You are on page 1of 12

Средно стручно општинско училиште

“Димитрија Чуповски”-Велес

Проектна задача по фармакогнозија

Дигиталисови хетерозиди во терапија на срцева


инсуфициенција

Ментор: Изработил:

Ефимија Југова Петар Најдовски

Февруари 2021
Содржина

Вовед....................................................................................................................................................3
1. Конгестивна срцева инсуфициенција.........................................................................................4
1.1. Клиничка слика....................................................................................................................4
2. Фитотерапија на конгестивна срцева инсуфициенција.............................................................5
3. Дроги што содржат кардиотонични хетерозиди.......................................................................6
3.1. Digitalis purpureae folium – лист од пурпурен бутин..........................................................6
3.1.1. Природно наоѓалиште на пурпуниот бутин...............................................................7
3.1.2. Дрога.............................................................................................................................7
3.1.3. Хемиски состав.............................................................................................................7
3.1.4. Дејство..........................................................................................................................8
3.1.5. Употреба.......................................................................................................................8
3.2. Digitalis lanatae folium – лист од волнест бутин, напрсток................................................8
3.2.1. Природно наоѓалиште на волнестиот бутин..............................................................9
3.2.2. Дрога.............................................................................................................................9
3.2.3. Хемиски состав.............................................................................................................9
3.2.4. Дејство..........................................................................................................................9
3.2.5. Употреба.......................................................................................................................9
3.3. Несакани ефекти, контраиндикации................................................................................10
3.4. Препарати, дози.................................................................................................................11
Заклучок.............................................................................................................................................11
Користена литература.......................................................................................................................12
Вовед

 Кардиоваскуларниот систем претставува затворен систем, составен од срце и од


крвни садови, низ кои постојано протекува крв, со што се врши транспотр на
кислород, хранливи материи и отпадни продуктиво организмот. Срцето е
составено од две предкомори (атрии), кои се наоѓаат над двете комори
(вентрикули). Срцевиот мускул содржи три обвивки: епикардиум (надворешна),
миокардиум (средишна), и ендокардокардиум (внатрешна обвивка), а во
внатршноста се наоѓаат залистови (валвули), ки овозможуваат протокот на
крвта да се одвива само во една насока, кон системската циркулација.

 Оштетувањата на кардиоваскуларниот систем водат до промена на крвниот


проток и појава на различни патолошки состојби. За превенција и третман на
кардиоваскуларните заболувања, како што се: конгестивна срцева слабост,
срцева аритмија, ангина пекторис, хипертензија и хипотензија, постојат
соодветни фитопрепарати, кои најчесто не овозможуваат целосен третман, туку
само подобрување на состојбата на пациентите. Токму затоа, фитопрепаратите
при третман на кардиоваскуларните заболувања се применуваат како
дополнителна терапија и се дел од комплементарната медицина.
1. Конгестивна срцева инсуфициенција
1.1. Клиничка слика
Конгестивната срцева инсуфициенција е состојба предизвикана од структурно
или функционално оштетување кое ја намалува способноста на срцето да ги
испумпува потребните количини крв во организмот. Оваа состојба всушност е
најчеста причина за хоспитализација на лица кои се постари од 65 години.
Клиничката слика на конгестивната срцева инсуфициенција вклучува:

 Диспнеjа – зголемен напор во дишењето, најчест симптом во раната


фаза;
 Ортопнеја – диспнеја во лежечка положба, симптом во подоцнежен
стадиум;
 Слабост, абдоминални симптоми – поради намалена перфузија во
скелетната мускулатура, конгестија на црн дроб;
 Пароксизмална (ноќна) диспнеја – тежок недостаток на дишење, што го
буди пациентот од сон, при што пациентите осттокот од ноќта го
поминуваат со седење во кревет;
 Чејн-Штоксово дишење – нарушена чувствителност на респираторниот
центар за pCO2 во артериите, познато како периодично или циклично
дишење;
 Срцеви периферни едеми – на двете нозе симетричново претибијалната
регија и кај глуждот;
 Мозочни симптоми – конфузија, потешкотии во концентрацијата и
меморијата, главоболка (поради намалена перфузија на крв, а со тоа
намалено доставување кислород и хранливи материи во мозокот) ;
 Цијаноза, бледило, тахикардија, аритмија, хипертензија итн.
2. Фитотерапија на конгестивна срцева
инсуфициенција
 При третман на конгестивна срцева инсуфициенција се користат одредени
растенија што содржат кардиотонични гликозидии природни производи
коишто манифестираат позитивен инотропен ефект врз срцето.
Кардиотоничните гликозиди го остваруваат инотропниот ефект преку
зголемузање на концентрацијата на калциумот во срцевоит мускул, што
доведува до зголемување на силата на систолната контракција.
Кардиотоничните гликозиди се карактеризираат со низок терапевтски
индекс, токсични се кога се применуваат во високи дози и манифестираат
кумулативен ефект па оттука произлегува и потребата за рационална и за
контролирана употреба на овие природни производи. Најзначајните
растенија што содржат кардиотонични гликозиди и што се применуваат за
третман на конгестивната срцева инсуфициенција се дадени во табелата.

