You are on page 1of 26

Селекционен натпревар за

Меѓународна олимпијада по биологија


одржан на 27.2.2023 година

1
1. На сликата се прикажани водените потенцијали на 3 соседни растителни клетки
(водениот потенцијал на чиста вода е 0).

На секоја од наредните слики е прикажан правецот на движење на водата како резултат


на осмоза. За секоја од наведените слики напиши дали е ТОЧНО (Т) или НЕТОЧНО (Н)
прикажан правецот на движење на водата.

А. Слика 1 Н

Б. Слика 2 Н

В. Слика 3 Н

Г. Слика 4 Т

4/__

2
2. Водата се апсорбира од коренот на растението и се движи од коренот до ксилемски
спроводни садови. На сликата се прикажани патиштата на движење на водата во корен од
растението Ranunculus acris.

Врз база на информациите прикажани на сликата, напиши дали тврдењето е ТОЧНО (Т) или
НЕТОЧНО (Н).
А. Клетката Е го регулира влезот на јони во ксилемските садови Т

Б. Клетката Е го претставува ендодермисот со Каспариевиот појас кој опфаќа радијално


задебелени клеточни ѕидови богати со суберин Т

В. G-Патот се означува како симпласт Н

Г. Движењето на вода преку преку F-пат се одвива побавно од G-пат Т

Д. Водата преку F-пат може да се движи помеѓу клетките само преку плазмодезми Т

Ѓ. Почвениот раствор има понизок воден потенцијал од клетката Е Н

6/__

3
3. На следниот график е прикажано влијанието на интензитетот на светлина врз степенот
на транспирација од горната и долната страна на лист кај дикотиледоно растение. Сите
останати абиотички фактори се идентични за двете страни на листот. Како можат да се
објаснат разликите во степенот на транспирација помеѓу долната и горната страна на
листот?

Врз база на информациите од графикот, напиши дали тврдењето е ТОЧНО (Т) или
НЕТОЧНО (Н).

А. Сунѓерестото мезофилно ткиво предизвикува побрза транспирација бидејќи се


карактеризира со поголеми воздушни простори Т

Б. Интензивната транспирација на долната страна на листовите предизвикува понизок


воден потенцијал во овие клетки Т

В. Транспирацијата од горната страна на листот е побавна поради тоа што содржи понизок
број на стоми Т

Г. Транспирацијата од горната страна на листот е побавна поради тоа што содржи подебела
кутикула Т

Д. Транспирацијата од долната страна на листот е побрза поради присуството на влакненца


(трихоми) Н

5/__

4
4. На сликата е прикажано дека кај некои растителни видови им е потребен пролонгиран
студен период (вернализација) како што е зимата (W) за да процветаат (Сл. А). Времето на
цветање е контролирано преку добро карактеризиран епигенетски механизам кој таргетира
ЛОКУС ЗА ЦВЕТАЊЕ или FLOWERING LOCUS C (FLC). Овој FLC локус кодира MADS
BOX транскрипциски фактор и го репресира FT генот. Според тоа, flc мутантот се
карактеризира со предвремено цветање кое се одвива во есен (А), (Сл. B). Moлекуларниот
механизам преку кој FLC го контролира цветањето е илустриран на Сл. C.

Слика 3 А-Есен, W-зима, S-Пролет, VD-Вегетативен развиток, RD-Репродуктивен


развиток, PC-Пролонгиран студ.

5
Означи дали тврдењето е точно (Т) или неточно (Н).

А. FLC генот е инхибитор на цветањето Т

Б. Транскрипцијата на FT генот е активирана преку поврзување со FLC Н

В. FT главно се експресира во вегетативните растителни ткива во есен Н

Г. Транскрипциската активност на FLC се одржува преку епигенетски механизам кој е


зависен од студеното време Т

Д. Студеното време индуцира “стивнување” на FLC, при што се овозможува експресија на


FT генот и се идуцира цветање Т

5/__

5. Во табелата подолу се дадени раствори со различни концентрации на јони. Во растворот


А е ставена нервна клетка и било забележано дека таа има мембрански потенцијал во
мирување (RMP) од -65 mV. Што од наведеното е точно?

