You are on page 1of 45

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

MACEDONIAN ACADEMY OF SCIENCES AND ARTS


МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

1.100-ГОДИШНИНА ОД УПОКОЈУВАЊЕТО
НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН СОБИР

МИЛЕНИУМСКОТО ЗРАЧЕЊЕ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ


СКОПЈЕ, 28 – 29 ОКТОМВРИ 2016 ГОДИНА

Скопје 2017
ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР

Претседател

aкад. Блаже Ристовски

Членови

акад. Таки Фити


акад. Цветан Грозданов
акад. Георги Старделов
акад. Владо Камбовски
акад. Ѓорги Поп-Атанасов
акад. Нада Поп-Јорданова

Секретар
д-р Сашо Цветковски

Уредник
акад. Блаже Ристовски

2
Трудовите објавени во овој зборник се презентирани
на Меѓународниот научен собир „Милениумското зрачење на св. Климент Охридски“,
одржан на 28 и 29 октомври 2016 година во Македонската академија на науките и уметностите.

Печатењето на овој зборник е поддржано со средства од програмата на УНЕСКО.

3
СОДРЖИНА

Поздравни обраќања

Таки Фити,
претседател на МАНУ ..................................................................................................... 7

Ѓорѓе Иванов,
претседател на Република Македонија............................................................................ 9

Блаже Ристовски
претседател на Организацискиот одбор .......................................................................... 11

Епохата на св. Климент

Георги Старделов
На почетокот би зборот ................................................................................................ 13

Блаже Ристовски
Името на јазикот и писмото на св. Климент и етнонимот на Словените ............. 17

Цветан Грозданов
Прилози за познавањето на средновековната уметност во Охрид ........................ 25

Книжевност, јазик и литература

Ѓорги Поп-Атанасов
Св. Климент Охридски, Moravia Magna u Slavia orthodoxa............................................ 31

Зденка Рибарова
Климентовите традиции во јазикот на текстовите со македонска редакција ........ 39

Емилија Црвенковска
За една можна реконструкција на „корпусот на Климент“ ......................................... 51

Серегеюс Ю. Темчин
Писал ли Климент Охридский общие службы ................................................................ 63

Мария Йовчева
Архаични черти и иновации в езика на октоиховите канони на св. Климент Охридски 69

Вера Стојчевска-Антиќ
Охридскиот кружен центар на ракописно наследство .................................................. 87

Димитар Пандев
Книжевното дело на свети Климент Охридски во контекст на развојот на новите
книжевни јазици и литератури ......................................................................................... 95

4
Добрила Миловска
Археографски преглед на преписите на Пространото житие на свети Кирил Филозоф 107

Красимира Илиевска
Во слава на првоучителите ............................................................................................. 117

Илија Велев
Химнографските состави за свети Климент Охридски во богослужбената и
во книжевната традиција ................................................................................................. 123

Лилјана Макаријоска
Аргировиот триод и неговото место меѓу ракописите од Охридската
книжевна школа …............................................................................................................ 139

Маја Јакимовска-Тошиќ
Климентовите книжевни состави посветени на првоучителите
светите Кирил и Методиј .............................................................................................. 153

Валентина Миронска-Христовска
Климентовата традиција во македонскиот ΧΙΧ век ................................................. 165

Историја

Александар Атанасовски
Свети Климент Охридски и европската димензија на неговото дело ........................ 179

Petеr Ivanič and Martin Hetényi


Святой Климент Охридский в контексте современной словацкой историографии 189

Бобан Петровски
Светиклиментовата словенска епископија VS т.н. Преславска цивилизација ............. 201

Тони Филипоски
27 јули (9 август) 916 година: датум на упокојување или на погребување
на св. Климент Охридски ……............................................................................................. 213

Стојко Стојков
Свети Климент: од ЕПИСКОПА СЛОВÝНСКА до επισκοπου βουλγαριασ. Трансформација
во разбирањето на категориите Словени и Бугари во византиските извори ............... 219

Драган Ѓалевски
Некои забелешки за дејноста на свети Климент Охридски во Македонија ................. 239

Eli Lučeska
In search for the remains of st. Clement of Ohrid .............................................................
247

5
Михајло Георгиевски
Македонските кодики како огледало на христијанското дарителство, со посебен
осврт на струшката кодика, т.е. летописната книга на црквата Св. Ѓорѓи
во Струга, 1835–1917 ........................................................................................................... 257

Васил Ѓоргиев-Ликин
Свети Климент Охридски и кирилометодиевската традиција на почвата
на Струмица и Струмичко (проникнување и континуитет) ........................................... 263

Теологија

Ратомир Грозданоски
Библиското име на свети Климент Охридски ............................................................. 279

Ѓоко Ѓоргиевски
Библиското гледиште за правдата и праведноста во делата
на свети Климент Охридски ……………..................................................................... 299

Ацо Гиревски
Омилитичко-практични белешки во однос на словата и поуките на свети Климент
Охридски .............................................................................................................................. 309

Виктор Недески
Богословските спорови и страдањето на свети Климент Охридски и неговите
сотрудници во Моравија....................................................................................................... 321

Археологија и историја на уметноста

Елица Манева
Рефлексии од просветителската мисија на свети Климент во Скопско ...................... 329

Бранислав Ристевски
Делото на свети Климент Охридски и монашката населба од доцниот ΙΧ и почетокот
на Х век до средината нa XV век на локалитетот Свето Преображение кај селото Зрзе 341

Игор Толевски и Антонио Јакимовски


Глаголички букви врежани на средновековни грниња од Скупи ...................................... 353

Сашо Цветковски
Портретите на свети Климент Охридски во делата на дебарско-мијачките зографи 363

Елизабета Касапова
Доградбите на Светиклиментовата црква на Плаошник како одговор на
современите текови во доцновизантиската архитектура ........................................... 379

Ангелина Поповска
Презентација и стил на ретуш на иконата на свети Климент од
охидската збирка икони ...................................................................................................... 387

6
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА


НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

Во текстот се објавуваат над триесет новоидентификувани прет-


стави на св. Климент сликани во иконописот и фрескоживописот на дебарско-
мијачките зографи Дичо Зограф, Аврам Дичов, Јосиф и Јаков Радеви
(Мажоски), зограф Серафим, браќата Андонови од Гари од втората половина
на XIX век за црквите во Охрид, Струшко и Дебарско.
Клучни зборови: иконопис, фрескоживопис, зограф, св. Климент,
преродба.

Една од битните особености на уметноста на XIX век на Балканот е забележител-


ното присуство на зографи и зографски тајфи со силно влијание во процесите на умет-
ничкото создавање на одредени простори и одредени културни средини.1 Меѓу таквите
проминентни зографи и зографски тајфи-работилници се издвојуваат и дебарско-мијачките
зографи, со доминантно присуство на просторите на западна и југозападна Македонија,
помеѓу Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Госивар, Тетово и Скопје, но и силно влијание на
поширокоите простори на Балканот, јужно до Солун, Сер и Кавала, а северно до Бањска,
Врање, Дунав и Видин.2
Секоја од овие зографски тајфи – можеби посоодветно, зографски школи – во
својот сликарски опус носат особености како обележје на домашната, домицилна средина,

1 Ас. Василиев, Български възрожденски майстори, София 1965, passim; А. Николовски,

Уметноста од XIX век во Македонија, извадок од студија, Студии за доцновизантискиот и периодот на


преродбата (XIX век) во уметноста на Макрдонија, Скопје 2010, 299 – 321; Ν.Μ. ΜΠΟΝΟΒΑΣ, ΟΨΙΜΗ
ΜΕΤΑΒΥΖΑΝΤΙΝΗ ΖΩΓΡΑΦΙΚΗ ΣΤΟ ΑΓΙΟΝ ΟΡΟΣ ΤΟ ΕΡΓΑΣΤΗΡΙΟ ΤΩΝ ΚΑΡΠEΝΗΣΙΩΤΩΝ
ΖΩΓΡΑΦΩΝ (1773-1890), ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ 2009, passim; Ν.Χ. ΠΑΠΑΓΕΩΡΓΙΟΥ, ΤΟ ΚΑΘΟΛΙΚΟ ΤΗΣ
ΑΓΙΑΣ ΠΑΡΑΣΚΕΥΗΣ ΚΑΙ Ο ΝΑΟΣ ΤΗΣ ΜΕΤΑΜΟΡΦΩΣΕΩΣ ΤΟΥ ΕΩΤΗΡΟΣ ΤΟΥ ΣΑΜΑΡΙΝΑΣ
ΓΡΕΒΕΝΩΝ. ΣΥΜΒΟΛΗ ΣΤΗ ΜΕΛΕΤΗ ΤΗΣ ΘΡΗΣΚΕΥΤΙΚΗΣ ΖΩΓΡΑΦΙΚΗΣ ΣΤΗ ΔΥΤΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
ΣΤΑ ΤΕΛΗ ΤΟΥ 18ου ΚΑΙ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 19ου ΑΙΩΝΑ, ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ 2004, passim.
2 Ас. Василиев, op. cit., 151-265; Ц. Грозданов, Уметноста и културата на XIX век во западна

Македонија, студии и прилози, Скопје 2004, 14-15, 56-63; А. Николовски, op. cit., 310-316; С. Цветковски,
Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов, студии и прилози, Струга 2010, passim; Idem, Иконите на Дичо
Зограф од црквите во Дебар и Мала Река, Струга 2013, passim.