Латинско име Народно име Дел што се Главни составни Дневна


користи компоненти доза

Adonidis vernalis гороцвет надземен дел карденолиди, 1-3 g


(херба) флавоноиди

Terminalia arjuna арјун дрво кора танини, стероиди, a


тритерпе- ни, флавоноиди

Digitalis spp. бутин лист кардиотонични гликозиди 0,1 g

Panax ginseng жен-шен корен тритерпенски сапонини 1-2 g

Grataegus глог цвет, лист, плод флавоноиди, тритерпени, 5g


laevigata процијанидини

Strophantus gratus строфант семе карденолиди 0,1 g


et kombe

Convallaria majalis момина солза надземен дел карденолиди 0,15 g

Nerium oleander олеандер лист карденолиди, прегнани 0,15 g

Urginea maritima примор- ски лук грутки буфадиенолиди 0,1-0,5 g


3. Дроги што содржат кардиотонични хетерозиди

3.1. Digitalis purpureae folium – лист од пурпурен бутин


Digitalis purpurea, fam. Scrophulariaceae

Пурпурниот бутин е двегодишно растение, со исправено, неразгрането


стебло покриено со влакна и високо до 150cm. Во основата на стеблото се
наоѓаат големи листови со долги лисни дршки, поставени во лисна розета.
На средишните делови од стеблото листовите се помали и со пократки
лисни дршки, а во горниот дел и на врвот се седечки. Цветовите се ѕвонести,
пурпурно – црвени, собрани од една страна на стеблото во гроздесто
соцветие.

3.1.1. Природно наоѓалиште на пурпуниот бутин


Пурпуниот бутин расте во западна и во централна Европа, особено на
крајбрежјето на Атлантскиот Океан, од Португалија до Шведска (атлантска
билка). Кај нас се одгледува како украсно растение. За потребите на
фармацевската индустрија се одгледува плантзажно.

3.1.2. Дрога
Дрога претставува исушен лист од растението пурпурен бутин. Исушените
листови од пурпурен дигиталис се долги до 30cm, широки околу 10cm,
набрани, по работ ситно назабени, од лицето темнозелени, а на опачината
посветли. Имаат карактеристична мрежаста нерватура и густо се покриени
со влакна. Имааг горчлив вкус и слаб, непријатен мирис.
3.1.3. Хемиски состав
Дрогата содржи преку 30 карденолидни хетерозиди. Во растението прво се
создаваат примарни хетерозиди, кои се означени како: пурпуреа гликозиди
А и В и гликогиталоксин. Како агликони се јавуваат три структури:

 Дигитоксигенин (пурпуреа гликозид А);


 Гитоксигенин (пурпуреа гликозид В) ;
 Гиталоксигенин (гликогиталоксин).

Во гликонскиот дел се јавуваат шеќерите: дигитоксоза, дигиталоза и


глукоза. Примарните хетерозиди на прурпурен битин се многу нестабилни
соединенија и по собирање на маеријалот и по неговото сушење се
хидролизираат до секундарни хетерозиди. Исушените листови главно ги
содржат секундарните форми: дигитоксин, гитоксин и гиталоксин, кои се
разликуваат од примарните хетерозиди по тоа што во гликонскиот дел не
содржат глукоза.

3.1.4. Дејство
Дигиталисовите хетерозиди имаат кардиотонично и диуретично дејство.

3.1.5. Употреба
Листовите од црвениот бутен се користат за изработка на галенски форми
(прашок, тинктура) што се користат во терапија на срцева инсуфициенција.
Денес, најголемо количесво од дрогата се троши за индустриска екстракција
на кардиотонични хетерозиди, кои се користат за производство на лекови за
срцева инсуфициенција. Има изразено диуретично дејство и ги намалува
едемите настанати заради срцева слабост. Негатинвата страна на
кардиотоничните хетерозиди од пурпурен бутин е изразената склоност кон
кумулирање во срцевиот мускул.
3.2. Digitalis lanatae folium – лист од волнест бутин, напрсток
Digitalis lanata, fam. Scrophulariaceae

Волнестиот бутин е многугодишно или двегодишно растение, со исправено


стебло, високо до 1m. Има издолжено – ланцентовидни и сприрално
поставени листови, во основата во розета. Цветовите се беличести,
поставени во густо, многустрано гроздовидно соцветие, покриени со многу
влакна.

3.2.1. Природно наоѓалиште на волнестиот бутин


Растението спонтано расте во Источна Европа (Балкански Полуостров,
Карпати, Молдавија, Украина). Кај нас е многу често. За потребите на
фармацевската индустрија се култивира.