A) Ако клетката се премести во растворот Б, RMP ќе се намали (пр., до -100 mV)


B) Ако клетката се премести во растворот В, RMP ќе се зголеми (пр., до -10 mV)
C) Ако клетката се премести во растворот Г, RMP ќе се намали (пр., до -100 mV)
D) Ако клетката се премести во растворот Д, RMP ќе се зголеми (пр., до -10 mV)
E) Ако клетката се премести во растворот Ѓ, RMP ќе се зголеми (пр., до -10 mV)

1/__

6
6. Имајќи ја предвид Нернстовата равенка, , за дадена клеточна
+
мембрана која е пропустлива само за јоните на Na при состојба на еквилибриум, одговори
на следново:
1) Kолку пати треба да биде повисока екстрацелуларната концентрација на Na+ во споредба
со неговата интрацелуларна концентрација, со цел потенцијалот на мембраната при
состојба на еквилибриум да изнесува 186 mV.
A) 10 пати
B) 100 пати
C) 1000 пати
D) 10 000 пати
E) 0.1 пати
F) 0.01 пати
Илјада пати, со цел односот на концентрациите надвор:внатре да биде 1000, па
log(1000)=3 и од равенката 3x62=186 mV

2) Во кој од наведените случаи ќе се развие негативен мембрански потенцијал?

A) Екстрацелуларната концентрација на Na+ = 100 mM; Интрацелуларна


концентрација на Na+ = 50 mM
B) Екстрацелуларната концентрација на Na+ = 200 mM; Интрацелуларна
концентрација на Na+ = 50 mM
C) Екстрацелуларната концентрација на Na+ = 100 mM; Интрацелуларна
концентрација на Na+ = 100 mM
D) Екстрацелуларната концентрација на Na+ = 50 mM; Интрацелуларна
концентрација на Na+ = 100 mM
2/__

7. Еден флакон содржи раствор на идентични едноверижни DNA олигонуклеотиди, секој со


должина од 20 нуклеотиди. Концентрацијата на DNA во флаконот изнесува 10-17 g/μl.
Имајќи ја предвид оваа концентрација, приближно колку копии/молекули на
олигонуклеотиди се присутни во 1 μl од растворот? [Молекулската маса на просечен базен
пар (нуклеотиден пар) во двојноверижна DNA изнeсува 650 g/mol, додека вредноста на
Авогадровата константа изнесува 6,02 x 1023 молекули х mol-1.]
A) 928 молекули
B) 464 молекули
C) 232 молекули
D) 928 000 молекули
E) 464 000 молекули
7
F) 232 000 молекули
4/__

За двојноверижна DNA:
концентрација на DNA (копии во μl) =
концентрација на DNA (g/μl) / маса на единечна DNA молекула =
10-17 g/μl / [(20 bp x 650 g/mol) / 6,02 x 1023 молекули x mol-1] =
10-17 g/μl / 2159.5 x 10-23 g/молекула =
463,1 молекули/μl ~ 464
За едноверижна DNA = 464/2 = 232

8. Клеточниот живот зависи од одржување рамнотежата помеѓу надворешната и


внатрешната средина. Секоја промена може да има големи последици, затоа размената е
динамична и се одвива во двете насоки низ клеточната мембрана. На следната страница,
заокружете дали е точно или неточно тврдењето во секој ред (A-H) во врска со
карактеристиките на пасивниот и активниот транспорт.

8
А) Точно / Неточно B) Точно / Неточно

C) Точно / Неточно D) Точно / Неточно

E) Точно / Неточно F) Точно / Неточно

G) Точно / Неточно H) Точно / Неточно

4/__

9. Термогенезата е процес преку кој организмите продуцираат топлина. Продукцијата на


топлина е посредувана преку uncoupling protein 1 (UCP1), кој овозможува трошење на
протонскиот градиент генериран од синџирот за транспорт во митохондриите без
придружно складирање на енергијата во форма ATP. На графикот се прикажани нивоата на
експресија на UCP1 со два различни полиморфизми.

