Кажете ни за вашето видување на логото!


 Име на коминтентот!
 Дали некој израз или фраза треба да се вметне во логото?
 Дејност
 Опишете ја дејноста-услугата!
 Кои се конкурентните фирми и нивните логоа?
 Кои други логоа Ви се допаѓаат?
 Што имате на ум за логото?
 Кои бои ги преферирате, а кои ги одбегнувате?
 Каков тип на лого преферирате: текстуално, знаковно (симбол) или
илустративно?

Колеџ за графички дизајн 15


Форми на графички дизајн

Скицирање

Поедноставен и побрз начин на забележување на многубројните молскавични


идеи, е рачното изработување на скица, цртеж или кроки (брза скица) во
постапката на конципирање, насочување. Моливот дава предност во мноштвото на
идеи, за разлика од компјутерот, маусот и програмите кои се со лимитирани
можности, во однос на брзината.

Размислувајте црно – бело

Светот на графичарот е црно-белиот свет. Не е случајно. Примарно идеите на


графичкиот дизајнер треба да се дефинирани и прочистени. Доколку се користи
боја во почетната фаза на креирањето, ефектноста на бојата може да ги прикрие
маните во дизајнерското решение. А при тоа се загрозува можноста за адаптирање
на решението во црно-бела варијанта.

Побрзото не е и подобро

Роковите за изработка на едно графичко решение најчесто се кратки, а тие не


смеат да се надминат. Навистина тоа примарно не му оди во прилог на дизајнерот,
но брзото изработување на идејно решение на крај значајно го оштетува
комонтентот-порачателот. Визуелната идентификација делува на продажбата на
производите или услугите. Таа ги дава примарните информации за компанијата-
производот-услугата. За квалитетни и автентични решенија потребно е да се
задоволи процесот на: информирање, анализа, конципирање, реализирање и
најважното временската дистанца која ги обелоденува вистинските вредности.
Времето тече, но вредностите во него треба да опстојат. Оригиналните
дизајнерски решенија нарачателот може да ги заштити , со што ќе го поседува
авторското право на нив. Решенијата од клипарти и знаци кои ги користат повеќе
компании, правно, не може да се заштитат.

16 Семос Едукација
Дизајн на лого и заштитен знак

Презентирање
Ова може да биде обесхрабрувачка задача. Во уникатен и лесно запаметлив,
стилизиран знак се соединуваат многубројни цели и атрибути на компанијата. Тој
делува едноставно, а Вие за него треба долго вербално да образложувате. Затоа
аплицирајте го во системот на корпоративниот идентитет и ќе ги оживите
знаковните вредности, со показно објаснување на неговата целисходност.

Колеџ за графички дизајн 17


Форми на графички дизајн

Меморандум, плико и визит карта (форми кон


корпоративниот идентитет)
Аплицирањето на заштитниот знак-лого во трите документи од корпоративниот
идентитет на компанијата: меморандум (службено писмо), плико и визит карта, ја
оживуваат знаковноста во единствен, взаемен визуелен идентитет.

Меморандум
Сите правила во дизајнирање на меморандумот се однесуваат на практичноста и
намената на службеното писмо, со кое една компанија комуницира со друга или со
крајниот купец.

Форматот на меморандумот е популарно наречен А4 формат (210х297мм). При


дизајнирање сем на естетските вредности, треба да се внимава на корисната
површина на која ќе се испишуваат службените содржини. 20 мм од левата страна
на меморандумот, вообичаено не се дизајнираат, заради перфорирањето
(дупчењето), при архивирање на документацијата. Но железни правила, никогаш
не се во игра. Главна провокација на дизајнерите е кршењето на правилата и
создавањето на нови вредности, со цел да се привлечи внимание, со што ќе се
воочи и подолготрајно запамети информацијата.

Податоците се испишуваат со фонтови по избор, главно читливи во големина од 8,


9 или 10 точки. Големината и местоположбата на знакот избор е исклучиво на
дизајнерот и определба на комонтентот. Во позадината, во фон (транспарентно),
може да се реплицираат елементи од логото-знакот.

18 Семос Едукација
Меморандум, плико и визит карта

Плико
Пликоата се набавуваат во определени, комерцијализирани формати, со
определен комерцијализиран изглед. Пликоа за меморандуми, таканаречени
американ се во големина 220 х 110мм или 230 х 110мм, со или без лев или десен
прозорец.

На пликото се аплицира знакот и седиштето на компанијата по истите принципи


спроведени во дизајнот на меморандумот.

Визит карта
Визит картата ги содржи сите потребни информации за личноста која делува под
името на компанијата: име презиме, функција, телефонски и факс броеви, адреса,
маил адреса, веб страна. Визит картата вообичаено се изработува во формат 90 х
50 или 50 х 90мм, но дозволува слободно форматирање, па дури и неправилно
штанцана форма. Дизајнот е во сооднос или продолжена логика од дизајнот на
меморандумот и пликото, со што се задржува зацртаниот стил на компонијата, кој
зборува за константните вредности и принципи на кои таа се потпира.

Колеџ за графички дизајн 19


Форми на графички дизајн

20 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог


(пропагандно информативни форми)
Заедничко на сите овие графички форми е што имаат за цел да дадат одредена
рекламна информација или пропаганда за одреден настан, производ, услуга или
понуда и слично. Сепак, постои одредена разлика како тоа го прават и
постигнуваат. Не ретко клиентите се одлучуваат за сите или повеќето од овие
графички форми во своите кампањи. Во таков случај треба да се внимава сите
дизајнерски решенија да имаат меѓусебна сличност и препознатливост, освен ако
маркетиншкиот концепт не бара поинаку.

Билборд
Билбордите и рекламните паноа
обично се со големи диманзии
(понекогаш и до 10 метри во
широчина) и најчесто се поставуваат
на автопати, а во урбаните средини на
улици или на згради каде има голема
фреквенција на луѓе. Имаат за цел да
дадат брза и јасна информација за
одреден настан, производ, услуга и сл.
Тоа не значи дека пораката не смее да
биде двосмислена, односно може да
има за цел да наведе на прашања и
размислување (маркетиншки трик кој често се користи во последно време). Сепак,
иако пораката може да биде двосмислена, таа мора да биде јасна и да се
препознае брзо. Тоа значи дека билбордот треба да биде со малку текст, но со
јасна и впечатлива илустрација која многу повеќе ќе информира отколку текстот.
Изборот на фонт за текстот треба да биде внимателен. Бидејќи ќе се користи за
текст кој треба брзо да се прочита, фонтот треба да биде јасен и препознатлив.

