You are on page 1of 17

ТЕНКИ ОПТИЧКИ ЛЕЌИ И СФЕРНО ОГЛЕДАЛО -ОПРЕДЕЛУВАЊЕ

ФОКУСНО РАСТОЈАНИЕ

Задача: Да се определи фокусното растојание и оптичката јачина на: собирна


(конвергентна) леќа, комбинација на собирна и растурна (дивергентна) леќа, и растурна леќа,
според наведените методи.

Теориски основи: Потсетете се на:


а) основните елементи на тенка леќа (Сл. 4.1): радиуси на закривеност R1и R2 на двете сферни
површини, индекс на прекршување n, оптичка оска, фокус, фокусно растојание f. Оптичката јачина
1
на леќата се дефинира како: J = и се мери во единица диоптер
f
(1 D=1 m-1).

R1

Оптичка оска O1 O2 F
R2

Сл. 4.1

б) Основна равенка на тенка леќа:


1 1 1
± =± , (4.1)
a b f
каде a е растојание од предметот до леќата, b е растојание од јасниот лик на предметот до леќата.
За собирни леќи f се зема со позитивна вредност, а за растурни леќи-со негативна вредност. За
реални ликови b се зема со позитивна вредност, а за имагинарни ликови -со негативна.
в) Конструкција на ликови кај тенки собирни и растурни леќи (пример за еден случај е претставен
на Сл. 4.2, каде P го претставува предметот, а L- неговиот лик).
Екран

B
P
A’
A
F F L

B’
f
a b

Сл. 4.2

Потребнаапаратура: Собирниирастурнилеќи, дваеднаквишилци, екран, оптичкашина,


Leybold лампасоизворнанапон, предметметалнастрелка.

1. Собирни леќи
1.1. Метод на проекција на панорама на екран;
1.2. Безпаралактички метод;
1.3. Метод на екран;
1.4. Мерење на големина на предмет и негов лик.

1.1. Овој метод е груб начин на определување на фокусното растојание на собирна леќа: се
бара ликот на оддалечен предмет (предмет кој е осветлен од сончевите зраци) на екран. Бидејќи во
овој случај може да се смета дека на леќата паѓа паралелен сноп зраци, т.е. предметот се наоѓа на
многу далечно растојание, неговиот лик се формира во фокусната рамнина на леќата. При дадена
положба на леќата, екранот се поместува сè додека не се добие остар лик на предметот (панорама)
на екран; тогаш, се мери растојанието од леќата до екранот-тоа е фокусното растојание f на
леќата.
1.2. Леќата се поставува на оптичката шина. Како предмет се користи зашилена метална
игла-шилец, кој се поставува на некое растојание a од леќата, така што неговиот врв да биде на
висина на оптичката оска на леќата. Од другата страна на леќата, гледајќи во висина на оптичката
оска, се бара ликот на шилецот (реален и превртен). Во рамнината на ликот се поставува втор
шилец (еднаков со првиот), на такво растојание b од леќата, за кое гледаме без паралакса. Тоа
значи дека, додека го придвижуваме фино вториот шилец вдолж оптичката шина постојано
проверуваме, придвижувајќи го окото лево-десно, нормално на оптичката оска и во нејзина
висина, дали има релативно изместување на ликот на првиот шилец и вториот шилец.

Лик на првиот шилец

Вториот шилец

Сл. 4.3

Во моментот кога ќе постигнеме да нема вакво релативно изместување (Сл. 4.3), ги мериме
растојанијата a и b, и според равенката на тенка леќа го пресметуваме фокусното растојание на
леќата:
ab
f = . (4.2)
a+b

