You are on page 1of 97

ТИПОВИ НА КРИСТАЛИ

Димески Блаже
Градба на цврсти тела
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЦВРСТИТЕ СУПСТАНЦИ СЕ КРИСТАЛИ
Кристалите се правилни геометриски тела со правилна внатрешна градба
Честичките кои го градат кристалот се викаат градбени единки на кристалот.
Градбените единки можат да бидат јони, атоми или молекули

Димески Блаже
Кристални структури
• Кристалните цврсти супстанци имаат симетрични и
просторно средени структури;
• Атомите , молекулите или јоните заземаат специфични и
точно определени положби.
• Распоредот на ваквите честички во кристалната цврста
супстанца е таков што севкупните привлечни
меѓумолекулски сили се максимални
• Тие сили се:
 јонски
 ковалентни врски
 Ван дер Валсови сили,
 водородни врски или
 комбинација на тие сили
Поделба на кристалите според хемиските врски и
меѓумолекулските сили
SiO2 (песок), дијамант,
Aмонијак графит,
Бензен C6H6
Нафтален C10H8 SiC, цврст Ne
Бензоева киселина, C6H5CO2H

CO2 сув мраз

Na, Cu, Li, Au, Ag


CsCl, NaCl, ZnS
молекулски ковалентни

Van der Waals-ови Ковалентна врска


сили
Al

метални
јонски

Јонска врска Метална врска

Блаже Димески
Типови хемиски врски
Супстанците со гигантски структури генерално имаат високи температури на
топење и вриење бидејќи честичките се силно поврзани во 3D мрежа. Потребно е
големо количество енергија да се раскинат тие врски.

Силни ковалентни врски ги


држат атомите заедно
- -
+
- +
- +
-
+
- +
-
+
- +
- +
-
+
- +
-
+ + +

Силни јонски врски ги Силни метални врски


држат јоните заедно ги држат јоните заедно
КОХЕЗИОНИ СИЛИ КАЈ ЦВРСТИТЕ ТЕЛА

ХЕМИСКА ВРСКА TИП НА КРИСТАЛ

КОВАЛЕНТНА КОВАЛЕНТНИ КРИСТАЛИ [дијамант ]

ЈОНСКА ЈОНСКИ КРИСТАЛИ [ NaCl ]

METАЛНА METAЛИ [ Au]

ВОДОРОДНА МОЛЕКУЛСКИ КРИСТАЛИ

VAN DER WAALS [шекер]


Сили меѓу градбените единки
Јон-јон (јонска врска) + −

Јон-дипол − + − +

Дипол-дипол + − + −

 H
H  
Водородна врска  O 
H O
H O H 

H 

Лондонови дисперзиони сили


Врски кај молекулите

интермолекуларна интрамолекуларна
Водородна врска ковалентна

Van der Waals-ова , , …

Дипол-дипол

Дипол-индуциран дипол

Моментен дипол-индуциран дипол London-ови-дисперзиони сили

Јон-
итн.
катјон-Pi
Релативна сила
Pi-Pi дисперзиони сили < дипол-дипол <водородни врски

Ориентациони Индукциони Дисперзиони


Лондонови дисперзиони сили
Слаба меѓумолекулска сила, дел од van der Vals-ови сили,
единствена сила меѓу неутрални молекули

+
−

+ −
− +

• Лондонови дисперзиони сили


се формираат кога молекула со привремен(моментен)дипол
предизвика дипол кај друга молекула
Моментен дипол-индуциран дипол London-ови-дисперзиони сили