Во врска со наведеното погоре, заокружи дали секој од следните искази е точен или
неточен.
А) На слика 1, експресијата на UCP1 се однесува на полиморфизми најдени кај Европски
(X) и Арктички (Y) популации. Точно / Неточно

B) Зголемувањето на експресијата на UCP1 може да биде механизам на адаптација на


региони со високи температури. Точно / Неточно

C) „Non-shivering“ термогенезата се одвива примарно во белото масно ткиво.


Точно / Неточно
D) Кај човекот, кафеавото масно ткиво прогресивно се намалува во периодот од
новороденче до возрасна индивидуа. Точно / Неточно

4/__

9
10. Сликата подолу прикажува хистолошки пресек на физиолошки систем каде има
интеракција помеѓу два типа на клетки: напречно-пругасти скелетни мускулни влакна и
нивната инервација. Кај цицачите, овие мускули се контрахираат под контрола на нашата
волја.

Во врска со наведеното погоре, заокружи што е точно.


А) Индивидуалните аксони користат ацетилхолин како невротрансмитер. Еден аксон
може да инервира неколку мускулни влакна и да предизвика грубо и униформно
движење на неколку влакна од мускулот додека нервно-мускулен спој од типот „еден
аксон-едно влакно“ доведува до мошне усогласено и прецизно движење на засебно
влакно во мускулот.
B) Индивидуалните аксони користат адреналин како невротрансмитер. Еден аксон може да
инервира неколку влакна и да доведе до грубо и униформно движење на неколку влакна од
мускулот, додека невромускулниот спој на типот „еден аксон-едно влакно“ доведува до
мошне усогласено и прецизно движење на одделни влакна во мускулот.
C) Индивидуалните аксони користат ацетилхолинестераза како невротрансмитер. Еден
аксон може да инервира неколку влакна и да доведе до мошне усогласено и прецизно
движење на индивидуалните влакна од мускулот, додека невромускулниот спој на типот
„еден аксон-едно влакно“ доведува до грубо и униформно движење на неколку влакна во
мускулот.
D) Индивидуалните аксони користат серотонин како невротрансмитер. Еден аксон може да
инервира неколку влакна и да доведе до мошне усогласено и прецизно движење на
индивидуалните влакна од мускулот, додека невромускулниот спој на типот „еден аксон-
едно влакно“ доведува до грубо и униформно движење на неколку влакна во мускулот.
1/__

10
11. Глукагонот е секретиран од панкреасните α-клетки и потоа ги реализира своите ефекти
преку рецепторите (GLR) на клетките од неговите таргет ткива. Количеството на GLR
експресирани на клетичните мембрани е многу важно за одредување на магнитудата на
одговорот на глукагонот во секое таргет ткиво. Слика 1 го покажува количеството на GLR
mRNA во различни ткива од стаорец. Во податоците прикажани тука, забележуваме дека
глукагонскиот рецептор не е детектиран во мозочното ткиво, но сепак одредени студии
укажуваат дека рецепторот е присутен во мозокот во многу мали количини, на пример, во
хипоталамусот.

Во врска со наведеното погоре, заокружи дали секој од следните искази е точен или
неточен.
А) Црниот дроб експресира големо ниво на GLR бидејќи е еден од главните органи кој
внесува и складира глукоза како одговор на дејството на глукагонот. Точно / Неточно
B) Недостатокот на детектирана GLR mRNA во мозочното ткиво иницира дека нервното
ткиво во мозокот нема потреба од многу глукоза како нутриент. Точно / Неточно
C) Скелетните мускули складираат глукоза во форма на гликоген која се користи само при
вежбање. Ова е конзистентно со отсуството на GLR во резултатите од овој експеримент.
Точно / Неточно
D) Адипозното ткиво, кое има високи нивоа на експресија на GLR, игра важна улога во
одржувањето на нивото на глукоза во крвта за време на гладување. Точно / Неточно
4/__