363
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

најмногу преку влијание на постарата црковна традиција, препознатлива во сликање


светци чиишто култови ги слави и посебно почитува како свои заштитници, патрони и
покровители.
Како една од битните тематски особености во делата на дебарско-мијачките зографи
е сликањето на словенските светци, словенските првоучители светите Кирил и Методиј и
нивните ученици, симболично обединети во композицијата Седмочисленици, но и како
поединечни претстави, пособено оние на св. Климент и св. Наум Охридски. Застапеноста
и фрекфентноста на нивните портрети во опусот на дебарските зографи особено е забе-
лежлива кога сликаат во Охрид, Струга и Струшко, како и во Дебарско и Кичевско. 3
Бројноста на сликаните претстави на словенските светители, пособено оние на св.
Климент, се бележи во опусот на Димитрија Дичо Зограф, син му Аврам Дичов и еден од
нивните ученици – зографот Серафим. Дичо Зограф, основоположникот на Дебарската
зографска школа, всушност, портретите на св. Климент ги воведува во репертоарот на
сликаните тематски целини со посебно идејно и симболично значење. Забележливо е дека
Дичо ги насликал најголемиот број од портретите на св. Климент токму во Охрид, за
охридските цркви и за повидните охридски семејства. Дичо Зограф уште од раните,
почетни години на својата интензивна зографска кариера прима и изведува нарачки за
охридските цркви, а во годините помеѓу 1862 и 1864 година и престојува во Охрид.4
Најраниот сликан портрет на св. Климент во опусот на Дичо е зачуван на иконата
Богородица Пантохара од црквата Св. Јован Богослов Канео, денес во збирката на Завод
и музеј Охрид5 (сл. 1). Иконата е насликана во 1844 година, во раните, почетни години од
неговата самостојната зографска работа, и се одликува со сложена иконографија, каде
што, освен допојасната претстава на Богородица царица и Несвенслива Роза со малиот
Христос цар и двете архангелски претстави во горниот дел на иконата, во долниот дел, во
издвоено поле, се насликани повеќе допојасни претстави на светци, меѓу кои и св. Климент
Охридски (сл. 2). Тој е претставен како архијереј во светлоцрвен фелон и омофор
преклопен на градите, со бела долга брада и долга коса која се спушта по неговите
рамења. Со десната рака благословува, а во левата носи отворено евангелие со испишан
текст, aµ\e bo †p$\a’ete c{lk$ sogrh’‚e’n`õ iˆxß †p$stitß. Сигнатурата е испишана на
црковнословенски јазик s{tyf’i˘ Klymentß oøxr`ski, и на грчки јазик ὀ αγιος Κλὺμενθιος.
Заедно со св. Климент се насликани св. Ѓорѓи, св. Димитриј, св. Јован Претеча, св. Никола,

3 К. Балабанов, Свети Кирил и Методиј во делата на зографите од 9–19 век, Скопје 1993, 107-130;
Грозданов, op.cit., 31-54, 95-120, 122-141, 189-204, 225-238; С. Цветковски, Свети Наум Охридски во иконо-
писот на Дебарско-кичевска епархија од XVIII–XIX век, каталог, Охрид 2010, passim; Idem, Портретите на
св. Наун Охридски во живописот на Дебарската зографска школа од XIX век, Зборник на трудови од
Меѓународниот научен собир Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена
традиција, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Скопје 2011, 359-370.
4 Ц. Грозданов, op. cit., 14-23, 121-133; М. Георгиевски, Икони од охридскиот опус на Дичо Зограф,

каталог, Охрид, 1999, 6-9, 16; Г. Ангеличин Жура, Црквата Св. Никола Долна Влашка Маала, Прилози од
историјата на уметноста во охридската диецеза, Охрид 2010, 95-98, сл. 1-10; В. Грозданова Коцевски,
Ктиторските натписи од црквата Успение на Богородица-Каменско во Охрид, Patrimonium.mk 11, Скопје
2013, 281-285, сл. 4-5.
5 К. Балабанов, По повод сто години од смрта на Дичо Крстев зограф од село Тресонче, Музејски

гласник 2, Скопје 1973, 9-10; Ц. Грозданов, op. cit., 122-123; Љ. Стошић, Богородица Пантонхара Дича
Зографа, Patrimonium.mk, 9, Скопје 2011, 267-269.

364
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

св. Атанасиј Александриски и новомаченикот св. Ѓорѓи Јанински. Иконата е потпишана


– smi‘renyf’i˘ z$gra’çß Di‘co † selo tresonce.– 1844 – χείρ ỏ ζωγράφος. Δήμτζος δἒβρελης. (сл. 2).
Освен изразената билингвалност, консеквентно застапена при испишување на си-
гнатурите на светците и потписот-автограф на зографот, забележливо е дека сите останати
натписи, меѓу кои и оние на развиените свитоци во рацете на архангелите и евангелијата
на архијереите, се испишани на грчки јазик. Единствено текстот на книгата која ја носи
св. Климент е испишана на црковнословенски јазик, што на овој Климентов портрет му
дава едно поодредено значење, поврзано со словенската традиција во писменоста и
културата. Дичо, со јазикот на иконографијата, всушност, ги отсликува современите ду-
ховни и црковно-просветни прилики и движења во Охрид, кои во тој поглед сè уште се под
влијание на патријаршијата и елинизмот, но и да ги искаже словенските Светиклиментови
традиции низ вековите никогаш прекинати.
Овој најран портрет на св. Климент покажува и некои особености кои не се свој-
ствени за постарите претстави од византискиот и поствизантискиот период, пред сè ти-
пологијата на неговиот лик која и најмногу отстапува од востановената иконографија и
традиција. Наместо кратка бела коса и високо чело, Дичо го слика Климент со бела долга
коса која се спушта по вратот и достигнува до рамењата.
Хронолошки, следниот портрет на св. Климент е насликан на иконата на
Богородица од црквата Успение на пресвета Богородица Каменско во Охрид (сл. 3). Тоа е
икона со слична концепција на претходната, каде што претставата на Богородица со
Христос е придружувана од царот Константин и неговата мајка Елена, а во долниот дел,
по страните во два медаљона се насликани допојасните претстави на св. Димитриј и св.
Климент. Овој портрет на св. Климент беше предмет на научна опсервација од акад. Цветан
Грозаданов, кој ги воочи и истакна сите особености на оваа претстава, пред сè, билин-
гвалноста, но и разликата при испишување на ингредиентите во сигнатурита на св. Климент6
(сл. 4). Сигнатурата на грчки јазик е ὀ ἃγιος Κλὴμης, додека на словенски е s{tyf’i˘
Kli’menta arx`ep`skop oµxr`dskyf. По долната бордура на иконата е испишан ктиторски
натпис, потписот на Дичо Зограф и годината на настанувањето на иконата iµzß r$ki‘ Di‘co
zwgraçß † eøpa’rx`a debwˆrska se’lo tre’sance. Δηά χειρὸς Δήτζου Ζωγράφου ἐκθῆς επαρχίας
δεβρῶν, 1851 : μήν μᾶρθ : 5 :
Наредната, 1852 година Дичо Зограф ја слика иконата Воскресение Христово за
црквата Св. Врачи Големи7 (сл. 5). Средишно место зазема воскреснатиот Христос над
отворениот камен саркофаг носен на облаци кон отворените небеса. Покрај камениот
саркофаг се мироносиците, а пред и околу него заспаните војници, но и стотникот кој
вчудовиден од самиот настан со подигната рака покажува кон воскреснатиот Христос.
Над отворениот саркофаг е претставен ангел со отворен свиток и испишан текст. Во
долниот дел од иконата се насликани петте допојасни претстави, меѓу кои претставата на
св. Климент Охридски (ὀ ἃγιος Κλὴμης) (сл. 6) придружувана од претставите на св. Јован