3.2.2. Дрога
Како дрога се користат листовите од розетата и од стеблото, кои се долги од
6-20cm, широки од 1,5-2cm, рамни по работ, на врвот остри, во долниот дел
покриени со ретки влакна. Нерватурата е привидно паралелна и силно
испакната од долната страна. Дрогата има горчлив вкус и слаб мирис.
Особено внимание треба да се обрне на чувањето на дрогата (во:
херметички затворени садови, темни стаклени шишиња или тегли, на суви,
ладни и темни места).

3.2.3. Хемиски состав


Дрогата содржи примарни хетерозиди означени како: ланатозиди A, B, C, D
и E. Покрај кардиотоничните хетерозиди содржи: стероидни спиростански
сапонини, сте- роидни прегнански хетерозиди, флавоноиди, антрахинони,
фенолни киселини и други компоненти.

3.2.4. Дејство
Дигиталисовите хетерозиди имаат кардиотонично и диуретично дејство.
3.2.5. Употреба
Кардиотоничните хетерозиди на волнестиот напрсток имаат посилно дејство
во споредба со хетерозидите на пурпурниот напрсток, а според
фармакодинамските карактеристики спаѓаат во групата на кардиотоници со
бавно дејство. Дрогата во најголема мера се користи за изолација на
кардиотоничните хетерозиди, кои се користат во производство на лекови за
срцева инсуфициенција.
3.3. Несакани ефекти, контраиндикации
Главни несакани ефекти при терапија со дигиталисови гликозиди се
зголемувањето на раздразливоста на миокардот и скратувањето на
рефрактерниот период. Овие компоненти се карактеризираат со голема
токсичност, која се должи на малата терапевтска ширина, способноста за
врзување со плазматските протеини и кумулазијата во срцевиот мускул и
други органи што доведува до гастроинтестинални нарушувања ( засилена
саливација,стомачни болки, гадење, повраќање, дијареа), нарушена срцева
работа ( екстрасистоли, коморна тахикардија, фибрилација на коморите) и
хипокалемија.

3.4. Препарати, дози


Листовите од двата вида дигиталис порано се користеле во форма на
прашок, супозитории и други традиционални форми, коишто денес се
потполно напуштени заради ризикот од предозираност и токсични реакции.

Денес во терапевски цели се користат исклучиво изолирани кардиотонични


гликозиди. Најмногу се користи изолиран дигитоксин, препарат
(Digitalin,Cardiotoxin), Ланатозид С, ацетилдигоксин и дигоксинот. Познати се
препаратите:, таблети и капки, , бета- метилдигоксин којшто е
полусинтетички добиен производ , Lanatosid C ( Isoland), Acedoxin и други.
Поради фактот што денес кардиотоничните дроги од групата на дигиталис се
користат само за изолација на кардиотонични хетерозиди што понатаму се
метнуваат во дозирани фармацевтски облици, лекови, современата
употреба на дигиталисот ги надминува рамките на хербалната терапија и
тие денес не претставуваат дел од фитотерапијата туку се лекови што се
користат во конвекционалната медицина.
Заклучок

 Во поново време се користат полусинтетски кардиотонични хетерозиди, со


зголоемена липофилност и со подобрена ресорпција. Аплицирани во тераписки
дози, кардиотоничните хетерозиди дејствуваат на сите функции на срцето: ја
зголемуваат силата и брзината на систолата, ја забавуваат дијастолата, го
зголемуваат ударниот волумен на срцето, го забавуваат срцевиот ритам, ја
зголемуваат контрактилноста на срцевиот мускул и го нормализираат
работењето при срцева инсуфициенција.

Користена литература

 http://www.ukim.edu.mk/e-izdanija/FF/Sovremena_herbalna_medicina_FITOTERAPIJA.pdf
 https://www.google.com/search?q=digitalis+lanata&tbm=isch&ved=2ahUKEwj-
xs6oiZnuAhUGgRoKHbI7BwIQ2-
cCegQIABAA&oq=Digitalis+la&gs_lcp=CgNpbWcQARgAMgIIADICCAAyAggAMgIIADICCAAyAg
gAMgIIADICCAAyAggAMgIIADoECAAQQ1CC5BNYoIgUYLucFGgBcAB4AIABkgGIAeAJkgEDMi45
mAEAoAEBqgELZ3dzLXdpei1pbWfAAQE&sclient=img&ei=Vf3-
X77IJYaCarL3nBA&bih=752&biw=1118&hl=en
 https://www.google.com/search?
q=Digitalis+purpurea&tbm=isch&chips=q:digitalis+purpurea,g_1:plant:44vHsxBcSLE
%3D&hl=en&sa=X&ved=2ahUKEwiMprLviJnuAhUP5hoKHYgpAjkQ4lYoAnoECAEQGw&biw=1
118&bih=752
 Учебник по фармакогнозија за III година

You might also like