11
12. Слатководна риба има осмоларност на внатрешната средина од 270 mOsm/L и живее во
езерце со осмоларност од 50 mOsm/L. Ако рибата испие 10 mL вода, колку урина треба да
произведе за да ја одржи осмоларноста на неговата внатрешната средина?

a) 83ml
b) 50ml
c) 8.33ml
d) 5ml

2/__
Решение:

Волумен на урина = (влезен волумен на вода) - (осмотски градиент x волумен на телесна


течност) / (надворешна осмоларност - внатрешна осмоларност)

Користејќи ги вредностите од прашањето, добиваме:


Волумен на урина = (10 mL) - (0,22 x 1 mL) / (50 mOsm/L - 270 mOsm/L)
Волумен на урина = 8,33 mL

12. Морски цицач има осмоларност на внатрешната од 1100 mOsm/L и живее во морска вода
со осмоларност од 1000 mOsm/L. Ако цицачот испие 100 mL морска вода, колку урина треба
да произведе за да ја одржи осмоларноста на неговата внатрешната средина?
a) 83ml
b) 50ml
c) 8.33ml
d) 5ml
2/__
Решение:
Волумен на урина = (влезен волумен на вода) - (осмотски градиент x волумен на
телесна течност) / (надворешна осмоларност - внатрешна осмоларност)
Користејќи ги вредностите од прашањето, добиваме:
Волумен на урина = (100 mL) - (0,1 x 1 mL) / (1000 mOsm/L - 1100 mOsm/L)
Волумен на урина = 50 mL

12
13. Некој вид на влекач (рептил) има pH на крвта од 7,5 и концентрација на бикарбонат
(HCO3-) од 20 mM. Ако рептилот произведува 2 mmol CO2 и 0,5 mmol H+ јони, колкава е
добиената pH вредност на неговата крв по компензација од страна на бубрезите? (во
пресметката можеш да ја искористиш равенката на Henderson–Hasselbalch: pH = pKₐ +
log([A⁻]/[HA]).

a) pH на крвта 7,7
b) pH на крвта 8
c) pH на крвта 8,8
d) pH на крвта 7
3/__

Решение:
Кај влекачите, бубрезите играат важна улога во регулирањето на pH вредноста на
крвта со отстранување на вишокот H+ јони и реапсорпција на HCO3-. Кога рептилот
произведува CO2, тој може да се претвори во H+ јони и HCO3- со помош на ензимот
карбонска анхидраза.

Равенката Хендерсон-Хаселбалх може да се користи за пресметување на добиената


pH на крвта по компензација од страна на бубрезите, така што:
pH = pKa + log ([HCO3-] / ([CO2] x 0.03))

Претпоставувајќи дека pKa = 6,1 за H2CO3 во крвта на рептилите, можеме да ги


вклучиме вредностите од прашањето за да добиеме:

pH = 6.1 + log (20 mM / ((2 mmol + 0.03 x 0.5 mmol) x 0.03))


pH = 7.7

14. Некој цицач е изложен на ладна средина и неговата телесна температура паѓа на 35°C.
Ако неговиот базален метаболизам е 300 kJ/h, а топлинската спроводливост е 0,1 W/°C,
колку топлина треба да генерира цицачот за да ја подигне својата телесна температура
повторно на 37°C (по претпоставка дека за тоа е потребно еден час)?
*Во пресметката можеш да ги искористиш следните равенки:
Q = C x ΔT каде Q е топлинска енергија, C е топлинска спроводливост, а ΔT е промената
на температурата.
ΔE = P x t каде каде ΔE е промената на енергијата, P е моќноста, а t е временскиот
интервал.