6 Ц. Грозданов, Нови прилози за културата и уметноста од XIX век во Западна Македонија,

Прилози XXXVI 2, Одделение за општествени науки, МАНУ, Скопје 2005, 41-43, сл. 1-2. (Живописот во
Македонија XVIII–XIX век, Скопје 2011, 15-33).
7 М. Георгиевски, op. cit., 23, кат.3

365
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

Златоуст, архијереј со митра на главата и епископско жезло во раката, апостолот Петар


со клучевите во едната и полуотворен свиток во другата, а до него е св. Стилијан со мало
детенце в рака и покрај него светиот воин Димитрија. Св. Климент е претставен како и
во претходните портрети, старец со бела коса која се спушта по вратот и рамењата, бела
долга брада, архијерејски сакос, омофор, митра на главата и архијерејско жезло во
раката. Под оваа зона е испишан и приложничкиот запис со годината 1852 и потписот на
Дичо Зограф: δηά χειρὸς Δήτζου Ζωγράφου ἐκ θῆς ἐπαρχίας Δεβρῶν. 1852 : μ͂ην: 8 :
Овие неколку најрани портрети на св. Климент се настанати во еден период од
десетина години за кој немаме сигурни сознанија зе евентуален престој на Дичо во
Охрид. Можно е овие икони да се сликани во Тресонче по претходно преземени обрски и
нарачки, што е метод на работа кој Дичо често го практикувал.
Следната групација на Климентови портрети во охридскиот живопис и охридскиот
опус на Дичо Зограф настануваат во годините помеѓу 1862 и 1864, од кога датираат и
најголемиот број негови потпишани дела. Кон средината на 1862 година, Дичо е веќе во
Охрид и започнува со сликање и обнова на икони за иконостасот во црквата Св. Никола
Геракомија.8 Кон крајот на оваа година, во ноември, тој изведува неколку фрески за
црквата Богородица Челница, а во декември слика неколку икони нарачки на повидни
охридски семејства.9 Следната, 1863 година ја почнува работата на фрескоживописот за
црквата Богородица во Каменско, а слика икони и за иконостасот на црквата Св. Никола
во Долна Влаашка Маала.10 Токму во 1863 година, во охридската средина настануваат
неколку икони со претстави на св. Климент. Најпрвин, во почетокот на февруари, Дичо ја
завршува и потпишува иконата Богородица со Христос заедно со св. Јован Претеча и св.
Никола, а во долната зона допојасни претстави на св. Константин и Елена, придружувани
од св. Климент (ὀ ἃγιος Κλὴμης) и св. Наум (сл. 7). Иконата е потпишана од Дичо ( iµzß
r$ki’ Di’ca zwgraçß 1863 çebr$ar:3) и била сликана за некоја од охридските цркви или
семејства, а денеска се наоѓа во Софија во галеријата на икони при црквата Александар
Невски.11 Претставата на св. Климент ги поседува иконографските и типолошките
особености иманентни за неговите портрети во охридската средина, старец со долга бела
брада, архијерејска митра на главата и раскошно декориран фелон. Единствено недо-
стасува архијерејското жезло кое Дичо понекогаш го слика во раката на св. Климент. И
на оваа икона сигнатурите и натписите се целосно испишани на грчки јазик, а само
зографскиот потпис на Дичо е на словенски јазик.
Истата 1863 година Дичо ја слика иконата на св. Димитриј за црквта Св. Никола
Геракомија, каде што светиот воин е насликан на коњ заедно со епископот Кипријан, како со
копјето го прободува царот Калојан во горниот дел на иконата, додека во долниот дел, во

8 В. Шекеровска, Ѕидното сликарство и иконописот на Дичо Зграф во храмот Свети Никола


Геракомија во Охрид, Зборник средновековна уметност 3, Музеј на Македонија, Скопје 2001, 251-256.
9 М. Георгиевски, op. cit., 16; Ц. Грозданов, Уметноста и културата на XIX век во западна

Македонија, 125-133.
10 Ц. Грозданов, ibid., 128-130; С. Цветковски, Галерија на икони при црквата Успение на Богородица

Каменско Охрид, Охрид 2012, 8-9; В. Грозданова-Коцевски, op. cit., 281-283, сл. 4; Г. Ангеличин Жура,
Црквата Св. Никола Долна Влашка Маала, Прилози од историјата на уметноста во охридската диецеза, 95-98.
11 Ц. Грозданов, Нови прилози за културата и уметноста од XIX век во западна Македонија, 42-

43, сл. 2а.

366
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

посебно издвоено поле, насликани се допојасните претстави на св. Климент Охридски,


св. Наум, св. Еразмо, св. Кузман и Дамјан и, најверојатно, св. Атанасиј Александриски12
(сл. 8). Сигнатурите првобитно биле вгребани на златната подлога, но подоцна невешто
повторени со боја и денеска многу тешко читливи. Но, и покрај тоа, одредени траги од
натписите кои сè уште се распознаваат укажуваат дека сите биле испишани на грчки
јазик. Ова е една од ретките икони на која заедно, еден до друг, се групирани најпочи-
туваните светци во охридската средина (св. Климент, св. Наум и св. Еразмо), чии изворни
култови се негувале и се славеле во нивните манастири во Охрид и во неговата близина.
Дичо Зограф, во својот охридски опус, освен поединечни претстави на св. Климент,
кои ги издвоивме и анализиравме, застапува и еден друг тематски сегмент посебно важен
за нашите истражувања, остварен низ третманот и интересот кон сликањето на словенските
светители, една спечифична појава во уметноста од времето на Преродбата. Одбележу-
вањето на илјадагодишнината од Моравската мисија (1863 г.), изворните култови и спо-
менот на словенските светители, кои имал длабоки, вековни традиции поврзани со словен-
ската просвета, култура и уметност, придонеле во охридската средина да се појави една
особена редакција на композицијата Седмочисленици придружена со соодветен ликовен
третман.
Би одбележале, сосема накратко, дека Дичо и претходно, пред да дојде во Охрид,
во 1861 година, ги слика претставите на словенските првоучители светите Кирил и Методиј
на една икона за соборната црква на Богородица во Скопје.13
Најраната претстава на Седмочислениците во Охрид Дичо ја слика кон крајот на
1862 година. Тоа е репрезентативна икона која за црквата Св. Никола Геракомија ја нара-
чува познатото семејство Робеви, односно Фотијана Робева, сопруга на Анастас Тасе Робев
(сл. 9). Дичо, сликајќи ја оваа иконa на Седмочисленици, всушност, ја промовира новата
преродбенска редакција која значително се разликува од претходната етапа на нејзиното
претстаавување, карактеристична за XVIII век и самиот почеток на XIX век. Во новата
преродбенска редакција на Седмочислениците, средишно место во композицијата го
зазема св. Климент Охридски (s{. Klime’ntß) наместо Методиј, додека моделот на црквата
од постарата редакција, во новата преродбенска редакција е заменет со отворен свиток на
кој е испишана словенската азбука носен од св. Кирил и св. Методиј. Новата преродбен-
ска редакција е особена и по тоа што во композицијата Дичо ги вклучува и претставите
на св. Еразмо Охридски и св. Јован Владимир.14 Иконата е сигнирана s{tyi˘ prosveti’teli

12 М. Георгиевски, op. cit., 25, кат.18; В. Шекеровска, op. cit., 254-255, наведува дека иконата

првобитно била сликана за црквата Св. Варвара во Охрид.


