You are on page 1of 14

Историјата и дизајнот

Дизајн и графички дизајн

Дизајнот настанува во моентот кога на уметничкото дело му се дава цел.


Уметничкото дело добива употреблива вредност тогаш кога функцијата ја надминува
естетиката! Тогаш уметноста поминува во дизајн, а уметникот во дизајнер.
Уметничкото дело има единствена функција – декорација, а дизајнот е употреблив,
практичен и функционален иако неговите естетски вредности имаат основа да
станат дел од декорацијата. Дизајнерските дела ги нарачува клиентот за да ја
унапреди сопствената промоција, а уметничките дела ги нарачуваат „мецени“ за да
ја декорираат својата околина.

Дизајнот се развива со развивањето на индустријата и масовната


потрошувачка. Дизајнерските дела се копираат и успешноста на дизајнерот се мери
со бројот на копии на неговото дело, додека уметничките дела се единствени и
непофторливи. Дизајнот ја превзема теоријата за функционализам – предметите
треба да имаат едноставни геометриски облици без декоративни елементи,
изработени по стандарди применливи на повеќе производи, бидејќи така се
добиваат ефтини, брзо изработени и функционални производи.

Графичкиот дизајн стана дел од културата и економијата, а од триесетте


години од XX век графички дизајнер станува и професија, која креира медиум за
масовна коминикација. Во Германија во пеесеттите години во Министерството за
економија се формира специјален Совет за дизајн.

Типографијата како дел од графичкиот дизајн има многу подлабоки корени. Се


развива со појавата на првите писма, а првите комбинации на слики и текст
датираат од 3500 г.п.н.е. Типографијата во средниот век напредува, а во периодот
од XV до XX се развива во тип на типографија која се користи и денес. Во XV
односно XVI век, со почетокот на печатниците се раѓа идејата за различни фонтови.

Клинасто писмо и средновековни списи од XV век

1
Историјата и дизајнот
За вистински почеток на дизајнот се смета XIX век, времето на индустријата.
Големите пронајдоци овозможија развој на дизајнот (сијалица, микрофон, столици
на вртење, електрични автомобили и.т.н). Се изработуваат прекрасни архитектонски
дела Ајфеловата кула, Кристална палата и.т.н. Браќата Тонет откриваат начин за
виткање на дрвото во лакови. Се посветува големо внимание на дизајн на намештај.

Крајот на XIX век го одбележува стилот Arts'n Crafts stil. Се користат природни
материјали, растителни облици. Од индустрискиот дизајн, креирање таписерии и
тапети се создаваат услови за графички дизајн.

Морисовата Црвена куќа и тапети Daisy

Почетокот на XX век, пред Првата светска војна, се развива нов стил Ar Nuvo,
кој содржи многу “виткани“ меки и елегантни елементи. Во Германија овој стил го
нарекуваат “jungend стил“, а во Виена “сецесија“. Плакатот станува средство за
масовно информирање, со слика се прикажува идеја.

Руската социјалистичка револуција 1919 создава авангардни уметници.


Уметноста и дизајнот ја пратат технологијата, користат чист формалистички стил,
уметноста постанува конструкција изградена со правилни геометриски облици.
Дизајнерските дела се сведуваат на нивната употребна вредност, а декоративната
естетика се сведува на проста и минималистичка форма. По овие правила се јавува
школата Bauhaus - руското конструктивно движење и холандското движење De Stejl.

Од друга страна, се создава радикално критичко движење дадаизам, кој


внесува една потполно нова естетика и нова филозофија на уметноста и дизајнот.

2
Историјата и дизајнот

Намештај и весник на групацијата De Steil

Дваесетите години од XX век се свртени кон елитата и друштвото. Коко Шанел


својот моден дизајн го поставува како стандард. Дизајнерите “работат“ на
аеродинамички дизајн. Буквите се масни и многу читливи.

Пеесетите години од XX век се враќа во мода “оригинален стил“ и покрај тоа


што масовната потрошувачка е дел од американскиот сон кој го сонуваат сите
европејци.