13
a) 0.7 kJ
b) 0.87 kJ
c) 0.9 kJ
6/__

Решение:

Користејќи ги вредностите од прашањето, добиваме:


Q = 0.1 W/°C x (37°C - 35°C)
Q = 0.2 W

За да го претвориме ова во топлинска енергија, треба да се помножиме со


временскиот интервал:
ΔE = P x t
каде ΔE е промената на енергијата, P е моќноста, а t е временскиот интервал.
Претпоставувајќи временски интервал од еден час, можеме да ја пресметаме
потребната енергија:
ΔE = 0,2 W x 3600 s
ΔE = 720 Ј

За да го претвориме ова во килоџули, делиме со 1000:


ΔE = 0,72 kJ

За да ја подигне телесната температура повторно на 37°C, цицачот треба да ја


генерира следната количина на топлина за еден час:
ΔE вкупно = P x t
ΔE вкупно = 300 kJ/h x 1 ч
ΔE вкупно = 300 kJ

Цицачот мора да генерира вкупно 300 kJ топлина за да ја одржи својата телесна


температура еден час во ладна средина. За да ја подигне температурата на телото
назад на 37°C од 35°C, треба да генерира дополнителни 0,87 kJ топлина:
ΔE потребно = 0,72 kJ x 1,2
ΔE потребни = 0,87 kJ

14
15. На Слика 1 се претставени промените на притисокот во аортата (Ao), левата преткомора
(At)и левата комора (Ve), како и волуменот на левата комора во текот на еден срцев циклус
кај човекот. Во текот на циклусите, атриовентрикуларниот залисток се отвора кога
притисокот во преткомората ќе го надмине притисокот во комората, а аортниот залисток се
отвора во моментот кога притисокот во комората ќе го надмине притисокот во аортата. На
Слика 2 се прикажани промените во притисокот во комората и волуменот пред
(испрекината линија) и после (полна линија) 10-минутен период на физичка активност.

За секој од следниве искази заокружи дали е Точен (T) или Неточен (Н).
Срцевата фреквенција не се променила во периодот помеѓу точките E и F на
T Н
Слика 1.
После точката I на Слика 1, крвта се влева и во преткоморите и во коморите T Н

2/__
16. Циркулаторниот систем прикажан на сликата преставува циркулаторен систем на:
a. Птица.
b. Водоземец.
c. Цицач.
d. Риба.

15
2/__

17. Дигестивните системи прикажани на сликата претставуваат дигестивни системи на


……..(напиши ja соодветната буква до сликата):

a. Човек
b. Крава.
c. Зајак
d. Кокошка

сл.1 = а сл.2 = c сл.3=d.

3/__

16
18. Карактеристични за живите клетки се:

1. Рибозоми
2. ATP синтеза
3. Клеточна мембрана
4. Јадрена обвивка
5. Интрони
6. DNA полимераза
7. Фотосинтеза
8. Митохондрија.

Кои од нив се присутни и во еукариотска, и во прокариотска клетка?


а. 1, 2, 3, 6, 7
б. 1, 2, 3, 5, 7, 8
в. 1, 2, 3, 4, 7
г. 1, 3, 5, 6
д. 2, 3, 7, 8

3/__

19. Ако набљудуваш клетка во митоза, според кој од следниве карактеристики ќе можеш да
разграничиш дали се работи за животинска или растителна клетка?

А) отсуство на делбено вретено


Б) отсуство на центриоли
В) репликација на хромозоми
Г) исчезнување на јадрената мембрана
1/_

17
20. Меѓусебното поврзување (адхезија) на клетките може да се блокира со третман со одредени
агенси. Некои од наведените супстанци влијаат врз клеточното поврзување со селектини
(карактеристични за леукоцитите), со N-Cadherin (поврзува неврони) или врз клеточна
адхезија со пептид со RGD (промовира поврзување со екстрацелуларниот матрикс).
За секој од следниве искази заокружи дали е Точен (T) или Неточен (Н).
Трипсин предизвикува дигестија на протеини и интерферира со сите
T Н
горенаведени, бидејќи ќе ги разгради протеините за поврзување.
Колагеназа врши дигестија на колаген и влијае врз адхезија со пептид со RGD,
затоа што екстрацелуларниот матрикс содржи колагени влакна за кои клетката T Н
би се врзала
Хијалуронидазата врши дигестија на хијалуронска киселина и со тоа
интерферира во адхезија со пептид со RGD, затоа што екстрацелуларниот T Н
матрикс содржи хијалуронска киселина за кои клетката би се врзала.
EDTA ги поврзува Ca2+ јоните и влијае врз поврзување на кадерините, чија
T Н
функција зависи од присуството на калциумови јони.