1.3 и 1.4. Од една страна на леќата, на оптичката шина се поставува предметот (на пример,
тоа е изрез во облик на стрелка, поставен на Лејболд лампата). Внимавајте на оптичкото
израмнување-сите елементи да бидат поставени во висина на оптичката оска, рамнината на леќата
да биде нормална на оптичката оска со цел да нема аберации (астигматизам, кома). Внимавајте и
на дозволената максимална вредност на напон за лампите (6V~).
Се придвижуваат екранот и леќата сè додека на екранот не се добие остар лик на предметот. Кога
тоа е постигнато, се мерат растојанијата a и b и се пресметува фокусното растојание на леќата
според: 1 / a + 1 / b = 1 / f . Направете 5 мерења, но, притоа да добивате различни случаи-намален,
зголемен и еднаков по големина лик во однос на предметот. Притоа, за сите тие случаи измерете ја
големината L на добиените ликови. Измерете ја и големината на предметот P.
L b
Зголемувањето на леќата u се дефинира како: u = = . Од равенката на тенка леќа се изразува
P a
f=aL/(L+P) или f=bP/(L+P). Oдрастојанијата a и b се зема она кое е поголемо затоа што за него
релативната грешка при мерењето е помала.

2. Дивергентни леќи
Ликовите кои се добиваат со растурна леќа се имагинарни и не можат да се применат претходните
методи за одредување на нивното фокусно растојание, зошто нивните ликови не се добиваат на
екран. Затоа ќе го користиме следниот метод: до растурната леќа, чие фокусно растојание fr сакаме
да го определиме, се “прилепува” собирна леќа со познато фокусно растојание fs (претходно сте го
определиле според методите 1.3 и 1.4). При услов: fs<fr (односно, Js>Jr) комбинацијата на двете
леќи делува како собирна леќа со фокусно растојание fkза кое важи следното
1 1 1
= − . (4.3)
fk fs fr
Според методот 1.3 се определува (5 мерења) фокусното растојание на системот леќи, а потоа од
претходната равенка (4.3) се пресметува fr, земајќи ги f k ,sr и f s ,sr .

Сите резултати да се средат табеларно и мерењата да се прикажат заедно со нивните


средни вредности и грешки.
ИНТЕРФЕРОМЕТАР НА МАЈКЕЛСОН (MICHELSON)

Задача: Да се определи разликата ∆λ во брановите должини помеѓу две бранови


компоненти на жолтата линија добиена од натриумовата (Na) лампа, која се користи во
интерферометарот на Мајкелсон.
Теориски основи:Albert Abraham Michelson (добитник на Нобелова награда по физика
1907 год.) прецизно ја одредил брзината на светлината, го измислил интерферометарот и го извел
познатиот експеримент на Michelson-Morley (1887 год.); потсетете се на важноста на овој
експеримент!
Принципот на работа на интерферометарот е прикажан на Сл. 6.1: светлината која доаѓа од
изворот S, на полупропусната површина А од плочката D (делител на зраци) се дели на два зраци 1
и 2. Тие, понатаму се рефлектираат од рамните огледала М1 и М2 (кои се поставени на приближно
еднакво растојание од површината А) и се враќаат кон плочката D: зракот 1’ се прекршува
повторно низ неа, додека пак, зракот 2’ сега се рефлектира од нејзината површина А. Потоа, тие
интерферираат.

M1
d
K M2’

L2 1’

