You are on page 1of 5

Фотографија 1

Постојат многу дефиниции кои опфаќаат различни аспекти од областа на фотографијата , за


прифатена дефиниција ќе ја земеме следната.

Трајно забележување на делови и моменти од реалниот свет во кој се инволвирани процеси на


естетски или други мотививации од страна на фотографот.

Прва белешка за направа за набљудување или копирање на реалноста слична на фотографскиот


апарат потекнува од Аристотел од 4-тиот век пред нашата ера .

Поимот Camera Obscura први го употребиле Итаљанците и накратко означува темна соба во која
е направен еден мал отвор низ кој влегува светлина од надворешноста и на соседниот зид
отсликува слика на надворешноста која е превртена однопаку .

Во 16 век Camera Obscura стекнува практична примена како сликарско помагало , во делот на
пренесување на на сликите на сликарско платно со што полесно се решаваат проблемите на
Перспективата и преносот на тродимензионалниот свет во дводимензионална слика .

Во истиот век на оваа направа и се додаваат биконвексна леќа и бленда и се развива преносна
Camera Obscura која е значаен исчекор кон современиот фотоапарат .

Димензиите на направата постепено се намалуваат и се доаѓа до нормална прифатлива големина


за пренесување на терен и нејзина употреба пред се за сликарски цели .
Следуваат години на истражување во кои се експериментира со различни хемикалии за трајно
задржување на сликата што се добивала со Camera Obscura но сликата не останувала трајно
поради недостаток на фиксирно сретство и буквално се губела пред очите на гледачот .

Првиот човек кој успеал да создаде трајна емулзија и начин да ја задржи добиената слика е
Французинот Жозеф Нисефор Ниепс , тој со помош на супстанца наречена битумен (асвалт) што
тогаш се користел во литографијата . Почнал да експериментира со премачкани стаклени плочи и
забележал дека одкако се изложени на светлина делот што е изложен на силна светлина
побелува и трајно се стврднува , а површините што не биле изложени на светлина останувале
растворливи и можеле да се измијат .

Ниепс

На тој начин во 1826 година е добиена првата фотографија која била експонирана цели 8 часа.

На неа се гледаат кровови од куќи односно погледот од неговиот прозорец .

Првата фотографија

Всушност Ниепс ја добил првата фотогравура што ја нарекол Хелиографија .


Ниепс добива покана од Луј Дагер од Париз кој бил заинтересиран за неговата работа за
добивање на постојани оптички слики , во текот на 1827 тие се наоѓаат и почнува нивната
соработка .

Луј Дагер

Ниепс го водел експерименталниот и лабораториски дел бидејќи одлично ги владеел природните


науки . Тие соработуваат разменувајќи си ги искуствата но по пет години Ниепс умира од мозочен
удар , за среќа неговата сопруга му ги испраќа сите белешки што ги направил на Луј Дагер, врз
база на кои Дагер започнува експерименти .

Тој започнал да експериментира со Јодни пареи врз посребрени бакарни плочи но до 1837 не
можел да ја стабилизира сликата се додека не ја потопил во раствор од домашна сол . Процесот
го нарекол по себе односно ДАГЕРОТИПИЈА.

Дагеротипијата е всушност уникатен Позитив кој е слабо осетлив на светлина .По добивањето на
финансиска поткрепа од француската влада Луј Дагер го усовршил процесот на добивање на
Дагеротипија по што таа добива извонредна популарност во светски размери .

Терминот Фотографија првпат е употребен од Џорџ Хершел .

Англискиот математичар Вилијам Хенри Фокс Талбо по долги експериментирања успеал да го


добие првиот Негатив , скоро истовремено во Париз Бајард Хиполит со безмалку иста потапка
успеал да го добие првиот Позитив .

Со голема упорност и експериментирање и на сосема случаен начин успеал да го усоврши


процесот на добивање негатив кога правејќи грешка по вторпат ја премачкал хартијата со
Сребрен Галонитрат по што пред неговите очи се формирала слика . Со тоа го открил
развивањето по што понатаму го скратува процесот на експонирање на негативот на во тоа
време неверојатни 5 секунди по што со својата таканаречена КАЛОТИПИЈА станала конурентна
на дотогаш општоприфатената ДАГЕРОТИПИЈА .
Во наредните години се појавиле уште неколку постапки кои се слични на веќе опишаните како
Амбротипија, ,Феротипија .

Фотографијата зела се поголем замав во светски размери .Се појавиле многу фотографски
студија каде се изработувале поединечни или групни портрети .

Следи период на пробив на Фотографијата во делот на Фоторепортажа при што се фотографираат


настани , војни и предели.

По откривањето на Желатинската емулзија од страна на Ричард Ли Мадокс и намалувањето на


габаритот на фотоапаратите постоеле услови за користење на Фотографијата дури и за забава
односно веќе се продавале лесни рачни фотоапарати кои можел да ги користи секој особено
што времето на експонирање било скратено на 1/25 од секунда што е сосема доволно да може да
се фотографира од рака без употреба на статаив.

Brownie камера

Револуционарен исчекор направил Џорџ Истман со својот фотоапарат Brownie и компанијата


КОДАК со паролата Притиснете а ние се друго ќе направиме која означува начин на работа со
тоа што за отприлика 25 долари тогаш можел да се купи раченфотоапарат во кој се наоѓала ролна
со негативи (100 пози) и по фотографирањето од страна ан корисникот фотоапаратот сосе ролната
се враќал во фабриката на Кодак по што развиените извадени контакт копии повторно за
дополнителни 10 долари +25 му се враќале на сопственикот сосе наполнет фотоапарат со нов
негатив .

во Македонија од 1855 год. прв фотограф е велешанецот Хаџи Косте.

А во 1989 во Битола почнале да се занимаваат и браќата Јанаки и Милтон Манаки кои воедно ја
донеле и првата филмска камера на балканот.Тие се родени во селото Авдела костурска
Македонија , Постариот од браќата Јанаки бил роден 1878 година а помладиот Милтон Манаки
во 1882 година .

Постариот од браќата јанаки отворил фотографско атеље Браќа манаки .


Давајцата се преселиле во Битола во 1902 година каде што отвориле Атеље за уметничка
фотографијаво Широк соскак , по развивање на бизнисот имале доста муштерии и посетувале
односно документирале настани,луѓе дипломатски претставници широк простор и надвор од
Битола .Во 1906 биле примени од страна на Романскиот крал Карол I каде подоцна на
фотоизложба добиваат златен медал и се стекнубваат со титулата “дворски фотографи” . По
престој во Лондон Јанаки ја набавува првата филмска камера на балканот Биоскоп бр .300 со која
ги снимаат првите филмски кадри . Настан кој е вреден за спомнување е филмската
фоторепортажа на престојот на султанот Мехмед V Решад во Македонија во 1911.

Понатаму во Битола отвораат затворено кино “Манаки ‘

Нивната зедничка работа продолжува се до 1951 година кога починува Јанаки а помладиот брат
Милтон продолжува со работа при што преку фотографија ги документира настаните за време и
по втората светска војна се до неговата смрт во 1964 година

Нивната пионесрка работа во делот на фотографијата е неоспорна и многу од фотографиите кои


ги направиле над 5000 како и историската камера Биоскоп бр.300 се чуваат во Кинотеката на
Македонија ( и соодветните институции во Битола).

Во нивна чест се одржува меѓународен филмски фестивал “Браќа Манаки” во Битола

Браќата Манаки

You might also like