13 М. Ф. Јовановић, Православна саборна црква Светe Богородице у Скопљу (архитектура, декора-

ција, иконографија), Споменица српског-православног храма свете Богородице у Скопљу 1835-1935,


Скопље 1935, 365, 397-398; К. Балабанов, Свети Кирил и Свети Методиј во делата на зографите 9–19 век,
111-112; Ц. Грозданов, Уметноста и културата од XIX век во западна Македонија, 127.
14 C. Grozdanov, La composition des Sept Saints Slaves (Седмочисленици, ΕΠΤΑΡΙΘΜΟΙ) dans la

peinture de l'Archevêché d'Ohrid, Климент Охридски – живот и дело, Кирило-Методиевски студии, кн. 13,
София 2000, 32-41; За овие суштински промени во иконографијата на оваа композиција со наведување на
повеќе примери од уметноста на Преродбата од втората половина на XIX век, Cf. Idem, Уметноста и
културата на XIX век во западна Македонија, passim; За композицијата на Седмочислениците од крајот на
XVIII и почетокот на XIX век во Албанија на просторите околу Берат, кои порано припаѓале под црковна
јурисдикција на Охридската архиепископија, cf. Р. Русева, Нови данни за изобразителния култ към светите
367

367
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

slavõnski ....15, со ктиторски натпис под претставата на Седмочислениците: Priloji'sõ sß


r$koü gospoja çotfÀana s$pr$ga gospodi’nß ta’se steçanovic robe. 1862 m{qß dekemvrfi˘ 18 : iµzß
r$ki’ Di’ca zwgra’ça.16
Забележливо е дека сите натписи и сигнатури се на словенски јазик. Инаку, за истата
црква, Св. Никола Геракомија, Дичо слика и една мала целивна икона на Седмочисленици
со св. Еразмо и св. Јован Владимир со идентична композициска поставеност17 (сл. 10).
Веројатно од истиот период датира и иконата на Седмочислениците од црквата
Св. Богородица Каменско (сл. 11), која, исто така, ја поседува новата композоциска пос-
тавеност со сликање на св. Климент во средината од композицијата, светите браќа,
словенските првоучители св. Кирил и Методиј пред Климент како го држат развиениот сви-
ток со испишаната азбука, зад нив останатите ученици, св. Наум, Ангелариј, Сава и Горазд,
како и портретите на св. Еразмо и св. Јован Владимир.18
Оваа нова, преродбенска редакција на Седмочислениците, со проширен наратив
во смисла на вклучување светци чии култови низ историјата, како свои, ги славела Охрид-
ската архиепископија, св. Еразмо и св. Јован Владимир, во преродбенската уметност од
втората половина на XIX век се здобива со популарност и ќе биде прифатена од зографите
на Дебарската зографска школа и се сликани до времето на Балканските војни.19
Истовремено, Дичо создава и една редуцирана преродбенска редакција на темата
Седмочисленици. Во 1863 година, тој потпишува една интересна икона на која заедно се
насликани св. Климент со св. Кирил и св. Методиј. Во овој нов иконогргски концепт,
претставата на св. Климент доминира со композицијата како средиштен мотив придру-
жуван од св. Кирил и св. Методиј20 (сл. 12). Св. Климент (s{tyf’i˘ Klumentß oµxr`dski) е
насликан во раскошна архијерејска одежда со митра на главата и епископско жезло во
едната рака и затворена книга во другата. Пред него на светиот престол е развиениот
свиток со испишаната азбука кој го држат св. Кирил (s{tyf’i˘ Kurf’llß) и св. Методиј (s{tyf’i˘
MeÏw’d`i˘). Во горниот дел на иконата во сегмент на отворени небеса е насликан Христос
(f{s x{s) носен на облаци како со едната рака благословува, а во другата носи отворена
книга. Од испишаниот ктиторскиот натпис: napisa’sõ sfõ s{. fÀko’na vo vremõ mitropolita g{dina
meletfõ. Epitropstv$ü‚fxß na ucili\e koci‚ko g-nß xrfsto zlatarß. iµzß r$ki’ Di’ca zwgraça
sirecß jivopiseqß † deborska derjava selo tresance 1863. çebr$ar 20. се дознава дека

Седмочисленици през XVIII-XIX век на територията на съвремена Албания, Проблеми на изкуството 4,


София 1012, 20-27; А. Серафимова, Прилог кон проучувањата на ликовноста на светите Седмочисленици,
Св. Климент Охридски – инспирација во ликовното творештво, Седма научна средба, Национална и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Скопје 2013, 28-33, сл. 6-10.
15 К. Балабанов, Свети Кирил и Свети Методиј во делата на зографите 9-19 век, 114.
16 Ibid, 115.
17 Ibid, 115-116, сл. 30.
18 Ibid, 122-124, сл. 33; Ц. Грозданов, Уметноста и културата на XIX век во западна Македонија,

127-128; С. Цветковски, Галерија на икони при црквата Успение на Богородица Каменско Охрид, 13, 47,
кат. 22; А. Серафимова, Прилог кон проучувањата на ликовноста на светите Седмочисленици, 29.
19 C. Grozdanov, La composition des Sept Saints Slaves (Седмочисленици, ) dans la

peinture de l'Archevêché d'Ohrid, 34-38. Г. А. Жура, Новооткриени претстави на Седмочисленици во


Охридско, Прилози од историјата на уметноста во охридската диецеза, Охрид 2010, 107-110, сл. 1-8.
20 К. Балабанов, op. cit., 118-121; Ц. Грозданов, Уметноста и културата на XIX век во западна

Македонија, 127; А. Серафимова, op. cit., 29.

368
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

иконата била нарачана од Христо Златар за училиштето „Свети Кирил и Методиј“ во


маалото Кошишта, во времето на митрополитот Мелетиј. Училиштето било тајно, отво-
рено уште во 1861 година, и во него наставата се изведувала на словенски јазик од учи-
телот Христо Златар.21
Ова е извонредно важна икона сликана со посебна симболика и намена да ги
претстави патроните и заштитниците на ова прво словенско училиште во Охрид во XIX
век, но и да ги најави веќе започнатите процеси во борбата за народен јазик искажани низ
традицијата на словенската писменост и култура и тоа токму во годината кога се одбе-
лежувало илјада години од Моравската мисија. Словенските просветители и првоучители
светите браќа Кирил и Методиј, заедно со нивниот најдоследен ученик св. Климент
Охридски стануваат симбол на овие почнати процеси, националното осознавање и борбата
за народен јазик и своја словенска Светоклиментова црква – Охридската архиепископија.
Следната 1864 година, Дичо Зограф со својот син Аврам и Спиридон го изведува
фрескоживописот во Света Богороца Каменско, и во рамките на иконографската програма
во ѓакониконот ја слика претставата на св. Климент заедно со св. Еразмо Охридски, а во
нивна непосредна близина се насликани и портретите на св. Кирил и Методиј. Св. Климент е
претставен во цел раст, во архијерејска одежда, фелон, омофор, затворено евангелие во
левата рака, а со десната благословува.22 Неговата сигнатура е целосно сочувана ὀ ἀγιος
ΚΛΗΜΗς άχρφδών. Оваа е единствениот портрет на св. Климент во охридскиот фрес-
коживопис од XIX век (сл. 13). Дичо, во духот на востановената традиција и неговите
претходни остварувања, претежно во иконописот, повторно го слика св. Климент заедно
со св. Еразмо и во близина на словенските првоучители св. Кирил и св. Методиј. Воочливо
е како своевидна тематска особеност поврзаноста која Дичо настојува да ја истакне
помеѓу св. Еразмо, првиот голем проповедник и мисионер во претсловенскиот Лихнид, и
св. Климет, новиот проповедник и мисионер меѓу Словените кој ги поставува основите
на новиот цивилизациски подем преку писменоста, верата и културата.
Последниот портрет на св. Климент Охридски, настанат во опусот на Дичо Зограф,
е иконата од 1866 година, сликана за црквата Св. Богородица Перивлепта.23 Иконата е
поделена во две зони, со по четири претстави, така што во горната зона се насликани св.
Јулита со малиот Кирик, св. Климент Охридски, св. Јован Владимир и архангел Михаил,
додека во долната зона се претставите на св. Јоаким и Ана, св. Еразмо и св. Стилијан (сл.
14). Св. Климент е насликан во својата веќе вообичаена иконографија, архијерејска одежда,
архијерејска митра на главата и архијерејско жезло во раката. Тој е придружуван од
светци кои во охридската средина биле посебно почитувани и славени, некои од нив со
развиени култови и вековна традиција – св. Кирик и Јулита, во доцниот среден век св.
Стилијан, заштитник на малите деца и новороденчињата, но и св. Еразмо, кого Дичо често
го слика заедно со св. Климент како еден од првите мисионери на христијанството и,
секако, св. Јован Владимир, чиј култ го слави Охридската архиепископија и под чија
закрила во XVIII век се шири низ целиот Балкан, јужно до Тесалија и Метеора, источно

21 К. Балабанов, op. cit., 118.