При поставување на текстот треба да се внимава на позадината, проблем кој за


жал често се превидува, бидејќи треба да се има во предвид дека билбордот се
гледа од далеку, а се подготвува на компјутер од блиску. Дизајнерот треба да
внимава на ефектот на визуелно мешање на боите и објектите (за што веќе
спомнавме), што значи дека мора да претпостави додека го дизајнира билбордот
дали боите и објектите ќе се помешаат кога ќе се гледаат од далеку. Исто важи и
за големината на текстот. На монитор, додека се подготвува билбордот, текстот
може да изгледа доволно јасен и читлив, но откако ќе се постави на соодветното
место далечината да си го направи своето и текстот да биде премал за брза
перцепција на окото, бидејќи најчесто билбордот се гледа во движење. Треба да
се внимава на големината на текстот без да се наруши симетријата и
композицијата на целата поставка на дизајнот.

Билбордот заради својата димензија се печати на плотери со големи диманзии.


Најчесто се печати во неколку дела кои се спојуваат со лепење на соодветното
место каде ќе бидат изложени. Ова не игра голема улога во подготовката затоа
што дури подоцна при печатењето се дели на делови за полесно печатење и
поставување.

Колеџ за графички дизајн 21


Форми на графички дизајн

Припремата на билбордот (заради големите димензии) бара посилна компјутерска


конфигурација. Иако може да биде со помала резолуција, треба да се внимава на
тоа дека најчесто се подготвува со диманзии 1х1 но со помала резолуција (100-
150 dpi), или со помали диманзии а поголема резолуција. Во секој случај пред да
почнете со подготовка добро е да се консултирате со тие кои ќе го печатат
билбордот.

22 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Плакат
Плакатот е инспиративна дисциплина за графичкиот дизајнер. Дизајнерот преку
него може максимално да ги изрази сопствените креативни вредности, ослободен
од строгите дизајнерски принципи кои се истакнуваат во останатите графичко-
дизајнерски дисциплини. При тоа дизајнерот дава јасна психолошка порака
исполнета со бројни интелектуални информации, кои со својот идентитет, долго
време остануваат во свеста на публиката.

Плакатот на својот дводимензионален простор нуди информации со: социјална,


политичка, информативна, рекламна и промотивна содржина.

Изразните ликовни средства со кои графичкиот дизајнер располага во процесот на


креирање на ликовно-графичката содржина на плакатот се: цртеж, фотографија и
текст.

Во зависност од приоритетот на елементите кои плакатот ги содржи, носител на


пораката можи да биди цртежот или илустацијата, изработена од дизајнерот или
превземена од друг автор. Примарен носител на пораката можи да биди и
ангажираната фотографија (осмислена за цели на севкупниот дизајн на плакатот)
или типографското решение (со игра на текстуалната содржина).

Законитостите, естетските принципи и ликовните изразни средства при


дизајнирањето, даваат точна визуелизација на текстуалната порака. Така ќе се
сретнеме со употреба на естетските начела: единството, хармонија, доминацијата,
контраст и рамнотежа и законитостите: пропорција, правилото на „златен пресек“,
симетријата, ритамот. Тие ќе ги објаснуваат надворешните појави и психолошките
деанија и сензации.

Собирањето на содржини може да биди хаотично, фотографите може да се


изгубени во времето, копирајтерите да се борат со рокови и со своите демони,
акаунтите да го менуваат мислењето секој две минути, а задачата на дизајнерот
при тоа е да постави ред и изрази единство во хаосот од пораки, фотографии, и
логоа. Без редоследност на елементите, содржините, плакатот е нечитлив –
хаотичен.

Колеџ за графички дизајн 23


Форми на графички дизајн

Единство во плакатот постигнуваме со блискост или групирање на елементите.


Работите кои припаѓаат една на друга одат заедно, во група. Групираните
елементи имаат поголемо значење од поединечно поставените. Погледот од еден
до друг елемент талка, додека групно поставените елементи стануваат една
неделлива целина, едно визуелно единство. Секој издвоен елемент има
второстепено, секундарно значење. Единството во креирањето на серија плакати
го постигнуваме со повторување или со логично продолжување на композициските
елементи, со што на манифестацијата и даваме единствен, визуелно дефиниран
стил, кој резултира со јасно искристализиран став.

Хармонија во плакатот постигнуваме со повторување на исти или слични форми во


слободни композиции или декорирани површини (pattern), бои или други елементи
кое нашето око рефлексно ги забележува, следи и поврзува.

Доминација во плакат се постигнува со значајно истакнување на еден елемент за


сметка на останатите, кои го подржуваат или објаснуваат неговото значење.

Контраст се постигнува преку спротиставеност на елементите, големината,


насоченоста или со контасноста во обојувањето и светлото.

Рамнотежата е значајна во поставката на плакатот, зато што тој често се наоѓа


поставен самостојно на некоја површина, без околни елементи кои би го
стабилизирале, па забележливо е кога тој не е во својата содржината
врамнотежен.

Пропорција зборува за проблематиката на соодносите на елементите, бојата и


текстуалниот дел во плакатот. Нашето око ги мери соодносите и на тој начин го
определува значењето на визуелната порака и емотивната сензација.

Симетријата по вертикалната оска на плакатот му дава удобност, втемелена


статичност. Полните бои и линии и користењето на негативен простор, на една
симетрична композиција и дава силина.

Ритам во плакатот се постигнува со распоредот и насоченоста на елементите кои


ги прати окото на гледачот. Тие ритмички, по очекуван или изненадувачки ред се
движат во плакатот, со што создават чувство на раздвиженост или разиграност.

24 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Континуитетот на формите како ритмички израз на повторување во определен


редослед го наведува окото да прати определена патека односно идеја.

Колеџ за графички дизајн 25


Форми на графички дизајн

26 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Колеџ за графички дизајн 27


Форми на графички дизајн

Флаер
Флаерот и брошурата како дисциплини честопати се мешаат како од клиентите
така и од самите дизајнери. Но тоа и не е така страшно ако се земе во предвид
дека навистина си влегуваат една во друга како графички форми. Сепак постои
разлика која треба дизајнерот да ја познава.