Ar Ar
+ 

Овие сили се одговорни за втечнувањето на


благородни гасови под висок притисок
Van der Waals

Дипол-дипол интеракции

Дипол-дипол интеракции

Br+ F Br+ F


Својства на кристалите
• Структурите и својствата на кристалите, како што се
температурите на топење, густината и тврдината, се
одредени од видот на врските што ги сврзуваат
честичките.
• Секој кристал може да го класификуваме во еден од
следниве четири типови:
 јонски,
 ковалентен,
 молекуларен или
 метален.
Елементарна ќелија
Почекај !
Елементарна ќелија е основната
структурна единица што се
повторува во кристалната цврста
супстанца.
На сликата е прикажана една
елементарна ќелија и нејзиното
простирање во три димензии.
Јазол на решетката
Секоја сфера претставува атом,
јон или молекула и се нарекува
јазол на решетката.
Кај многу кристали, јазолот на
решетката, всушност, не содржи
такви честички.
Наместо тоа, може да има
неколку атоми, јони или
молекули идентично подредени
околу секој јазол на решетката.
Заради упростување може да се
претпостави дека секој јазол на
решетката е окупиран од еден
атом.
Кристални системи

7 кристални системи

-
Секоја кристална цврста
- супстанца може да се опише
- преку еден од седумте различни
- видови на елементарни ќелии
- прикажани на сликата.
-
-

Блаже Димески
Јонски кристали
Со бескрајно повторување на елементарната ќелија се добива
просторна кристална решетка, односно кристал

Готварска сол

Јонските кристали имаат две важни карактеристики:


 тие се составени од честички со полнеж (анјони и катјони) и
 анјоните и катјоните се најчесто прилично различни по големина
Кристал на готварска сол
• NaCl има структура базирана на странично-центрирана кубична
решетка. Еден цел Na+ јон е во центарот на елементарната
ќелија, а има дванаесет Na+ јони на рабовите. Бидејќи секој Na+
јон на работ е заеднички за четири елементарни ќелии ,вкупниот
број на Na+ јони е 1 + (12×¼) = 4.
• Слично, има шест Cl– јони на средината на секоја страна и осум
Cl– јони на темињата. Секој јон на страните е заеднички за две
елементарни ќелии, а секој на темињата е заеднички за осум
елементарни ќелии, така што вкупниот број на Cl– јони е:
(6×½) + (8×⅛) = 4.
• Значи, има по четири Na+ и Cl– јони
во секоја елементарна ќелија.
Кристал на готварска сол
= Cl-

= Na+

Формирање на NaCl – од јони до елементарна ќелија па до просторна


кристална решетка, односно кристал

Димески Блаже
Јонско соединение
• NaCl(s):

Na Cl Na Cl
Cl Na Cl Na

Na Cl Na Cl
• NaCl: Дефинирана формулна единка
Јонски кристали
• Познавањето на радиусите на
јоните помага за разбирањето
на структурата и стабилноста
на овие соединенија.
• Не постои начин да се измери
радиусот на поединечен јон,
но некогаш може да се најде
разумна процена.
• На пример, ако се знае дека
радиусот на I – во KI е околу
216 pm, може да се определи
радиусот на K+ јонот во KI, а
оттаму и радиусот на Cl– во
KCl .
Кристал на готварска сол
= Cl-

= Na+

Кристалот на NaCl, кој има странично-центрирана кубична решетка има


должината на раб на елементарната ќелија двапати поголем од збирот на
јонските радиуси на Na+ и Cl– .
Со употреба на дадени вредностите должината на работ се пресметува:
2(95 + 181) pm или 552 pm. Меѓутоа, должината на работ определен со
рендгенска дифракција е 564 pm. Разликата помеѓу овие две вредности
укажува дека радиусот на еден јон всушност варира од едно до друго
соединение.
Јонски кристали
Решетки на многу едноставни јонски градени цврсти материи се градат
со SC или FCC решетка од јони од еден тип и поставување јони со
спротивен полнеж во дупките во решетката.
ПРИМЕР: CsCl има SC решетка од Cs+ јони со Cl- во центарот.
CsCl

Бидејќи Cs+ е значително поголем од Na+ , CsCl има


примитивна кубична решетка
Јонски кристали
CsCl има SC решетка од Cs+
јони со Cl- во центарот.
1 елементарна ќелија има
1 Cl- јон плус(8 јазли)
(1/8 Cs+ по јазол)=
1 нето Cs+ јон
Јонски кристали