1 A

I2 2’
2
S I1 J
D
C M2
2’ 1’
P

L1

Сл. 6.1 Сл. 6.2


Плочката D е поставена под агол од 450 во однос на упадниот зрак. Првиот зрак минува низ
плочката D три пати, додека, вториот зрак минува еднаш. За да се отстрани оваа патна разлика
помеѓу нив (затоа што овде не ни е од интерес), паралелно на D се поставува компензирачка
плочка C, која има иста дебелина и е од ист материјал како и D.
Нека го означиме со M2’ ликот на М2 во делителот на зраци D. Оптичкиот пат SI1J I2P е еднаков на
оптичкиот пат SI1K I2P (кога зракот 1 би се рефлектирал од M2’). Затоа, може да се смета дека
интерферентната слика е создадена во воздушниот слој помеѓу реалното огледалоМ1 и
виртуелната површина M2’. КогаМ1 и M2’се паралелни, интерферентната слика е во вид на темни и
светли кружни прстени, локализирани во бесконечност, кои се јавуваат како резултат на
деструктивна и конструктивна интерференција, соодветно (Сл. 6.2). Тие се разликуваат од линиите
на еднаков наклон само во тоа што овде нема повеќекратна рефлексија.
Нека со E1 и E 2 ги означиме брановите амплитуди на двата кохерентни бранови 1 и 2, а соI1и
I2соодветно, нивните интензитети, земајќи предвид дека интензитетот е пропорционален со
квадратот на модулот на амплитудата. Тогаш, интензитетот на резултантниот бран (добиен со
интерференција на 1 и 2) е даден со изразот (5.1).
КогаМ1 иM2’се допираат (кога огледалатаM1иM2се на исто растојание одD и се вели дека се во
оптички контакт), нема патна разлика помеѓу зраците1 и2, светлинското поле е рамномерно:

I ∝ E1 + E 2 = I 1 + I 2 . Со поместување на едното од огледалата се менува патната (а, со тоа и


2

фазната) разлика помеѓу интерферирачките зраци, и се менува интензитетот во дадена точка на


интерферограмот.
АкоМ1 и M2’се блиску, но, заемно накосени (формираат клин со мал агол) интерферентните линии
се линии на еднаков наклон и се еквидистантни линии, паралелни со накосената страна. Со
зголемување на растојанието помеѓу М1 и M2’се намалува видливоста на лините и тие се
закривуваат со испакнатата страна накај косината на клинот.
Овој интерферометар се употребува за екстремно точни мерења на должини. Така, со
придвижување на едното огледало за λ/2, секоја интерферентна линија се поместува на позиција
на која била претходната (по реден број) линија. Ако се избројат N линии кои преминале во дадено
место на видното поле при многу мало поместување на огледалото за ∆d, тогаш може да се
пресмета ова поместување: ∆d = Nλ / 2 .
Потребна апаратура: Интерферометар на Мајкелсон, натриумова лампа.
Постапка на мерење: Се набљудуваат линиите на еднаков наклон (концентрични
прстени). Со винтот V3 (види Сл. 6.4) огледалото M1се поместува подалеку од положбата на
рамномерна осветленост (кога d ≈ 0 ). Нека едната компонента на натриумовата светлина има
бранова должина λ1 - таа дава свој систем на интерферентни прстени. Другата компонента со
бранова должина λ2 (λ2<λ1) дава свој систем интерферентни прстени, при што, прстените од ист
ред се поблиску распределени од оние на λ1. Во една положба, ако дебелината на воздушниот слој
е еднаква на d, патната разлика на зраците што интерферираат е: ∆ = 2d + λ / 2 . Кога
∆ = (2k + 1)λ / 2 , со интерференција настанува поништување, се добива нулти резултантен
интензитет, нема интерферентни линии. Тогаш, во иста точка на интерферентното поле има
минимум и за двете компоненти на жолтата светлина, но нивниот ред се разликува за еден:
λ1
2d = 2k1
2
λ2 λ2
2d = 2k 2 = 2(k1 + 1) .
2 2
Од претходните две релации се добива разликата во нивните бранови должини
λ1 λ 2
λ1 − λ 2 = . (6.2)
2d
Оваа положба на рамномерна осветленост се вика положба на коинциденција (совпаѓање). Се
наоѓа една ваква положба и тогаш се забележува положбата на микровинтот V3. Понатаму, се
поместува овој винт сè додека не се добие наредната положба на рамномерна осветленост (т.е. на
уште едно совпаѓање), па се оди понатаму, со цел да се избројат n вакви положби. Се забележува
положбата на микровинтот за почетната и за крајната положба на коинциденција и нивната
разлика се дели со вкупниот број n забележани коинциденции помеѓу овие две крајни положби
(при броењето почетната состојба се зема за нулта).