22 Ц. Грозданов, op. cit., 128-132.
23 М. Георгиевски, op. cit., 28, кат. 37.

369
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

до Света Гора и Родопите, а северно до Будим и Виена. Неговиот изворен култ се негува
во истоимениот манастир крај Елбасан, кој влегува во диецезата на Охридската архиепи-
скопија и под нејзина духовна супрематија.
Видовме дека Дичо Зограф уште од своите рани почетни години бил во допир со
охридската средина преку повремени нарачки и сликање на икони, а во периодот на
првата половина од шестата деценија на XIX век неколку години и престојува во Охрид.
Неговиот пристап кон работата и професионалната подготовка, користење зографски
прирачник кој самиот го редактира, суверено владеење на богословско-литургиските
текстови и грчкиот јазик на охриѓаните веќе им биле познати, што предизвикувало интерес
и доверба меѓу нарачателите од граѓанските кругови во сложената охридската средина.
Тоа му овозможувало да оствари динамичен ритам на работа исполнет со реализирање на
повеќе значајни и сложени сликарски потфати за епитропите, ктиротрите и донаторите
од енориските цркви во Варош, во Месокастро, за црковно-училишната општина и за
видни и заможни охридски семејства.
Забележливо е што Дичо Зограф нема насликано портрети на св. Климент надвор
од Охрид, што само по себе сведочи за силното влијание на вековната традиција и изво-
рот на култот, Свeтиклиментовиот манастир на Плаошник, како и катедралниот храм,
црквата Св. Богородица Перивлепта, каде што почивале неговите мошти. Неговите сли-
кани претстави во XIX век заедно со оние на св. Наум и словенските првоучители св.
Кирил и Методиј кореспондираат, а понекогаш се и непосредно поттикнати од совреме-
ните црковно-историски настани и идеите и заложбите на веќе почнатите преродбенски
процеси. Дичо Зограф ги слика портретите на св. Климент Охридски самостојно како
издвоена фигура, но и заедно со св. Наум и св. Кирил и Методиј во идејно сосема јасно
издиференцирани тематски целини. Во таа смисла, од посебно значење е претставата на
Седмочислениците. Во новата преродбенска редакција на оваа композиција св. Климент
го зазема средишното место секогаш сликан во свечена архијерејска одежда, сакос, омо-
фор, панагија на градите, архијерејска митра на главата и во повеќе случаи епископско
жезло во рацете. Во архијерејска одежда се сликаат и св. Кирил и св. Методиј, но без
епископски митри на главите како со рацете го придржуваат отворениот свиток со испи-
шаната азбука. Св. Климент го добива апсолутниот примат во оваа нова композициска
целина.
*

Нова етапа во уметноста на преродбата во Македонија настапува со аганжманот и


сликарската дејност на синот на Дичо Зограф, Аврам Дичов, кој по 1868 година, го пре-
зема водењето на работилницата во Тресоче и во рамките на тематските и иконографски
определби продолжува со веќе востановената традција на сликање на словенските прос-
ветители и светци, пред сè, св. Климент, св. Наум и, секако, композицијата на Седмо-
числениците која во одрдедени случаи иконографски ја рекомпонира.
Веројатно еден од најраните портрети на св. Климент Охридски сликани од
Аврам Дичов е зачуван на иконата на Богородица Царица со Христос Цар, во придружба
на повеќе светци, која до пред неколку години се наоѓаше во црквата Св. Ѓорѓи во
Струга (сл. 15). Тоа е икона која припаѓа кон неколкуте сликани во првите години од

370
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

самостојната дејност на Аврам Дичов, во почетокот на седумдесеттите години од XIX


век. На иконата доминира Богородица Царица (M}try B}j`õ m{lstyfvaõ), која на десната
рака го носи малиот Христос Цар (f{s x{s) облечен во кратка туника и отворен свиток во
левата рака на кој е испишано: D}x¢ g{sdn¢ namnh’ e'gw‘je ra’di poma’zamõ Bl{govhsti‘ti ni’\yfm¢
posla’ma’. Според иконографската поставеност на малиот Христос, кој е на десната рака на
Богородица во едно нагласено движење на телото, со круна на главата, и краткиот хитон
во кој е облечен, но, пред сè, текстот кој е испишан на свитокот што го има во раката,
оваа претстава најмногу се доближува до типот на Богородица Кикоска и претставата на
Богородица “AXION ESTIN ”.24 Во горниот дел на иконата носени на облаци се архангелите
Гаврил и Михаил, кои со десната рака држат долг свиток со испишан текст кој оди преку
круната на Богородица, а во другата рака кратки отворени свитоци. До Богородица се св.
Никола, носен на облак во архијерејска одежда со затворено евангелие во левата рака, а
со десната благословува, а како негов пандан на другата страна е св. Јован Претеча во
иконографија на ангел со раширени крилја насликан во мелот и зелена наметка одозгора,
и отворен свиток во левата рака. Под св. Никола во посебно издвоено поле е св. Катерина
во дивитисион со круна на главата и крст во десната рака, а како нејзин пандан од дру-
гата страна е св. Петка. Во долниот дел на иконата во средишниот цветен медаљон во
форма на вињета се насликани св. Стилијан, во својата вообичаена иконографија, монах
со мало детенце во левата рака како негов иконографски атрибут, св. Климент (s{.
Kli’ment¢), архијереј во сакос со архијерејска митра на главата и архијерејско жезло во
раката, и до него св. Наум Охридски во монашка одежда со отворен свиток во левата
рака (сл. 16). Странично се претставите на светите воини-маченици св. Ѓорѓи на коњ
како го прободува змејот и св. Димитриј како го прободува царот Калојан. Поради
затемнетоста на лакот, како и видливите наслаги на чад не може да се исчита
ктиторскиот натпис и автографот на зографот. По стилските одлики иконата ја датираме
помеѓу 1872 и 1875 година, кога Аврам слика неколку многу слични икони на Богородица
придружувана од претстави на светци со високи уметнички и стилско-ликовни особености,
како што е, всушност, иконата на Богородица од Вевчани, Росоки и Брждани.25
Кон средината на седумдесеттите години на XIX век, Аврам Дичов остварува
интензивна дејност проследена со голема продукција на сликани дела создадени во еден
динамичен ритам. Во 1874 година, Аврам ја живописува црквата Св. Никола во село
Присовјани, струшка Малесија, што е, всушност, и негов прв позначаен голем ангажман
во Струшко.
На внатрешната страна од јужниот поткуполен лак се насликани две архијерејски
претстави во свечени сакоси, архијерејски митри на главата, со затворени евангелија во

24 За иконографските особености на оваа претстава на Богородица Кикоска со епитет Axion Estin cf.

D. Papastratos, Paper Icons, Greek Orthodox religious engravings 1665-1889, vol. II, Athenes 1990, 491-509; E.N.
Tsigaridas, L'icone de la Vierge AXION ESTIN du Protaton et ses copies, ЗРВИ 44/2, Београд 2007, 341-351, Fig.
1-9; С. Цветковски, Неколку непознати икони од XVIII век во црквите на Дебарца и Кичевско,
Patrimoniuм.mk 9, Скопје 2011, 248-251, сл. 11-15.
25 С. Цветковски, Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов, студии и прилози, Струга 2010, 213-

215 ; Idem, Аврам Дочов, Струга 2011, 15-17, 69, 73.