• Соли со формула MX може


да имаат SC структура - но
не и соли со формула MX2
или M2X

Димески Блаже
Јонски кристали
Многу вообичаени соли имаат FCC аранжмани на анјони со
катјони во ОКТАЕДРАЛНИ ДУПКИ - на пример, соли
како CA = NaCl
• FCC решетка од анјони → 4 А-/единица ќелија
• К+ во октаедрални дупки →
1 К+ во центарот+ [12 рабови ∙1/4 К+ по раб]= 4 К+ по
единица ќелија
Јонски кристали
TiO2
Постојат 2 нето Ti4+
јони и 4 нето O2-
јони по единица
ќелија.

Димески Блаже
Јонски кристали

• Цинк сулфид, ZnS


• S2-јоните се во
TETРАЕДАРСКИ
дупки во FCC
решетката на Zn2+
• Ова дава 4 нето Zn2+
јони и 4 нето S2-јони.

ZnS има структура на т.н. сфалерит, која е базирана врз странично-центрирана


кубична решетка. Ако Ѕ2– јоните заземаат јазли на решетката, Zn2+ јоните се
лоцирани на една четвртина од растојанието долж секоја дијагонала на
призмата
Јонски кристали
• Флуорит или CaF2
• FCC решетка од јони
Ca2+
• Ова дава 4 нето Ca2+ јони.
• F- јони во сите 8
тетраедрални дупки.
• Ова дава 8 нето-јони.
Са2+ јоните ги окупираат јазлите на решетката, а секој F– јон е
тетраедарски опкружен од четири Са2+
Структура на флуорит имаат и соединенијата SrF2 , BaF2 , BaCl2
и PbF2 .
СВОЈСТВА НА ЈОНСКИ КРИСТАЛИ
• Цврсти,лесно кршливи супстанци кои се состојат од катјони и
анјони кои се држат заедно со електростатско привлекување на
спротивни полнежи (јонска врска).
• Повеќето јонски кристали имаат високи температури на топење,
што укажува дека кохезивните сили што ги држат јоните се
силни.
• Мерка за стабилноста на јонските кристали е енергијата на
решетката :колку е повисока енергијата на решетката толку е
постабилно соединението.
• Овие супстанци не спроведуваат електричество бидејќи јоните се
фиксирани во своите позиции.
• Меѓутоа, во стопена состојба или растворени во вода, јоните
може слободно да се движат и добиената течност спроведува
електричество
Ковалентни кристали
• Во ковалентните кристали атомите се целосно сврзани во
проширена тридимензионална мрежа со ковалентни врски.
• Добро познати примери се двете алотропски модификации
на јаглеродот: дијамантот и графитот
Предлог истражување

Алотропски модификации на јаглерод


Дијамант
• Кај дијамантот, секој
јаглероден атом е ѕр3
хибридизиран: сврзан е со
четири други атоми .
• Силните ковалентни врски
во три димензии
придонесуваат за
необичната тврдина на
дијамантот (тој е
најтврдиот познат
материјал) и многу
високата температура на
топење (3350 ºC).
Графит под микроскоп

Димески Блаже
Првиот графит...

Димески Блаже
Градба на графит
• Во графитот, јаглеродните атоми се распоредени во
шестчлени прстени. Сите атоми се ѕр2 хибридизирани, а
секој атом е ковалентно сврзан со три други атоми.
Преостанатата нехибридизирана 2р орбитала се користи за
π врска. Всушност, секој слој на графитот има еден вид на
делокализирана молекулска орбитала што е присутна кај
бензенот

π орбитала
Графит
Бидејќи електроните се движат слободно во проширената
делокализирана молекулска орбитала, графитот е добар
спроводник на електричество во правците долж
рамнините на јаглеродните атоми.

Димески Блаже
Какви сили?
• Слоевите се меѓусебно сврзани со слаби Ван дер Валсови сили.
• Ковалентните врски кај графитот ја објаснуваат неговата тврдина.
Меѓутоа, бидејќи слоевите може да се лизгаат едни во однос на други,
графитот на допир е лизгав и е ефикасен како лубрикант.
• Исто така, се користи за моливи и ленти за компјутерски печатари и
машини за пишување.

