You are on page 1of 32

„Ефлувиум“

Визуелен коментар посветен на современaта перцепција и дискурс. Култура на


конзуматорство и неумерна експлоатација. Промени без основа за прогрес. Механичко
повторување на шаблони. Трка за пари, моќ, влијание…

Ефлувиум во слободен превод значи смрдлива, отровна реа што испарува


и се шири, болест. Болест на современиот ритам и генерациска незрелост.
Незаинтересираност и пасивно набљудување од далечина. Криење зад вековни догми
и мантрање без смисла. Обожување на златното теле и величење на виртуелни идоли.

Незаинтересираност, комформизам, технократија и виртуелна реалност.

„Хелекс“
Идолот на рамнодушието и материјалноста. Хелекс е глава на идол чии црти се
сублимирани во една отворена дупка на средината каде што треба да е лицето. Идолот
е поставен над кровот на висока зграда и претставува доминанта во околината.

„Тера“
Персонификација на природата преку дрвено женско торзо и поставено на
столб.

„Некрополис“
Споменик на општество што го достигнало крајот на својот циклус. Во сеќавање
на изгубениот град.
Картонски релјефи од рециклирана хартија. Материјал за една употреба и
намена да го заштити техно-товарот во кутиите за складирање. Откако ќе ја исполнат
својата цел, картонските релјефи од рециклирана хартија завршуваат во отпад. Или на
повторно рециклирање. Картонската кутија за складирање од друга страна, и натаму
служи како кутија за складирање помал отпад.
Својот интерес во уметноста Срѓан Миќиќ го базира на разновидните искуства
на современата уметност како што се: сликарството, скулптурата, графиката...,
и новите мултимедијални техники на визуелната уметност. Во оваа сфера на
истражувања опфатени се новите културни и уметнички наследства, унапредувани
во модерната современа креација и визуeлните тeхники, т.е. новото ниво на дискусија
за концептуалната уметност во денешнината. Различните медиуми на изразување се
само негова алатка за визуелизација на концептуалните идеи за себерефлектирањето
каде што визуелниот мотив во уметничкиот дискурс станува метајазик или визуелен
текст. Концептуалната уметност е авторефлексивна и аналитична кон општеството или
системот на уметноста и се заснова врз специфичните процедури во создавањето
на уметничкото дело, при што уметникот со презентација на визуелниот говор ги
промовира сопствените погледи како генерална интроспекција. Срѓан Миќиќ преку
парафрази и дискурси од митологијата, религијата, историјата, антропологијата,
социологијата, философијата и современата уметност бара нови начини да ги прикаже
феномените на денешнината и реалноста. Tој уметноста ја користи да ги отвори
проблемите во општеството и уметноста, но и во уметничкиот и општествениот систем
кој превладува во регионот и во светот. Личните приказни и искуства, кои всушност се
и приказни и искуства на другите, добиваат метавизуелен израз.

Барајќи го визуелниот знак на епохата во која живееме тој се впушта во


потрага по нејзините доминантни социо-општествено-историски и духовни белези,
трансформирани во ликовни и визуелни облици со лични реминисценции и емфази.
Воден од страста во истражувањето на нови изразни форми, тој прави синтеза помеѓу
класичните сликарски дисциплини и современите текови на идеите и концептите во
обликувањето на уметничкото дело.

Оваа изложба е составена од повеќе тематски дела/целини (Хелекс, Тера,


Некрополис, ТВ-ќелии, Опинокио, Драма на изгрејсонце...), чиј меѓусебен однос
сочинува сложена инсталација, и нивната поединечна анализа би била само општа
дескрипција на изложеното. Затоа анализата на овој проект треба да се перципира
како претопување и присоединување на микронаративите кои создаваат нова
естетско-концептуална целина – макронаратив со заеднички именител означен
од авторот – Ефлувиум. Така се создава нова уметничка ситуација во која се
рефлектираат нови односи, перспективи и погледи на светот. Интегралистичкиот
проект сочинува динамично уметничко дело кое во својата егзистенција и гностичка
структурологија содржи многу референци на современата дискурзивност, но и отвора
низа прашања поврзани со состојбите во општество и уметноста во условите на
современите предизвици на глобален план. Визуелните претстави (со асоцијативни
белези – Вавилонската кула, златното теле, природата...) сe своевиден симулакрум
на мисловниот контекст и концепт произлезен од „лабораторијата” на Срѓан Миќиќ.