Флаерот (анг. Flyer, од зборот fly – лета) има дословно значење на леток. Тој по
својата форма има мали димензии. Стандардно е А5, но дизајнерот има слобода
сам да ја одреди димезијата и формата на флаерот. Често се среќава и како А4 во
превиткана форма. Скоро секогаш се печати на потенка хартија, но во поголем
тираж. Од маркетиншки аспект, флаерот има за цел да информира за одреден
настан, производ, услуга или сл. но и да не заинтересира како консументи за
истите. Флаерот нема за цел да дава детални информации, туку целта е да не
наведе тие информации да ги побараме на соодветното место кое го посочува
самиот флаер.

Флаерот треба да има кратки текстуални информации, а повеќе илустрации.


Дизајнот треба да има за цел да го предизвика и заинтересира консументот. Тоа
значи дека дизајнерот со изборот на боите, фонтовите, композицијата итн, може
да го привлече или одврати вниманието на консументот. Ова е од големо значење
ако се земе во предвид фактот дека флаерот нема таргетна група, односно се дели
во големи количини и опфаќа што е можно повеќе идни консументи (често се
вметнува во дневните весници како рекламен материјал) и ако со дизајнот го
одвратиме вниманието на потенцијалниот потрошувач или консумент ние сме ја
промашиле целта.

Флаерот честопати се именува и како лифлет.

Има клиенти кои сакаат на нивните флаери да има повеќе текстуални


информации. Како дизајнери треба да ја
објасниме вистинската намена на флаерот, но
некои производи а со тоа и самите клиенти
инсистираат на повеќе текст. Во тој случај
флаерот влегува како форма во брошура. Ова не
треба да не буни бидејќи пазарот честопати ќе ни
го наметнува тоа. Сепак, неопходно е да ги
познаваме разликите на флаерот и на брошурата
за да можеме како дизајнери да даваме
соодветни сугестии на клиентите. (на пример, ако
флаерот влегува како форма во брошура, тогаш
нема потреба од дополнителна брошура, а се оди
доколку е потребно директно на каталог, и сл).
Се почесто среќаваме и комбинации на флаер и
каталог, наметнати од потребите на големите
продавници (како TINEX, VERO или HUBO кај нас) каде флаерот ни дава одредени
каталошки информации за одредени производи. Па така, ваквиот материјал ги има
одликите и на флаер и на каталог.

28 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Колеџ за графички дизајн 29


Форми на графички дизајн

Брошура
Името брошура доаѓа од францускиот збор brochure што значи книга прошиена со
игла (броширање – врзување, шиење, спојување). Во почетокот зборот се
однесувал на помали меки книги од 100 страни кои не биле укоричени. Денес
брошурата има малку поинакво значење.

Ако со флаерот сме успеале да го привлечеме вниманието на идните консументи


на одреден производ, настан или услуга, сега веќе потенцијалниот потрошувач ќе
го наведеме на брошура која најчесто ќе може да ја најде онаму каде што се нуди
производот или услугата.

Сега брошурата ја превзема улогата на подетален информатор, давајќи детални


информации за производот или услугата. Тоа значи дека текстот овде игра главна
улога, но секако дека и илустрациите треба внимателно да бидат одбрани.
Брошурата обично има мали димензии (А5, освен ако не се наметнат поинакви
диманзии заради големината на производот или текстот, или заради самиот
дизајн) но секогаш има повеќе страни. Се печати на подобра хартија од флаерот
(по избор на дизајнерот, но и за жал според средствата со кои располага
клиентот). Брошурата во секој случај треба да изгледа полуксузно од флаерот.
Според човековата психологија, никој од нас не сака да отуѓи од себе нешто што
вреди. Така, кога потрошувачот ќе дојде во допир со луксузно испечатен и
дизајниран каталог или брошура, многу тешко ќе се одлучи да го фрли. Со ова,
целта производите или услугите кои се на брошурата да останат подолго во
јавноста е комплетно постигната.

Треба да се има на ум дека флаерот и брошурата треба да имаат сличен,


препознатлив дизајн. Можна опција е дизајнот на флаерот (со мали измени и
прилагодувања) да се употреби како корица на брошурата.

Во брошури спаѓаат и упатствата за користење на разни технички производи кои


ги добиваме спакувани заедно со производот. Овде треба се има на ум дека во
ваква форма на брошура, текстот има најважна улога. Отсуството на фотографии
(освен графички прикази и сл.) не треба да ја остават брошурата во
стереотиопност. Дизајнерот може да комбинира со големината на фонтотовите
(наслови, поднаслови), како и со градацијата на црната боја, давајќи и силен
графички впечаток на ваквата брошура (која најчесто се печати во црна боја).

Брошурата честопати се поистоветува и ја превзема улогата на каталог заради


сличната намена. Сепак, и тука постојат разлики.

30 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Колеџ за графички дизајн 31


Форми на графички дизајн

Каталог
Името каталог доаѓа од старогрчкиот збор katalogos – што значи набројување. То
значи дека каталогот првобитно имал за цел да изврши попис на предмети според
одреден редослед (абецеден, хронолошки, по броеви или видови...) и се
употребувал како помошно средство за организирање на работата во науката,
трговијата и тн.

Денес каталогот најчесто подразбира луксузно дизајниран и испечатен материјал


во кој се претставени одредени производи. Во каталогот, главна улога игра
фотографијата која треба да биде професионално изработена. Најчесто,
дизајнерот добива готови фотографии кои се изработени од професионален
фотограф. Сепак, може да се случи да се бара од самиот дизајнер да ги изработи
фотографиите. Во тој случај, треба да се внимава на деталите на производот,
односно аголот од кој се фотографира. Тоа значи дека фотографијата треба да ги
покаже основните карактеристики на производот. Некои производи неопходно е да
се фотографираат и од посебна страна или агол за да се видат одредени детали.

Изборот на позадина треба да биде внимателен со оглед


на тоа дека фотографијата има примарна важност. Не смее
позадината, колку и да ни изгледа интересна, да го
одвлекува вниманието од фотографијата. Многу
дизајнерски решенија, кога е во прашање каталог,
прибегнуваат на чисти позадини. Секако, тоа не треба да
стане правило. Дизајнерот има слобода на избор на
решение, но важно е да се придржува кон основните
правила на графичкиот дизајн.