Шеесетите години повторно се упростуваат формите и се враќаат на


функционалноста. Но, се јавуваат и разни експериментални дизајнерски решенија.
Дизајнерите “поминуваат“ во алтернатива, хипи проект носи специфична камп
култура и психоделични решенија. Поп уметниците се насочуваат кон масовно
производство користејќи секојдневни предмети за уметнички цели.

Скандинавски дизајн на столови

Светот е преплавен од анти воени и студентски револуции и се раѓа еден


многу прост, радикален и директен дизајнерски стил. Револтот е присутен во секој
поглед, па и во дизајнот. Се формираат и антидизајн движења кои се
спротиставуваат на дотогашните правила. Се користи пластика и се подржува и
исмејува човековата потреба за удобност.

3
Историјата и дизајнот
Седумдесеттите години ги одбележува експанзија на пластиката. Како што
“хипи културата” е сеуште присутна, излетите и кампувањата се многу модерни и
цела опрема за живот надвор од домот е изработена од пластика.

Осумдесеттите години зрачат со силни бои и светлосни ефекти. Новите


естетски правила ги карактеризираат осумдесеттите како диви, а решенијата
стануваат се попровокативни. Во осумдесеттите години дизајнот станува дел од
бизнисот и џет сетот, всушност дизајнот се претвора во комплетен културен настан.
Компаниите ги потпишуваат своите производи со дизајнерски имиња, а дизајнерите
го создаваат целиот имиџ на компанијата.

Деведесеттите години се пресвртница од електрично во информатичко


друштво. Дизајнерите често се “загинати“ во оваа ера на прединформатичкото
друштво и се почести се многу “неспретни“ почетнички решенија. Масовната
потрошувачка и масовното производство се натпреваруваат најповеќе во
“забележувањето“ на производот.

Индустриски дизајн
Како продолжение на филозофијата на движењето Arts'n'Crafts, се јавува
движењето Ar Nuvo. Ова двишење е врз основа на органска елеганција, лесни и
брановидни движења. Линиите се прави, а орнаментиката е флорална. Креациите на
дизајнерите од Ar Nuvo стилот, потсетуваат на живи организми, на инсекти и
цвеќиња, но и на женско тело, а пред се на коса. Основни материјали на овој стил
се железо и стакло. Кованото железо дозволува елеганција на движењето, а
стаклото прозрачност и игра на светлата и боите.

Името Ar Nuvo движењето го доби по група на белгиски уметници од XIX век,


од 1884 година. Ова име прераснува во нова уметничка форма – стил, кој се
нарекува уште и сецесија (во Австрија) или јунгендстил (во Германија). Стилот се
дели на органски во Франција, Белгија, Шпанија, Чешка, Италија, САД и геометриски
во Шкотска и Австрија.

Теоретичари на овој стил беа Viktor Hort и Van de Velde, а најголемите


мајстори на индустрискиот дизајн во ова време беа: Antoni Gaudi, Emil Gale, Viktor
Horta, Hektor Gimar, Charls Mekintosh и сестрите MekDonald.

Лампа Мекинтош и плакат од сестрите Mekdonald


4
Историјата и дизајнот

Гауди
Gaudi и денес се смета за еден од најконтравезните, а пред се’
револуционерни архитекти. Gaudi-евиот стил е многу познат во целиот свет, а го
карактеризираат исклучително меки и извиткани линии кои се спротивставуваат на
сите правила на градењето (градбата). Gaudi-евите градби се завршувани
(изработени) на основа на неговите лични барања. Јасни и прецизни цртежи не
постојат, овој архитект својата инспирација ја добива на лице место, а ја добивал од
меките растителни облици.