371
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

рацете сигнирани како св. Еразмо и св. Климент папа Римски26 (сл. 17). Околу оваа
претстава на папата Климент мора да бидеме посебно внимателни бидејќи сликањето на
св. Еразмо како негов пандан многу повеќе сугерира на претстава на св. Климент
Охридски. На вакво мислење нè наведуваат неколкуте подоцнежни претстави сликани од
Аврам Дичов, каде што, св. Еразмо е сликан заедно со св. Климент Охридски, но и
нивните постари заеднички претстави сликани од Дичо Зограф во охридскиот живопис.
Токму таква заедничка претстава е зачувана во црквата Св. Недела во Слатино, охридска
Дебарца. Од зачуваниот ктиторски натпис дознаваме дека црквата е живописана во 1875
година, за вереме на охридскиот владика Натанаил, со средства на жителите на
Слатино.27 Претставата на св. Климент Охридски (s{tyf’i˘ kli˘ment¢ w'xr`sk`) е во припратата,
односно галеријата на западната страна на црквата, на јужниот ѕид, од двете страни на
прозорецот. Св. Климент е насликан допојасно во сакос, омофор и архијерејска панагија
на градите, со десната рака благословува а во левата носи затворено евангелие (сл. 18).
Фрескоживописот во западниот дел од црквата во просторот на галеријата е со
послаби ликовни вредности и, по сè изгледа, е дело на Спире (Спиридон Дичов), помладиот
брат на Аврам. Неговото име е запишано и во калотата покрај името на Аврам и годината
на сликање на црквата 1875 година.
Во наосот на црквата, веднаш до влезните врати на јужниот ѕид, Аврам ја слика и
претставата на св. Наум. Споредувајќи ја позицијата и местото во црквата каде што се
насликани св. Климент и св. Еразмо, наспроти местото кое го има добиено св. Наум во
програмата и тематиката, станува јасно дека во овој случај приматот му е даден на св. Наум,
што всушност кореспондира со една тенденција која се следи во уметноста на Охридската
архиепископија во XVIII и XIX век. Св. Климент и св. Еразмо, како архијереи според ка-
ноните на православната црква, би требало да се сликаат во олтарниот простор, но, во
овој случај, сосема невообичаено и спротивно на традицијата се поставени во припратата.
Присуството на Аврам Дичов и брат му Спиридон (Спире) во пределите на Дебарца
се следи и во црквата во село Сошани. Во крајно редуцираната сликана програма, св.
Климент го слика во првата зона на јужниот ѕид од наосот, помеѓу претставите на св.
Наум и св. Еразмо.28 Св. Климент (s{tyf’i˘ kli‘ment¢) е насликан во цел раст, со бела долга
брада и коса која се спушта зад вратот и рамењата, во архијерејски сакос, затворено еван-
гелие во левата рака, а со десната благословува (сл. 19). Бидејќи во црквата не е зачуван
ктиторски натпис, претпоставуваме дека фрескоживописот е настанат во годините помеѓу
1870 и 1875, време кога Аврам и брат му Спире сликаат повеќе цркви во Дебарца.29
Аврам, следејќи ги доследно иконографските и тематските обрасци конципирани
од татко му Дичо Зограф, ги презема и во својот програмски репертоар ја слика компо-
зицијата Седмочисленици, односно нејзината Преродбенска редакција која му дава на св.
Климент посебно место и примат.

26 Б. Прентовска, Фреско-живописот на црквата Свети Никола во село Присовјани – Малесија,

Пелагонитиса 9-11, Битола 2000, 121-122, сл.4-5.


27 С. Цветковски, Аврам Дичов, 20-21.
28 С. Цветковски, Портретите на св. Наум Охридски во живописот на Дебарската зографска

школа од XIX век, 365.


29 Idem, Аврам Дичов, 21.

372
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

Во црквата Успение на Богородица во селото Драслајца, сликана во 1875 година,


на северниот ѕид веднаш до иконостасот Аврам слика една интересна претстава на
Седмочислениците (s{tyf’i˘ Sedom¢ Ci‘sleniqi) со св. Климент (s{tyf’i˘ Klime’n¢) во средината
меѓу св. Кирил и св. Методиј, застанати зад светиот престол, на кој е положен отво-
рениот свиток со испишаната азбука придржуван од светите браќа, како и путирот (сл.
20). Над св. Климент се отворените небеса од каде што се спуштаат зраци на сијание. Од
едната страна на светиот престол е св. Наум, а од другата св. Еразмо Охридски и св.
Јован Владимир. На оваа особена претстава на Седмочислениците, освен словенските
првоучители и нивните двајца најпознати ученици – Климент и Наум, се насликани и св.
Еразмо и св. Јован Владимир. Во овој случај, Преродбенската редакција на Дичо Зограф
е редуцирана во смисла на изоставување на сликање на Сава, Горазд и Ангелариј, и
давање примат на св. Еразмо и св. Јован Владимир, кои како дел од оваа композиција
влегуваат дури во XIX век.30
По неколку години, во 1879 година, Аврам Дичов го живописува наосот на црк-
вата Св. Никола во Враништа, и во рамките на сликаната програма на првата зона на се-
верниот ѕид до иконостасот, идентично како во црквата во Драслајца, ја слика компо-
зицијата на Седмочислениците. Всушност, се работи за крајно редуцирана претстава на
само три светителски претстави, кои вообичаено го сочинуваат самото идејно и симбо-
лично јадро на претставата Седмочисленици, поставени околу светата трпеза на која е
претставен путирот и една архијерејска митра. Средишното место го зазема св. Климент
придружуван од св. Кирил и св. Методиј, и двајцата претставени во архијерејски одежди
(сл. 21). Забележливи се и настојувањата на Аврам да ѝ даде на композицијата понагла-
сен литургиски карактер со поставување путир и дискос на светата трпеза, додека свитокот
со азбуката воопшто не е насликан. 31
Веројатно, при неговиот престој во Враништа, во 1879 година, Аврам го слика,
односно го обновува ликот на св. Климент на една од престолните икони поставена на
крајниот јужен дел од иконостасот (сл. 22). И на оваа икона во духот на востановената
традиција Климент е насликан како архијереј во црвен сакос омофор околу вратот, митра
на главата и архијерејско жезло кое го носи во левата рака и отворено евангелие со испишан
текст на грчки јазик во левата. Претставата е сигнирана ὀ ἀγιος ΚΛΗΜΕΝΤΟς. Иконата
припаѓа на постарата иконостасна декорација од 1804 година, но во 1879 година речиси
на сите престолни икони ликовите се пресликани. Веруваме дека и текстот испишан во
долниот дел на престолната икона на Христос, во кој се говори дека се преправени
ликовите на иконите, се однесува токму на овој зафат што го извршил Аврам Дичов во
1879 година.32
Претставите на св. Климент Охридски во рамките на композицијата на Седмо-
числениците Аврам Дичов ги слика и во црквата Св. Никола во Вевчани, 1879/80година,

30 C. Grozdanov, La composition des Sept Saints Slaves (Седмочисленици, ΕΠΤΑΡΙΘΜΟΙ) dans la

peinture de l'Archevêché d'Ohrid, 36; А. Серафимова, op. cit., 29


31 C. Grozdanov, La composition des Sept Saints Slaves (Седмочисленици, ΕΠΤΑΡΙΘΜΟΙ) dans la

peinture de l'Archevêché d'Ohrid, 36-38; А. Серафимова, loc. cit; С. Цветковски, Црквата Свети Никола
Враништа, Струга 2015, 66, 75.
32 С. Цветковски, Црквата Свети Никола Враништа, 82-83.

373
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

враќајки се на постарата, наративна редакција на Дичо Зограф со сликање на словенските


првоучители со нивните ученици, меѓу кои средишно место зазема св. Климент (s{tyf’i˘
Kliment¢) пред кого е светиот престол на кој е положен свитокот со азбуката, но и евха-
листичните принесени дарови во дискосот и путирот, што ја потенцира литургиската
смисла на композицијата.33 Во Вевчани, Аврам повторно го слика св. Еразмо како дел од
групата на словенските светци – Седмочислениците, додека св. Јован Владимир е изоставен.
Една година подоцна, во католиконот на манастирот Св. Богородица Пречиста
Кичевска, Аврам ја слика композицијата Седмочисленици, но сега на јужниот ѕид непо-
средно до иконостасот и ѓакониконот. Композицијата од Пречиста веројатно е најубавата
и сликарски најдобро изведената во опусот на Аврам. Таа ги поседува сите битни иконо-
графски одлики кои ја дефинираат преродбенската редакција, св. Климент (s{tyf’i˘ Kli’ment¢)
во свечено декорирана архијерејска одежда, со митра на главата и жезло во десната рака
е издвоен во средината на композицијата зад светиот престол на кој е поставен путирот,
дискосот и две архијерејски митри. Странично до светиот престол се св. Кирил и
Методиј, кои го носат развиениот свиток со азбуката, а зад нив од двете страни се
останатите нивни словенски ученици, меѓу кои е насликан и св. Еразмо.34 Нив ги благо-
словува Света Троица од сегмент на отворена небеса Бог Отец, Исус Христос и светиот
Дух (сл. 23).
*
Меѓу генерацијата зографи ученици и следбеници на Дичо Зограф и Аврам
Дичов, кои во рамките на Дебарската школа активно дејствуваат во последната четвр-
тина на XIX век, по својата продуктивност, но и застапеноста на словенските светци се
издвојува зографот Серафим Ристевич. Овој зограф, по потекло од Тресонче, кој веќе во
1870 година се потпишува како ученик Дичов, некаде кон средината на осумдесеттите
години на XIX век се преселува во Охрид и почнува на своите дела да се потпишува како
зограф Серафим од Охрид. Интензивната зографска активност на Серафим се бележи на
просторот помеѓу Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Инаку, овој зограф е под силно вли-
јание на Аврам Дичов, што е забележливо во неговиот стилски израз кој низ годините многу
малку еволуира.
Старите вековни традиции на Охрид и Охридската архиепископија изразени низ
почитување и славење на словенските светци, посебно на св. Климент, ќе влијаат во
охридскиот зографски опус на Серафим да се појават повеќе сликани портрети на св.
Климент Охридски. Најголемиот дел се сликани на икони кои денеска ѝ припаѓаат на
збирката на црквата Св. Богородица Каменско.35 Тоа се икони на Богородица со малиот
Христос придружувана од повеќе светци. На една од овие икони, покрај претставата на
Богородица и малиот Христос, се претставени св. Никола и св. Климент ( s{. kli’ment¢),
кој се одликува со малку необична иконографија и типологијата на ликот, со бела долга