Всушност се работи за депонии (Ефлувиум) од превртена, манипулативна,


искомерцијализирана цивилизациската свест која доживува егзистенцијален распад
во таканаречениот период на неолиберализација (но и во сите историски периоди),
во кој инерцијалните сили на ресентиментот и сензационализмот се судирааат со цел
еден дијапазон на глобалистички стратегии и виртуелни системи. По сè изгледа Срѓан
Миќиќ го отфрла сето ова и тежнее да „конструира“ предупредувачки сигнали кои ги
допираат новиот метамодернистички концепт на живеење (Хелекс, Некрополис, ТВ-
ќелии, Опинокио) или општествениот деконструктивизам во природата и општеството
(Тера).

Ефлувиум е проект што кореспондира со редукционистичките потреби на


перманентната криза во општеството, уметноста, стратегиите на комуникации и
устројствата на глобално ниво. Концепцијата на овој проект е во неговата потреба
да се спротивстави на општествените случувања и тенденции и да одговори на
овој предизвик со конструкција на дело-систем, што нема да престане да постои
по својата реализација и краткотрајната „сензационалистичка“ презентација.
Експериментирањето со идејно-концептуалните премиси овозможува оригинален
ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Визуелното восприемање на
светот кој го опкружува Миќиќ преплетено со неговата имагинација создава ликовен
свет во кој се обликуваат визуелните претстави. Овие визуелни претстави создаваат
портал кој води до рецентниот реалитет на животот, при што секој елемент е дел
од една мозаична целина, но истовремено води кон различни перцепции на „друга
реалност” комбинирајќи повеќе паралелни слики и нарации во рамките на решението.
Ова е клучниот фактор на уметничкото решение на Срѓан Миќиќ во кое го преиспитува
местото на човекот, а со тоа и уметникот во тој систем на дејствување како активен
учесник во микро и макро општествените хоризонти на реалноста. Во читањето
на неговите дела, пред нас се отвораат енигматични простори чие дефинирање
има бројни толкувања и интерпретации, зависно од сознанијата и од искуствените
парадигми на набљудувачот. Всушност, предмет на неговите ликовни вивисекции се
егзистенцијалните тајни неспоредливо поважни од ликовниот јазик.

И покрај сите овие заклучоци, за крај сепак ќе кажам дека Срѓан Миќиќ е
хроничар на општествените случувања во денешнината, кој преку своите дела станува
филтер и совест во општеството. Илузорно е да веруваме дека уметноста ќе ја промени
колективната свест, но останува фактот дека може да помогне во тоа....

Горанчо Ѓорѓиевски
“Тера” – 2020
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 100х100см, 2021
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 100х100см, 2021
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 100х100см, 2021
„Драма на изгрејсонце“ - акрил на платно, 100х100см, 2021
„Драма на изгрејсонце“ - акрил на платно, 100х100см, 2021
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 2021
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 2021
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 2021
„Фрагменти од градот“ - акрил на платно, 2021
Срѓан Миќиќ
Роден 1980 година, во Скопје

• 1998-1999 - Средно училиште за Применета Уметност УПУ - „Лазар Личеновски“,


во Скопје, специјалност – Графика и графички дизајн
• 1999-2002 - Белоруска Академија на Уметностите, Минск, специјалност - графика.
• 2002-2005 - Националната Уметничка Академија, Софија, специјалност - графика.
• 2005-2007 - Магистерски студии, Национална Уметничка Академија, Софија,
специјалност - сликарство.

Десет самостојни изложби и учество на повеќе групни изложби во земјава и надвор


од неа.

• 2011 - денес - професор на Меѓународниот Балкански Универзитет


Издавач: ЈУ Младински културен центар - Скопје
За издавачот: Русе Арсов, В.Д. Директор
Дизајн: Иван Мегленов
Фотографии: Лични архиви на уметникот
Печати: Винсент Графика
Тираж: 300
Скопје, Северна Македонија 2021

Editor: Youth Cultural Center - Skopje


Editor in chief: Ruse Arsov, Acting Director
Design: Ivan Meglenov
Photos: Personal archives of the artist
Print: Vinsent Grafika
Copies: 300
Skopje, North Macedonia 2021

You might also like