You are on page 1of 4

1.

Во дебелиот нагорен крак на хенлеовата петелка движењето на Na низ луминалната


мембрана е посредувано со – Na, 2 Cl, K ко-транспортерот

2. Фактори кои допринесуват за постигнување на хиперосмоларност на бубрежната медула-


Активен транспорт на Na+ и ко-траснпорт на К+, Cl- и други јони од дебелиот сегмент на
нагорниот крак на Хенлеовата петелка во медуларниот интерстициум
Активен транспорт на јони од собирните дуктуси во медуларниот интерстициум
Олеснета дифузија на уреа од медуларните собирни дуктуси во медуларниот интерстициум
Дифузија на мали количини на вода од медуларните тубули во медуларниот интерстициум –
значително помалку од реапсорпцијата на јони и други растоври во истиот

3. Плазма концентрацијата на Ca – при нејзино намалување, се зголемува реапсорпцијата на Ca


во бубрежните тубули
4. Течноста во надолниот крак на Хенлеовата петелка е – разредена / хиперосмотска

5. Кога хипотоничен растврор се додаде на ЕЦТ доаѓа до – зголемување на волуменот и


намалување на осмоларноста на ЕЦТ и ИЦТ

6. Трансцелуларни течности се – синовијална, перитонеална, перикардна, интраокуларна

7. Скелетни моторни влакна ги контролираат скелетните мускули на сфинктерот преку –


Пудендален нерв.

8. Дневните варијации на екскрецијата на К се причинети воглавно од- Промените во


секрецијата на К во главните клетки на дистални и собирни тубули.

9. За бубрежниот проток и гломеруларната филтрација важи дека- простогландините го


инхибират бубрежниот вазоконстрикторен ефект на симпатичките влакна, посебно на
аферентните артериоли

10. При сериозни намалувања на концентрацијата на К настанува- реапсорпција на К од главните


клетки во дисталните и собирни тубули

11. Гломеруларната филтрација ја- зголемува зголемениот гломеруларен капиларен хидростатски


притисок и зголемениот онкотски притисок во Bowman-ов капсула

12. Противструјниот разменувачки механизам на vasa recta допринесува да - го намалува


протокот на крвта во медулата на само 5% од вкупниот бубрежен проток. Како крвта се
симнува кон папилата, таа станува прогресивно поконцентрирана , дел поради влегувањето на
растворите во крвта од интерстисумот, а дел поради губење на водата во интерстициумот. Не
се изгуби хиперосмоларноста на медулата. Како крвта се качува назад во кортексот, таа
странува помалку концентрирана како резултат на излегување на растворите назад во
медулата и враќање на водата во vasa recta.

13. За повисоките центри во мозокот кои влијаат на рефлексот на мокрење важи дека – можат да
бидат инхибиторни и ексцитаторни. Го спречуваат мокрењето дури и кога ќе се појави
рефлексот на мокрење. Се лоцирани воглавно во понсот и церебралниот кортекс. Ги
олеснуваат сакралните рефлекси за мокрење, помагајќи во иницијација на рефлексот на
мокрење и истовремено го инхибираат надворешниот сфинктер, со што почнува мокрењето.

14. Константата на дисоцијација рК на бикарбонатниот пуфер е- над онаа на ЕЦТ и затоа


концентрацијата на HCO3 е за 20 пати поголема од онаа на СО2

15. За транспортот на урината од бубрезите преку уретерот е точно дека – перисталтичките


контракции на уретерот се иницираат од растегнатите каликси чија внатрешна пејсмејкерска
активност се зголемува

16. Главната функција на главните клетки во бубрежните тубули е – ја поттикнуваат


реапсорпцијата на Na и секрецијата на К како резултат на примарно создаден концентрациски
градиент со помош на Na-К АТФ азна пумпа на базолатералната страна на мембраната во
касните дистални тубули и кортикални собирни тубули

17. За кортикалните нефрони важи дека – се 70-80% од сите нефрони

18. Зголемениот протеински внес ја- зголемува ГФР преку намалување на концентрацијата на
NaCl во macula densa и намалување на отпорот во аферентната артериола