4/__

21. Габата Aspergillus flavus може да се развие на собраните семиња од пченка. Примерок од
ткиво на пченка контаминирано со оваа габа било испитано со помош на светлосен
микроскоп. Наведете кои од следните структури се карактеристични само за клетките од
пченката (означете П) или за габите (означете Г), или структури според кои тие не може да
се разликуваат (означете Х).
Клеточна структура Се наоѓа кај

Спори Г

Хлоропласти П

Клеточен ѕид од целулоза П

Митохондрии Х

Хифи Г

Повеќеслоен клеточен ѕид со хитин Г

Јадро Х

Спроводни снопчиња П
4/__

18
22. Рецепторите на клеточната површина лоцирани на плазма мембраната имаат главна улога
во иницирањето на клеточната сигнализација. Еден ваков клеточен рецептор (RLK),
присутен кај пченката, игра улога во имунолошка заштита на растението. Фрагменти од
клеточниот ѕид на хифите на габите делуваат како сигнална молекула (FF) која се врзува за
рецепторот. Овие рецептори, исто така, можат да го врзат и растителниот хормон
абсицинска киселина (АА).
Афинитетот на сигналната молекула да се врзе со рецепторот може да се квантифицира со
равенката:
[комплекс од рецептор−сигнална молекула]
𝐾𝐾𝐾𝐾 = [рецептор]×[сигнална молекула]
Користејќи се со резултатите од анализите за поврзување на рецепторите со сигналните
молекули прикажани на сликата лево, одговорете на прашањето што следи.

S = сигнална молекула, R = рецептор, A = активатор

А. Која сигнална молекула покажува поголем сврзувачки афинитет за овој RLK рецептор?
Означи го со X соодветниот одговор.
Фрагмент од габа (FF)

абсицинска киселина (AA) Х

Врзувањето на сигналната молекула со рецепторот, исто така, ќе предизвика одговор внатре


во клетката. На сликата десно, можете да видите дека молекули се движат низ мембраната
како одговор на врзувањето на сигналната молекула.

Б. Рецепторот (R) има три дела (означени I, II и III на Слика 5.2). Означете со X во
соодветната табелата кои делови од рецепторот се хидрофобни, а кои се хидрофилни.
Дел од рецепторот Хидрофобен Хидрофилен
I. Х
II. Х
III. Х

19
В. Заокружете гo бројот пред поимите што се однесуваат на сликата:
1. Активен транспорт
2. Олеснета дифузија
3. Рецептор посредна ендоцитоза
4. Фагоцитоза
5. Проста дифузија
6. Ко-транспорт
5/__

23. На дијаграмот е прикажана упростена шема на три етапи (P, Q и R) на аеробната


респирација (на шемата со буквата С се означени бројот на јаглеродни атоми во органските
соединенија)

1) Кои етапи од аеробната респирација се P, Q и R?


A. P-гликолиза, Q-Калвинов циклус, R-ацетилација
B. P-фосфорилација, Q-Кребсов циклус, R-синџир за оксидативна фосфорилација
C. P-гликолиза, Q-Кребсов циклус, R-синџир за оксидативна фосфорилација
D. P-карбоксилација, Q-Кребсов циклус, R- редукција

20
2) Кои субстанци се X, Y, Z?
A. X- Acetyl CoA, Y- NADH2, Z- млечна киселина
B. X- H2O, Y- CO2, Z- дехидрогеназа
C. X- NADH2, Y- CO2, Z-дехидрогеназa
D. X- NADH2, Y- H2O, Z- пероксидаза
E. X- пируват, Y- CO2, Z- NADH2
2/__

