You are on page 1of 1

ЛЕКЦИЈА БР.

10 НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ

Нуклеинските киселини го добиле името поради тоа што за прв пат се изолирани од јадрото
(нуклеус)во 1872год.Станува збор за ДНА(DNA)или Деоксирибонуклеинска киселина и РНА
(RNA) или Рибонуклеинска киселина.Станува збор за макромолекули чија основна структурна
единица е нуклеотидот.

Градба на нуклеотид

Тој е составен од три соединенија:1.Пентозен шеќер-деоксирибоза (кај ДНА) и Рибоза(кај РНА)


2.Азотна база-која може да биде пуринска или пиримидинска.Во молекулот на ДНА во
пуринските спаѓат аденин(А) и гванин(Г) а во пиримидинските тимин(Т) и цитозин(Ц).Во
молекулот на РНА ги има истите бази освен што тиминот е заменет со урацил(У).3.Фосфорна
група(фосфорна киселина).Оваа група поврзува два нуклеотида(преку пентозите) во рамките
на еден полинуклеотиден ланец.Ако од нуклеотидот се отстрани фосфорната група тоа
соединениесе вика нуклеозид.

Дел од полинуклеотиден ланец


Молекулите на РНА може да имат од 100 до 100.000 и повеќе нуклеотиди а молекулите на ДНА
од неколку илјади до милиони нуклеотиди.Нуклеинските киселини се одговорни за
пренесувањето на наследните својства на организмите и претставуват материјален носител на
информациите за за синтеза на протеините.

You might also like