 λ + λ2 
2

Бидејќи: λ =  1
2
sr  ≈ λ1 λ 2 , равенката (6.2) може да се запише приближно како:
 2 
λsr2
λ1 − λ 2 ≈ , (6.3)
2d
каде λsr=589,3 nm.

Интерферираат кохерентни зраци-зраците кои имаат иста фреквенција и меѓусебна патна разлика
која останува константна во тек на нивното простирање). Должина на кохеренција претставува
максималната разлика во оптичките патни должини помеѓу двата зраци кои доаѓаат од ист извор
за која сè уште постои кохеренција: Lc = c / ∆ν = λ 2sr / ∆λ (каде cе брзина на светлина во воздух,λsr

е средна вредност на брановата должина на спектралната линија, ∆λ е ширина на линијата, а ∆ν е


фреквентна ширина на линијата). Интерференција нема ако временското доцнење помеѓу двата
зраци 2( L1 − L2 ) / c е поголемо од временската кохеренција. Време на кохеренција е максималната

временска разлика во емитирање на зраците кои доаѓаат од ист извор, за кои сè уште постои
кохеренција (Сл. 6.3).

kontrast

Vreme na
koherencija

Сл. 6.3

Јустирање на интерферометарот (се прави со помош на асистентот, ако е потребно!)


Паралелен сноп светлина од Na-лампа (добиен со колиматорски систем леќи) паѓа на делителот на
зраци D. При произволно поставени огледала се набљудуваат две серии од ликови на влезниот
кружен сноп (Сл. 6.4.а). Тие треба прво да се доведат во хоризонтална положба (b) со помош на
винтот V1кој е директно поврзан со компензаторската плоча и ја поместува паралелно во однос на
плочката-делител. Ако овие две плочи не се паралелни, тогаш ќе се гледаат двете серии на ликови.
Со вртење на винтот V2 се постигнува плочата-компензатор да биде поставена под агол од 450 во
однос на зракот. Така, се доаѓа до ситуација (c) до два кружни лика, а за тие да се преклопат во
еден лик (d), се користат винтовите Va и Vb кои дејствуваат на носачот на гледалото М1 (негово
ротирање). Со винтовите Vc и Vd се јустира фино паралелноста на огледалото М2. Винтот V3
делува на носачот на огледалото М1 и овозможува паралелно придвижување, со што се менува
патната разлика на интерферирачките зраци.
V3
Va Vb

M1

V2
Vc (a)
(b)

V1

Vd (c) (d)
D M2

Сл. 6.4
ДИФРАКЦИОНА МРЕЖИЧКА

Задача: Да се определи периодот d на дифракционата мрежичка. Потоа, да се одредат