Текстот во каталогот, во зависност од производот, има


исто така важна улога и е од големио значење каде и како
ќе се постави на страната. Самиот текст, освен
карактеристики може да содржи и цена на производот.
Најчесто, клиентите бараат бројките за цените да бидат поголеми од
вообичаеното. Оваа логика доаѓа од намерата да се покажат ниските цени во
однос на конкуренцијата. Сепак, дизајнерот не смее да ја наруши симетријата и
композицијата на елементите на страната, со тоа што внимателно ќе му објасни на

32 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

клиентот дека со големи броеви за цени може да се постигне спротивен ефект од


посакуваното. Имено, со пренагласување на ниските цени може да се добие ефект
на ефтин производ, а со тоа психолошки да се намали вредноста на производот во
умот на потрошувачот. Од друга страна тоа не значи дека цените треба да се
исфрлат или да бидат неприметливи. Значи, треба да се биде промислен и со
голем баланс во однос на таа работа.

Изборот на хартија треба да има за цел да ја нагласи луксузната страна на


каталогот. Во многу случаи, самата хартија (на пр. ако е со одредена структура и
сл.) може да го направи целиот ефект на дизајнот, со оглед на многу честите
едноставни дизајнерски решенија на каталози, посебно кога е во прашање
корицата на каталогот. Луксузниот ефект се зголемува со употреба на петта или
шеста боја, длабок печат и сл.

Колеџ за графички дизајн 33


Форми на графички дизајн

34 Семос Едукација
Билборд, плакат, флаер, брошура и каталог

Колеџ за графички дизајн 35


Форми на графички дизајн

Магазин, весник, книга (информативно


едукативни форми)
Овие графички форми, посебно весникот и книгата, се најстарите форми од
појавата на графичкиот дизајн. Целта е да информираат за дневно политички и
светски настани или да едуцираат. Со појавата на овие облици на информирање и
едуцирање, неретко низ историјата преку нив се менувале јавните мислења за
многу прашања и теми.

Заедничко кај сите е што имаат повеќе страни кои се нумерирани, главен акцент
се става на текстот кој е илустриран со фотографии или вињети (поретко кај
книгите), и ударен ефект имаат насловните страни.

Магазин
Магазинот (списание) како графичка форма претставува илустративен едукативен
сервис преку кој читателот се запознава со одредени настани, појави, личности,
теми и сл. По своето уредување магазинот може да има различни целни групи како
деца, тинејџери, семејства, возрасни луѓе и тн. Исто така, магазините можат да
бидат специјализирани за одредена област, како спорт, бизнис, музика и сл.
третирајќи теми, настани и личности од таа област.

Форматот обично се движи околу А4, но тоа не значи дека немаме слобода да
зададеме поинаква димензија доколку се појави таква потреба. Обично димензии
кои се користат во поново време се 23х28cm, но најчесто димензиите го досегаат
А4 форматот.

36 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

Уредување и илустрирање на текст


Текстот во магазинот треба да игра важна улога, но да не се заборави дека
илустрациите во магазините се исто така од огромно значење. Фотографиите
имаат за цел да го илустрираат и поддржат текстот. Текстот може да се протегне
(во зависност од уредувачката политика на уредникот) и на 4-5 страни, но
најчесто се доволни 2-3 страни заедно со илустрациите. Во однос на фотографиите
треба да се има во предвид дека никогаш не се ставаат две фотографии со иста
големина на страни кои се една до друга. Треба да доминира една фотографија
или илустрација, а останатите да бидат видно помали. Често се среќаваат
решенија каде фотографијата заедно со насловот на текстот (или негова најава)
зафаќаат цела страна од магазинот (најчесто десната). Иако таа задача ја има
уредникот, треба да се внимава текстот да започнува од левата страна на
магазинот.

Текстот, како во весникот така и во магазинот се дели на наслов, поднаслов и


основен текст.

Вешто осмислениот и промислен наслов треба да доминира и со тоа да


испровоцира заинтересираност кај читателот да го прочита целиот текст. Затоа
изборот на фонтот за насловот треба да одговара со таа улога. Во поглед на
насловот се почитува правилото со кое пократките зборови, особено сврзниците,
не смеат да се постават на крајот од насловниот ред, туку се префрлаат на
почетокот од следниот ред. Во последно време, тренд е од зборовите на насловот
да се изгради графичка форма која е слична на лигатурите (за лигатури види
скрипта Типографија). Насловот не смее да има точка на крајот.

Колеџ за графички дизајн 37


Форми на графички дизајн

Слично е и со поднасловот кој има за цел да биде “претфкус” на основниот текст.


Поднасловот обично се разликува од останатиот текст со големината и изборот на
фонт. Најчесто се користи елегантен тенок фонт.

Значаен елемент на почетокот на основниот текст е иницијалот (лат. Initium –


почеток). Иницијалот може да биде со истата боја како насловот на текстот.
Големината на иницијалот не треба да ја надмине големината на насловот, но
некогаш поголемиот иницијал остава силен графички впечаток. Изборот на фонт
за основен текст треба да биде јасен и едноставен, односно лесен за читање. Тоа
значи дека треба да се испочитуваат неколку правила во изборот на фонт:

1. Соодветен однос меѓу висината и ширината на буквата. Ширината и висината


не смеат да бидат еднакви ниту пак буквата смее да биде преширока ни
претесна.

2. Соодветен однос меѓу висината на малите букви со големата. Треба да постои


средна разлика меѓу малата и големата буква, односно малата буква не смее
да биде превисока ниту прениска во однос на големата.

3. Мала варијација на линиите на буквите. Разликата во дебелината на линиите


на буквата треба да биде мала.

38 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

4. Внатрешниот затворен простор од буквата да не биде голем во однос на


дебелината на линиите на буквата и меѓупросторот (кернингот) на буквите. Со
ваквиот однос ќе се избегне таканаречениот изглед на “швајцарско сирење”.

5. Да се избегне ефектот на огледало. Постојат букви кои се идентични во својот


изглед но се поставени различно. Кога ќе бидат поставени една до друга се
постигнува непријатен ефект на “огледало”.