24. Заокружи ТОЧНО или НЕТОЧНО за секое од тврдењата (бодувањето на ова прашање е по
принцип се или ништо, за сите точни одговори се доделуваат сите бодови, а доколку има
макар и еден погрешен одговор се бодува со нула):

А. За да може да се одвива оксидативна фосфорилација, потребен е затворен мембрански


систем
Точно/Неточно
Б. Синтезата на АТР ќе започне кога во митохондријата ќе се создаде O2.
Точно/Неточно
В. Водата која се формира при продукцијата на АТР, настанува со редукција на молекуларен
кислород.
Точно/Неточно
Г. Кислородните атоми кои на крајот на оксидативната фосфорилација ќе се редуцираат до
јаглероден диоксид, потекнуваат од молекуларен кислород.
Точно/Неточно
Д. Од две молекули на пируват ќе се создаде повеќе енергија отколку од една молекула на
гликоза.
Точно/Неточно
Ѓ. За време на аеробната респирација, електроните во реакциите се пренесуваат од храната,
преку NADH и синџирот за оксидативна фосфорилација до кислородот.
Точно/Неточно

3/__

21
25. Класа на синтетички RNA регулатори наречени Toehold прекинувачи, можат да ја потиснат
експресијата на гени на тој начин што го издвојуваат местото за врзување на рибозомот
(RBS-Ribosome binding site) формирајќи стабилна структура на јамка. Со додавање на мала
RNA, наречена Toehold активатор, се распетлува (растура) структурата на јамката и се
ослободува RBS. Процесот е покажан на цртежот во продолжение.

Одговорете што е точно, а што неточно со заокружување на знакот Т за точно или Н за


неточно.
Toehold прекинувачите работат на тој начин што ја потиснуваат
А. Т Н
транслацијата на генот.
Силна структура на јамка може да се создаде со директни
Б. повторувања во Т Н
секвенцата на RNA во еден регион.
Toehold прекинувачот ќе работи исто толку добро кај еукариотите,
В. Т Н
како и кај бактериите
Еден Toehold прекинувач може да ги контролора сите гени во
Г. Т Н
оперонот.
Д. Стартниот кодон и RBS се непосредно еден до друг. Т Н

5 /_____

22
26. Геномот на коронавирусот SARS-CoV-2 е изграден од околу 30 000 нуклеотиди (претставен
во горниот дел на цртежот подолу). Организиран е во десет гени, меѓу кои и ORF1ab, кој
кодира прекурсор на протеин кој е вклучен во репликацијата, и S-ген кој го кодира spike
протеинот задолжен да ги препознава рецепторите на површината на клетките домаќини.
Профилот на Процентот на идентични позиции (PIP) го открива процентот на места
кои се идентични помеѓу два генома кои се споредуваат. На цртежот подолу се прикажани
PIP-ови добиени со споредување на целосен геном од SARS-CoV-2 и геноми на други три
коронавируси (А: геном на CoV од лилјак; B: геном на CoV од панголин; и C: геном на
човечки SARS-CoV изолиран во 2003 година).

Цртеж: Профил на идентични позиции (PIP) помеѓу геномот на човечкиот SARS-CoV-2 и


геноми на коронавируси изолирани од лилјак (А), панголин (В) и човечки SARS-CoV
изолиран во 2003 (С).

Според резултатите претставени на цртежот одговорете што е точно, а што неточно со


заокружување на знакот Т за точно или Н за неточно.
Фактот дека во важните геномски региони за процесот на инфекција
/ вирусна репликација (нагласени со жолта боја) има понизок PIP,
А. Т Н
укажува на тоа дека SARS-CoV-2 потекнува од човечкиот SARS-
CoV изолиран во 2003.
Генетската сличност во регионот S помеѓу геномите на
коронавирусот од панголин и геномот на човечкиот SARS-CoV-2 е
поголема од онаа помеѓу геномите на коронавирусот од лилјакот и
Б. геномот на човечкиот SARS-CoV-2. Со оглед на важноста на Т Н
регионот S за процесот на клеточна инфекција, ова покажува дека
последниот домаќин од животните, пред пренесувањето на луѓето
бил лилјак.