Димески Блаже
Минијатурна уметност
И обратно

Дрвените боички на Чак Норис...


Кварц

Димески Блаже
Кварц
• Друг ковалентен кристал е
кварцот (SiO2 ).
• Распоредот на атомите на
силициум во кварцот се слични
на јаглеродот во дијамантот, но
во кварцот помеѓу секој пар на
Si има кислородни атоми.
• Бидејќи Si и О имаат различни
електронегативности, Si–O
врската е поларна.
• Сепак, SiO2 е во многу нешта
сличен на дијамантот, како што е
тврдоста и високата температура
на топење (1610 ºC).
Подробно ...
• Кварцот содржи карактеристична атомска шема
дефинирана според тоа каков е составот и распоредот на
атомите на силициум и кислород едни со други...

Атомите на кислород се врзуваат за секој атом на силициум за да формираат


одредена локална форма, четири атоми на кислород што го опкружуваат
централниот атом на силициум.
Оваа иста форма се повторува одново и одново за да се формира моделот на
атомската структура.
На што ви личи?
На тема слично
Градба на силикат

Димески Блаже
Што вели кристалографијата?
• Од многуте можни кристалографски форми на кварц,
околу 40 може да се најдат во природата.
• На секоја од формите и е дадено описно име, специфичен
научен нумерички симбол што ја одразува неговата врска
со кристалната решетка, а на соодветните форми на
кристалот им е одредена грчка или латинска буква.
• Повеќето форми (околу 30) ретко може да се најдат, па
затоа ќе се фокусираме главно на оние што се вообичаени
и важни.
• Но, дури и од овие неколку форми може да се изведе
изненадувачки голем број на различни форми
Основни кристални форми на
кварц
Miller-ови индекси
Име на формата Симбол
h,k,l

позитивен ромбоедрон r {1011}

негативен ромбоедрон z {0111}


хексагонална призма m {1010}
базален пинакоид c {0001}
тригонална бипирамида s {2111} {1121}
позитивен трапезодрон x {6151} {5161}
стрмен ромбоедар, -Ψ { 0.11.11.1 }
на пример M {3031}
Адитивна комбинација од двете Хексагонална призма
Ромбоедрон
форми r и z е хексагонална
r иz бипирамида

Позитивен трапезодрон Тригонална бипирамида Стрмен ромбоедар


Молекулски кристали
• Во молекулските кристали, јазлите на решетката се
окупирани со молекули и привлечните сили меѓу нив се
Ван дер Валсови и/или од типот на водородни врски.
• Пример за молекулски кристали се цврстиот сулфур
диоксид (ЅО2 ), во кој привлечна сила што преовладува е
дипол-дипол интеракцијата.
• За одржување на тридимензионалната решетка во мразот
главно се одговорни меѓумолекулските водородни врски
• Други примери за молекулски кристали се I2 , P4 , S8 , Ar,
Ne, CO2 , H2O, C12H22O11 (сахароза)

Димески Блаже
Пакување и својства
• Молекулите во молекулските кристали се пакуваат колку
што дозволува нивната големина и облик.
• Главни сили што ги сврзуваат единките кај нив се
дисперзиони сили, дипол-дипол сили, водородни врски
• Бидејќи Ван дер Валсовите сили и водородното сврзување
се доста слаби во однос на ковалентните и јонските врски
молекулските кристали полесно се раскинуваат од
јонските и од ковалентните кристали.
• И навистина, повеќето молекулски кристали се топат на
температура под 100 ºC
• Тие се меки, кршливи, имаат ниски температури на
топење, слаби спроводници на топлина и електричество
Разлика ...
• Во неполарните молекули, меѓумолекуларните сили се
само слаби ван дер Валсови сили.
• Поларните молекули имаат диполи и затоа имаат малку
посилни привлечности меѓу нив, што значи дека
точката(температурата) на топење на поларна молекуларна
цврста супстанца е малку повисока, бидејќи е потребна
повеќе енергија за да се надминат малку посилните сили.
Ковалентни врски

Силни врски од јонски карактер Слаби меѓумолекулски врски


Јаглерод диоксид и јод

Во атмосферски услови, цврстиот јаглерод


Дали јодот сублимира?
диоксид не се топи, туку може само да
сублимира. Студениот гасовит јаглерод
диоксид предизвикува водната пареа во
околината да кондензира и да образува
магла.
Кристална структура на јаглерод диоксид

Димески Блаже
Кристална структура на аргон

Неговите молекули се едноатомски!?