Gaudi-евите ѕидови изгледаат како мека рачно лиена маса. Тие се


завршувани како карактеристични фасади, кои јасно укажуваат на структурата на
стеблото, коските, крлушките и слични на нив, целосно органски форми.
Највпечатлив е неговиот посебен стил на кршење на разнобојни плочки и создавање
на далекупознатиот мозаик, со кој ги обвиткувал фасадите, украсувал намештаи, ги
боел скулптурите. Овие плочки во игра со светлината постигнуваат уште
поинтересна структура, слична на камелеонова кожа.

Едно од најпознатите дела на овој архитект е Паркот Guelj, единствен и


неповторлив, во Barselonа. Овој парк го спонзорирала Gaudi-евата голема “мецена”,
фамилијата Guelj. Благодарение на самиот архитект, паркот не стана комерцијално
издание, туку важен дел од пејсажот на Барселона. Подигнат е во повеќе нивоа,
пошумен со медитерански борови кои се спротиставуваат на нежните медитерански
палми. Главното плато е издигнато на коси столбови кои со својата структура
потсетуваат на палми. Интересно е тоа дека ниту еден Gaudij-ев столб во овој парк
не е поставен под агол од 90 степени. На подот од платото, по неговата цела
должина се простира бесконечна клупа, обложена со Gaudije-вите кршени плочки.
Оваа клупа делува како змија. Под платото се поставени неправилни дорски
столбови кои завршуваат со таван од искршени плочки на кој се гледаат јасно
поставени мозаици на сонцето, ѕвездите и слични небесни облици (тела).

Централно место во паркот претставува фонтаната во форма на гуштер, која


стана симбол на Барселона и е една од најголемите светски туристички атракции.

5
Историјата и дизајнот

Слики од паркот Guelj

Барселона на Gaudi му должи многу, бидејќи овој архитект го издигна градот


на ниво на туристичка атракција. Gaudi-евата Саграда Фамилија се наоѓа на второ
место по посетеност во светот, после посетеноста на христијанското свето место -
Гробот на Исус Христос во Ерусалим. Саграда Фамилија е започната во почетокот на
XX век и до денес не е довршена. Градена е по угледот на готичка црква, но на неа
јасно се гледа Gaudije-вата смисла за органското. Страната за црквата која ја
завршиле Gaudije-вите мајстори за време на Gaudi-евиот живот, многу се разликува
од страната која сеуште е во изградба. Кулите од оваа црква подсетуваат на палми,
а декорирани се со карпи и лисја. Делови од црквата се украсени со специфични
кршени плочки, карактеристични за Gaudi. Интересен е фактот што ваков
експеримент во градежништвото дозволила католичката црква. Иако наизглед
богохулник, Gaudi бил голем верник, а со својата полуларност како архитект, ја
придобил католичката црква, која на архитектот му дозволила вакво “играње”.

Sagrada Familia

Kasa Batljo е вистинска куќа од бајките. Освен тоа што ја проектирал целосно,
Gaudi го изработил и намештајот што се наоѓа во зградата. Се поминува по
провидни ходници кои не’ водат во подводниот свет. Стаклото на оградите на
скалите е така направено, да се има впечаток дека гледаме под вода. Намештајот

6
Историјата и дизајнот
дава впечаток на леснотијата и елеганцијата на дрвото. Дворните огради
наликуваат на цветни градини, а главната тераса и покривот потсетуваат на змеј од
бајките. Предниот дел од зградата е обложен со кршени плочки, прозорите се
направени кадо да се од течност која се излива, а зградта ја “држат” цврсти слонови
нозе или коски на некое подводно суштество. Слоновите стапала јавно се
спротиставуваат на принципите и законите на Барселона, според кои требало
зградите да одат до одредена длабочина. Gaudi сепак пркосно го поставил ова
стапало, за кое не може да се рече дека припаѓа во длабочината на зградата.

Терасите на зградата потсетуваат на глави на подводни суштества или на


маските од карневалот во Венеција.