23
Со рекомбинацијата помеѓу геномите на коронавирусот кој ги
инфицира лилјаците и оној на панголините, може да се објасни
зошто геномот на коронавирус на панголин е посличен на геномот
В. Т Н
на SARS-CoV-2 во регионот S, додека геномот на коронавиус од
лилјак е посличен на геномот на SARS-CoV-2 во остатокот од
геномот
Највисок PIP помеѓу геномот на коронавиус од лилјак и геномот на
Г. Т Н
човечкиот SARS-CoV-2 има во регионот на генот Е.

4 /_____

27. Прикажани се неколку секвенци од митохондријалн DNA, поточно региони од гените за


cytochrome b кај различни организми.

24
Врз основа на прикажаните секвенци и табелата за кодови, одговорете што е точно, а што
неточно со заокружување на знакот Т за точно или Н за неточно.
Нема промена на аминокиселини помеѓу видовите Columba junoniae
А. и Т Н
Columba bolli во прикажаните кодони..
Постојат 8 замени на аминокиселини помеѓу видовите Columba
Б. junoniae и Т Н
Columba bolli во прикажаните кодони
Постојат 18 замени на аминокиселини помеѓу видовите Columba
В. junoniae и Т Н
Columba palambus во прикажаните кодони

3/_____

28. На краевите на хромозомите на еукариотите, постојат посебни структури т.н. теломери,


чии нуклеотидни секвенци се скратуваат при секоја поделба на соматската клетка.
Теломерите не содржат гени, туку повеќекратни повторувања на кратка нуклеотидна
секвенца како што е TTAGGG. Кога репликацијата на DNA е завршенa (делот под а на
цртежот), се појавува едноверижна протрузија (испакнување) на 3' крајот од едната
верига на DNA. Ензимот теломераза што содржи RNA со секвенца CAAUCC
овозможува продолжување на овој регион (деловите б-д на цртежот).

Цртеж. Механизмот на дејство на теломеразата

25
Одговорете што е точно, а што неточно со заокружување на знакот Т за точно или Н за
неточно.
Протеинската компонента на теломеразата е доволна за
А. Т Н
излолжување на теломерите.
Веригата на матичната DNA издолжува на 3’крајот со помош на
Б. Т Н
теломерзаната RNA како урнек молекула..
Мутации кои предизвикуваат губиток на функција (Loss-of-function
В. mutations) на теломерзаниот протеин се причина за агресивни Т Н
метастатски тумори.
Кај болести како прогериа (забрзано стареење), мутација во генот за
синтеза на протеинот во теломеразата прави истата да е особено
Г. Т Н
активна и да има зголемено продолжување на теломерите, што пак
ги убива клетките.

4 /_____

29. Одговорот на клетките на оштетувањето на DNA е сложено регулиран и може да се одвива


на различни начини. Од една страна, клетките се обидуваат да ги поправат грешките во
веригите на DNA, или од друга страна, доаѓа до апоптоза или прекин на митозата во
одредена фаза, ако не успее поправката. Клетките на ракот обично се третираат со агенси
кои ја оштетуваат DNA, како што е зрачењето и хемотерапијата кои доведуваат до
инхибиција на пролиферацијата на клетките и на крајот клеточна смрт. За да ја избегнат
оваа судбина, некои канцерогени клетки развиваат различни механизми на отпор кои им
овозможуваат да преживеат и да се размножуваат понатаму.

Одговорете што е точно, а што неточно со заокружување на знакот Т за точно или Н за


неточно.
Генетските болести кои водат до геномска нестабилност често
А. доведуваат до дефекти во DNA репарационите механизми и може да Т Н
водат до рак.
Канцерните клетки кои носат мутации во гените за протеини кои
Б. Т Н
детектираат DNA оштетувања, може да избегнат апоптоза.

2 /_____

26

You might also like