19. При филтрирање на албумините низ гломеруларната капиларна мембрана настанува –


рестрикција во нивното поминување низ мембраната поради нивниот негативен електричен
потенцијал кој е одбиен од негативноста на протеогликаните во мембраната

20. Каква е осмоларноста на течноста која го напушта раниот дистален тубуларен сегмент – иста
како и во асцедентниот крак на хенлеовата петелка

21. Главната функција на В интеркалатните клетки во бубрежните тубули е - ја зголемуваат


секрецијата на НСО3 во касниот дистален тубул

22. Транспортот на НСО3 низ тубуларната мембрана при одржување на ацидо-базната рамнотежа
се одвива преку - Na-HCO3 котранспорт во проксималниот тубул и размена со Cl во касниот
сегмент на проксималниот тубул, дебелниот сегмент на хенлеовата петелка и собирните
дуктуси

23. Зголемувањето на ратата (степенот) на гломеруларна филтрација го – Зголемува


гломеруларниот колоидо-осмотски притисок во гломеруларните капилари.
24. При Nа-гликоза ко-транспортот низ епителните клетки на проксималните тубули, енергијата се
добива од – електрохемискиот градиент воспоставен од Na-K пумпата на базолатералната
страна на мембранта на епителните клетки

25. Енергијата при активна секреција на Н низ луминалната мембрана на епителните клетки на
проксималните тубули се добива од – концентрацискиот градиент за дифузија на Na на
луминалната страна на мембраната на епителните клетки

26. Преминувањето на К од ИЦТ во ЕЦТ го предизвикува – ацидозата

27. Хидростатскиот притисок во перитубуларните капилари е под влијание на – артерискиот


притисок и отпорот во аферентните и еферентните капилари

28. За тубулогломерулатниот фидбек (повратен) механизам е точно дека – Се дилатира


еферентната артериола, а зголемува резистентноста во аферентната артериола.

29. Течноста во проксималниот тубул е – изоосмотска

30. Атрискиот натриуретички пептид делува на- ниво на дистални и собирни тубули, намалувајќи
ја реапсорпцијата на NaCl

31. Фактори кои ја зголемуваат секрецијата на АДХ - Осмоларност на плазма, Крвен волумен,
Крвен притисок, Наузеа, Хипоксија, Лекови: Морфин, Никотин, Циклофосфамид

32. Функции кои се одвиваат во дебелото црево – апсорпција на хлор, натриум, вода, калциум

33. При неволната фарингеална фаза на голтање настанува – платофарингеалните набори од


двете страни се повлекуваат медијално, формирајки сагитален расцеп Низ кој храната
поминува во постериорниот фарингс

34. За езофагеалната фаза на голтање важи – при исправена полложба, транспортот на храната до
долниот дел на езофагусот е побрз од самиот примарен перисталтички бран

35. Главната разлика во секрецијата на Н во касниот дистален тубул и собирните тубули со онаа во
проксималниот тубул е во – активноста на Н пумпа во луминалната мембрана за разлика од
контра-транспортот во проксималниот тубул

36. За југстогломеруларните нефрони важи дека- vasa recta се наоѓаат околу нив

37. Колоидо-осмотскиот притисок во перитубуларните капилари е одреден од – колоидо-


осмотскиот притисок на плазмата и филтрациската фракција

38. Во интраклеточната течност не постојат – големи количини на Са


39. Главната задача на надолниот дел на тенкиот сегмент на хенлеовата петелка е – голема
пермеабилност за вода и средна пермеабилност за другите раствори , вклучително уреа и Na

40. Кога хипертоничен раствор ќе се додаде на ЕЦТ настанува – зголемување на волуменот и


осмоларноста на ЕЦТ и зголемување на осмоларноста и намалување на волуменот на ИЦТ

41. Алдостеронот делува на – на ниво на собирни тубули и дуктуси зголемувајќи ја реапсорпцијата


на Na и секрецијата на К и Н

You might also like