33 C. Grozdanov, La composition des Sept Saints Slaves (Седмочисленици, ΕΠΤΑΡΙΘΜΟΙ) dans la


peinture de l'Archevêché d'Ohrid, 34-38; А. Серафимова, op. cit., 30.
34 Ц. Грозданов, Словенските учители во живописот на Пречиста Кичевска и развојот на

композицијата на Седмочислениците во втората половина на XIX век, Манастир Света Пречиста


Кичевска, Скопје 1990, 119-132; А. Серафимова, op. cit., 31-32.
35 С. Цветковски, Галерија на икони при црквата Успение на Богородица Каменско Охрид, 14-15.

374
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

коса и брада во фелон и со затворено евангелие во левата рака36 (сл. 24). На друга, речиси
идентична икона на Богородица се насликани претставите на св. Василиј и св. Климент
(s{. Kl`ment) со идентична иконографија како на претходната икона (сл. 25). Третата икона
има малку поинаква композициска поставеност, покрај Богородица со Христос како
централен мотив и претставите на св. Климент ( s{tyf’i˘ klimen¢) и на св. Наум, странично
од Богородица во долниот дел на иконата во три издвоени полиња се насликани
архиѓаконот Стефан, архангел Михаил и св. Петка (сл. 26). На оваа икона св. Климент е
сликан многу повнимателно и прилежно со грижа за истакнување на ликот,
архијерејската одежда и митрата.
Како дело на зографот Серафим ја атрибуираме и иконата на Седмочислениците
од истата црква, која, всушност, е идентична со постарата икона на Седмочислениците
сликана од Дичо Зограф 1863/64 година (сл. 27). Интересно е да се одбележи дека
црквата Св. Богородица Каменско, всушност, е еноријска црква на маалата Месокастро и
Кошиште во коишто доминирале доселеници од дебарско-реканскиот крај, како и од
охридска Дебарца, кои посебно го почитувале култот на словенските светци. Серафим
слика портрет на св. Климент за проскинитарната икона во црквата Св. Климент во
Велгошти, Охридско (сл. 28), како и на една семејна икона на Богородица со Христос од
1892 година во Струга. На оваа икона портретите на св. Климент и св. Наум се насли-
кани во два медаљона сместени во горниот дел на иконата како допојасни претстави.
За црквата Св. Кузман и Дамјан во селото Пештани, Охридско, Серафим слика
една интересна икона со св. Климент во цел раст, придружуван од св. Кирил и св. Методиј
(сл. 29). По својата иконографија оваа икона е настаната по пример на постарата на Дичо
Зограф од 1863 година, сликана за училиштето на Христо Златар во Месокастро, но и на
сликаната претстава на Седмочислениците која Аврам Дичов во иконографски најреду-
цираната преродбенска форма ја слика за црквата во Враништа во 1879 година. Оваа
икона не е датирана, но веројатно е настаната во последната деценија на XIX век, кога
Серафим најмногу е активен во Охридскиот регион.
Зографот Василиј Гиновски од Галичник, кој, всушност, е современик на Аврам
Дичов, го слика портретот на св. Климент Охридски на западната фасада на католиконот
на манастирот Бигорски (сл. 30). Св. Климент е насликан на јужниот дел од западната
фасада во најниската зона и е дел од една поголема галерија насликани претстави на
словенски светци.37 Покрај Климент, кој е насликан во раскошен архијерејски сакос
декориран со цветни мотиви, омофор, архијерејска митра на главата и архијерејско жезло
во раката, се св. Наум, св. Јован Владимир и заедничката претстава на светите словенски
првоучители Кирил и Методиј. Многу е необична испишаната сигнатура на св. Климент
сигниран како архиепископ охридски, чиишто чесни мошти лежат во митрополијата во
Охрид (s{tyf’i˘ kli’ment¢ a'rx`epi˘skwp¢ w‘xri’dski’: cesnf’õ mo\i e'gw‘ lejf’t¢ v¢ mutropo’l`a ouÊ
wxr`d¢). Оваа сигнатура е единствена во уметноста на преродбата во XIX век, посебно
делот кој говори за моштите на св. Климент.

Ibid, 55, кат. 29.


36

Ц. Грозданов, Уметноста и културата на XIX век во западна Македонија, 198-199; А. Николовски,


37

Живописот во манастирот Свети Јован Бигорски, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 122, таб. VII.

375
Сашо ЦВЕТКОВСКИ

Меѓу зографите на Дебарската школа, во последната деценија на XIX век, портрети


на св. Климент сликаат браќата Радеви, Јосиф и Јаков. Во 1894 година, во црквата Св.
Никола во Радожда, тие го сликаат портретот на св. Климент во втората зона на север-
ниот ѕид од наосот како допојасна претстава веднаш до св. Наум Охридски. Св. Климент
(styf’i˘ Kliment¢), во духот на традицијата но и иконографските предлошки, го сликаат како
архијереј со митра на главата, кој во левата рака држи архијерејско жезло, а со десната
крената рака благословува (сл. 31).
Од овој период датира и една мала икона од црквата Св. Богородица во селото
Брчево, струшка Малесија, на којашто се насликани св. Климент и св. Наум Охридски, во
своите препознатливи иконографии – св. Климент (sv. kliment¢ o’xridskf’i˘) архијереј со
митра на главата и жезло во раката, а св. Наум монах во мантија и аналаф (сл. 32).
Во црквата во село Буринец, исто така, струшка Малесија, зографот Коста Колов
од зографскиот род Коловци од Лазарополе38 слика една мала икона на која се претста-
вени архиѓаконот Стефан, св. Климент како архијереј и св. Наум како монах (сл. 33).
Приближно истите години, претстава на св. Климент Охридски е зачувана и во фреско-
живописот на црквата Св. Илија во селото Селци, Мала Река. Во оваа црква фрескоживо-
писот настанува во три фази. Најпрвин во 1864/65година, работите ги започнува Дичо
Зограф, десетина години подоцна ги продолжува Аврам Дичов, а живописот го завршува
зографската тајфа на браќата Андонови од Гари, некаде во последните години од XIX
век сликајќи ја куполата и повисиките поткуполни зони.39 Портретот на св. Климент
(kli’ment¢) насликан во цел раст како архијереј на источниот ѕид над нишата на ѓако-
никонот е дело на браќата Андонови од Гари (сл. 34). Од браќата Андонови е зачувана
уште една икона посветена на св. Климент сигниран како охридски чудотворец ( s{tyf’i˘
klime’nt¢ w'xr`dskyf c$dotvo’req¢), а насликан како допојасна архијерејска претстава кој во
левата рака носи затворено евангелие, а со десната благословува (сл. 35).
Застапеноста на портретите на св. Климен Охридски во делата на дебарско-
мијачките зографи согледано низ нивната бројност отсликува една специфична тематска
појава која е проникната и заснована на старите и вкоренети традиции на поднебјето во
пределтие на некогашната најтесна диецеза на Охридската архиепископија. Забележливо
е дека најмногубројни зачувани претстави на св. Климент се во Охрид, во Струшко и
помалку во Дебарско и Мала Река. Тоа е сосема разбирливо бидејќи Светиклиментовите
традиции засновани на почитување и славење на неговиот култ, најпрвин во неговиот
манастир на Плаошник, а подоцна, во османлискиот период, и во црквата Богородица
Перивлепта каде што ќе бидат пренесени неговите мошти, не губи на својот интензитет
сè до времето на доцниот XIX век. Континуитетот на Светиклиментовиот култ и неговото
почитување во охридската средина, но и пошироко во пределите на некогашната диецеза
на архиепископијата опстојува низ делата на зографите од XIX век, најмногу низ делата
на дебарските зографи.