Јод
Пример
Привлечните силите
помеѓу честичките
ослабуваат

Течен јод
(со загревање)
Молекули на јод
Јод на собна
температура
Привлечните силите
помеѓу честичките се
раскинуваат
Гасовит јод
(со понатамошно загревање)
А мразот?
• Молекулите на вода во цврста состојба образуваат
тридимензионална мрежа во која секој кислороден атом е
ковалентно сврзан за два водородни атоми и водородно е
сврзан за други два водородни атоми.
• Оваа уникатна структура е одговорна за фактот што мразот
има помала густина од водата, својство што овозможува
животот да опстане во бари и езера под мраз!
Еве подобра слика

Високоорганизираната
тридимензионална
структура на мразот им
оневозможува на
молекулите многу да се
приближат едни до
други.

Секој О атом е сврзан за четири Н атоми. Ковалентните врски се прикажани со кратки


полни црти, а послабите водородни врски со долги испрекинати црти меѓу О и Н.
Празниот простор во структурата ја објаснува малата густина на мразот.
Од ова попрегледно амин...
H He
1
1 2
Li Be B C N O F Ne
2
3 4 5 6 7 8 9 10

3
Na Mg

11 12
Al

13 14
Si

15
P S

16
Cl

17
Ar

18
Температури на вриење
кај ковалентни хидриди
K Ca Sc Ti V Cr Mn Fe Co Ni Cu Zn Ga Ge As Se Br Kr
4
19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36
Rb Sr Y Zr Nb Mo Tc Ru Rh Pd Ag Cd In Sn Sb Te I Xe
5
37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54
Cs Ba Hf Ta W Re Os Ir Pt Au Hg Tl Pb Bi Po At Rn
6 *
55 56 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86
Fr Ra Rf Db Sg Bh Hs Mt H2O
7 W
87 88 104 105 106 107 108 109
100

Температури на вриење (oC)


Водородни врски кај водата

H2Te
0

H2Se
H2S
-100

-200
2 3 4 5
(H2X)
Температури на вриење кај ковалентни
хидриди

H2O
100
Температури на вриење(oC)

0
H2Te
H2Se
H2S SnH4
-100
GeH4
SiH4
-200 CH4
50 100 150
Моларна маса
Забележувате ли колку повисока температура има водата од другите
слични соединенија од истата група?
Водата има поларна молекула

H
 +

2 - O

H
+
Водородни врски кај водата

Асоцирани молекули(здружени)
Опиши ја градбата со свои
зборови

Димески Блаже
Метални кристали
• Тип на кристал-метален
• Сили што ги сврзуваат единките-метални врски
• Својства:
 меки/тврди,
 ниски/високи температури на топење,
 добри спроводници на топлина и електричество
• Примери-сите метали

Димески Блаже
Кристална
решетка
на бакар
Најчести...

CPH FCC
BCC

(α-Fe) е BCC а (γ-Fe) е FCC

Zn.Mg,Cd Ag,Cu,Al Cr, W


Алотропија кај железото
Железото во цврста состојба се појавува во повеќе
кристални форми, во одредени температурни
опсези.
Чистото железо има внатрешно-центрирана кубна
кристална структура во два региони, и странично
центрирана кубна кристална структура во
температурниот меѓуинтервал.