брановите должини на некои бои од спектарот на светлинскиот извор (натриумова, живина или
друга лампа), добиен со помош на таа дифракциона мрежичка.
Теориски основи:
Кога паралелен сноп монохроматска светлина со бранова должина λ, простирајќи се долж
z-оската, паѓа нормално на дифракциона мрежичка со период d, позади мрежичката вкупното
светлосно поле се состои од зраци кои продолжиле да се шират во насоката на упадниот сноп (го
формираат нултиот дифракционен ред), и снопови на паралелни зраци кои се дифрактирале под
различни агли во однос на насоката на ширење на упадниот сноп (Сл. 8.1). Доколку, позади
мрежичката, и нормално на z-оската ставиме собирна леќа со фокусно растојание f, тогаш, во
задната фокусна рамнина на леќата ќе се соберат овие снопови паралелни зраци, формирајќи
специфична распределба на интензитетот на дифрактираното браново поле во рамнина која е
нормална на z-оската. На Сл. 8.2 се претставени еднодимензионалната распределба на
интензитетот на дифрактираната светлина по x-оската (под а, каде интензитетот е во произволни
единици) и дво-димензионалната интензитетна распределба (б), во фокусната рамнина на леќата.
Неотклонетите зраци кои се простираат долж z-оската, ќе се фокусираат во централната
точка О, формирајќи го нултиот дифракционен ред. Снопот паралелни зраци кои се отклониле за
иста вредност на аголот во однос на z-оската во горната полурамнина, после прекршувањето низ
леќата ќе се фокусираат во некоја точка А во фокусната рамнина, изместена вертикално, на
одредено растојание во однос на централната точка О. Брановото поле во оваа точка е резултат на
интерференција на зраците кои се среќаваат тука, а неговата амплитуда (и интензитет) во оваа
точка зависат од патната (т.е. фазната) разлика помеѓу нив. Додека, снопот паралелни зраци кои се
отклониле за иста вредност на аголот во однос на z-оската во долната полурамнина, ќе се
фокусираат во точка А’ во фокусната рамнина, симетрично поставена во однос на А, од
спротивната страна на централната точка О. Ако дифракционата мрежичка е амплитуден холограм
ќе даде само нулти, и позитивен и негативен прв дифракционен ред. Во други случаеви (на
пример, ако мрежичката е фазен холограм) ќе постојат и повисоки дифракциони редови (на Сл. 8.1
ги имаме
прикажано само нултиот и првите дифракциони редови). Максимум од m-ти дифракционен
ред, кога паралелен сноп светлина со бранова должина λ паѓа нормално врз дифракциона
мрежичката со период d, се набљудува под агол определен од равенката на дифракционата
мрежичка

sin θ = ; (m = 0 , ± 1, ± 2 ,..) . (8.1)
d

x
A m=+1

θ1 O
m=0
z

m=-1
d A’

Сл. 8.1

Сл. 8.2 (а) Сл. 8.2 (б)

Заради зависноста на аголот на отклонување од брановата должина, ако имаме полихроматска


упадна светлина, во даден дифракционен ред m, за секоја бранова должина максимумот ќе се најде
на различна положба во однос на центарот О-секоја бранова должина ќе даде своја линија во
составот на било кој максимум од m-ти ред. Односно, во секој максимум од ред m = ±1,±2,±3,.. ќе
се појават спектри на упадната светлина. Нултиот дифракционен ред ќе биде бел (необоен)
бидејќи тука сите бранови компоненти стигнуваат без меѓусебна фазна разлика.
Забележете го распоредот на боите во даден дифракционен ред на спектарот на He-лампа и
објаснете го!
Потребна апаратура: Хелиумова лампа и лампа од друг елемент, индуктор, дифракциона
мрежичка, оптичка шина, рамна плоча Е со тесна пукнатина.
Постапка на мерење: Тесна пукнатина е изрежана на рамна плоча Е, обложена со бела
хартија, која ќе ни служи како екран. Зад пукнатината се поставува светлинскиот извор S
(лампата). На оптичката шина на која е поставена и плочата со пукнатината, на држач се поставува
дифракционата мрежичка К, паралелно со рамнината Е (т.е. така што светлинските зраци кои
доаѓаат од пукнатината да паѓаат нормално на мрежичката).

E
K

m=+1

2a

m= -1

Сл. 8.3

Дифракционата слика се набљудува во рамнината Е (Сл. 8.3). Обично, се набљудуваат спектрите


од прв ред (m=-1 иm=+1), во кои спектралните бои се распоредени симетрично, лево и десно од
централниот бел максимум. Најпрво се употребува хелиумова лампа за која се познати брановите
должини на нејзините спектрални линии. Се набљудуваат првите дифракционите редови и се
обележуваат на екранот привидните положби на секоја боја. Се мери растојанието 2a помеѓу
положбата на една боја во (-1)-виот и (+1)-виот дифракционен ред, и растојанието b помеѓу
мрежичката и екранот. Значи, на дадено растојание b се мери растојанието 2aза различни бои во
првите дифракциони редови. Потоа, се менува растојанието b и се прават нови мерења за
растојанието 2a за различните бои. Периодот на мрежичката се пресметува како
d = λb / a , (8.2)
каде вредностите за a и b се однесуваат на дадена бранова должина λ на онаа компонента од
спектарот за која е направено мерењето. Резултатите се претставуваат табеларно, и се пресметува
средна вредност на d, заедно со грешките при мерењето.
Откако ќе се одреди вредноста на d, се поставува друга лампа чии спектрални бранови должини
треба да се одредат. На различни растојанија b се мери растојанието 2aза дадена боја, и се
пресметува нејзината бранова должина како
λ = ad / b . (8.3)
Резултатите на мерењето се прикажуваат табеларно и се пресметуваат грешките при мерењето.
ОПТИЧКА АКТИВНОСТ - ПОЛАРИМЕТАР