Kasa Batljo

Kasa Mila е зграда која и денес се користи како стамбена зграда. Градена е за
сопругата на господинот Мила, која била очајна од изведбата. Не се осудувала да
излезе на нејзиниот балкон, несонувајќи дека оваа зграда ќе привлекува милиони
7
Историјата и дизајнот
туристи и уметници од целиот свет. Жителите на Барселона ја нарекле La Pedrera -
каменолом, бидејќи дава впечаток како да е дел од грамадна карпа. Зградата е
хоризонтално брановидна и потсетува на живеалиштата на афричките племиња.

Покривот е брановиден, а во
центарот се наоѓаат базени кои ги
“чуваат“ страшни воини-чувари, по чиј
лик се изградени оџаците.
Внатрешноста на зградата, закривени
скали затворени со ограда од ковано
железо, јасно го покажуваат духот на
времето. Фасадата на Kasa Mila е како
обвиткана со лав, таа е еластична и
мека, наспроти својата тежина и
дебелина. Терасите и столбовите
повторно не водат во подводниот свет
и бајка која донесе голема слава како
на архитектот, така и на градот
Барселона.

Kasa Mila (La Pedrera)

Gimar е Француски уметник и дизајнер од XX век, чиј најпознат проект е


архитектонското дело - Замокот Baranže во Париз. Иако наизглед конвенционално и
со аголен изглед, зaпочнува со апстрактнo влегување во Nuvo стилот. На врвот на
зградата се наоѓа змеј искован од железо, кој не беше единствен изум на овој
архитект и дизајнер. Со змејот често се “играше“ и Gaudi. Скалилата на зградата се
оградени со стаклени плочки, слични на оние во ходникот на Kase Batljo.

Сепак најпознато,
најзабележливото дело на
Gimar е влезот во метрото
во Париз. Портите на
Париското метро се
прекриени со облици на
растенија изработени од
железо. Се е исклучително
органски и неправилно. Над
влезот се извиваат високи
светилки, а стаклените
покриви ги покриваат
скалите.

Гимарови решенија на
влезови

8
Историјата и дизајнот
Horta ги следи правилата на готската уметност, давајќи дух на своето време.
Овој архитект ги дизајнирал намештајот и деталите на секоја своја градба. Се
одликува со исклучително меки, органски линии и светли, нежни бои. Horta со
тапети ги покрива внатрешноста на ѕидовите на неговите згради, украсувајќи ги со
издолжени, елегантни и разиграни цветни облици. Horta линијата е толку
препознатлива по својата органска форма на стеблото, па така и влезе во историјата
на дизајнот како "Линија на Хортин".

Хорта, исто така, воведе и архитектонска револуција воведувајќи влезови на


различни нивоа, меѓупростори (меѓуспратови) и влезови во иста просторија со
различни нивоа. Добро познати се Хортините железни столбови и огради по скалите
од железо (хотелот Савој), како и обоените (насликани) прозорци и врати на
зградите на Хортин.

Хортини ентериери

Emil Gale својот уметнички израз го должи на неговите ботанички студии. Тој
лие вазна од стакло која сама по себе е цвет. Најпознатиот леар и дизајнер на
стакло на ова време е секако Тифани. Тифани “игра“ со стакла во боја, а светилките
и другите декоративни елементи ги поставува на вообичаени облици на нежни бои.

9
Историјата и дизајнот

Гелови насликани вазни

Најзапоставен природен материјал во тоа време било дрвото. Сепак,


Шарпенње го користел овој материјал и го создал добро познатиот сталак за ноти,
неизбежен во приказната за "нова уметност".

Можеби најзаслужен за развојот на овој стил е Макмурдо. Тој сакал да ја


надмине идејата за уметник како “занаетчија”. Неговата визија била уметникот да
биде прифатен единствено како уметник. Тој сметал дека обединувањето на
уметноста и занаетчиството ќе го надмине претходното разбирање за уметникот -
занаетчија. Најпознатото дело на Макмурд е почетната страница на книгата Wrens
City Churches. Ова насловна страна е асиметрично врамена со немирни, стилизирани
лалиња. Макмурдо е архитект, кој создаде органска околина која ќе го инспирира
развојот на дизајнот.