6. Избегнувајте кратки и длабоки заоблувања во буквата. Ваквите фонтови


можат да изгледаат инетресно и да се вклопат одлично како наслов, но за
основен текст се пренапорни за окото.

Што се однесува до поставувањето на текстот во Align left, Align Right, Center или
Justify, за магазин не постојат некои престроги правила. Вообичаено е за
основниот текст да се постави во Justify, со тоа што потребно е да се изврши
хифенирање (hiphenate - кршење на текстот во слогови) за да се избегне појавата
на зголемен простор меѓу зборовите во текстот. Некои софтвери како InDesign
имаат можност автоматски да го хифенираат текстот.

Големината на фонтот за основниот текст не треба да биде преголем ниту премал.


Во зависност од изборот на фонтот, обично се движи околу 9 pt.

Колеџ за графички дизајн 39


Форми на графички дизајн

Маргините на страната ги одредува дизајнерот и при тоа треба да внимава на


големината на белините од сите страни. Некои теории не оставаат дизајнерот да
има слобода во одредувањето на големината на овие белини. Ние сметаме дека
треба да се почитуваат одредени правила, но не и да се изгуби дизајнерската
слобода. Целиот проблем е во тоа што одредени мерки за маргините можат да се
унифицираат само доколку се унифицираат и димензиите на списанијата, односно
магазините, што е невозможно. Ликовните законитости обработени во предметот
“Теорија на форма” треба да се применат и во одредувањето на белините. Во секој
случај треба да се биде умерен, односно да не се поставуваат преголеми белини
па да се добие несакан ефект на празен простор, а од друга страна треба да се
избегнат премалите маргини со што ќе се избегне ефектот на стеснет простор.
Односот на златниот пресек може да се примени и кај маргините на страните, со
помало или поголемо отстапување. Основно правило е горната маргина во однос
на долната да биде во пропорција 3:5.

Изборот на бројот на текстуални колони е различен и зависи од форматот на


магазинот. Сепак, бројот на колумните (колоните) не треба да биде поголем од 4.
Растојанието меѓу колоните не треба да биде поголемо од 5 мм.

40 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

Понекогаш основниот текст може да се разбие со извадоци од текстот (штрифови)


кои се сместуваат во рамкаа се користат да се истакнат одредени делови од
текстот. Овие извадоци се со зголемен фонт (на пр. 14 pt) и можат да бидат
вистинско графичко освежување.

Освен наслов, поднаслов и основен текст, постои и наднаслов, но само во прилики


кога авторот на текстот ќе го бара тоа или во зависност од уредувачката политика
на главниот уредник во редакцијата.

Исто така, секој магазин има свои рубрики кои дизајнерот треба да ги осмисли и
унифицирано да ги користи за секоја рубрика посебно. Вообичаено е рубриките да
се поставуваат во горната дел од страната, но можно е и на левиот горен дел од
страната.

Нумерирањето на страните треба да биде така да поставеноста на бројките не


смета на основниот текст, односно да не бидат преблиску. Вообичаено место за
поставување на нумерацијата е долниот или левиот долен дел од страната.

Треба да се има на ум дека вообичаено правило е да се унифицираат фонтовите


на насловите, поднасловите, рубриките како и бројот на колумните, големината на
маргините и тн. Сепак, не треба престрого да се гледа на тоа, но да не се дозволи
претерана разноликост на страните. Како и да е, мора да се запази една
поврзаност во целиот дизајн кој ќе се проткае низ целиот магазин.

Магазинот по своето уредување може да биде периодичен, месечник, или


неделник.

Колеџ за графички дизајн 41


Форми на графички дизајн

Уредување на насловна страна


Велат дека насловната страна го продава
списанието, весникот. Тоа е голема вистина.
Насловната игра важна улога во продажбата на
магазинот. Со изборот на фотографија, насловите
и графичкото решение го привлекуваме
вниманието на купувачот. Неретко од дизајнерот
се очекува да покаже вештина во монтирање на
повеќе фотографии за да се постигне необична,
несекојдневна и провокативна сцена. Ваквите
сцени можат да бидат поречити од многу текст.
Обично, ваквите насловни се пропратен дел на
неделниците кои обработуваат дневнополитички
настани, па оттаму е и идеата истите да бидат
провокативно илустрирани.

Постојат разлики во изборот на фотографијата,


фонтовите и целиот концепт на насловна во однос
на профилот и тематскиот избор на магазинот. На

42 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

пр. ако е магазин за млади, тогаш изборот на бои ќе биде поразличен од боите на
бизнис магазин. Првиот ќе биде со поживи или пастелни нијанси, додека вториот
ќе биде со посериозни бои (на пр. плава или темно зелена итн).

Изборот на текст (наслови на текстот од магазинот) кој ќе се појави на насловната


најчесто и по правило го одредува главниот и одговорниот уредник на списанието.
Сепак, како дизајнери можеме да сугерираме доколку гледаме дека е премногу
текст. Тенденција на уредникот често пати е да стави што повеќе наслови,
сметајќи дека така ќе биде попривлечна насловната. Тука треба да се внимава да
не биде преоптеретена насловната со многу текст.

Логото на магазинот треба да остане јасно видливо. Може да се случи еден мал
дел од логото да биде покриено со дел од фотографијата или илустрацијата но тоа
не смее да ја загрози препознатливоста на логото. Веќе кажавме колку важна
улога игра еднаш утврденото и прифатено лого кое станува составен дел од
брендот на магазинот. Па затоа од големо значење е логото (кое се нарекува и
глава на насловната) да остане јасно видливо и препознатливо.

Во изборот и конечното решение на насловната дизајнерот е во тесна соработка со


главниот и одговорен уредник на списанието.

Колеџ за графички дизајн 43


Форми на графички дизајн

Весник
Дневните весници имаат поинаква уредувачка политика од магазините. Темпото на
работа, големината на редакцијата изборот на темите и сл. прави да постојат
видни разлики меѓу весникот и магазинот. На пр. ако работите како дизајнер во
дневен весник нема да имате доволно време со експериментирање со дизајнот и
сл. За еден работен ден, фотографите треба да ги подготват своите фотографии,
новинарите своите текстови а дизајнерот сето тоа треба експресно да го склопи и
подготви за печат. За да оди што побрзо целиот процес во подготовката се
користат однапред утврдени шаблони во кои се знае каде е насловот,
поднасловот, каде е фотогрфијата, каде текстот...Затоа на дизајнерот (кој во
случајот се нарекува технички уредник) не му останува многу да креира и да
менува.