Кога чистото железо се растопи и потоа се лади доволно бавно, почнува да се зацврстува
на температура од 1538 ºC и формира внатрешно центрирана кубна кристална структура ,
наречена делта-железо (δ-Fe), до температура од 1392 ° С. Под температура од 1392 ° C,
железото започнува да ја менува својата кристална структура во странично-центрирана
кубна кристална решетка. Железото со таква кристална решетка се нарекува гама-железо
или аустенит (γ-Fe). Тој е стабилен до 911 ° C, кога повторно ја менува кристалната
структура и се формира Ферит или алфа-железо (α-Fe) .
До температура од 768 ° C оваа модификација на железото е немагнетна (а понекогаш и
погрешно наречена бета-железо или β-Fe).
Под оваа температура α-Fe станува магнетна. Овој феномен е поврзан со промената на
внатрешната енергија, електричната спроводливост итн
Потсетување

Димески Блаже
Метали
 Освен живата, сите метали се во цврста агрегатна состојба при
нормални услови,
 Имаат метален сјај,
 Сребрено-сивкаста боја(со исклучок на златото-жолта и бакарот
црвеникава
 Добри спроводници се на електричество и топлина,
 Ковливи се(1 грам злато може да се искова толку танко да направи
површина и повеќе од 1 метар квадратен)
 Растегливи(жици, кабли, ленти..)
 Може да се обработуваат на разни други начини(валање, заварување,
глодање...)
 Некои од нив имаат магнетни својства(железо,кобалт, никел)
 Одзвонуваат при удар

Димески Блаже
Хексагонална решетка

Zn
Металите понекогаш се опишуваат како решетки од позитивни јони обиколени
со облак од делокализирани електрони.
Ова се вика модел на “електронски гас“ и добро се објаснува
електричната и топлотната спроводливост на металите

Димески Блаже
Метална врска-присутна кај металите
Кај металната врска постојат делокализирани електрони во
металот, кои припаѓаат (се движат слободно) подеднакво на сите
атоми од тој елемент(поточно јони бидејќи со испуштање на
валентните електрони атомите стануваат позитивни катјони)

Димески Блаже
Јачина на метална врска
Зависи од бројот на валентни електрони што се донираат на електронскиот
облак и големината на металниот атом/јон.

Јачината на металната врска кај


натриум е релативно слаба бидејќи секој
Na атом дава по еден валентен електрон.

Металната врска кај калиум е послаба од


таа на натриумот заради големината на
K калиумовиот јон(електронскиот облак
содржи ист број на електрони но мора да
„покрива“ поголем волумен па
ефективната сила што ги држи јоните
заедно е помала.

Mg
Јачината на металната врска кај
магнезиумот е поголема бидејќи секој
атом дава по два валентни електрони.
Не кликај
Фотоелектричен ефект
светлина

електрон

јадро метал

Ајнштајн:Кога свелосен зрак паѓа на површината на метал избива


електрони од истата
Димески Блаже
Молекуларни супстанци со ковалентна врска
Главно се :
тешко растворливи во вода,
растворливи се во органски растворувачи,
не спроведуваат електрицитет,
со релативно ниски температури на топење
не се премногу цврсти

Јодоформ Јаглерод тетрахлорид


Сол Компарација на својствата
меѓу јонските и
ковалентните соединенија

Јонски соединенија Ковалентни соединенија


Не се цврсти како јонските Шекер
Цврсти на собна температура
соединенија
Многу високи температури Генерално , имаат пониски
натопење температури на топење
Помалку се растворливи во
вода отколку јонските
Спроведуваат електрицитет кога
соединенија
се растворени во вода
Нивните раствори не
спроведуваат електрицитет
Никакви или многу слаби
Јаки електролити
електролити

Структурата е изградена од јони


Тие се изградени од молекули
со спротивен полнеж
Разликата е во ситниците

Димески Блаже
Разлика меѓу сулфур(неметал) и злато (метал)

Кристалот се крши
Сулфур

Сила - + - + - + - + - - + - + - + - + -
- + - + - + - + - + - + - + - + - + - +
- + - + - + - + - - + - + - + - + -
- + - + - + - + - + - + - + - + - + - +