Art nuvo уметноста поставила малку поразлични правила во Британија.


Семејството Mекинтош ги поставува основите на геометрискиот стил. Линиите на Art
nuvo уметноста се рамни и груби, но боите се сеуште многу нежни. Мекинтош
изработува, неудобни (нерамни) столици, со рамен наслон, кои ја зачуваат мекоста
на европскиот стил. Мекинтош мебелот го украсува со седеф, а го слика (бои) со
розева и бела или виолетова и бела комбинација. Мекинтош користи строги, грубо
обработени елементи за изработка на сопствениот мебел.

Макмурдов стол, Meкинтош стол и


Климтово топогравско решение

Во Виена уметничкото движење


ar nuvo било познато како Сецесија.
Групата на уметници под ова име се
издвоила од традиционалните виенски
школи. Голем уметник, обожавател на
овој стил бил Gustav Klimt.
Сецесионистите ги печателе своите
трудови во списанието Света пролет.
10
Историјата и дизајнот
Ова списание го скрши (ја разби) сваќањето за уметност во тоа време, а симболично
тоа го насликале (прикажале) на насловната страница.

Зградата на Josef Olbrih, седиштето во Виена е вистински пример за


сецесионистичка архитектура, а на неа е напишано и мотото на оваа група: "на
секоја генерација нивна (своја) уметност и на секоја уметност слобода".

Виенска сесија и
сеционистички
плакат

Првата светска војна носи големи пропагандни кампањи кои се рефлектираат


во мноштво постери, како и во воени ознаки, симболи и мапи. Пораките се слични
едни на други, како и графичките решенија. Се случувало спротиставените страни
да користат истото графичко решение.

Дизајнерите креирале (создавале) симболи за единици и чинови.

Завојуваните страни (блокови) се обидувале да ги убедат масите во своите


идеи преку пропагандни постери (плакати). Плакатите за пропаганда што ја
поддржуваат нацистичката влада се многу подобро компонирани и концептуално
понапредни. Нивното мајсторство е во едноставноста и во директноста на
илустрациите направени во едноставни бои со јасни сенки. Текстовите на авторите,
како што се Gipkins и Holvajn , се испишани со задебелени, густи текстури.

Холвајнови плакати

11
Историјата и дизајнот

Гипкинсови плакати

Австриецот Klinger е еден од најпознатите изработувачи на плакати на


нацистите. Неговиот најуспешен плакат е пропагандата за заем за нацистичката
борба. Тој бројот 8 го фаќа во замката на сојузниците вклучени во змејот. Змејот е
вознемирен од седум низи кои ги претставуваат претходните заеми. Германските
плакати најчесто се свртуваат кон воен заем, бидејќи армијата е доволно силна и
постои дилема за покана до луѓето во армијата на ист начин како што ги покануваме
да пробаат мармалад. Гипкинс ги претставува нацистите со орел кој стои на
дупчениот сојузен авион, а сите нивни постери, како Германски, така и сојузнички,
излегуваат во списанието "Плакат". Двајцата последни воени заеми се направени од
тежок текст кој е беспрекорно сложен, кој ја изразува строгост и прецизност на
германскиот стил.

Од друга страна, Британците ги презентираат луѓето во ситуации, а не во


многу пообемна форма. Пораките на британските постери беа романтичен
милитаризм и повикаа на носталгичен одговор
кон себе. Најпознат е, сепак, плакарот " Your
country needs You " на кој морнар со посочен
прст повикува на мобилизација. Подоцна овој
мотив исто така го користат и Американците под
слоганот " I Want you for US army ", на кои се
додаваат елементи на американскиот
патриотизам.

Во времето на хипи движењето, овој


постер се користи за целите на воената
пародија и мобилизација под слоганот "Uncle
Sam wants you".