Весникот најчесто се печати на ефтина (новинска) хартија во многу поголем тираж


во однос на магазинот. Форматите се различни, но скоро секогаш се околу А3
формат (најчесто поголеми). Се печати во една боја (црна) со исклучок кај некои
весници кои насловната страна ја печатат во полн колор.

За уредувањето и илустрирањето на текст важат истите правила како и за


магазин, со таа разлика што текстот кај весниците секогаш е во Justify блок, а
фотографиите се видно во помал број од фотографиите во магазините.

Книга
Книгата е првата графичка форма која се појавила во светот. Од самите почетоци
таа имала облик на кожни свитоци на кои грижливо и внимателно бил испишуван
и препишуван текст, па преку појавата на Гутемберг и неговата револуција во
печатењето, се до денес кога се среќаваме со секакви форми на едноставни и
крајно луксузни книги. Познато е дека книгата низ историјата го менувала својот
изглед, постојано прилагодувајќи се на новонастанатите услови и прифаќајќи се
што можело да го забрза процесот на усовршување на нејзиниот естетски изглед и
нејзината технологија.

Книгата како графичка форма ја среќаваме насекаде околу нас...како едукативен


или информативен материјал, од неа дознаваме како другите размислуваат, по
што копнеат...дознаваме за човековите стремежи кон уметноста, филозофијата,
религијата. Со други зборови, книгата претставува прозор кон светот, таа не носи
на места каде можеби никогаш нема да појдеме. Затоа за креативниот дизајнер,
книгата, посебно нејзините корици, е предизвик и постојана инспирација за
создавање на вредни дизајнерски решенија.

Книгата се состои од два основни дела: корица и книжен блок. Функцијата на


корицата не е само физички да го заштити книжниот блок, туку и да го привлече
вниманието и симпатиите на идните читатели. Третиот, (не секогаш неопходен)
дел на книгата е книжниот омот, чија функција е да ја заштити корицата од
надворешните влијанија и оштетувања, особено кај репрезентативните изданија
поврзани во кожа, свила или слични материјали.

Книжен блок е комплетниот внатрешен дел на книгата (меѓу корицата), кое е


поделен е на три дела. Насловен или нулти табак е уводниот дел кој содржи
преднаслов, насловна страна, посвета, содржина и предговор. Табаците со
основниот текст се главниот дел на книгата, кој е составен од одреден број на
поглавја или од континуиран текст. Завршниот табак е завршниот дел на книгата
кој го сочинуваат додатоци, поговор, библиографија, речник или попис на

44 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

странски зборови, а во некои изданија и огласен дел. Често пати и содржината се


префрла во овој дел од книгата.

Внатрешни делови на книгата


Внатрешниот дел на книгата се состои од три делови. Насловен или нулти табак,
кој ја носи и внатрешната насловна страна. Поголемиот дел од репрезентативните
книжевни изданија во својот уводен табак содржат: заштитен лист на книгата,
преднасловен лист, лист на внатрешната насловна страна, лист за посвета, лист со
фотографија или цртеж на авторот, лист на кратенки и содржина и листови со
предговор.

Во овој дел се сместува логото на издавачката куќа, амблем на изданието, наслов


на оригиналот, фотографија или цртеж на авторот, наслов на изданието, име на
издавачот, превод на оригиналниот назив на делото, белешка за авторска заштита
на делото, посвета, предговор, увод, содржина, а кај некои дела и толкувач на
кратенките кои се употребени во книгата.

Форзац е листот кој ги поврзува кориците со книжниот блок и не влегува во


опишаниот нулти табак. Форзац може да се опише и како лист во боја, чиј тон
колористички се поврзува со корицата, но и како посебен детал во книгата преку
кој издавачот ја популаризира својата куќна боја или заштитен знак. Поради
улогата која ја има, форзац, по правило е изработен од подебела хартија.

Заштитниот лист го одделува целиот внатрешен дел на книгата од корицата и


форзацот. Со него започнува нултиот табак. Многу често тој е празен, но некогаш
на него се печати заштитниот знак на издавачот или заштитниот знак на
едицијата, како и најава за основниот текстуален дел.

Насловот на оригиналот се печати за дела кои се преведени од некој странски


јазик. По правило, тој се појавува на задната страна од заштитниот лист. Текстот
се печати на горната третина на страната, а името на преведувачот во дното на
страната.

Преднасловниот лист се јавува кај репрезентативните изданија, најчесто кај


книгите кои припаѓаат на некоја едиција. Овој лист може графички да се реши и
со повторување на називот на едицијата со додавање на нејзиниот амблем.

Внатрешната насловна страна по своето значење е главната страна на нултиот


табак. На неа се наоѓаат сите податоци кои се релевантни за самото дело. Име на
писателот, назив на делото, поблиска идентификација на самата публикација,
како и назив на издавачката куќа се основните елементи на овој лист. Многу е
важен начинот на кој се публикува оваа страна, бидејќи таа е огледало на
комплетната типографска концепција (избор на фонт, сложување на текстот –
Align Left - лево, Align Right - десно или Center - централно), која треба доследно
да се спроведе низ целата книга. На ова место неопходно е да се нагласи дека
сите текстови на насловниот или завршниот табак се презентираат на десната,
непарна страна, за која важи правилото дека е оптички позначајна од левата,
бидејќи е ударна страна на книгата. Поради тоа, на десната страна се поставени и
почетоците на поглавјата. На оваа страна се појавуваат и евентуалните ликовни
содржини на кнгата и, накратко, се што би можело да се смета значајно и важно
за книгата. На ова типографско правило обично се придржуваат и уредниците на
весниците и списанијата, кои, првата, третата и петтата страна ја сметаат за
ударна и ја чуваат за најзначајните вести или други важни содржини.

Колеџ за графички дизајн 45


Форми на графички дизајн

Белешката за заштита на авторските права најчесто е поставена на дела кои по


својата содржина нудат нешто ново во областа која книгата ја обработува. Оваа
белешка често пати може да се најде и на позадината од насловната страна.
Нејзина карактеристична ознака е писмен знак С во круг © (анг. copyright –
тиражно право на издавање).