Метал
Сила + + + + + + + + + + + + + + + +
+ + + + + + + + + + + + + + + + + + + +
+ + + + + + + + + + + + + + + + + + + +
+ + + + + + + + + + + + + + + + + + + +
+ + + + + + + + + + + + + + + +
+ + + + + +
+ +
1 грам злато може да се искова Металите се ковливи,растегливи и имаат
повеќе од 1квадратен метар способност
за извлекување во жици
Неоргански кристални супстанци

 Сите кристални структури може да се


опишат во однос на елементарната
ќелија и атомските координати на
градбените единки.
 Многу неоргански структури може да
се опишат како низи на полиедри што
го исполнуваат просторот - тетраедри,
октаедри, итн.
 Многу структури - јонски, метални,
ковалентни - може да се опишат како
блиску паковани структури
Густо пакувани структури

Ова е толку важно што ќе се потсетиме уште еднаш!


Густо пакувани структури-метали
Најефикасен начин за пакување сфери со еднаква
големина
Во 2D, густо пакувани слоеви

Координативен број = 6.
Ова е максималниот можен за
2D пакување.

А 3D структури?

Димески Блаже
Густо пакувани сфери

Како се спакуваат сферите (атомите) за најдобро да се


пополни просторот ??
Концептот за најблиско(густо) пакување е важен за
разбирање на многу цврсти структури.
Најблиско пакување на кругови
r
Наредете ги круговите во
редовна шема со допирање
на сите рабови

Колкав процент од просторот


пополнуваат круговите
спакувани на овој начин?

Површина на правоаголник = 6r x 8r = 48r2

Површина исполнета со кругови = 12 x (πr2) = 12πr2

Процент на простор исполнет со кругови = 37.7/48 = 78.5%


Најблиско пакување на кругови
Наредете ги круговите во редовна
шема со допирање на сите рабови. r
Сменете го r и одете нагоре за да
го максимизирате пакувањето.

Колкав процент од просторот


се пополнува вака?

Површина на
триаголник = база x висина 4r x 2 3 r = 4 3 r2
= 2
2

Површина исполнета со кругови = 3 x (1/6πr2) + 3 x (1/2πr2)


= 2πr2
Процент на простор исполнет со кругови = 6.28/6.93 = 91%
Најблиско пакување на сфери

Замислете дека гледате


надолу во врвовите на група a a a
b b b
сфери.

Постојат два избори на


вдлабнатини за поставување на
следниот слој на сфери, a и b

Имајте на ум дека откако a


b
избравме да ја ставиме сферата
на вториот слој на место a,
повеќе не можеме да ставиме
сфера на местото b.
Најблиско пакување на сфери
Замислете дека гледате
надолу кон врвовите на два
слоја сфери y y
x x
Забелешка, имаме две
места за третиот слој, x и y.
Местото x се наоѓа над слојот со
една сфера
Местото y се наоѓа над слојот со
една празнина y y
Забележуваме дека x x
можеме само да пополниме x или y места,
не и двете, со нови сфери
Најблиско пакување на сфери

y
x

Пополнување на x места Пополнување на y места

ABABAB…. паковање ABCABCABC…. паковање

(HCP) (CCP)
Координација во HCP и CCP

Секој атом е опкружен со шест атоми во иста рамнина.


Постојат дополнителни три атоми во рамнините горе и долу.

Секој атом има вкупно дванаесет најблиски соседи.


Тема на денот
•Сонот на секој роб е да биде како неговиот сопственик
Мисла на денот
НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ НА
СЛОБОДАТА Е ЗАДОВОЛНИОТ РОБ
Филм кој мора да го гледате
И уште ова..
•Проститутките ги унапредивме во Старлети,
•лоповите во милионери,
•шарлатантите во експерти,
•чесните во будали,
•преварантите во снаодливи,
•чесните работници во робови,
и сега се чудиме зошто не оди работава

Димески Блаже
Кемал Ататурк
Заспаните народи или умираат, или се будат
како робови.
И ден денес ропството продолжува...
Че има уште...

You might also like