Klinger – ов плакат

12
Историјата и дизајнот

Британскиот воен плакат и Монгомериев-иот, I want you for the US army

Во времето на Првата светска војна, беше создадено најдобро лого на сите


времиња, логото на црвениот крст. Тој го претставува швајцарското знаме, свртена
во негатив. Овој елегантен и внимателен симбол, подоцна сфатен како симбол на
христијанскиот свет, беше дизајниран од Ludvig Holvajn. Holvajn ја презеде
директноста прикажана преку дводимензионалните решенија за силуетата. Неговите
решенија јасно и реалистично ја претставуваат тродимензионалноста. Овој дизајнер
се смета за татко на постери на дваесеттиот век, бидејќи тој мисли дека е извлечен
од медиумите за комуникација, а не со пристојност.

Дадаизам
Дваесеттите години од минатиот век, се карактеризираат со голема пост-
воена економска криза. Капитализмот е див, а индустријата ги превзема сите
животни текови. Во врска со ова, постојат и протести од уметници, но и нивно
прифаќање на технологијата и формирање на нови насоки (правци) во уметноста.
Дадаистите протестираат против општеството, додека конструктивистите ја следат
(пратат) технологијата и ја сведуваат својата уметност на основните геометриски
форми. Третата форма на уметност во тоа време била целосно безпредметна
(непопуларна) уметност, чиј главен претставник е Казимир Маљевич. Оваа уметност
беше наречена супрематистичка и го укина секој крик на материјалната уметност.
Најпознатото дело на Малјевич е " Beli kvadrat na belom " во кој ја изразува
целосната нематеријалност на уметноста и му дава значење (важност) на
филозофијата на уметноста.

Дадаизмот е една од првите современи светски уметнички движења на 20 век,


што го пренесува уметничкиот израз во провокативна акција. Дадаистите се
отворено антибуржоаски настроени, им даваат предност на нерационално над
рационалното и се изјаснуваат како анархисти. Тие се изразени во повеќе различни
уметнички дисциплини, истовремено негирајќи го концептот на уметноста.

13
Историјата и дизајнот
Дадаистите истражуваат нови начини на изразување во новата ситуација
користејќи сатира и иронија, како уметнички изрази протестираат, шокираат и ја
скандираат публиката. Сè што е апсурдно и безвредно во реалноста добива ново
значење во уметничкото изразување на Дадаист, почнувајќи со уништувањето на
традиционалните уметнички форми, татнења, фонетска поезија, музичка бучава и
надополнување на скршени предмети од секојдневниот живот. Ова го воведува
терминот хаос како начин за ревитализација на воспоставениот уметнички израз.

Дадаистите остро протестираат против општеството, прават пародија од неа и


ја нарушуваат постоечката уметност. Со овој протест тие почнуваат со
фотомонтажа. Најуспешниот дизајнер кој се занимавал со протестната фотомонтажа
бил Hartfeld. Неговите постери се многу остри и директни кон неговите идеи, а
текстовите не служат како објаснување, туку ја нагласуваат самата идеја. Неговите
дела се "посветени" на Хитлер.

Дадаистичките постери наскоро станаа образование на народните маси.


Масовните медиуми за комуникација преку јасни пораки ги насочуваат луѓето кон
реалноста на Хитлер. Хартфелд работеше на насловни страници за различни
ангажирачки книги и неговото најпознато уредување за Deutschland, Deutschland
uber alles. Оваа книга е направена во националистички-милитаристички стил, во
боите на германското знаме, отпечатена во германската готика.

Со плакатот "Значењето на Хитлеровиот поздрев" Хартфелд ја претставил


корупцијата на нацистичкиот режим. Тој го покажува Хитлер како поздравува, а
всушност добива мито (поткуп).

Вежба:

1. Текстот прочитајте го информативно.

2. Прочитајте на интернет повеќе за: Ar Nuvo, Гаудуи, Саграда фамилија, Каса Мила.

3. Направете во Dreamwever сајт од 5 страни: index (содржини општо за дизајн) и


уште 4 страни: Ar Nuvo, Гаудуи, Саграда фамилија, Каса Мила.

14

You might also like