Professional Documents
Culture Documents
Графитите како урбана уметност спротивни на вандализмот и нивната социјална значајност
Графитите како урбана уметност спротивни на вандализмот и нивната социјална значајност
Во денешно време, најчесто се користи боја како што се лименки со боја (спрееви) и
маркери. Во повеќето држави цртањето на графити на нечија сопственост, без дозвола од
сопственикот се смета за вандализам. Активистите графитите ги користат за објавување на социо-
политички пораки. Сегашните графити, најчесто се букви во три-димензионален облик со разни
бои и потписи т.н. тагови кои својот зародиш го имаат во хип-хоп културата. Овие слики или
уметнички улични дела им ја враќаат убавината на старите изнемоштени згради.
Да го дефинираме вандализамот
Вандализмот во форма на графити е акт на оштетување на јавни имоти со создавање на
вознемирувачки слики, зборови на омраза, шарање со распрснувачка боја или други материјали,
без никаква естетска смисла или обид за креирање на нешто убаво.
Општествено и социјално значење на графитите
Социјална функција на графитот е јасна со цел да го истакнат или промовираат
идентитетот на една заедница или да ги изразат негативните влијанија на некои социјални
проблеми. Уметниците, но и активистите, го користат своето дело како начин за политички и
социјален израз, користејќи ги ѕидовите на јавни простории за да ги споделат своите мислења и
забиднувања со заедницата. Со други зборови, графитот може да биде моќно средство за социјална
промена. Многу графити изразуваат силни пораки против расизмот, сексизмот, дискриминацијата,
нерамноправноста и други социјални проблеми. За многумина, графитот е начин да се привлече
внимание на важни прашања и да се поттикне дискусија во заедницата за важните проблеми.
Следнава фото галерија е направена во Куманово месец април 2023 година, со неколку
одбрани социјални пораки, креативни дела, но и примери за вандализам.