Следниот лист на нултиот табак е посветата. Во современото издаваштво и


книжевната практика, овој лист се почесто се изоставува. Кога од време на време
ќе се појави, посветата е лоцирана во десниот горен дел на страната и е испишана
со курзивни букви. Задниот дел од оваа страна најчесто е празен.

Предговор е текстот кој не воведува во основната идејна и естетска содржина на


делото и не запознава со фактите на кои треба да им се обрне внимание при
читањето на текстот. Предговорот начесто го пишуваат книжевните критичари или
уредниците на книгата. Во некои случаи, предговорот го пишуваат и
преведувачите на книжевното дело. За да се нагласи личниот став и за да се даде
лична нота за книжевното дело, овој текст најчесто е испишан со курзивни букви,
бидејќи делува поприсно и потопло од текстот кој е испишан со вообичаено
исправено писмо. Доколку е можно, предговорот треба да заврши на десната,
непарна страна, со потпис на авторот, во десниот и датумот и местото, во левиот
агол.

Потоа следи уводот чии автор најчесто самиот писател на книгата.

Графичката обработка на пописот на кратенки и содржината е условена со голем


број правила. Неговата основна улога е информативна. Кратенките се важен дел
од информацијата која редакцијата ја соопштува на читателот, особено во
изданијата какви што се лексиконите, речниците и енциклопедиите.

Содржината најчесто се печати на нултиот табак, но ако предговорот е малку


подолг и ако издавачот реши во нултиот табак да вгради заштитен лист,
преднасловен лист и лист за посвета, содржината треба да се префрли на
завршниот табак. Содржината треба да биде прегледна и да овозможува брзо
наоѓање на бараниот текст. Доколку се работи за обемно дело кое се состои од
повеќе области, содржината ќе има неколку степени на информации.

Завршниот табак ги содржи следните делови: поговор (информативен текст за


авторот и неговото дело) резиме, попис на помалку познати или странски зборови,
попис на литературата (библиографија), попис на прилозите, попис на грешките,
индекс или регистер и, доколку тоа не е опфатено со нултиот табак, импресиум
(податоци за издавачот). Меѓутоа, содржината на завршниот табак во голем дел
зависи од тоа на кој книжевен род припаѓа печатеното дело.

Особено е значајна и визуелната вредност на хартијата. Така за збирки на


поезија, кои најчесто се скромни според обемот, дизајнерот треба да одбере
хартија со малку потешка грамажа, бидејќи така книгата ќе ја направи визуелно
пообемна. Покрај тоа, доколку материјалните услови дозволуваат, пред
печатењето на текстот, планираните табаци ќе ги тонира во некоја пастелна боја и
со тоа ќе ги извлече од остриот и непријатен контраст, каков што на нас остава
белата боја на хартијата во контакт со бојата на печатот. Со нешто поголема
слобода, дизајнерот може кај ваквите изданија да се одлучи за посебни повези
што на книгата и дава особено богат необичен и привлечен изглед.

46 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

Уредување на корица
Корицата е надворешниот дел на книгата и се состои од преден и заден коричен
лист или предна и задна корица, а кои се меѓусебно поврзани со грбот на книгата.
Во времето на ренесансата кориците биле изработувани од буково дрво и
пресвлекувани со кожа, пергамент или плиш, а им биле додавани и пригодни
метални украси, како и украси од скапоцени благородни камења и благородни
метали. Ако не биле пресвлечени, кориците биле резбани и додатно украсувани.

Современиот повез на книгите се изведува од лепенки пресвлечени со


испечатената корица, а може да биде и со кожа или книговрзничко платно (цврст
повез) или само во пригоден полесен картон (мек повез).

Предната корица по правило го носи името на авторот, името на книгата и


дополнителна ликовна содржина, а грбот на корицата, само името на авторот,
насловот на книгата и евентуално логото на издавачот и сигнација на изданието
(прв том, втор том и сл.). Овие правила во поново време се надминуваат, па така
денес ќе сретнеме на грбот и краток текст кој зборува за авторот или кратка
рецензија за книгата, а може и извадоци од самата книга. Логото на издавачката
куќа се среќава и на предната корица.

Грбот на книгата е местото каде што се составуваат и поврзуваат единечните


листови или табаци на книжевниот блок. Грбот може да биде рамен или заоблен.

Обликувањето на корицата на книгата го изведува графичкиот дизајнер кој е


должен со своето ликовно остварување на читателот да му ја приближи
содржината на делото. Откако ќе го прочита текстот, дизајнерот изнаоѓа најдобра
врска помеѓу содржината на делото, можното стилско решение и својот ликовен

Колеџ за графички дизајн 47


Форми на графички дизајн

ракопис и темперамент. Под стил се подразбира ликовен приказ кој се потпира на


одреден современ стилски израз. Ако делото има историска фабула, тогаш
ликовниот приказ може да се потпира на некој од стиловите на определена
историско-уметничка епоха. Потоа дизајнерот го избира писмото со кое ќе биде
испишан текстот на корицата и грбот, притоа водејќи сметка типот на писмото да
го подреди на барањата кои важеле и во изборот на ликовниот стилски израз.

Бојата која доминира со омотниот лист или корицата мора да биде соодветна на
атмосферата на книжевното дело, односно мора да ја симболизира основната
суштина на неговата содржина. Атмосферата која може да биде песимистичка или
оптимистичка, комична или трагична, весела или тажна и сл., наметнува употреба
на одредени бои и нивни валерски комбинации. Покрај тоа, атмосферата на
книжевниот текст условува и присуство на други ликовни вредности изразени
преку композицијата. Ритмот, контрастот и доминацијата искажани преку бојата
можат особено добро да го динамизираат просторот и да сугериираат одредено
психолошко расположение. И, конечно, и на корицата и на книжниот омот треба
да се воспостави вистинско единство на ликовната форма и содржина.

Нестручното и непрофесионално дизајнирање на коричната страна, книжниот


омот, па, конечно и целата книга, им штети не само на издавачката куќа и
графичката струка, туку и на националната култура на секоја земја која своите
изданија ги става на увид на целокупната светска јавност.

Грбот на книгата има значајна информативна, но и ликовна функција.

Основното правило е текстот на грбот да се поставува од долу кон горе, што значи
дека одредени податоци се нижат од долната кон горната страна на грбот од
книгата.