Задача: Да се определи специфичниот агол на вртење на рамнината на поларизација за


раствор на оптички активна супстанција со позната концентрација. Потоа, да се определи
непознатата концентрација на даден раствор од истата оптички активна супстанција.
Теориски основи: Некои супстанции во течна, цврста состојба (аморфни или кристални) и
раствори на некои супстанции во одредени растворувачи имаат својство да ја завртат рамнината на
поларизација на линеарно поларизирана светлина кога таа поминува низ нив. Ова нивно својство
се нарекува оптичка активност, а супстанциите се викаат оптички активни супстанции. Појавата
на завртување на рамнината на поларизација се регистрира на следен начин: поларизатор P и
анализатор А се поставуваат во вкрстена положба (со заемно нормални оски на поларизација)-
тогаш, на екранот Е се гледа темно поле (Сл.10.1). Потоа, помеѓу поларизаторот и анализаторот се
поставува оптички активна супстанција ОА; и покрај тоа што се тие во вкрстена положба, сега на
екранот набљудувачот забележува светлина. Имено, оптички активната супстанција ја завртела
рамнината на поларизација на светлината што излегла од поларизаторот и поминала низ неа, за
агол α, така што, сега, таа светлина има оска на поларизација што не зафаќа прав агол со оската на
поларизација на анализаторот.

α
K

S
A Na P Ok
P L A

OA Ob
E

Сл. 10.1 Сл. 10.2

Набљудувачот може да ја заротира оската на поларизација на анализаторот за определен агол, сè


додека повторно целосно не се затемни светлосното поле регистрирано на екранот; измерениот
агол ни ја дава вредноста на аголот на завртување на рамнината на поларизација.
Постојат десно- и лево-оптички активни супстанции, во зависност од тоа дали насоката на
завртување е во насока на движење на стрелките на часовникот или во спротивна насока,
соодветно. Според Био (Jean-Baptiste Biot) аголот на завртување на оптички активен раствор е
правопропорционален со должината на садот со растворот l и со концентрацијата на растворот c
α = α 0lc . (10.1)

Коефициентот α 0 се вика специфичен агол на завртување и се однесува за дадена бранова должина

λ (најчесто за λ=589 nm). Значи, вредноста на оваа величина зависи од брановата должина на
упадната светлина и оваа појава е наречена ротациона дисперзија. Био дошол до заклучок дека
α 0 ∝ λ−2 .
Опис на полариметарот: Светлината од изворот (натриумова лампа, λ=589 nm) се
простира долж оската на полариметарот (Сл.10.2). Објективот Об дава остра слика на влезната
бленда на полариметарот во видното поле на окуларот Ок. Светлината поминува низ
поларизаторот P (Никол призма), потоа низ киветата L во која се наоѓа растворот и паѓа на
анализаторот А. Анализаторот (Никол призма) може да се врти со гониометарски систем со мерна
скала (со точност 0,050 за постојниот полариметар). Половина од упадниот светлински сноп
поминува низ кварцната плочка К, која е оптички активна. Поради слабата осветленост и бавната
адаптација на окото на мали светлински интензитети, не може точно да се определи положбата на
целосно затемнување (кога поларизаторот и анализаторот се во вкрстена положба). Затоа, во
полариметарот се употребува посебен метод на полусенка, со кој положбата на вкрстување се
определува со голема точност, со изедначување на осветленоста на две половини на видното поле.
Затоа е употребена кварцната плочка К, која ја завртува рамнината на поларизација на делот од
светлинскиот сноп што минува низ неа, за некој агол ϕ. На Сл.10.3 со OP и OP1се означени
векторите на амплитудите на двете половинки на светлосниот сноп. Кога киветата е празна, а
анализаторот е вкрстен со симетралата x на аголот ϕ, двете половинки на видното поле ќе бидат
осветлени подеднакво (Сл.10.4. б). Векторите OP’ и OP1' претставуваат проекции на векторите на
амплитудите OP и OP1врз главната рамнина на анализаторот AA’. Ако оваа рамнина ја завртиме за
некој агол α во насока прикажана на Сл.10.3, проекцијата OP” нема повеќе да биде еднаква по
модул со проекцијата OP1'' , но, ќе биде поголема од неа. Ако завртувањето за вредност α е во

