You are on page 1of 3

Хигиена на облекување

Каква е улогата на облекувањето и на чевлите?


Улога на облекувањето и на носење чевли е:

 Да обезбедат нормална функција на кожата


 Заштита на организмот од климатското
 Терморегулација
 Заштита на организмот од дејство на физички фактори
 Заштита на организмот од дејство на хемиски штетни фактори
 Облеката и чевлите придонесуваат за естетскиот изглед
Хигиената на облекувањето се состои од хигиена на облеката и хигиена на чевлите
Хигиената на облеката зависи од

 Материјалот од кој се изработува облеката


 Удобноста и
 Одржувањето на хигиената
Материјалот на облеката може да биде од

 Природно и
 Вештачко потекло
При изборот на материјалот може да се води сметка за повеќе фактори:

 Видот на облеката
 Сезонски влијанија
 Атмосферски промени
Природниот материјал од кој е изработена облеката може да биде

 Од животинско потекло ( волна, кожа и свила)


 Од растително потекло ( памук, лен и коноп)
Материјалот од животинско потекло е составен од влакна од домашни и диви
животни и свила, која се добива од свилена буба. Овој материјал се користи за изработка
на горна облека. Овие материјали се добри термоизолатори и се користат за изработка на
облека во зимски услови, а свилениот материјал се користи за изработка на летна облека.
Материјалот од растително потекло можи да се користи и за горна облека, а
памукот е најдобар за изработка на долна облека.Памучните материјали лесно се
одржуваат, поднесуваат повисоки температури на пдржување, ја упиваат потта и на ја
надразнуваат кожата.
Синтетичките материјали не се погодни за одржување на функциите на кожата. Тие
ја надразнуваат, го зголемуваат потењето, не ја впиваат влагата и можат да предизвикаат
алергиска реакција. Во лето го прегрејуваат телото, а во зима го ладат.
Удобност на облеката

 Ако големината на облеката одговара на телото


 Лесно се одржува
 Не ја оштетува кожата
 Го намалува потењето
 Ја зголемува работоспособноста
Чистотата на облеката се одржува со

 Перење
 Пеглање
 Проветрување
 Средување
 Чување
ХИГИЕНА НА ЧЕВЛИТЕ
Која е улогата на чевлите?
Улогата на чевлите е да го штитат стапалото

 од механички повреди
 физички и хемиски оштетувања
 инфекции
 ниски и високи температури
 чевлите не смеат да го нарушуваат растот и развојот и положбата на
стапалото
 треба да одговараат на временските услови
 да заштитуваат при работа
Материјалот од кој се изработени чевлите може да биде:

 Природен (кожа или платно)


 Вештачи (пластични, синтетски материјали)
Материјалите од природно потекло се користат за изработка на чевли за секојдневни
активности. Тие се пријатни за носење, еластични, пропустливи на воздух, удобни,
еластични и го намалуваат потењето.
Чистота на чевлите се состои во користење на четки, средства за одржување и за
отсранување на нечистотијата. Платнените чевли повремено се перат.
Удобноста на чевлите се однесува на
Големината – чевлите не треба да се ниту тесни, ниту широки. Основата на чевелот треба
да одговара на формата на стапалото.

 Тесни чевли- болка, оштетувања, деформитети и нарушување на


циркулацијата
 Мали чевли- деформитети на палец и на останатите нокти
Формата - Основата на чевелот треба да одговара на формата на стапалото.
Височината на чевлите – Висината на потпетиците треба да е од 2- 3 цм до 5 цм
Високите потпетици ја нарушуваат статиката на телото, предизвикуваат деформитети на
‘рбетен столб.
Изборот на чевли треба да биде спрема условите на работа.

You might also like