Текстот на грбот од книгата има првенствено информативна улога. Наредени во


низи, во библиотеки, книжари или во домот, книгите тешко би ги нашле доколку
на својот грб не ја носат потребната информација за писателот, името на делото и
издавачот. Затоа и ликовната обработка на овој елемент се движи строго во
границите на оваа функција. Испишан во правецот - долу кон горе - текстот на
грбот на книгата овозможува брзо читање при нормална положба на главата.

48 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

Некои автори, заборавајќи на фактот дека основната функција на текстот, кој се


наоѓа на грбот на книгата, е библиотечна, истиот го сместуваат во обратна
положба, од горе, кон долу, правдајќи го тоа со полесно
исчитување на текстот кога книгата се наоѓа положена
пред читателот. Но ваквиот начин на поставување на
текстот го приморува читателот при читањето на овие
податоци главата да ја држи во ненеормална положба,
особено ако текстот е подолг, а поради тоа и во поситна
градација.

На грбот на книгата чија дебелина не надминува пет


печатени табаци (3mm), текст најчесто не се печати. На
грбот на собраните дела, покај наведените податоци, се
поставува и бројот на книгата.

Откако ќе се испечати, корицата се лакира, со мат или


сјаен лак. Најдобра и најтрајна заштита на омотот се
постигнува со пластификација која може да се изведува
по пат на ладна и топла постапка. Ладна пластификација е квалитетен начин на
заштита, бидејќи по завршеното пластифицирање, табакот од омотот не се витка
како кај топлата постапка.

Книжниот омот прв пат се појавил во 1833 година, но својата вистинска


афирмација ја доживеал во дваесетите години на дваесетиот век. Покрај својата
предна и задна страна, книжниот омот има предна и задна клапна, со кои се
врзува за кориците. Во последно време клапните се повеќе се користат за давање
на одредени издавачки информации, но и информации за делото и авторот.

Книжниот омот ликовно се обликува, со цел, со минимална ликовна интервенција


да се добие најголема можна симболика на основната тема. Покрај неопходните
текстуални податоци, книжниот омот може да се обработи и со додатни ликовни
интервенции (цртеж или фотографија) во една или повеќе бои.

Постојат неколку начини на виткање на книжниот омот, а најдобар е оној според


кој прво се виткаат горната и долната страна на омотот, а потоа левата и десната,
од кои се изведуваат клапните или преклопите за корицата. Клапните често се
користат и за текстови со рецензија и биографски податоци на авторот, но и како
место каде што се соопшува издавачката програма. Грбот на книжниот омот служи
за печатење на насловот на книгата, име на авторот, а често и логото на
издавачот.

Уредување текст
Како што уводните и завршните делови имаат свои правила, така и основниот
текст се формира по одредени правила кои се воведени уште во самиот почеток на
печатарската пракса.

Почетната страна на книгата се сместува на десната, непарна страна. Таа е, како


што претходно констатиравме, попогодна од левата страна, за истакнување на
сите значајни текстови, илустрации, табели и фотографии.

Почетната белина се движи од 1/3 до 1/5 од вкупниот користен простор.

Најдобар однос на излезниот или завршниот ред е односот на текстот према


преостанатата белина во пропорција 3:5. Завршниот ред на пасусот или
поглавјето не треба да премине повеќе од 60% од неговата должина, ниту пак да

Колеџ за графички дизајн 49


Форми на графички дизајн

биде многу под таа вредност. Површините на завршната и почетната белина на


новото поглавје, на страните кои се една до друга, треба оптички да делуваат
изедначено, како и површините кои се исполнети со текст.

Насловот, поради своето значење, секогаш е одвоен од редовниот текст со белина.


Таа белина не треба да е помала од еден празен ред. За наслови се користат
поголеми градации на писмото. Знаците за интерпукција и овде се користат, освен
точка на крајот на насловната реченица.

Во поглед на насловот се почитува правилото да пократките зборови, особено


сврзниците, не смеат да се постават на крајот од насловниот ред, туку се
префрлаат на почетокот од следниот ред.

За едукативните текстови особено се погодни т.н. маргинални наслови, кои


овозможуваат побрзо воочување на насловот на некоја тема.

Кон слични правила треба да се придржуваме и при употребата на фотографии,


илустрации или други ликовни прилози. Хоризонтално нагласените ликовни
прилози се поставуваат во оптичка средина или во долната половина на страната.
Доколку во книгата има помалку ликовни прилози, по правило тие се сместуваат
во десната, оптички појака страна. Ако прилозите се нагласено вертикални исто се
поставуваат во оптичката средина на страната.

50 Семос Едукација
Магазин, весник, книга

Разгледница и честитка (Илустративни форми)


Заедничка карактеристика на честитката и разгледницата е намената, испраќање
на службена или лична порака, како и за пропагандно и информативни цели.
Слободата во дизајнирањето е максимална, а содржините, многубројни.

Разгледница
Содржините на разгледницата главно се фотографии на урбани и рурални места,
импресивни пејзажи, луѓе, растителен и животински свет, културни знаменитости,
предмети, апстрактни содржини, цртежи и слики од признати автори итн. Во
содржината на разгледницата може да се аплицира и извесна информација,
слоган, навадување на локацјата и др.

Форматот на разгледницата зависи од дизајнерот. Најчесто таа ја среќаваме во


формат 120х160 или 160х120мм.

На позадината на разгледницата се определува место за марка испишување на


пораката, како и место во кое се наведува лицето и дестинацијата на која се
испрќа разгледницата.

Разгледницата може да биде во единечна или превиткана форма.

мотиви кои се срекаваат на разгледници

Колеџ за графички дизајн 51


Форми на графички дизајн

Честитка
Честитката најчесто се јавува илустрирана од страна на дизајнерот, но може да ги
превземе сите останати содржини на разгледницата.

По формат и начин на формирање е слична на разгледницата. Честитката може да


се испраќа со плико. Дизајнот на пликото вообичаено се совпаѓа со дизајнот на
честитката.

Освен полниот колор, најчесто во дзиајнот на честитката учествува златната и


сребрената боја. Во ексклузивни варијанти честитките претрпуваат доработка:
штанцање, прегување, златотиск, ласерско обрежување и гравирање.

мотиви кои се среќаваат на честитки

52 Семос Едукација

You might also like