38За зографите од родот Колоски, опширно cf. П. Р. Коловски, Лазороските зографи, необјавени
документи, икони и записи од тефтерите на лазоровските зографи, Скопје 2014, 223-226.
39 С. Цветковски, Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов, 222; Idem, Аврам Дичов, 30-31, 95-96.

376
ПОРТРЕТИТЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ДЕЛАТА НА ДЕБАРСКО-МИЈАЧКИТЕ ЗОГРАФИ

Sašo CVETKOVSKI

THE PORTRAITS OF ST. CLEMENT OF OHRID IN THE FRESCOES


OF THE DEBAR – MIJAK’S ZOGRAFS

Among the more significant thematic features in the fresco painting of the Debar –
Mijak’s zografs is the painting of the images of the Seven Slavic saints as group composition as
well as their individual – separate depictions of the especially respected and most celebrated
saints whose cults and sanctuaries originated in Ohrid and around Ohrid Lake, st. Clement of
Ohrid and st. Nahum of Ohrid and the presence of the depiction of St. John Vladimir. Their
painting is in the context of the ongoing national movement and the aspiration of the
Macedonian Renaissance from the middle and the second half of the XIX century. The carriers
of these processes in the art from that time are exactly the zografs from Debar and Mijak, and
especially the founder of the Debar zografs’ school Dimitar Dičo Zograf. In his extensive work,
we find the greatest representation of painted images of st. Clement of Ohrid and that is
precisely during the period when he resides in Ohrid. Preserved are ten portraits of st. Clement
in icon paintings and frescoes from 1844 to 1864. It is especially important that Dičo Zograf in
Ohrid conceives the so called the rebirth action of the composition of the Seven Slavic Saints,
in which in the middle, a special place was given exactly to st. Clement of Ohrid.
And in the opus of Avram Dičov, the son of Dičo Zograf, is noticeable the painting of
the images of St. Clement, especially in the regions of Western Macedonia, in Struga, Debarca
and Kičevo. Most of the painters, contemporaries of Avram Dičov, who spent a certain period
of time in his zograf group-tajfa, follow this tradition of painting the Slavic saints, especially st.
Clement. Those are the painters Josif and Jakov Radevi from Lazaropole, the zografs from the
family Ginovski from Galičnik and at the end of the XIX century, especially zograf Serafim
who moves from Tresonče to Ohrid where for the churches in Ohrid paints over ten icons with
portraits of st. Clement.

377
Сл. 1 – Икона, Богородица Пантохара и Несвенлива Роза, 1844 г., Дичо Зограф

Сл. 2 – Св. Климент, св. Никола, св. Атанасие Александриски, св. Ѓорѓи Јанински и ктиторски натпис,
икона Богородица Пантохара, детаљ.
Сл. 3 – Икона, Богородица со Христос, св. Димитриј и св Климент,
црква Св. Богородица Каменско, 1851 г. Дичо Зограф

Сл. 4 – Икона,
св. Климент Охридски,
црква Св. Богородица
Каменско, детаљ
Сл. 5 – Икона, Воскресение Христово, црква Големи свети врачи, 1852 г., Дичо Зограф

Сл. 6 – Икона, Воскресение Христово, детаљ, 1852 г.


Сл. 7 – Икона, Богородица со Христос, св. Јован Претеча и св. Никола, св. Константин и Елена,
св. Климент и св. Наум, 1863 г., галерија на икони, црква Св. Александар Невски, Софија, Дичо Зограф
Сл. 8 – Икона, св. Димитриј, св. Климент, св Наум, св. Еразмо, св. Кузман и Дамјан, св. Атанасиј,
црква Св. Никола Геракомија, 1863 г., Дичо Зограф
Сл. 9 – Икона, Седмочисленици, црква Св. Никола Геракомија, 1862 г., Дичо Зограф (денес во Музеј на Македонија)
Сл. 10 – Целивна икона, Седмочисленици,
црква Св. Никола Геракомија,
околу 1862/63 г. Дичо Зограф

Сл. 11 – Икона, Седмочисленици,


црква Св. Богородица Каменско,
1863/64, Дичо Зограф
Сл. 12 – Икона, св. Кирил, св. Климент и св. Методиј, сликана за словенското училиште во Кошишта,
1863 г., Дичо Зограф
Сл. 13 – Св. Климент и св. Еразмо,
ѓаконикон, црква Св. Богородица Каменско,
1864 г., Дичо Зограф

Сл. 14 – Икона, црква Св. Богородица


Перивлепта, св. Јулита со Кирик, св. Климент,
св. Јован Владимир и архангел Михаил,
долна зона: св. Јоаким и Ана, св. Еразмо и
св. Стилијан, 1866 г., Дичо Зограф
Сл. 15 – Икона, Богородица Царица со светци,
црква Св. Георги во Струга, околу 1872/75 г. Аврам Дичов

Сл. 16 – Св. Стилијан, св. Климент и св. Наум, детаљ, икона на Богородица Царица со светци,
црква Св. Георги во Струга, околу 1872/75г., Аврам Дичов
Сл. 17 – Св. Климент папа Римски (св. Климент Охридски) и св. Еразмо,
црква Св. Никола Присовјани, Струшко, 1874 г., Аврам Дичов

Сл. 18 – Св. Климент и св. Еразмо, црква Св. Недела, село Слатино, Дебарца,1875 г., Аврам и Спиридон Дичови
Сл. 19 – Св. Климент и св. Еразмо, црква село Сошани, меѓу 1870/75, Аврам и Спиридон Дичови

Сл. 20 – Седмочисленици, црква Св. Богородица, село Драслајца, Струшко, 1875 г., Аврам и Спиридон Дичови
Сл. 21 – Св. Кирил, св Климент и св. Методиј, црква Св. Никола, село Враништа, Струшко, 1879, Аврам Дичов

Сл. 22 – Икона св. Климент, црква Св. Никола Враништа, 1879 г., Аврам Дичов
Сл. 23 – Седмочисленици, црква Св. Богородица Пречиста Кичевска, 1880/81, Аврам Дичов

Сл. 24 – Икона, Богородица


со Христос, св. Никола и
св. Климент, црква Св.
Богородица Каменско,
Охрид, зограф Серафим
Сл. 25 – Икона, Богородица со Христос, св. Василие Велики и св. Климент, црква Св. Богородица
Каменско, Охрид, зограф Серафим
Сл. 26 – Икона, Богородица со Христос, св. Климент и св. Наум, црква Св. Богородица Каменско, Охрид,
зограф Серафим
Сл. 27 – Икона, Седмочисленици, црква Св. Богородица Kаменско, зограф Серафим
Сл. 29 Икона, св. Климент, св. Кирил и св. Методиј, црква Св. Власиј, село Ложани, Струшко,
околу 1894 г., зограф Серафим
Сл. 28 – Икона, св. Климент, црква Св. Климент, село Велгошти, Охридско, зограф Серафим

Сл. 30 – Св. Климент, св. Наум, св. Јован Владимир, св. Кирил и св. Методиј, западна фасада, католикон
на манастирот Бигорски, 1871 г., зограф Василиј Гиноски
Сл. 31 – Св. Климент и св. Наум, црква Св. Никола, село Радожда, 1894 г., зографи Јосиф и Јаков Радеви
од Лазарополе

Сл. 32 – Икона,
св. Климент и св. Наум,
црква Св. Богородица,
село Брчево, Струшко
Сл. 33 – Икона, св. Стефан архиѓакон, св. Климент и св. Наум, црква Св. Богородица, село Буринец,
Струшко, зограф Коста Колов од Лазарополе
Сл. 34 –
Св. Климент, црква
Св. Илија, ѓаконикон,
село Селци, Мала Река,
Дебарско, зографи браќа
Андонови од Гари

Сл. 35 –
Икона, св. Климент,
зографи браќа
Андонови од Гари

You might also like