спротивна насока, тогаш големината на проекцијата OP1'' ќе биде поголема од OP '' . На тој начин,

осветленоста на видното поле се менува значително и брзо и за многу мали агли на завртувањеα-
ова овозможува мерење со висока чувствителност.
Оптички активната супстанција поставена на патот на светлинскиот сноп ќе ги заврти за иста
вредност рамнините на поларизација на двата дела од светлинскиот сноп, па така, ќе се заврти за
иста вредност и симетралата x, со што ќе се наруши рамномерната осветленост на полето. За да се
постигне еднаква осветленост, анализаторот треба да се заврти за истиот агол.
P x P1

P"
P1' а) б) в)
A’
A P’ O α
P1''

Сл. 10.3 Сл. 10.4

Потребна апаратура: Полариметар, шеќер, дестилирана вода, вага, мензура.


Постапка на мерење: Се набљудува полето во окуларот кога светлината поминува низ
празна кивета. Се завртува анализаторот за да се постигне еднаква осветленост на двете половинки
на полето, т.е. рамномерна осветленост (како на Сл.10.5.б). Тогаш, P и А се во вкрстена положба, и
во тој момент се отчитува аголот на мерната скала на анализаторот. Положбата б) се наоѓа помеѓу
две блиски положби, означени како на Сл.10.5 под а) и в).
Оваа корегирана вредност на аголот, означена како α kn треба да биде блиска до нултата вредност
(освен, ако постои големо изместување на инструментот). Средната вредност (од 10 мерења) на
аголот α kn прочитан на скалата, претставува претставува корекција на нулата, α kn, sr .

а) б) в)

Сл. 10.5

Потоа, киветата се полни со раствор со позната концентрација и се затвора. Се бара положба на


рамномерна осветленост на полето помеѓу две блиски положби Сл.5.а и Сл.5.в. Се отчитува аголот
на завртување на рамнината на поларизација α и се корегира за вредноста α kn, sr . Така, може да се
пресмета специфичниот агол на завртување на рамнината на поларизација: α 0 = α / cl . Од

измерени најмалку 10 вредности за аголот α се пресметуваат средни вредности за α и за α0.


Најпосле, киветата се полни со раствор со непозната концентрација c1 и се повторува постапката
на мерење на аголот на завртување на поларизација α1 (се прават 10 мерења), притоа земајќи ја
предвид и корекцијата за α kn, sr . Знаејќи ја вредноста на α0,сега може да се пресмета непознатата

концентрација: c1 = α1 / α 0l .
Да се средат табеларно и аналитички резултатите на мерењето.
За пресметување на релативната грешка на мерење може да се користи равенката
∆c ∆α ∆α1
= + ,
c α α1
каде α и α1 се средни вредности на измерените агли за раствори со позната и непозната
концентрација, за ∆α и ∆α1 може да се земат најмалите вредности на поделката на скалата на
инструментот, и земајќи предвид дека должината на киветата l и концентрацијата на растворот c се
константни.

You might also like